Димитриеска Кочоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dimitrieska-kochoska/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 13:19:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Димитриеска Кочоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dimitrieska-kochoska/ 32 32 Тошковски и Димитриеска-Кочоска: Потпишан Меморандум за соработка со цел поголема ефикасност во справување со организираниот криминал и корупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-i-dimitrieska-kochoska-potpishan-memorandum-za-sorabotka-so-tsel-pogolema-efikasnost-vo-spravuvane-so-organiziraniot-kriminal-i-koruptsija/ Fri, 22 Nov 2024 13:19:39 +0000 https://republika.mk/?p=840858

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска потпишаа Меморандум за соработка кој има за цел двете министерства да постигнат поголема ефикасност во справување со организираниот криминал и корупција и обезбедување на брзи, координирани и ефективни одговори. Воедно на настанот од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и директорот на Царинската управа Бобан Николовски беше потпишан Протоколот за спроведување на меморандумот меѓу двете министерства што ја уредува и конкретизира соработката меѓу нив со цел ефикасна борба против сите видови криминал.

Министерот Тошковски потенцираше дека ваквиот начин на соработка е круцијален доколку сакаме да имаме сеопфатен и ефективен пристап во борба против организираниот криминал.

„Овие документи кои ги потпишуваме денес се реално наоѓање начин на усогласување за како да се спротивставиме на сите предизвици коишто на некој начин го уништуваат нашето општество. Сметам дека со посветена, стручна и професионална соработка помеѓу институциите тоа може да се покаже на дело. Пример за тоа е една одлична спроведена акција како што беше акцијата при која изнесе 14 цариници и полициски службеници и други службеници во рамки на институциите, пред лицето на правдата коишто злоупотребувајќи ја довербата на граѓаните истите се стекнувале со незаконски средства. Со добра и организирана соработка помеѓу службите во МВР, БЈБ и царинските служби видовме дека можело да се остварат резултати. Тоа е нашата цел, затоа постојат овие институции и само на таков начин можеме да покажеме дека навистина имаме волја да се бориме против организираниот криминал и корупција. Сигурен сум во потенцијалот на луѓето и институциите, само треба да се фокусираме, да ја знаеме која е крајната цел и да се стремиме кон нејзино остварување.“, истакна министерот Тошковски.

https://www.youtube.com/watch?v=cTUY-_b3Gl8&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Тошковски и Димитриеска-Кочоска: Потпишан Меморандум за соработка со цел поголема ефикасност во справување со организираниот криминал и корупција appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска потпишаа Меморандум за соработка кој има за цел двете министерства да постигнат поголема ефикасност во справување со организираниот криминал и корупција и обезбедување на брзи, координирани и ефективни одговори. Воедно на настанот од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и директорот на Царинската управа Бобан Николовски беше потпишан Протоколот за спроведување на меморандумот меѓу двете министерства што ја уредува и конкретизира соработката меѓу нив со цел ефикасна борба против сите видови криминал. Министерот Тошковски потенцираше дека ваквиот начин на соработка е круцијален доколку сакаме да имаме сеопфатен и ефективен пристап во борба против организираниот криминал. „Овие документи кои ги потпишуваме денес се реално наоѓање начин на усогласување за како да се спротивставиме на сите предизвици коишто на некој начин го уништуваат нашето општество. Сметам дека со посветена, стручна и професионална соработка помеѓу институциите тоа може да се покаже на дело. Пример за тоа е една одлична спроведена акција како што беше акцијата при која изнесе 14 цариници и полициски службеници и други службеници во рамки на институциите, пред лицето на правдата коишто злоупотребувајќи ја довербата на граѓаните истите се стекнувале со незаконски средства. Со добра и организирана соработка помеѓу службите во МВР, БЈБ и царинските служби видовме дека можело да се остварат резултати. Тоа е нашата цел, затоа постојат овие институции и само на таков начин можеме да покажеме дека навистина имаме волја да се бориме против организираниот криминал и корупција. Сигурен сум во потенцијалот на луѓето и институциите, само треба да се фокусираме, да ја знаеме која е крајната цел и да се стремиме кон нејзино остварување.“, истакна министерот Тошковски. https://www.youtube.com/watch?v=cTUY-_b3Gl8&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Тошковски и Димитриеска-Кочоска: Потпишан Меморандум за соработка со цел поголема ефикасност во справување со организираниот криминал и корупција appeared first on Република.

]]>
Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, вели Димитриеска-Кочоска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edna-banka-prifatila-da-subventsionira-del-od-kamatata-za-kreditite-za-firmite-od-zaemot-od-ungarija-veli-dimitrieska-kochoska/ Mon, 11 Nov 2024 20:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=836537

Mинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информира дека една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија. Притоа таа не откри дали станува збор за една од трите најголеми банки во земјата.

Вечерва во интервју за 360 степени Димитриеска-Кочоска посочи дека на неколкуте состаноци досега банките генерално се изјасниле против ваквата идеја. Сепак, посочи, од една банка, на посебен состанок со премиерот Христијан Мицкоски, се согласиле со иницијативата на владата за покривање на дел од трошоците за кредитите наменети за бизнисот. Најави дека деталите ќе се договорат на следниот состанок со Mакедонската банкарска асоцијација што ќе се одржи во недела, а на кој ќе присуствува и премиерот.

На прашање зошто досега не успеале да се договорат со банките, таа одговори дека чекале да се префрлат парите.

-Чекавме да се префрлат парите, да легнат на сметки и да видиме како ќе ги префрлиме кон Развојната банка. Притоа, зборувавме дека каматната стапка е 3,25 проценти и таа ќе остане. Целта на владата е каматната стапка да биде таа по која сме го земале кредитот. Тука имавме дискусија, дали банките, на некој начин, ќе учествуваат во субвенционирање на каматната стапка, иако сакам да кажам дека досега од 2011 година па наваму, повлечени се повеќе од 650 милиони евра по различни кредитни линии, за кои каматната стапка ја субвенционирала државата, рече Димитриеска-Кочоска.

На прашањето дали сите пари може да одат преку една банка ако останатите не прифатат, министерката вели дека во тој случај не би имало ништо спорно, но преферираат поголема вклученост на банкарскиот сектор.

Во однос на еднократните провизии и другите услови на банките, Димитиреска-Кочоска посочи дека Владата сака сè да влезе во рамки на каматната стапка од 3,25 проценти.

Министерката кажа дека не знае колку од најавените сто милиони евра за општините ќе се реализираат до крајот на годинава.

Инаку, досега се склучени договори со општините во износ од околу 65-66 милиони евра. Министерката вели дека нема проценка колку од овие пари ќе им бидат префрлени на општините до крајот на годината. Таа образложи дека најпрвин треба да завршат со потпишување на договорите.

-Не можам да знам. Нека завршат со потпишување на договорите, па да видиме. Различно е ако зборуваме за инфраструктура во насока на тоа пат да се направи, многу побрзо е. Ние велевме дека станува збор за проекти што се комплетно готови и со кои, по склучување на договорот, веднаш може да се работи. Е сега вие ако зборувате за одреден пат, многу побрзо ќе оди реализацијата. Но, ако зборуваме за доградба на некое училиште, тогаш би било поинакиу. Е затоа однапред не можам да кажам ништо. Да ги видиме договорите, рече Димитриеска-Кочоска.

Таа потсети дека има многу голема разлика меѓу јавните набавки и планирањето на јавните набавки и буџетот.

- Има многу голема разлика меѓу јавните набавки и планирањето на јавните набавки и буџетот. И тука треба сите да се согласиме. Но, законот, така велат претходните министри за финансии, подразбира дека кога планираш одредена инвестиција или каков било договор, мора да ги имаш предвидено парите во буџетот. И сега јас се согласувам – смешно е, но они велат мора да ги имате планирано и ние сме ги планирале. Дали ќе се реализираат или не, ќе видиме до крајот на годината. И ова е една од темите што планирам да ја разговарам во периодот што следи, додаде министерката.

На прашање за што ќе се потрошат остатокот од средствата што до крајот на годината нема да им бидат префрлени на општините, Димитриеска-Кочоска потенцираше дека сигурно ќе има прераспределба во рамки на буџетот.

Како што информира министерката, во буџетот за 2025 година за оваа намена се предвидени 250 милиони евра. Таа подвлече дека министерот за финансии не може да префрла пари директно до општините, туку тоа мора да оди преку некое ресорно министерство.

-Министерот за финансии не може да префрла пари директно до општините. Мора да оди преку некое ресорно министерство. Ако во овој момент ги прашаме ресорните министри колку на следниот повик ќе учествуваат општините со одредени проекти кај вас? На пример, министерот за транспорт и министерот за образование. Не знаат. Кога не знаат, зошто јас да планирам, односно како од функции на државата да ги спуштам парите и каде да ги носам. Тоа е одговор на претходното прашање дека вие гледате 75 милиони, а ние велиме сто милиони се предвидени. Ние средства обезбедуваме, меѓутоа не можеме да ги спуштиме по министерства се додека не добиеме прецизна пресметка кое министерство и колкава потреба има, рече Димитриеска-Кочоска.

