Димитриј Песков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dimitrij-peskov/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Nov 2024 10:50:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Димитриј Песков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dimitrij-peskov/ 32 32 Песков: Указот на Путин за промена на нуклеарната доктрина може да се смета за сигнал до Западот, ништо не е случајно https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-ukazot-na-putin-za-promena-na-nuklearnata-doktrina-mozhe-da-se-smeta-za-signal-do-zapadot-nishto-ne-e-sluchajno/ Sun, 24 Nov 2024 10:58:13 +0000 https://republika.mk/?p=841241

Секој пат кога САД продолжуваат да преземаат непромислени чекори, зголемувајќи ги тензиите околу украинскиот конфликт, Русија мора да одговори на таквата ескалација со мерки без преседан, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за телевизијата Русија 24.

„Указот на рускиот претседател за промена на руската нуклеарна доктрина може да се смета за сигнал до Западот. Се разбира, ништо не е случајно“, објасни Песков.

„Претседателот Путин даде инструкции да се подготват промени со цел да се прилагоди нашата доктрина на условите на сегашната конфронтација, која ја предизвикуваат западните земји. „Путин мора да одговори на невидената ескалација, која првенствено е предизвикана од администрацијата во Вашингтон во заминување“, додаде претставникот на Кремљ.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одобрување на ажурираната нуклеарна доктрина - Основи на геополитиката на полето на нуклеарно ограничување.

Потпишувањето на декретот уследи два дена откако бројни медиуми објавија дека САД му дозволиле на Киев со западно оружје да изврши напади длабоко на руска територија.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Метју Милер претходно изјави дека ниту САД ниту НАТО не претставуваат никаква закана за Русија, коментирајќи ги промените во нејзината нуклеарна доктрина, пренесува Спутник. Во исто време, портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг, на прашањето за промените во политиката за нуклеарно оружје на Москва, посочи дека Америка не војува против Русија.

The post Песков: Указот на Путин за промена на нуклеарната доктрина може да се смета за сигнал до Западот, ништо не е случајно appeared first on Република.

]]>

Секој пат кога САД продолжуваат да преземаат непромислени чекори, зголемувајќи ги тензиите околу украинскиот конфликт, Русија мора да одговори на таквата ескалација со мерки без преседан, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за телевизијата Русија 24. „Указот на рускиот претседател за промена на руската нуклеарна доктрина може да се смета за сигнал до Западот. Се разбира, ништо не е случајно“, објасни Песков. „Претседателот Путин даде инструкции да се подготват промени со цел да се прилагоди нашата доктрина на условите на сегашната конфронтација, која ја предизвикуваат западните земји. „Путин мора да одговори на невидената ескалација, која првенствено е предизвикана од администрацијата во Вашингтон во заминување“, додаде претставникот на Кремљ. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одобрување на ажурираната нуклеарна доктрина - Основи на геополитиката на полето на нуклеарно ограничување. Потпишувањето на декретот уследи два дена откако бројни медиуми објавија дека САД му дозволиле на Киев со западно оружје да изврши напади длабоко на руска територија. Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Метју Милер претходно изјави дека ниту САД ниту НАТО не претставуваат никаква закана за Русија, коментирајќи ги промените во нејзината нуклеарна доктрина, пренесува Спутник. Во исто време, портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг, на прашањето за промените во политиката за нуклеарно оружје на Москва, посочи дека Америка не војува против Русија.

The post Песков: Указот на Путин за промена на нуклеарната доктрина може да се смета за сигнал до Западот, ништо не е случајно appeared first on Република.

]]>
Песков: Забраната за руски медиуми на Фејсбук е неприфатлива https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-zabranata-za-ruski-mediumi-na-fejsbuk-e-neprifatliva/ Tue, 17 Sep 2024 12:43:09 +0000 https://republika.mk/?p=817132

Кремљ денеска оцени дека фирмата-сопственик на Фејсбук - Мета, „се дискредитира“ со забраната за некои руски државни медиуми на своите платформи.

Ваквите селективни акции против руските медиуми се неприфатливи, изјави портпаролот Дмитриј Песков. Ова ја комплицира можноста за нормализирање на нашите односи со Мета, додаде тој.

Мета тврди дека мрежите користеле измамнички тактики за тајно влијание на интернет.

Москва ја прогласи Мета за „екстремистичка“ организација во 2022 година и го блокираше пристапот до Инстаграм и Фејсбук. Тоа беше направено во знак на протест против промените во политиката на Мета за говор на омраза, која им овозможуваше на корисниците да изразуваат бес поради руската инвазија на Украина. ссм

The post Песков: Забраната за руски медиуми на Фејсбук е неприфатлива appeared first on Република.

]]>

Кремљ денеска оцени дека фирмата-сопственик на Фејсбук - Мета, „се дискредитира“ со забраната за некои руски државни медиуми на своите платформи. Ваквите селективни акции против руските медиуми се неприфатливи, изјави портпаролот Дмитриј Песков. Ова ја комплицира можноста за нормализирање на нашите односи со Мета, додаде тој. Мета тврди дека мрежите користеле измамнички тактики за тајно влијание на интернет. Москва ја прогласи Мета за „екстремистичка“ организација во 2022 година и го блокираше пристапот до Инстаграм и Фејсбук. Тоа беше направено во знак на протест против промените во политиката на Мета за говор на омраза, која им овозможуваше на корисниците да изразуваат бес поради руската инвазија на Украина. ссм

The post Песков: Забраната за руски медиуми на Фејсбук е неприфатлива appeared first on Република.

