Димитрие Османли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dimitrie-osmanli/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Oct 2023 10:45:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Димитрие Османли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dimitrie-osmanli/ 32 32 „Мементо“ на Димитрие Османли ќе биде прикажан за шпанската публика https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/memento-na-dimitrie-osmanli-ke-bide-prikazhan-za-shpanskata-publika/ Wed, 11 Oct 2023 10:45:06 +0000 https://republika.mk/?p=690124

По одличниот прием во Музејот на современа уметност (МОМА) во Њујорк, македонскиот игран филм „Мементо“ утре, на 11 октомври,ќе биде прикажан и во Филмотека Еспањола - шпанската кинотека во Мадрид. Истиот ден, во чест на националниот празник 11 Октомври, Кинотеката на Македонија ќе го прикажува МЕМЕНТО бесплатно, на својот официјален „Јутјуб“ канал (https://youtu.be/LXbtrhh-IY0).

Од Кинотека велат дека веќе можеме да кажеме дека Мементо прераснува во филмска класика, дел од светското кинематогрaфско наследство, бидејќи за помалку од година дена имаше повеќе од 5 проекции на различни локации и континенти. Само минатиот месец беше прикажан како дел од програмата на МОМА посветена на југословенскиот црн бран, а беше дел и од европскиот проект „Сезона на филмски класици“, кој пак, четврта година по ред, ја вбројува нашата Кинотека во друштвото на европските кинотеки кои имаат за цел да го промовираат и популаризираат филмското архивско богатство на Европа.

За македонската публика, дигитализираната верзија на филмот Мементо на 26 јули оваа година имаше своевидна домашна „премиера“, а истиот ден имаше и онлајн проекција – стриминг кој одеше истовремено и на официјалната интернет страница на Кинотеката, и на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб.

Како што понатаму наведува Кинотека, во очекување е и премиерното телевизиско прикажување на Мементо на Арте каналот - европскиот ТВ-канал за култура, што ќе се случи некаде во првата половина на 2024 година. Во моментов се работи на дигитална реставрација на филмот и токму гледачите на Арте ќе имаат чест премиерно да го погледнат освежениот и реставриран Мементо.

Мементо е втор игран филм на Димитрие Османли снимен во 1967 година, и ја раскажува приказна за Јана – која низ разговори и реминисценција со германскиот диригент Вили Милер – се присеќава на своето минато и семејната трагедија која ја доживеала во катастрофалниот земјотрес во Скопје.

The post „Мементо“ на Димитрие Османли ќе биде прикажан за шпанската публика appeared first on Република.

]]>

По одличниот прием во Музејот на современа уметност (МОМА) во Њујорк, македонскиот игран филм „Мементо“ утре, на 11 октомври,ќе биде прикажан и во Филмотека Еспањола - шпанската кинотека во Мадрид. Истиот ден, во чест на националниот празник 11 Октомври, Кинотеката на Македонија ќе го прикажува МЕМЕНТО бесплатно, на својот официјален „Јутјуб“ канал (https://youtu.be/LXbtrhh-IY0). Од Кинотека велат дека веќе можеме да кажеме дека Мементо прераснува во филмска класика, дел од светското кинематогрaфско наследство, бидејќи за помалку од година дена имаше повеќе од 5 проекции на различни локации и континенти. Само минатиот месец беше прикажан како дел од програмата на МОМА посветена на југословенскиот црн бран, а беше дел и од европскиот проект „Сезона на филмски класици“, кој пак, четврта година по ред, ја вбројува нашата Кинотека во друштвото на европските кинотеки кои имаат за цел да го промовираат и популаризираат филмското архивско богатство на Европа. За македонската публика, дигитализираната верзија на филмот Мементо на 26 јули оваа година имаше своевидна домашна „премиера“, а истиот ден имаше и онлајн проекција – стриминг кој одеше истовремено и на официјалната интернет страница на Кинотеката, и на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб. Како што понатаму наведува Кинотека, во очекување е и премиерното телевизиско прикажување на Мементо на Арте каналот - европскиот ТВ-канал за култура, што ќе се случи некаде во првата половина на 2024 година. Во моментов се работи на дигитална реставрација на филмот и токму гледачите на Арте ќе имаат чест премиерно да го погледнат освежениот и реставриран Мементо. Мементо е втор игран филм на Димитрие Османли снимен во 1967 година, и ја раскажува приказна за Јана – која низ разговори и реминисценција со германскиот диригент Вили Милер – се присеќава на своето минато и семејната трагедија која ја доживеала во катастрофалниот земјотрес во Скопје.  

