дипломатски кор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/diplomatski-kor/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Jul 2022 19:00:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дипломатски кор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/diplomatski-kor/ 32 32 Ковачевски и Османи се сретнаа со дипломатскиот кор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-i-osmani-se-sretnaa-so-diplomatskiot-kor/ Fri, 01 Jul 2022 19:00:45 +0000 https://republika.mk/?p=522323

Европскиот предлог претставува солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја. Процесот за носење конечна одлука е транспарентен и со јавноста се споделуваат сите детали со цел информирањето да биде објективно од институциите на државата, истакнаа премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи на средбата со дипломатскиот кор во земјава.

На средбата, како што информира владината прес-служба, присуствуваа амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер, в.д амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Џулија Смит, в.д амбасадорот на Италија, Марио Де Роса, како и заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф.

Ковачевски и Османи ги информираа амбасадорите за текот на широките консултациите кои Владата ги води со медиуми, експертски групи, политички аналитичари, коалициони партнери, опозицијата и останати партнери и соработници. Амбасадорите присутни на состанокот дадоа поддршка за транспарентниот начин на спроведување на процесот, како и за силните заложби на Македонија и стратешките определби за соработка и партнерство со САД и ЕУ. Беше заклучено дека неопходно е и натаму да се градат и поддржуваат демократските вредности како единствена определба која води кон напредок, просперитет и подобри услови за живот на граѓаните во земјата, се наведува во соопштението од Владата.

 

The post Ковачевски и Османи се сретнаа со дипломатскиот кор appeared first on Република.

]]>

Европскиот предлог претставува солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја. Процесот за носење конечна одлука е транспарентен и со јавноста се споделуваат сите детали со цел информирањето да биде објективно од институциите на државата, истакнаа премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи на средбата со дипломатскиот кор во земјава. На средбата, како што информира владината прес-служба, присуствуваа амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер, в.д амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Џулија Смит, в.д амбасадорот на Италија, Марио Де Роса, како и заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф.
Ковачевски и Османи ги информираа амбасадорите за текот на широките консултациите кои Владата ги води со медиуми, експертски групи, политички аналитичари, коалициони партнери, опозицијата и останати партнери и соработници. Амбасадорите присутни на состанокот дадоа поддршка за транспарентниот начин на спроведување на процесот, како и за силните заложби на Македонија и стратешките определби за соработка и партнерство со САД и ЕУ. Беше заклучено дека неопходно е и натаму да се градат и поддржуваат демократските вредности како единствена определба која води кон напредок, просперитет и подобри услови за живот на граѓаните во земјата, се наведува во соопштението од Владата.
 

The post Ковачевски и Османи се сретнаа со дипломатскиот кор appeared first on Република.

]]>
Штрајкуваат француските дипломати, им биле намалени платите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shtrajkuvaat-francuskite-diplomati-im-bile-namaleni-platite/ Thu, 02 Jun 2022 15:36:50 +0000 https://republika.mk/?p=510300

Француските дипломати стапија во штрајк за прв пат по 20 години поради кратењата и реформите на претседателот Емануел Макрон, кои според нив ќе ја нарушат позицијата на земјата на меѓународната сцена.

Стотици членови на дипломатскиот персонал дома и во странство штрајкуваат, вклучително и некои амбасадори.

„Нема импровизација во одбраната на интересите и служењето на Франција“, коментира на Твитер францускиот конзул во Сан Франциско. „Нема сомнеж дека треба да ја реформираме и зајакнеме нашата дипломатија, а не да ја избришеме“, рече дипломатот со 18-годишно искуство. Штрајкувачите протестираат против реформите во јавниот сектор иницирани од Макрон, кои ќе ја променат структурата на дипломатските кариери.

Тие се загрижени и за повеќегодишните буџетски кратења, со што од 2007 година до сега е намален персоналот за 20 отсто. „Постои замор поради постојаниот притисок на меѓународните и европските вести, што значи дека секогаш од нас се бара да работиме повеќе со помалку ресурси“, рече високиот дипломат во Париз.

Франција ја има третата по големина дипломатска мрежа во светот со 1.800 дипломати и 13.500 службеници кои работат во Министерството за надворешни работи. „Француските дипломати се посветени на работата со телото и душата, но тие се преоптоварени, недоволно платени и ги нема доволно“, коментира на Твитер францускиот амбасадор во Азербејџан Захари Грос.

The post Штрајкуваат француските дипломати, им биле намалени платите appeared first on Република.

]]>

Француските дипломати стапија во штрајк за прв пат по 20 години поради кратењата и реформите на претседателот Емануел Макрон, кои според нив ќе ја нарушат позицијата на земјата на меѓународната сцена. Стотици членови на дипломатскиот персонал дома и во странство штрајкуваат, вклучително и некои амбасадори. „Нема импровизација во одбраната на интересите и служењето на Франција“, коментира на Твитер францускиот конзул во Сан Франциско. „Нема сомнеж дека треба да ја реформираме и зајакнеме нашата дипломатија, а не да ја избришеме“, рече дипломатот со 18-годишно искуство. Штрајкувачите протестираат против реформите во јавниот сектор иницирани од Макрон, кои ќе ја променат структурата на дипломатските кариери. Тие се загрижени и за повеќегодишните буџетски кратења, со што од 2007 година до сега е намален персоналот за 20 отсто. „Постои замор поради постојаниот притисок на меѓународните и европските вести, што значи дека секогаш од нас се бара да работиме повеќе со помалку ресурси“, рече високиот дипломат во Париз. Франција ја има третата по големина дипломатска мрежа во светот со 1.800 дипломати и 13.500 службеници кои работат во Министерството за надворешни работи. „Француските дипломати се посветени на работата со телото и душата, но тие се преоптоварени, недоволно платени и ги нема доволно“, коментира на Твитер францускиот амбасадор во Азербејџан Захари Грос.

The post Штрајкуваат француските дипломати, им биле намалени платите appeared first on Република.

]]>