дипломатски синдикат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/diplomatski-sindikat/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jan 2024 12:55:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дипломатски синдикат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/diplomatski-sindikat/ 32 32 Нов скандал во МНР: Не успеа Бесмира Ејупи, но Мухаби Синани од приватна фирма вработен во МНР и без исполнети услови ќе биде Генерален конзул во Њујорк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nov-skandal-vo-mnr-ne-uspea-besmira-ejupi-no-muhabi-sinani-od-privatna-firma-vraboten-vo-mnr-i-bez-ispolneti-uslovi-ke-bide-generalen-konzul-vo-nujork/ Tue, 16 Jan 2024 12:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=733652

Македонскиот дипломатски синдикат најостро ги осудува квалификациите упатени од Министерот за надворешни работи Бујар Османи за наводна „албанофобија“ или „албано хистерија“ по повикот на Синдикатот за зачувување на професионалните дипломатски стандарди во Министерството.

 

Од синдикатот велат дека тие се и ќе продолжат да бидат последниот бедем и механизам за зачувување на угледот и професионалните стандарди во дипломатската служба.

Ве повикуваме да не употребувате несоодветна политичка реторика кога се работи за прашања кои ги засегаат професионалните дипломати и нивните кариери. Би сакале да Ви укажеме, дека бројот на членови на МДС континуирано се зголемува, а воедно во истиот членуваат дипломати од сите етнички заедни. Ова се должи на нашите континуирани принципиелни заложби за унапредување на статусот и правата на професионалните дипломати, велат од дипломатскиот синдикат.

Потсетуваат дека откако Османи ја презел функцијата, упатени се повеќе од педесеттина амбасадори и конзули како и повеќе од двестотини дипломати на мандат, а синдикатот реагира исклучиво кога станува збор за прекршување на Законот за надворешни работи или за крајно спорни решенија.

Од тука повторно го поставија прашањето дали со предлогот за упатување на Генерален конзул во Њу Јорк се крши Законот за надворешни работи.

Македонскиот дипломатски синдикат вчера обвини дека министерот Бујар Османи за конзул во Њујорк испраќа штотуку вработен во МНР кој нема дипломатско звање.

Еклатантен пример за непочитување на внатрешните регулативи е упатувањето на г-нот Мухаби Синани на местото Генерален конзул во Њујорк, истото она место на кое министерот Османи не успеа да ја упати во тоа време ТВ презентерката Бесмира Ејупи. Имено, г-нот Синани, кој што од скоро е вработен во МНР од приватна фирма не исполнува услови за упатување во странство. Тој минатата недела веќе ги има одбрането тезите за упатување без притоа да има стекнато високо дипломатско звање кое е законски услов за именување на генерален конзул, велат од Дипломатскиот синдикат.

The post Нов скандал во МНР: Не успеа Бесмира Ејупи, но Мухаби Синани од приватна фирма вработен во МНР и без исполнети услови ќе биде Генерален конзул во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дипломатски синдикат најостро ги осудува квалификациите упатени од Министерот за надворешни работи Бујар Османи за наводна „албанофобија“ или „албано хистерија“ по повикот на Синдикатот за зачувување на професионалните дипломатски стандарди во Министерството.   Од синдикатот велат дека тие се и ќе продолжат да бидат последниот бедем и механизам за зачувување на угледот и професионалните стандарди во дипломатската служба.
Ве повикуваме да не употребувате несоодветна политичка реторика кога се работи за прашања кои ги засегаат професионалните дипломати и нивните кариери. Би сакале да Ви укажеме, дека бројот на членови на МДС континуирано се зголемува, а воедно во истиот членуваат дипломати од сите етнички заедни. Ова се должи на нашите континуирани принципиелни заложби за унапредување на статусот и правата на професионалните дипломати, велат од дипломатскиот синдикат.
Потсетуваат дека откако Османи ја презел функцијата, упатени се повеќе од педесеттина амбасадори и конзули како и повеќе од двестотини дипломати на мандат, а синдикатот реагира исклучиво кога станува збор за прекршување на Законот за надворешни работи или за крајно спорни решенија. Од тука повторно го поставија прашањето дали со предлогот за упатување на Генерален конзул во Њу Јорк се крши Законот за надворешни работи. Македонскиот дипломатски синдикат вчера обвини дека министерот Бујар Османи за конзул во Њујорк испраќа штотуку вработен во МНР кој нема дипломатско звање.
Еклатантен пример за непочитување на внатрешните регулативи е упатувањето на г-нот Мухаби Синани на местото Генерален конзул во Њујорк, истото она место на кое министерот Османи не успеа да ја упати во тоа време ТВ презентерката Бесмира Ејупи. Имено, г-нот Синани, кој што од скоро е вработен во МНР од приватна фирма не исполнува услови за упатување во странство. Тој минатата недела веќе ги има одбрането тезите за упатување без притоа да има стекнато високо дипломатско звање кое е законски услов за именување на генерален конзул, велат од Дипломатскиот синдикат.