The post Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, вели Димитриеска-Кочоска appeared first on Република.

]]>

Mинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информира дека една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија. Притоа таа не откри дали станува збор за една од трите најголеми банки во земјата. Вечерва во интервју за 360 степени Димитриеска-Кочоска посочи дека на неколкуте состаноци досега банките генерално се изјасниле против ваквата идеја. Сепак, посочи, од една банка, на посебен состанок со премиерот Христијан Мицкоски, се согласиле со иницијативата на владата за покривање на дел од трошоците за кредитите наменети за бизнисот. Најави дека деталите ќе се договорат на следниот состанок со Mакедонската банкарска асоцијација што ќе се одржи во недела, а на кој ќе присуствува и премиерот. На прашање зошто досега не успеале да се договорат со банките, таа одговори дека чекале да се префрлат парите. -Чекавме да се префрлат парите, да легнат на сметки и да видиме како ќе ги префрлиме кон Развојната банка. Притоа, зборувавме дека каматната стапка е 3,25 проценти и таа ќе остане. Целта на владата е каматната стапка да биде таа по која сме го земале кредитот. Тука имавме дискусија, дали банките, на некој начин, ќе учествуваат во субвенционирање на каматната стапка, иако сакам да кажам дека досега од 2011 година па наваму, повлечени се повеќе од 650 милиони евра по различни кредитни линии, за кои каматната стапка ја субвенционирала државата, рече Димитриеска-Кочоска. На прашањето дали сите пари може да одат преку една банка ако останатите не прифатат, министерката вели дека во тој случај не би имало ништо спорно, но преферираат поголема вклученост на банкарскиот сектор. Во однос на еднократните провизии и другите услови на банките, Димитиреска-Кочоска посочи дека Владата сака сè да влезе во рамки на каматната стапка од 3,25 проценти. Министерката кажа дека не знае колку од најавените сто милиони евра за општините ќе се реализираат до крајот на годинава. Инаку, досега се склучени договори со општините во износ од околу 65-66 милиони евра. Министерката вели дека нема проценка колку од овие пари ќе им бидат префрлени на општините до крајот на годината. Таа образложи дека најпрвин треба да завршат со потпишување на договорите. -Не можам да знам. Нека завршат со потпишување на договорите, па да видиме. Различно е ако зборуваме за инфраструктура во насока на тоа пат да се направи, многу побрзо е. Ние велевме дека станува збор за проекти што се комплетно готови и со кои, по склучување на договорот, веднаш може да се работи. Е сега вие ако зборувате за одреден пат, многу побрзо ќе оди реализацијата. Но, ако зборуваме за доградба на некое училиште, тогаш би било поинакиу. Е затоа однапред не можам да кажам ништо. Да ги видиме договорите, рече Димитриеска-Кочоска. Таа потсети дека има многу голема разлика меѓу јавните набавки и планирањето на јавните набавки и буџетот. - Има многу голема разлика меѓу јавните набавки и планирањето на јавните набавки и буџетот. И тука треба сите да се согласиме. Но, законот, така велат претходните министри за финансии, подразбира дека кога планираш одредена инвестиција или каков било договор, мора да ги имаш предвидено парите во буџетот. И сега јас се согласувам – смешно е, но они велат мора да ги имате планирано и ние сме ги планирале. Дали ќе се реализираат или не, ќе видиме до крајот на годината. И ова е една од темите што планирам да ја разговарам во периодот што следи, додаде министерката. На прашање за што ќе се потрошат остатокот од средствата што до крајот на годината нема да им бидат префрлени на општините, Димитриеска-Кочоска потенцираше дека сигурно ќе има прераспределба во рамки на буџетот. Како што информира министерката, во буџетот за 2025 година за оваа намена се предвидени 250 милиони евра. Таа подвлече дека министерот за финансии не може да префрла пари директно до општините, туку тоа мора да оди преку некое ресорно министерство. -Министерот за финансии не може да префрла пари директно до општините. Мора да оди преку некое ресорно министерство. Ако во овој момент ги прашаме ресорните министри колку на следниот повик ќе учествуваат општините со одредени проекти кај вас? На пример, министерот за транспорт и министерот за образование. Не знаат. Кога не знаат, зошто јас да планирам, односно како од функции на државата да ги спуштам парите и каде да ги носам. Тоа е одговор на претходното прашање дека вие гледате 75 милиони, а ние велиме сто милиони се предвидени. Ние средства обезбедуваме, меѓутоа не можеме да ги спуштиме по министерства се додека не добиеме прецизна пресметка кое министерство и колкава потреба има, рече Димитриеска-Кочоска.

The post Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, вели Димитриеска-Кочоска appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Нема причина за сомнеж, капиталните инвестиции се реални и ќе бидат реализирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-nema-prichina-za-somnezh-kapitalnite-investitsii-se-realni-i-ke-bidat-realizirani/ Tue, 29 Oct 2024 18:08:21 +0000 https://republika.mk/?p=832212

Земјава била опомената од Светска банка дека изминатите неколку години воопшто не се внимавало на спроведувањето на проектите што ги финансира оваа меѓународна институција, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на Предлог-буџетот за 2025 година што го усвои Владата, Димитриеска-Кочоска потенцира дека проектираните капитални инвестиции се реални и нема причина за сомнеж дека ќе бидат реализирани.

Според министерката, од ставката за капитални инвестиции, вредна 50,65 милијарди денари, не може да се крати, зашто најмногу средства се предевидени од кредити.

Димитриеска-Кочоска потврди дека во март ќе има зголемување на пензиите за 2 500 денари, а за раст на платите, објасни, покрај предвидените 5,5 милијарди денари, ќе има и бафери во случај да се постигне договор на Економско-социјалниот совет за нешто плус од она што е планирано со буџетот. Најави и законско усогласување зашто сегашното решение, како што повтори, не соодветствува на политиката за линеарен раст на платите и пензиите.

Министерката рече и дека кон ПИОМ за раст на платите ќе отидат околу 24 милијарди денари, додека за пензиите не можеше да прецизира конкетни бројки.

-Не може да се крати од ставката за капитални инвестиции зашто најмногу средства имаме предвидено од кредити. Никогаш со кредити не биле финансирани толку проекти како сега. Во САД минатата недела имав разговори со Светска банка и бевме опоменати дека изминатите неколку години воопшто не се внимавало на реализација на проектите што тие ги финансираат. Денеска на Влада многу разговаравме за реализација на тие проекти. Нема причина да се сомневаме дека нема да има реализација. Суштината е како ќе се организираат министрите. Овие министри се подготвени, работат напорно за да може да се одглават проектите кои беа заглавени. Ако ги одглавиме проектите, ќе има реалзиација. Ако зборуваме за парите во капитални инвестиции, зборуваме за реални инвестиции, а не за трансфери како во изминатиот период кои завршуваа за исплата на плати или за купување суровини, нагласи Димитриеска-Кочоска.

Вкупно, рече, 105 милијарди денари ќе отидат кон ПИОМ, но тоа е нето ефектот.

-Колку ќе фали за да се исплатат пензиите, не можам да кажам сега, многу се стини бројките. За платите ќе има 5,5 милијарди денари од кои две одат за основно и средно образование. Останатие 3,5 милијарди се за зголемување и на останатите плати, а најверојатно и за зголемување на минималецот. Средства се предвидени плус, има и бафери ако се постигнат и други договори од плчанираното, нека завршат разговорите во ЕСС, најважно е дека има срества 5,5 милијарди плус бафери...., рече Димитриеска-Кочоска, додавајќи дека за Фондот за здравство има 5,2 милијарди.

Во однос на јавниот долг, нагласи, се ќе зависи како ќе се задолжуваат јавните претпријатија.

-Ако го гледаме она што Министерството за финансии директно може да го контролира, државниот долг нема да ги надмине 60-те проценти. Во однос на јавниот долг, се ќе зависи од тоа какви информации ќе добиеме и од јавните претпријатија во однос на нивната реализација. Вкупно 500 милиони евра е еврообврзницата во јануари, ги обезбедуваме средствата, ќе ја рефинансираме, плус тековни околу две милијарди, но има и државни хартии од вредност кои не влегуваат во Буџетот, информира министерката.

Прашањето дали ќе продолжи мерката за маржите, Димитриеска-Кочоска ги упати новинарите да му го постават на министерот за економија.

The post Димитриеска-Кочоска: Нема причина за сомнеж, капиталните инвестиции се реални и ќе бидат реализирани appeared first on Република.

