димка митева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dimka-miteva/ За подобро да се разбереме Sun, 19 Mar 2023 18:36:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png димка митева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dimka-miteva/ 32 32 Објавен Зборник во чест на академик Митко Маџунков https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objaven-zbornik-vo-chest-na-akademik-mitko-madhunkov/ Sun, 19 Mar 2023 18:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=621303

На Веб-страницата dimkamiteva.mk е објавен Зборник во чест на академик Митко Маџунков по повод 80 години од неговото раѓање.

Автор на Зборникот е проф. д-р Димка Митева. Тој е во дигитална форма и има слободен пристап за сите интернет-корисници. Содржи неколку трудови посветени на делото на Маџунков: Речник на изрази во романот „Правта на библиотеките“, Фреквентен речник на зборовните форми во „Правта на библиотеките“ и др. На страниците на Зборникот се објавени и околу 40 статии напишани пак од перото на д-р Митева, а посветени на акад. Маџунков: акад. Ацо Шопов, акад. Петре М. Андреевски, акад. Блаже Конески, акад. Божо Видоески, акад. Петар Илиевски, акад. Катица Ќулавкова, акад. Ѓорѓи Поп-Атанасов, па на Крсте Петков Мисирков, проф. Де Бреј, Моше Алтбауер, на колеги, соработници (Васе Манчев), врсници на акад. Митко Маџунков (д-р Вангелија Десподова и д-р Љубица Станковска). Неколку текстови се однесуваат на настани во кои се зборува за значајни датуми од историјата на македонскиот јазик (инаку, некои од нив и денеска многу актуелни) и на рецензентите д-р Гоце Цветановски и д-р Бобан Карапејовски.

Акад. Митко Маџунков е роден на 19 март 1943 година во Стру­мица. Својот пробив и голем успех на полето на литературата го по­стиг­нал во текот на 50 години напорна работа.

Творештвото на академик Маџунков е општо познато и ви­со­ко вреднувано. Доволно е да се каже дека неговите дела се за­ки­тени со повеќе награди и им даваат на македонскиот книжевен израз и на македонскиот книжевен јазик дополнителна доблест. „Правта на библиотеките“ е уште една потврда за неговото извонредно ро­ман­сиерско мајсторство.

Не­гово­то творештво e пре­ве­дувано на aнглиски, германски, француски, италијански, руски, бугар­ски, романски, полски и други јазици, а застапено е и во повеќе ан­тологии и избори. Добит­ник е на повеќе книжевни
на­гради и признанија: „Исидора Секулиќ“, Рациново признание, ро­ман на годината на „Детска радост“, книга на годината на Ма­ке­­дон­ската книжевна фондација, роман на годината на Утрински вес­ник; двапати ја има добиено и Годишната награда на својот ро­ден град Струмица, а во 2015 година ја доби и Државната на­гра­да „11 Октомври“.

За член на Македонската академија на науките и умет­нос­ти­те, надвор од работниот состав, е избран на 27 мај 2003, а за ре­до­­вен член на 1 мај 2007 година.

Ве молам, преку културната редакција во Вашиот медиум, соодветно да ја проследите оваа информација до јавноста. Истовремено, со ова известување авторот Ви дозволува, преку Вашите медиуми слободно да ја споделувате содржината на линкот од Веб-страницата www.dimkamiteva.mk/зборник-во-чест-на-академик-митко-маџунков .

The post Објавен Зборник во чест на академик Митко Маџунков appeared first on Република.

]]>

На Веб-страницата dimkamiteva.mk е објавен Зборник во чест на академик Митко Маџунков по повод 80 години од неговото раѓање. Автор на Зборникот е проф. д-р Димка Митева. Тој е во дигитална форма и има слободен пристап за сите интернет-корисници. Содржи неколку трудови посветени на делото на Маџунков: Речник на изрази во романот „Правта на библиотеките“, Фреквентен речник на зборовните форми во „Правта на библиотеките“ и др. На страниците на Зборникот се објавени и околу 40 статии напишани пак од перото на д-р Митева, а посветени на акад. Маџунков: акад. Ацо Шопов, акад. Петре М. Андреевски, акад. Блаже Конески, акад. Божо Видоески, акад. Петар Илиевски, акад. Катица Ќулавкова, акад. Ѓорѓи Поп-Атанасов, па на Крсте Петков Мисирков, проф. Де Бреј, Моше Алтбауер, на колеги, соработници (Васе Манчев), врсници на акад. Митко Маџунков (д-р Вангелија Десподова и д-р Љубица Станковска). Неколку текстови се однесуваат на настани во кои се зборува за значајни датуми од историјата на македонскиот јазик (инаку, некои од нив и денеска многу актуелни) и на рецензентите д-р Гоце Цветановски и д-р Бобан Карапејовски. Акад. Митко Маџунков е роден на 19 март 1943 година во Стру­мица. Својот пробив и голем успех на полето на литературата го по­стиг­нал во текот на 50 години напорна работа. Творештвото на академик Маџунков е општо познато и ви­со­ко вреднувано. Доволно е да се каже дека неговите дела се за­ки­тени со повеќе награди и им даваат на македонскиот книжевен израз и на македонскиот книжевен јазик дополнителна доблест. „Правта на библиотеките“ е уште една потврда за неговото извонредно ро­ман­сиерско мајсторство. Не­гово­то творештво e пре­ве­дувано на aнглиски, германски, француски, италијански, руски, бугар­ски, романски, полски и други јазици, а застапено е и во повеќе ан­тологии и избори. Добит­ник е на повеќе книжевни на­гради и признанија: „Исидора Секулиќ“, Рациново признание, ро­ман на годината на „Детска радост“, книга на годината на Ма­ке­­дон­ската книжевна фондација, роман на годината на Утрински вес­ник; двапати ја има добиено и Годишната награда на својот ро­ден град Струмица, а во 2015 година ја доби и Државната на­гра­да „11 Октомври“. За член на Македонската академија на науките и умет­нос­ти­те, надвор од работниот состав, е избран на 27 мај 2003, а за ре­до­­вен член на 1 мај 2007 година. Ве молам, преку културната редакција во Вашиот медиум, соодветно да ја проследите оваа информација до јавноста. Истовремено, со ова известување авторот Ви дозволува, преку Вашите медиуми слободно да ја споделувате содржината на линкот од Веб-страницата www.dimkamiteva.mk/зборник-во-чест-на-академик-митко-маџунков .

The post Објавен Зборник во чест на академик Митко Маџунков appeared first on Република.

]]>