Дина ДУма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dina-duma/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Apr 2024 08:58:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дина ДУма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dina-duma/ 32 32 Дина Дума на локации во Скопје денеска почна со снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во продукција на „Сестри и брат Митевски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dina-duma-na-lokatsii-vo-skopje-deneska-pochna-so-snimaneto-na-dolgometrazhniot-film-skejtaneto-ne-e-za-devojchina-vo-produktsija-na-sestri-i-brat-mitevski/ Tue, 02 Apr 2024 08:32:51 +0000 https://republika.mk/?p=761179

Македонската режисерка Дина Дума денеска почнува со снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња” во продукција на „Сестри и брат Митевски“, соопштија од продуцентската куќа.

Овој проект е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска од каде доаѓа креативна и техничка екипа.

Приказната е сместена во енергична ромска заедница во Шуто Оризари. Ова е филм кој следи три генерации жени – додека тие се движат низ судирот меѓу традицијата и предизвиците од модерното време. Низ светогледот на 12-годишната Адела, филмот отвора свет во кој три генерации жени се осмелуваат да ги препишат сопствените судбини и да ги оспорат границите на општеството обликувано од традицијата.

Локациите на снимање се на територијата на Скопје. Главните улоги ги толкуваат натуршчици и актери од ромската популација, Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула.

Сценариото е на Дина Дума, косценаристи Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија Фредерик Ноиром, сценограф Вук Митевски, костимограф Матеја Фајт, шминка Мојца Горогранц-Петрушевска, кастинг директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Лабина Митевска, копродуценти Себастијан Делој, Данијел Хочевар и Вања Сремац.

Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија, Хрватска и од Еуроимаж.

„Скејтањето не е за девојчиња” е втор долгометражен филм на Дума. Дебитанстскиот „Сестри“ имаше светска премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари каде освои Специјална награда на жирито во програмата Источно од Западот, а беше и македонски кандидат за Оскар, но не влезе во прелиминарниот избор на Американската филмска академија.

„Сестри“ е и првиот македонски филм достапен на најголемата светска стриминг платформа „Нетфликс“.

 

 

The post Дина Дума на локации во Скопје денеска почна со снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во продукција на „Сестри и брат Митевски“ appeared first on Република.

]]>

Македонската режисерка Дина Дума денеска почнува со снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња” во продукција на „Сестри и брат Митевски“, соопштија од продуцентската куќа. Овој проект е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска од каде доаѓа креативна и техничка екипа. Приказната е сместена во енергична ромска заедница во Шуто Оризари. Ова е филм кој следи три генерации жени – додека тие се движат низ судирот меѓу традицијата и предизвиците од модерното време. Низ светогледот на 12-годишната Адела, филмот отвора свет во кој три генерации жени се осмелуваат да ги препишат сопствените судбини и да ги оспорат границите на општеството обликувано од традицијата. Локациите на снимање се на територијата на Скопје. Главните улоги ги толкуваат натуршчици и актери од ромската популација, Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. Сценариото е на Дина Дума, косценаристи Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија Фредерик Ноиром, сценограф Вук Митевски, костимограф Матеја Фајт, шминка Мојца Горогранц-Петрушевска, кастинг директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Лабина Митевска, копродуценти Себастијан Делој, Данијел Хочевар и Вања Сремац. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија, Хрватска и од Еуроимаж. „Скејтањето не е за девојчиња” е втор долгометражен филм на Дума. Дебитанстскиот „Сестри“ имаше светска премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари каде освои Специјална награда на жирито во програмата Источно од Западот, а беше и македонски кандидат за Оскар, но не влезе во прелиминарниот избор на Американската филмска академија. „Сестри“ е и првиот македонски филм достапен на најголемата светска стриминг платформа „Нетфликс“.    

The post Дина Дума на локации во Скопје денеска почна со снимањето на долгометражниот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во продукција на „Сестри и брат Митевски“ appeared first on Република.

]]>
„Еуримаж“ го поддржа филмот на Дина Дума „Скејтбордингот не е за девојчиња“ со 350.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/eurimazh-go-poddrzha-filmot-na-dina-duma-skejtbordingot-ne-e-za-devojchina-so-350-000-evra/ Mon, 27 Nov 2023 08:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=716556

Паневропскиот филмски фонд „Еуримаж“ на 170-та сесија, која штотуку заврши и е последна оваа година, го поддржа филмскиот проект на режисерката Дина Дума „Скејтбордингот не е за девојчиња“ со износ од 350.000 евра.

