дијаспора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dijaspora/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Sep 2024 12:12:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дијаспора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dijaspora/ 32 32 Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-se-sretna-so-pretstavnitsi-na-makedonskata-dijaspora-vo-nu-dhersi/ Sun, 22 Sep 2024 12:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=818717

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на престојот во Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, го посети Њу Џерси.

Во Тотова, претседателката Сиљановска Давкова ја посети црквата „Свети Никола“ каде присуствуваше на литургијата по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица и оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси.

На средбата таа најави дека наскоро ќе иницира формирање на Совет за соработка со дијаспората.

Не случајно сум тука денеска меѓу вас. Мислам дека вие сте нашите најдобри амбасадори. Вие во најубава светлина ја претставувате татковината без оглед на верата. Затоа мислам дека многу важно е да имаме постојани контакти. Еден од органите што јас набрзо ќе ги формирам со мојот тим е Советот за соработка со дијаспората“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Таа истакна дека дијаспората заслужува да учествува и во изборниот процес, како и во креирањето на најважните одлуки и закони.

Мислам дека ова ќе биде првиот чекор за континуирана комуникација со дијаспората, советите се добредојдени, помошта и разбирањето се добредојдени, ама и ние дома не смееме да заборавиме дека нашата дома е и ваша дома“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Во Фрихолд, претседателката ја посети џамијата во рамки на заедницата „Дебар“, каде оствари средба со оџата Омер Кадри и претставници на дијаспората по потекло од дебарскиот крај.

На средбата со иселениците претседателката Сиљановска Давкова беше запознаена со нивните активности и начините на организирање и интегрирање во рамки на американското општество. Таа ги реафирмираше нејзините заложби и посветеност за продлабочување на врските со иселениците, искористување на потенцијалите и јакнење на нивната улога во развојот и просперитетот на земјата.

The post Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на престојот во Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, го посети Њу Џерси. Во Тотова, претседателката Сиљановска Давкова ја посети црквата „Свети Никола“ каде присуствуваше на литургијата по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица и оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси. На средбата таа најави дека наскоро ќе иницира формирање на Совет за соработка со дијаспората.
Не случајно сум тука денеска меѓу вас. Мислам дека вие сте нашите најдобри амбасадори. Вие во најубава светлина ја претставувате татковината без оглед на верата. Затоа мислам дека многу важно е да имаме постојани контакти. Еден од органите што јас набрзо ќе ги формирам со мојот тим е Советот за соработка со дијаспората“, рече претседателката Сиљановска Давкова.
Таа истакна дека дијаспората заслужува да учествува и во изборниот процес, како и во креирањето на најважните одлуки и закони.
Мислам дека ова ќе биде првиот чекор за континуирана комуникација со дијаспората, советите се добредојдени, помошта и разбирањето се добредојдени, ама и ние дома не смееме да заборавиме дека нашата дома е и ваша дома“, рече претседателката Сиљановска Давкова.
Во Фрихолд, претседателката ја посети џамијата во рамки на заедницата „Дебар“, каде оствари средба со оџата Омер Кадри и претставници на дијаспората по потекло од дебарскиот крај. На средбата со иселениците претседателката Сиљановска Давкова беше запознаена со нивните активности и начините на организирање и интегрирање во рамки на американското општество. Таа ги реафирмираше нејзините заложби и посветеност за продлабочување на врските со иселениците, искористување на потенцијалите и јакнење на нивната улога во развојот и просперитетот на земјата.  

The post Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси appeared first on Република.

]]>
Курти бара од дијаспората да се попише за да гласа на изборите во февруари 2025 https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-bara-od-dijasporata-da-se-popishe-za-da-glasa-na-izborite-vo-fevruari-2025/ Sun, 25 Aug 2024 20:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=810091

Косовскиот премиер, Албин Курти ги повика иселениците да го искористат законскиот рок до 31 август, до кога трае пописот на населението за припадниците на дијаспората, за да можат да гласаат на парламентарните избори во Косово, закажани за 9 февруари 2025 година.

Преку видео порака на неговата страница на Фејсбук, Курти апелира до граѓаните во дијаспората да го искористат своето уставно право и нагласи дека процесот на регистрација како нерезидентни граѓани на Косово е нивна можност за зајакнување на врските со татковината.

Со попишувањето станувате активен дел во градењето на иднината на Косово и на самата дијаспора. Искористете го вашето уставно право и регистрирајте се онлајн преку платформата е-дијаспора до 31 август 2024 година. Покрај преку платформата е-дијаспора, можете да се информирате и по потреба да ви се помогне да се регистрирате, во објектите на регионалните општини на Косово, од страна на претставници на Агенцијата за статистика на Косово. Пријавувањето е брзо и лесно, но со големо влијание, порача Курти.

Тој нагласи дека добиените податоци од пописот на дијаспората ќе помогнат да се креираат политики кои ја поддржуваат емиграцијата, ги подобруваат услугите и ги зајакнуваат културните и образовните врски со татковината.

Иселеништвото е нераскинлив дел од нашата нација, затоа ве повикувам да се попишете секој од вас!“, порача Курти.

Пописот на резидентното население во Косово се одржа од 5 април до 24 мај годинава и прелиминарните резултати покажаа дека во државата живеат 1.586.659 жители. За иселеништвото рокот за попишување е до 31 август, а до средината на јули, според Агенцијата за статистика на Косово, во странство беа регистрирани околу 600 илјади Косовари.

The post Курти бара од дијаспората да се попише за да гласа на изборите во февруари 2025 appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти ги повика иселениците да го искористат законскиот рок до 31 август, до кога трае пописот на населението за припадниците на дијаспората, за да можат да гласаат на парламентарните избори во Косово, закажани за 9 февруари 2025 година. Преку видео порака на неговата страница на Фејсбук, Курти апелира до граѓаните во дијаспората да го искористат своето уставно право и нагласи дека процесот на регистрација како нерезидентни граѓани на Косово е нивна можност за зајакнување на врските со татковината.
Со попишувањето станувате активен дел во градењето на иднината на Косово и на самата дијаспора. Искористете го вашето уставно право и регистрирајте се онлајн преку платформата е-дијаспора до 31 август 2024 година. Покрај преку платформата е-дијаспора, можете да се информирате и по потреба да ви се помогне да се регистрирате, во објектите на регионалните општини на Косово, од страна на претставници на Агенцијата за статистика на Косово. Пријавувањето е брзо и лесно, но со големо влијание, порача Курти.
Тој нагласи дека добиените податоци од пописот на дијаспората ќе помогнат да се креираат политики кои ја поддржуваат емиграцијата, ги подобруваат услугите и ги зајакнуваат културните и образовните врски со татковината.
Иселеништвото е нераскинлив дел од нашата нација, затоа ве повикувам да се попишете секој од вас!“, порача Курти.
Пописот на резидентното население во Косово се одржа од 5 април до 24 мај годинава и прелиминарните резултати покажаа дека во државата живеат 1.586.659 жители. За иселеништвото рокот за попишување е до 31 август, а до средината на јули, според Агенцијата за статистика на Косово, во странство беа регистрирани околу 600 илјади Косовари.

The post Курти бара од дијаспората да се попише за да гласа на изборите во февруари 2025 appeared first on Република.