The post „Мементо“ на Димитрие Османли ќе биде прикажан за шпанската публика appeared first on Република.

]]>
Македонскиот филм „Мементо“ на Димитрие Османли на 11 септември ќе биде прикажан во престижниот њујоршки Музеј на модерна уметност (МоМА) https://arhiva3.republika.mk/scena/film/makedonskiot-film-memento-na-dimitrie-osmanli-na-11-septemvri-ke-bide-prikazhan-vo-prestizhniot-nujorshki-muzej-na-moderna-umetnost-moma/ Mon, 21 Aug 2023 10:51:33 +0000 https://republika.mk/?p=674167

Македонскиот филм „Мементо“ на Димитрие Османли на 11 септември ќе биде прикажан во рамките на југословенската ретроспектива на црниот бран во престижниот њујоршки Музеј на модерна уметност (МоМА).

Филмот во режија на доајенот Османли е снимен во 1967 година и ја раскажува приказната за Јана, која низ разговори и реминисценција со германскиот диригент Вили Милер се сеќава на своето минато и семејната трагедија што ја доживеала во катастрофалниот земјотрес во Скопје. Во филмот улогите ги играат Стево Жигон, Рената Фреинскорн, Предраг Ќерамилац, Драги Костовски, Нада Гешоска, Петре Прличко, Тодор Николовски.
Ретроспективата во МоМА ќе трае од 7 до 21 септември, под наслов „Црн бран до бел зрак“. Ќе бидат прикажани 15 филма избрани од Мина Радовиќ, филмски историчар и еден од организаторите на изложбата.

The post Македонскиот филм „Мементо“ на Димитрие Османли на 11 септември ќе биде прикажан во престижниот њујоршки Музеј на модерна уметност (МоМА) appeared first on Република.

]]>

Македонскиот филм „Мементо“ на Димитрие Османли на 11 септември ќе биде прикажан во рамките на југословенската ретроспектива на црниот бран во престижниот њујоршки Музеј на модерна уметност (МоМА). Филмот во режија на доајенот Османли е снимен во 1967 година и ја раскажува приказната за Јана, која низ разговори и реминисценција со германскиот диригент Вили Милер се сеќава на своето минато и семејната трагедија што ја доживеала во катастрофалниот земјотрес во Скопје. Во филмот улогите ги играат Стево Жигон, Рената Фреинскорн, Предраг Ќерамилац, Драги Костовски, Нада Гешоска, Петре Прличко, Тодор Николовски. Ретроспективата во МоМА ќе трае од 7 до 21 септември, под наслов „Црн бран до бел зрак“. Ќе бидат прикажани 15 филма избрани од Мина Радовиќ, филмски историчар и еден од организаторите на изложбата.

The post Македонскиот филм „Мементо“ на Димитрие Османли на 11 септември ќе биде прикажан во престижниот њујоршки Музеј на модерна уметност (МоМА) appeared first on Република.

]]>
„Мирно лето“-првиот македонски филм снимен од македонскиот режисер, Димитрие Рули Османли доби дигитално реставрирана верзија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mirno-leto-prviot-makedonski-film-snimen-od-makedonskiot-reziser-dimitrie-ruli-osmanli-dobi-digitalno-restavrirana-verzija/ Fri, 25 Mar 2022 14:05:24 +0000 https://republika.mk/?p=478431

Во Кинотеката на Македонија денеска беше промовиран блуреј (bluray) дискот со дигитално реставрираната верзија на филмот „Мирно лето“ на Димитрие Рули Османли. Ова е прво блуреј издание на македонски филм.

Ова е една од најесенцијалните задачи и функции на Кинотеката -зачувување на нашето филмско наследство. „Мирно лето“ е една од ретките комедии во нашата филмска национална продукција. Таа е прва и затоа е толку значајна. И посебна радост ни е да си ги чуваме оние кои ги имаме, истакна Петар Волнаровски.

Кинотеката минатата година ја реализираше дигиталната реставрација на првата македонска филмска комедија МИРНО ЛЕТО. Главните улоги ги толкуваат Љупка Џундева и Слободан Перовиќ, како Дара и Заре. Актерскиот ансамбл го сочинуваат Петре Прличко, Мери Бошкова, Илија Милчин, Дарко Дамески, Ацо Јовановски, Анче Џамбазова, Димитар Ќостаров, Панче Камшик, Стојка Цекова, Вукосава Донева и други.