]]>
Закана која го тресе светот: Ако Франција испрати војници во Украина, директен конфликт со НАТО е неизбежен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zakana-koja-go-trese-svetot-ako-frantsija-isprati-vojnitsi-vo-ukraina-direkten-konflikt-so-nato-e-neizbezhen/ Tue, 27 Feb 2024 12:47:30 +0000 https://republika.mk/?p=748905

Кремљ реагираше на изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон дека во иднина „не е исклучено“ испраќање западни трупи на теренот во Украина. На вчерашната конференција во Париз, Макрон потврди дека „во оваа фаза нема консензус“ во врска со одлуката, но дека „ништо не треба да се исклучи“.

„Самиот факт дека се разговара за можноста за испраќање одредени контингенти во Украина од земјите на НАТО е многу важен нов елемент“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарите на прашањето за изјавите на Макрон.

Тој се осврна и на ризикот од директен конфликт меѓу Русија и НАТО доколку членките на НАТО испратат свои војници да се борат во Украина.

„Во тој случај, не би морале да зборуваме за веројатноста, туку за неизбежноста (на директен конфликт)“, рече Песков.

Шведска, Чешка и Полска се оградија од изјавите на Макрон. Во меѓувреме, Киев реагираше позитивно на коментарите на Макрон. Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак истакна дека дискусијата за потенцијалната интервенција на Западот во војната била добра.

The post Закана која го тресе светот: Ако Франција испрати војници во Украина, директен конфликт со НАТО е неизбежен appeared first on Република.

]]>

Кремљ реагираше на изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон дека во иднина „не е исклучено“ испраќање западни трупи на теренот во Украина. На вчерашната конференција во Париз, Макрон потврди дека „во оваа фаза нема консензус“ во врска со одлуката, но дека „ништо не треба да се исклучи“. „Самиот факт дека се разговара за можноста за испраќање одредени контингенти во Украина од земјите на НАТО е многу важен нов елемент“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарите на прашањето за изјавите на Макрон. Тој се осврна и на ризикот од директен конфликт меѓу Русија и НАТО доколку членките на НАТО испратат свои војници да се борат во Украина. „Во тој случај, не би морале да зборуваме за веројатноста, туку за неизбежноста (на директен конфликт)“, рече Песков. Шведска, Чешка и Полска се оградија од изјавите на Макрон. Во меѓувреме, Киев реагираше позитивно на коментарите на Макрон. Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак истакна дека дискусијата за потенцијалната интервенција на Западот во војната била добра.

The post Закана која го тресе светот: Ако Франција испрати војници во Украина, директен конфликт со НАТО е неизбежен appeared first on Република.

]]>
Песков: Истрагата за саботажата на гасоводот Северен поток води кон Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-istragata-za-sabotazhata-na-gasovodot-severen-potok-vodi-kon-ukraina/ Mon, 13 Nov 2023 13:44:24 +0000 https://republika.mk/?p=701112

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека истрагата за саботажата на гасоводите Северен поток води кон Украина и се почесто се појавува во различни извештаи, истраги и во медиумите.

Вашингтон пост на 11 ноември објави дека 48-годишниот украински полковник Червински дека бил „координатор“ на нападот на гасоводите на Северен поток. Весникот повикувајќи се на неименувани извори наведува дека полковник Червински не дејствувал сам и оти не учествувал во планирање на операцијата. Вашингтон пост посочува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не бил запознаен со операцијата, а полковник Червински дека примал наредби од други високи украински претставници, а на крај поднел извештај до украинскиот генерал Валериј Залужни.

- Ако режимот во Киев повеќе не ја контролира ситуацијата во сопствената земја, тогаш ова е алармантно и исто така треба да се земе предвид, потенцира Песков.

Остро пад на притисокот во цевководите под Балтичко Море беше регистриран на 26 септември, а сеизмолозите открија експлозии, што предизвика бран шпекулации за тоа кој го саботирал гасоводот, преку кој се доставуваше руски гас до Германија. Некои американски и европски официјални лица првично ја обвинија Русија за саботажа, а рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли таквите обвинувања како „идиотски“.

The post Песков: Истрагата за саботажата на гасоводот Северен поток води кон Украина appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека истрагата за саботажата на гасоводите Северен поток води кон Украина и се почесто се појавува во различни извештаи, истраги и во медиумите. Вашингтон пост на 11 ноември објави дека 48-годишниот украински полковник Червински дека бил „координатор“ на нападот на гасоводите на Северен поток. Весникот повикувајќи се на неименувани извори наведува дека полковник Червински не дејствувал сам и оти не учествувал во планирање на операцијата. Вашингтон пост посочува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не бил запознаен со операцијата, а полковник Червински дека примал наредби од други високи украински претставници, а на крај поднел извештај до украинскиот генерал Валериј Залужни. - Ако режимот во Киев повеќе не ја контролира ситуацијата во сопствената земја, тогаш ова е алармантно и исто така треба да се земе предвид, потенцира Песков. Остро пад на притисокот во цевководите под Балтичко Море беше регистриран на 26 септември, а сеизмолозите открија експлозии, што предизвика бран шпекулации за тоа кој го саботирал гасоводот, преку кој се доставуваше руски гас до Германија. Некои американски и европски официјални лица првично ја обвинија Русија за саботажа, а рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли таквите обвинувања како „идиотски“.