]]>
Од „почит кон иселениците“ зонско паркирање само до 21 часот во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-pochit-kon-iselenitsite-zonsko-parkirane-samo-do-21-chasot-vo-tetovo/ Mon, 15 Jul 2024 18:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=797159

Од денеска наместо од 7 до 23 часот, зонското паркирање во Тетово во наредниве 30 денови ќе се наплаќа само до 21 часот, одлучиле општината и јавното претпријатие „Градски паркинг“. Намалувањето на времето за наплата е во знак на почит на иселениците, се вели во образложението на општината.

Сите граѓани сега можат да го користат бесплатниот паркинг после 21 часот. Оваа одлука ќе започне од 15 овој месец до 15 август. Сега е време кога нашите иселеници се на одмор во својата татковина и во знак на почит и чест решивме да го скратиме времето на зонското паркирање за два часа односно два часа повеќе ќе имаме бесплатен паркинг. Исто така, училишните дворови во Тетово сега се бесплатни. Поаѓајќи од овој факт, би било добро возачите да ги паркираат своите автомобили на овие соодветните паркинг места за да се избегне сообраќаен хаос, се вели во објавата од Општина Тетово.

Минатата недела, ЈП „Градски паркинг“ постави летоци на возилата паркирани на булеварите „Илинденска“ и „Благоја Тоска“ ЈП „Градски паркинг“ со барање да не се паркираат и со опомена дека истите ќе бидат отстранети со т.н. „пајак-возило“. Целта е да се ослободи сообраќајот во летниот период, е напишано на летокот.

Презедовме акција автомобилите кои се паркирани паралелно на булеварот „Илинден“ да се отстранат бидејќи го отежнуваат движењето на сообраќајот. Тие можат да се паркираат во училишните дворови, на паркинг места и на затворени паркинзи, појаснуваат од Општина Тетово.

Не се дозволува паркирање на „Илинденска“ од крстосницата со улицата „ЈНА“ кај судот па се до крстосницата со булеварот „Видое Смилевски-Бато“, додека на булевар „Благоја Тоска“ од крстосницата со улица „Борис Кидрич“ до крстосницата со „Браќа Миладинови“ кај текстилно училиште.

The post Од „почит кон иселениците“ зонско паркирање само до 21 часот во Тетово appeared first on Република.

]]>

Од денеска наместо од 7 до 23 часот, зонското паркирање во Тетово во наредниве 30 денови ќе се наплаќа само до 21 часот, одлучиле општината и јавното претпријатие „Градски паркинг“. Намалувањето на времето за наплата е во знак на почит на иселениците, се вели во образложението на општината. Сите граѓани сега можат да го користат бесплатниот паркинг после 21 часот. Оваа одлука ќе започне од 15 овој месец до 15 август. Сега е време кога нашите иселеници се на одмор во својата татковина и во знак на почит и чест решивме да го скратиме времето на зонското паркирање за два часа односно два часа повеќе ќе имаме бесплатен паркинг. Исто така, училишните дворови во Тетово сега се бесплатни. Поаѓајќи од овој факт, би било добро возачите да ги паркираат своите автомобили на овие соодветните паркинг места за да се избегне сообраќаен хаос, се вели во објавата од Општина Тетово. Минатата недела, ЈП „Градски паркинг“ постави летоци на возилата паркирани на булеварите „Илинденска“ и „Благоја Тоска“ ЈП „Градски паркинг“ со барање да не се паркираат и со опомена дека истите ќе бидат отстранети со т.н. „пајак-возило“. Целта е да се ослободи сообраќајот во летниот период, е напишано на летокот.
Презедовме акција автомобилите кои се паркирани паралелно на булеварот „Илинден“ да се отстранат бидејќи го отежнуваат движењето на сообраќајот. Тие можат да се паркираат во училишните дворови, на паркинг места и на затворени паркинзи, појаснуваат од Општина Тетово.
Не се дозволува паркирање на „Илинденска“ од крстосницата со улицата „ЈНА“ кај судот па се до крстосницата со булеварот „Видое Смилевски-Бато“, додека на булевар „Благоја Тоска“ од крстосницата со улица „Борис Кидрич“ до крстосницата со „Браќа Миладинови“ кај текстилно училиште.

The post Од „почит кон иселениците“ зонско паркирање само до 21 часот во Тетово appeared first on Република.

]]>
Mицкоски и македонската дијаспора во Вашингтон разговараа за поддршка и лобирање за македонските интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-i-makedonskata-dijaspora-vo-vashington-razgovaraa-za-poddrshka-i-lobirane-za-makedonskite-interesi/ Mon, 08 Jul 2024 06:49:10 +0000 https://republika.mk/?p=794378

Пред почетокот на самитот на НАТО, посветив внимание за позициите и прашањата на нашата дијаспора, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски, којзаедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја започнаа официјалната посета на САД, каде ќе бидат дел од одбележувањето на 75 години НАТО.

Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси, порача Мицкоски.

Мицкоски најави дека во Вашингтон ќе оствари голем број на билатерални средби со државници од земјите членки на Алијансата, но и средби со бизнисмени и со македонската дијаспора, на кои ќе им ги презентира придобивките од инвестирање во Макеоднија. Тој ја најави и новата странска инвестиција на компанија од листата на 500 најголеми компании во светот.

The post Mицкоски и македонската дијаспора во Вашингтон разговараа за поддршка и лобирање за македонските интереси appeared first on Република.

]]>

Пред почетокот на самитот на НАТО, посветив внимание за позициите и прашањата на нашата дијаспора, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски, којзаедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја започнаа официјалната посета на САД, каде ќе бидат дел од одбележувањето на 75 години НАТО. Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси, порача Мицкоски. Мицкоски најави дека во Вашингтон ќе оствари голем број на билатерални средби со државници од земјите членки на Алијансата, но и средби со бизнисмени и со македонската дијаспора, на кои ќе им ги презентира придобивките од инвестирање во Макеоднија. Тој ја најави и новата странска инвестиција на компанија од листата на 500 најголеми компании во светот.

The post Mицкоски и македонската дијаспора во Вашингтон разговараа за поддршка и лобирање за македонските интереси appeared first on Република.

]]>
Иселениците ќе паркираат по училишните дворови, за да се избегне гужвата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/iselenitsite-ke-parkiraat-po-uchilishnite-dvorovi-za-da-se-izbegne-guzhvata/ Fri, 05 Jul 2024 17:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=793717

Со почетокот на месец јули, во поширокиот Полошки регион, подрачје кое административно го покрива СВР Тетово, се забележува зголемениот интензитет на враќање на иселениците кои живеат и работат во странство, додека во втората половина од овој и почетокот на идниот месец се очекува нивниот број уште повеќе да се зголемува, поради што редовно се преземаат сите мерки и засилени активности за да се овозможи нормално и непречено одвивање на сообраќајот низ централните подрачја на градовите Тетово и Гостивар, а посебно околу превенирањето
и санкционирањето на погрешното и непрописното паркирање на возилата, велат од СВР Тетово.

Додаваат дека во соработка со локалните самоуправи веќе се отворени дворовите на неколку основни и средни училишта во централните градски подрачја за да се овозможи паркирање на
возилата и да се избегне двојното, односно паралелно паркирање, како и паркирање во зона на раскрсници, на тротоари, пешачки премини и слично.