„Мирно лето“ е еден од класиците на македонската кинематографија. Значен е по тоа што е прв македонски филм снимен од домашен македонски режисер. Прв пат дипломиран македонски режисер, Димитрие Рули Османли добил можност да сними филм и тоа на современа тема. Сценариото го напишала во тоа време познатата сценаристка Фејда Филиповиќ, а режисерот Османли заедно со Коле Чашуле работеле на адаптација на сценариото. Интересен е фактот дека филмот не бил предвиден да се сними таа 1961 година, туку „Солунските атентарори“, но Жика Митровиќ ќе успеал во подготовките за филмот и на тој начин „Мирно лето“ добил виза за снимање, раскажа во своето видео обраќање Атанас Чупоски, кој се наврати на снимањето кое се одвивало во Охрид и во сајмиштето во Скопје.

Димитрие Османли (Битола, 1927 – Скопје, 2006) филмски, театарски и телевизиски режисер, сценарист и педагог; филмска и театарска режија завршува 1952/53 година на Високата филмска школа во Белград, како прв македонски студент, а постдипломски студии 1961/62 година на Институтот за високи кинематографски студии во Париз. Долги години работи како театарски, телевизиски и филмски режисер, и професор на Факултетот за драмски уметности, каде што предавал актерска игра и има изведено четири генерации млади актери. Покрај четирите играни филмови, има снимено околу петнаесетина документарни филмови и повеќе од дваесет телевизиски остварувања.

Режисерот сигурно ќе беше воодушевен од ова ново достигнување на Кинотеката за неговиот филм. Тој, за жал, повеќе не е меѓу нас, но присутен е преку неговиот филм, рече Томислав Османли, синот на режисерот Димитар Османли, кој меѓу другото сподели и неколку анегдоти од снимањето на овој култен филм кои ги памети од раскажувањето на неговиот татко.

Промоцијата на новата дигитална верзија на филмот, по повод 60-годишнината од неговата премиера во 1961, се случи на летната кинотечна сцена, која е наречена токму според филмот МИРНО ЛЕТО, како македонски дел од проектот „Сезона на класични филмови“ (Season of Classic Films), кој од 2020 година се организира од страна на Асоцијацијата на европски архиви ACE (франц: Association des Cinémathèques Européennes – ACE; анг: Association of European Cinematheques), каде што Кинотеката е членка уште од 1998 година.

Филмот МИРНО ЛЕТО нема целосни оригинални негативи, туку само позитив 35-мм копии кои останале од кино-дистрибуцијата во минатото, кои денес не се технички соодветни за проекции. Затоа тимот на Кинотеката – Игор Старделов, филмолог-советник и раководител на Архивот, Александар Трајковски, филмолог и Тихомир Кашмицовски, филмски техничар – го надгледуваа процесот на скенирање на интернегативи во 2К-резолуција, кои беа обработени од лабораторијата „Клик филм“ во Загреб, Хрватска. Звукот исто така беше дигитално обновен и завршен е новиот 2K мастер, од кој сега се достапни DCP и други дигитални верзии за прикажување и архивирање.

Александар Тајковски и Тихомир Кашмицовски го претставија на процесот на работа.

Работата претставуваше огромно задоволство со огледа на значењето на овој филм и оттука и нашиот пристап. Филмот е целосно работен во услови на пандемија  во лабораторијата за реставрација и иако беше малку повеќе тешко од технички аспект мислам дека на крајот добивме добар резултат, рече Трајковски, кој посочи дека станува збор за прилично стар материјал, неколку месечната работа довела до максимумот што можел да се извлече.

Звукот исто така беше дигитално обновен и завршен е новиот 2K мастер, од кој сега се достапни DCP и други дигитални верзии за прикажување и архивирање.

Беше предизвик да се работи во услови на пандемија, се соочувавме со безброј предизвици, како овде во Скопје, така и со колегите од Загреб. Работевме без физичко присуство, работа во време на полициски час, некој ќе заболи па чекавме за да продолжиме со работа...Безброј пати го изгледавме филмот и постојано наоѓавме детели кои може да се подобрат, рече Кашмицовски кој најави и нови изданија.

The post „Мирно лето“-првиот македонски филм снимен од македонскиот режисер, Димитрие Рули Османли доби дигитално реставрирана верзија appeared first on Република.

