дирекција за заштита и спасување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/direkcija-za-zashtita-i-spasuvanje/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Oct 2024 12:19:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дирекција за заштита и спасување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/direkcija-za-zashtita-i-spasuvanje/ 32 32 ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за помош во БиХ https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/dzs-ke-isprati-luge-i-oprema-za-pomosh-vo-bih/ Sun, 06 Oct 2024 12:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=823440

Согласно барањето за помош што Владата на Босна и Херцеговина вчера вечерта го упати преку Европскиот Механизам за цивилна заштита, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Џеват Селами синоќа во 22.00 часот свикал итен координативен сосанок.

На состанокот се разгледало барањето за помош и се донело одлука Дирекцијата за заштита и спасување да ги упати следните тимови: Тим за пребарување и спасување од урнатини (17 припадници со опрема и 5 возила) и Тим за спасување од поплави со пумпи (16 припадници, 20 пумпи со вкупен капацитет од 6000л/минута и 6 возила).

Се очекува Владата на Република БиХ да донесе одлука за прифаќање на помошта.

ДЗС е во непрекинат контакт со надлежните институции за актуелната состојба, со спремност и подготвеност за праќање помош во загрозените подрачја во БиХ.

The post ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за помош во БиХ appeared first on Република.

]]>

Согласно барањето за помош што Владата на Босна и Херцеговина вчера вечерта го упати преку Европскиот Механизам за цивилна заштита, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Џеват Селами синоќа во 22.00 часот свикал итен координативен сосанок. На состанокот се разгледало барањето за помош и се донело одлука Дирекцијата за заштита и спасување да ги упати следните тимови: Тим за пребарување и спасување од урнатини (17 припадници со опрема и 5 возила) и Тим за спасување од поплави со пумпи (16 припадници, 20 пумпи со вкупен капацитет од 6000л/минута и 6 возила). Се очекува Владата на Република БиХ да донесе одлука за прифаќање на помошта. ДЗС е во непрекинат контакт со надлежните институции за актуелната состојба, со спремност и подготвеност за праќање помош во загрозените подрачја во БиХ.

The post ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за помош во БиХ appeared first on Република.

]]>
Кашмир Салиу е назначен за заменик директор на Дирекција за заштита и спасување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kashmir-saliu-e-naznachen-za-zamenik-direktor-na-direktsija-za-zashtita-i-spasuvane/ Fri, 06 Sep 2024 13:00:36 +0000 https://republika.mk/?p=813842

Денеска во Дирекцијата за заштита и спасување ДЗС, беше извршено примопредавање на должноста зам. Директор на Дирекцијата за заштита и спасување, каде ново именуваниот м-р Кашмир Салиу и официјално ја презема функцијата зам. Директор на ДЗС, откако беше именуван на седница на влада одржана на 03.09.2024.

м-р Кашмир Салиу е дипломиран правник, има магистрирано на тема: “Превенција и заштита од природни катастрофи во Република Македонија” во Белград, Србија.

Периодот од 2014-2024 бил државен службеник во генералниот секретаријат при владата на Република Македонија, а
во периодот од 2013-2017 и 2017-2021 во два мандати беше избран за член на советот на општина Гостивар.

The post Кашмир Салиу е назначен за заменик директор на Дирекција за заштита и спасување appeared first on Република.

]]>

Денеска во Дирекцијата за заштита и спасување ДЗС, беше извршено примопредавање на должноста зам. Директор на Дирекцијата за заштита и спасување, каде ново именуваниот м-р Кашмир Салиу и официјално ја презема функцијата зам. Директор на ДЗС, откако беше именуван на седница на влада одржана на 03.09.2024. м-р Кашмир Салиу е дипломиран правник, има магистрирано на тема: “Превенција и заштита од природни катастрофи во Република Македонија” во Белград, Србија. Периодот од 2014-2024 бил државен службеник во генералниот секретаријат при владата на Република Македонија, а во периодот од 2013-2017 и 2017-2021 во два мандати беше избран за член на советот на општина Гостивар.

The post Кашмир Салиу е назначен за заменик директор на Дирекција за заштита и спасување appeared first on Република.