The post Нов скандал во МНР: Не успеа Бесмира Ејупи, но Мухаби Синани од приватна фирма вработен во МНР и без исполнети услови ќе биде Генерален конзул во Њујорк appeared first on Република.

]]>
Повторно нов скандал: Османи за конзул во Њујорк испраќа вработен во МНР кој нема дипломатско звање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/povtorno-nov-skandal-osmani-za-konzul-vo-nujork-ispraka-vraboten-vo-mnr-koj-nema-diplomatsko-zvane/ Mon, 15 Jan 2024 17:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=733367

Македонскиот дипломатски синдикат обвинува дека министерот Бујар Османи за конзул во Њујорк испраќа штотуку вработен во МНР кој нема дипломатско звање.

Еклатантен пример за непочитување на внатрешните регулативи е упатувањето на г-нот Мухаби Синани на местото Генерален конзул во Њујорк, истото она место на кое министерот Османи не успеа да ја упати во тоа време ТВ презентерката Бесмира Ејупи. Имено, г-нот Синани, кој што од скоро е вработен во МНР од приватна фирма не исполнува услови за упатување во странство. Тој минатата недела веќе ги има одбрането тезите за упатување без притоа да има стекнато високо дипломатско звање кое е законски услов за именување на генерален конзул.

Дополнително имаме информација и дека оваа недела Синани треба забрзано да полага испити во МНР за унапредување од три нивоа нагоре, како неговото упатување би било приспособено на законските барања за упатување на ниво на генерален конзул. Ваквото забрзано полагање за унапредување од низок во висок ранг на дипломат е противзаконско и спротивно на сите принципи на кариерно напредување, кое што е во директна спротивност со на градењето квалитетна и сериозна дипломатија.

Исто така, дознаваме дека се подготвува упатување на г-нот Илми Селами од Чаир за амбасадор во Будимпешта, поради подигање на партискиот рејтинг на Османи во населбата Чаир.

Како дипломатски синдикат не се согласуваме со хипер партизацијата на дипломатијата и нејзина служба во приватни или партиски интереси, особено пред избори. Професионалните стандарди мора да бидат светост за секое идно раководство на МНР.

Приметуваме дека министерот Османи забрзано ги упатува своите најблиски соработници во странство, па така повеќе директори и други политички личности се упатуваат за амбасадори надвор од законски уредената процедура (без презентирање на тезите пред собраниската комисија за надворешна политика), а речиси целиот негов Кабинет забрзано се празни и заминува на различни позиции во странство, што навестува дека актуелното раководство се подготвува за големи промени во Министерството за надворешни работи.

Следното раководство на МНР треба да ја прекине ваквата пракса и да обезбеди континуитет на раководењето на нашата институција“, се вели во соопштението на Извршниот одбор на Македонскиот дипломатски синдикат.

The post Повторно нов скандал: Османи за конзул во Њујорк испраќа вработен во МНР кој нема дипломатско звање appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дипломатски синдикат обвинува дека министерот Бујар Османи за конзул во Њујорк испраќа штотуку вработен во МНР кој нема дипломатско звање. Еклатантен пример за непочитување на внатрешните регулативи е упатувањето на г-нот Мухаби Синани на местото Генерален конзул во Њујорк, истото она место на кое министерот Османи не успеа да ја упати во тоа време ТВ презентерката Бесмира Ејупи. Имено, г-нот Синани, кој што од скоро е вработен во МНР од приватна фирма не исполнува услови за упатување во странство. Тој минатата недела веќе ги има одбрането тезите за упатување без притоа да има стекнато високо дипломатско звање кое е законски услов за именување на генерален конзул. Дополнително имаме информација и дека оваа недела Синани треба забрзано да полага испити во МНР за унапредување од три нивоа нагоре, како неговото упатување би било приспособено на законските барања за упатување на ниво на генерален конзул. Ваквото забрзано полагање за унапредување од низок во висок ранг на дипломат е противзаконско и спротивно на сите принципи на кариерно напредување, кое што е во директна спротивност со на градењето квалитетна и сериозна дипломатија. Исто така, дознаваме дека се подготвува упатување на г-нот Илми Селами од Чаир за амбасадор во Будимпешта, поради подигање на партискиот рејтинг на Османи во населбата Чаир. Како дипломатски синдикат не се согласуваме со хипер партизацијата на дипломатијата и нејзина служба во приватни или партиски интереси, особено пред избори. Професионалните стандарди мора да бидат светост за секое идно раководство на МНР. Приметуваме дека министерот Османи забрзано ги упатува своите најблиски соработници во странство, па така повеќе директори и други политички личности се упатуваат за амбасадори надвор од законски уредената процедура (без презентирање на тезите пред собраниската комисија за надворешна политика), а речиси целиот негов Кабинет забрзано се празни и заминува на различни позиции во странство, што навестува дека актуелното раководство се подготвува за големи промени во Министерството за надворешни работи. Следното раководство на МНР треба да ја прекине ваквата пракса и да обезбеди континуитет на раководењето на нашата институција“, се вели во соопштението на Извршниот одбор на Македонскиот дипломатски синдикат.