Оваа година македонската кинематографија финансиски е поддржана и на последната 170-та сесија. Третиот македонски проект кој годинава доби средства е „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума. Ова е копродукција меѓу македонскиот продуцент „Сестри и брат Митевски“, „Ентре Чиен Луп Сцрл“ од Белгија и „Вертиго / Терминал 3“ од Словенија, изјави Тања Ќурчинска Пепељугоска, нашиот национален претставник во Еуримаж.

Таа додаде и дека бројот на пријавени копродукциски проекти во секоја сесија сѐ повеќе се зголемува, па така и оваа сесија повторно ќе се памети со 111 пријавени проекти од кои 99 беа оценувани.

Во ваква конкуренција проектот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ беше оценет одлично и рангиран е на високо 3-то место на ранг листата во својата група. Коментарите за проектот беа позитивни и оптимистички: „...млада и талентирана режисерка која треба да се поддржи; сценариото е интересно, внесува модерни елементи во една конзервативна заедница на Ромите на Балканот; сериозен продуцентски тим...рече Ќурчинска Пепељугоска.

Во ноемвриската сесија од вкупно оценувани 99 проекти, само 29 добија финансиска поддршка од Еуримаж и до толку е позначајно што меѓу нив повторно е еден македонски проект.

Македонија е членка на Еуримаж од 2003 година и ова е јубилејна 20 годишнина од нашето членство во овој пан-европски фонд. Јубилејната година ја завршуваме со вкупно 775.000 евра доделени на „ДиЏеј Ахмет“ на Георги Унковски на 168-та сесија, „Човек против јато“ на Тамара Котевска на 169-та сесија и „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума на 170-та сесија.

Очекувам дека за 2-2,5 години ќе имаме можност да ги видиме овие филмови на големото платно особено поради фактот што странските копродуцентски партнери се обезбедени, а со тоа и финансирањето од нивните националните фондови. Се надевам дека и нашата Агенција за филм ќе стори напор да не се повтори оваа година во која првите 10 месеци немавме ниту еден снимачки ден и дека нашата продукција ќе биде многу поинтензивна следната година“ – додаде Пепељугоска.

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуримаж од своето основање во 1989 година до денес поддржал 2.438 копродукциски проекти со вкупен буџет од околу 710 милиони евра.

The post „Еуримаж“ го поддржа филмот на Дина Дума „Скејтбордингот не е за девојчиња“ со 350.000 евра appeared first on Република.

]]>

Паневропскиот филмски фонд „Еуримаж“ на 170-та сесија, која штотуку заврши и е последна оваа година, го поддржа филмскиот проект на режисерката Дина Дума „Скејтбордингот не е за девојчиња“ со износ од 350.000 евра.
Оваа година македонската кинематографија финансиски е поддржана и на последната 170-та сесија. Третиот македонски проект кој годинава доби средства е „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума. Ова е копродукција меѓу македонскиот продуцент „Сестри и брат Митевски“, „Ентре Чиен Луп Сцрл“ од Белгија и „Вертиго / Терминал 3“ од Словенија, изјави Тања Ќурчинска Пепељугоска, нашиот национален претставник во Еуримаж.
Таа додаде и дека бројот на пријавени копродукциски проекти во секоја сесија сѐ повеќе се зголемува, па така и оваа сесија повторно ќе се памети со 111 пријавени проекти од кои 99 беа оценувани.
Во ваква конкуренција проектот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ беше оценет одлично и рангиран е на високо 3-то место на ранг листата во својата група. Коментарите за проектот беа позитивни и оптимистички: „...млада и талентирана режисерка која треба да се поддржи; сценариото е интересно, внесува модерни елементи во една конзервативна заедница на Ромите на Балканот; сериозен продуцентски тим...рече Ќурчинска Пепељугоска.
Во ноемвриската сесија од вкупно оценувани 99 проекти, само 29 добија финансиска поддршка од Еуримаж и до толку е позначајно што меѓу нив повторно е еден македонски проект. Македонија е членка на Еуримаж од 2003 година и ова е јубилејна 20 годишнина од нашето членство во овој пан-европски фонд. Јубилејната година ја завршуваме со вкупно 775.000 евра доделени на „ДиЏеј Ахмет“ на Георги Унковски на 168-та сесија, „Човек против јато“ на Тамара Котевска на 169-та сесија и „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума на 170-та сесија.
Очекувам дека за 2-2,5 години ќе имаме можност да ги видиме овие филмови на големото платно особено поради фактот што странските копродуцентски партнери се обезбедени, а со тоа и финансирањето од нивните националните фондови. Се надевам дека и нашата Агенција за филм ќе стори напор да не се повтори оваа година во која првите 10 месеци немавме ниту еден снимачки ден и дека нашата продукција ќе биде многу поинтензивна следната година“ – додаде Пепељугоска.
Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуримаж од своето основање во 1989 година до денес поддржал 2.438 копродукциски проекти со вкупен буџет од околу 710 милиони евра.