Потенцираат дека возилата што го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот ќе бидат подигнати до општинските „пајак“ служби кои ќе бидат интензивирани активности и со подолго работно време.

Над 2.500 мерки се изречени во минатите шест месеци во однос на непрописно и погрешно паркирање на возила, а со „пајак служба“ биле подигнати над 1.000 возила кои директно го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот, додека за прекршителите се издадени соодветни платни налози и тие ќе се соочат со парични казни предвидени со закон. Секторот за внатрешни работи Тетово, поради веќе дојдените иселеници и очекуваното зголемена фреквенцијата на сообраќајот, апелира до возачите да ги почитуваат правилата и законските прописи во сообраќајот за да се избегнат сериозни последици и застој во сообраќајот, да бидат свесни, да не ги паркираат нивните возила кај што ќе стигнат и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, велат од СВР Тетово.

The post Иселениците ќе паркираат по училишните дворови, за да се избегне гужвата appeared first on Република.

]]>

Со почетокот на месец јули, во поширокиот Полошки регион, подрачје кое административно го покрива СВР Тетово, се забележува зголемениот интензитет на враќање на иселениците кои живеат и работат во странство, додека во втората половина од овој и почетокот на идниот месец се очекува нивниот број уште повеќе да се зголемува, поради што редовно се преземаат сите мерки и засилени активности за да се овозможи нормално и непречено одвивање на сообраќајот низ централните подрачја на градовите Тетово и Гостивар, а посебно околу превенирањето и санкционирањето на погрешното и непрописното паркирање на возилата, велат од СВР Тетово. Додаваат дека во соработка со локалните самоуправи веќе се отворени дворовите на неколку основни и средни училишта во централните градски подрачја за да се овозможи паркирање на возилата и да се избегне двојното, односно паралелно паркирање, како и паркирање во зона на раскрсници, на тротоари, пешачки премини и слично. Потенцираат дека возилата што го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот ќе бидат подигнати до општинските „пајак“ служби кои ќе бидат интензивирани активности и со подолго работно време.
Над 2.500 мерки се изречени во минатите шест месеци во однос на непрописно и погрешно паркирање на возила, а со „пајак служба“ биле подигнати над 1.000 возила кои директно го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот, додека за прекршителите се издадени соодветни платни налози и тие ќе се соочат со парични казни предвидени со закон. Секторот за внатрешни работи Тетово, поради веќе дојдените иселеници и очекуваното зголемена фреквенцијата на сообраќајот, апелира до возачите да ги почитуваат правилата и законските прописи во сообраќајот за да се избегнат сериозни последици и застој во сообраќајот, да бидат свесни, да не ги паркираат нивните возила кај што ќе стигнат и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, велат од СВР Тетово.

The post Иселениците ќе паркираат по училишните дворови, за да се избегне гужвата appeared first on Република.

]]>
Oбединетата македонска дијаспора: Инаугурацијата на Силјановска е историска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obedinetata-makedonska-dijaspora-inauguratsijata-na-siljanovska-e-istoriska/ Mon, 13 May 2024 08:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=777452

Организацијата Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), и честита на професорката Гордана Силјановска Давкова за нејзината значајна инаугурација како прва жена претседател на Македонија.

Претседателката Силјановска Давкова на историската церемонија го реафирмираше уставното име на нашата Македонија, потврдувајќи го основното право на Македонците на самоопределување. ОМД ја поздравува нејзината непоколеблива заложба за зачувување на нашиот национален идентитет и суверенитет, чувство што се повторува во нејзините обемни придонеси, вклучително и основниот труд „За „Договорот од Преспа“ и понатаму, објавен од ОМД во октомври 2018 година, достапен на нашата веб-страница со кликнување овде.

Во оваа значајна пригода, додека го славиме Денот на мајката, ОМД упатува срдечни честитки не само до претседателката Силјановска Давкова, туку и до сите извонредни мајки ширум светот. Денешниот ден симболизира не само триумф на родовата еднаквост, туку и доказ за силата и издржливоста на жените лидери насекаде.

Историската победа на претседателката Силјановска Давкова означува ново поглавје во патувањето на Македонија, влевајќи надеж и оптимизам за посветла иднина. ОМД со нетрпение очекува да соработува со нејзината администрација за зајакнување на врските меѓу македонската дијаспора и

The post Oбединетата македонска дијаспора: Инаугурацијата на Силјановска е историска appeared first on Република.

]]>

Организацијата Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), и честита на професорката Гордана Силјановска Давкова за нејзината значајна инаугурација како прва жена претседател на Македонија. Претседателката Силјановска Давкова на историската церемонија го реафирмираше уставното име на нашата Македонија, потврдувајќи го основното право на Македонците на самоопределување. ОМД ја поздравува нејзината непоколеблива заложба за зачувување на нашиот национален идентитет и суверенитет, чувство што се повторува во нејзините обемни придонеси, вклучително и основниот труд „За „Договорот од Преспа“ и понатаму, објавен од ОМД во октомври 2018 година, достапен на нашата веб-страница со кликнување овде. Во оваа значајна пригода, додека го славиме Денот на мајката, ОМД упатува срдечни честитки не само до претседателката Силјановска Давкова, туку и до сите извонредни мајки ширум светот. Денешниот ден симболизира не само триумф на родовата еднаквост, туку и доказ за силата и издржливоста на жените лидери насекаде. Историската победа на претседателката Силјановска Давкова означува ново поглавје во патувањето на Македонија, влевајќи надеж и оптимизам за посветла иднина. ОМД со нетрпение очекува да соработува со нејзината администрација за зајакнување на врските меѓу македонската дијаспора и

The post Oбединетата македонска дијаспора: Инаугурацијата на Силјановска е историска appeared first on Република.

]]>
Утре гласа дијаспората, затворениците и болните и изнемоштени лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-glasa-dijasporata-zatvorenitsite-i-bolnite-i-iznemoshteni-litsa/ Mon, 22 Apr 2024 10:51:57 +0000 https://republika.mk/?p=769266

Дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштените лица гласаат ден пред изборите односно во вторник на 23 април. Гласањето за претседател почна со членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората. Во посебниот извод од Избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијапората.

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии утре, 23 април, од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85, Торонто-117, Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22.

Другите наши граѓани кои живеат во странство, своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата, согласно адресата во личните документи.

The post Утре гласа дијаспората, затворениците и болните и изнемоштени лица appeared first on Република.

]]>

Дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштените лица гласаат ден пред изборите односно во вторник на 23 април. Гласањето за претседател почна со членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората. Во посебниот извод од Избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијапората. Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии утре, 23 април, од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85, Торонто-117, Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22. Другите наши граѓани кои живеат во странство, своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата, согласно адресата во личните документи.

The post Утре гласа дијаспората, затворениците и болните и изнемоштени лица appeared first on Република.

]]>
Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-prvi-glasaat-chlenovite-na-io-koi-ke-gi-sprovedat-izborite-vo-dijasporata/ Fri, 19 Apr 2024 16:39:17 +0000 https://republika.mk/?p=768084

Гласањето за Претседателските избори 2024 почнува утре со членовите на 31 избирачки одбор што ќе го спроведат гласањето во странство. Тие пред заминувањето во странство ќе гласаат во просториите на Државната изборна комисија (ДИК).