]]>
Во ЦУК и ДЗС има превработеност на одредени позиции, а нема луѓе таму каде што се потребни, потребна е длабока реформа бидејќи системот е нефункционален, вели Ангелов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-tsuk-i-dzs-ima-prevrabotenost-na-odredeni-pozitsii-a-nema-luge-tamu-kade-shto-se-potrebni-potrebna-e-dlaboka-reforma-bidejki-sistemot-e-nefunktsionalen-veli-angelov/ Wed, 24 Jul 2024 10:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=799802

На системот за управување со кризи му е неопходна длабока реформа. Ако се спојат ЦУК и ДЗС, би се добила една функционална институција, но и специјална единица за заштита и спасување со 120 луѓе за почеток, која би била мултифункционална - летно време ќе гасне пожари, а истовремено може да спасува и луѓе ако се заглавени на вода, планина, да вади луѓе од урнатини во случај на земјотрес,..., рече денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tsuk-i-dzs-da-se-spojat-pod-edna-komanda-i-da-se-formira-spetsijalna-edinitsa-predlaga-komitetot-za-krizi/

Според него, во ЦУК и ДЗС моментно има превработеност на одредени позиции, а нема луѓе таму каде што се потребни.

Неопходна е длабока реформа на системот за управување со кризи. Целиот систем е нефункционален. Уште пред изборите разговаравме на оваа тема. Она што можам сега да го видам кај министрите, членови на Управувачкит комиет, постои цврста волја час поскоро системот да биде трансформиран во многу пофункционален кој со истите ресурси што ги имаме сега, ќе може да гасне повеќе пожари, побрзо и поефикасно. Новиот систем во првата фаза ќе биде поевтин од посточекиот, рече Ангелов.

Моментно во ЦУК и во ДЗС, според него, има превработеност на позиции од кои нема потреба, а онаму каде требаат луѓе, нема.

Тука ми беа прилично врзани рацете зашто затекнав таква состојба, во делот на вработувањата имав многу мала можност да извршам корекции. Во ЦУК сега има околу 300 вработени, а во ДЗС повеќе од 300, што е преку 600 луѓе. Сметам дека со помалку луѓе би добиле нова, функционална институција и плус специјална единица за заштита и спасување со 120 луѓе за почеток, која би била мултифункционална. Таквата единица би дала сосема нова димензија зашто детектираните слабости не може поинаку да се отсранат, рече Ангелов на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања.

Негова оценка е дека земјава има добри ТППЕ, но тие не се недоволни за ваков обем и динамика на пожари.

Кај граѓаните постои погрешна перцепција дека ЦУК командува со сите сили на терен, но локален командир за пожарите е командиратот на ТППЕ, а ако пожарот е во шума, тогаш и лице од Национални шуми, објасни Ангелов.

Тој денеска информираше дека се активни седум пожари, но и дека засега ресурсите за гаснење се доволни и не е потребна помош од странство.

The post Во ЦУК и ДЗС има превработеност на одредени позиции, а нема луѓе таму каде што се потребни, потребна е длабока реформа бидејќи системот е нефункционален, вели Ангелов appeared first on Република.