The post „Еуримаж“ го поддржа филмот на Дина Дума „Скејтбордингот не е за девојчиња“ со 350.000 евра appeared first on Република.

]]>
Режисерката Дина Дума на „Џифони Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rezhiserkata-dina-duma-na-dhifoni-makedonija/ Tue, 10 Oct 2023 09:20:07 +0000 https://republika.mk/?p=689795

Единаесеттото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ ќе биде затворено вечерва во 19.30 часот во киното „Милениум“ во Скопје. Традиционално, учесниците на фестивалот низ танц, музика, филм, анимации, стрип, фотографии ќе споделат со публиката што научиле во изминатите пет на фестивалот, за време на сите работилници, разговори, дискусии. Ќе бидат прогласени и победничките филмови во сите категории

На последниот фестивалски ден, кадетите ќе го проследат босанскиот филм „Екскурзија“ во режија на Уна Гуњак. Кај сениорите, односно средношколците од трета и четврта година, денеска ќе биде прикажан македонскиот филм „Сестри“ на режисерката Дина Дума. Веднаш по проекцијата, Дума ќе биде гостинка кај џифонци. По проекциите и на последните филмови, средношколците ќе гласаат за најдобар игран филм на фестивалот, а ќе го проследат и последниот блок кратки и анимирани филмови за кои исто така ќе гласаат.

На вчерашниот ден кадетите имаа можност да го запознаат режисерот Олег Асадулин од Русија, со кого разговараа за филмот „Таму и назад“, додека пак актерката Миона Илов Милов разговараше со кадетите по проекцијата на српскиот филм „Мрак“.

На втората панелна дискусија од проектот ЕПИК се разговараше за иновативни едукативни модели кои преку аудивизуелни содржини им пренесуваат вредности на младите. Меѓу другите своето искуство на темата го раскажаа претставници на неколку организации – Finish school од Косово, ARS kino од Софија, а претставници на Филмскиот Фестивал Џифони од Италија ги илустрираа проектите Sedici Modi di dire ciao и School experience.
Тие ги споделија своите искуства за тоа како работат со младите и кои им се иновативни едукативни модели преку кои најдобро допираат до децата.

-Ние доаѓаме овде веќе седум години и ова ни е најдобро искуство. Нашата организација се занимава со промоција на филмот меѓу младите и на места каде што нема многу услови за киноприкажување. Се обидуваме да го доближиме филмот до што повеќе деца. Тоа е провокативно за нив и многу се среќни – вели Стефани Величкова од ARS kino од Софија.
Енес Лекичи, професор по историја и глобални процеси во приватното Finish school во Приштина, посочи дека нивна мисија не е само да ги учат децата за филмската уметност, туку да влијаат и да помогнат како да се создадат добри луѓе и граѓани на светот. Тие имаат околу 200 ученици.
„Џифони“ не е само филмски фестивал, тоа е веќе традиција, што нуди голем број настани, средби, многу можности за нови искуства буквално за сите – од 2 до 99 години - рече Марио Чезаро од „Џифони Експириенс“.

-Често нè прашуваат што правиме за децата, но ние не работиме само со деца, во основа имаме програма за сите возрасти. Покрај фестивалот што се одржува во јули, специјалните проекти на „Џифони Експириенс“ се одвиваат во текот на целата година во соработка со училиштата, а некои од нив се особено посветени на младите од краиштата во Италија каде нема богата понуда на културни активности. Одзивот е извонреден, а како резултат на долгогодишните заложби на основачот на „Џифони“ за вклучување на аудиовизуелните медиуми во редовната настава, Министерството за култура на Италија веќе четврта година по ред издвојува значајни средства од буџетот за спроведување на овие активности во образовниот систем – посочи Чезаро.