Во Избирачкиот список се запишани и во странство би требало да отпатуваат 191 лице кое во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во вторник на 23 април ќе ги спроведат изборите.

Гласање на Претседателските избори 2024 година, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85,Торонто-117,Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22.

Другите наши граѓани кои живеат во странство своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата.

Организацијата и спроведувањето на двојните избори е во тек. ДИК ја започна дистрибуцијата на недоверливиот материјал, додека доверливиот материјал ќе започне да се дистрибуира во недела.

Гласањето е во среда на 24 април, а ден претходно гласа дијаспората, болните и изнемоштените, лицата во притвор и затворениците.

The post Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората appeared first on Република.

]]>

Гласањето за Претседателските избори 2024 почнува утре со членовите на 31 избирачки одбор што ќе го спроведат гласањето во странство. Тие пред заминувањето во странство ќе гласаат во просториите на Државната изборна комисија (ДИК). Во Избирачкиот список се запишани и во странство би требало да отпатуваат 191 лице кое во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во вторник на 23 април ќе ги спроведат изборите. Гласање на Претседателските избори 2024 година, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85,Торонто-117,Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22. Другите наши граѓани кои живеат во странство своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата. Организацијата и спроведувањето на двојните избори е во тек. ДИК ја започна дистрибуцијата на недоверливиот материјал, додека доверливиот материјал ќе започне да се дистрибуира во недела. Гласањето е во среда на 24 април, а ден претходно гласа дијаспората, болните и изнемоштените, лицата во притвор и затворениците.

The post Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората appeared first on Република.

]]>
СДСМ од старт спаси тројца пратеници: Нема да има гласање во дијаспората за парламентарните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-od-start-spasi-trojtsa-pratenitsi-nema-da-ima-glasane-vo-dijasporata-za-parlamentarnite-izbori/ Wed, 20 Mar 2024 06:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=756510

Вкупно 2954 наши иселеници се пријавиле за гласање во странство на претстојните претседателски и парламентарни избори 2024. Од вкупниот број пријави, според податоците од веб-страната на Државната изборна комисија од синоќа, прифатени се 2610, две се необработени, а одбиени 342.

Оваа бројка би можела да се промени доколку Министерството за надворешни работи до ДИК најдоцна до 21 март, согласно Роковникот за избори, достави пријави од наши државјани поднесени во дипломатско-конзуларните претставништва. Сепак, извесно е дека гласање ќе се организира само за претседателските избори бидејќи нема доволен број пријавени за избор на пратеници.

Гласањето за претседател на 24 април и за втор круг на 8 мај, врз основа на прифатените пријави, треба да се организира во 24 земји. За да се организираат избори во некое од нашите дипломатски-конзуларни претставништва потребно е да се пријавени најмалку десет избирачи.

Најмногу прифатени барања за гласање има во Германија - 578, потоа во Словенија - 327, во САД - 241, во Швајцарија - 182, во Канада - 122, во Австрија - 116, во Италија - 101, во Австралија - 97, во Белгија - 91... Меѓу земјите каде што има најмалку пријавени е Кина каде има 12 наши државјани што сакаат да гласаат на изборите.

Изјава на портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска.

Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска минатата недела објасни дека без разлика колку прифатени пријави има за гласање во дијаспората, гласање за претседателските избори ќе се организира, но за да се организира гласање за парламентарните избори потребно е да се пријават најмалку 5.355 гласачи во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство.

Како што кажа, со оглед на тоа дека претседател на државата се избира според мнозинскиот систем на целата територија на државата, како и на сите континенти каде што живеат нашите државјани и се смета како една изборна единица ќе бидат организирани избори.

- За да биде отворено едно гласачко место ДПК или Конзуларна канцеларија на нашата држава во странство треба да бидат пријавени најмалку десет гласачи, изјави Гугучевска.

Во однос на парламентарните избори, објаснува таа, пратениците се избираат и во изборната единица во странство според пропорционалниот модел, односно тука има уште еден услов како своевиден цензус. За да биде избран пратеник од Изборната единица 7 треба да освои најмалку онолкав број на гласови колку што освоил пратеник со најмал број на гласови на територијата на државата на последните парламентарни избори.

-За овие избори овој број е 5.355. Значи, најмалку 5.355 гласачи треба да има вкупно регистрирани во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство за да може да бидат, пред се, организирани вакви избори. А најмалку, исто така 5.355 гласачи би требало да гласаат за еден кандидат за тој да биде избран, појасни Гугучевска

The post СДСМ од старт спаси тројца пратеници: Нема да има гласање во дијаспората за парламентарните избори appeared first on Република.

]]>

Вкупно 2954 наши иселеници се пријавиле за гласање во странство на претстојните претседателски и парламентарни избори 2024. Од вкупниот број пријави, според податоците од веб-страната на Државната изборна комисија од синоќа, прифатени се 2610, две се необработени, а одбиени 342. Оваа бројка би можела да се промени доколку Министерството за надворешни работи до ДИК најдоцна до 21 март, согласно Роковникот за избори, достави пријави од наши државјани поднесени во дипломатско-конзуларните претставништва. Сепак, извесно е дека гласање ќе се организира само за претседателските избори бидејќи нема доволен број пријавени за избор на пратеници. Гласањето за претседател на 24 април и за втор круг на 8 мај, врз основа на прифатените пријави, треба да се организира во 24 земји. За да се организираат избори во некое од нашите дипломатски-конзуларни претставништва потребно е да се пријавени најмалку десет избирачи. Најмногу прифатени барања за гласање има во Германија - 578, потоа во Словенија - 327, во САД - 241, во Швајцарија - 182, во Канада - 122, во Австрија - 116, во Италија - 101, во Австралија - 97, во Белгија - 91... Меѓу земјите каде што има најмалку пријавени е Кина каде има 12 наши државјани што сакаат да гласаат на изборите. Изјава на портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска. Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска минатата недела објасни дека без разлика колку прифатени пријави има за гласање во дијаспората, гласање за претседателските избори ќе се организира, но за да се организира гласање за парламентарните избори потребно е да се пријават најмалку 5.355 гласачи во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство. Како што кажа, со оглед на тоа дека претседател на државата се избира според мнозинскиот систем на целата територија на државата, како и на сите континенти каде што живеат нашите државјани и се смета како една изборна единица ќе бидат организирани избори.
- За да биде отворено едно гласачко место ДПК или Конзуларна канцеларија на нашата држава во странство треба да бидат пријавени најмалку десет гласачи, изјави Гугучевска.
Во однос на парламентарните избори, објаснува таа, пратениците се избираат и во изборната единица во странство според пропорционалниот модел, односно тука има уште еден услов како своевиден цензус. За да биде избран пратеник од Изборната единица 7 треба да освои најмалку онолкав број на гласови колку што освоил пратеник со најмал број на гласови на територијата на државата на последните парламентарни избори.
-За овие избори овој број е 5.355. Значи, најмалку 5.355 гласачи треба да има вкупно регистрирани во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство за да може да бидат, пред се, организирани вакви избори. А најмалку, исто така 5.355 гласачи би требало да гласаат за еден кандидат за тој да биде избран, појасни Гугучевска

The post СДСМ од старт спаси тројца пратеници: Нема да има гласање во дијаспората за парламентарните избори appeared first on Република.

