дилери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dileri/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 10:41:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дилери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dileri/ 32 32 Оружје и голема количина дрога пронајдени кај скопски дилери https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/oruzhje-i-golema-kolichina-droga-pronajdeni-kaj-skopski-dileri/ Sat, 09 Nov 2024 10:41:41 +0000 https://republika.mk/?p=835807

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција во координација со Единицата за недозволена трговија и ЕУМНА при СВР Скопје презедоа опсежни истражни дејствија во врска со настан од 02.10.2024, кога на ул. „Ѓурчин Кокале“ во Скопје беше пронајдено патничко моторно возило „мини“ и при извршен претрес на 02.10.2024 околу 01 часот, по претходно обезбедена судска наредба, во возилото се пронајдени 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази (мдма), пиштол, осум куршуми, пригушувач од пиштол, 14,2 мл хашиш смола, машина за вакумирање две дигитални ваги...

Со цел расчистување на случајот, повикани се повеќе лица на службен разговор и извршени се претреси на домови на повеќе локации на подрачје на Скопје кај лица за кои постоеше сомнение за нивна можна инволвираност во овој случај. На 07.11.2024 извршен е претрес во дом на О.А. во Скопје при што е пронајдена марихуана, мобилен телефон и други предмети, по што О.А. е лишен од слобода.  На 08.11.2024 од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по член 215 и 396 од КЗ против О.А. кој е лишен од слобода и М.З. од Скопје, кој е во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање, сооптши МВР.

The post Оружје и голема количина дрога пронајдени кај скопски дилери appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција во координација со Единицата за недозволена трговија и ЕУМНА при СВР Скопје презедоа опсежни истражни дејствија во врска со настан од 02.10.2024, кога на ул. „Ѓурчин Кокале“ во Скопје беше пронајдено патничко моторно возило „мини“ и при извршен претрес на 02.10.2024 околу 01 часот, по претходно обезбедена судска наредба, во возилото се пронајдени 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази (мдма), пиштол, осум куршуми, пригушувач од пиштол, 14,2 мл хашиш смола, машина за вакумирање две дигитални ваги... Со цел расчистување на случајот, повикани се повеќе лица на службен разговор и извршени се претреси на домови на повеќе локации на подрачје на Скопје кај лица за кои постоеше сомнение за нивна можна инволвираност во овој случај. На 07.11.2024 извршен е претрес во дом на О.А. во Скопје при што е пронајдена марихуана, мобилен телефон и други предмети, по што О.А. е лишен од слобода.  На 08.11.2024 од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по член 215 и 396 од КЗ против О.А. кој е лишен од слобода и М.З. од Скопје, кој е во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање, сооптши МВР.

The post Оружје и голема количина дрога пронајдени кај скопски дилери appeared first on Република.

]]>
Апсење на „Партизанска“, паднаа двајца скопски дилери https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/apsene-na-partizanska-padnaa-dvajtsa-skopski-dileri/ Sat, 03 Aug 2024 07:40:52 +0000 https://republika.mk/?p=802969

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1, а во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, во стан во кој престојувал уапсениот 25-годишник на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, полицијата на 1 август пронашла вкупно 85,31 грам наркотична дрога – марихуана, спакувана во пет помали ќеси. Осомничениот и неговата 26-годишна соизвршителка заедно ја држеле дрогата наменета за неовластена продажба. Исто така, кај нив биле пронајдени и парични средства во евра и денари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот кој и претходно бил осудуван за исто дело, како и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничената.

The post Апсење на „Партизанска“, паднаа двајца скопски дилери appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1, а во врска со член 22 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, во стан во кој престојувал уапсениот 25-годишник на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, полицијата на 1 август пронашла вкупно 85,31 грам наркотична дрога – марихуана, спакувана во пет помали ќеси. Осомничениот и неговата 26-годишна соизвршителка заедно ја држеле дрогата наменета за неовластена продажба. Исто така, кај нив биле пронајдени и парични средства во евра и денари за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога. До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот кој и претходно бил осудуван за исто дело, како и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничената.

The post Апсење на „Партизанска“, паднаа двајца скопски дилери appeared first on Република.

