динари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dinari/ За подобро да се разбереме Tue, 21 May 2024 07:08:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png динари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dinari/ 32 32 САД со остри критики за затворањето на филијалите на српската банка во северно Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sad-so-ostri-kritiki-za-zatvoraneto-na-filijalite-na-srpskata-banka-vo-severno-kosovo/ Tue, 21 May 2024 07:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=780313

Американскиот Стејт департмент изрази разочарување поради затворањето на шесте филијали на српската „Банка поштенска штедилница“ на северот на Косово од страна на косовската полиција, истакнувајќи дека „оваа акција не беше координирана со меѓународните партнери“ и дека придонесува за зголемување на тензиите во областа.

Портпарол на Стејт департментот, во изјава за Гласот на Америка што ја пренесуваат медиумите во Приштина, оцени дека вчерашната акција на косовската полиција „ја поткопува перцепцијата дека Косово дејствува со добра волја за решавање на споровите Србија преку дијалогот кој го олеснува Европската унија“.

Портпаролот истакна дека „владата на САД постојано бара координација меѓу нашите влади“ за да се поддржи напредокот на Косово на неговиот евроатлантски пат, вклучително и неодамна „од заменичката државен секретар Елизабет Ален на нејзиниот состанок со премиерот (Албин) Курти на 19 мај“.

Стејт департментот ја повтори загриженоста на САД во врска со мерките на Централната банка на Косово за ограничување на употребата на српскиот динар.

Ја повикуваме косовската Влада да се врати на конструктивните заложби во дијалогот посредуван од ЕУ како вистински пат за решавање на прашањата поврзани со нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија и да одговори на основните потреби на сите свои граѓани – вклучувајќи ги и потребите на српското малцинство – кои се негативно погодени од неодамнешните промени во регулативата за валутата, изјави портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка.

„Банка поштенска штедилница“ е институцијата која ги распределуваше плаќањата од Белград за граѓаните од српска националност во Косово.

Косовската полиција изјави дека операцијата за затворање на филијалите на таа банка е изведена во соработка со Централната банка на Косово и Косовската даночна администрација, и дека целта била „воспоставување на ред и законитост“, нарекувајќи ја српската банка на северот од земјата нелегална.

Полицијата соопшти дека се конфискувани „околу милион и 600 илјади евра, 74 милиони и 700 илјади динари, 19 илјади и 500 франци, 13 илјади и 800 американски долари, 40 австралиски долари, како и документација и други докази“.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечаља на социјалните мрежи напиша дека „владеењето на законот и редот, служењето на сите граѓани без никаква разлика и понатаму ќе биде наша цел за која континуирано се обврзуваме“.

Шефот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ ја опиша акцијата како „уште еден насилен чин на укинување на српските институции на север и прогон на српскиот народ“.

Тој рече дека „Албин Курти сака војна и страдање за српскиот народ, бидејќи сè што прави во последните месеци, го прави исклучиво за протерување на Србите од територијата на Косово“.

Акцијата спроведена во понеделникот се случи речиси четири месеци по стапувањето во сила на регулативата на Централната банка на Косово според која еврото е единствената валута што може да се користи за готовински плаќања во Косово.

Косово и Србија се договорија да разговараат во Брисел со посредство на Европската унија за изнаоѓање решение за прашањето за исплатите, но без исход и по седум средби.

Дипломатите постојано ја повикуваа владата на Косово да ја повлече регулативата на Централната банка и да им даде време на погодените граѓани да се приспособат на новонастанатата ситуација. Ова прашање стана тема на несогласување меѓу владата во Приштина и западната дипломатија и негативно се одрази на квалитетот на партнерството со САД.

The post САД со остри критики за затворањето на филијалите на српската банка во северно Косово appeared first on Република.