Џифонци покажаа посебен интерес за разговорот со младата режисерка Леона Јариќ, по проекцијата на нејзиниот документарен филм „Животот на една даска“, што е снимен во Нови Сад, како резултат на работилница за документарен филм. Тоа е прв документарец за Јариќ, која досега има снимано кратки играни филмови. Таа сподели дека иако нема образование за филмска режија, правењето филмови ја прави најсреќна. Јариќ ги покани џифонци да ги следат повиците за новите кратки филмови што планира да ги снима и дека секогаш се добредојдени да ѝ се придружат во создавањето на филмовите.

За крај на претпоследаниот ден на фестивалот, публиката ја проследи докудрамата
„Учениците од Умберто Примо“, грчко-италијанска копродукција во режија на Алесандра Мајолети. Филмот зборува за нераскажаните приказни на девет еврејски ученици што учеле во италијанското училиште „Умберто Примо“ во Солун за време на нацистичката окупација и е базиран на архивски материјал откриен во 2003 година од италијански професор и сведочења на преживеаните протагонисти.

 

The post Режисерката Дина Дума на „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Единаесеттото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ ќе биде затворено вечерва во 19.30 часот во киното „Милениум“ во Скопје. Традиционално, учесниците на фестивалот низ танц, музика, филм, анимации, стрип, фотографии ќе споделат со публиката што научиле во изминатите пет на фестивалот, за време на сите работилници, разговори, дискусии. Ќе бидат прогласени и победничките филмови во сите категории На последниот фестивалски ден, кадетите ќе го проследат босанскиот филм „Екскурзија“ во режија на Уна Гуњак. Кај сениорите, односно средношколците од трета и четврта година, денеска ќе биде прикажан македонскиот филм „Сестри“ на режисерката Дина Дума. Веднаш по проекцијата, Дума ќе биде гостинка кај џифонци. По проекциите и на последните филмови, средношколците ќе гласаат за најдобар игран филм на фестивалот, а ќе го проследат и последниот блок кратки и анимирани филмови за кои исто така ќе гласаат. На вчерашниот ден кадетите имаа можност да го запознаат режисерот Олег Асадулин од Русија, со кого разговараа за филмот „Таму и назад“, додека пак актерката Миона Илов Милов разговараше со кадетите по проекцијата на српскиот филм „Мрак“. На втората панелна дискусија од проектот ЕПИК се разговараше за иновативни едукативни модели кои преку аудивизуелни содржини им пренесуваат вредности на младите. Меѓу другите своето искуство на темата го раскажаа претставници на неколку организации – Finish school од Косово, ARS kino од Софија, а претставници на Филмскиот Фестивал Џифони од Италија ги илустрираа проектите Sedici Modi di dire ciao и School experience. Тие ги споделија своите искуства за тоа како работат со младите и кои им се иновативни едукативни модели преку кои најдобро допираат до децата. -Ние доаѓаме овде веќе седум години и ова ни е најдобро искуство. Нашата организација се занимава со промоција на филмот меѓу младите и на места каде што нема многу услови за киноприкажување. Се обидуваме да го доближиме филмот до што повеќе деца. Тоа е провокативно за нив и многу се среќни – вели Стефани Величкова од ARS kino од Софија. Енес Лекичи, професор по историја и глобални процеси во приватното Finish school во Приштина, посочи дека нивна мисија не е само да ги учат децата за филмската уметност, туку да влијаат и да помогнат како да се создадат добри луѓе и граѓани на светот. Тие имаат околу 200 ученици. „Џифони“ не е само филмски фестивал, тоа е веќе традиција, што нуди голем број настани, средби, многу можности за нови искуства буквално за сите – од 2 до 99 години - рече Марио Чезаро од „Џифони Експириенс“. -Често нè прашуваат што правиме за децата, но ние не работиме само со деца, во основа имаме програма за сите возрасти. Покрај фестивалот што се одржува во јули, специјалните проекти на „Џифони Експириенс“ се одвиваат во текот на целата година во соработка со училиштата, а некои од нив се особено посветени на младите од краиштата во Италија каде нема богата понуда на културни активности. Одзивот е извонреден, а како резултат на долгогодишните заложби на основачот на „Џифони“ за вклучување на аудиовизуелните медиуми во редовната настава, Министерството за култура на Италија веќе четврта година по ред издвојува значајни средства од буџетот за спроведување на овие активности во образовниот систем – посочи Чезаро. Џифонци покажаа посебен интерес за разговорот со младата режисерка Леона Јариќ, по проекцијата на нејзиниот документарен филм „Животот на една даска“, што е снимен во Нови Сад, како резултат на работилница за документарен филм. Тоа е прв документарец за Јариќ, која досега има снимано кратки играни филмови. Таа сподели дека иако нема образование за филмска режија, правењето филмови ја прави најсреќна. Јариќ ги покани џифонци да ги следат повиците за новите кратки филмови што планира да ги снима и дека секогаш се добредојдени да ѝ се придружат во создавањето на филмовите. За крај на претпоследаниот ден на фестивалот, публиката ја проследи докудрамата „Учениците од Умберто Примо“, грчко-италијанска копродукција во режија на Алесандра Мајолети. Филмот зборува за нераскажаните приказни на девет еврејски ученици што учеле во италијанското училиште „Умберто Примо“ во Солун за време на нацистичката окупација и е базиран на архивски материјал откриен во 2003 година од италијански професор и сведочења на преживеаните протагонисти.  