]]>
Голема полициска акција на подрачјето на Скопје за сузбивање на улично дилерство на дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/golema-politsiska-aktsija-na-podrachjeto-na-skopje-za-suzbivane-na-ulichno-dilerstvo-na-droga/ Sat, 01 Jun 2024 11:38:13 +0000 https://republika.mk/?p=783845

Во рамки на криминалистичка истрага која од декември 2023 се спроведуваше по насоки на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, на 31.05/01.06.2024 во голема заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, САЕ Тигар и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија беа преземени низа координирани мерки и активности на подрачјето на Скопје со цел сузбивање на улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана. Притоа, во текот на криминалистичката истрага од слобода се лишени 28 лица.

Во акцијата за сузбивање на улично дилерство на дрога изминатата ноќ лишени се од слобода В.Г.(46), М.В.(22) и С.Б.(21), кај кои бил пронајден кокаин, Д.Т.(24) од Кочани, како и С.В.(28) од Скопје, кај кои при претрес биле пронајдени поголеми суми пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога. Покрај ова, извршени се претреси на седум локации во Скопје, при што кај Ѓ.Ш.(41) од Скопје биле пронајдени марихуана, вага и други предмети поврзани со кривичното дело, кај А.П.(29) пронајден е куршум и запалка за бомба, кај Б.П.(34) се пронајдени остатоци од кокаин и други предмети поврзани со кривичното дело. Од слобода се лишени и А.Б.Ј., поради сомнение за уништување докази, како и М.Д.(37) од Скопје, кај кого бил пронајден кокаин. При претрес кај Ф.Д.(41) од Скопје пронајдени се поголема сума пари, марихуана, лични карти и пасоши на повеќе лица оставани како залог за купопродажба на дрога, а при преземени мерки за негово лишување од слобода, тој не застанал на издадена наредба за запирање, при што оштетил три службени возила, извршувајќи и кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и за него е издаден распис за негово пронаоѓање и приведување.

Покрај 28-те вкупно приведени лица, во текот на криминалистичката истрага обезбедени се повеќе материјални докази за инволвираност на лицата во улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, за две лица е веќе поднесена кривична пријава и одредена е мерка притвор, одземен е мотоцикл „хонда“ како и патничко возило „форд мондео“ за кое се обезбедени докази дека било користено за продажба на кокаин. Во текот на денешниот ден од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против 7 лица.

The post Голема полициска акција на подрачјето на Скопје за сузбивање на улично дилерство на дрога appeared first on Република.

]]>

Во рамки на криминалистичка истрага која од декември 2023 се спроведуваше по насоки на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, на 31.05/01.06.2024 во голема заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, САЕ Тигар и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија беа преземени низа координирани мерки и активности на подрачјето на Скопје со цел сузбивање на улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана. Притоа, во текот на криминалистичката истрага од слобода се лишени 28 лица. Во акцијата за сузбивање на улично дилерство на дрога изминатата ноќ лишени се од слобода В.Г.(46), М.В.(22) и С.Б.(21), кај кои бил пронајден кокаин, Д.Т.(24) од Кочани, како и С.В.(28) од Скопје, кај кои при претрес биле пронајдени поголеми суми пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога. Покрај ова, извршени се претреси на седум локации во Скопје, при што кај Ѓ.Ш.(41) од Скопје биле пронајдени марихуана, вага и други предмети поврзани со кривичното дело, кај А.П.(29) пронајден е куршум и запалка за бомба, кај Б.П.(34) се пронајдени остатоци од кокаин и други предмети поврзани со кривичното дело. Од слобода се лишени и А.Б.Ј., поради сомнение за уништување докази, како и М.Д.(37) од Скопје, кај кого бил пронајден кокаин. При претрес кај Ф.Д.(41) од Скопје пронајдени се поголема сума пари, марихуана, лични карти и пасоши на повеќе лица оставани како залог за купопродажба на дрога, а при преземени мерки за негово лишување од слобода, тој не застанал на издадена наредба за запирање, при што оштетил три службени возила, извршувајќи и кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и за него е издаден распис за негово пронаоѓање и приведување. Покрај 28-те вкупно приведени лица, во текот на криминалистичката истрага обезбедени се повеќе материјални докази за инволвираност на лицата во улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, за две лица е веќе поднесена кривична пријава и одредена е мерка притвор, одземен е мотоцикл „хонда“ како и патничко возило „форд мондео“ за кое се обезбедени докази дека било користено за продажба на кокаин. Во текот на денешниот ден од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против 7 лица.  

The post Голема полициска акција на подрачјето на Скопје за сузбивање на улично дилерство на дрога appeared first on Република.