]]>

Земјава била опомената од Светска банка дека изминатите неколку години воопшто не се внимавало на спроведувањето на проектите што ги финансира оваа меѓународна институција, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на Предлог-буџетот за 2025 година што го усвои Владата, Димитриеска-Кочоска потенцира дека проектираните капитални инвестиции се реални и нема причина за сомнеж дека ќе бидат реализирани. Според министерката, од ставката за капитални инвестиции, вредна 50,65 милијарди денари, не може да се крати, зашто најмногу средства се предевидени од кредити. Димитриеска-Кочоска потврди дека во март ќе има зголемување на пензиите за 2 500 денари, а за раст на платите, објасни, покрај предвидените 5,5 милијарди денари, ќе има и бафери во случај да се постигне договор на Економско-социјалниот совет за нешто плус од она што е планирано со буџетот. Најави и законско усогласување зашто сегашното решение, како што повтори, не соодветствува на политиката за линеарен раст на платите и пензиите. Министерката рече и дека кон ПИОМ за раст на платите ќе отидат околу 24 милијарди денари, додека за пензиите не можеше да прецизира конкетни бројки. -Не може да се крати од ставката за капитални инвестиции зашто најмногу средства имаме предвидено од кредити. Никогаш со кредити не биле финансирани толку проекти како сега. Во САД минатата недела имав разговори со Светска банка и бевме опоменати дека изминатите неколку години воопшто не се внимавало на реализација на проектите што тие ги финансираат. Денеска на Влада многу разговаравме за реализација на тие проекти. Нема причина да се сомневаме дека нема да има реализација. Суштината е како ќе се организираат министрите. Овие министри се подготвени, работат напорно за да може да се одглават проектите кои беа заглавени. Ако ги одглавиме проектите, ќе има реалзиација. Ако зборуваме за парите во капитални инвестиции, зборуваме за реални инвестиции, а не за трансфери како во изминатиот период кои завршуваа за исплата на плати или за купување суровини, нагласи Димитриеска-Кочоска. Вкупно, рече, 105 милијарди денари ќе отидат кон ПИОМ, но тоа е нето ефектот. -Колку ќе фали за да се исплатат пензиите, не можам да кажам сега, многу се стини бројките. За платите ќе има 5,5 милијарди денари од кои две одат за основно и средно образование. Останатие 3,5 милијарди се за зголемување и на останатите плати, а најверојатно и за зголемување на минималецот. Средства се предвидени плус, има и бафери ако се постигнат и други договори од плчанираното, нека завршат разговорите во ЕСС, најважно е дека има срества 5,5 милијарди плус бафери...., рече Димитриеска-Кочоска, додавајќи дека за Фондот за здравство има 5,2 милијарди. Во однос на јавниот долг, нагласи, се ќе зависи како ќе се задолжуваат јавните претпријатија. -Ако го гледаме она што Министерството за финансии директно може да го контролира, државниот долг нема да ги надмине 60-те проценти. Во однос на јавниот долг, се ќе зависи од тоа какви информации ќе добиеме и од јавните претпријатија во однос на нивната реализација. Вкупно 500 милиони евра е еврообврзницата во јануари, ги обезбедуваме средствата, ќе ја рефинансираме, плус тековни околу две милијарди, но има и државни хартии од вредност кои не влегуваат во Буџетот, информира министерката. Прашањето дали ќе продолжи мерката за маржите, Димитриеска-Кочоска ги упати новинарите да му го постават на министерот за економија.

The post Димитриеска-Кочоска: Нема причина за сомнеж, капиталните инвестиции се реални и ќе бидат реализирани appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Ги стабилизираме состојбите, растот на економијата ќе го поттикнеме со инвестиции, а тоа ќе влијае на намалување на јавниот долг https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-gi-stabilizirame-sostojbite-rastot-na-ekonomijata-ke-go-pottikneme-so-investitsii-a-toa-ke-vlijae-na-namaluvane-na-javniot-dolg/ Sat, 26 Oct 2024 09:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=831213

Состојбата со јавните финансии ќе ја стабилизираме. Буџетскиот дефицит за наредната година е планиран на пониско ниво, а истовремено очекуваме растот за годинава да го надмине проектираниот од 2,1%, и во следната да забрза на 3,7%. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на ТВ Сител од Вашингтон, каде учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.

„Проекцијата за раст за оваа година е 2,1% и остануваме на таа проекција, но јас сум повеќе оптимист дека на крајот на годината ќе имаме раст над 2,1%. Тоа го темелиме на ефикасноста во работатата на институциите, на раздвижување на активностите на реализацијата на проектите од Коридорот 8 и 10Д.,како и на реализација на проектите на општините. Како резултат на сето тоа ќе има раст“, рече министерката Димитриеска-Кочоска, која додаде дека во наредната година се очекува раст од 3,7%, имајќи ги предвид очекувањата за раст на глобалната економија, особено на Германија како наш најголем трговски партнер, како и политиките на Владата.

Според министерката важно е дека на среден рок растот на БДП ќе влијае на намалување на нивото на јавениот долг.

„Секое задолжување значи раст на јавниот долг. Но ако се задолжиме за инвестиции коишто ќе дадат додадена вредност на економијата, во еден краток период ќе има повисоко ниво на јавен долг, но на еден среден рок како ќе расте економијата , нивото на јавен долг ќе се намалува. Оттука приоритет треба да бидат задолжувања коишто треба да завршуваат во квалитетни проекти коишто ќе додадат вредност на БДП и ќе имаме раст“, рече министерката за финансии.

Посочувајќи на податоци за реализација на буџетскиот дефицит на месечно ниво годинава и дека во периодот до преземање на власта има реализација на 71% од планираниот дефицит, истакна дека за следната година е планирано пониско ниво на буџетски дефицит.

Се осврна на средбите коишто ги реализира во Вашингтон, при што наведе дека се важни состаноците коишто ги одржа со финансиските институции коишто се вклучени во процесот на издавање на еврообврзниците на нашата земја и дека е важно тие да бидат редовно информирани за состојбите, а со цел, како што рече, кога ќе излеземе на пазарот со нова еврообврзница да добиеме многу подобри услови.

The post Димитриеска-Кочоска: Ги стабилизираме состојбите, растот на економијата ќе го поттикнеме со инвестиции, а тоа ќе влијае на намалување на јавниот долг appeared first on Република.

]]>

Состојбата со јавните финансии ќе ја стабилизираме. Буџетскиот дефицит за наредната година е планиран на пониско ниво, а истовремено очекуваме растот за годинава да го надмине проектираниот од 2,1%, и во следната да забрза на 3,7%. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на ТВ Сител од Вашингтон, каде учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка. „Проекцијата за раст за оваа година е 2,1% и остануваме на таа проекција, но јас сум повеќе оптимист дека на крајот на годината ќе имаме раст над 2,1%. Тоа го темелиме на ефикасноста во работатата на институциите, на раздвижување на активностите на реализацијата на проектите од Коридорот 8 и 10Д.,како и на реализација на проектите на општините. Како резултат на сето тоа ќе има раст“, рече министерката Димитриеска-Кочоска, која додаде дека во наредната година се очекува раст од 3,7%, имајќи ги предвид очекувањата за раст на глобалната економија, особено на Германија како наш најголем трговски партнер, како и политиките на Владата. Според министерката важно е дека на среден рок растот на БДП ќе влијае на намалување на нивото на јавениот долг. „Секое задолжување значи раст на јавниот долг. Но ако се задолжиме за инвестиции коишто ќе дадат додадена вредност на економијата, во еден краток период ќе има повисоко ниво на јавен долг, но на еден среден рок како ќе расте економијата , нивото на јавен долг ќе се намалува. Оттука приоритет треба да бидат задолжувања коишто треба да завршуваат во квалитетни проекти коишто ќе додадат вредност на БДП и ќе имаме раст“, рече министерката за финансии. Посочувајќи на податоци за реализација на буџетскиот дефицит на месечно ниво годинава и дека во периодот до преземање на власта има реализација на 71% од планираниот дефицит, истакна дека за следната година е планирано пониско ниво на буџетски дефицит. Се осврна на средбите коишто ги реализира во Вашингтон, при што наведе дека се важни состаноците коишто ги одржа со финансиските институции коишто се вклучени во процесот на издавање на еврообврзниците на нашата земја и дека е важно тие да бидат редовно информирани за состојбите, а со цел, како што рече, кога ќе излеземе на пазарот со нова еврообврзница да добиеме многу подобри услови.

The post Димитриеска-Кочоска: Ги стабилизираме состојбите, растот на економијата ќе го поттикнеме со инвестиции, а тоа ќе влијае на намалување на јавниот долг appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Не верувам дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-ne-veruvam-deka-do-krajot-na-godinata-ke-ima-namaluvane-na-javniot-dolg/ Fri, 04 Oct 2024 14:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=822803

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска не верува дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг. Во изјава за медиумите во Штип, министерката рече дека проекциите се и претпоставка е дека јавниот долг ќе изнесува 66 проценти.

- Тоа е максималниот износ, што е проектиран. Не верувам годинава дека ќе може да има намалување. Но, затоа работиме на промена на концептот, како ја гледаме иднината и како ќе ја развиваме економијата преку инвестиции, поголем економски раст. Секако дека полека ќе го консолидираме и јавниот долг, изјави Димитриеска-Кочоска.

Прашана за реакциите од одредени компании дека немаат редовен поврат на ДДВ, Димитриеска-Кочоска рече дека неможе да се согласи дека фирмите чекаат долг период.

- Ние секој месец вршиме поврат на ДДВ. Има компании кај коишто можеби подолго се чека, затоа што има одредени ситуации што дополнително треба да се испитаат. Идејата е дека најголемата злоупотреба што се случувала во изминатите седум години била токму во делот на повратот на ДДВ што значи дека во тој дел, одиме внимателно, уште еднаш со дополнителни проверки. Да не заборавиме од претходното раководство во Управата за јавни приходи има отворени налози во износ од повеќе од милјарда и четиристотини милиони денари по основ на стари предмети, посочи Димитриеска-Кочоска.

