Дино Имери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dino-imeri/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 09:52:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дино Имери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dino-imeri/ 32 32 Недела на Бах: Искусете го врвот на барокната варијациска уметност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nedela-na-bah-iskusete-go-vrvot-na-baroknata-varijatsiska-umetnost/ Thu, 28 Nov 2024 09:52:34 +0000 https://republika.mk/?p=842652

Во рамките на Неделата на Бах на германската Амбасада во Културно-информативниот центар-Скопје на 4 декември ќе одржи концерт реномираниот македонски пијанист Дино Имери.

Ве каниме да го искусите врвот на барокната варијациска уметност. Дино Имери ќе ги изведе Голдберг Варијациите на Јохан Себајстијан Бах на 4 декември во 20 часот во КИЦ-Скопје, влезот е бесплатен, стои во поканата од организаторите.

The post Недела на Бах: Искусете го врвот на барокната варијациска уметност appeared first on Република.

]]>

Во рамките на Неделата на Бах на германската Амбасада во Културно-информативниот центар-Скопје на 4 декември ќе одржи концерт реномираниот македонски пијанист Дино Имери.
Ве каниме да го искусите врвот на барокната варијациска уметност. Дино Имери ќе ги изведе Голдберг Варијациите на Јохан Себајстијан Бах на 4 декември во 20 часот во КИЦ-Скопје, влезот е бесплатен, стои во поканата од организаторите.

The post Недела на Бах: Искусете го врвот на барокната варијациска уметност appeared first on Република.

]]>
Од втори до седми декември „Недела на Бах“ со предавања, концерт на пијанистот Дино Имери и работилници за деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/od-vtori-do-sedmi-dekemvri-nedela-na-bah-so-predavana-kontsert-na-pijanistot-dino-imeri-i-rabotilnitsi-za-detsa/ Wed, 27 Nov 2024 11:11:28 +0000 https://republika.mk/?p=842221

По неодамнешениот концерт на Дино Имери во Белград, каде настапи со уште двајца врвни музичари – Роман Симовиќ на виолина и Драган Ѓорѓевиќ на виолончело, а кој заврши со стоечки овации во преполната сала во „Коларац“, нашиот пијанист приредува уште еден мошне значаен настан. Станува збор за „Недела на Бах“, којшто на различни локации во Скопје ќе се случува од втори до седми декември.

Во соработка со германската амбасада и поддржано од Министерството за култура и туризам, ќе се одржат концерт, музички работилници за деца и предавања, кои од различни аспекти ќе ни ја претстават музиката, филозофијата, животот, на најголемиот композитор на сите времиња, Јохан Себастијан Бах, без чие постоење и делување, светот не би бил ист.

Имено, централниот настан на „Недела на Бах“ е концертот на „волшебникот на пијаното“, Дино Имери, со наслов „Кодот на Бах“, којшто ќе се случи на 4 декември во Културно-информативниот центар (Салон 19, 19). Рецитален настап, на кој Имери ќе го изведе најпознатото и едно од најкомплексните дела на славниот композитор, неговите „Голдберг варијации“, коешто се смета за споменик во целокупната западна класична музика. Јохан Себастијан Бах создал магија од музика. Целото негово творештво е неповторливо и уникатно, но „Голдберг варијациите“ се центарот на неговиот свет. Тие се сон за секој пијанист и со право се смета за едно од најгенијалните и најкомплексните дела на Бах, во кое се покажува неговиот талент за хармонија, контрапункт и виртуозност.

На 2 декември, пак, кога и официјално ќе започне „Неделата на Бах“, на Факултетот за музичка уметност, со почеток во 13 часот, Дино Имери ќе одржи отворено предавање пред студентите, на кое ќе се осврне претежно на создавањето, идејата и композиторската структура на „Голдберг варијациите“.

На 6 и на 7декември, за децата во ООУ „Љубен Лапе“, односно за децата во СОС „Детско село“, Имери и Иванова ќе одржат музички работилници во вид на претстава, под наслов „Голди, Бах и музичкото село“. Автор на приказната е Тина Иванова, којашто ќе се јави и како наратор, заедно со пијано придружба и нарација на Дино Имери. Овие музички работилници имаат за цел децата да го запознаат Бах и особено неговите „Голдберг варијации“, преку интересна, автентична приказна, како би се насочиле кон понатамошен интерес и истражување за вечната музика на Бах.

Додека, пак, по завршувањето на целиот настан, во просториите на ЕУ Инфо центарот, заедно со пијанистот Имери, на отвореното предавање за филозофскиот, музичкиот, естетскиот аспект на творештвото на Ј. С. Бах, ќе учествува и музикологот Тина Иванова. Всушност, ова предавање е замислено во вид на интервју, низ кое ќе се откријат повеќе аспекти и за денешното влијание на големиот германски музички автор. Предавањето носи наслов „Универзалниот јазик на Бах – што неговата музика може да не научи денес?“

The post Од втори до седми декември „Недела на Бах“ со предавања, концерт на пијанистот Дино Имери и работилници за деца appeared first on Република.

]]>

По неодамнешениот концерт на Дино Имери во Белград, каде настапи со уште двајца врвни музичари – Роман Симовиќ на виолина и Драган Ѓорѓевиќ на виолончело, а кој заврши со стоечки овации во преполната сала во „Коларац“, нашиот пијанист приредува уште еден мошне значаен настан. Станува збор за „Недела на Бах“, којшто на различни локации во Скопје ќе се случува од втори до седми декември. Во соработка со германската амбасада и поддржано од Министерството за култура и туризам, ќе се одржат концерт, музички работилници за деца и предавања, кои од различни аспекти ќе ни ја претстават музиката, филозофијата, животот, на најголемиот композитор на сите времиња, Јохан Себастијан Бах, без чие постоење и делување, светот не би бил ист. Имено, централниот настан на „Недела на Бах“ е концертот на „волшебникот на пијаното“, Дино Имери, со наслов „Кодот на Бах“, којшто ќе се случи на 4 декември во Културно-информативниот центар (Салон 19, 19). Рецитален настап, на кој Имери ќе го изведе најпознатото и едно од најкомплексните дела на славниот композитор, неговите „Голдберг варијации“, коешто се смета за споменик во целокупната западна класична музика. Јохан Себастијан Бах создал магија од музика. Целото негово творештво е неповторливо и уникатно, но „Голдберг варијациите“ се центарот на неговиот свет. Тие се сон за секој пијанист и со право се смета за едно од најгенијалните и најкомплексните дела на Бах, во кое се покажува неговиот талент за хармонија, контрапункт и виртуозност. На 2 декември, пак, кога и официјално ќе започне „Неделата на Бах“, на Факултетот за музичка уметност, со почеток во 13 часот, Дино Имери ќе одржи отворено предавање пред студентите, на кое ќе се осврне претежно на создавањето, идејата и композиторската структура на „Голдберг варијациите“. На 6 и на 7декември, за децата во ООУ „Љубен Лапе“, односно за децата во СОС „Детско село“, Имери и Иванова ќе одржат музички работилници во вид на претстава, под наслов „Голди, Бах и музичкото село“. Автор на приказната е Тина Иванова, којашто ќе се јави и како наратор, заедно со пијано придружба и нарација на Дино Имери. Овие музички работилници имаат за цел децата да го запознаат Бах и особено неговите „Голдберг варијации“, преку интересна, автентична приказна, како би се насочиле кон понатамошен интерес и истражување за вечната музика на Бах. Додека, пак, по завршувањето на целиот настан, во просториите на ЕУ Инфо центарот, заедно со пијанистот Имери, на отвореното предавање за филозофскиот, музичкиот, естетскиот аспект на творештвото на Ј. С. Бах, ќе учествува и музикологот Тина Иванова. Всушност, ова предавање е замислено во вид на интервју, низ кое ќе се откријат повеќе аспекти и за денешното влијание на големиот германски музички автор. Предавањето носи наслов „Универзалниот јазик на Бах – што неговата музика може да не научи денес?“

The post Од втори до седми декември „Недела на Бах“ со предавања, концерт на пијанистот Дино Имери и работилници за деца appeared first on Република.

]]>
Музичко-поетскиот перформанс ,,Дом” кој е соработка помеѓу маестро Дино Имери и музикологот и писателката Тина Иванова вечерва на „Струшки вечери на поезијата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/muzichko-poetskiot-performans-dom-koj-e-sorabotka-pomegu-maestro-dino-imeri-i-muzikologot-i-pisatelkata-tina-ivanova-vecherva-na-strushki-vecheri-na-poezijata/ Fri, 23 Aug 2024 10:29:00 +0000 https://republika.mk/?p=809401

Музичко-поетскиот перформанс ,,Дом” кој е соработка помеѓу маестро Дино Имери и музикологот и писателката Тина Иванова ќе се одржи вечерва во рамките на „Струшки вечери на поезијата“.

Станува збор за уникатен, авторски спој од текст (поезија и проза) и музика (авторска и класична), кој носи новитети на музичката и културната сцена во Македонија.

„Дом“ се темели на поетски стихови чија основна нишка е љубовта гледана низ нејзината универзална призма. Односно, моќните пораки коишто таа ги носи со себе, наспроти омразата и злото што го окупираат светот.

Во рамките на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, ќе бидат изведени неколку авторски песни, како и еден сегмент од беседа на италијанскиот писател и поет Џакомо Леопарди

The post Музичко-поетскиот перформанс ,,Дом” кој е соработка помеѓу маестро Дино Имери и музикологот и писателката Тина Иванова вечерва на „Струшки вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Музичко-поетскиот перформанс ,,Дом” кој е соработка помеѓу маестро Дино Имери и музикологот и писателката Тина Иванова ќе се одржи вечерва во рамките на „Струшки вечери на поезијата“.

Станува збор за уникатен, авторски спој од текст (поезија и проза) и музика (авторска и класична), кој носи новитети на музичката и културната сцена во Македонија.

„Дом“ се темели на поетски стихови чија основна нишка е љубовта гледана низ нејзината универзална призма. Односно, моќните пораки коишто таа ги носи со себе, наспроти омразата и злото што го окупираат светот.