]]>

Американскиот Стејт департмент изрази разочарување поради затворањето на шесте филијали на српската „Банка поштенска штедилница“ на северот на Косово од страна на косовската полиција, истакнувајќи дека „оваа акција не беше координирана со меѓународните партнери“ и дека придонесува за зголемување на тензиите во областа. Портпарол на Стејт департментот, во изјава за Гласот на Америка што ја пренесуваат медиумите во Приштина, оцени дека вчерашната акција на косовската полиција „ја поткопува перцепцијата дека Косово дејствува со добра волја за решавање на споровите Србија преку дијалогот кој го олеснува Европската унија“. Портпаролот истакна дека „владата на САД постојано бара координација меѓу нашите влади“ за да се поддржи напредокот на Косово на неговиот евроатлантски пат, вклучително и неодамна „од заменичката државен секретар Елизабет Ален на нејзиниот состанок со премиерот (Албин) Курти на 19 мај“. Стејт департментот ја повтори загриженоста на САД во врска со мерките на Централната банка на Косово за ограничување на употребата на српскиот динар.
Ја повикуваме косовската Влада да се врати на конструктивните заложби во дијалогот посредуван од ЕУ како вистински пат за решавање на прашањата поврзани со нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија и да одговори на основните потреби на сите свои граѓани – вклучувајќи ги и потребите на српското малцинство – кои се негативно погодени од неодамнешните промени во регулативата за валутата, изјави портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка.
„Банка поштенска штедилница“ е институцијата која ги распределуваше плаќањата од Белград за граѓаните од српска националност во Косово. Косовската полиција изјави дека операцијата за затворање на филијалите на таа банка е изведена во соработка со Централната банка на Косово и Косовската даночна администрација, и дека целта била „воспоставување на ред и законитост“, нарекувајќи ја српската банка на северот од земјата нелегална. Полицијата соопшти дека се конфискувани „околу милион и 600 илјади евра, 74 милиони и 700 илјади динари, 19 илјади и 500 франци, 13 илјади и 800 американски долари, 40 австралиски долари, како и документација и други докази“. Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечаља на социјалните мрежи напиша дека „владеењето на законот и редот, служењето на сите граѓани без никаква разлика и понатаму ќе биде наша цел за која континуирано се обврзуваме“. Шефот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ ја опиша акцијата како „уште еден насилен чин на укинување на српските институции на север и прогон на српскиот народ“. Тој рече дека „Албин Курти сака војна и страдање за српскиот народ, бидејќи сè што прави во последните месеци, го прави исклучиво за протерување на Србите од територијата на Косово“. Акцијата спроведена во понеделникот се случи речиси четири месеци по стапувањето во сила на регулативата на Централната банка на Косово според која еврото е единствената валута што може да се користи за готовински плаќања во Косово. Косово и Србија се договорија да разговараат во Брисел со посредство на Европската унија за изнаоѓање решение за прашањето за исплатите, но без исход и по седум средби. Дипломатите постојано ја повикуваа владата на Косово да ја повлече регулативата на Централната банка и да им даде време на погодените граѓани да се приспособат на новонастанатата ситуација. Ова прашање стана тема на несогласување меѓу владата во Приштина и западната дипломатија и негативно се одрази на квалитетот на партнерството со САД.

The post САД со остри критики за затворањето на филијалите на српската банка во северно Косово appeared first on Република.

]]>
Уапсени српски динари на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapseni-srpski-dinari-na-kosovo/ Tue, 21 May 2024 06:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=780306

Косовската полиција соопшти дека во вчерашната акција на северот на земјата, каде што беа затворени шест единици на финансиската институција „Банка поштенска штедилница“, се запленети „околу 1.600.000 евра, околу 74.700.000 динари, околу 19.500 франци, околу 13.800 американски долари, околу 40 австралиски долари“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во врска со случајот, министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља објави дека вчерашната акција била спроведена во „нелегална финансиска институција на Србија во Република Косово“.

„Со цел воведување законитост, по комуникацијата и на барање на надлежните институции и со овластување од обвинител, косовската полиција во соработка со Даночната управа на Косово, во четирите општини на северот на Косово, денеска ја спроведе операцијата на контрола и затворање на шест единици на таканаречената Банка Поштенска штедилница... Владеењето на редот и законот, служењето на сите граѓани без никаква разлика и понатаму ќе биде наша цел за која континуирано се обврзуваме“, напиша синоќа Свечља на својата Фејсбук страница.