]]>
Поради технички проблеми со веб-страницата продолжен рокот за пријавување на гласачите од дијаспората https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poradi-tehnichki-problemi-so-veb-stranitsata-prodolzhen-rokot-za-prijavuvane-na-glasachite-od-dijasporata/ Mon, 18 Mar 2024 13:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=755943

Поради технички проблеми со веб-страницата www.dijaspora.sec.mk пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува до 19 март 2024 година до 9 часот, информираат денеска од Државната изборна комисија.

Оттаму додаваат дека техничкиот проблем се случил во текот на ноќта, 17 март 2024, од 24 часот, како и дека таа била вратена во функција утрово во 9 часот.

Од таа причина, нагласуваат од Државната изборна комисија, пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува за времето колку што траел прекинот, односно до 19 март 2024 година, 9 часот.

The post Поради технички проблеми со веб-страницата продолжен рокот за пријавување на гласачите од дијаспората appeared first on Република.

]]>

Поради технички проблеми со веб-страницата www.dijaspora.sec.mk пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува до 19 март 2024 година до 9 часот, информираат денеска од Државната изборна комисија. Оттаму додаваат дека техничкиот проблем се случил во текот на ноќта, 17 март 2024, од 24 часот, како и дека таа била вратена во функција утрово во 9 часот. Од таа причина, нагласуваат од Државната изборна комисија, пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува за времето колку што траел прекинот, односно до 19 март 2024 година, 9 часот.

The post Поради технички проблеми со веб-страницата продолжен рокот за пријавување на гласачите од дијаспората appeared first on Република.

]]>
На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на гласачите во дијаспората https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-polnok-istekuva-rokot-za-uvid-vo-izbirachkiot-spisok-i-za-prijavuvane-na-glasachite-vo-dijasporata/ Mon, 18 Mar 2024 08:00:14 +0000 https://republika.mk/?p=755734

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список како и за пријавување на гласачите во дијаспората. Граѓаните уште денеска можат да се проверат и доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори.

Од Државната изборна комисија ДИК) апелираат граѓаните да извршат проверка и доколку има потреба да побараат промена.

Проверете тука

Според податоците на ДИК, заклучно со 14 март во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата, увид во своите податоци во Избирачкиот список направиле 4859 лица. Седум лица поднеле барање за промена на своите податоци, 19 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и пет лица поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список.

Преку електронски пат заклучно со 14.03.2024, се провериле вкупно 22122 граѓани. Поднесени се 25 барања за промена на податоци, шест барања за бришење на податоци и 10 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.

По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, синоќа до 20 часот се пристигнати 2049 пријави од кои 1430 се прифатени, 165 се одбиени, а не се обработени 434.

Гласање во дијаспората за претседателските избори ќе се организира, со оглед дека претседател на државата се избира според мнозинскиот систем на целата територија на државата, како и на сите континенти каде што живеат нашите државјани, но за да се организира гласање за парламентарните избори потребно е да се пријават најмалку 5 355 гласачи во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство.

За да биде отворено едно гласачко место ДПК или Конзуларна канцеларија на нашата држава во странство треба да бидат пријавени најмалку десет гласачи.

Сите кои се запишани во избирачкиот список ќе можат да гласаат и на претседателските и на парламентарните избори, а правото на глас ќе може да го остварат и граѓаните со истечени лични документи и патни исправи во последните девет месеци пред изборите.

Со последните измени и дополнувања на Изборниот законик предвидено е во Избирачкиот список да бидат запишани сите граѓани со наполнети 18 години заклучно со денот на изборите, согласно со актот за распишување на изборите кои имаат живеалиште на територијата на државата.

Според портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, тоа би значело дека во изводите од Избирачкиот список за парламентарните избори на 8 мај ќе бидат запишани сите граѓани коишто се стекнале, односно ќе се стекнат со полнолетство и ќе наполнат 18 години заклучно со 8 мај 2024 година како ден определен за парламентарните избори. Додека за претседателските избори во изводите од Избирачкиот список ќе бидат запишани граѓаните кои се стекнале, односно ќе се стекнат со полнолетство заклучно со 24 април како датум на одржување на претседателските избори.

Оние што ќе наполнат 18 години во меѓу периодот од две недели помеѓу претседателските и парламентарните избори ќе бидат запишани во изводите од Избирачкиот список само за парламентарните избори.

Согласно последните измени во Изборниот законик, за изборите што ќе се одржат оваа година избирачите ќе можат да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

Доколку ја земеме временската рамка, ова би значело дека на претседателските избори на 24 април граѓаните, односно гласачите би можеле да се идентификуваат секако со важечки лични документи, меѓутоа и со лични документи, лична карта или пасош чија што важност истекла почнувајќи од 24 јули 2023 година за претседателските избори, додека за парламентарните избори ќе може да се идентификуваат гласачите со важечки лични документи, или лични документи – лична карта или патна исправа која по кој било основ истекла во периодот од 8 август 2023 година заклучно со 8 мај 2024 година, појасни Гугучевска минатата недела на прес-конференција во ДИК.

The post На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на гласачите во дијаспората appeared first on Република.

]]>

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список како и за пријавување на гласачите во дијаспората. Граѓаните уште денеска можат да се проверат и доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори. Од Државната изборна комисија ДИК) апелираат граѓаните да извршат проверка и доколку има потреба да побараат промена. Проверете тука Според податоците на ДИК, заклучно со 14 март во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата, увид во своите податоци во Избирачкиот список направиле 4859 лица. Седум лица поднеле барање за промена на своите податоци, 19 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и пет лица поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список. Преку електронски пат заклучно со 14.03.2024, се провериле вкупно 22122 граѓани. Поднесени се 25 барања за промена на податоци, шест барања за бришење на податоци и 10 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список. По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, синоќа до 20 часот се пристигнати 2049 пријави од кои 1430 се прифатени, 165 се одбиени, а не се обработени 434. Гласање во дијаспората за претседателските избори ќе се организира, со оглед дека претседател на државата се избира според мнозинскиот систем на целата територија на државата, како и на сите континенти каде што живеат нашите државјани, но за да се организира гласање за парламентарните избори потребно е да се пријават најмалку 5 355 гласачи во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство. За да биде отворено едно гласачко место ДПК или Конзуларна канцеларија на нашата држава во странство треба да бидат пријавени најмалку десет гласачи. Сите кои се запишани во избирачкиот список ќе можат да гласаат и на претседателските и на парламентарните избори, а правото на глас ќе може да го остварат и граѓаните со истечени лични документи и патни исправи во последните девет месеци пред изборите. Со последните измени и дополнувања на Изборниот законик предвидено е во Избирачкиот список да бидат запишани сите граѓани со наполнети 18 години заклучно со денот на изборите, согласно со актот за распишување на изборите кои имаат живеалиште на територијата на државата. Според портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, тоа би значело дека во изводите од Избирачкиот список за парламентарните избори на 8 мај ќе бидат запишани сите граѓани коишто се стекнале, односно ќе се стекнат со полнолетство и ќе наполнат 18 години заклучно со 8 мај 2024 година како ден определен за парламентарните избори. Додека за претседателските избори во изводите од Избирачкиот список ќе бидат запишани граѓаните кои се стекнале, односно ќе се стекнат со полнолетство заклучно со 24 април како датум на одржување на претседателските избори. Оние што ќе наполнат 18 години во меѓу периодот од две недели помеѓу претседателските и парламентарните избори ќе бидат запишани во изводите од Избирачкиот список само за парламентарните избори. Согласно последните измени во Изборниот законик, за изборите што ќе се одржат оваа година избирачите ќе можат да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.
Доколку ја земеме временската рамка, ова би значело дека на претседателските избори на 24 април граѓаните, односно гласачите би можеле да се идентификуваат секако со важечки лични документи, меѓутоа и со лични документи, лична карта или пасош чија што важност истекла почнувајќи од 24 јули 2023 година за претседателските избори, додека за парламентарните избори ќе може да се идентификуваат гласачите со важечки лични документи, или лични документи – лична карта или патна исправа која по кој било основ истекла во периодот од 8 август 2023 година заклучно со 8 мај 2024 година, појасни Гугучевска минатата недела на прес-конференција во ДИК.