Во рамките на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, ќе бидат изведени неколку авторски песни, како и еден сегмент од беседа на италијанскиот писател и поет Џакомо Леопарди

The post Музичко-поетскиот перформанс ,,Дом” кој е соработка помеѓу маестро Дино Имери и музикологот и писателката Тина Иванова вечерва на „Струшки вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
Концерт што долго ќе се памети со пијанистот Имери и виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-shto-dolgo-ke-se-pameti-so-pijanistot-imeri-i-violonchelistot-dragan-gorgevik-suzuki/ Mon, 22 Jul 2024 12:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=799202

Реномираните уметници, српскиот виолончелист Драган Ѓорѓевиќ и македонскиот пијанист Дино Имери, испреплетувајќи ги своите музички сензибилитети, вчеравечер беа вистинско уживање на публиката на 64. „Охридско лето“.
Во црквата „Света Софија“, Имери и Ѓорѓевиќ изведоа специјално креиран репертоар за оваа фестивалска вечер. Челистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки се враќа на концертниот подиум на „Охридско лето“ по речиси две децении каде што го имал и еден од неговите позначајни концерти за неговата кариера.
-Репертоарот беше разновиден, за изведувачите предизвикувачки, за публиката интересен. На почетокот ги свиревме „Бетовеновите варијации“, потоа Шнитке со „Свита во стар стил“ што е многу интересно дело и не се свири толку често, а овде беше во аранжман за чело и пијано. Ја изведовме „Адаџо и Алегро“ од деликатниот, но секогаш прекрасен Шуман, а на крајот ја отсвиривме „Соната за виолончело и пијано“ од Сергеј Рахмањинов, рече виолончелистот Ѓорѓевиќ.
Ова е прва соработка на двајцата уметници, виртуози на своите инструменти и миленици на публиката.
-Програмата ја одбра колегата Драган и таа во себе инкорпорира она што е највиртуозно, најинтересно, музички длабоко, и во делот на пијаното, и во делот на виолончелото. Таков беше првиот дел, а вториот дел беше неговиот и мојот пристап кон воопшто создавање на музика во еден вид ансамбл каде што ниеден од учесниците не може да биде надреден или подреден. Се работи за постојана интеракција во секое од делата што беа изведени и мислам дека публиката ја почувствува таа симбиоза, истакна пијанистот и професор Дино Имери.
Имери и Ѓорѓевиќ, како што кажаа, веќе разговарале за следни соработки, што според нив е многу природно со оглед на тоа што се пронашле и како музички сензибилитети, но и како личности и карактери што е особено важно за заедничкото музицирање.

The post Концерт што долго ќе се памети со пијанистот Имери и виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки appeared first on Република.

]]>

Реномираните уметници, српскиот виолончелист Драган Ѓорѓевиќ и македонскиот пијанист Дино Имери, испреплетувајќи ги своите музички сензибилитети, вчеравечер беа вистинско уживање на публиката на 64. „Охридско лето“. Во црквата „Света Софија“, Имери и Ѓорѓевиќ изведоа специјално креиран репертоар за оваа фестивалска вечер. Челистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки се враќа на концертниот подиум на „Охридско лето“ по речиси две децении каде што го имал и еден од неговите позначајни концерти за неговата кариера. -Репертоарот беше разновиден, за изведувачите предизвикувачки, за публиката интересен. На почетокот ги свиревме „Бетовеновите варијации“, потоа Шнитке со „Свита во стар стил“ што е многу интересно дело и не се свири толку често, а овде беше во аранжман за чело и пијано. Ја изведовме „Адаџо и Алегро“ од деликатниот, но секогаш прекрасен Шуман, а на крајот ја отсвиривме „Соната за виолончело и пијано“ од Сергеј Рахмањинов, рече виолончелистот Ѓорѓевиќ. Ова е прва соработка на двајцата уметници, виртуози на своите инструменти и миленици на публиката. -Програмата ја одбра колегата Драган и таа во себе инкорпорира она што е највиртуозно, најинтересно, музички длабоко, и во делот на пијаното, и во делот на виолончелото. Таков беше првиот дел, а вториот дел беше неговиот и мојот пристап кон воопшто создавање на музика во еден вид ансамбл каде што ниеден од учесниците не може да биде надреден или подреден. Се работи за постојана интеракција во секое од делата што беа изведени и мислам дека публиката ја почувствува таа симбиоза, истакна пијанистот и професор Дино Имери. Имери и Ѓорѓевиќ, како што кажаа, веќе разговарале за следни соработки, што според нив е многу природно со оглед на тоа што се пронашле и како музички сензибилитети, но и како личности и карактери што е особено важно за заедничкото музицирање.

The post Концерт што долго ќе се памети со пијанистот Имери и виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки appeared first on Република.

]]>
Концерт на пијанистот Дино Имери и диригентката Дијана Имери Илкоска по повод 30 години дипломатски односи меѓу Шпанија и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-pijanistot-dino-imeri-i-dirigentkata-dijana-imeri-ilkoska-po-povod-30-godini-diplomatski-odnosi-megu-shpanija-i-makedonija/ Tue, 28 May 2024 09:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=782304

По повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Македонија, на 4 јуни (вторник) во Камерната сала на Филхармонија со почеток во 20 часот, пијанистот Дино Имери и диригентката Дијана Имери Илкоска, ќе одржат концерт на кој ќе бидат изведени дела што ја отсликуваат македонската и шпанската музичка култура.

Заедно со македонските реномирани уметници, на концертот ќе настапи и Камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra“, а ќе бидат изведени дела од: Томислав Зографски („Суита“ за пијано), Вања Ѓумар Николовски („Macedance“), Дијана Имери Илкоска („Корени“ за виолина и пијано), Дамир Имери („Пајдушко“), Мануел де Фаља („Ритуалниот танц крај огнот“), Фредерик Момпу („Песни и танци“ бр.3 и „Младите девојки во градината“ од „Сцени од детството“) и Исак Албенис („Шпанска рапсодија“ за пијано и оркестар). Некои од делата ќе доживеат скопска и светска премиера.

Всушност, познатата „Шпанска рапсодија“ од Албенис, ќе ја доживее светската премиера на целосно нов аранжман на Дијана Имери Илкоска, додека делото „Macedance“ на Вања Ѓумар Николовски, кое е посветено на нашиот „волшебник на пијаното“ Дино Имери, ќе ја доживее скопската премиера. Исто така, со делото на Томислав Зографски, ќе се одбележат 90 години од раѓањето на овој влијателен македонски композитор. Како гостин на концертот ќе се претстави македонскиот истакнат виолинист Бојан Илкоски, во изведба на делото „Корени“.

Овој концерт претставува импресивна фузија од дела во кои е вткаен македонскиот фолклор и она што се нарекува современа македонска композиторска школа, со звучната егзотика на Шпанија - фламенкото, познатата шпанска малагења, специфичната орнаментика и богатиот, живописен колорит присутен во делата на претставниците на шпанскиот музички национализам.

Организатор на концертот е Амбасада на Шпанија во Скопје.

The post Концерт на пијанистот Дино Имери и диригентката Дијана Имери Илкоска по повод 30 години дипломатски односи меѓу Шпанија и Македонија appeared first on Република.

]]>

По повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Македонија, на 4 јуни (вторник) во Камерната сала на Филхармонија со почеток во 20 часот, пијанистот Дино Имери и диригентката Дијана Имери Илкоска, ќе одржат концерт на кој ќе бидат изведени дела што ја отсликуваат македонската и шпанската музичка култура. Заедно со македонските реномирани уметници, на концертот ќе настапи и Камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra“, а ќе бидат изведени дела од: Томислав Зографски („Суита“ за пијано), Вања Ѓумар Николовски („Macedance“), Дијана Имери Илкоска („Корени“ за виолина и пијано), Дамир Имери („Пајдушко“), Мануел де Фаља („Ритуалниот танц крај огнот“), Фредерик Момпу („Песни и танци“ бр.3 и „Младите девојки во градината“ од „Сцени од детството“) и Исак Албенис („Шпанска рапсодија“ за пијано и оркестар). Некои од делата ќе доживеат скопска и светска премиера. Всушност, познатата „Шпанска рапсодија“ од Албенис, ќе ја доживее светската премиера на целосно нов аранжман на Дијана Имери Илкоска, додека делото „Macedance“ на Вања Ѓумар Николовски, кое е посветено на нашиот „волшебник на пијаното“ Дино Имери, ќе ја доживее скопската премиера. Исто така, со делото на Томислав Зографски, ќе се одбележат 90 години од раѓањето на овој влијателен македонски композитор. Како гостин на концертот ќе се претстави македонскиот истакнат виолинист Бојан Илкоски, во изведба на делото „Корени“. Овој концерт претставува импресивна фузија од дела во кои е вткаен македонскиот фолклор и она што се нарекува современа македонска композиторска школа, со звучната егзотика на Шпанија - фламенкото, познатата шпанска малагења, специфичната орнаментика и богатиот, живописен колорит присутен во делата на претставниците на шпанскиот музички национализам. Организатор на концертот е Амбасада на Шпанија во Скопје.

The post Концерт на пијанистот Дино Имери и диригентката Дијана Имери Илкоска по повод 30 години дипломатски односи меѓу Шпанија и Македонија appeared first on Република.

]]>
Напладне кај „Школка“ бесплатен концерт на Дино Имери во чест на Шопен https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/napladne-kaj-shkolka-besplaten-kontsert-na-dino-imeri-vo-chest-na-shopen/ Sat, 11 May 2024 06:33:25 +0000 https://republika.mk/?p=776959

Македонскиот пијанист Дино Имери денеска на пладне во Градскиот парк, кај Школка ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од полскиот композитор Фредерик Шопен.

Организатор на рециталот е Амбасадата на Република Полска во земјава по повод Денот на уставот.

Дино Имери ќе ги изведе најпознатите пиеси за пијано од еден од најголемите композитори на сите времиња: Балада бр.1 оп.23, во g-moll, Grand Valse Brillante оп.34 бр.1, во As-dur, Валцер оп.64 бр.2, во cis-moll, Валцер оп.64 бр.1, во Des-dur -„Минутен“, Ноктурно оп.20, во cis-moll, Скерцо бр.2 оп.31, во b-moll, Мазурка оп.17 бр.4, во a-moll и Полонеза оп.53, во As-dur - „Херојска“.

Идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање на концерти на отворено какви што се случуваат во Полска, близу Варшава, токму кај споменикот на Шопен и неговото родно место, од страна на врвни, светски пијанисти. Целта е постојано да живее творештвото на овој музички гениј кој светот го направи подобро место за живеење, соопшти организаторор.

Настанот е бесплатен

The post Напладне кај „Школка“ бесплатен концерт на Дино Имери во чест на Шопен appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пијанист Дино Имери денеска на пладне во Градскиот парк, кај Школка ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од полскиот композитор Фредерик Шопен. Организатор на рециталот е Амбасадата на Република Полска во земјава по повод Денот на уставот. Дино Имери ќе ги изведе најпознатите пиеси за пијано од еден од најголемите композитори на сите времиња: Балада бр.1 оп.23, во g-moll, Grand Valse Brillante оп.34 бр.1, во As-dur, Валцер оп.64 бр.2, во cis-moll, Валцер оп.64 бр.1, во Des-dur -„Минутен“, Ноктурно оп.20, во cis-moll, Скерцо бр.2 оп.31, во b-moll, Мазурка оп.17 бр.4, во a-moll и Полонеза оп.53, во As-dur - „Херојска“.
Идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање на концерти на отворено какви што се случуваат во Полска, близу Варшава, токму кај споменикот на Шопен и неговото родно место, од страна на врвни, светски пијанисти. Целта е постојано да живее творештвото на овој музички гениј кој светот го направи подобро место за живеење, соопшти организаторор.
Настанот е бесплатен

The post Напладне кај „Школка“ бесплатен концерт на Дино Имери во чест на Шопен appeared first on Република.

]]>
Дино Имери в сабота на „Школка“ ќе го свири Шопен https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dino-imeri-v-sabota-na-shkolka-ke-go-sviri-shopen/ Thu, 09 May 2024 08:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=776209

Во Градскиот парк, на „Школка“, в сабота, на 11 мај, во 12 часот македонскиот пијанист Дино Имери ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од големиот романтичар, полскиот композитор Фредерик Шопен.

Несекојдневениот музички настан е организиран од Амбасадата на Република Полска, по повод Денот на Уставот.

„Волшебникот на пијаното“, Дино Имери, ќе ги изведе најпознатите пиеси за пијано од еден од најголемите композитори на сите времиња: Балада бр.1 оп.23, во g-moll, Grand Valse Brillante оп.34 бр.1, во As-dur, Валцер оп.64 бр.2, во cis-moll, Валцер оп.64 бр.1, во Des-dur -„Минутен“, Ноктурно оп.20, во cis-moll, Скерцо бр.2 оп.31, во b-moll, Мазурка оп.17 бр.4, во a-moll и Полонеза оп.53, во As-dur - „Херојска“.

Станува збор за навистина редок настан, затоа што класичната музика не се изведува често на отворено. Но, идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање на концерти на отворено какви што се случуваат во Полска, близу Варшава, токму кај споменикот на Шопен и неговото родно место, од страна на врвни, светски пијанисти. Целта е постојано да живее творештвото на овој музички гениј кој светот го направи подобро место за живеење, се вели во најавата.

Настанот е бесплатен.

 

The post Дино Имери в сабота на „Школка“ ќе го свири Шопен appeared first on Република.

]]>

Во Градскиот парк, на „Школка“, в сабота, на 11 мај, во 12 часот македонскиот пијанист Дино Имери ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од големиот романтичар, полскиот композитор Фредерик Шопен. Несекојдневениот музички настан е организиран од Амбасадата на Република Полска, по повод Денот на Уставот. „Волшебникот на пијаното“, Дино Имери, ќе ги изведе најпознатите пиеси за пијано од еден од најголемите композитори на сите времиња: Балада бр.1 оп.23, во g-moll, Grand Valse Brillante оп.34 бр.1, во As-dur, Валцер оп.64 бр.2, во cis-moll, Валцер оп.64 бр.1, во Des-dur -„Минутен“, Ноктурно оп.20, во cis-moll, Скерцо бр.2 оп.31, во b-moll, Мазурка оп.17 бр.4, во a-moll и Полонеза оп.53, во As-dur - „Херојска“.
Станува збор за навистина редок настан, затоа што класичната музика не се изведува често на отворено. Но, идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање на концерти на отворено какви што се случуваат во Полска, близу Варшава, токму кај споменикот на Шопен и неговото родно место, од страна на врвни, светски пијанисти. Целта е постојано да живее творештвото на овој музички гениј кој светот го направи подобро место за живеење, се вели во најавата.
Настанот е бесплатен.  

The post Дино Имери в сабота на „Школка“ ќе го свири Шопен appeared first on Република.

]]>
Концерт на Дино Имери на Школка во Градски парк по повод Денот на Уставот на Полска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-dino-imeri-na-shkolka-vo-gradski-park-po-povod-denot-na-ustavot-na-polska/ Fri, 03 May 2024 16:08:25 +0000 https://republika.mk/?p=773871

Амбасадата на Република Полска, по повод Денот на Уставот, во сабота на 11 мај, со почеток во 12 часот во Градскиот парк, на „Школка“, ќе биде организатор на концертот на македонскиот пијанист Дино Имери кој ќе изведе дела од големиот романтичар, полскиот композитор Фредерик Шопен.

„Волшебникот на пијаното“, Дино Имери, ќе ги изведе најпознатите пиеси за пијано од еден од најголемите композитори на сите времиња: Балада бр.1 оп.23, во g-moll, Grand Valse Brillante оп.34 бр.1, во As-dur, Валцер оп.64 бр.2, во cis-moll, Валцер оп.64 бр.1, во Des-dur -„Минутен“, Ноктурно оп.20, во cis-moll, Скерцо бр.2 оп.31, во b-moll, Мазурка оп.17 бр.4, во a-moll и Полонеза оп.53, во As-dur – „Херојска“.

Станува збор за навистина редок настан, затоа што класичната музика не се изведува често на отворено.

Идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање на концерти на отворено какви што се случуваат во Полска, близу Варшава, токму кај споменикот на Шопен и неговото родно место, од страна на врвни, светски пијанисти. Целта е постојано да живее творештвото на овој музички гениј кој светот го направи подобро место за живеење“, велат од Амбасадата на Република Полска.

 

The post Концерт на Дино Имери на Школка во Градски парк по повод Денот на Уставот на Полска appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Република Полска, по повод Денот на Уставот, во сабота на 11 мај, со почеток во 12 часот во Градскиот парк, на „Школка“, ќе биде организатор на концертот на македонскиот пијанист Дино Имери кој ќе изведе дела од големиот романтичар, полскиот композитор Фредерик Шопен. „Волшебникот на пијаното“, Дино Имери, ќе ги изведе најпознатите пиеси за пијано од еден од најголемите композитори на сите времиња: Балада бр.1 оп.23, во g-moll, Grand Valse Brillante оп.34 бр.1, во As-dur, Валцер оп.64 бр.2, во cis-moll, Валцер оп.64 бр.1, во Des-dur -„Минутен“, Ноктурно оп.20, во cis-moll, Скерцо бр.2 оп.31, во b-moll, Мазурка оп.17 бр.4, во a-moll и Полонеза оп.53, во As-dur – „Херојска“. Станува збор за навистина редок настан, затоа што класичната музика не се изведува често на отворено.
Идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање на концерти на отворено какви што се случуваат во Полска, близу Варшава, токму кај споменикот на Шопен и неговото родно место, од страна на врвни, светски пијанисти. Целта е постојано да живее творештвото на овој музички гениј кој светот го направи подобро место за живеење“, велат од Амбасадата на Република Полска.
 

The post Концерт на Дино Имери на Школка во Градски парк по повод Денот на Уставот на Полска appeared first on Република.

]]>
„Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“ со Дино Имери и Дијана Имери Илкоска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/muzika-i-poezija-vecher-so-muzikata-na-shopen-so-dino-imeri-i-dijana-imeri-ilkoska/ Mon, 04 Dec 2023 08:09:26 +0000 https://republika.mk/?p=719162

„Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“ е насловен конецрот на нашите реномирани уметници, пијанистот Дино Имери и маестра Дијана Имери-Илкоска кој вечерва во 20 часпт ќе се одржи во камерната сала на Филхармонија.

Со кмерниот оркестар ID составен од реномирани музичари тие ќе изведат музика од големиот романтичар и миленик на публиката, Фредерик Шопен. На програмата се: Балада бр.1 оп.23 g-moll, Прелудиум оп.28 бр.4 и бр.8, Валцер оп.64 бр.2 cis-moll, Валцер оп.64 бр.1 „Минутен“, Херојска Полонеза оп.53 As-dur, Концерт за пијано и оркестар бр.2 во f-moll.

Концертот пригодно ќе го одбележи големиот 30-годишен јубилеј од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Македонија и Полска, а настанот е поддржан од Министерството за Култура и Амбасадата на Полска.

 

The post „Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“ со Дино Имери и Дијана Имери Илкоска appeared first on Република.

]]>

„Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“ е насловен конецрот на нашите реномирани уметници, пијанистот Дино Имери и маестра Дијана Имери-Илкоска кој вечерва во 20 часпт ќе се одржи во камерната сала на Филхармонија. Со кмерниот оркестар ID составен од реномирани музичари тие ќе изведат музика од големиот романтичар и миленик на публиката, Фредерик Шопен. На програмата се: Балада бр.1 оп.23 g-moll, Прелудиум оп.28 бр.4 и бр.8, Валцер оп.64 бр.2 cis-moll, Валцер оп.64 бр.1 „Минутен“, Херојска Полонеза оп.53 As-dur, Концерт за пијано и оркестар бр.2 во f-moll. Концертот пригодно ќе го одбележи големиот 30-годишен јубилеј од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Македонија и Полска, а настанот е поддржан од Министерството за Култура и Амбасадата на Полска.  

The post „Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“ со Дино Имери и Дијана Имери Илкоска appeared first on Република.