Во синоќешното соопштение на косовската полиција се наведува дека во шесте филијали на Поштенска штедилница, во Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, покрај споменатата сума пари, запленета е и „релевантна документација и докази поврзани со случајот“.

„Затворени се шест подружници на таканаречената ‘Поштенска штедилница’ на северот од државата, а во нивните објекти се поставени официјални знаци за нивно затворање, додека сите понатамошни полициски акции ќе се спроведуваат во соработка и координација со органите на правдата“, соопшти полицијата

The post Уапсени српски динари на Косово appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција соопшти дека во вчерашната акција на северот на земјата, каде што беа затворени шест единици на финансиската институција „Банка поштенска штедилница“, се запленети „околу 1.600.000 евра, околу 74.700.000 динари, околу 19.500 франци, околу 13.800 американски долари, околу 40 австралиски долари“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во врска со случајот, министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља објави дека вчерашната акција била спроведена во „нелегална финансиска институција на Србија во Република Косово“.
„Со цел воведување законитост, по комуникацијата и на барање на надлежните институции и со овластување од обвинител, косовската полиција во соработка со Даночната управа на Косово, во четирите општини на северот на Косово, денеска ја спроведе операцијата на контрола и затворање на шест единици на таканаречената Банка Поштенска штедилница... Владеењето на редот и законот, служењето на сите граѓани без никаква разлика и понатаму ќе биде наша цел за која континуирано се обврзуваме“, напиша синоќа Свечља на својата Фејсбук страница.
Во синоќешното соопштение на косовската полиција се наведува дека во шесте филијали на Поштенска штедилница, во Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, покрај споменатата сума пари, запленета е и „релевантна документација и докази поврзани со случајот“. „Затворени се шест подружници на таканаречената ‘Поштенска штедилница’ на северот од државата, а во нивните објекти се поставени официјални знаци за нивно затворање, додека сите понатамошни полициски акции ќе се спроведуваат во соработка и координација со органите на правдата“, соопшти полицијата

The post Уапсени српски динари на Косово appeared first on Република.

]]>
Полициски упад во сите филијали на „Банка Поштенска штедилница“ на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/politsiski-upad-vo-site-filijali-na-banka-poshtenska-shtedilnitsa-na-kosovo/ Mon, 20 May 2024 15:54:40 +0000 https://republika.mk/?p=780224

Косовската полиција денеска влегла во филијали на „Банка Поштенска штедилница“ во Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин поток, јави порталот „Косово онлајн“.

Координираната акција на косовската полиција и упадите во филијалите почнаа околу 15 часот во сите четири општини во северно Косово.

Курти не запира, без оглед што одлуката за забрана на динарите ќе доведе до дополнителни иселувања. Специјалците се пред Трезорот во Косовска Митровица, објави политичарот Марко Јакшиќ на Икс.

Централната банка на Косово на крајот од минатата година донесе Уредба со низа правила кои, меѓу другото, се однесуваат на регулирање на валутни прашања во Косово и предвидуваат дека единствената дозволена валута во Косово е еврото.

Уредбата требаше да стапи на сила на 1 февруари, но предизвика критики од Белград со тврдењата дека Приштина сака да го укине динарот и платежните трансакции со Србија.

Уредбата беше критикувана и од меѓународни претставници.

The post Полициски упад во сите филијали на „Банка Поштенска штедилница“ на Косово appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција денеска влегла во филијали на „Банка Поштенска штедилница“ во Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин поток, јави порталот „Косово онлајн“. Координираната акција на косовската полиција и упадите во филијалите почнаа околу 15 часот во сите четири општини во северно Косово. Курти не запира, без оглед што одлуката за забрана на динарите ќе доведе до дополнителни иселувања. Специјалците се пред Трезорот во Косовска Митровица, објави политичарот Марко Јакшиќ на Икс. Централната банка на Косово на крајот од минатата година донесе Уредба со низа правила кои, меѓу другото, се однесуваат на регулирање на валутни прашања во Косово и предвидуваат дека единствената дозволена валута во Косово е еврото. Уредбата требаше да стапи на сила на 1 февруари, но предизвика критики од Белград со тврдењата дека Приштина сака да го укине динарот и платежните трансакции со Србија. Уредбата беше критикувана и од меѓународни претставници.