Истакна дека заедно со тим од Управата за јавни приходи работат на ваквите предмети и како што завршуваат, така и се врши повратот на ДДВ на фирмите.

За следната година во буџетот, како што изјави денеска Димитриеска-Кочоска, не се предвидени пари за ЕСМ. Се согласува дека ЕСМ е во страшно лоша состојба но, како што посочи, до крајот на наредната недела се чека да се склучи договор со домашните банки за кредитирање преку кои ќе ги затворат постоечките долгови, кои се повеќе од 100 милиони евра.

- Најважно од се е дека менаџментот на ЕСМ работи посветено и компанијата ќе има обезбедено подобри услови за идниот период за да си го сервисира кредитот што сега го зема, вели Димитриеска-Кочоска.

The post Димитриеска-Кочоска: Не верувам дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг appeared first on Република.

]]>

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска не верува дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг. Во изјава за медиумите во Штип, министерката рече дека проекциите се и претпоставка е дека јавниот долг ќе изнесува 66 проценти. - Тоа е максималниот износ, што е проектиран. Не верувам годинава дека ќе може да има намалување. Но, затоа работиме на промена на концептот, како ја гледаме иднината и како ќе ја развиваме економијата преку инвестиции, поголем економски раст. Секако дека полека ќе го консолидираме и јавниот долг, изјави Димитриеска-Кочоска. Прашана за реакциите од одредени компании дека немаат редовен поврат на ДДВ, Димитриеска-Кочоска рече дека неможе да се согласи дека фирмите чекаат долг период. - Ние секој месец вршиме поврат на ДДВ. Има компании кај коишто можеби подолго се чека, затоа што има одредени ситуации што дополнително треба да се испитаат. Идејата е дека најголемата злоупотреба што се случувала во изминатите седум години била токму во делот на повратот на ДДВ што значи дека во тој дел, одиме внимателно, уште еднаш со дополнителни проверки. Да не заборавиме од претходното раководство во Управата за јавни приходи има отворени налози во износ од повеќе од милјарда и четиристотини милиони денари по основ на стари предмети, посочи Димитриеска-Кочоска. Истакна дека заедно со тим од Управата за јавни приходи работат на ваквите предмети и како што завршуваат, така и се врши повратот на ДДВ на фирмите. За следната година во буџетот, како што изјави денеска Димитриеска-Кочоска, не се предвидени пари за ЕСМ. Се согласува дека ЕСМ е во страшно лоша состојба но, како што посочи, до крајот на наредната недела се чека да се склучи договор со домашните банки за кредитирање преку кои ќе ги затворат постоечките долгови, кои се повеќе од 100 милиони евра. - Најважно од се е дека менаџментот на ЕСМ работи посветено и компанијата ќе има обезбедено подобри услови за идниот период за да си го сервисира кредитот што сега го зема, вели Димитриеска-Кочоска.

The post Димитриеска-Кочоска: Не верувам дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг appeared first on Република.

]]>
Димитриеска – Кочоска: Не постои место или општина во Македонија каде што професорката Силјановска Давкова нема убедлива предност пред Пендаровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-ne-postoi-mesto-ili-opshtina-vo-makedonija-kade-shto-profesorkata-siljanovska-davkova-nema-ubedliva-prednost-pred-pendarovski/ Wed, 24 Apr 2024 19:17:12 +0000 https://republika.mk/?p=770449

Не постои место или општина во Македонија каде што професорката Силјановска Давкова нема убедлива предност, и така очекуваме дека ќе завршат резултатите до крај, порача потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска – Кочоска.

Домитриеска – Кочоска изјави и дека опозициската партија очекува уште поголема излезност во вториот круг, кога ќе се одржат и парламентарните избори

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ инсистира дека победата на парламентарните партии на нејзината партија ќе биде уште поголема.

The post Димитриеска – Кочоска: Не постои место или општина во Македонија каде што професорката Силјановска Давкова нема убедлива предност пред Пендаровски appeared first on Република.

]]>

Не постои место или општина во Македонија каде што професорката Силјановска Давкова нема убедлива предност, и така очекуваме дека ќе завршат резултатите до крај, порача потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска – Кочоска. Домитриеска – Кочоска изјави и дека опозициската партија очекува уште поголема излезност во вториот круг, кога ќе се одржат и парламентарните избори Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ инсистира дека победата на парламентарните партии на нејзината партија ќе биде уште поголема.

The post Димитриеска – Кочоска: Не постои место или општина во Македонија каде што професорката Силјановска Давкова нема убедлива предност пред Пендаровски appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Потпишувањето на 100 милиони евра кредит за ЕСМ не е за прес конференции, туку најголем пораз кој до сега се има случено https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-potpishuvaneto-na-100-milioni-evra-kredit-za-esm-ne-e-za-pres-konferentsii-tuku-najgolem-poraz-koj-do-sega-se-ima-slucheno/ Tue, 22 Aug 2023 16:38:01 +0000 https://republika.mk/?p=674690

Министре, пресов Ви е како за на мали деца да им поткажете нешто и да ги подлажете...

1. Споредба на реализација на Буџетот дајте со планот за 2023. Потоа може да заклучувате дали е добро или не.

2. Пред нето ДДВ има една ставка која се вика "Исплата на поврат на ДДВ". Ќе замолам вашите служби да проверат (кога веќе вие не знаете) колку изнесува. Не мора да прашате во УЈП, прашајте го стопанството по колку време си ги чека парите. Е, кога таа ставка ќе биде реална, тогаш кај ДДВ немате раст од 4,8% туку помалку во однос на лани. А колкава требаше да биде во однос на лани знаете? Проверете се уште еднаш, ве молам.

По ДДВ-то се гледа дека нешто не е добро со економијата. И тоа очекувам да одговорите што е. Грешно планирање, сива економија или ја пеплосавте, економијата.

И второ потпишувањето на 100 милиони евра кредит за ЕСМ не е за прес конференции, туку најголем пораз кој до сега се има случено. 100 милиони евра се пари кои наместо за инвестиции, ќе завршат за покривање на редовно работење, плати и скапи тендери во четири очи за ископи и што уште не. Пораз е најголемата компнија во државна сопственост да се донесе во таков колапс, да биде загубар со години и да не може да си обезбеди плати за своите вработени.

Но, ве разбирам, иако не оправдувам, вие како министер славите денес зошто нема да вршите исплата на милионски износи од буџетот кон ЕСМ како досега. Ионака нема веќе од каде да исплаќате. Како што започнав буџетот не е полн, туку за жал празен.

П.С. На крај ДДВ според ваши проекции треба да биде за 21,21% повеќе од 2022 за да можат да се остварат оние 1.276 милиони евра кои сами сте ги планирале.

The post Димитриеска Кочоска: Потпишувањето на 100 милиони евра кредит за ЕСМ не е за прес конференции, туку најголем пораз кој до сега се има случено appeared first on Република.

]]>

Министре, пресов Ви е како за на мали деца да им поткажете нешто и да ги подлажете... 1. Споредба на реализација на Буџетот дајте со планот за 2023. Потоа може да заклучувате дали е добро или не. 2. Пред нето ДДВ има една ставка која се вика "Исплата на поврат на ДДВ". Ќе замолам вашите служби да проверат (кога веќе вие не знаете) колку изнесува. Не мора да прашате во УЈП, прашајте го стопанството по колку време си ги чека парите. Е, кога таа ставка ќе биде реална, тогаш кај ДДВ немате раст од 4,8% туку помалку во однос на лани. А колкава требаше да биде во однос на лани знаете? Проверете се уште еднаш, ве молам. По ДДВ-то се гледа дека нешто не е добро со економијата. И тоа очекувам да одговорите што е. Грешно планирање, сива економија или ја пеплосавте, економијата. И второ потпишувањето на 100 милиони евра кредит за ЕСМ не е за прес конференции, туку најголем пораз кој до сега се има случено. 100 милиони евра се пари кои наместо за инвестиции, ќе завршат за покривање на редовно работење, плати и скапи тендери во четири очи за ископи и што уште не. Пораз е најголемата компнија во државна сопственост да се донесе во таков колапс, да биде загубар со години и да не може да си обезбеди плати за своите вработени. Но, ве разбирам, иако не оправдувам, вие како министер славите денес зошто нема да вршите исплата на милионски износи од буџетот кон ЕСМ како досега. Ионака нема веќе од каде да исплаќате. Како што започнав буџетот не е полн, туку за жал празен. П.С. На крај ДДВ според ваши проекции треба да биде за 21,21% повеќе од 2022 за да можат да се остварат оние 1.276 милиони евра кои сами сте ги планирале.