The post Песков: Истрагата за саботажата на гасоводот Северен поток води кон Украина appeared first on Република.

]]>
Песков: Гласините за здравствени проблеми на Путин се лажни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-glasinite-za-zdravstveni-problemi-na-putin-se-lazhni-2/ Tue, 24 Oct 2023 11:45:39 +0000 https://republika.mk/?p=694525

Гласините за здравствените проблеми на рускиот претседател Владимир Путин се лажни, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Сè е во ред со него, ова е само уште една лажна вест, изјави Песков, коментирајќи ги информациите од странските медиуми дека рускиот лидер наводно има „срцеви проблеми“, пренесуваат руските медиуми.

Тврдењата дека Путин има двојници портпаролот на Кремљ ги нарече апсурдни и лажни.

Ваквите лажни вести, додаде тој, не може да предизвикаат ништо друго освен насмевка.

The post Песков: Гласините за здравствени проблеми на Путин се лажни appeared first on Република.

]]>

Гласините за здравствените проблеми на рускиот претседател Владимир Путин се лажни, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Сè е во ред со него, ова е само уште една лажна вест, изјави Песков, коментирајќи ги информациите од странските медиуми дека рускиот лидер наводно има „срцеви проблеми“, пренесуваат руските медиуми. Тврдењата дека Путин има двојници портпаролот на Кремљ ги нарече апсурдни и лажни. Ваквите лажни вести, додаде тој, не може да предизвикаат ништо друго освен насмевка.

The post Песков: Гласините за здравствени проблеми на Путин се лажни appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Неприфатливо е Бајден да го споредува Путин со Хамас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-neprifatlivo-e-bajden-da-go-sporeduva-putin-so-hamas/ Fri, 20 Oct 2023 12:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=693322

Кремљ денеска објави дека е неприфатливо да се споредува рускиот претседател Владимир Путин со палестинската милитантна група Хамас, во изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека заканата за руските граѓани експоненцијално ќе порасне кога Израел ќе ја започне очекуваната копнена операција во обид да го собори Хамас од Газа.

Песков одби да каже кој ќе ја претставува Русија на мировниот самит за палестинскиот конфликт во Каиро во сабота, велејќи дека тоа е прашање на Министерството за надворешни работи, објави Гардијан.

Русија и САД не разговараат за ситуацијата на Блискиот Исток во билатерални формати, рече Песков, пренесе РИА Новости.

Контактите, се разбира, се одвиваат во рамките на Советот за безбедност, но немаше чисто билатерални, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање дали имало контакти меѓу Москва и Вашингтон за ситуацијата на Блискиот Исток.

Хамас и Путин претставуваат различни закани, но тие имаат една заедничка работа: тие сакаат целосно да ја уништат демократијата во соседството“, рече Бајден во обраќањето до нацијата во четвртокот, пренесува Гласот на Америка.

The post Кремљ: Неприфатливо е Бајден да го споредува Путин со Хамас appeared first on Република.

]]>

Кремљ денеска објави дека е неприфатливо да се споредува рускиот претседател Владимир Путин со палестинската милитантна група Хамас, во изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека заканата за руските граѓани експоненцијално ќе порасне кога Израел ќе ја започне очекуваната копнена операција во обид да го собори Хамас од Газа. Песков одби да каже кој ќе ја претставува Русија на мировниот самит за палестинскиот конфликт во Каиро во сабота, велејќи дека тоа е прашање на Министерството за надворешни работи, објави Гардијан. Русија и САД не разговараат за ситуацијата на Блискиот Исток во билатерални формати, рече Песков, пренесе РИА Новости. Контактите, се разбира, се одвиваат во рамките на Советот за безбедност, но немаше чисто билатерални, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање дали имало контакти меѓу Москва и Вашингтон за ситуацијата на Блискиот Исток. Хамас и Путин претставуваат различни закани, но тие имаат една заедничка работа: тие сакаат целосно да ја уништат демократијата во соседството“, рече Бајден во обраќањето до нацијата во четвртокот, пренесува Гласот на Америка.

The post Кремљ: Неприфатливо е Бајден да го споредува Путин со Хамас appeared first on Република.

]]>
Песков: Русија е подготвена на сите закани од Полска, таа е агресивна земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-rusija-e-podgotvena-na-site-zakani-od-polska-taa-e-agresivna-zemja/ Fri, 22 Sep 2023 10:26:30 +0000 https://republika.mk/?p=684088

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за време на своето секојдневно обраќање до печатот рече дека Русија е подготвена на сите закани од Полска, која ја опиша како агресивна земја и непријатен сосед на Белорусија. Тој рече дека Русија е свесна за тензиите меѓу Варшава и Киев и дека тие ќе растат.

Тензиите меѓу Киев и другите европски престолнини неизбежно ќе се зголемат, тврди тој.

Песков рече дека Владимир Путин наскоро ќе разговара со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, но не прецизираше конкретен датум, пишува Гардијан.