]]>
Дино Имери во Загреб свиреше на историско пијано од марката „Плејел“ од 1911 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dino-imeri-vo-zagreb-svireshe-na-istorisko-pijano-od-markata-plejel-od-1911-godina/ Mon, 20 Nov 2023 09:52:49 +0000 https://republika.mk/?p=714319

Македонскиот пијанист Дино Имери синоќа одржа фантастичен солистички концерт во Загреб, Хрватска, во прекрасното здание на Државниот архив. Пред многубројната публика, Имери се претстави со изведба на романтичните и импресивни дела: „Ноктурно“ од Мануел Де Фаља, „Песни и танци“ бр. 1 и бр. 3 и „Млади девојки во градината“ од суитата „Сцени од детството“ од Фредерик Момпу, „Благородни и сентиментални валцери“ и „Alborada del gracioso“ од Морис Равел и „Кармен“ варијации од Ж. Бизе/В. Хоровиц.

Она што посебно интригираше во врска со овој настан, е што македонскиот пијанист свиреше на историскиот инструмент „Плејел“ од 1911 година, кој бил во сопственост на Светислав Станчич - таткото на хрватската пијанистичка педагогија и славен пијанист, кому специјално му го испорачале од Париз. Во внатрешноста на инструментот, има и автограм на Имери, што на целиот настан му даде посебна убавина.

Ова е мое четврто рецитално гостување во Загреб - град во кој често се слушаат изведбите на светските имиња на пијанизмот, но и центар на една многу сериозна пијанистичка школа. Сум настапувал во различни стадиуми од мојата кариера, од студентските денови па се до оваа зрела фаза и за сите тие посети можам да кажам дека секогаш чувствувам неверојатна топлина, љубов и вистинска предаденост од страна на верната публика која одново се враќа на моите концерти“, вели Дино Имери, по синоќешното концертирање кое имаше извонреден одзив.
„Тоа е огромен комплимент за мене особено затоа што станува збор за луѓе кои се постојано изложени на концерти од светски калибар - нешто кон кое се стремев уште во зората на мојата меѓународна кариера. Не беше различно и овој пат, се случи прекрасна музичка вечер и со нетрпение го чекам моето враќање во овој град“, додава Имери.

Инаку, пијаното на кое свиреше Имери, како што сведочат и наследниците на Станчич, има топлина, љубов и убавина – карактеристики кои ретко кој инструмент го поседува сам по себе. Правејќи паралела со познатата марка „Стенвеј“, велат дека по силниот и продорен звук на „Стенвеј“ на кој сме навикнати, кога ќе се слушне звукот на „Плејел“, на кој инаку, свирел и славниот Шопен, се чувствува дека тој „самиот од себе пее“. Неговите тонови се топли, нежни, а сепак, не им недостига силата на звукот за да го исполнат амбиентот.

Концертот на Дино Имери беше дел од Циклусот „Pleyel Svetislava Stančiča“, а организатор на настанот е уметничката организација „Кристофориум“, во соработка со Културно-информативниот центар на РСМ во Загреб. Уметничката организација „Кристофориум“, е основана во чест на италијанскиот градител на инструменти - Бартоломео Кристофориј.

Македонскиот пијанист Дино Имери до крајот на годината го очекуваат уште два значајни настани. На 24 ноември настапува во Ленгерих, Германија, во рамките на „Виртуозо фестивал“, додека на 4 декември, пак, во Скопје, во Камерната сала на Филхармонија на РСМ, ќе настапи заедно со македонската истакната диригентка Дијана Имери - Илкоска, а ќе го реализираат долгоочекуваниот проект „Музика и поезија - вечер со музиката на Шопен“.

The post Дино Имери во Загреб свиреше на историско пијано од марката „Плејел“ од 1911 година appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пијанист Дино Имери синоќа одржа фантастичен солистички концерт во Загреб, Хрватска, во прекрасното здание на Државниот архив. Пред многубројната публика, Имери се претстави со изведба на романтичните и импресивни дела: „Ноктурно“ од Мануел Де Фаља, „Песни и танци“ бр. 1 и бр. 3 и „Млади девојки во градината“ од суитата „Сцени од детството“ од Фредерик Момпу, „Благородни и сентиментални валцери“ и „Alborada del gracioso“ од Морис Равел и „Кармен“ варијации од Ж. Бизе/В. Хоровиц. Она што посебно интригираше во врска со овој настан, е што македонскиот пијанист свиреше на историскиот инструмент „Плејел“ од 1911 година, кој бил во сопственост на Светислав Станчич - таткото на хрватската пијанистичка педагогија и славен пијанист, кому специјално му го испорачале од Париз. Во внатрешноста на инструментот, има и автограм на Имери, што на целиот настан му даде посебна убавина.
Ова е мое четврто рецитално гостување во Загреб - град во кој често се слушаат изведбите на светските имиња на пијанизмот, но и центар на една многу сериозна пијанистичка школа. Сум настапувал во различни стадиуми од мојата кариера, од студентските денови па се до оваа зрела фаза и за сите тие посети можам да кажам дека секогаш чувствувам неверојатна топлина, љубов и вистинска предаденост од страна на верната публика која одново се враќа на моите концерти“, вели Дино Имери, по синоќешното концертирање кое имаше извонреден одзив. „Тоа е огромен комплимент за мене особено затоа што станува збор за луѓе кои се постојано изложени на концерти од светски калибар - нешто кон кое се стремев уште во зората на мојата меѓународна кариера. Не беше различно и овој пат, се случи прекрасна музичка вечер и со нетрпение го чекам моето враќање во овој град“, додава Имери.
Инаку, пијаното на кое свиреше Имери, како што сведочат и наследниците на Станчич, има топлина, љубов и убавина – карактеристики кои ретко кој инструмент го поседува сам по себе. Правејќи паралела со познатата марка „Стенвеј“, велат дека по силниот и продорен звук на „Стенвеј“ на кој сме навикнати, кога ќе се слушне звукот на „Плејел“, на кој инаку, свирел и славниот Шопен, се чувствува дека тој „самиот од себе пее“. Неговите тонови се топли, нежни, а сепак, не им недостига силата на звукот за да го исполнат амбиентот. Концертот на Дино Имери беше дел од Циклусот „Pleyel Svetislava Stančiča“, а организатор на настанот е уметничката организација „Кристофориум“, во соработка со Културно-информативниот центар на РСМ во Загреб. Уметничката организација „Кристофориум“, е основана во чест на италијанскиот градител на инструменти - Бартоломео Кристофориј. Македонскиот пијанист Дино Имери до крајот на годината го очекуваат уште два значајни настани. На 24 ноември настапува во Ленгерих, Германија, во рамките на „Виртуозо фестивал“, додека на 4 декември, пак, во Скопје, во Камерната сала на Филхармонија на РСМ, ќе настапи заедно со македонската истакната диригентка Дијана Имери - Илкоска, а ќе го реализираат долгоочекуваниот проект „Музика и поезија - вечер со музиката на Шопен“.

The post Дино Имери во Загреб свиреше на историско пијано од марката „Плејел“ од 1911 година appeared first on Република.

]]>
Дино Имери одржа концерт за паметење во Лондон https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dino-imeri-odrzha-kontsert-za-pametene-vo-london/ Fri, 27 Oct 2023 12:41:02 +0000 https://republika.mk/?p=695586

„Ми беше огромна чест да ја претставувам Македонија и да ја промовирам нашата култура во овој светски центар на уметноста - Лондон, во престижната концертна сала на Кралскиот колеџ, каде што настапуваат врвни уметници од целиот свет“, рече македонскиот врвен пијанист Дино Имери, по фантастичниот концерт којшто го одржа во светската културна метропола, во средата навечер, а по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Пред многубројната публика, во прекрасната концертна сала „Royal College of Music“, во чии редови присуствуваа видни личности од дипломатскиот и културниот живот на Велика Британија, меѓу нив и специјалниот пратеник на Западен Балкан на британскиот премиер, Лорд Пич, како и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која ја предводеше македонската делегација во Лондон, нашиот „волшебник на пијаното“, Дино Имери, одржа концерт за паметење!

Со овации беше испратен од сцената, каде што покрај изведбата на дела од светските мајстори Густав Холст, Витолд Лутославски и Сергеј Рахмањинов, на најдостоен начин ја промовираше и македонската музика, интерпретирајќи една негова обработка на македонската песна „Јас те пратив на вода Калино“, како и композиции од Дамир Имери („Пајдушко“ и „Сербез Донка“) и од Дијана Илкоска Имери („Корени“). Заедно со Имери, настапи и хрватскиот врвен пијанист Ведран Јањанин, повеќенаградуван уметник, со светска кариера.

„Одамна не сум присуствувал на ваков добар концерт“, „Ви благодариме за прекрасната вечер“, „Ни приредивте маестрален концерт“, беа дел од позитивните реакции на присутните по концертот, честитајќи му на нашиот пијанист Дино Имери за успешниот настап, кој оствари важни контакти со можност за понатамошни соработки во концертните сали низ Велка Британија.

Овој настан беше поддржан од македонската амбасада во Лондон и македонското Министерство за култура, и беше силна потврда за пријателството што со децении го негуваат овие две земји.

 

The post Дино Имери одржа концерт за паметење во Лондон appeared first on Република.