Кинотека вечерва го прикажува филмот „Мементо“ во режија на Димитрие Османли во чест на неодамна починатиот маестро Александар Џамбазов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kinoteka-vecherva-go-prikazuva-filmot-memento-vo-rezija-na-dimitrie-osmanli-vo-chest-na-neodamna-pochinatiot-maestro-aleksandar-dzambazov/ Fri, 04 Mar 2022 14:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=467856

Како што најавивме минатиот месец, во март му оддаваме почит на маестро Александар Џамбазов, со македонскиот игран филм МЕМЕНТО (1967) во режија на Димитрие Османли. Овој наш познат и значаен диригент и композитор е автор на „Рапсодија за Скопје“ – композиција за пијано и оркестар (1966) која е главна музичка тема во филмот, велат од Кинотеката.

МЕМЕНТО
(Memento)
Игран филм, Македонија
1967, 97 мин., црно-бел, 35 мм
Режија: Димитрие Османли (Dimitrie Osmanli)
Сценарио: Димитрие Османли, Јован Бошковски,
Ташко Георгиевски (Dimitrie Osmanli, Jovan
Boshkovski, Tashko Georgievski)
Улоги: Стево Жигон, Рената Фреискорн, Предраг
Ќерамилац, Драги Костовски, Нада Гешовска, Петре
Прличко, Тодор Николовски (Stevo Žigon, Renata
Freiskorn, Predrag Ćeramilac, Dragi Kostovski, Nada
Geshovska, Petre Prlichko, Todor Nikolovski)
Еден ден спроти земјотресот во Скопје 1963 година, се запознаваат Вили Милер, германски диригент на пропатување низ Македонија, и Јана, млада девојка, студентка. Нивната повторна средба е по неколку години, кога Вили Милер диригира еден концерт на „Средбата на солидарноста“ во Скопје. Тие неколку денови минати заедно се исполнети со своевидна реминисценција на Јана за доживеаната семејна трагедија, за нејзините лутања и барање начин повторно да се започне животот, запрен во денот на земјотресот. Можноста да замине со Милер е привлечна, но Јана останува во Скопје. Нејзиното место е покрај момчето за кое ја врзува вистинска љубов.
Кинотеката го прикажува филмот МЕМЕНТО во чест на неодамна починатиот маестро Александар Џамбазов, диригент и композитор, кој е автор на „Рапсодија за Скопје“ – композиција за пијано и оркестар (1966) која е изведена филмот.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: бесплатен влез

Почеток 20 часот

The post Кинотека вечерва го прикажува филмот „Мементо“ во режија на Димитрие Османли во чест на неодамна починатиот маестро Александар Џамбазов appeared first on Република.

]]>

Како што најавивме минатиот месец, во март му оддаваме почит на маестро Александар Џамбазов, со македонскиот игран филм МЕМЕНТО (1967) во режија на Димитрие Османли. Овој наш познат и значаен диригент и композитор е автор на „Рапсодија за Скопје“ – композиција за пијано и оркестар (1966) која е главна музичка тема во филмот, велат од Кинотеката.
МЕМЕНТО (Memento) Игран филм, Македонија 1967, 97 мин., црно-бел, 35 мм Режија: Димитрие Османли (Dimitrie Osmanli) Сценарио: Димитрие Османли, Јован Бошковски, Ташко Георгиевски (Dimitrie Osmanli, Jovan Boshkovski, Tashko Georgievski) Улоги: Стево Жигон, Рената Фреискорн, Предраг Ќерамилац, Драги Костовски, Нада Гешовска, Петре Прличко, Тодор Николовски (Stevo Žigon, Renata Freiskorn, Predrag Ćeramilac, Dragi Kostovski, Nada Geshovska, Petre Prlichko, Todor Nikolovski) Еден ден спроти земјотресот во Скопје 1963 година, се запознаваат Вили Милер, германски диригент на пропатување низ Македонија, и Јана, млада девојка, студентка. Нивната повторна средба е по неколку години, кога Вили Милер диригира еден концерт на „Средбата на солидарноста“ во Скопје. Тие неколку денови минати заедно се исполнети со своевидна реминисценција на Јана за доживеаната семејна трагедија, за нејзините лутања и барање начин повторно да се започне животот, запрен во денот на земјотресот. Можноста да замине со Милер е привлечна, но Јана останува во Скопје. Нејзиното место е покрај момчето за кое ја врзува вистинска љубов. Кинотеката го прикажува филмот МЕМЕНТО во чест на неодамна починатиот маестро Александар Џамбазов, диригент и композитор, кој е автор на „Рапсодија за Скопје“ – композиција за пијано и оркестар (1966) која е изведена филмот. Возрасна категорија: 12 години Влезница: бесплатен влез Почеток 20 часот

The post Кинотека вечерва го прикажува филмот „Мементо“ во режија на Димитрие Османли во чест на неодамна починатиот маестро Александар Џамбазов appeared first on Република.

]]>