The post Димитриеска Кочоска: Потпишувањето на 100 милиони евра кредит за ЕСМ не е за прес конференции, туку најголем пораз кој до сега се има случено appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Ковачевски да одговори без лаги и спинови, кој од двата предлози го прифаќаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-kovachevski-da-odgovori-bez-lagi-i-spinovi-koj-od-dvata-predlozi-go-prifakaat/ Mon, 12 Jun 2023 11:36:51 +0000 https://republika.mk/?p=650457

Очигледно СДС многу повеќе се занимава со производство на лажни вести поврзани со уставните измени, отколку што се занимава со решавање на економските проблеми во државата, рече на денешната прес конференција потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска.

За Ковачевски приоритет е да ја убедува јавноста во лажната вест дека ВМРО-ДПМНЕ наводно прифаќа уставни измени под бугарски диктат од тоа да се одглават евроинтегративните процеси и заштити националното достоинство на народот и државата.

За СДС поважни се лагите од среќата и напредокот на народот.

Тоа што СДС е принудена да лаже за уставните измени, да шири паника и очај е најдоброто признание дека СДС нема никаков поинаков план освен да турка уставни измени под бугарски диктат што значат капитулација на државата.

Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ опфаќаат начини како да се дојде до забрзана европска интеграција, ДУИ да оди во опозициjа по двецениски грабеж и да се зачува достоинството на државата.

ВМРО-ДПМНЕ предлага одложено дејство на уставните измени кои ќе бидат ефективни после завршување на преговорите со ЕУ и влез на Македонија во Европската Унија. На тој начин притисокот е кај другата страна, и ова ќе биде гаранција дека нема Бугарија да ја кочи државата на патот кон ЕУ.

Одложеното дејствo на уставните измени не е кршење на преговарачката рамка, туку напротив ќе се гарантира дека ќе нема дополнителни уставни и идентитетски отстапки.

Првиот предлог е формирање на преодна влада без ДУИ, измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членството на државата во ЕУ,

Вториот предлог е избори, гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур и измени од влада без ДУИ поддржана од опозицијата.

Наспроти разум, власта нуди лаги.

Ковачевски против Ковачевски. Ковачески рекол, Ковачевски порекол. Прво кажа дека лидерската средба е неуспешна, дека нема отстапли, потоа лаже дека има одговор и лаже дека уставните измени се прифатени. Згора на тоа формирал и работни групи.

Очигледно Ковачевски ќе направи се за да ги спаси ДУИ да оди во опозиција.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. БЕЗ ОДЛОЖУВАЊЕ да кажат кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за Димитар Ковачевски, овој пат очекуваме одговор без лаги и спинови, додава Димитриеска Кочоска.

https://www.youtube.com/watch?v=H0E6Q9PFpno

The post Димитриеска Кочоска: Ковачевски да одговори без лаги и спинови, кој од двата предлози го прифаќаат appeared first on Република.

]]>

Очигледно СДС многу повеќе се занимава со производство на лажни вести поврзани со уставните измени, отколку што се занимава со решавање на економските проблеми во државата, рече на денешната прес конференција потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска. За Ковачевски приоритет е да ја убедува јавноста во лажната вест дека ВМРО-ДПМНЕ наводно прифаќа уставни измени под бугарски диктат од тоа да се одглават евроинтегративните процеси и заштити националното достоинство на народот и државата. За СДС поважни се лагите од среќата и напредокот на народот. Тоа што СДС е принудена да лаже за уставните измени, да шири паника и очај е најдоброто признание дека СДС нема никаков поинаков план освен да турка уставни измени под бугарски диктат што значат капитулација на државата. Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ опфаќаат начини како да се дојде до забрзана европска интеграција, ДУИ да оди во опозициjа по двецениски грабеж и да се зачува достоинството на државата. ВМРО-ДПМНЕ предлага одложено дејство на уставните измени кои ќе бидат ефективни после завршување на преговорите со ЕУ и влез на Македонија во Европската Унија. На тој начин притисокот е кај другата страна, и ова ќе биде гаранција дека нема Бугарија да ја кочи државата на патот кон ЕУ. Одложеното дејствo на уставните измени не е кршење на преговарачката рамка, туку напротив ќе се гарантира дека ќе нема дополнителни уставни и идентитетски отстапки. Првиот предлог е формирање на преодна влада без ДУИ, измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членството на државата во ЕУ, Вториот предлог е избори, гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур и измени од влада без ДУИ поддржана од опозицијата. Наспроти разум, власта нуди лаги. Ковачевски против Ковачевски. Ковачески рекол, Ковачевски порекол. Прво кажа дека лидерската средба е неуспешна, дека нема отстапли, потоа лаже дека има одговор и лаже дека уставните измени се прифатени. Згора на тоа формирал и работни групи. Очигледно Ковачевски ќе направи се за да ги спаси ДУИ да оди во опозиција. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. БЕЗ ОДЛОЖУВАЊЕ да кажат кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за Димитар Ковачевски, овој пат очекуваме одговор без лаги и спинови, додава Димитриеска Кочоска. https://www.youtube.com/watch?v=H0E6Q9PFpno

The post Димитриеска Кочоска: Ковачевски да одговори без лаги и спинови, кој од двата предлози го прифаќаат appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Министерот за финансии рече ќе ваделе граѓанска обврзница на 50 милиони евра, тие пари сакаат да ги обезбедат од граѓаните за да го финансираат нивниот криминал https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-ministerot-za-finansii-reche-ke-vadele-graganska-obvrznitsa-na-50-milioni-evra-tie-pari-sakaat-da-gi-obezbedat-od-graganite-za-da-go-finansiraat-nivniot-kriminal/ Sun, 21 May 2023 10:43:36 +0000 https://republika.mk/?p=643190

„Слушнавме министерот за финансии кажа сега ќе ваделе граѓанска обврзница на 50 милиони евра. Значи нив им треба 50 милиони евра да обезбедат од граѓаните за да го финансираат нивниот криминал. Ништо друго освен да го финансираат криминалот“, истакна потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска при вчерашната посета на населени места како дел од теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ, „Ова е Македонија за сите“.

Димитриеска Кочоска додаде дека секојдневно граѓаните гледаат и сведоци се дека освен криминал и корупција власта ништо добро не прави за населението.

„Е, сега покрај тоа што сакаат да ги земат парите од граѓаните односно да се прелеат од банките во министерство за финансии, поголем проблем со ваквата одлука или мерка, како и да ја наречеме, е тоа што они ќе влијаат на поскапувањето на сите кредити кои што ги има населението. Јас не познавам куќа во која што барем еден потрошувачки кредит нема“, појасни таа.

Димитриеска Кочоска посочи дека сите кредити ќе поскапат бидејќи власта ќе може да влијае на поскапувањето на кредитите.

https://www.youtube.com/watch?v=tWF_57uRc68&t=1s

The post Димитриеска Кочоска: Министерот за финансии рече ќе ваделе граѓанска обврзница на 50 милиони евра, тие пари сакаат да ги обезбедат од граѓаните за да го финансираат нивниот криминал appeared first on Република.

]]>

„Слушнавме министерот за финансии кажа сега ќе ваделе граѓанска обврзница на 50 милиони евра. Значи нив им треба 50 милиони евра да обезбедат од граѓаните за да го финансираат нивниот криминал. Ништо друго освен да го финансираат криминалот“, истакна потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска при вчерашната посета на населени места како дел од теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ, „Ова е Македонија за сите“.

Димитриеска Кочоска додаде дека секојдневно граѓаните гледаат и сведоци се дека освен криминал и корупција власта ништо добро не прави за населението.

„Е, сега покрај тоа што сакаат да ги земат парите од граѓаните односно да се прелеат од банките во министерство за финансии, поголем проблем со ваквата одлука или мерка, како и да ја наречеме, е тоа што они ќе влијаат на поскапувањето на сите кредити кои што ги има населението. Јас не познавам куќа во која што барем еден потрошувачки кредит нема“, појасни таа.

Димитриеска Кочоска посочи дека сите кредити ќе поскапат бидејќи власта ќе може да влијае на поскапувањето на кредитите.

https://www.youtube.com/watch?v=tWF_57uRc68&t=1s

The post Димитриеска Кочоска: Министерот за финансии рече ќе ваделе граѓанска обврзница на 50 милиони евра, тие пари сакаат да ги обезбедат од граѓаните за да го финансираат нивниот криминал appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Премногу е, власта го уништи граѓанинот во Македонија, го уништи животниот стандард https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-premnogu-e-vlasta-go-unishti-gragjaninot-vo-makedonija-go-unishti-zivotniot-standard/ Sat, 18 Jun 2022 16:11:11 +0000 https://republika.mk/?p=516742

Во економијата работите не се случуваат преку ноќ, туку треба еден подолг временски период за да стигнеме до таму каде што стигнавме денеска. Ние во континуитет години наназад обвинуваме, коментираме и постојано посочуваме дека Владата во континуитет прави погрешни економски политики. Односно речиси и да нема економски политики. Ќе тргнам најпрвин од она што се вика даночна политика, вие имате комплетно нестабилна даночна политика, едно ветуваа кога доаѓаа и кога беа изборите 2016-та година за да во континуитет да имаме промени во даночната политика. Од таа причина последните пет години ние воопшто немаме или многу малку имаме инвестиции од страна на приватниот сектор, тоа што треба да биде мотор во економијата“, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за вестите на Алфа телевизија.