]]>
Паднаа двајца кумановски дилери https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/padnaa-dvajtsa-kumanovski-dileri/ Sat, 11 May 2024 10:08:29 +0000 https://republika.mk/?p=777013

Вчера во 19.30 часот во Куманово полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Куманово, ги лишиле од слобода Ф.Т.(29) и М.С.(18) од Куманово, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Подоцна, при претрес во домот на Ф.Т., извршен со судска наредба, бил пронајден кокаин и семки од канабис. Ф.Т. и М.С. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, велат од МВР.

The post Паднаа двајца кумановски дилери appeared first on Република.

Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдени над три килограми марихуана https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-dvajtsa-dileri-od-prilep-pronajdeni-nad-tri-kilogrami-marihuana/ Mon, 06 May 2024 09:23:29 +0000 https://republika.mk/?p=774664

Двајца прилепчани се приведени синоќа бидејќи во возилото „пежо“ со кое се превезувале биле пронајдени торба со над три килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека двајцата дилери се приведени на регионалниот пат Дебар-Струга околу 21:30 часот. Автомобилот марка „пежо“ со скопски таблички било на рент а кар компанија. Возилото го управувал 34-годишниот Б.С., а сопатник бил 36-годишниот Д.Н.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдени над три килограми марихуана appeared first on Република.

]]>

Двајца прилепчани се приведени синоќа бидејќи во возилото „пежо“ со кое се превезувале биле пронајдени торба со над три килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека двајцата дилери се приведени на регионалниот пат Дебар-Струга околу 21:30 часот. Автомобилот марка „пежо“ со скопски таблички било на рент а кар компанија. Возилото го управувал 34-годишниот Б.С., а сопатник бил 36-годишниот Д.Н. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдени над три килограми марихуана appeared first on Република.

]]>
Фатени струмички дилери на марихуана https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/fateni-strumichki-dileri-na-marihuana/ Tue, 19 Dec 2023 09:07:13 +0000 https://republika.mk/?p=724450

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица вчера ги лишиле од слобода И.Г. (41) и Т.Г. (41) од село Просениково, струмичко, бидејќи при претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Како што информира денеска МВР, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Фатени струмички дилери на марихуана appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица вчера ги лишиле од слобода И.Г. (41) и Т.Г. (41) од село Просениково, струмичко, бидејќи при претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Како што информира денеска МВР, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Фатени струмички дилери на марихуана appeared first on Република.

]]>
Фатени двајца дилери од Чаир https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/fateni-dvajtsa-dileri-od-chair/ Mon, 18 Dec 2023 08:52:36 +0000 https://republika.mk/?p=724204

На подрачјето на Чаир, вчера попладнето во заедничка и координирана акција, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Единиците за интервентна полиција и за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Г.(40) и Г.Ѓ.(32), двајцата од Скопје, информираат од МВР.

При преглед кај нив, кај М.Г. била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Г.Ѓ., при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и предмет за кој постои сомнение дека потекнува од кривично дело „кражба“.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Фатени двајца дилери од Чаир appeared first on Република.

]]>

На подрачјето на Чаир, вчера попладнето во заедничка и координирана акција, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Единиците за интервентна полиција и за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Г.(40) и Г.Ѓ.(32), двајцата од Скопје, информираат од МВР. При преглед кај нив, кај М.Г. била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Г.Ѓ., при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и предмет за кој постои сомнение дека потекнува од кривично дело „кражба“. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Фатени двајца дилери од Чаир appeared first on Република.

]]>
Паднаа двајца охридски дилери https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/padnaa-dvajtsa-ohridski-dileri/ Fri, 15 Dec 2023 09:58:32 +0000 https://republika.mk/?p=723221

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид синоќа во 20:10 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид ги лишиле од слобода Љ.З.(40) и Ж.Р.(33), двајцата од Охрид.

Приведените биле затекнати во близина на станот кој го користеле, при што при преглед кај Љ.З. биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со бела прашкаста материја, додека кај Ж.Р. била пронајдена и одземена поголема сума пари.