The post Полициски упад во сите филијали на „Банка Поштенска штедилница“ на Косово appeared first on Република.

]]>
Косово забрани плаќање со динари, од денеска дозволена само една валута https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovo-zabrani-plakane-so-dinari-od-deneska-dozvolena-samo-edna-valuta/ Mon, 13 May 2024 21:16:01 +0000 https://republika.mk/?p=777557

Сите готовински трансакции на целата територија во Косово ќе мора да се вршат во евра, откако завчера заврши преодниот рок на Централната банка на Косово (ЦБК) во однос на користењето на динарите.

Косовскиот вицепремиер Бесник Бислими уште пред неколку месеци најави ќе почне примената на регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК) за готовинските плаќања, но дека нема да има казнени мерки, туку ќе има информирање на граѓаните за мерките.

Еврото беше и ќе биде единствената официјална валута, посочи Бислими, изразувајќи ја својата поддршка за регулирањето на ЦБК.

Според него, новата регулатива на ЦБК има за цел да ги заштити финансискиот интегритет, потрошувачите и платниот систем.

Српскиот динар со оваа одлука не е исфрлен од употреба, бидејќи не е официјална валута во Косово од 1999 година, посочи Беслими.

Тој додаде дека Владата побарала од раководството на ЦБК да воспостави линија за комуникација со Банката на Србија за да се изнајдат соодветни механизми за средствата кои доаѓаат од Србија.

The post Косово забрани плаќање со динари, од денеска дозволена само една валута appeared first on Република.

]]>

Сите готовински трансакции на целата територија во Косово ќе мора да се вршат во евра, откако завчера заврши преодниот рок на Централната банка на Косово (ЦБК) во однос на користењето на динарите. Косовскиот вицепремиер Бесник Бислими уште пред неколку месеци најави ќе почне примената на регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК) за готовинските плаќања, но дека нема да има казнени мерки, туку ќе има информирање на граѓаните за мерките. Еврото беше и ќе биде единствената официјална валута, посочи Бислими, изразувајќи ја својата поддршка за регулирањето на ЦБК. Според него, новата регулатива на ЦБК има за цел да ги заштити финансискиот интегритет, потрошувачите и платниот систем. Српскиот динар со оваа одлука не е исфрлен од употреба, бидејќи не е официјална валута во Косово од 1999 година, посочи Беслими. Тој додаде дека Владата побарала од раководството на ЦБК да воспостави линија за комуникација со Банката на Србија за да се изнајдат соодветни механизми за средствата кои доаѓаат од Србија.

The post Косово забрани плаќање со динари, од денеска дозволена само една валута appeared first on Република.

]]>
Во Косово од денеска само евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-kosovo-od-deneska-samo-evra/ Mon, 13 May 2024 06:04:10 +0000 https://republika.mk/?p=777415

Вчера измина преодниот период на Централната банка на Косово (ЦБК) во однос на користењето на динарите, што значи дека од денеска сите готовински трансакции каде било во Косово ќе мора да се вршат во евра, јавија српските медиуми.

Во Приштина сметаат дека граѓаните имале доволно време да се информираат за Уредбата на ЦБК за забрана за користење на динари во готовински трансакции, а од денеска ќе се преземаат мерки против сите оние кои користат валути различни од евра за готовински трансакции во Косово, пренесе РТК.

Во периодот од 1 февруари, кога стапи на сила Уредбата на ЦКБ, досега не се изречени казнени мерки, а граѓаните се информирани за примената на новите правила за готовинско плаќање. ЦБК соопшти дека после 12 мај – сите трансакции ќе се извршуваат во евра.

Во меѓувреме, комерцијалните банки кои работат во Косово добија инструкции да отворат нови филијали на северот.

Во Брисел ќе се одржи седмата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, на која, како што најави директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, главна тема повторно ќе биде „едностраната и незаконска одлука на Приштина да се укине динарот и платниот промет во динари во Косово и Метохија“.

The post Во Косово од денеска само евра appeared first on Република.