Тој додаде дека ставот на Русија за Црноморскиот договор за жито не е променет и дека Москва ќе се врати на договорот кога западните земји ќе ги исполнат своите ветувања.

Песков сугерираше дека Русија ќе ги тужи странските влади доколку наметнат некаков неочекуван данок на руските компании или ако ги замрзнат руските средства.

The post Песков: Русија е подготвена на сите закани од Полска, таа е агресивна земја appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за време на своето секојдневно обраќање до печатот рече дека Русија е подготвена на сите закани од Полска, која ја опиша како агресивна земја и непријатен сосед на Белорусија. Тој рече дека Русија е свесна за тензиите меѓу Варшава и Киев и дека тие ќе растат. Тензиите меѓу Киев и другите европски престолнини неизбежно ќе се зголемат, тврди тој. Песков рече дека Владимир Путин наскоро ќе разговара со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, но не прецизираше конкретен датум, пишува Гардијан. Тој додаде дека ставот на Русија за Црноморскиот договор за жито не е променет и дека Москва ќе се врати на договорот кога западните земји ќе ги исполнат своите ветувања. Песков сугерираше дека Русија ќе ги тужи странските влади доколку наметнат некаков неочекуван данок на руските компании или ако ги замрзнат руските средства.

The post Песков: Русија е подготвена на сите закани од Полска, таа е агресивна земја appeared first on Република.

]]>
Песков: Русија ја поддржува Србија, правата на Србите на Косово мора да се почитуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/peskov-rusija-ja-poddrzhuva-srbija-pravata-na-srbite-na-kosovo-mora-da-se-pochituvaat/ Wed, 31 May 2023 11:09:12 +0000 https://republika.mk/?p=646443

Русија ја поддржува Србија во однос на заострувањето на ситуацијата на Косово и смета дека мора да се почитуваат правата и интересите на српското население во покраината, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

„Ние ја следиме ситуацијата и апсолутно безусловно ја поддржуваме Србија, ги поддржуваме Србите. Многу внимателно следиме како се развива ситуацијата и загрижени сме поради тоа“, рече Песков.

Тој додаде дека средби меѓу претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, се уште не се планирани, но дека се води постојан дијалог преку дипломатски канали, пренесе РИА Новости.

The post Песков: Русија ја поддржува Србија, правата на Србите на Косово мора да се почитуваат appeared first on Република.

]]>

Русија ја поддржува Србија во однос на заострувањето на ситуацијата на Косово и смета дека мора да се почитуваат правата и интересите на српското население во покраината, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.
„Ние ја следиме ситуацијата и апсолутно безусловно ја поддржуваме Србија, ги поддржуваме Србите. Многу внимателно следиме како се развива ситуацијата и загрижени сме поради тоа“, рече Песков.
Тој додаде дека средби меѓу претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, се уште не се планирани, но дека се води постојан дијалог преку дипломатски канали, пренесе РИА Новости.

The post Песков: Русија ја поддржува Србија, правата на Србите на Косово мора да се почитуваат appeared first on Република.

]]>
Песков ја потврди информацијата за загинувањето на 600 украински војници во Краматорск https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-ja-potvrdi-informatsijata-za-zaginuvaneto-na-600-ukrainski-vojnitsi-vo-kramatorsk/ Mon, 09 Jan 2023 11:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=594909

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека точни се информациите на Москва за 600 украински војници загинати во нападот на градот Краматорск, и покрај информациите на западни агенции според кои нападите ги промашиле своите цели.

Кремљ е апсолутно убеден во точноста на овие информации и ќе Ве потсетам на зборовите на претседателот Владимир Путин дека главен извор на информациите е Министерството за одбрана, рече Песков.

Претходно агенциите соопштија дека руските ракети ги промашиле предвидените цели во градот Краматорск и оти нема очигледни знаци на штета, независно тврдењата на Москва дека во нападите загинале 600 украински војници.

Песков ги отфрли наводите на Киев дека заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Русија, Дмитриј Козак, неофицијално разговарал со европски претставници за мир со Украина.

Тоа е уште една лажна вест, рече Песков.

Коментирајќи ги новите испораки оружје од западните земји, Песков оцени дека тоа „само ќе ги продлабочи страдањата на украинскиот народ“ и нема да го промени исходот од конфликтот.

The post Песков ја потврди информацијата за загинувањето на 600 украински војници во Краматорск appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека точни се информациите на Москва за 600 украински војници загинати во нападот на градот Краматорск, и покрај информациите на западни агенции според кои нападите ги промашиле своите цели. Кремљ е апсолутно убеден во точноста на овие информации и ќе Ве потсетам на зборовите на претседателот Владимир Путин дека главен извор на информациите е Министерството за одбрана, рече Песков. Претходно агенциите соопштија дека руските ракети ги промашиле предвидените цели во градот Краматорск и оти нема очигледни знаци на штета, независно тврдењата на Москва дека во нападите загинале 600 украински војници. Песков ги отфрли наводите на Киев дека заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Русија, Дмитриј Козак, неофицијално разговарал со европски претставници за мир со Украина. Тоа е уште една лажна вест, рече Песков. Коментирајќи ги новите испораки оружје од западните земји, Песков оцени дека тоа „само ќе ги продлабочи страдањата на украинскиот народ“ и нема да го промени исходот од конфликтот.