Подоцна, при претрес во станот извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени една ќеса со повеќе пакувања бела прашкаста материја, ќеса со бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Паднаа двајца охридски дилери appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид синоќа во 20:10 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид ги лишиле од слобода Љ.З.(40) и Ж.Р.(33), двајцата од Охрид. Приведените биле затекнати во близина на станот кој го користеле, при што при преглед кај Љ.З. биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со бела прашкаста материја, додека кај Ж.Р. била пронајдена и одземена поголема сума пари. Подоцна, при претрес во станот извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени една ќеса со повеќе пакувања бела прашкаста материја, ќеса со бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Паднаа двајца охридски дилери appeared first on Република.

]]>
Фатени тројца скопски дилери https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/fateni-trojtsa-skopski-dileri/ Thu, 30 Nov 2023 08:49:42 +0000 https://republika.mk/?p=717838

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје денеска ги лишиле од слобода Е.Ј.(45), А.Б.(21) и Ф.Б.(26), сите од Скопје.

При претрес во домот на Е.Ј. на подрачјето на Шуто Оризари, извршен со судска наредба, во кој биле затекнати А.Б. и Ф.Б., биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и пари во различни валути и апоени, соопштија денеска од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

The post Фатени тројца скопски дилери appeared first on Република.

Двајца дилери фатени со марихуана, еден со хероин, кокаин и цел арсенал вооружување https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajtsa-dileri-fateni-so-marihuana-eden-so-heroin-kokain-i-tsel-arsenal-vooruzhuvane/ Thu, 23 Nov 2023 16:16:13 +0000 https://republika.mk/?p=715587

Денеска (23.11.2023) во 10.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.А.(24) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед во патничко возило „ауди“, со кое тој се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ф.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом во с.Страчинци, скопско, при што пронашле и одзеле хероин, кокаин, дигитална вага со остатоци од хероин и кокаин, две рамки од автоматска пушка, 339 куршуми, една пушка, ловечка пушка и 13 ловечки патрони.

The post Двајца дилери фатени со марихуана, еден со хероин, кокаин и цел арсенал вооружување appeared first on Република.

]]>

Денеска (23.11.2023) во 10.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.А.(24) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед во патничко возило „ауди“, со кое тој се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ф.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом во с.Страчинци, скопско, при што пронашле и одзеле хероин, кокаин, дигитална вага со остатоци од хероин и кокаин, две рамки од автоматска пушка, 339 куршуми, една пушка, ловечка пушка и 13 ловечки патрони.  

The post Двајца дилери фатени со марихуана, еден со хероин, кокаин и цел арсенал вооружување appeared first on Република.

]]>
Центарски дилери ќе завршат зад решетки https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsentarski-dileri-ke-zavrshat-zad-reshetki/ Sun, 12 Nov 2023 14:38:50 +0000 https://republika.mk/?p=700714

На 11.11.2023 во 23.10 часот на подрачје на Центар во Скопје од полициски службеници е лишен од слобода А.З.(25) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.11.2023 во 02.15 часот на подрачје на Центар во Скопје од полициски службеници е лишен од слобода П.Р.(23) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Центарски дилери ќе завршат зад решетки appeared first on Република.

Падна фамилија дилери во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/padna-familija-dileri-vo-bitola/ Fri, 03 Nov 2023 11:22:39 +0000 https://republika.mk/?p=697745

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола вчера ги лишиле од слобода М.М.(37), М.А.(35), М.А.(33) и И.А.(53), сите од Битола.

Како што соопштија од МВР, при претрес во нивниот дом биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и пари во различни апоени.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Падна фамилија дилери во Битола appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола вчера ги лишиле од слобода М.М.(37), М.А.(35), М.А.(33) и И.А.(53), сите од Битола. Како што соопштија од МВР, при претрес во нивниот дом биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и пари во различни апоени. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Падна фамилија дилери во Битола appeared first on Република.

]]>
Во нивниот автосервис во Ѓорче скопска фамилија дилала и марихуана https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-nivniot-avtoservis-vo-gorche-skopska-familija-dilala-i-marihuana/ Thu, 27 Jul 2023 07:49:39 +0000 https://republika.mk/?p=665751

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против четири лица за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Еден од обвинетите се гони и за кривично дело „неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, четворицата обвинети, тројца мажи и една жена, роднински поврзани, во авто-сервис во Ѓорче Петров, неовластено заради продажба држеле 133,72 килограми наркотична дрога – марихуана. Од нив, на 2 мај спакувале 99,6 килограми и ги подготвиле за неовластена продажба. Дрогата во кеси и картонски кутии ја ставиле во автомобил, а остатокот го оставиле во авто сервисот.

