Димитар Ковачавески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dimitar-kovachaveski/ За подобро да се разбереме Sat, 22 Jun 2024 20:37:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Димитар Ковачавески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dimitar-kovachaveski/ 32 32 Ковачевски: Добро е што ќе има продолжување на досегашните владини политики https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-dobro-e-shto-ke-ima-prodolzhuvane-na-dosegashnite-vladini-politiki/ Sat, 22 Jun 2024 20:37:19 +0000 https://republika.mk/?p=789850

Лидерот на опозициската СДСМ и пратеник во македонското Собрание, Димитар Ковачевски во однос на програмата на владата посочи дека има неконзистентни делови и ставови. Во економијата која е најзначајна за едно општество, пак, според него, најавите се општи, без конкретни бројки за зголемување на просечната и минималната плата.

-Добро е што има продолжување на досегашните владини политики за поддршка на инвестициите и за македонските компании. За разлика од периодот до 2016 година кога од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа поддржувани само странски компании. Но има неконзистентност во ставовите на ВМРО-ДПМНЕ да не се зголемува задолжувањето на државата. Сега кога заврши кризата несоодветно и неконзистентно е да се најавува зголемување за 8 отсто на националниот долг на Македонија. Со каматите некаде на крајот на тој период ќе дојде до 10 проценти зголемување на јавниот долг, што е неконзистентно во однос на јавното декларирање за незголемување на долгот, рече Ковачевски.

Во делот на инфраструктурата, како што додаде, сите предложени елементи во програмата се продолжување на сите стратешки проекти на досегашната Влада предводена од СДСМ.

-Тука пред се мислам на Коридорот 8 и Коридорот 10Д коишто исто така од ВМРО-ДПМНЕ беа квалификувани како криминални проекти, изведувачите беа квалификувани како криминални организации. Дури како што ја читам програмата провејува дека ќе им бидат доверени и други проекти, додаде Ковачевски.

The post Ковачевски: Добро е што ќе има продолжување на досегашните владини политики appeared first on Република.

]]>

Лидерот на опозициската СДСМ и пратеник во македонското Собрание, Димитар Ковачевски во однос на програмата на владата посочи дека има неконзистентни делови и ставови. Во економијата која е најзначајна за едно општество, пак, според него, најавите се општи, без конкретни бројки за зголемување на просечната и минималната плата.
-Добро е што има продолжување на досегашните владини политики за поддршка на инвестициите и за македонските компании. За разлика од периодот до 2016 година кога од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа поддржувани само странски компании. Но има неконзистентност во ставовите на ВМРО-ДПМНЕ да не се зголемува задолжувањето на државата. Сега кога заврши кризата несоодветно и неконзистентно е да се најавува зголемување за 8 отсто на националниот долг на Македонија. Со каматите некаде на крајот на тој период ќе дојде до 10 проценти зголемување на јавниот долг, што е неконзистентно во однос на јавното декларирање за незголемување на долгот, рече Ковачевски.
Во делот на инфраструктурата, како што додаде, сите предложени елементи во програмата се продолжување на сите стратешки проекти на досегашната Влада предводена од СДСМ. -Тука пред се мислам на Коридорот 8 и Коридорот 10Д коишто исто така од ВМРО-ДПМНЕ беа квалификувани како криминални проекти, изведувачите беа квалификувани како криминални организации. Дури како што ја читам програмата провејува дека ќе им бидат доверени и други проекти, додаде Ковачевски.

The post Ковачевски: Добро е што ќе има продолжување на досегашните владини политики appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Ги знам грешките кои беа направени во изминатите години, ќе се поправат во наредниот период https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-gi-znam-greshkite-koi-bea-napraveni-vo-izminatite-godini-ke-se-popravat-vo-naredniot-period/ Sat, 13 Apr 2024 16:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=765746

Имаме јасна визија и конкретен план, како да обезбедиме европска иднина за нашите граѓани и да ги поправиме грешките, заедно со мојот тим ќе работам ден и ноќ да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани, да живеат во европска Македонија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачавески, на денешната заедничка прес-конференција со европратеникот од редовите на Социјалдемократската партија на Австрија, Андреас Шидер.

Ковачевски посочи дека во изминатиот период се направени грешки, кои ќе се поправат во наредниот период, но дека сепак СДСМ како партија успеа да ги исполни стратешките цели за државата.

-Можам точно да кажам дека ги знам грешките кои беа направени во текот на изминатите години и добро е да се признаат грешките. Бидејќи човек кој ќе ги признае грешките може и има план како тие да ги поправи во наредниот период. Ние, секако дека направивме грешки, свесни сме за тоа, но една работа ја направивме правилно. Ја задржавме земјата на европскиот пат и како партија и јас како претседател на СДСМ, докажавме дека кога напорно се работи, не постои недостижна цел. Со нас Македонија стана земја членка на НАТО, и е земја со отпочнати преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик и идентитет и со македонската култура како дел од мозаикот на европските култури. Имаме демократија во која секој може слободно да го каже своето мислење, без да шепоти, земја во која парите се враќаат назад кај граѓаните и се менаџираат одговорно исто така е одлика на нашето водење на државата, рече Ковачевски.

При тоа, Ковачевски потенцираше дека секој пат кога имало некое придвижување напред во годините од независноста на државата до сега, тоа било благодарение на владите предводени од СДСМ.

„Сетете се само на влегувањето во ОН, на добивањето на кандидатскиот статус за ЕУ, на влегувањето во НАТО, на отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Се се тоа се процеси кои се предводени од претседатели или премиери од СДСМ. Така било и ќе биде и понатаму“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

The post Ковачевски: Ги знам грешките кои беа направени во изминатите години, ќе се поправат во наредниот период appeared first on Република.

]]>

Имаме јасна визија и конкретен план, како да обезбедиме европска иднина за нашите граѓани и да ги поправиме грешките, заедно со мојот тим ќе работам ден и ноќ да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани, да живеат во европска Македонија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачавески, на денешната заедничка прес-конференција со европратеникот од редовите на Социјалдемократската партија на Австрија, Андреас Шидер. Ковачевски посочи дека во изминатиот период се направени грешки, кои ќе се поправат во наредниот период, но дека сепак СДСМ како партија успеа да ги исполни стратешките цели за државата.