]]>

„Ми беше огромна чест да ја претставувам Македонија и да ја промовирам нашата култура во овој светски центар на уметноста - Лондон, во престижната концертна сала на Кралскиот колеџ, каде што настапуваат врвни уметници од целиот свет“, рече македонскиот врвен пијанист Дино Имери, по фантастичниот концерт којшто го одржа во светската културна метропола, во средата навечер, а по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Пред многубројната публика, во прекрасната концертна сала „Royal College of Music“, во чии редови присуствуваа видни личности од дипломатскиот и културниот живот на Велика Британија, меѓу нив и специјалниот пратеник на Западен Балкан на британскиот премиер, Лорд Пич, како и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која ја предводеше македонската делегација во Лондон, нашиот „волшебник на пијаното“, Дино Имери, одржа концерт за паметење! Со овации беше испратен од сцената, каде што покрај изведбата на дела од светските мајстори Густав Холст, Витолд Лутославски и Сергеј Рахмањинов, на најдостоен начин ја промовираше и македонската музика, интерпретирајќи една негова обработка на македонската песна „Јас те пратив на вода Калино“, како и композиции од Дамир Имери („Пајдушко“ и „Сербез Донка“) и од Дијана Илкоска Имери („Корени“). Заедно со Имери, настапи и хрватскиот врвен пијанист Ведран Јањанин, повеќенаградуван уметник, со светска кариера.
„Одамна не сум присуствувал на ваков добар концерт“, „Ви благодариме за прекрасната вечер“, „Ни приредивте маестрален концерт“, беа дел од позитивните реакции на присутните по концертот, честитајќи му на нашиот пијанист Дино Имери за успешниот настап, кој оствари важни контакти со можност за понатамошни соработки во концертните сали низ Велка Британија.
Овој настан беше поддржан од македонската амбасада во Лондон и македонското Министерство за култура, и беше силна потврда за пријателството што со децении го негуваат овие две земји.  

The post Дино Имери одржа концерт за паметење во Лондон appeared first on Република.

]]>
Концерт на македонскиот пијанист Дино Имери во Лондон по повод 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Британија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-makedonskiot-pijanist-dino-imeri-vo-london-po-povod-30-godini-bilateralni-odnosi-megu-makedonija-i-britanija/ Wed, 25 Oct 2023 08:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=694743

По повод јубилејот – 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Велика Британија, македонскиот пијанист Дино Имери ќе одржи концерт во Лондон, во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music).

На концертот тој ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот пијанист Ведран Јањанин, ќе изведат дела од македонски автори, како и дела од Густав Холст, Сергеј Рахмањинов и Витолд Лутославски.

Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, а го организира Амбасадата на Македонија во Лондон.

The post Концерт на македонскиот пијанист Дино Имери во Лондон по повод 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Британија appeared first on Република.

]]>

По повод јубилејот – 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Велика Британија, македонскиот пијанист Дино Имери ќе одржи концерт во Лондон, во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music). На концертот тој ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот пијанист Ведран Јањанин, ќе изведат дела од македонски автори, како и дела од Густав Холст, Сергеј Рахмањинов и Витолд Лутославски. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, а го организира Амбасадата на Македонија во Лондон.

The post Концерт на македонскиот пијанист Дино Имери во Лондон по повод 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Британија appeared first on Република.

]]>
Дино Имери ќе настапи во Кралскиот колеџ за музика: Концертот во Лондон е од огромно значење за мојата пијанистичка кариера https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dino-imeri-ke-nastapi-vo-kralskiot-koledh-za-muzika-kontsertot-vo-london-e-od-ogromno-znachene-za-mojata-pijanistichka-kariera/ Sun, 22 Oct 2023 11:01:13 +0000 https://republika.mk/?p=693856

Македонскиот пијанист Дино Имери, на 25 октомври (среда), ќе настапи во еден од најважните културни центри во светот – Лондон, каде што во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music) ќе одржи концерт со мошне интересна програма.

Дино Имери ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот повеќенаградуван пијанист Ведран Јањанин. Ќе бидат изведени дела од Густав Холст („Јупитер“ од циклусот „Планети“), Сергеј Рахманинов („Суита за две пијана бр. 2“), Витолд Лутославски („Варијации на тема од Паганини“ за две пијана), Дамир Имери („Пајдушко“ за пијано за 4 раце и „Себез Донка“), Дино Имери (обработка на „Јас те пратив на вода, Калино“) и Дијана Имери-Илкоска („Корени“).

Овој настан е поддржан од македонското Министерство за култура, а го организира Амбасадата на РСМ во Лондон. Станува збор, всушност, за мошне значаен меѓународен проект, а повод е големиот јубилеј – 30 години билатерални односи меѓу РС Македонија и Велика Британија. На настанот ќе присуствуваат и претставници на дипломатскиот кор во Британија, а македонската делегација ќе ја предводи министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

„Концертот во Лондон е од огромно значење за мојата пијанистичка кариера. Навистина не е лесно да се стигне до настап во оваа метропола, но гледајќи ја мојата досегашна работа, мислам дека се случува во вистинско време. Клучен момент е секако промоцијата на македонската музика, рамо до рамо со дела од светската литература. Се чувствувам спремно да се справам со големата одговорност бидејќи не е мала работа да ја претставувате културата на една држава на еден ваков свечен настан во еден од најголемите културни центри во светот“, вели Имери.

Диригентката и композиторка Дијана Имери-Илкоска за изведбата на своето дело во Лондон вели: „Ми претставува огромна чест што и мојата композиција ‘Корени’ ќе прозвучи во прекрасната сала во Лондон, а специјално за овој настан создадов нов аранжман за пијано. Особено за мене е важен поводот – одбележување три децении дипломатски односи меѓу Македонија и Велика Британија“.

По концертот во Лондон, пијанистот Имери до крајот на годината ќе одржи уште неколку интересни концерти во Загреб, Ленгерих и во Скопје.

The post Дино Имери ќе настапи во Кралскиот колеџ за музика: Концертот во Лондон е од огромно значење за мојата пијанистичка кариера appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пијанист Дино Имери, на 25 октомври (среда), ќе настапи во еден од најважните културни центри во светот – Лондон, каде што во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music) ќе одржи концерт со мошне интересна програма. Дино Имери ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот повеќенаградуван пијанист Ведран Јањанин. Ќе бидат изведени дела од Густав Холст („Јупитер“ од циклусот „Планети“), Сергеј Рахманинов („Суита за две пијана бр. 2“), Витолд Лутославски („Варијации на тема од Паганини“ за две пијана), Дамир Имери („Пајдушко“ за пијано за 4 раце и „Себез Донка“), Дино Имери (обработка на „Јас те пратив на вода, Калино“) и Дијана Имери-Илкоска („Корени“). Овој настан е поддржан од македонското Министерство за култура, а го организира Амбасадата на РСМ во Лондон. Станува збор, всушност, за мошне значаен меѓународен проект, а повод е големиот јубилеј – 30 години билатерални односи меѓу РС Македонија и Велика Британија. На настанот ќе присуствуваат и претставници на дипломатскиот кор во Британија, а македонската делегација ќе ја предводи министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. „Концертот во Лондон е од огромно значење за мојата пијанистичка кариера. Навистина не е лесно да се стигне до настап во оваа метропола, но гледајќи ја мојата досегашна работа, мислам дека се случува во вистинско време. Клучен момент е секако промоцијата на македонската музика, рамо до рамо со дела од светската литература. Се чувствувам спремно да се справам со големата одговорност бидејќи не е мала работа да ја претставувате културата на една држава на еден ваков свечен настан во еден од најголемите културни центри во светот“, вели Имери. Диригентката и композиторка Дијана Имери-Илкоска за изведбата на своето дело во Лондон вели: „Ми претставува огромна чест што и мојата композиција ‘Корени’ ќе прозвучи во прекрасната сала во Лондон, а специјално за овој настан создадов нов аранжман за пијано. Особено за мене е важен поводот – одбележување три децении дипломатски односи меѓу Македонија и Велика Британија“. По концертот во Лондон, пијанистот Имери до крајот на годината ќе одржи уште неколку интересни концерти во Загреб, Ленгерих и во Скопје.

The post Дино Имери ќе настапи во Кралскиот колеџ за музика: Концертот во Лондон е од огромно значење за мојата пијанистичка кариера appeared first on Република.

]]>
Серија концерти во Скопје, Лондон и Загреб на македонскиот пијанист Дино Имери https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/serija-kontserti-vo-skopje-london-i-zagreb-na-makedonskiot-pijanist-dino-imeri/ Thu, 12 Oct 2023 07:56:09 +0000 https://republika.mk/?p=690368

Македонскиот пијанист Дино Имери, од критичарите наречен и „волшебник на пијаното“, до крајот на оваа година ќе реализира неколку концерти на домашната и на меѓународната сцена, самостојни, но и во рамки на фестивали и проекти.

Првиот настап на еден од најдобрите македонски пијанисти, Дино Имери, ќе се случи на 16 октомври, кога заедно со извонредниот тенор Михаило Арсенски, ќе концертира на свеченото отворање на фестивалот „Златна Лира“, кој е во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија. Оваа вечер ќе ја красат изведби на мошне импресивни дела од различни музички епохи, од композитори како Клод Дебиси или Рихард Штраус, и секако дела од македонските композитори, оние кои ги поставија темелите на македонското композиторско творештво - Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев и Томислав Зографски.

Мошне значаен меѓународен проект, ќе се случи на 25 октомври. По повод јубилејот – 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Велика Британија, Имери ќе одржи концерт во Лондон, во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music), каде ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот повеќенаградуван пијанист Ведран Јањанин, со изведба на дела од македонски автори, како и дела од Густав Холст, Сергеј Рахмањинов и Витолд Лутославски. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, а го организира Амбасадата на Македонија во Лондон.

На 19 ноември, Имери заминува во Загреб, Хрватска, каде што ќе одржи солистички рецитал во прекрасното здание на Државниот архив. Она што посебно интригира во врска со овој настан, е што македонскиот пијанист ќе свири на историскиот инструмент „Pleyel“ од 1924 година, кој бил во сопственост на Светислав Станчич - таткото на хрватската пијанистичка педагогија. Концертот е дел од Циклусот „Pleyel Svetislava Stančiča“, а Имери ќе изведе дела од Де Фаља, Момпу, Равел, Бизе-Хоровиц. Организатор на настанот е уметничката организација „Cristoforium“, во соработка со Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб.

На 4 декември, пак, Имери се враќа во Скопје, каде што во Камерната сала на Филхармонија, заедно со македонската истакната диригентка Дијана Имери Илкоска, ќе го реализираат долгоочекуваниот проект „Музика и поезија - вечер со музиката на Шопен“.

Станува збор всушност, за концерт на ИД Камерниот оркестар, предводен од маестра Имери Илкоска, на кој како солист на пијано настапува Дино Имери. Мошне атрактивна и комплексна програма, заокружена во звучно-поетска обланда преку изведба на Концертот за пијано и оркестар бр. 2 во f-moll и други дела на славниот романтичар Фредерик Шопен. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, како и од Амбасада на Полска во Македонија.