]]>

На системот за управување со кризи му е неопходна длабока реформа. Ако се спојат ЦУК и ДЗС, би се добила една функционална институција, но и специјална единица за заштита и спасување со 120 луѓе за почеток, која би била мултифункционална - летно време ќе гасне пожари, а истовремено може да спасува и луѓе ако се заглавени на вода, планина, да вади луѓе од урнатини во случај на земјотрес,..., рече денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. https://republika.mk/vesti/makedonija/tsuk-i-dzs-da-se-spojat-pod-edna-komanda-i-da-se-formira-spetsijalna-edinitsa-predlaga-komitetot-za-krizi/ Според него, во ЦУК и ДЗС моментно има превработеност на одредени позиции, а нема луѓе таму каде што се потребни.
Неопходна е длабока реформа на системот за управување со кризи. Целиот систем е нефункционален. Уште пред изборите разговаравме на оваа тема. Она што можам сега да го видам кај министрите, членови на Управувачкит комиет, постои цврста волја час поскоро системот да биде трансформиран во многу пофункционален кој со истите ресурси што ги имаме сега, ќе може да гасне повеќе пожари, побрзо и поефикасно. Новиот систем во првата фаза ќе биде поевтин од посточекиот, рече Ангелов.
Моментно во ЦУК и во ДЗС, според него, има превработеност на позиции од кои нема потреба, а онаму каде требаат луѓе, нема.
Тука ми беа прилично врзани рацете зашто затекнав таква состојба, во делот на вработувањата имав многу мала можност да извршам корекции. Во ЦУК сега има околу 300 вработени, а во ДЗС повеќе од 300, што е преку 600 луѓе. Сметам дека со помалку луѓе би добиле нова, функционална институција и плус специјална единица за заштита и спасување со 120 луѓе за почеток, која би била мултифункционална. Таквата единица би дала сосема нова димензија зашто детектираните слабости не може поинаку да се отсранат, рече Ангелов на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања.
Негова оценка е дека земјава има добри ТППЕ, но тие не се недоволни за ваков обем и динамика на пожари.
Кај граѓаните постои погрешна перцепција дека ЦУК командува со сите сили на терен, но локален командир за пожарите е командиратот на ТППЕ, а ако пожарот е во шума, тогаш и лице од Национални шуми, објасни Ангелов.
Тој денеска информираше дека се активни седум пожари, но и дека засега ресурсите за гаснење се доволни и не е потребна помош од странство.

The post Во ЦУК и ДЗС има превработеност на одредени позиции, а нема луѓе таму каде што се потребни, потребна е длабока реформа бидејќи системот е нефункционален, вели Ангелов appeared first on Република.

]]>
Нема кој да лета со „Ер тракторите“ на ДЗС: Плата од 300.000 денари е услов за враќање на двајцата обучени пилоти од пензија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-koj-da-leta-so-er-traktorite-na-dzs-plata-od-300-000-denari-e-uslov-za-vrakane-na-dvajtsata-obucheni-piloti-od-penzija/ Sun, 30 Jun 2024 08:07:37 +0000 https://republika.mk/?p=792007

Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), оваа година остана само со еден, откако двајца исполнија услови за старосна пензија. Авио-одделението на Дирекцијата е сѐ уште нефункционално и покрај предупредувањата на директорот на ДЗС Беким Максути дека „дополнителен предизвик ова лето ќе биде справувањето со шумските пожари“.

Во разговор за МИА, Максути вели за да се вратат двајцата обучени пилоти, ДЗС бара од Министерството за финансии плата во висина од 300.000 денари. Според него, работното место пилот во ДЗС со плата од 72.000 денари е неатрактивно и затоа посочува дека потребно е порамнување на платите на државно ниво.

За нив баравме дополнителни средства колку што се плаќаат пилотите на Владата, коишто го летаат владиниот авион, тоа значи 300.000 денари. Треба да има синхронизација, односно порамнување на платите на ниво на држава, затоа што тие навистина летаат многу помалку од нашиве и се многу побезбедни. Исто така и пилотите вработени во МВР, кои имаат максимум 50 часови на годишно ниво, доколку пилотите во ДЗС имаат од 150 до 300 часови, рече Максути.

За да може да извршува летови авио-одделението на ДЗС, потребни се минимум тројца пилоти. Максути вели Дирекцијата не смее да извршува задачи со еден пилот, односно мора да има уште минимум двајца пилоти. Како што појасни директорот на ДЗС, според правилата пропишани од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), пилотите пред секој лет вршат меѓусебна контрола за нивната психичка и физичка подготвеност.

Дирекцијата не смее да лета со еден пилот, мора да има минимум уште двајца други пилоти. Едниот му е контролор, а другиот ги проверува сите постапки дали се како што треба. Ова се правила кои ги одредува ЕАСА. Едниот пилот не може самиот на себе си да потпише дека авионот е спремен и да потпише дека е физички и психички спремен, затоа што пред секој лет тие имаат меѓусебни контроли. Самиот на себе си не смее и нема право да си потпишува, појаснува Максути.