The post Песков ја потврди информацијата за загинувањето на 600 украински војници во Краматорск appeared first on Република.

]]>
Песков: Специјалната воена операција не зависи од временските услови, целите мора да се постигнат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-specijalnata-voena-operacija-ne-zavisi-od-vremenskite-uslovi-celite-mora-da-se-postignat/ Thu, 17 Nov 2022 17:54:28 +0000 https://republika.mk/?p=575063

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, порача дека руската специјална воена операција во Украина не зависи од временските услови и ќе продолжи.

Песков додаде дека целите на операцијата мора да се постигнат.

Одговарајќи на прашање за милионите украински граѓани кои на 15 ноември останаа без струја и топлина поради руските борбени операции во време кога временските прогнози предвидуваа пониски температури на воздухот, Песков рече дека тоа е резултат на напад на воена инфраструктура.

Тоа се случи поради одбивањето на Киев да води преговори, изјави Песков.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, вчера соопшти дека на 15 ноември руските вооружени сили извршиле масовен напад со високопрецизно оружје со долг дострел од воздух и море врз украинската војска, системите за команда и контрола и сродните енергетски објекти, додавајќи дека „целите на нападот биле погодени“.

The post Песков: Специјалната воена операција не зависи од временските услови, целите мора да се постигнат appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, порача дека руската специјална воена операција во Украина не зависи од временските услови и ќе продолжи. Песков додаде дека целите на операцијата мора да се постигнат. Одговарајќи на прашање за милионите украински граѓани кои на 15 ноември останаа без струја и топлина поради руските борбени операции во време кога временските прогнози предвидуваа пониски температури на воздухот, Песков рече дека тоа е резултат на напад на воена инфраструктура.
Тоа се случи поради одбивањето на Киев да води преговори, изјави Песков.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, вчера соопшти дека на 15 ноември руските вооружени сили извршиле масовен напад со високопрецизно оружје со долг дострел од воздух и море врз украинската војска, системите за команда и контрола и сродните енергетски објекти, додавајќи дека „целите на нападот биле погодени“.

The post Песков: Специјалната воена операција не зависи од временските услови, целите мора да се постигнат appeared first on Република.

]]>
Песков: Изјавата на Зеленски потврдува дека Украина не сака преговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-izjavata-na-zelenski-potvrduva-deka-ukraina-ne-saka-pregovori/ Tue, 15 Nov 2022 08:51:59 +0000 https://republika.mk/?p=573952

Изјавата на претседателот на Украина Володимир Зеленски дека нема да има „Минск-3“ ја потврдува позицијата на Киев дека не сака да преговара, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На новинарско прашање дали овие зборови на Зеленски го потврдуваат ставот дека нема да има преговори со Руската Федерација, Песков кратко одговори: „Апсолутно потврдуваат“.

Претходно, во видео обраќање до лидерите на Г20 на Бали, Зеленски рече дека Русија мора да ги повлече сите свои војници од територијата на Украина и дека не може да има територијални отстапки од страна на Киев.

„Очигледно е дека не може да им се верува на зборовите на Русија и нема да има никаков Минск-3, што Русија ќе го прекрши веднаш по заклучокот“, рече Зеленски.

The post Песков: Изјавата на Зеленски потврдува дека Украина не сака преговори appeared first on Република.

]]>

Изјавата на претседателот на Украина Володимир Зеленски дека нема да има „Минск-3“ ја потврдува позицијата на Киев дека не сака да преговара, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. На новинарско прашање дали овие зборови на Зеленски го потврдуваат ставот дека нема да има преговори со Руската Федерација, Песков кратко одговори: „Апсолутно потврдуваат“. Претходно, во видео обраќање до лидерите на Г20 на Бали, Зеленски рече дека Русија мора да ги повлече сите свои војници од територијата на Украина и дека не може да има територијални отстапки од страна на Киев. „Очигледно е дека не може да им се верува на зборовите на Русија и нема да има никаков Минск-3, што Русија ќе го прекрши веднаш по заклучокот“, рече Зеленски.

The post Песков: Изјавата на Зеленски потврдува дека Украина не сака преговори appeared first on Република.

]]>
Песков: Херсонската област останува територија на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/peskov-hersonskata-oblast-ostanuva-teritorija-na-rusija/ Fri, 11 Nov 2022 10:21:19 +0000 https://republika.mk/?p=572687

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска отфрли какви било промени во статусот на Херсонската област во врска со повлекувањето на руските трупи од Херсон на левиот брег на реката Дњепар.

На прашање дали е можно да се промени статусот на областа, за која Русија прогласи анексија на крајот на септември, Песков на брифинг одговори дека „Херсонската област е субјект на Руската Федерација и оти тој статус е законски дефиниран и фиксиран“.

Нема и не може да има никакви промени, изјави Песков, пренесоа руските медиуми.

На прашањето дали ситуацијата кога Русија ги повлекува своите сили на левиот брег на Дњепар е понижувачка за рускиот претседател, Песков одговори: „Не“.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на 9 ноември се согласи со предлогот на командантот на руските сили во Украина, Сергеј Суровикин, руските сили да се повлечат на левиот брег на Дњепар и таму да ја организираат одбраната.

