Димитар Димовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dimitar-dimovski/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Nov 2022 18:11:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Димитар Димовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dimitar-dimovski/ 32 32 Пауновска и Рускоска едногласни: Затезната камата не е на штета на буџетот; Димовски осуден токму за тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/paunovska-i-ruskoska-ednoglasni-zateznata-kamata-ne-e-na-shteta-na-budzetot-dimovski-osuden-tokmu-za-toa/ Fri, 04 Nov 2022 18:11:58 +0000 https://republika.mk/?p=569668

Затезна камата никогаш не може да биде штета на буџетот, согласни се тројца oд кандидатите за прв човек во Јавното обвинителство. Во дебатна емисија на  А1.он со Вилма Рускоска, Деса Пауновска и Ермон Есени, меѓу другото одговараат и на прашања за случајот „Топлик“.

Во случајот „Топлик“, кој од Обвинителството за организиран криминал го наследи од СЈО, за изградба на комплексот „Сончев град“, четири обвинети беа осудени токму за затезна камата која од Буџетот била исплатена на фирмата „Сан сити“ како камата за раскинат договор.

Затезна камата никогаш не може да биде штета на буџетот и тоа потврдуваат и пресуди од Врховниот суд. Ако нема штета, може да има предмет само ако има елементи на некое друго кривично дело, но не на злоупотреба на став 5, децидна е обвинителката Деса Пауновска.

Се оди да се утврди реалната штета, после ако бараат камата или затезна камата тоа е веќе предмет на Државното правобранителство да си ги застапува интересите на државата. Затезна камата не може да биде нанесување на штета на буџетот, одговара и Рускоска.

Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Весна Томчевска се осудени токму обратно.

Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на 3 години и 6 месеци за случајот „Топлик“, каде што од Обвинителството беше гонет за злоупотреба на службената положба и овластување.

Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Весна Томчевска, сите членови на Комисијата која спроведувала јавно наддавање за „Сончев град“, се осудени на условни казни од две години затвор доколку во следните пет сторат друго кривично дело.

Покрај ова, осудените треба да ја платат и штетата од околу еден милион евра, пари што државата ги исплатила на фирмата „Сан Сити“, како камата за раскинатиот договор за изградба на комплексот „Сончев град“.

Обвинението го застапуваше обвинителот Бурим Рустеми, кој беше задоволен од казните освен од казната на Димовски, за која најавуваше дека ќе ја обжали.

 

The post Пауновска и Рускоска едногласни: Затезната камата не е на штета на буџетот; Димовски осуден токму за тоа appeared first on Република.

]]>

Затезна камата никогаш не може да биде штета на буџетот, согласни се тројца oд кандидатите за прв човек во Јавното обвинителство. Во дебатна емисија на  А1.он со Вилма Рускоска, Деса Пауновска и Ермон Есени, меѓу другото одговараат и на прашања за случајот „Топлик“. Во случајот „Топлик“, кој од Обвинителството за организиран криминал го наследи од СЈО, за изградба на комплексот „Сончев град“, четири обвинети беа осудени токму за затезна камата која од Буџетот била исплатена на фирмата „Сан сити“ како камата за раскинат договор.
Затезна камата никогаш не може да биде штета на буџетот и тоа потврдуваат и пресуди од Врховниот суд. Ако нема штета, може да има предмет само ако има елементи на некое друго кривично дело, но не на злоупотреба на став 5, децидна е обвинителката Деса Пауновска. Се оди да се утврди реалната штета, после ако бараат камата или затезна камата тоа е веќе предмет на Државното правобранителство да си ги застапува интересите на државата. Затезна камата не може да биде нанесување на штета на буџетот, одговара и Рускоска.
Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Весна Томчевска се осудени токму обратно. Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е осуден на 3 години и 6 месеци за случајот „Топлик“, каде што од Обвинителството беше гонет за злоупотреба на службената положба и овластување. Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Весна Томчевска, сите членови на Комисијата која спроведувала јавно наддавање за „Сончев град“, се осудени на условни казни од две години затвор доколку во следните пет сторат друго кривично дело. Покрај ова, осудените треба да ја платат и штетата од околу еден милион евра, пари што државата ги исплатила на фирмата „Сан Сити“, како камата за раскинатиот договор за изградба на комплексот „Сончев град“. Обвинението го застапуваше обвинителот Бурим Рустеми, кој беше задоволен од казните освен од казната на Димовски, за која најавуваше дека ќе ја обжали.  

The post Пауновска и Рускоска едногласни: Затезната камата не е на штета на буџетот; Димовски осуден токму за тоа appeared first on Република.

]]>