The post Серија концерти во Скопје, Лондон и Загреб на македонскиот пијанист Дино Имери appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пијанист Дино Имери, од критичарите наречен и „волшебник на пијаното“, до крајот на оваа година ќе реализира неколку концерти на домашната и на меѓународната сцена, самостојни, но и во рамки на фестивали и проекти. Првиот настап на еден од најдобрите македонски пијанисти, Дино Имери, ќе се случи на 16 октомври, кога заедно со извонредниот тенор Михаило Арсенски, ќе концертира на свеченото отворање на фестивалот „Златна Лира“, кој е во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија. Оваа вечер ќе ја красат изведби на мошне импресивни дела од различни музички епохи, од композитори како Клод Дебиси или Рихард Штраус, и секако дела од македонските композитори, оние кои ги поставија темелите на македонското композиторско творештво - Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев и Томислав Зографски. Мошне значаен меѓународен проект, ќе се случи на 25 октомври. По повод јубилејот – 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Велика Британија, Имери ќе одржи концерт во Лондон, во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music), каде ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот повеќенаградуван пијанист Ведран Јањанин, со изведба на дела од македонски автори, како и дела од Густав Холст, Сергеј Рахмањинов и Витолд Лутославски. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, а го организира Амбасадата на Македонија во Лондон. На 19 ноември, Имери заминува во Загреб, Хрватска, каде што ќе одржи солистички рецитал во прекрасното здание на Државниот архив. Она што посебно интригира во врска со овој настан, е што македонскиот пијанист ќе свири на историскиот инструмент „Pleyel“ од 1924 година, кој бил во сопственост на Светислав Станчич - таткото на хрватската пијанистичка педагогија. Концертот е дел од Циклусот „Pleyel Svetislava Stančiča“, а Имери ќе изведе дела од Де Фаља, Момпу, Равел, Бизе-Хоровиц. Организатор на настанот е уметничката организација „Cristoforium“, во соработка со Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб. На 4 декември, пак, Имери се враќа во Скопје, каде што во Камерната сала на Филхармонија, заедно со македонската истакната диригентка Дијана Имери Илкоска, ќе го реализираат долгоочекуваниот проект „Музика и поезија - вечер со музиката на Шопен“. Станува збор всушност, за концерт на ИД Камерниот оркестар, предводен од маестра Имери Илкоска, на кој како солист на пијано настапува Дино Имери. Мошне атрактивна и комплексна програма, заокружена во звучно-поетска обланда преку изведба на Концертот за пијано и оркестар бр. 2 во f-moll и други дела на славниот романтичар Фредерик Шопен. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, како и од Амбасада на Полска во Македонија.

The post Серија концерти во Скопје, Лондон и Загреб на македонскиот пијанист Дино Имери appeared first on Република.

]]>
Дино Имери и тенорот Михаило Арсенски ќе го отворат фестивалот „Златна Лира“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dino-imeri-i-tenorot-mihailo-arsenski-ke-go-otvorat-festivalot-zlatna-lira/ Wed, 11 Oct 2023 18:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=690279

Македонскиот пијанист Дино Имери, кој не случајно критиката го нарекува „волшебник на пијаното“, до крајот на оваа година го очекуваат неколку значајни настани, што ќе придонесат кон збогатување не само на неговата лична биографија и пијанистичка кариера, туку и на културното милје во земјава. Имери ќе реализира концерти на домашната и на меѓународната сцена, самостојни, но и во рамки на фестивали и проекти, што ќе остават силен белег на музичкото небо и надвор од земјава, поради шареноликата програма, поради несомнениот квалитет на неговото музицирање, но и поради поводите за кои тие се наменети.

Првиот настап на еден од најдобрите македонски пијанисти, Дино Имери, ќе се случи на 16 октомври, кога заедно со извонредниот тенор Михаило Арсенски, ќе концертира на свеченото отворање на фестивалот „Златна Лира“, кој е во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија. Оваа вечер ќе ја красат изведби на мошне импресивни дела од различни музички епохи, од композитори како Клод Дебиси или Рихард Штраус, и секако дела од македонските композитори, оние кои ги поставија темелите на македонското композиторско творештво - Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев и Томислав Зографски.

Мошне значаен меѓународен проект, ќе се случи на 25 октомври. По повод јубилејот – 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Велика Британија, Имери ќе одржи концерт во Лондон, во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music), каде ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот повеќенаградуван пијанист Ведран Јањанин, со изведба на дела од македонски автори, како и дела од Густав Холст, Сергеј Рахмањинов и Витолд Лутославски. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, а го организира Амбасадата на РСМ во Лондон.

На 19 ноември, Имери заминува во Загреб, Хрватска, каде што ќе одржи солистички рецитал во прекрасното здание на Државниот архив. Она што посебно интригира во врска со овој настан, е што македонскиот пијанист ќе свири на историскиот инструмент „Pleyel“ од 1924 година, кој бил во сопственост на Светислав Станчич - таткото на хрватската пијанистичка педагогија. Концертот е дел од Циклусот „Pleyel Svetislava Stančiča“, а Имери ќе изведе дела од Де Фаља, Момпу, Равел, Бизе-Хоровиц. Организатор на настанот е уметничката организација „Cristoforium“, во соработка со Културно-информативниот центар на РСМ во Загреб.

На 4 декември, пак, Имери се враќа во Скопје, каде што во Камерната сала на Филхармонија на РСМ, заедно со македонската истакната диригентка Дијана Имери Илкоска, ќе го реализираат долгоочекуваниот проект „Музика и поезија - вечер со музиката на Шопен“.

Станува збор всушност, за концерт на ИД Камерниот оркестар, предводен од маестра Имери Илкоска, на кој како солист на пијано настапува Дино Имери. Мошне атрактивна и комплексна програма, заокружена во звучно-поетска обланда преку изведба на Концертот за пијано и оркестар бр. 2 во f-moll и други дела на славниот романтичар Фредерик Шопен. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, како и од Амбасада на Р. Полска во РСМ.

The post Дино Имери и тенорот Михаило Арсенски ќе го отворат фестивалот „Златна Лира“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пијанист Дино Имери, кој не случајно критиката го нарекува „волшебник на пијаното“, до крајот на оваа година го очекуваат неколку значајни настани, што ќе придонесат кон збогатување не само на неговата лична биографија и пијанистичка кариера, туку и на културното милје во земјава. Имери ќе реализира концерти на домашната и на меѓународната сцена, самостојни, но и во рамки на фестивали и проекти, што ќе остават силен белег на музичкото небо и надвор од земјава, поради шареноликата програма, поради несомнениот квалитет на неговото музицирање, но и поради поводите за кои тие се наменети. Првиот настап на еден од најдобрите македонски пијанисти, Дино Имери, ќе се случи на 16 октомври, кога заедно со извонредниот тенор Михаило Арсенски, ќе концертира на свеченото отворање на фестивалот „Златна Лира“, кој е во организација на Сојузот на музички уметници на Македонија. Оваа вечер ќе ја красат изведби на мошне импресивни дела од различни музички епохи, од композитори како Клод Дебиси или Рихард Штраус, и секако дела од македонските композитори, оние кои ги поставија темелите на македонското композиторско творештво - Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев и Томислав Зографски. Мошне значаен меѓународен проект, ќе се случи на 25 октомври. По повод јубилејот – 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Велика Британија, Имери ќе одржи концерт во Лондон, во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music), каде ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот повеќенаградуван пијанист Ведран Јањанин, со изведба на дела од македонски автори, како и дела од Густав Холст, Сергеј Рахмањинов и Витолд Лутославски. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, а го организира Амбасадата на РСМ во Лондон. На 19 ноември, Имери заминува во Загреб, Хрватска, каде што ќе одржи солистички рецитал во прекрасното здание на Државниот архив. Она што посебно интригира во врска со овој настан, е што македонскиот пијанист ќе свири на историскиот инструмент „Pleyel“ од 1924 година, кој бил во сопственост на Светислав Станчич - таткото на хрватската пијанистичка педагогија. Концертот е дел од Циклусот „Pleyel Svetislava Stančiča“, а Имери ќе изведе дела од Де Фаља, Момпу, Равел, Бизе-Хоровиц. Организатор на настанот е уметничката организација „Cristoforium“, во соработка со Културно-информативниот центар на РСМ во Загреб. На 4 декември, пак, Имери се враќа во Скопје, каде што во Камерната сала на Филхармонија на РСМ, заедно со македонската истакната диригентка Дијана Имери Илкоска, ќе го реализираат долгоочекуваниот проект „Музика и поезија - вечер со музиката на Шопен“. Станува збор всушност, за концерт на ИД Камерниот оркестар, предводен од маестра Имери Илкоска, на кој како солист на пијано настапува Дино Имери. Мошне атрактивна и комплексна програма, заокружена во звучно-поетска обланда преку изведба на Концертот за пијано и оркестар бр. 2 во f-moll и други дела на славниот романтичар Фредерик Шопен. Настанот е поддржан од македонското Министерство за култура, како и од Амбасада на Р. Полска во РСМ.

The post Дино Имери и тенорот Михаило Арсенски ќе го отворат фестивалот „Златна Лира“ appeared first on Република.

]]>
Префинето музицирање на магионичарот на пијаното Дино Имери https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prefineto-muzitsirane-na-magionicharot-na-pijanoto-dino-imeri/ Fri, 21 Jul 2023 11:33:39 +0000 https://republika.mk/?p=663912

Неверојатен и рафиниран квалитет на звукот, беспрекорна техника,инструментална култура и фасцинантна слобода со неверојатен интерпретациски квалитет во изведбите донесе вчеравечер на „Охридско лето“ македонскиот виртуоз на пијано, Дино Имери.
Во црквата „Света Софија“ пред бројната и воодушевена публика, овој реномиран пијанист ги изведе композициите „Балада бр. 1“ оп. 23 во g-moll и „Херојска Полонеза” оп. 53 во As-dur од Фредерик Шопен, како и Сонатата бр. 1 од Сергеј Рахмањинов.