The post Песков: Херсонската област останува територија на Русија appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска отфрли какви било промени во статусот на Херсонската област во врска со повлекувањето на руските трупи од Херсон на левиот брег на реката Дњепар. На прашање дали е можно да се промени статусот на областа, за која Русија прогласи анексија на крајот на септември, Песков на брифинг одговори дека „Херсонската област е субјект на Руската Федерација и оти тој статус е законски дефиниран и фиксиран“. Нема и не може да има никакви промени, изјави Песков, пренесоа руските медиуми. На прашањето дали ситуацијата кога Русија ги повлекува своите сили на левиот брег на Дњепар е понижувачка за рускиот претседател, Песков одговори: „Не“. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на 9 ноември се согласи со предлогот на командантот на руските сили во Украина, Сергеј Суровикин, руските сили да се повлечат на левиот брег на Дњепар и таму да ја организираат одбраната.

The post Песков: Херсонската област останува територија на Русија appeared first on Република.

]]>
Песков: Мобилизацијата заврши https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-mobilizacijata-zavrshi/ Tue, 01 Nov 2022 13:01:22 +0000 https://republika.mk/?p=568313

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска соопшти дека на Москва не и е потребен посебен претседателски декрет за прекин на делумната мобилизација.
„По најавата на министерот за одбрана Сергеј Шојгу дека делумната мобилизација е завршена, мораме да кажеме дека нема потреба од декрет. Делумната мобилизација е завршена. Период“, рече Песков, пренесе ТАС С.

Портпаролот на Кремљ додаде дека Шојгу испратил наредба до релевантните службеници за регрутирање да ја прекинат кампањата и да престанат да испраќаат покани.

На прашањето дали е можно повторно да се користи претседателскиот указ доколку е потребно да се мобилизираат дополнителен број војници, Песков одговори дека се регрутирани 300.000 луѓе и дека се исполнети одредбите од указот.

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на 21 септември потпиша указ за делумна мобилизација. По тој повод рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека во делот на делумната мобилизација ќе бидат повикани 300.000 резервисти. Минатата недела, по средбата со претседателот Владимир Путин, Шојгу објави дека се завршени активностите поврзани со делумната мобилизација во Русија.

The post Песков: Мобилизацијата заврши appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска соопшти дека на Москва не и е потребен посебен претседателски декрет за прекин на делумната мобилизација. „По најавата на министерот за одбрана Сергеј Шојгу дека делумната мобилизација е завршена, мораме да кажеме дека нема потреба од декрет. Делумната мобилизација е завршена. Период“, рече Песков, пренесе ТАС С. Портпаролот на Кремљ додаде дека Шојгу испратил наредба до релевантните службеници за регрутирање да ја прекинат кампањата и да престанат да испраќаат покани. На прашањето дали е можно повторно да се користи претседателскиот указ доколку е потребно да се мобилизираат дополнителен број војници, Песков одговори дека се регрутирани 300.000 луѓе и дека се исполнети одредбите од указот. Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на 21 септември потпиша указ за делумна мобилизација. По тој повод рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека во делот на делумната мобилизација ќе бидат повикани 300.000 резервисти. Минатата недела, по средбата со претседателот Владимир Путин, Шојгу објави дека се завршени активностите поврзани со делумната мобилизација во Русија.

The post Песков: Мобилизацијата заврши appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Заштитата на суверенитетот на Русија не значи изолација од остатокот од светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kremlj-zashtitata-na-suverenitetot-na-rusija-ne-znachi-izolacija-od-ostatokot-od-svetot/ Tue, 14 Jun 2022 07:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=514809

Заштитата на суверенитетот на Русија во никој случај не значи изолација на земјата од остатокот од светот“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за ТАСС пред Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Видовме дека во подготовките за форумот, рускиот претседател Владимир Путин се сретна со млади инженери, претприемачи, научници кои исто така ќе учествуваат на собирот, и зборуваше многу за нашиот суверенитет, и технолошки и индустриски, комерцијален и така натаму. Нашиот суверенитет во никој случај не значи изолација - рече Песков.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нагласи дека обидите да се истисне Русија од светските настани се апсолутно безнадежни, бидејќи тоа е всушност невозможно.

The post Кремљ: Заштитата на суверенитетот на Русија не значи изолација од остатокот од светот appeared first on Република.

]]>

Заштитата на суверенитетот на Русија во никој случај не значи изолација на земјата од остатокот од светот“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за ТАСС пред Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Видовме дека во подготовките за форумот, рускиот претседател Владимир Путин се сретна со млади инженери, претприемачи, научници кои исто така ќе учествуваат на собирот, и зборуваше многу за нашиот суверенитет, и технолошки и индустриски, комерцијален и така натаму. Нашиот суверенитет во никој случај не значи изолација - рече Песков.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нагласи дека обидите да се истисне Русија од светските настани се апсолутно безнадежни, бидејќи тоа е всушност невозможно.

The post Кремљ: Заштитата на суверенитетот на Русија не значи изолација од остатокот од светот appeared first on Република.

]]>
Песков: Полска би можела да биде извор на закана за Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-polska-bi-mozela-da-bide-izvor-na-zakana-za-rusija/ Fri, 06 May 2022 12:40:13 +0000 https://republika.mk/?p=498596

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска ја критикуваше Полска за, како што рече, непријателската реторика, додавајќи дека Варшава може да биде „извор на закана“.