The post На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на гласачите во дијаспората appeared first on Република.

]]>
До ДИК досега 1.300 електронски пријави од дијаспората за гласање на изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/do-dik-dosega-1-300-elektronski-prijavi-od-dijasporata-za-glasane-na-izborite/ Thu, 14 Mar 2024 14:50:39 +0000 https://republika.mk/?p=754815

До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска пристигнале 1 300 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни (8 мај) и претседателски избори (24 април).

Според податоците од веб страната на ДИК од вкупниот број на пријавени досега се прифатени 917 барања, одбиени се 138 пријави, а во процес на обработка се 245.

Согласно Роковникот на ДИК, доставувањето на пријавите за гласање на изборите е до 18 март.

Исто така во тек е и увидот во Избирачкиот список, што граѓаните можат да го направат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и лекетронски преку веб страната на Комисијата. До 19 март, пак, до ДИК треба да бидат поднесени кандидатските листи на претседателските кандидати. Потписи да се кандидираат собраа седуммина кандидати.

The post До ДИК досега 1.300 електронски пријави од дијаспората за гласање на изборите appeared first on Република.

]]>

До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска пристигнале 1 300 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни (8 мај) и претседателски избори (24 април). Според податоците од веб страната на ДИК од вкупниот број на пријавени досега се прифатени 917 барања, одбиени се 138 пријави, а во процес на обработка се 245. Согласно Роковникот на ДИК, доставувањето на пријавите за гласање на изборите е до 18 март. Исто така во тек е и увидот во Избирачкиот список, што граѓаните можат да го направат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и лекетронски преку веб страната на Комисијата. До 19 март, пак, до ДИК треба да бидат поднесени кандидатските листи на претседателските кандидати. Потписи да се кандидираат собраа седуммина кандидати.

The post До ДИК досега 1.300 електронски пријави од дијаспората за гласање на изборите appeared first on Република.

]]>
Николоски со повик до македонската дијаспора: Дојдете да го искористите своето право на глас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-so-povik-do-makedonskata-dijaspora-dojdete-da-go-iskoristite-svoeto-pravo-na-glas/ Fri, 08 Mar 2024 20:51:56 +0000 https://republika.mk/?p=752825

Со нашите иселеници, со дијаспората разговараме како да се подобрат состојбите во Македонија. Првиот чекор е промената на власта на парламентарните и претседателски избори кои што ќе се случат 24 април и 8 мај. И ги повикуваме сите наши кои што живеат надвор од Македонија да дојдат на 24 април и 8 мај во Македонија и да го искористат своето право на глас, како ВМРО-ДПМНЕ би освоило рекорден број на пратеници. И така не би било ВМРО-ДПМНЕ уценувано од никој од овие кои што се сега корумпирана елита на власт“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за вестите на Алфа телевизија од Виена.

Николоски додаде дека на ВМРО-ДПМНЕ му треба чист мандат, со голем број на пратеници. Ако е возможно и 61 пратеник со цел да не биде уценувано и секако политичката партија ДУИ да оди во опозиција.

За тоа ни е потребно сите кои што живеат надвор од Македонија, како и сите кои што живеат во Македонија да дојдат на 24 април и на 8 мај да гласаат“, повика Николоски.

Тој посочи дека по победата на избори Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исправа работите во државата кои што се последица од оваа ненародна и корумпирана власт.

Потребно е пред се да се врати гордоста, македонската национална гордост кај Македонците, тоа е првата работа што треба да ја направиме. И секако втората работа е чистење на корупцијата и покренување на економијата со цел што помалку луѓе да ја напуштаат Македонија и секако оние кои што се надвор од државата да имаат можност да се вратат дома“, порача Николоски.

The post Николоски со повик до македонската дијаспора: Дојдете да го искористите своето право на глас appeared first on Република.

Дали Ковачевски на дијаспората во Италија и објасни зошто им ги забрани пасошите со „Република Македонија“ и зошто не можат да се вратат дома? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-kovachevski-na-dijasporata-vo-italija-im-objasni-zoshto-im-gi-zabrani-pasoshite-so-republika-makedonija/ Sat, 02 Mar 2024 21:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=750637

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Рим, Италија, оствари средба со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората од Италија. На средбата присуствуваше  присуствуваше и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и прв заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Ковачевски посочи дека СДСМ како државотворна и прогресивна партија се грижи за сите граѓани подеднакво, вклучително и за иселениците, додавајќи дека дијаспората има капацитет да придонесе за економски, културен и општествен развој на нашата земја.На средбата се дискутираше за актуелни прашања кои ги засегаат иселениците, како и за заложбите на Владата предводена од СДСМ во насока на негување на врските со дијаспората, што е важно за одржување на традицијата и културата, како и за афирмација на Македонија.

Во разговор со иселениците во однос на предизвиците за Македонија во претстојниот период, Ковачевски ја потенцираше важноста за што побрза евроинтеграција на Македонија и посочи дека очекува дијаспората да продолжи да дава поддршка за заокружување на евроинтегративниот процес на државата.

Претседателот на СДСМ, Ковачевски, на средбата посочи дека на претстојните претседателски и парламентарни избори важно е да се избере концептот за интеграција и европска иднина, државата да го задржи вистинскиот, европскиот пат, што е важно и за дијаспората. Токму тоа е концептот со кој ќе настапи СДСМ, кој значи подобар животен стандард, интеграција на земјата, економски развој, европска иднина.

The post Дали Ковачевски на дијаспората во Италија и објасни зошто им ги забрани пасошите со „Република Македонија“ и зошто не можат да се вратат дома? appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Рим, Италија, оствари средба со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората од Италија. На средбата присуствуваше  присуствуваше и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и прв заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ. Ковачевски посочи дека СДСМ како државотворна и прогресивна партија се грижи за сите граѓани подеднакво, вклучително и за иселениците, додавајќи дека дијаспората има капацитет да придонесе за економски, културен и општествен развој на нашата земја.На средбата се дискутираше за актуелни прашања кои ги засегаат иселениците, како и за заложбите на Владата предводена од СДСМ во насока на негување на врските со дијаспората, што е важно за одржување на традицијата и културата, како и за афирмација на Македонија. Во разговор со иселениците во однос на предизвиците за Македонија во претстојниот период, Ковачевски ја потенцираше важноста за што побрза евроинтеграција на Македонија и посочи дека очекува дијаспората да продолжи да дава поддршка за заокружување на евроинтегративниот процес на државата. Претседателот на СДСМ, Ковачевски, на средбата посочи дека на претстојните претседателски и парламентарни избори важно е да се избере концептот за интеграција и европска иднина, државата да го задржи вистинскиот, европскиот пат, што е важно и за дијаспората. Токму тоа е концептот со кој ќе настапи СДСМ, кој значи подобар животен стандард, интеграција на земјата, економски развој, европска иднина.