Димитриеска Кочоска додаде дека во континуитет погрешните политики на СДСМ ја доведе државата во лоша економска состојба односно до економскиот крах.

Денес имаме многу тешка ситуација со која што се соочуваат граѓаните во Македонија, а тоа е високите цени кои што се да кажеме највисоки во регионот. Морам да потенцирам една работа, ние во континуитет зборувавме дека инфлацијата во Македонија не започна со војната во Украина. Инфлацијата започна многу порано. Јас зборував за инфлацијата уште во јануари 2021 година. Односно да не заборавиме поскапувањето во Македонија на електричната енергија предизвика да почнат да се раздвижуваат цените. И значи веќе во 2021 година државата имаше поскапување на цените“, појасни Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска посочи дека лошата економска состојба во Македонија не ја коментира само ВМРО-ДПМНЕ туку и сите меѓународни финансиски институции.

Значи ние сега имаме полош живот од било кога дури и од периодот на транзиција мислам дека ќе биде многу позаборавен во однос на тоа што се случува сега во економијата“, нагласи Димитриеска Кочоска.

Таа укажа дека и во енергетиката состојбата е катастрофална. И таму во континуитет ВМРО-ДПМНЕ опоменуваше и кажуваше дека ќе се дојде до ситуација која што денес се случува во Македонија во однос на електричната енергија. Но слух од страна на Владата немаше воопшто во минатото, па ниту сега.

Најмногу мене ме загрижува е сега ребалансот во Собранието. Ако го погледнете ребалансот ќе видите дека воопшто со ниеден чекор не покажуваат дека навистина се свесни дека ќе имаме пред нас лоша зима, дека ќе преземат некакви мерки во однос на заштита на стандардот на граѓаните, да кажеме на енергетскиот сектор итн. Прво, енергетските компании завршија со огромни загуби што јасно покажува дека до крајот на месецот ќе добиеме информација односно нова одлука дека цената на електричната енергија ќе биде поскапа. Се заговараат некакви блокови кои што ќе значат дека најголем дел од населението ќе плаќа многу повисоки сметки од досега. И она што најмногу ме загрижува што ќе се случува со граѓаните надвор од Скопје? Тоа никој воопшто не го зборува. Значи кога ќе дојде после септември, октомври, кога ќе почне грејната сезона, таму нема парно. Иако проблемот и во Скопје со парното е огромен. Значи ние во континуитет имаме проблеми со оваа влада“, рече Димитриеска Кочоска.

Потпретседателката потсети дека со ребалансот јавниот долг ќе надмине 70%. Три години по ред Македонија има галопирачки раст на јавен долг. Парите кои што се позајмуваат се користат само за корупција и криминал.

И затоа е премногу! Премногу е, затоа што го уништија граѓанинот во Македонија, го уништија животниот стандард“, нагласи Димитриеска Кочоска.

The post Димитриеска Кочоска: Премногу е, власта го уништи граѓанинот во Македонија, го уништи животниот стандард appeared first on Република.

]]>

Во економијата работите не се случуваат преку ноќ, туку треба еден подолг временски период за да стигнеме до таму каде што стигнавме денеска. Ние во континуитет години наназад обвинуваме, коментираме и постојано посочуваме дека Владата во континуитет прави погрешни економски политики. Односно речиси и да нема економски политики. Ќе тргнам најпрвин од она што се вика даночна политика, вие имате комплетно нестабилна даночна политика, едно ветуваа кога доаѓаа и кога беа изборите 2016-та година за да во континуитет да имаме промени во даночната политика. Од таа причина последните пет години ние воопшто немаме или многу малку имаме инвестиции од страна на приватниот сектор, тоа што треба да биде мотор во економијата“, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за вестите на Алфа телевизија. Димитриеска Кочоска додаде дека во континуитет погрешните политики на СДСМ ја доведе државата во лоша економска состојба односно до економскиот крах.
Денес имаме многу тешка ситуација со која што се соочуваат граѓаните во Македонија, а тоа е високите цени кои што се да кажеме највисоки во регионот. Морам да потенцирам една работа, ние во континуитет зборувавме дека инфлацијата во Македонија не започна со војната во Украина. Инфлацијата започна многу порано. Јас зборував за инфлацијата уште во јануари 2021 година. Односно да не заборавиме поскапувањето во Македонија на електричната енергија предизвика да почнат да се раздвижуваат цените. И значи веќе во 2021 година државата имаше поскапување на цените“, појасни Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска посочи дека лошата економска состојба во Македонија не ја коментира само ВМРО-ДПМНЕ туку и сите меѓународни финансиски институции.
Значи ние сега имаме полош живот од било кога дури и од периодот на транзиција мислам дека ќе биде многу позаборавен во однос на тоа што се случува сега во економијата“, нагласи Димитриеска Кочоска.
Таа укажа дека и во енергетиката состојбата е катастрофална. И таму во континуитет ВМРО-ДПМНЕ опоменуваше и кажуваше дека ќе се дојде до ситуација која што денес се случува во Македонија во однос на електричната енергија. Но слух од страна на Владата немаше воопшто во минатото, па ниту сега.
Најмногу мене ме загрижува е сега ребалансот во Собранието. Ако го погледнете ребалансот ќе видите дека воопшто со ниеден чекор не покажуваат дека навистина се свесни дека ќе имаме пред нас лоша зима, дека ќе преземат некакви мерки во однос на заштита на стандардот на граѓаните, да кажеме на енергетскиот сектор итн. Прво, енергетските компании завршија со огромни загуби што јасно покажува дека до крајот на месецот ќе добиеме информација односно нова одлука дека цената на електричната енергија ќе биде поскапа. Се заговараат некакви блокови кои што ќе значат дека најголем дел од населението ќе плаќа многу повисоки сметки од досега. И она што најмногу ме загрижува што ќе се случува со граѓаните надвор од Скопје? Тоа никој воопшто не го зборува. Значи кога ќе дојде после септември, октомври, кога ќе почне грејната сезона, таму нема парно. Иако проблемот и во Скопје со парното е огромен. Значи ние во континуитет имаме проблеми со оваа влада“, рече Димитриеска Кочоска.
Потпретседателката потсети дека со ребалансот јавниот долг ќе надмине 70%. Три години по ред Македонија има галопирачки раст на јавен долг. Парите кои што се позајмуваат се користат само за корупција и криминал.
И затоа е премногу! Премногу е, затоа што го уништија граѓанинот во Македонија, го уништија животниот стандард“, нагласи Димитриеска Кочоска.

The post Димитриеска Кочоска: Премногу е, власта го уништи граѓанинот во Македонија, го уништи животниот стандард appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Во услови на огромна економско-енергетска криза и кога пет години наназад не е изграден Кичево-Охрид, не е паметно да се започнуваат нови автопати https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-vo-uslovi-na-ogromna-ekonomsko-energetska-kriza-i-koga-pet-godini-nanazad-ne-e-izgraden-kichevo-ohrid-ne-e-pametno-da-se-zapochnuvaat-novi-avtopati/ Mon, 30 May 2022 21:06:59 +0000 https://republika.mk/?p=509000

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска смета дека во приод кога ни престои огромна криза во која ќе има недостиг на храна, но и проблеми со електричната енергија, воопшто не е паметно да се почнува со проектите за изградба на автопати со компанијата „Бехтел и Енка“.

Таа ова го истакна во изјава за магазинското издание на емисијата „360 степени“ која се емитува на телевизија Алсат, запрашана дали во кризна година треба да се почнува со иградба на автопатите со посочената компанија, наспроти твдењата на владините преставници дека овој проект, во време на криза, ќе им помогне на граѓаните, компаниите и на работниците и истиот ќе влијае на економскиот развој на земјата.

Во вакви услови, кога пред нас имаме уште една огромна криза која што ќе следи негде пред крајот на годината, особено заради тоа што ќе има недостиг на храна, ќе имаме проблеми со електричната енергија, воошто не е паметно да се започнува со ваков проект“, вели Димитриеска Кочоска.

Таа потенцираше дека не е против градење на автопатишта во Македонија, кокретно и изградбата на автопатите предвидени со компанијата „Бехтел и Енка“, но ние имаме автопат кој со изградба започна во 2014 година, и за кој актуелната власт имаше рок од пет години, период колку што СДСМ-ДУИ ја преводат македонската Влада, и истиот сеуште не е изграден, додавајќи дека не е паметно додека не се изградат веќе започнатите да се лчегува во започнување со изградба на нови автопатишта.

„Зошто во континуитете, години наназад тргнуваме со проекти за кои што сме завршени, знали со проектната документација, физибилити студија и така натаму, ни 25 проценти, а тргнуваме во реализација на истите. Се враќаме на истото, ќе обезбедиме пари, ќе земеме и кредити, но до каде ќе стигнеме? Само да се додвориме на одредена група на луше, да покажеме дека нешто работиме. Заботата е завршена кога проектот е комплетно заршен. Пак повторувам, Кичево – Охрид не ни е завршен пет години наназад, ние сега ќе тераме некој нов проект“, истакна Димитриеска Кочоска.

