Димитар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dimitar/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jun 2024 16:53:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Димитар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dimitar/ 32 32 „Ќе преживеам“ – прв дует на Тара и Димитар https://arhiva3.republika.mk/scena/ke-prezhiveam-prv-duet-na-tara-i-dimitar/ Wed, 12 Jun 2024 16:53:37 +0000 https://republika.mk/?p=786987

„Ќе преживеам“ е насловот на новата, дуетска песна на Александар Тарабунов и Димитар Андоновски. Станува збор за брза песна која претендира да стане вистински летен хит.

Дуетот доаѓа како резултат на долгогодишна соработка и пријателство и всушност значи остварување на нивните дамнешни планови, но е и најава за она што ќе следува од нив во периодот кој доаѓа.

„Песната се создаде спонтано додека лежев на плажа. Добив идеја за еден дел, потоа седнавме со Диме и буквално во еден ден идејата се претвори во музика и текст. Велат, кога нешто што ќе го направиш ти се допаѓа значи дека е добро, е нам песнава ни се допаѓа“, рече Тара на денешната промоција во кафулето Интермецо.

За песната е снимено и видео работено под палката на Владислав Гавриловскиа кадрите се снимени во винаријата „Кралица Марија“ во Демир Капија.

Дека оваа соработка и даденото ветување дека музичката приказна нема да заврши тука доволно зборува и создавањето на 77 ентертејментнова продукција која под својата капа ќе стави низа домашни изведувачи кои ќе добијат третман каков што доликува.

Ветувањето за уште квалитетна музика е дадено, а богами Тара и Диме најавија и серија настапи ширум земјава.

„Мора да се работи и мора да се избориме за македонската музика. Мораме и да вложуваме и повеќе да ја цениме, затоа што тоа сме ние“, едногласни се момците.

https://www.youtube.com/watch?v=IrFK18esgo0

The post „Ќе преживеам“ – прв дует на Тара и Димитар appeared first on Република.

]]>