дипломци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/diplomci/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Jun 2023 11:53:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дипломци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/diplomci/ 32 32 53 отсто од новите инженери и магистри на ФЕИТ се девојки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/53-otsto-od-novite-inzheneri-i-magistri-na-feit-se-devojki/ Tue, 20 Jun 2023 11:53:25 +0000 https://republika.mk/?p=653364

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја промовираше новата генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и новите магистри. Свечено во големата сала на Филхармонијата дипломите им беа врачени на 146 нови инженери и 44 магистри кои студиите ги завршија на ФЕИТ. Во оваа нова генерација дипломци, дури 77 или 53% се девојки, просек што е за околу 4 пати повисок од европскиот просек техничките факултети.

Просечното времетраење на студирањето на новите инженери изнесува 5 години, 2 месеци и 21 ден, а најкусиот временски период во кој се завршени додипломските студии од оваа генерација е 3 години и 9 месеци. Просечната оцена на студирање што ја постигнале студентите што ги промовираме вечерва е 7,93.

На свеченоста беа доделени плакати и награди на најдобрите дипломци. Со просечна оценка над 9 завршија 16 инженери, а кои студиите ги започнале во 2018/19 година.

Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии проф. д-р Димитар Ташковски ги повика новодипломираните инженери и магистри да бидат храбри да го употребат знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнаа на ФЕИТ.

Само преку заеднички напори и стратегии, нашата држава може да направи значителен напредок во областа на истражувањето, развојот и иновациите со што нашата економија може да стане конкурентна на меѓународниот пазар. Вие сте тие кои ќе овозможат да дојдеме до тие промени. Знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнавте на ФЕИТ се ваша голема компаративна предност. Научени сте да прашувате, да истражувате и критички да размислувате што е многу битно во ерата на вештачката интелигенција и 4-тата индустриска револуција. Способноста за иновации и изразување на креативноста станува сẻ повредна во денешниот свет, и тоа дипломирани студенти и магистри на ФЕИТ е Вашата шанса за успех, Затоа немам дилема дека иднината ви припаѓа Вам“, порача во своето обраќање деканот на ФЕИТ проф. д-р Димитар Ташковски.

Задржувајќи се на потребата во државава да се задржат талентите кои се основниот ресурс на најсилните држави, а кои силата ја црпат од високотехнолошкиот сектор, деканот на ФЕИТ проф. д-р Ташковски потсети дека „потребна е координирана акција и соработка помеѓу владините институции, академската заедница, приватниот сектор и младите таленти“ за да се зголеми бројот на инженери кои во нашата држава ќе имаат можност да го искористат своето знаење и креативен потенцијал преку истражувања и иновации.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски ги охрабри новите инженери и магистри да го продолжат својот развоен пат на магистерски и докторски студии на првиот македонски државен универзитет, кој годинава одбележува 74 години од своето основање.

 

The post 53 отсто од новите инженери и магистри на ФЕИТ се девојки appeared first on Република.

]]>

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја промовираше новата генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и новите магистри. Свечено во големата сала на Филхармонијата дипломите им беа врачени на 146 нови инженери и 44 магистри кои студиите ги завршија на ФЕИТ. Во оваа нова генерација дипломци, дури 77 или 53% се девојки, просек што е за околу 4 пати повисок од европскиот просек техничките факултети. Просечното времетраење на студирањето на новите инженери изнесува 5 години, 2 месеци и 21 ден, а најкусиот временски период во кој се завршени додипломските студии од оваа генерација е 3 години и 9 месеци. Просечната оцена на студирање што ја постигнале студентите што ги промовираме вечерва е 7,93. На свеченоста беа доделени плакати и награди на најдобрите дипломци. Со просечна оценка над 9 завршија 16 инженери, а кои студиите ги започнале во 2018/19 година. Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии проф. д-р Димитар Ташковски ги повика новодипломираните инженери и магистри да бидат храбри да го употребат знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнаа на ФЕИТ.
Само преку заеднички напори и стратегии, нашата држава може да направи значителен напредок во областа на истражувањето, развојот и иновациите со што нашата економија може да стане конкурентна на меѓународниот пазар. Вие сте тие кои ќе овозможат да дојдеме до тие промени. Знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнавте на ФЕИТ се ваша голема компаративна предност. Научени сте да прашувате, да истражувате и критички да размислувате што е многу битно во ерата на вештачката интелигенција и 4-тата индустриска револуција. Способноста за иновации и изразување на креативноста станува сẻ повредна во денешниот свет, и тоа дипломирани студенти и магистри на ФЕИТ е Вашата шанса за успех, Затоа немам дилема дека иднината ви припаѓа Вам“, порача во своето обраќање деканот на ФЕИТ проф. д-р Димитар Ташковски.
Задржувајќи се на потребата во државава да се задржат талентите кои се основниот ресурс на најсилните држави, а кои силата ја црпат од високотехнолошкиот сектор, деканот на ФЕИТ проф. д-р Ташковски потсети дека „потребна е координирана акција и соработка помеѓу владините институции, академската заедница, приватниот сектор и младите таленти“ за да се зголеми бројот на инженери кои во нашата држава ќе имаат можност да го искористат своето знаење и креативен потенцијал преку истражувања и иновации. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски ги охрабри новите инженери и магистри да го продолжат својот развоен пат на магистерски и докторски студии на првиот македонски државен универзитет, кој годинава одбележува 74 години од своето основање.  

The post 53 отсто од новите инженери и магистри на ФЕИТ се девојки appeared first on Република.

]]>