The post Димитриеска-Кочоска: Во услови на огромна економско-енергетска криза и кога пет години наназад не е изграден Кичево-Охрид, не е паметно да се започнуваат нови автопати appeared first on Република.

]]>

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска смета дека во приод кога ни престои огромна криза во која ќе има недостиг на храна, но и проблеми со електричната енергија, воопшто не е паметно да се почнува со проектите за изградба на автопати со компанијата „Бехтел и Енка“. Таа ова го истакна во изјава за магазинското издание на емисијата „360 степени“ која се емитува на телевизија Алсат, запрашана дали во кризна година треба да се почнува со иградба на автопатите со посочената компанија, наспроти твдењата на владините преставници дека овој проект, во време на криза, ќе им помогне на граѓаните, компаниите и на работниците и истиот ќе влијае на економскиот развој на земјата. Во вакви услови, кога пред нас имаме уште една огромна криза која што ќе следи негде пред крајот на годината, особено заради тоа што ќе има недостиг на храна, ќе имаме проблеми со електричната енергија, воошто не е паметно да се започнува со ваков проект“, вели Димитриеска Кочоска. Таа потенцираше дека не е против градење на автопатишта во Македонија, кокретно и изградбата на автопатите предвидени со компанијата „Бехтел и Енка“, но ние имаме автопат кој со изградба започна во 2014 година, и за кој актуелната власт имаше рок од пет години, период колку што СДСМ-ДУИ ја преводат македонската Влада, и истиот сеуште не е изграден, додавајќи дека не е паметно додека не се изградат веќе започнатите да се лчегува во започнување со изградба на нови автопатишта. „Зошто во континуитете, години наназад тргнуваме со проекти за кои што сме завршени, знали со проектната документација, физибилити студија и така натаму, ни 25 проценти, а тргнуваме во реализација на истите. Се враќаме на истото, ќе обезбедиме пари, ќе земеме и кредити, но до каде ќе стигнеме? Само да се додвориме на одредена група на луше, да покажеме дека нешто работиме. Заботата е завршена кога проектот е комплетно заршен. Пак повторувам, Кичево – Охрид не ни е завршен пет години наназад, ние сега ќе тераме некој нов проект“, истакна Димитриеска Кочоска.

The post Димитриеска-Кочоска: Во услови на огромна економско-енергетска криза и кога пет години наназад не е изграден Кичево-Охрид, не е паметно да се започнуваат нови автопати appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Оваа Влада ги изгуби сите битки со сите кризи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-ovaa-vlada-gi-izgubi-site-bitki-so-site-krizi/ Sat, 23 Apr 2022 09:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=492576

Најавите за ново задолжување од владата ќе ја фрли Македонија на колена. За само две години Владата на СДСМ и ДУИ не задолжи со нови 1,6 милијарди евра, а со новото повисоко задолжување оваа година кое го планираат со ребалансот на буџетот, новиот долг за само три години ќе биде 2,3 милијарди евра и ќе достигне историски ВРВ од 7,9 милијарди евра, рече на денешната прес конференција Гордана Димитриеска-Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ.

Со вакво темпо на задолжување, вкупното задолжување коешто го направи оваа влада за период од 6 години го надмина 10 годишното задолжување на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ – само за споредба 3,2 милијарди евра за 6 години, наспроти 2,9 милијарди евра за 10 години.

Но, зошто се задолжија? Во 2020-та година се задолжија за да и помогнат на државата во услови на здравствена и економска криза. Дали успеаја? НЕ. Најлоши сме во поглед на борбата со пандемијата во светски рамки и најлоши сме во остварувањето на економијата. И покрај високото задолжување не успеа да ја стабилизира економијата во 2020-та година при што доживеавме најдлабок пад по оној од осамостојувањето од 6,1%, пад којшто беше двојно повисок од интерниот конфликт во 2001 година и пад којшто беше најдлабок во регионални рамки. Во 2021 година имавме раст на економијата од само 4%, што е најслабо остварување во регионални рамки. Немавме ниту една капитална инвестиција, ниту еден изграден регионален или пак да не зборуваме за автопат, ниту една изградена градинка, спортска сала. Ама затоа имавме скандали со набавки на софтвери, на консултански услуги, на фстаци и бадеми, на златни лажици и вилушки, поткуп со картички пред избори.

И сега на повидок е ново задолжување кое го правдаат со енергетската криза и негативните ефекти од војната во Украина. На сите ни е јасно дека повторно оваа Влада не се справува успешно со кризите, како што не се справија ни со кризата предизвикана од пандемијата.

И сега, најавија заем од ММФ за предпазливост и ликвидност со кој ги потврдија нашите стравувања во неколку сегменти:

  1. Нели буџетот ни беше ликвиден? Според министерот приливите во буџетот се собираа според планот, немаше потреба за брз ребаланс, се беше под контрола. Но, самиот заем од ММФ кажа дека е за буџетско финансирање коешто и оваа година со ребалансот ќе го прошират, зошто повеќе трошат отколку што собираат приходи. А, приходите се собираат заради високата инфлација, а не заради добрите остварувања во економијата. Ако не беше така, ќе имавме уште поголема буџетска дупка.
  2. Според министерот за финансии, квалификувањето за овој заем од ММФ не прави посигурни пред инвеститорите на меѓународните финансиски пазари. Ова било потврда дека Владата има здрави економски политики. Значи без потврда на ММФ, инвеститорите немаа доверба во политиките на Владата, и затоа еврообврзница за оваа година се одоговлечува. Веројатно, немаше кој да инвестира во неа, што ќе беше погубно за рејтингот на нашата држава.
  3. Пониска каматна стапка од 1% со заемот на ММФ, наспроти очекуваната од 4,5-5% којашто треба да ја платиме ако издадеме еврообрзница. Го прашувам министерот, што се смени за една година кога се фалеше дека заради добрите политики на Владата и добриот кредитен рејтинг ни дадоа историски ниска камата на тогашната еврообврзница од 1,65%? Значи, инвеститорите се уплашиле дека оваа Влада не испорачува добри политики како што ги ветуваа или пак ниската каматна стапка од лани беше рефлексија на условите на пазарите, а не на достигнувањата на оваа Влада ?И едното и другото е точно, со што се демантираше фалењето на Владата од претходната година.
  4. Доколку имаме ваква линија за финансирање, тоа ќе значи зајакната контрола на буџетските средства од страна на ММФ. Нема да има раст (или не висок) на платите во јавниот сектор, што ќе биде алиби на Владата дека немаат можност да ги зголемат истите. А, зошто немаше пари за раст на плати во јавниот сектор? Од 2019-2021 година вкупниот број на партиски вработувања во јавниот сектор порасна за околу 30.000 луѓе, што го стесни просторот за раст на плати. Воедно, од непродуктивното трошење на оваа Влада и од никаквите напори за да се оданочи сивата економија, нема простор за раст на платите.
  5. Средствата од оваа линија од ММФ се за финасирање на буџетскиот дефицит, но и за предпазливост. Не мора да се искористат во целост според министерот. Ова е само потврда дека покрај заемот од ММФ се спремаат и да издадат и еврообврзница годинава. Задолжувањето нема крај.

 

 

Почитувани,

 

На сите ни е јасно дека македонската економија е исправена пред уште еден силен предизвик. Војната во Украина и економските санкции на Западот кон Русија ќе имаат тешки и долгорочни последици врз светската, а со тоа и врз домашната економија. Инфлацијата ја јаде куповната моќ на парите, а платите не растат со темпо на инфлацијата. Фирмите се соочуваат со тешкотии во пласманот на странските и домашниот пазар, со зголемени цени на импутите во производство, со намалени изгледи за раст на бизнисот. Нерамнотежата во платниот биланс во подолг временски период е висока, а населението се плаши за денарските заштеди. Државата исправена пред овие предизвици треба да ја води кредибилна Влада. Влада којашто нема да работи во корист на сопствено збогатување и расипничко трошење.

 

Оваа Влада ги изгуби сите битки со сите кризи. Оваа Влада своите лични интереси ги стави пред државните интереси - како во политиката, така и во економијата. Време е да се смени. Затоа повикуваме на предвремени парламентарни избори.

https://www.youtube.com/watch?v=giEjpwQV0Bc

The post Димитриеска Кочоска: Оваа Влада ги изгуби сите битки со сите кризи appeared first on Република.