The post Дали Ковачевски на дијаспората во Италија и објасни зошто им ги забрани пасошите со „Република Македонија“ и зошто не можат да се вратат дома? appeared first on Република.

]]>
До ДИК досега 209 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/do-dik-dosega-209-elektronski-prijavi-za-registratsija-na-glasachi-od-dijasporata/ Thu, 29 Feb 2024 15:06:38 +0000 https://republika.mk/?p=749725

До попладневните часови пристигнати се вкупно 209 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни и претседателски избори, информираат за МИА од Државната изборна комисија (ДИК).

Од ДИК посочуваат дека од вкупниот број пријави 53 се прифатени, девет се одбиени, а за 147 пријави во тек е на обработка.

Ппријави од дипломатските претставништва се уште не се пристигнати до ДИК.

Согласно Роковникот на ДИК, доставувањето на пријавите за гласање на изборите е до 20 март, в среда.

The post До ДИК досега 209 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората appeared first on Република.

]]>

До попладневните часови пристигнати се вкупно 209 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни и претседателски избори, информираат за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Од ДИК посочуваат дека од вкупниот број пријави 53 се прифатени, девет се одбиени, а за 147 пријави во тек е на обработка. Ппријави од дипломатските претставништва се уште не се пристигнати до ДИК. Согласно Роковникот на ДИК, доставувањето на пријавите за гласање на изборите е до 20 март, в среда.

The post До ДИК досега 209 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората appeared first on Република.

]]>
Николоски за дијаспората: Ги отфрламе нашите луѓе кога им велиме не може да се вратите дома затоа што немате важечки документи со новото понижувачко име на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-za-dijasporata-gi-otfrlame-nashite-luge-koga-im-velime-ne-mozhe-da-se-vratite-doma-zatoa-shto-nemate-vazhechki-dokumenti-so-novoto-ponizhuvachko-ime-na-drzhavata/ Sun, 04 Feb 2024 11:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=740170

Проблемите кои што ги мачат луѓето од дијаспората се истите оние кои што се и дома, затоа што нашите луѓе тука често доаѓаат дома, поминуваат дел од своето време во Македонија и ги гледаат проблемите на секојдневна основа, истакна Александар Николоски.

Без разлика дали зборуваме за високото ниво на криминал и корупција кое што владее во Македонија или лошата состојба во економијата, состојбите во образованието кои што се далеку од добри, дрогата која што царува на македонските улици помеѓу македонските деца, затоа што е нешто што ги загрижува и нашите луѓе, тука во Швајцарија. Така што маките се исти, дилемите се исти, проблемите се исти, решенијата се битни. А, ние презентиравме дел од нашите гледишта кои што ќе бидат дел од нашата програма во следниот период, а се надевам после осми мај и дел од работата на владата.

Не смееме да дозволиме повеќе Македонија да е држава во која економијата тоне, а корупцијата цвета. Мора да направиме една убава успешна приказна пред се со директен удар на корупцијата со воспоставување на функционален систем на владеење на правото и со кревање на економијата за да можеме да имаме еден попристоен живот, да бидат луѓето горди што се Македонци, што потекнуваат од Македонија и да има една економска благосостојба да сите имаат еден подобар живот.

Така што тоа е она што го видовме тука исто како што кажав целосно се поклопува со нашите гледишта дома, имаме доста планови споменавме за едно координативно тело кое мислиме дека треба да се формира од новата Влада на Македонија во која би влегле Министерот за внатрешни работи, Министерот за труд и социјала, Министерот за надворешни работи како координатор, понатака Министерот за здравство, Министерот за образование со цел на едно место да се даваат одговори на сите прашања кои ги имаат нашите луѓе од дијаспората, дали се работи за испраќање на учители по македонски јазик, користење на пензиите, право на здравствена заштита, издавање на лични документи со кои оваа ненародна власт целосно потфрли, сето тоа да се решава на едно место и последно што морам да го кажам е што тука гледаме на дело како изгледа двојното понижување на Македонецот, Заев и Димитров го понижија со потпишувањето на срамниот Преспански договор кога се промени името на Македонија и сега втор пат го понижуваат со тоа што мора да вадат нови пасоши со новото понижувачко име, во услови кога имаат важечки документи.

Значи ние практично си ги отфрламе нашите луѓе им велиме не може да се вратите дома во Македонија затоа што немате важечки документи со новото понижувачко име на државата. Тоа е двојно понижување кое СДС му го направи на македонскиот народ и против кое ќе се бориме против 8-ми мај.

Прашање: После средбите во Женева и Лозана имавте средба и во Тринген, какви беа таму пораките, што порача дијаспората и на што се базираа најмногу разговорите?

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-da-se-borime-za-makedonija-samo-taka-ke-pokazheme-pochit-kon-gotse-delchev/

Николоски: Македонската заедница е добро организирана исто така и во црковниот живот има добар и силен црковен живот, Македонците се организирани околу Македонската православна црква, посетуваат македонски храмови и тоа е нешто што постои како традиција, на што сме горди. Мора да продолжиме да го негуваме, секако со поддршка од дома, тука да апелирам до МПЦ да се што поприсутни помеѓу верниците во дијаспората и заеднички да ги градиме новите патриотски политики на Македонија.

Така што една општа позитивна атмосфера, јас се надевам дека сите оние кои што ќе сакаат велигденските празници да ги поминат дома, нели Велигден оваа година е на 5 мај, ќе го искористат тоа да останат барем уште три дена во Македонија, да може да гласаат за нов претседател и за нов премиер на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

The post Николоски за дијаспората: Ги отфрламе нашите луѓе кога им велиме не може да се вратите дома затоа што немате важечки документи со новото понижувачко име на државата appeared first on Република.