Истиот ден заеднички организирале пренос на марихуаната, движејќи се со три автомобили еден зад друг – прво возило со цел да известува за полициски службеници и патроли, второ возило во кое била дрогата и трет автомобил за заштита. На издадена полициска наредба да запрат на улицата „Скупи“, првиот автомобил воопшто не застанал и обвинетиот се дал во бегство. Другите две возила биле веднаш сопрени и при извршен преглед биле пронајдени картонските кутии со дрогата. По извршен претрес во авто сервисот била пронајдена и останатата марихуана, но исто така биле пронајдени и четири куршуми муниција кои еден од обвинетите ги држел без дозвола, се наведува во соопштението од ЈО.

По лишување од слобода на сите четворица обвинети, по предлог на јавниот обвинител им беше определена мерка притвор. Со поднесувањето на обвинителниот акт, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворските мерки, бидејќи се уште постојат законските основи – опасност од бегство и можност да го повторат делото.

The post Во нивниот автосервис во Ѓорче скопска фамилија дилала и марихуана appeared first on Република.

]]>

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против четири лица за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Еден од обвинетите се гони и за кривично дело „неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Како што соопшти Јавното обвинителство, четворицата обвинети, тројца мажи и една жена, роднински поврзани, во авто-сервис во Ѓорче Петров, неовластено заради продажба држеле 133,72 килограми наркотична дрога – марихуана. Од нив, на 2 мај спакувале 99,6 килограми и ги подготвиле за неовластена продажба. Дрогата во кеси и картонски кутии ја ставиле во автомобил, а остатокот го оставиле во авто сервисот.
Истиот ден заеднички организирале пренос на марихуаната, движејќи се со три автомобили еден зад друг – прво возило со цел да известува за полициски службеници и патроли, второ возило во кое била дрогата и трет автомобил за заштита. На издадена полициска наредба да запрат на улицата „Скупи“, првиот автомобил воопшто не застанал и обвинетиот се дал во бегство. Другите две возила биле веднаш сопрени и при извршен преглед биле пронајдени картонските кутии со дрогата. По извршен претрес во авто сервисот била пронајдена и останатата марихуана, но исто така биле пронајдени и четири куршуми муниција кои еден од обвинетите ги држел без дозвола, се наведува во соопштението од ЈО.
По лишување од слобода на сите четворица обвинети, по предлог на јавниот обвинител им беше определена мерка притвор. Со поднесувањето на обвинителниот акт, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворските мерки, бидејќи се уште постојат законските основи – опасност од бегство и можност да го повторат делото.

The post Во нивниот автосервис во Ѓорче скопска фамилија дилала и марихуана appeared first on Република.

]]>
Фатени тинејџери дилери во Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/fateni-tinejdheri-dileri-vo-delchevo/ Sat, 22 Jul 2023 09:52:24 +0000 https://republika.mk/?p=664165

Полициски службеници од ОВР Делчево ги лишиле од слобода М.К.(19) и еден малолетник, двајцата од Делчево, откако при претрес во нивните домови била пронајдена кафеава материја, дигитални ваги и други предмети.

Со судска наредба биле извршени претреси во нивните домови. Притоа, во домот на М.К. биле пронајдени и одземени кафеава материја и предмети со остатоци од кафеава материја. Додека, во домот на малолетникот биле пронајдени и одземени неколку пакувања со кафеава материја, две дигитални ваги и други предмети, соопшти денеска МВР.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави

The post Фатени тинејџери дилери во Делчево appeared first on Република.

Приведени тројца дилери од Гостивар фатени со кокаин https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-trojtsa-dileri-od-gostivar-fateni-so-kokain/ Mon, 17 Apr 2023 09:17:05 +0000 https://republika.mk/?p=631374

Вчера во 22.00 часот од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар на ул.”Илинденска” во Гостивар од слобода се лишени Д.Н.(29) од Гостивар, А.Ш.(31) од с.Лакавица и А.Б. (32) од с.Здуње.

Кај Д.Н. и кај А.Ш. биле пронајдени и одземени две ќеси со кокаин, а кај А.Б. е пронајдена и одземена поголема сума на пари во различни валути.

Лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Приведени тројца дилери од Гостивар фатени со кокаин appeared first on Република.