]]>

Најавите за ново задолжување од владата ќе ја фрли Македонија на колена. За само две години Владата на СДСМ и ДУИ не задолжи со нови 1,6 милијарди евра, а со новото повисоко задолжување оваа година кое го планираат со ребалансот на буџетот, новиот долг за само три години ќе биде 2,3 милијарди евра и ќе достигне историски ВРВ од 7,9 милијарди евра, рече на денешната прес конференција Гордана Димитриеска-Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ.
Со вакво темпо на задолжување, вкупното задолжување коешто го направи оваа влада за период од 6 години го надмина 10 годишното задолжување на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ – само за споредба 3,2 милијарди евра за 6 години, наспроти 2,9 милијарди евра за 10 години. Но, зошто се задолжија? Во 2020-та година се задолжија за да и помогнат на државата во услови на здравствена и економска криза. Дали успеаја? НЕ. Најлоши сме во поглед на борбата со пандемијата во светски рамки и најлоши сме во остварувањето на економијата. И покрај високото задолжување не успеа да ја стабилизира економијата во 2020-та година при што доживеавме најдлабок пад по оној од осамостојувањето од 6,1%, пад којшто беше двојно повисок од интерниот конфликт во 2001 година и пад којшто беше најдлабок во регионални рамки. Во 2021 година имавме раст на економијата од само 4%, што е најслабо остварување во регионални рамки. Немавме ниту една капитална инвестиција, ниту еден изграден регионален или пак да не зборуваме за автопат, ниту една изградена градинка, спортска сала. Ама затоа имавме скандали со набавки на софтвери, на консултански услуги, на фстаци и бадеми, на златни лажици и вилушки, поткуп со картички пред избори. И сега на повидок е ново задолжување кое го правдаат со енергетската криза и негативните ефекти од војната во Украина. На сите ни е јасно дека повторно оваа Влада не се справува успешно со кризите, како што не се справија ни со кризата предизвикана од пандемијата. И сега, најавија заем од ММФ за предпазливост и ликвидност со кој ги потврдија нашите стравувања во неколку сегменти:
  1. Нели буџетот ни беше ликвиден? Според министерот приливите во буџетот се собираа според планот, немаше потреба за брз ребаланс, се беше под контрола. Но, самиот заем од ММФ кажа дека е за буџетско финансирање коешто и оваа година со ребалансот ќе го прошират, зошто повеќе трошат отколку што собираат приходи. А, приходите се собираат заради високата инфлација, а не заради добрите остварувања во економијата. Ако не беше така, ќе имавме уште поголема буџетска дупка.
  2. Според министерот за финансии, квалификувањето за овој заем од ММФ не прави посигурни пред инвеститорите на меѓународните финансиски пазари. Ова било потврда дека Владата има здрави економски политики. Значи без потврда на ММФ, инвеститорите немаа доверба во политиките на Владата, и затоа еврообврзница за оваа година се одоговлечува. Веројатно, немаше кој да инвестира во неа, што ќе беше погубно за рејтингот на нашата држава.
  3. Пониска каматна стапка од 1% со заемот на ММФ, наспроти очекуваната од 4,5-5% којашто треба да ја платиме ако издадеме еврообрзница. Го прашувам министерот, што се смени за една година кога се фалеше дека заради добрите политики на Владата и добриот кредитен рејтинг ни дадоа историски ниска камата на тогашната еврообврзница од 1,65%? Значи, инвеститорите се уплашиле дека оваа Влада не испорачува добри политики како што ги ветуваа или пак ниската каматна стапка од лани беше рефлексија на условите на пазарите, а не на достигнувањата на оваа Влада ?И едното и другото е точно, со што се демантираше фалењето на Владата од претходната година.
  4. Доколку имаме ваква линија за финансирање, тоа ќе значи зајакната контрола на буџетските средства од страна на ММФ. Нема да има раст (или не висок) на платите во јавниот сектор, што ќе биде алиби на Владата дека немаат можност да ги зголемат истите. А, зошто немаше пари за раст на плати во јавниот сектор? Од 2019-2021 година вкупниот број на партиски вработувања во јавниот сектор порасна за околу 30.000 луѓе, што го стесни просторот за раст на плати. Воедно, од непродуктивното трошење на оваа Влада и од никаквите напори за да се оданочи сивата економија, нема простор за раст на платите.
  5. Средствата од оваа линија од ММФ се за финасирање на буџетскиот дефицит, но и за предпазливост. Не мора да се искористат во целост според министерот. Ова е само потврда дека покрај заемот од ММФ се спремаат и да издадат и еврообврзница годинава. Задолжувањето нема крај.
    Почитувани,   На сите ни е јасно дека македонската економија е исправена пред уште еден силен предизвик. Војната во Украина и економските санкции на Западот кон Русија ќе имаат тешки и долгорочни последици врз светската, а со тоа и врз домашната економија. Инфлацијата ја јаде куповната моќ на парите, а платите не растат со темпо на инфлацијата. Фирмите се соочуваат со тешкотии во пласманот на странските и домашниот пазар, со зголемени цени на импутите во производство, со намалени изгледи за раст на бизнисот. Нерамнотежата во платниот биланс во подолг временски период е висока, а населението се плаши за денарските заштеди. Државата исправена пред овие предизвици треба да ја води кредибилна Влада. Влада којашто нема да работи во корист на сопствено збогатување и расипничко трошење.   Оваа Влада ги изгуби сите битки со сите кризи. Оваа Влада своите лични интереси ги стави пред државните интереси - како во политиката, така и во економијата. Време е да се смени. Затоа повикуваме на предвремени парламентарни избори.
https://www.youtube.com/watch?v=giEjpwQV0Bc

The post Димитриеска Кочоска: Оваа Влада ги изгуби сите битки со сите кризи appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Новото поскапување на горивата го нарушува животниот стандард https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-novoto-poskapuvanje-na-gorivata-go-narushuva-zivotniot-standard/ Mon, 07 Mar 2022 18:48:43 +0000 https://republika.mk/?p=469218

Дефинитивно ова го нарушува животниот стандард на граѓаните, но загрижува и фактот дека овие трошоци ќе се прелеат на крајните производи кои ги користиме, пред се на исхраната. Ваквите состојби беа очекувани имајќи предвид што се случува во Русија и Украина, прашање е зошто владата во изминатиов период не преземаше конкретни мерки или преземаше нешто погрешно, изјави Гордана Кочоска Димитриеска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, за „Тема на денот“ на во дневникот Сител, во врска со најновото поскапување од 5,5 денари на бензините и 10 денари на дизелот.

Димитриеска Кочоска истакна дека ова е загрижувачки затоа што ако владата вака продолжи да се однесува може да има и отпуштања од работа додека не се стабилизираат условите.

Состојбата ќе станува подраматична и неслучајно еден од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ беше намалување на акцизата на нафтата и нафтените деривати за 50%. Секој еден економист ова можеше да го предвиди и да види дека ќе дојде ваква состојба. Во вакви услови власта требаше да размисли како да ги заштити граѓаните, рече Димитриеска Кочоска.

Таа посочи дека кога станува збор за нафтените деривати, ние имаме стокови резерви, и затоа треба да се тргне од моментот 5 ноември бидејќи Пендаровски кажа дека оттогаш знаеле дека нешто ќе се случува со Русија и Украина и во тој момент требало да преземат мерки да ги обезбедат стоковите резерви, но изминативе денови нешто не се разговара на таа тема.

Од агенцијата за стокови резерви информираа дека имаме покриеност за 56 дена иако законскот налага покриеност за 90 дена. Ако власта знаела на 5 ноември и тогаш го имавме буџетот, прашање како може да не размислуваат за овој момент? Власта не може да ја гледа само својата страна и да прибира пари на терет на граѓаните и во исто време да не се откаже од ништо во корист на граѓаните, изјави Димитриеска Кочоска

The post Димитриеска Кочоска: Новото поскапување на горивата го нарушува животниот стандард appeared first on Република.

]]>

Дефинитивно ова го нарушува животниот стандард на граѓаните, но загрижува и фактот дека овие трошоци ќе се прелеат на крајните производи кои ги користиме, пред се на исхраната. Ваквите состојби беа очекувани имајќи предвид што се случува во Русија и Украина, прашање е зошто владата во изминатиов период не преземаше конкретни мерки или преземаше нешто погрешно, изјави Гордана Кочоска Димитриеска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, за „Тема на денот“ на во дневникот Сител, во врска со најновото поскапување од 5,5 денари на бензините и 10 денари на дизелот. Димитриеска Кочоска истакна дека ова е загрижувачки затоа што ако владата вака продолжи да се однесува може да има и отпуштања од работа додека не се стабилизираат условите.
Состојбата ќе станува подраматична и неслучајно еден од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ беше намалување на акцизата на нафтата и нафтените деривати за 50%. Секој еден економист ова можеше да го предвиди и да види дека ќе дојде ваква состојба. Во вакви услови власта требаше да размисли како да ги заштити граѓаните, рече Димитриеска Кочоска.
Таа посочи дека кога станува збор за нафтените деривати, ние имаме стокови резерви, и затоа треба да се тргне од моментот 5 ноември бидејќи Пендаровски кажа дека оттогаш знаеле дека нешто ќе се случува со Русија и Украина и во тој момент требало да преземат мерки да ги обезбедат стоковите резерви, но изминативе денови нешто не се разговара на таа тема.
Од агенцијата за стокови резерви информираа дека имаме покриеност за 56 дена иако законскот налага покриеност за 90 дена. Ако власта знаела на 5 ноември и тогаш го имавме буџетот, прашање како може да не размислуваат за овој момент? Власта не може да ја гледа само својата страна и да прибира пари на терет на граѓаните и во исто време да не се откаже од ништо во корист на граѓаните, изјави Димитриеска Кочоска

The post Димитриеска Кочоска: Новото поскапување на горивата го нарушува животниот стандард appeared first on Република.

]]>