Полска ја повика Европската унија да ги зајакне санкциите против Москва, како и НАТО да ја вооружи Украина во борбата против руските сили кои влегоа на истокот на оваа земја.

Полската министерка за животна средина и клима, Ана Москва, кажа дека „Полска е горда што е на листата на непријателски држави на Путин“.

The post Песков: Полска би можела да биде извор на закана за Русија appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска ја критикуваше Полска за, како што рече, непријателската реторика, додавајќи дека Варшава може да биде „извор на закана“. Полска ја повика Европската унија да ги зајакне санкциите против Москва, како и НАТО да ја вооружи Украина во борбата против руските сили кои влегоа на истокот на оваа земја. Полската министерка за животна средина и клима, Ана Москва, кажа дека „Полска е горда што е на листата на непријателски држави на Путин“.

The post Песков: Полска би можела да биде извор на закана за Русија appeared first on Република.

]]>
Песков: Знаеме дека Западот и праќа разузнавачки информации на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-znaeme-deka-zapadot-i-prakja-razuznavachki-informacii-na-ukraina/ Thu, 05 May 2022 12:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=498036

Руската армија знае дека САД, НАТО и Велика Британија и доставуваат на Украина не само оружје, туку и разузнавачки информации и прави сè што е потребно во таа ситуација, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Нашата армија е свесна дека САД, Велика Британија и НАТО во целина постојано пренесуваат разузнавачки и други параметри до украинските вооружени сили. Заедно со испраќањето оружје, тоа се акции кои не придонесуваат за брзо завршување на воената операција, но во исто време не можат да го попречат остварувањето на нејзините цели - изјави Песков, пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на руски агенции.

Њујорк Тајмс претходно цитираше високи американски претставници според кои САД обезбедиле разузнавачки информации кои им помогнале на украинските сили да ги убијат повеќето руски генерали кои загинаа во војната во Украина.

Според весникот, Вашингтон и доставил на Украина детали за очекуваните движења на руските сили и локација и други детали за мобилниот воен штаб на Русија, а Украина ја комбинирала таа помош со сопственото разузнавање за да изврши артилериски напади и други напади во кои биле убиени руски офицери.

The post Песков: Знаеме дека Западот и праќа разузнавачки информации на Украина appeared first on Република.

]]>

Руската армија знае дека САД, НАТО и Велика Британија и доставуваат на Украина не само оружје, туку и разузнавачки информации и прави сè што е потребно во таа ситуација, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Нашата армија е свесна дека САД, Велика Британија и НАТО во целина постојано пренесуваат разузнавачки и други параметри до украинските вооружени сили. Заедно со испраќањето оружје, тоа се акции кои не придонесуваат за брзо завршување на воената операција, но во исто време не можат да го попречат остварувањето на нејзините цели - изјави Песков, пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на руски агенции.
Њујорк Тајмс претходно цитираше високи американски претставници според кои САД обезбедиле разузнавачки информации кои им помогнале на украинските сили да ги убијат повеќето руски генерали кои загинаа во војната во Украина. Според весникот, Вашингтон и доставил на Украина детали за очекуваните движења на руските сили и локација и други детали за мобилниот воен штаб на Русија, а Украина ја комбинирала таа помош со сопственото разузнавање за да изврши артилериски напади и други напади во кои биле убиени руски офицери.

The post Песков: Знаеме дека Западот и праќа разузнавачки информации на Украина appeared first on Република.

]]>
Песков: Западот ќе плати висока цена за антируските санкции https://arhiva3.republika.mk/vesti/peskov-zapadot-kje-plati-visoka-cena-za-antiruskite-sankcii/ Wed, 04 May 2022 11:46:47 +0000 https://republika.mk/?p=497471

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави денеска дека граѓаните на западните земји веќе плаќаат висока цена поради антируските санкции што ги воведоа нивните држави и предупреди дека цената ќе расте секој ден.

Според него, Кремљ подготвува одговор на шестиот пакет санкции на ЕУ.

Разгледуваме различни опции. Ако зборуваме за областа на санкциите воопшто, ова е меч со две острици. Американците, Европејците и другите земји се обидуваат да ни наштетат и треба да платат висока цена - истакна Песков.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Европскиот парламент изнесе детали од шестиот пакет санкции против Русија, кои меѓу другото вклучуваат и постепено завршување на снабдувањето со руска сурова нафта во рок од шест месеци и увоз на рафинирани производи до крајот на годинава.

The post Песков: Западот ќе плати висока цена за антируските санкции appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави денеска дека граѓаните на западните земји веќе плаќаат висока цена поради антируските санкции што ги воведоа нивните држави и предупреди дека цената ќе расте секој ден. Според него, Кремљ подготвува одговор на шестиот пакет санкции на ЕУ.
Разгледуваме различни опции. Ако зборуваме за областа на санкциите воопшто, ова е меч со две острици. Американците, Европејците и другите земји се обидуваат да ни наштетат и треба да платат висока цена - истакна Песков.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Европскиот парламент изнесе детали од шестиот пакет санкции против Русија, кои меѓу другото вклучуваат и постепено завршување на снабдувањето со руска сурова нафта во рок од шест месеци и увоз на рафинирани производи до крајот на годинава.