]]>

Вчера во 22.00 часот од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар на ул.”Илинденска” во Гостивар од слобода се лишени Д.Н.(29) од Гостивар, А.Ш.(31) од с.Лакавица и А.Б. (32) од с.Здуње. Кај Д.Н. и кај А.Ш. биле пронајдени и одземени две ќеси со кокаин, а кај А.Б. е пронајдена и одземена поголема сума на пари во различни валути. Лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Приведени тројца дилери од Гостивар фатени со кокаин appeared first on Република.

]]>
Приведени неколку битолски дилери https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-nekolku-bitolski-dileri/ Tue, 11 Apr 2023 08:53:04 +0000 https://republika.mk/?p=629728

Шест лица се приведени откако полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера извршиле претреси на повеќе локации во Битола и прегледи на повеќе лица, при што биле пронајдени хероин, марихуана и други предмети.

При претрес со судска наредба во домот на Л.Н.(39) од Битола, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети. При претрес во домот и други простории кои ги користи О.П.(44) од Битола, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат и се поврзани со кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

При преглед на П.П.(40) од Битола бил пронајден и одземен хероин. Додека, при преглед кај О.Д.(37) од Битола, исто така, бил пронајден и одземен хероин, а со него биле затекнати и Г.С.(20) од Битола и Ф.О.(36) од Ресен.Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави, соопштија од МВР.

The post Приведени неколку битолски дилери appeared first on Република.

]]>

Шест лица се приведени откако полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера извршиле претреси на повеќе локации во Битола и прегледи на повеќе лица, при што биле пронајдени хероин, марихуана и други предмети. При претрес со судска наредба во домот на Л.Н.(39) од Битола, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети. При претрес во домот и други простории кои ги користи О.П.(44) од Битола, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат и се поврзани со кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
При преглед на П.П.(40) од Битола бил пронајден и одземен хероин. Додека, при преглед кај О.Д.(37) од Битола, исто така, бил пронајден и одземен хероин, а со него биле затекнати и Г.С.(20) од Битола и Ф.О.(36) од Ресен.Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави, соопштија од МВР.

The post Приведени неколку битолски дилери appeared first on Република.

]]>
Запленети и податоци за нивни клиенти: 16 дилери уапсени во голема акција во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zapleneti-i-podatotsi-za-nivni-klienti-16-dileri-uapseni-vo-golema-aktsija-vo-skopje/ Mon, 03 Apr 2023 10:07:24 +0000 https://republika.mk/?p=626598

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се приведени 16 лица поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а од нив пет лица се приведени во врска и со сознанија за друго кривично дело.

По претходно добиени оперативни сознанија, информираа денеска од МВР, полициски службеници од СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје по добиени судски наредби, извршиле претреси на дом и други простории на 19 локации при што се приведени 16 лица.

При претресите пронајдена е поголема сума на пари кои потекнуваат од продажба на дрога, податоци за лица на кои им била продавана дрога… По документирање на случаите лицата ќе бидат предадени на надлежното обвинителство, соопштија од МВР.

The post Запленети и податоци за нивни клиенти: 16 дилери уапсени во голема акција во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се приведени 16 лица поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а од нив пет лица се приведени во врска и со сознанија за друго кривично дело. По претходно добиени оперативни сознанија, информираа денеска од МВР, полициски службеници од СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје по добиени судски наредби, извршиле претреси на дом и други простории на 19 локации при што се приведени 16 лица.
При претресите пронајдена е поголема сума на пари кои потекнуваат од продажба на дрога, податоци за лица на кои им била продавана дрога… По документирање на случаите лицата ќе бидат предадени на надлежното обвинителство, соопштија од МВР.

The post Запленети и податоци за нивни клиенти: 16 дилери уапсени во голема акција во Скопје appeared first on Република.

]]>
Како на филм: На автопатот Гостивар – Тетово полицијата пукала во тркалата на автомобил со кој бегале дилери на дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kako-na-film-na-avtopatot-gostivar-tetovo-politsijata-pukala-vo-trkalata-na-avtomobil-so-koj-begale-dileri-na-droga/ Sat, 25 Mar 2023 16:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=623633

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Покрај ова, против првоосомничениот е поведена постапка и за кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата соизвршители, на 24 март, на наплатна рампа на автопатот Гостивар-Тетово, неовластено заради продажба држеле 30 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата била спакувана во 25 пакувања во автомобилот на осомничените. Кога полициски службеници се обиделе да ги запрат, првоосомничениот возач на автомобилот додал гас, обидувајќи се да се даде во бегство, при што удрил во полициско комбе.