The post Повторно нов скандал: Османи за конзул во Њујорк испраќа вработен во МНР кој нема дипломатско звање appeared first on Република.

]]>
Македонски Дипломатски Синдикат: Што му е дозволено на Јупитер, не му е дозволено на волот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-diplomatski-sindikat-shto-mu-e-dozvoleno-na-jupiter-ne-mu-e-dozvoleno-na-volot/ Wed, 25 Jan 2023 13:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=600914

Македонскиот дипломатски синдикат со голема загриженост ја прими изјавата на Државната Комисија за спречување на корупцијата, која побара одговорност од министерот за надворешни работи Османи заради злоупотреба на 15 службени возила од МНР и 2 позајмени возила од Агенцијата за разузнавање за партиски активности и цели за време на локалните избори во 2021 година. Уште повеќе не онеспокојува негирањето на Османи, кога Антикорупциска тврди дека има и докази за ова.

Исто така, големо лицемерие е да се каже дека тој „како и секој друг човек има право на пауза за одмор“ кога одморот во работно време го користел за партиски активности. Османи многу добро знае дека овакво нешто ни случајно не им е дозволено на дипломатите во МНР, кои согласно прописите не смеат да помислат на партиски активности во работно време, па дури често пати незаконски биле дисциплински гонети за настапи во јавност за време на викенд, што инаку не е забрането.

Што би рекле старите Латини: “Quod licet Jovi, non licet bovi” („Што му е дозволено на Јупитер, не му е дозволено на волот“)!

Веќе трета година без успех бараме од Османи да ја објави листата на корисници на седумдесетината паркинг места во сопственост на Министерството за надворешни работи. Списокот упорно се држи во тајност, иако паркингот е сопственост на Министерството и треба да им служи на вработените, јавно и под јасни критериуми, се разбира. Такво нешто, за жал, не постои и згора на тоа, како Синдикат имаме информации дека картички за користење на паркингот на МНР имаат и лица надвор од нашата институција. Доколку е точно, ова исто така претставува коруптивна активност, можеби не директно за пари, но за купување влијание секако.

Потврдувајќи го извештајот на Центарот за граѓански комуникации од минатата година, дека МНР е најнетранспарентно министерство во Македонија, Бујар Османи упорно ги игнорира сите прашања на вработените и Синдикатот врзано за социјално-економски, финансиски, здравствени и професионални права. Во МНР е се обвиткано со вел на тајна. Така, тој упорно одбегнува да ни појасни по кој основ било определено дека износот на К-15 ќе изнесува 9.000 денари, кога законските прописи кажуваат дека регресот изнесува 40% од просечната плата, што изнесува околу 4.000 денари. Кога тие пари ќе се помножат со бројот на вработени, се доаѓа до сумата од 20-30.000 евра, незаконски одземени од вработените ?!

Вршењето министерска функција бара голем интегритет и МДС секогаш ќе биде коректор на однесувањето на раководството и ќе укажува на злоупотреби и неоправилности, со цел зачувување на дигнитетот на вработените и остварувањето на нивните права, велат од Македонскиот дипломатски синдикат.