Ова е програма што оваа сезона нема да ја свирам на ниту едно друго место освен на фестивалот „Охридско лето“. А причините се многу значајни за мене и пред сè, лични. Фестивалот „Охридско лето“ го врзувам со најубавите моменти од моето детство, но и понатаму. Како растев и созревав како уметник, ги посетував речиси сите концерти, и како ученик и како студент. Одамна ја замислував оваа програма како би звучела во прекрасниот амбиент на црквата „Света Софија“. Особено важи за музиката на Рахмањинов, за Сонатата број 1 која е невројатно дело, комплексно, но и прекрасно и мислам дека идеално се вклопува во овој амбиент, вели пијанистот Имери.

За неговата уметност стручната критика ќе напише: „Дино Имери, не само што ја изведува музиката, скоро како да ја компонира во моментот, а француските критичари го сметаат за „магионичар на пијаното“.

Ми годи овој комплимент во смисла што не се гледа работата позади магијата. Да бидам наречен магионичар секако дека е еден вид комплимент бидејќи во денешно време во оваа работа со којашто се занимавам нема ништо што доаѓа лесно и преку ноќ колку што оној магионичарски трик на почеток можеби би се чинел многу лесен како што магионичарот го изведува, но позади тоа стојат години и години работа, труд, искуство, многу грешки,многу растење и многу размислување. Во таа смисла ми годи комплиментот „магионичар на пијаното“ затоа што секако дека е успех целата таа мака и труд да бидат во служба на уметноста.

За својот долгогодишен труд, Дино Имери е добитник е на бројни награди и признанија „Виртуози“ за млад музички уметник, „Мајка Тереза“ за хуманост, Лауреат е на Фондацијата „Томислав Зографски“, Златна Бубамара на популарноста, рангиран е во десетте најдобри млади европски пијанисти според 3eme Concours européen de piano – Normandie и др. Имери се потпишува на повеќе изданија за престижни дискографски куќи, бележи успеси и како композитор, пишувајќи музика за филм, театар, инструментална и вокална музика.

The post Префинето музицирање на магионичарот на пијаното Дино Имери appeared first on Република.

]]>

Неверојатен и рафиниран квалитет на звукот, беспрекорна техника,инструментална култура и фасцинантна слобода со неверојатен интерпретациски квалитет во изведбите донесе вчеравечер на „Охридско лето“ македонскиот виртуоз на пијано, Дино Имери. Во црквата „Света Софија“ пред бројната и воодушевена публика, овој реномиран пијанист ги изведе композициите „Балада бр. 1“ оп. 23 во g-moll и „Херојска Полонеза” оп. 53 во As-dur од Фредерик Шопен, како и Сонатата бр. 1 од Сергеј Рахмањинов.
Ова е програма што оваа сезона нема да ја свирам на ниту едно друго место освен на фестивалот „Охридско лето“. А причините се многу значајни за мене и пред сè, лични. Фестивалот „Охридско лето“ го врзувам со најубавите моменти од моето детство, но и понатаму. Како растев и созревав како уметник, ги посетував речиси сите концерти, и како ученик и како студент. Одамна ја замислував оваа програма како би звучела во прекрасниот амбиент на црквата „Света Софија“. Особено важи за музиката на Рахмањинов, за Сонатата број 1 која е невројатно дело, комплексно, но и прекрасно и мислам дека идеално се вклопува во овој амбиент, вели пијанистот Имери.
За неговата уметност стручната критика ќе напише: „Дино Имери, не само што ја изведува музиката, скоро како да ја компонира во моментот, а француските критичари го сметаат за „магионичар на пијаното“.
Ми годи овој комплимент во смисла што не се гледа работата позади магијата. Да бидам наречен магионичар секако дека е еден вид комплимент бидејќи во денешно време во оваа работа со којашто се занимавам нема ништо што доаѓа лесно и преку ноќ колку што оној магионичарски трик на почеток можеби би се чинел многу лесен како што магионичарот го изведува, но позади тоа стојат години и години работа, труд, искуство, многу грешки,многу растење и многу размислување. Во таа смисла ми годи комплиментот „магионичар на пијаното“ затоа што секако дека е успех целата таа мака и труд да бидат во служба на уметноста.
За својот долгогодишен труд, Дино Имери е добитник е на бројни награди и признанија „Виртуози“ за млад музички уметник, „Мајка Тереза“ за хуманост, Лауреат е на Фондацијата „Томислав Зографски“, Златна Бубамара на популарноста, рангиран е во десетте најдобри млади европски пијанисти според 3eme Concours européen de piano – Normandie и др. Имери се потпишува на повеќе изданија за престижни дискографски куќи, бележи успеси и како композитор, пишувајќи музика за филм, театар, инструментална и вокална музика.

The post Префинето музицирање на магионичарот на пијаното Дино Имери appeared first on Република.

]]>
Рецитал на пијанистот Дино Имери во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/retsital-na-pijanistot-dino-imeri-vo-filharmonija/ Fri, 12 May 2023 08:06:22 +0000 https://republika.mk/?p=640001

Во среда, со почеток во 20 часот во Големата сала на Филхармонија рецитал ќе одржи пијанистот Дино Имери. Концертот е насловен „Ишарет“, а на програмата се дела од Де Фаља, Момпу, Равел и Бизе.

Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Со огромен успех настапува на престижните сцени низ светот како гостин на врвни оркестри, како рецитален уметник и како камерен музичар. За него француската критика ќе напише: „Дино Имери – магионичар на пијаното..“ (Magazine, OPS), а неговите уметнички креации не ја оставаат рамнодушна публиката на неговите концерти.

Настапувал во Австрија, Италија, Франција, ХрватскаСрбија, Бугарија (гостувал рекордни пет пати во три сезони на Софиската Филхармонија, дополнително изведувајќи рецитал со дела од македонски автори во Софија во рамки на циклусот „Музиката на Европа – Македонија“), Словенија и др.

За неговата уметност стручната критика ќе напише: „Дино Имери не само што ја изведува музиката, скоро како да ја компонира во моментот. Неверојатен и рафиниран квалитет на звукот, беспрекорна техника, инструментална култура и фасцинантна слобода со еден неверојатен интерпретациски квалитет во неговите изведби – ова е краток опис на неговото големо умеење.“

Настапувал со Стразбуршкиот Филхармониски Оркестар, Софиска Филхармонија, Македонска Филхармонија, Симфониски и Камерен оркестар на ФМУ-Скопје, Оркестарот на Националната Опера и Балет. Соработувал со еминентни уметници меѓу кои диригентите Јосеп Висент, Најден Тодоров, Емил Табаков, Саша Николовски-Ѓумар, Дијана Имери Илкоска, Борјан Цанев, Сашо Татарчевски, Кире Костов, Ле Фи Фи, Бисера Чадловска, потоа пејачи и инструменталисти како Игор и Ана Дурловски, Благој Нацоски, Либуше Санторисова, Алексеј Шаповалов, Луиџи Скифано, Бојан Илкоски, Влатко Стефановски, Ади Имери, Стојан и Нинослав Димови, актерката Симона Спировска, балерина и кореограф Ивана Коцевска и др. Добитник е на бројни награди и признанија меѓу кои награда „Виртуози“ за млад музички уметник, „Св. Мајка Тереза“ за хуманост, лауреат на Фондација „Томислав Зографски“, „Златна бубамара на популарноста“, ранг во десетте најдобри млади европски пијанисти според 3eme Concours européendepiano– Normandieи др.

Покрај концертната дејност, Имери се потпишува на повеќе изданија за престижни дискографски куќи меѓу кои „Dino Imeri LIVE“ (2010, Piano Plage France), “Reflections” (2020, PMG Jazz), “Passions” (Con:tempo, 2021) и др.

Имери бележи бројни успеси и како млад композитор, пишувајќи музика за филм, театар (соработка со независниот театар Артопија), балет („Дијалози“ на Ивана Коцевска), инструментална и вокална музика, мултимедијални проекти („Проста и строга македонска песна – 100 години од раѓањето на Блаже Конески“). Со своето образование се стекнува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ (класа на проф. Људмила Романова), дипломира со високи почести на ФМУ-Скопје (класа на проф. Борис Романов), а магистрира со високи почести и просек 10,00 на ФМУ-Скопје (класа на проф. Симон Трпчески). Во 2018 г. Дино Имери се стекнува со звање доцент и предава на својот Алма Матер - Факултетот за Музичка Уметност во Скопје при УКИМ.

           

The post Рецитал на пијанистот Дино Имери во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Во среда, со почеток во 20 часот во Големата сала на Филхармонија рецитал ќе одржи пијанистот Дино Имери. Концертот е насловен „Ишарет“, а на програмата се дела од Де Фаља, Момпу, Равел и Бизе. Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Со огромен успех настапува на престижните сцени низ светот како гостин на врвни оркестри, како рецитален уметник и како камерен музичар. За него француската критика ќе напише: „Дино Имери – магионичар на пијаното..“ (Magazine, OPS), а неговите уметнички креации не ја оставаат рамнодушна публиката на неговите концерти. Настапувал во Австрија, Италија, Франција, ХрватскаСрбија, Бугарија (гостувал рекордни пет пати во три сезони на Софиската Филхармонија, дополнително изведувајќи рецитал со дела од македонски автори во Софија во рамки на циклусот „Музиката на Европа – Македонија“), Словенија и др. За неговата уметност стручната критика ќе напише: „Дино Имери не само што ја изведува музиката, скоро како да ја компонира во моментот. Неверојатен и рафиниран квалитет на звукот, беспрекорна техника, инструментална култура и фасцинантна слобода со еден неверојатен интерпретациски квалитет во неговите изведби – ова е краток опис на неговото големо умеење.“

Настапувал со Стразбуршкиот Филхармониски Оркестар, Софиска Филхармонија, Македонска Филхармонија, Симфониски и Камерен оркестар на ФМУ-Скопје, Оркестарот на Националната Опера и Балет. Соработувал со еминентни уметници меѓу кои диригентите Јосеп Висент, Најден Тодоров, Емил Табаков, Саша Николовски-Ѓумар, Дијана Имери Илкоска, Борјан Цанев, Сашо Татарчевски, Кире Костов, Ле Фи Фи, Бисера Чадловска, потоа пејачи и инструменталисти како Игор и Ана Дурловски, Благој Нацоски, Либуше Санторисова, Алексеј Шаповалов, Луиџи Скифано, Бојан Илкоски, Влатко Стефановски, Ади Имери, Стојан и Нинослав Димови, актерката Симона Спировска, балерина и кореограф Ивана Коцевска и др. Добитник е на бројни награди и признанија меѓу кои награда „Виртуози“ за млад музички уметник, „Св. Мајка Тереза“ за хуманост, лауреат на Фондација „Томислав Зографски“, „Златна бубамара на популарноста“, ранг во десетте најдобри млади европски пијанисти според 3eme Concours européendepiano– Normandieи др.