Полициските службеници пукале во тркалата на автомобилот и успеале да го онеспособат за движење и да го запрат. Осомничените веднаш биле приведени, а дрогата запленета.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​

The post Како на филм: На автопатот Гостивар – Тетово полицијата пукала во тркалата на автомобил со кој бегале дилери на дрога appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Покрај ова, против првоосомничениот е поведена постапка и за кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители, на 24 март, на наплатна рампа на автопатот Гостивар-Тетово, неовластено заради продажба држеле 30 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата била спакувана во 25 пакувања во автомобилот на осомничените. Кога полициски службеници се обиделе да ги запрат, првоосомничениот возач на автомобилот додал гас, обидувајќи се да се даде во бегство, при што удрил во полициско комбе. Полициските службеници пукале во тркалата на автомобилот и успеале да го онеспособат за движење и да го запрат. Осомничените веднаш биле приведени, а дрогата запленета. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​  

The post Како на филм: На автопатот Гостивар – Тетово полицијата пукала во тркалата на автомобил со кој бегале дилери на дрога appeared first on Република.

]]>
За два месеца уапсени 62 дилери на дрога во Битола и Прилеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-dva-mesetsa-uapseni-62-dileri-na-droga-vo-bitola-i-prilep/ Thu, 23 Mar 2023 10:09:05 +0000 https://republika.mk/?p=622772

МВР информира дека во текот на првите два месеци од 2023 година на подрачјето на СВР Битола, во врска со недозволена трговија со дрога, од слобода биле лишени од слобода 62 лица (40 во Битола и 22 во Прилеп), биле извршени 13 претреси на домови и други простории (осум во Битола и пет во Прилеп) и биле извршени 97 прегледи на лица и возила во Битола.

Во овој период, исто така за сторени кривични дела по член 215 од Кривичниот законик, поднесени се вкупно 24 кривични пријави (Битола-14, Прилеп 9, Крушево1) за сторени 29 кривични дела против 35 сторители (Битола 22, Прилеп 10, Крушево 3) при што пронајдени и одземени се марихуана, хероин, кокаин, амфетамин, метамфетамин, таблети МДМА и друго, соопштуваат од МВР.

The post За два месеца уапсени 62 дилери на дрога во Битола и Прилеп appeared first on Република.

Двајца кумановци фатени на дело како пакуваат кокаин и хероин https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajca-kumanovci-fateni-na-delo-kako-pakuvaat-kokain-i-heroin/ Thu, 16 Jun 2022 07:57:43 +0000 https://republika.mk/?p=515813

Кумановската полиција приведе две лица, откако претходно извршила претрес во домот на едниот од нив и затекнала марихуана, кокаин, хероин, амфетамин, соопшти денеска СВР Куманово.

Вчера во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишиле од слобода Н.В.(22) од село Тромеѓа, кумановско и деветнаесетгодишниот Д.Ј. од Куманово. При претрес во домот на Н.В., извршен со судска наредба, двајцата биле затекнати како пакуваат марихуана во мали ќесиња за продажба, соопшти полицијата.

Полициските службеници пронашле и одзеле околу еден килограм марихуана, таблети екстази, амфетамин, кокаин, хероин, пари, две дигитални ваги, празни најлонски опаковки и фолии за пакување, нотес со клиенти, неколку прачки експлозив и неколку детонатори, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Двајца кумановци фатени на дело како пакуваат кокаин и хероин appeared first on Република.

]]>

Кумановската полиција приведе две лица, откако претходно извршила претрес во домот на едниот од нив и затекнала марихуана, кокаин, хероин, амфетамин, соопшти денеска СВР Куманово.
Вчера во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишиле од слобода Н.В.(22) од село Тромеѓа, кумановско и деветнаесетгодишниот Д.Ј. од Куманово. При претрес во домот на Н.В., извршен со судска наредба, двајцата биле затекнати како пакуваат марихуана во мали ќесиња за продажба, соопшти полицијата.
Полициските службеници пронашле и одзеле околу еден килограм марихуана, таблети екстази, амфетамин, кокаин, хероин, пари, две дигитални ваги, празни најлонски опаковки и фолии за пакување, нотес со клиенти, неколку прачки експлозив и неколку детонатори, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Двајца кумановци фатени на дело како пакуваат кокаин и хероин appeared first on Република.

]]>