The post Македонски Дипломатски Синдикат: Што му е дозволено на Јупитер, не му е дозволено на волот appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дипломатски синдикат со голема загриженост ја прими изјавата на Државната Комисија за спречување на корупцијата, која побара одговорност од министерот за надворешни работи Османи заради злоупотреба на 15 службени возила од МНР и 2 позајмени возила од Агенцијата за разузнавање за партиски активности и цели за време на локалните избори во 2021 година. Уште повеќе не онеспокојува негирањето на Османи, кога Антикорупциска тврди дека има и докази за ова. Исто така, големо лицемерие е да се каже дека тој „како и секој друг човек има право на пауза за одмор“ кога одморот во работно време го користел за партиски активности. Османи многу добро знае дека овакво нешто ни случајно не им е дозволено на дипломатите во МНР, кои согласно прописите не смеат да помислат на партиски активности во работно време, па дури често пати незаконски биле дисциплински гонети за настапи во јавност за време на викенд, што инаку не е забрането. Што би рекле старите Латини: “Quod licet Jovi, non licet bovi” („Што му е дозволено на Јупитер, не му е дозволено на волот“)! Веќе трета година без успех бараме од Османи да ја објави листата на корисници на седумдесетината паркинг места во сопственост на Министерството за надворешни работи. Списокот упорно се држи во тајност, иако паркингот е сопственост на Министерството и треба да им служи на вработените, јавно и под јасни критериуми, се разбира. Такво нешто, за жал, не постои и згора на тоа, како Синдикат имаме информации дека картички за користење на паркингот на МНР имаат и лица надвор од нашата институција. Доколку е точно, ова исто така претставува коруптивна активност, можеби не директно за пари, но за купување влијание секако. Потврдувајќи го извештајот на Центарот за граѓански комуникации од минатата година, дека МНР е најнетранспарентно министерство во Македонија, Бујар Османи упорно ги игнорира сите прашања на вработените и Синдикатот врзано за социјално-економски, финансиски, здравствени и професионални права. Во МНР е се обвиткано со вел на тајна. Така, тој упорно одбегнува да ни појасни по кој основ било определено дека износот на К-15 ќе изнесува 9.000 денари, кога законските прописи кажуваат дека регресот изнесува 40% од просечната плата, што изнесува околу 4.000 денари. Кога тие пари ќе се помножат со бројот на вработени, се доаѓа до сумата од 20-30.000 евра, незаконски одземени од вработените ?! Вршењето министерска функција бара голем интегритет и МДС секогаш ќе биде коректор на однесувањето на раководството и ќе укажува на злоупотреби и неоправилности, со цел зачувување на дигнитетот на вработените и остварувањето на нивните права, велат од Македонскиот дипломатски синдикат.

The post Македонски Дипломатски Синдикат: Што му е дозволено на Јупитер, не му е дозволено на волот appeared first on Република.

]]>
Македонскиот дипломатски синдикат се оградува од активностите на Османи околу францускиот предлог https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-diplomatski-sindikat-se-ograduva-od-aktivnostite-na-osmani-okolu-francuskiot-predlog/ Fri, 24 Jun 2022 17:16:26 +0000 https://republika.mk/?p=519413

Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) соопшти дека се оградува од сите активности на министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот кабинет околу францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и почнување преговори за членство на Македонија во ЕУ.

Македонскиот дипломатски синдикат се оградува од сите активности на министерот Османи и неговиот кабинет во врска со урнисувањето на угледот на македонската дипломатија околу францускиот предлог.

Исто како и претходно во случајот со Преспанскиот договор, раководното малцинство во МНР како Преторијанска гарда го чуваше министерот од комуникација со дипломатите, претворајќи го неговиот кабинет во феудална тврдина, со една цел – самостојно донесување одлуки без притоа предметите да поминат низ дипломатски филтри и обсервација.

Не е вистина тврдењето на МНР Османи дека францускиот предлог бил предмет на анализа на најискусните дипломати. Предлогот вооопшто не искомунициран со никого, освен можеби со најтесен круг на личните соработници на Османи. Споменувањето на инволвирање на „искусните дипломати“ служи само како параван за избегнување на евентуалната одговорност за непрофесионалното и неспособно преговарање, кое беше сокриено од дипломатијата, се вели во соопштението од МДС.

The post Македонскиот дипломатски синдикат се оградува од активностите на Османи околу францускиот предлог appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) соопшти дека се оградува од сите активности на министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот кабинет околу францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и почнување преговори за членство на Македонија во ЕУ. Македонскиот дипломатски синдикат се оградува од сите активности на министерот Османи и неговиот кабинет во врска со урнисувањето на угледот на македонската дипломатија околу францускиот предлог. Исто како и претходно во случајот со Преспанскиот договор, раководното малцинство во МНР како Преторијанска гарда го чуваше министерот од комуникација со дипломатите, претворајќи го неговиот кабинет во феудална тврдина, со една цел – самостојно донесување одлуки без притоа предметите да поминат низ дипломатски филтри и обсервација. Не е вистина тврдењето на МНР Османи дека францускиот предлог бил предмет на анализа на најискусните дипломати. Предлогот вооопшто не искомунициран со никого, освен можеби со најтесен круг на личните соработници на Османи. Споменувањето на инволвирање на „искусните дипломати“ служи само како параван за избегнување на евентуалната одговорност за непрофесионалното и неспособно преговарање, кое беше сокриено од дипломатијата, се вели во соопштението од МДС.

The post Македонскиот дипломатски синдикат се оградува од активностите на Османи околу францускиот предлог appeared first on Република.

]]>