The post Песков: Западот ќе плати висока цена за антируските санкции appeared first on Република.

]]>
Песков: Русија може да ја стопира испораката на гас и за други европски држави https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-rusija-moze-da-ja-stopira-isporakata-na-gas-i-za-drugi-evropski-drzavi/ Wed, 27 Apr 2022 12:54:51 +0000 https://republika.mk/?p=494303

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија, по Полска и Бугарија, би можела да ја стопира испораката на гас и за другите европски купувачи ако и тие одбијат да плаќаат во рубљи.

Според Песков, руското барање за плаќање на гасот во рубљи е резултат на западните санкции односно на замрзнувањето на рускиот имот.

Западот го украде имотот на Русија во непријателска акција без преседан - посочи Песков.

Тој додаде дека одбивањето да се плаќа во рубљи ја одразува желбата на Западот „да ја казни Русија по секоја цена, на штета на сопствените потрошувачи, даночните обврзници и производителите“.

Според Песков стопирањето на доставата на гас на Бугарија и на Полска не претставува уцена.

Русија и понатаму е сигурен снабдувач со енергенси ресурси и ги почитува договорените обврски, наведе Песков, додавајќи дека барањето за плаќање во рубљи е чисто техничко и оти не се менува цената и другите услови од договорот.

The post Песков: Русија може да ја стопира испораката на гас и за други европски држави appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија, по Полска и Бугарија, би можела да ја стопира испораката на гас и за другите европски купувачи ако и тие одбијат да плаќаат во рубљи. Според Песков, руското барање за плаќање на гасот во рубљи е резултат на западните санкции односно на замрзнувањето на рускиот имот.
Западот го украде имотот на Русија во непријателска акција без преседан - посочи Песков.
Тој додаде дека одбивањето да се плаќа во рубљи ја одразува желбата на Западот „да ја казни Русија по секоја цена, на штета на сопствените потрошувачи, даночните обврзници и производителите“. Според Песков стопирањето на доставата на гас на Бугарија и на Полска не претставува уцена. Русија и понатаму е сигурен снабдувач со енергенси ресурси и ги почитува договорените обврски, наведе Песков, додавајќи дека барањето за плаќање во рубљи е чисто техничко и оти не се менува цената и другите услови од договорот.

The post Песков: Русија може да ја стопира испораката на гас и за други европски држави appeared first on Република.

]]>
Москва: Украина сервира лаги за касетна и вакумска муниција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moskva-ukraina-servira-lagi-za-kasetna-i-vakumska-municija/ Tue, 01 Mar 2022 12:36:40 +0000 https://republika.mk/?p=465869

Амбасадорката на Украина во САД, Оксана Маркарова, во понеделникот ја обвини Русија за употреба на вакуумска бомба во североисточниот украински град Октирка.

Амнести интернешенел и Хјуман рајтс воч понатаму изјавија дека Русија користела забранета касетна муниција, наводно со нив за да пука во предучилишна установа каде што има цивили.

Извештаите кои ја обвинуваат Русија за употреба на касетна и вакумска муниција во конфликтот во Украина се „лажни“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Руските трупи не вршат никакви удари врз цивилната инфраструктура или станбените комплекси. Тоа не доаѓа предвид. Зборуваме само за демилитаризација на Украина, за воени објекти - рече Песков, а пренесува „Спутник“.

Важно е да се забележи дека во голем број случаи што ги спомнавте, зборуваме за напади од истите националистички единици кои користат цивилни објекти како жив штит, додаде тој.

Руската армија и народните милиции на Доњецк и Луганск пријавија повеќе случаи на украински доброволни баталјони кои користеле Артилерија Град против во урбаните области.

Слични напади се забележани и врз градови во републиките во Донбас. Руското Министерство за одбрана ја обвини украинската армија и националистичките единици за распоредување артилериски и минофрлачки системи во населени места.

The post Москва: Украина сервира лаги за касетна и вакумска муниција appeared first on Република.

]]>

Амбасадорката на Украина во САД, Оксана Маркарова, во понеделникот ја обвини Русија за употреба на вакуумска бомба во североисточниот украински град Октирка. Амнести интернешенел и Хјуман рајтс воч понатаму изјавија дека Русија користела забранета касетна муниција, наводно со нив за да пука во предучилишна установа каде што има цивили. Извештаите кои ја обвинуваат Русија за употреба на касетна и вакумска муниција во конфликтот во Украина се „лажни“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Руските трупи не вршат никакви удари врз цивилната инфраструктура или станбените комплекси. Тоа не доаѓа предвид. Зборуваме само за демилитаризација на Украина, за воени објекти - рече Песков, а пренесува „Спутник“.
Важно е да се забележи дека во голем број случаи што ги спомнавте, зборуваме за напади од истите националистички единици кои користат цивилни објекти како жив штит, додаде тој. Руската армија и народните милиции на Доњецк и Луганск пријавија повеќе случаи на украински доброволни баталјони кои користеле Артилерија Град против во урбаните области. Слични напади се забележани и врз градови во републиките во Донбас. Руското Министерство за одбрана ја обвини украинската армија и националистичките единици за распоредување артилериски и минофрлачки системи во населени места.

The post Москва: Украина сервира лаги за касетна и вакумска муниција appeared first on Република.

]]>