]]>

Вчера измина преодниот период на Централната банка на Косово (ЦБК) во однос на користењето на динарите, што значи дека од денеска сите готовински трансакции каде било во Косово ќе мора да се вршат во евра, јавија српските медиуми. Во Приштина сметаат дека граѓаните имале доволно време да се информираат за Уредбата на ЦБК за забрана за користење на динари во готовински трансакции, а од денеска ќе се преземаат мерки против сите оние кои користат валути различни од евра за готовински трансакции во Косово, пренесе РТК. Во периодот од 1 февруари, кога стапи на сила Уредбата на ЦКБ, досега не се изречени казнени мерки, а граѓаните се информирани за примената на новите правила за готовинско плаќање. ЦБК соопшти дека после 12 мај – сите трансакции ќе се извршуваат во евра. Во меѓувреме, комерцијалните банки кои работат во Косово добија инструкции да отворат нови филијали на северот. Во Брисел ќе се одржи седмата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, на која, како што најави директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, главна тема повторно ќе биде „едностраната и незаконска одлука на Приштина да се укине динарот и платниот промет во динари во Косово и Метохија“.

The post Во Косово од денеска само евра appeared first on Република.

]]>
Курти категоричен: Одлуката за забрана на динарот нема да се укине https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-kategorichen-odlukata-za-zabrana-na-dinarot-nema-da-se-ukine/ Mon, 12 Feb 2024 15:44:07 +0000 https://republika.mk/?p=743194

Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека неговата влада нема да се меша во одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) за забрана на динарот, но дека одлуката нема да биде поништена.

Курти за британскиот медиум „Блумберг“ изјави дека се залага за новата регулатива на Централната банка на Косово за постапување со готовина, пренесува Бета.

Тој додаде дека Србите ќе имаат време да се прилагодат на новата одлука.

Не можам да ја поништам оваа одлука. Нема да имаме какви било казнени мерки, не сакаме никого да казниме, рече тој.

Зборувајќи за Бриселскиот договор и Охридскиот анекс, Курти рече дека е потребен договор со Србија што е можно поскоро и дека сегашните тензии немаше да постојат доколку има де факто и де јуре признавање од Србија.

Гувернерот на Централната банка на Косово, Ахмет Исмаили, во програмата на Слободно Српски рече дека Регулативата на ЦБК за готовинско работење, од 27 декември 2023 година, која предизвика загриженост кај косовските граѓани кои примаат приходи во динари, е донесена за да се обезбеди интегритет и подобрување на финансискиот систем на Косово.

Уредбата првично се однесуваше на прашањето за интегритетот на финансискиот систем на земјата, регулираше дека увозот и извозот на пари, готовина во Косово, се врши само преку Централната банка, бидејќи, во согласност со законот, таа е единствената што е овластена да ја снабдува економијата, или ако го вршат други финансиски институции, да побараат дозвола од Централната банка, така што, на овој начин ќе знаеме колку пари доаѓаат и од која локална или меѓународна банка, а и колку пари излегуваат, појасни Исмаили.

Регулативата на ЦБК директно не забранува ниту една валута, додаде тој, дури ни динарот, кој има ист статус како и другите валути што не се евро.

Ако го забранивме динарот, ќе требаше да ги забраниме и фунтата, франкот и доларот. Всушност, тие не се забранети, само беше дефинирано дека само една валута, еврото, служи како платежно средство, како платен инструмент. Дозволено е да се држат сите други валути, вклучително и динарот. Затоа, секој Србин од Косово не прави никакво прекршување на законот кога има динари во џебот, тоа е негов избор, тој има право да оди и да ги конвертира во лиценцирана институција, било од евра во динари, дали динари во евра, има право да има штедна книшка во банка, доколку банката му понуди во динари, рече тој и потврди дека Регулативата не забранува примање средства од Србија во ниту еден член.