Во април годинава тој апелираше тогашната Влада сериозно да го сфати овој проблем, бидејќи се доведува до прашање постоењето на авио-одделението на ДЗС. Нагласи дека според критериумите на Агенцијата за цивилно воздухопловство, засновани врз регулативите на ЕАСА, постои можност ДЗС да ја изгуби лиценцата за пловидбеност.

Максути вели заклучокот на минатата Влада бил Дирекцијата да го реши овој проблем во рамките на нејзините законски надлежности.

Законските надлежности се јасни. Јас не смеам да примам пилот со плата поголема од пропишаната, односно се што е над 60.000 денари мора да оди преку согласност од Министерство за финансии. Таквата согласност ние не можеме да ја добиеме, не поради тоа што немаше слух Владата, туку поради законските пречки, вели Максути.

Примањето на пилоти не значи дека тие по автоматизам ќе можат да управуваат со „Ер трактор“ авионите на ДЗС, туку истите треба да се упатат на дообучување во Шпанија или друга земја овластена од производителот. Авионите модел „Ер трактор“, што се користат во ДЗС, важат за најкомплицираните за управување, бидејќи потребни се вештини и дообука којашто има строги критериуми и затоа не може секој пилот да добие сертификат. Од пет пилоти кои биле примени изминативе неколку години во Дирекцијата, само еден успеал да ја заврши дообуката и да добие сертификат за управување со „Ер трактор“.

Во врска со справувањето со пожарите во летниот период, Максути вели Дирекцијата ги има направено сите подготовки.

Другите подготовки ние ги имаме направено како што треба, во однос на тимови, доброволни друштва, во однос на дополнителна опрема која што е поделена. Оваа година ја имавме најголемата вежба за противпожари на отворени, каде што учествуваа 16 земји, значи вежбата беше организирана под покровителство на Европската унија, каде што добивме опрема да еден модул, за една екипа од 25 луѓе со целата опрема да можат да интервенираат во шумските пожари. Но, секако ни останува делот околу ангажманот на пилотите и да видиме, целосно да можеме да одговориме на сите можни предизвици, кои би ги имале во текот на сезоната. Како што гледате имаме веќе доста високи температури и можни се пожари, вели Максути.

The post Нема кој да лета со „Ер тракторите“ на ДЗС: Плата од 300.000 денари е услов за враќање на двајцата обучени пилоти од пензија appeared first on Република.