Покрај концертната дејност, Имери се потпишува на повеќе изданија за престижни дискографски куќи меѓу кои „Dino Imeri LIVE“ (2010, Piano Plage France), “Reflections” (2020, PMG Jazz), “Passions” (Con:tempo, 2021) и др.

Имери бележи бројни успеси и како млад композитор, пишувајќи музика за филм, театар (соработка со независниот театар Артопија), балет („Дијалози“ на Ивана Коцевска), инструментална и вокална музика, мултимедијални проекти („Проста и строга македонска песна – 100 години од раѓањето на Блаже Конески“). Со своето образование се стекнува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ (класа на проф. Људмила Романова), дипломира со високи почести на ФМУ-Скопје (класа на проф. Борис Романов), а магистрира со високи почести и просек 10,00 на ФМУ-Скопје (класа на проф. Симон Трпчески). Во 2018 г. Дино Имери се стекнува со звање доцент и предава на својот Алма Матер - Факултетот за Музичка Уметност во Скопје при УКИМ.

           

The post Рецитал на пијанистот Дино Имери во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Првпат во Македонија, Дино Имери ќе ја изведе Деветтата симфонија на едно пијано https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prvpat-vo-makedonija-dino-imeri-kje-ja-izvede-devettata-simfonija-na-edno-pijano/ Tue, 08 Nov 2022 07:33:36 +0000 https://republika.mk/?p=571187

Пијанистот Дино Имери вечерва во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија ќе ја изведе Деветтата симфонија оп. 125 од Лудвиг ван Бетовен – едно од најмонументалните и најзначајни дела во целокупната музичка историја во оригинал напишано за симфониски оркестар, хор и вокални солисти. Имери ќе ги изведе сите тие делници на само едно пијано, изведувајќи го премиерно аранжманот на титанот на пијаното – Франц Лист.

Овој подвиг е вистинска реткост на светската сцена, додека пак е прв од ваков тип во земјава. Аранжманот за пијано се смета за едно од најкомплексните дела кои можат да се отсвират на овој инструмент, а публиката ќе има можност да го слушне пијанистот Имери по неговите фантастични успеси во престижната концертна сала „Коларац“ во Белград каде настапи со нашата Филхармонија и маестро Габриел Бебешелеа, како и по неговата шеста соработка со Софиската филхармонија и маестро Љубомир Денев Помладиот, која резултираше со концерт во Софија.

Деветтата симфонија првпат е изведена на 7 мај 1824 година, а Бетовен ја пишувал интензивно меѓу 1822-1824. Неговите скици покажуваат дека тој напишал преку 200 теми базирани на текстот на Ф. Шилер „Ода на радоста“ во обид да ја најде вистинската – онаа која денес сите ја препознаваме. Неговата Деветта симфонија во себе содржи бројни иновации кои не се надминати до денешниот ден. Токму оваа Симфонија е прва која вклучува хор, вокални солисти и оркестар – нешто што не било чуено или помислено до тогаш.

Дино Имери, од критиката наречен „магионичар на пијаното“ ќе го изведе аранжманот на Лист, на кој тој работел повеќе од 15 години. По бројните неуспешни обиди, Лист најпрво ја обработува симфонијата за две пијана, а потоа успева да го направи аранжманот за едно пијано кој е во репертоарот на мал број од вистинската пијанистичка елита на уметници кои се сметаат за раритет во чии концерти уживаат сладокусците на нивната уметност.

 

The post Првпат во Македонија, Дино Имери ќе ја изведе Деветтата симфонија на едно пијано appeared first on Република.

]]>

Пијанистот Дино Имери вечерва во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија ќе ја изведе Деветтата симфонија оп. 125 од Лудвиг ван Бетовен – едно од најмонументалните и најзначајни дела во целокупната музичка историја во оригинал напишано за симфониски оркестар, хор и вокални солисти. Имери ќе ги изведе сите тие делници на само едно пијано, изведувајќи го премиерно аранжманот на титанот на пијаното – Франц Лист. Овој подвиг е вистинска реткост на светската сцена, додека пак е прв од ваков тип во земјава. Аранжманот за пијано се смета за едно од најкомплексните дела кои можат да се отсвират на овој инструмент, а публиката ќе има можност да го слушне пијанистот Имери по неговите фантастични успеси во престижната концертна сала „Коларац“ во Белград каде настапи со нашата Филхармонија и маестро Габриел Бебешелеа, како и по неговата шеста соработка со Софиската филхармонија и маестро Љубомир Денев Помладиот, која резултираше со концерт во Софија. Деветтата симфонија првпат е изведена на 7 мај 1824 година, а Бетовен ја пишувал интензивно меѓу 1822-1824. Неговите скици покажуваат дека тој напишал преку 200 теми базирани на текстот на Ф. Шилер „Ода на радоста“ во обид да ја најде вистинската – онаа која денес сите ја препознаваме. Неговата Деветта симфонија во себе содржи бројни иновации кои не се надминати до денешниот ден. Токму оваа Симфонија е прва која вклучува хор, вокални солисти и оркестар – нешто што не било чуено или помислено до тогаш. Дино Имери, од критиката наречен „магионичар на пијаното“ ќе го изведе аранжманот на Лист, на кој тој работел повеќе од 15 години. По бројните неуспешни обиди, Лист најпрво ја обработува симфонијата за две пијана, а потоа успева да го направи аранжманот за едно пијано кој е во репертоарот на мал број од вистинската пијанистичка елита на уметници кои се сметаат за раритет во чии концерти уживаат сладокусците на нивната уметност.  

The post Првпат во Македонија, Дино Имери ќе ја изведе Деветтата симфонија на едно пијано appeared first on Република.

]]>
Дино Имери со концерт со Софиската филхармонија ја освои публиката со симфонија бр.2 од Бернштајн https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dino-imeri-so-koncert-so-sofiskata-filharmonija-ja-osvoi-publikata-so-simfonija-br-2-od-bernshtajn/ Fri, 04 Nov 2022 10:58:56 +0000 https://republika.mk/?p=569513

Македонскиот музичар и композитор Дино Имери синоќа одржа концерт во Софиската филхармонија во сала „Бугарија“ во Софија, како дел од есенската сезона на Софиската филхармонија.

Освен учеството на Имери како солист која ја свиреше симфонијата бр.2 од Бернштајн, под диригентската палка на Љубомир Денев – син, исто така на сцената настапија и солистите перкусионисти Калина Владовска, Мартина Митева и Мирослав Димов.

Имери изјави дека ова е негов шести настап со Софиската филхармонија. Меѓу бројната публика, покрај познатите софиски музичари, уметници, гости на КИЦ на Македонија, беше и новоименуваната амбасадорка на Македонија во Бугарија, Агнеза Руси Поповска.

Во текот на вчерашниот ден, Имери го посети и КИЦ на Македонија во Софија.

 

The post Дино Имери со концерт со Софиската филхармонија ја освои публиката со симфонија бр.2 од Бернштајн appeared first on Република.

]]>

Македонскиот музичар и композитор Дино Имери синоќа одржа концерт во Софиската филхармонија во сала „Бугарија“ во Софија, како дел од есенската сезона на Софиската филхармонија. Освен учеството на Имери како солист која ја свиреше симфонијата бр.2 од Бернштајн, под диригентската палка на Љубомир Денев – син, исто така на сцената настапија и солистите перкусионисти Калина Владовска, Мартина Митева и Мирослав Димов. Имери изјави дека ова е негов шести настап со Софиската филхармонија. Меѓу бројната публика, покрај познатите софиски музичари, уметници, гости на КИЦ на Македонија, беше и новоименуваната амбасадорка на Македонија во Бугарија, Агнеза Руси Поповска. Во текот на вчерашниот ден, Имери го посети и КИЦ на Македонија во Софија.  

The post Дино Имери со концерт со Софиската филхармонија ја освои публиката со симфонија бр.2 од Бернштајн appeared first on Република.

]]>
Концерт на Дино Имери за Денот на Европа во Офицерскиот дом во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-dino-imeri-za-denot-na-evropa-vo-oficerskiot-dom-vo-bitola/ Mon, 09 May 2022 08:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=499802

Денот на Европа во Битола ќе биде одбележан со целовечерен концерт на маестро Дино Имери, што ќе се одржи во концертната сала на Палатата Офицерски дом.

Од Културен и информативен центар – Битола, домаќини и организатори на концертот, информираат дека по подолго време, тоа ќе биде прв пијано концерт на концертниот клавир „Bösendorfer“  и воедно промоција на концертната сала во Офицерскиот дом.

Концертот почнува во 20 часот, а на програмата се дела од Шопен, Лист, Џамбазов, Имери, Завков, и Ѓумар.

The post Концерт на Дино Имери за Денот на Европа во Офицерскиот дом во Битола appeared first on Република.

]]>

Денот на Европа во Битола ќе биде одбележан со целовечерен концерт на маестро Дино Имери, што ќе се одржи во концертната сала на Палатата Офицерски дом. Од Културен и информативен центар – Битола, домаќини и организатори на концертот, информираат дека по подолго време, тоа ќе биде прв пијано концерт на концертниот клавир „Bösendorfer“  и воедно промоција на концертната сала во Офицерскиот дом. Концертот почнува во 20 часот, а на програмата се дела од Шопен, Лист, Џамбазов, Имери, Завков, и Ѓумар.

The post Концерт на Дино Имери за Денот на Европа во Офицерскиот дом во Битола appeared first on Република.

]]>