The post Режисерката Дина Дума на „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Дина Дума наградена за најдобра режија за „Сестри“ на белградски „Фест“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dina-duma-nagradena-za-najdobra-rezija-za-sestri-na-belgradski-fest/ Mon, 07 Mar 2022 12:29:35 +0000 https://republika.mk/?p=468956

Режисерка Дина Дума ја освои награда за најдобра режија на филмскиот фестивал „Фест“ во Белград, за својот дебитантски филм „Сестри“.

Меѓународнотo жири во состав Милош Биковиќ, Тамара Драгичевиќ, Ѓерѓи Радули, Аргирис Пападимитрополус и Тони Гојановиќ, ја награди Дума за вештото водење на младите актери и фантастичното раскажување преку објективот. Во експликацијата на жирито се наведува: „Филмот успеа да прераскаже приказна за многу важна општествена тема од нашето време и да отвори дијалог“.

„Сестри“ е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.

Светската премиера на „Сeстри“ беше минатата година во август на филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од Западот“, додека македонската премиера се случи на ИФФК „Браќа Манаки“ каде филмот на Дума го отвори фестивалот. „Сестри“ беше национален кандидат за наградата Оскар за најдобар интернационален филм.

Досега „Сестри“ е прикажан на повеќе од 30 интернационални фестивали, и има освоено 2 дополнителни награди, и тоа награда за најдобар игран филм од младинското жири на фестивалот Екс – граунд во Висбаден, Германија и награда од публиката на фестивалот Панорама на европски филм во Атина, Грција.

Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска.

„Сестри“ е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, и е регионална копродукција помеѓу Македонија, Црна Гора и Косово.

The post Дина Дума наградена за најдобра режија за „Сестри“ на белградски „Фест“ appeared first on Република.

]]>

Режисерка Дина Дума ја освои награда за најдобра режија на филмскиот фестивал „Фест“ во Белград, за својот дебитантски филм „Сестри“. Меѓународнотo жири во состав Милош Биковиќ, Тамара Драгичевиќ, Ѓерѓи Радули, Аргирис Пападимитрополус и Тони Гојановиќ, ја награди Дума за вештото водење на младите актери и фантастичното раскажување преку објективот. Во експликацијата на жирито се наведува: „Филмот успеа да прераскаже приказна за многу важна општествена тема од нашето време и да отвори дијалог“. „Сестри“ е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување. Светската премиера на „Сeстри“ беше минатата година во август на филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде што ја освои специјалната награда на жирито во програмата „Источно од Западот“, додека македонската премиера се случи на ИФФК „Браќа Манаки“ каде филмот на Дума го отвори фестивалот. „Сестри“ беше национален кандидат за наградата Оскар за најдобар интернационален филм. Досега „Сестри“ е прикажан на повеќе од 30 интернационални фестивали, и има освоено 2 дополнителни награди, и тоа награда за најдобар игран филм од младинското жири на фестивалот Екс – граунд во Висбаден, Германија и награда од публиката на фестивалот Панорама на европски филм во Атина, Грција. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска. „Сестри“ е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, и е регионална копродукција помеѓу Македонија, Црна Гора и Косово.

The post Дина Дума наградена за најдобра режија за „Сестри“ на белградски „Фест“ appeared first on Република.

]]>