]]>

Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), оваа година остана само со еден, откако двајца исполнија услови за старосна пензија. Авио-одделението на Дирекцијата е сѐ уште нефункционално и покрај предупредувањата на директорот на ДЗС Беким Максути дека „дополнителен предизвик ова лето ќе биде справувањето со шумските пожари“. Во разговор за МИА, Максути вели за да се вратат двајцата обучени пилоти, ДЗС бара од Министерството за финансии плата во висина од 300.000 денари. Според него, работното место пилот во ДЗС со плата од 72.000 денари е неатрактивно и затоа посочува дека потребно е порамнување на платите на државно ниво.
За нив баравме дополнителни средства колку што се плаќаат пилотите на Владата, коишто го летаат владиниот авион, тоа значи 300.000 денари. Треба да има синхронизација, односно порамнување на платите на ниво на држава, затоа што тие навистина летаат многу помалку од нашиве и се многу побезбедни. Исто така и пилотите вработени во МВР, кои имаат максимум 50 часови на годишно ниво, доколку пилотите во ДЗС имаат од 150 до 300 часови, рече Максути.
За да може да извршува летови авио-одделението на ДЗС, потребни се минимум тројца пилоти. Максути вели Дирекцијата не смее да извршува задачи со еден пилот, односно мора да има уште минимум двајца пилоти. Како што појасни директорот на ДЗС, според правилата пропишани од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), пилотите пред секој лет вршат меѓусебна контрола за нивната психичка и физичка подготвеност.
Дирекцијата не смее да лета со еден пилот, мора да има минимум уште двајца други пилоти. Едниот му е контролор, а другиот ги проверува сите постапки дали се како што треба. Ова се правила кои ги одредува ЕАСА. Едниот пилот не може самиот на себе си да потпише дека авионот е спремен и да потпише дека е физички и психички спремен, затоа што пред секој лет тие имаат меѓусебни контроли. Самиот на себе си не смее и нема право да си потпишува, појаснува Максути.
Во април годинава тој апелираше тогашната Влада сериозно да го сфати овој проблем, бидејќи се доведува до прашање постоењето на авио-одделението на ДЗС. Нагласи дека според критериумите на Агенцијата за цивилно воздухопловство, засновани врз регулативите на ЕАСА, постои можност ДЗС да ја изгуби лиценцата за пловидбеност. Максути вели заклучокот на минатата Влада бил Дирекцијата да го реши овој проблем во рамките на нејзините законски надлежности.
Законските надлежности се јасни. Јас не смеам да примам пилот со плата поголема од пропишаната, односно се што е над 60.000 денари мора да оди преку согласност од Министерство за финансии. Таквата согласност ние не можеме да ја добиеме, не поради тоа што немаше слух Владата, туку поради законските пречки, вели Максути.
Примањето на пилоти не значи дека тие по автоматизам ќе можат да управуваат со „Ер трактор“ авионите на ДЗС, туку истите треба да се упатат на дообучување во Шпанија или друга земја овластена од производителот. Авионите модел „Ер трактор“, што се користат во ДЗС, важат за најкомплицираните за управување, бидејќи потребни се вештини и дообука којашто има строги критериуми и затоа не може секој пилот да добие сертификат. Од пет пилоти кои биле примени изминативе неколку години во Дирекцијата, само еден успеал да ја заврши дообуката и да добие сертификат за управување со „Ер трактор“. Во врска со справувањето со пожарите во летниот период, Максути вели Дирекцијата ги има направено сите подготовки.
Другите подготовки ние ги имаме направено како што треба, во однос на тимови, доброволни друштва, во однос на дополнителна опрема која што е поделена. Оваа година ја имавме најголемата вежба за противпожари на отворени, каде што учествуваа 16 земји, значи вежбата беше организирана под покровителство на Европската унија, каде што добивме опрема да еден модул, за една екипа од 25 луѓе со целата опрема да можат да интервенираат во шумските пожари. Но, секако ни останува делот околу ангажманот на пилотите и да видиме, целосно да можеме да одговориме на сите можни предизвици, кои би ги имале во текот на сезоната. Како што гледате имаме веќе доста високи температури и можни се пожари, вели Максути.

The post Нема кој да лета со „Ер тракторите“ на ДЗС: Плата од 300.000 денари е услов за враќање на двајцата обучени пилоти од пензија appeared first on Република.

]]>
Останавме со само еден пилот на авионите за гаснење на пожар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ostanavme-so-samo-eden-pilot-na-avionite-za-gasnene-na-pozhar/ Sat, 13 Apr 2024 09:46:13 +0000 https://republika.mk/?p=765651

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) последните години се соочува со критичен недостиг на квалификувани пилоти, ситуација која, според надлежните во институцијата, сериозно го загрозува функционирањето на институцијата и способноста да реагира во време на кризи.

Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата, оваа година остана само со еден пилот, бидејќи двајца исполниле услови за старосна пензија. Во разговор за МИА, директорот на ДЗС, Беким Максути, посочува дека дополнителен предизвик ова лето ќе биде справувањето со шумските пожари, бидејќи минатата година во борбата со пожарите првпат по 2009 година биле ангажирани сите три авиони на ДЗС.

Имавме тројца пилоти до крајот на 2023 година. На почетокот од оваа година, двајца заминаа во пензија и моментално имаме само еден пилот. Правиме напори, да видиме како може нив да ги задржиме, барем уште оваа година, сѐ со цел во меѓувреме да примиме нови пилоти, односно да распишеме нови огласи за пилоти, за кои веќе имаме согласност и чекаме да се завршат некои процедури за да може да го објавиме огласот, вели Максути.

Доколку Владата не го сфати сериозно овој проблем, директорот вели дека се доведува до прашање и постоењето на авио-одделението во Дирекцијата за заштита и спасување.