The post Курти категоричен: Одлуката за забрана на динарот нема да се укине appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека неговата влада нема да се меша во одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) за забрана на динарот, но дека одлуката нема да биде поништена. Курти за британскиот медиум „Блумберг“ изјави дека се залага за новата регулатива на Централната банка на Косово за постапување со готовина, пренесува Бета. Тој додаде дека Србите ќе имаат време да се прилагодат на новата одлука. Не можам да ја поништам оваа одлука. Нема да имаме какви било казнени мерки, не сакаме никого да казниме, рече тој. Зборувајќи за Бриселскиот договор и Охридскиот анекс, Курти рече дека е потребен договор со Србија што е можно поскоро и дека сегашните тензии немаше да постојат доколку има де факто и де јуре признавање од Србија. Гувернерот на Централната банка на Косово, Ахмет Исмаили, во програмата на Слободно Српски рече дека Регулативата на ЦБК за готовинско работење, од 27 декември 2023 година, која предизвика загриженост кај косовските граѓани кои примаат приходи во динари, е донесена за да се обезбеди интегритет и подобрување на финансискиот систем на Косово. Уредбата првично се однесуваше на прашањето за интегритетот на финансискиот систем на земјата, регулираше дека увозот и извозот на пари, готовина во Косово, се врши само преку Централната банка, бидејќи, во согласност со законот, таа е единствената што е овластена да ја снабдува економијата, или ако го вршат други финансиски институции, да побараат дозвола од Централната банка, така што, на овој начин ќе знаеме колку пари доаѓаат и од која локална или меѓународна банка, а и колку пари излегуваат, појасни Исмаили. Регулативата на ЦБК директно не забранува ниту една валута, додаде тој, дури ни динарот, кој има ист статус како и другите валути што не се евро. Ако го забранивме динарот, ќе требаше да ги забраниме и фунтата, франкот и доларот. Всушност, тие не се забранети, само беше дефинирано дека само една валута, еврото, служи како платежно средство, како платен инструмент. Дозволено е да се држат сите други валути, вклучително и динарот. Затоа, секој Србин од Косово не прави никакво прекршување на законот кога има динари во џебот, тоа е негов избор, тој има право да оди и да ги конвертира во лиценцирана институција, било од евра во динари, дали динари во евра, има право да има штедна книшка во банка, доколку банката му понуди во динари, рече тој и потврди дека Регулативата не забранува примање средства од Србија во ниту еден член.

The post Курти категоричен: Одлуката за забрана на динарот нема да се укине appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Србија е посветена на својот пат кон ЕУ, но сакаме јасни сигнали https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-srbija-e-posvetena-na-svojot-pat-kon-eu-no-sakame-jasni-signali/ Mon, 12 Feb 2024 12:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=743217

По средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис,српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека посочил оти Србија е цврсто решена да го забрза европскиот пат кон ЕУ, но дека очекува јасни сигнали за поддршка од Европа на тој пат.

Недвосмислено му кажав на Мицотакис дека Србија е цврсто решена да продолжи и да го забрза својот европски пат, дека сме ѝ благодарни на Грција за таа поддршка и дека тоа не е само формална реченица што политичарите ја изговараат, туку дека е од суштинско значење за нашата земја, рече Вучиќ и додаде:

Но, исто така реков дека разбирам оти во Европа не се секогаш задоволни од сите наши потези, но и дека во Европа мора да разберат оти и ние очекуваме јасни сигнали да ја поддржиме Србија на нејзиниот пат.

The post Вучиќ: Србија е посветена на својот пат кон ЕУ, но сакаме јасни сигнали appeared first on Република.

]]>

По средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис,српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека посочил оти Србија е цврсто решена да го забрза европскиот пат кон ЕУ, но дека очекува јасни сигнали за поддршка од Европа на тој пат. Недвосмислено му кажав на Мицотакис дека Србија е цврсто решена да продолжи и да го забрза својот европски пат, дека сме ѝ благодарни на Грција за таа поддршка и дека тоа не е само формална реченица што политичарите ја изговараат, туку дека е од суштинско значење за нашата земја, рече Вучиќ и додаде: Но, исто така реков дека разбирам оти во Европа не се секогаш задоволни од сите наши потези, но и дека во Европа мора да разберат оти и ние очекуваме јасни сигнали да ја поддржиме Србија на нејзиниот пат.

The post Вучиќ: Србија е посветена на својот пат кон ЕУ, но сакаме јасни сигнали appeared first on Република.

]]>