Доколку како раководство не си подадеме рака дека ова треба многу брзо и сериозно да го решиме, за кратко време ќе го доведеме во прашање и постоењето на авио-одделението во Дирекцијата за заштита и спасување, затоа што сепак Агенцијата за цивилно воздухопловство има свои критериуми што се врз основа на регулативите за пловидбеност на Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА) и во таков случај ние ја губиме лиценцата за пловидбеност, а тоа значи дека нема да можеме да ги користиме и тие авиони што ги имаме, истакнува Максути.

Фото: Борјан Михајловски, Драган Цветиќ (ДЗС)

Обуката и финансиските предизвици проблем за регрутација и задржување на пилотите

Примањето на пилоти не значи дека тие по автоматизам ќе можат да управуваат со „Air Tractor“ авионите на ДЗС, туку истите треба да се упатат на дообучување во Шпанија или друга земја овластена од производителот, доколку, финансискиот дел за дообуката го покрива Дирекцијата.

Авионите модел „Air Tractor“, што се користат во ДЗС важат за најкомплицираните за управување, посочува Максути, бидејќи потребни се вештини и дообука којашто има строги критериуми и затоа не може секој пилот да добие сертификат. Од пет пилоти кои биле примени изминативе неколку години во Дирекцијата, само еден успеал да ја заврши дообуката и да добие сертификат за управување со „Air Tractor“.

Минатата година изгубивме уште двајца пилоти кои не положија, односно не ги исполнија критериумите што беа побарани, без разлика што двајцата се искусни пилоти и летале со други авиони многу долго, но кога се работи за ваков тип на летало, сепак е предизвик, вели Максути.

Појаснува дека сертификатот се добива од оператор, овластен од производителот на леталото, како и од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), за која, Максути, вели има строги критериуми и дека во текот на една година може да се случи неколку пати да ги изменат директивите кон земјите, кои пак, се обврзани да ги исполнат и почитуваат.

Во врска со критериумите што треба да се исполнат за да се стане пилот во Дирекцијата за заштита и спасување, директорот појаснува дека потребни се најмалку 500 часови летање, како и сертификат, за кој земјава има оператор кој го дава, меѓутоа посочува дека слаб е интересот кај луѓето кои сакаат да го добијат тој сертификат.

Фото: Борјан Михајловски, Драган Цветиќ (ДЗС)

Добивањето на сертификатот, вели Максути, влече финансиски импликации, а пилотот кој треба да се јави на конкурс во ДЗС, треба да го поседува. Укажува дека има дисбаланс во вреднувањето на нивниот труд.

– Се поставува прашањето дали некој е спремен да вложи од 8 до 12 илјади евра за да го добие истиот сертификат, за кој никој не му гарантира потоа дека ќе заврши и ќе стане пилот на едно од најсложените летала „Air Tractor“, доколку неговата професија не се плаќа исто како другите пилотски професии во државата. Имаме дисбаланс како се вреднува нивниот труд. Ние имаме направено доста напори да го решиме ова прашање, но за жал немаме конкретен одговор дека тоа брзо ќе се реши, вели Максути.

Од друга страна, посочува дека одржувањето и осигурувањето на трите авиони за кои станува сѐ поизвесно дека два од нив ќе нема кој да ги управува, влечат финансиски импликации.

Фото: Дирекција за заштита и спасување

Порамнување на платите – клучен фактор за евентуално решавање на проблемот

Друг проблем што го посочува Максути се неколкуте обиди да се порамнат платите и вели тука можеби е настанат најголемиот проблем. Истакнува дека неопходно е платата на вработените пилоти во ДЗС, да биде еднаква со пилотите во МВР и Министерството за одбрана.

Едно време истите пилоти беа најслабо платени, па со некои измени стигнаа да бидат најдобро платени. После тоа, пилотите вработени во Министерство за внатрешни работи и Министертство за одбрана ги надминаа за два пати. Моменталната состојба е таква што платата на пилот кој работи во Министерството за одбрана е два до два и пол пати повисока од пилот кој работи во Дирекцијата за заштита и спасување. Се поставува прашањето колку летаат тие, а колку часови летаат вработените во ДЗС, бидејќи навистина се борат со пожарите цело лето и сето тоа со себе на некој начин е предизвик, вели Максути.

Посочи дека во неколку наврати се обратиле и до Владата, но конкретен одговор сѐ уште не добиле. Последниот заклучок е дека треба да се позајмат пилоти од Министерството за одбрана, за кои, вели Максути, се јавува проблем затоа што тие немаат цивилни дозволи што ги издава Агенцијата за цивилно воздухопловство, бидејќи како што посочува, пилотите на хеликоптер, не се исти со пилотите на авион.

The post Останавме со само еден пилот на авионите за гаснење на пожар appeared first on Република.

]]>

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) последните години се соочува со критичен недостиг на квалификувани пилоти, ситуација која, според надлежните во институцијата, сериозно го загрозува функционирањето на институцијата и способноста да реагира во време на кризи. Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата, оваа година остана само со еден пилот, бидејќи двајца исполниле услови за старосна пензија. Во разговор за МИА, директорот на ДЗС, Беким Максути, посочува дека дополнителен предизвик ова лето ќе биде справувањето со шумските пожари, бидејќи минатата година во борбата со пожарите првпат по 2009 година биле ангажирани сите три авиони на ДЗС.
Имавме тројца пилоти до крајот на 2023 година. На почетокот од оваа година, двајца заминаа во пензија и моментално имаме само еден пилот. Правиме напори, да видиме како може нив да ги задржиме, барем уште оваа година, сѐ со цел во меѓувреме да примиме нови пилоти, односно да распишеме нови огласи за пилоти, за кои веќе имаме согласност и чекаме да се завршат некои процедури за да може да го објавиме огласот, вели Максути.
Доколку Владата не го сфати сериозно овој проблем, директорот вели дека се доведува до прашање и постоењето на авио-одделението во Дирекцијата за заштита и спасување.
Доколку како раководство не си подадеме рака дека ова треба многу брзо и сериозно да го решиме, за кратко време ќе го доведеме во прашање и постоењето на авио-одделението во Дирекцијата за заштита и спасување, затоа што сепак Агенцијата за цивилно воздухопловство има свои критериуми што се врз основа на регулативите за пловидбеност на Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА) и во таков случај ние ја губиме лиценцата за пловидбеност, а тоа значи дека нема да можеме да ги користиме и тие авиони што ги имаме, истакнува Максути.
Фото: Борјан Михајловски, Драган Цветиќ (ДЗС)

Обуката и финансиските предизвици проблем за регрутација и задржување на пилотите

Примањето на пилоти не значи дека тие по автоматизам ќе можат да управуваат со „Air Tractor“ авионите на ДЗС, туку истите треба да се упатат на дообучување во Шпанија или друга земја овластена од производителот, доколку, финансискиот дел за дообуката го покрива Дирекцијата. Авионите модел „Air Tractor“, што се користат во ДЗС важат за најкомплицираните за управување, посочува Максути, бидејќи потребни се вештини и дообука којашто има строги критериуми и затоа не може секој пилот да добие сертификат. Од пет пилоти кои биле примени изминативе неколку години во Дирекцијата, само еден успеал да ја заврши дообуката и да добие сертификат за управување со „Air Tractor“. Минатата година изгубивме уште двајца пилоти кои не положија, односно не ги исполнија критериумите што беа побарани, без разлика што двајцата се искусни пилоти и летале со други авиони многу долго, но кога се работи за ваков тип на летало, сепак е предизвик, вели Максути. Појаснува дека сертификатот се добива од оператор, овластен од производителот на леталото, како и од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), за која, Максути, вели има строги критериуми и дека во текот на една година може да се случи неколку пати да ги изменат директивите кон земјите, кои пак, се обврзани да ги исполнат и почитуваат. Во врска со критериумите што треба да се исполнат за да се стане пилот во Дирекцијата за заштита и спасување, директорот појаснува дека потребни се најмалку 500 часови летање, како и сертификат, за кој земјава има оператор кој го дава, меѓутоа посочува дека слаб е интересот кај луѓето кои сакаат да го добијат тој сертификат.
Фото: Борјан Михајловски, Драган Цветиќ (ДЗС)
Добивањето на сертификатот, вели Максути, влече финансиски импликации, а пилотот кој треба да се јави на конкурс во ДЗС, треба да го поседува. Укажува дека има дисбаланс во вреднувањето на нивниот труд.
– Се поставува прашањето дали некој е спремен да вложи од 8 до 12 илјади евра за да го добие истиот сертификат, за кој никој не му гарантира потоа дека ќе заврши и ќе стане пилот на едно од најсложените летала „Air Tractor“, доколку неговата професија не се плаќа исто како другите пилотски професии во државата. Имаме дисбаланс како се вреднува нивниот труд. Ние имаме направено доста напори да го решиме ова прашање, но за жал немаме конкретен одговор дека тоа брзо ќе се реши, вели Максути.
Од друга страна, посочува дека одржувањето и осигурувањето на трите авиони за кои станува сѐ поизвесно дека два од нив ќе нема кој да ги управува, влечат финансиски импликации.
Фото: Дирекција за заштита и спасување

Порамнување на платите – клучен фактор за евентуално решавање на проблемот

Друг проблем што го посочува Максути се неколкуте обиди да се порамнат платите и вели тука можеби е настанат најголемиот проблем. Истакнува дека неопходно е платата на вработените пилоти во ДЗС, да биде еднаква со пилотите во МВР и Министерството за одбрана.
Едно време истите пилоти беа најслабо платени, па со некои измени стигнаа да бидат најдобро платени. После тоа, пилотите вработени во Министерство за внатрешни работи и Министертство за одбрана ги надминаа за два пати. Моменталната состојба е таква што платата на пилот кој работи во Министерството за одбрана е два до два и пол пати повисока од пилот кој работи во Дирекцијата за заштита и спасување. Се поставува прашањето колку летаат тие, а колку часови летаат вработените во ДЗС, бидејќи навистина се борат со пожарите цело лето и сето тоа со себе на некој начин е предизвик, вели Максути.
Посочи дека во неколку наврати се обратиле и до Владата, но конкретен одговор сѐ уште не добиле. Последниот заклучок е дека треба да се позајмат пилоти од Министерството за одбрана, за кои, вели Максути, се јавува проблем затоа што тие немаат цивилни дозволи што ги издава Агенцијата за цивилно воздухопловство, бидејќи како што посочува, пилотите на хеликоптер, не се исти со пилотите на авион.

The post Останавме со само еден пилот на авионите за гаснење на пожар appeared first on Република.

]]>
Македонските спасители дел од операциите за пребарување и спасување во градот Адијаман https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-spasiteli-del-od-operatsiite-za-prebaruvane-i-spasuvane-vo-gradot-adijaman/ Thu, 09 Feb 2023 12:38:35 +0000 https://republika.mk/?p=606873

Првиот тим за спасување составен од 40 лица при Дирекцијата за заштита и спасување од синоќа се на терен во Адијаман, Турција и веднаш се приклучени во операциите за пребарување и спасување, соопштија од ДЗС.

Истовремено се прават и процени за потребите на терен и да се подготви за пристигнувањето на вториот тим кој се во близина.

Тимовите навреме и брзо се одвои во помали тимови и се упати на различни места за спасување во градот Адијаман.

The post Македонските спасители дел од операциите за пребарување и спасување во градот Адијаман appeared first on Република.

]]>

Првиот тим за спасување составен од 40 лица при Дирекцијата за заштита и спасување од синоќа се на терен во Адијаман, Турција и веднаш се приклучени во операциите за пребарување и спасување, соопштија од ДЗС. Истовремено се прават и процени за потребите на терен и да се подготви за пристигнувањето на вториот тим кој се во близина. Тимовите навреме и брзо се одвои во помали тимови и се упати на различни места за спасување во градот Адијаман.

The post Македонските спасители дел од операциите за пребарување и спасување во градот Адијаман appeared first on Република.

]]>