]]>

Проблемите кои што ги мачат луѓето од дијаспората се истите оние кои што се и дома, затоа што нашите луѓе тука често доаѓаат дома, поминуваат дел од своето време во Македонија и ги гледаат проблемите на секојдневна основа, истакна Александар Николоски.
Без разлика дали зборуваме за високото ниво на криминал и корупција кое што владее во Македонија или лошата состојба во економијата, состојбите во образованието кои што се далеку од добри, дрогата која што царува на македонските улици помеѓу македонските деца, затоа што е нешто што ги загрижува и нашите луѓе, тука во Швајцарија. Така што маките се исти, дилемите се исти, проблемите се исти, решенијата се битни. А, ние презентиравме дел од нашите гледишта кои што ќе бидат дел од нашата програма во следниот период, а се надевам после осми мај и дел од работата на владата.
Не смееме да дозволиме повеќе Македонија да е држава во која економијата тоне, а корупцијата цвета. Мора да направиме една убава успешна приказна пред се со директен удар на корупцијата со воспоставување на функционален систем на владеење на правото и со кревање на економијата за да можеме да имаме еден попристоен живот, да бидат луѓето горди што се Македонци, што потекнуваат од Македонија и да има една економска благосостојба да сите имаат еден подобар живот.
Така што тоа е она што го видовме тука исто како што кажав целосно се поклопува со нашите гледишта дома, имаме доста планови споменавме за едно координативно тело кое мислиме дека треба да се формира од новата Влада на Македонија во која би влегле Министерот за внатрешни работи, Министерот за труд и социјала, Министерот за надворешни работи како координатор, понатака Министерот за здравство, Министерот за образование со цел на едно место да се даваат одговори на сите прашања кои ги имаат нашите луѓе од дијаспората, дали се работи за испраќање на учители по македонски јазик, користење на пензиите, право на здравствена заштита, издавање на лични документи со кои оваа ненародна власт целосно потфрли, сето тоа да се решава на едно место и последно што морам да го кажам е што тука гледаме на дело како изгледа двојното понижување на Македонецот, Заев и Димитров го понижија со потпишувањето на срамниот Преспански договор кога се промени името на Македонија и сега втор пат го понижуваат со тоа што мора да вадат нови пасоши со новото понижувачко име, во услови кога имаат важечки документи.
Значи ние практично си ги отфрламе нашите луѓе им велиме не може да се вратите дома во Македонија затоа што немате важечки документи со новото понижувачко име на државата. Тоа е двојно понижување кое СДС му го направи на македонскиот народ и против кое ќе се бориме против 8-ми мај. Прашање: После средбите во Женева и Лозана имавте средба и во Тринген, какви беа таму пораките, што порача дијаспората и на што се базираа најмногу разговорите? https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-da-se-borime-za-makedonija-samo-taka-ke-pokazheme-pochit-kon-gotse-delchev/
Николоски: Македонската заедница е добро организирана исто така и во црковниот живот има добар и силен црковен живот, Македонците се организирани околу Македонската православна црква, посетуваат македонски храмови и тоа е нешто што постои како традиција, на што сме горди. Мора да продолжиме да го негуваме, секако со поддршка од дома, тука да апелирам до МПЦ да се што поприсутни помеѓу верниците во дијаспората и заеднички да ги градиме новите патриотски политики на Македонија.
Така што една општа позитивна атмосфера, јас се надевам дека сите оние кои што ќе сакаат велигденските празници да ги поминат дома, нели Велигден оваа година е на 5 мај, ќе го искористат тоа да останат барем уште три дена во Македонија, да може да гласаат за нов претседател и за нов премиер на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

The post Николоски за дијаспората: Ги отфрламе нашите луѓе кога им велиме не може да се вратите дома затоа што немате важечки документи со новото понижувачко име на државата appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Владата во иднина ќе направи координативно тело помеѓу институциите за пензионерите од дијаспората кои ќе одлучат да се вратат во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vladata-vo-idnina-ke-napravi-koordinativno-telo-pomegu-institutsiite-za-penzionerite-od-dijasporata-koi-ke-odluchat-da-se-vratat-vo-makedonija/ Sat, 03 Feb 2024 18:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=740024

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната изјава од Женева, Швајцарија беше прашан за тоа како би влијаело доколку се формира Министерство за дијаспора во однос на економскиот развој на Македонија, во однос на соработката помеѓу Македонците во Македонија и Македонците кои се надвор? И тој речe:

„Имаше таков предлог и барање од страна на луѓето кои беа денешни наши соговорници, претставниците на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Од наша страна беше објаснето дека станува збор за системски закон и дека за тој закон се потребни 80 пратеника односно 2/3 кои би го поддржале тоа системско решение, но доколку не успееме да обезбедиме 80 пратеника или 2/3 од страна на потпретседателот Николоски беше презентирана идејата за формирање на пошироко координативно тело кое би го опфатило МВР, МОН, МНР во форма на координатор на проектот, Агенцијата за иселеништво, МТСП бидејќи се повеќе пензионери од дијаспората се враќаат во Македонија и тоа е едно координативно тело да биде местото каде би се собирале потребите и тоа координативно тело би давало одговор и би ги спроведувало сите оние барања кои доаѓаат од дијаспората на еден подинамичен начин“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Женева по состанокот со задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ke-trebaat-ushte-dve-godini-da-se-promenat-patnite-ispravi/

Тој продолжи и додаде дека министерствата би биле многу подинамични отколку да има една Агенција или Министерство.

„Сепак министерствата би биле многу подинамични отколку да имаме една Агенција или Министерство кое во суштина ги нема тие ингеренции бидејќи овие министерства ги имаат тие ингеренции кои ги содржат потребите на нашинците во Дијаспората.“, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски: Владата во иднина ќе направи координативно тело помеѓу институциите за пензионерите од дијаспората кои ќе одлучат да се вратат во Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната изјава од Женева, Швајцарија беше прашан за тоа како би влијаело доколку се формира Министерство за дијаспора во однос на економскиот развој на Македонија, во однос на соработката помеѓу Македонците во Македонија и Македонците кои се надвор? И тој речe:
„Имаше таков предлог и барање од страна на луѓето кои беа денешни наши соговорници, претставниците на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Од наша страна беше објаснето дека станува збор за системски закон и дека за тој закон се потребни 80 пратеника односно 2/3 кои би го поддржале тоа системско решение, но доколку не успееме да обезбедиме 80 пратеника или 2/3 од страна на потпретседателот Николоски беше презентирана идејата за формирање на пошироко координативно тело кое би го опфатило МВР, МОН, МНР во форма на координатор на проектот, Агенцијата за иселеништво, МТСП бидејќи се повеќе пензионери од дијаспората се враќаат во Македонија и тоа е едно координативно тело да биде местото каде би се собирале потребите и тоа координативно тело би давало одговор и би ги спроведувало сите оние барања кои доаѓаат од дијаспората на еден подинамичен начин“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Женева по состанокот со задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ke-trebaat-ushte-dve-godini-da-se-promenat-patnite-ispravi/ Тој продолжи и додаде дека министерствата би биле многу подинамични отколку да има една Агенција или Министерство. „Сепак министерствата би биле многу подинамични отколку да имаме една Агенција или Министерство кое во суштина ги нема тие ингеренции бидејќи овие министерства ги имаат тие ингеренции кои ги содржат потребите на нашинците во Дијаспората.“, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски: Владата во иднина ќе направи координативно тело помеѓу институциите за пензионерите од дијаспората кои ќе одлучат да се вратат во Македонија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски ја повика дијаспората да гласа на изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ja-povika-dijasporata-da-glasa-na-izborite/ Sat, 03 Feb 2024 15:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=740026

Заедно со потпретседателот  Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Ковачки овие неколку дена ќе бидеме овде во Швајцарија. Денеска започнуваме со Женева, тука имаше состанок со претседатели на многу задгранички комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Европа, можат многу подобро преку вашиот прилог гледачите да го видат и доживеат. Навистина една исклучително квалитетна атмосфера, мотивирани се луѓето сите тие си ја љубат својата татковина Македонија и се подготвени да дадат максимум во периодот кој следи да успееме заедно да ја поразиме коалицијата СДСМ – ДУИ и како што вие дадовте една фантастична најава да донесеме промени. Бидејќи промени се потребни во Македонија.

Ценам дека сите овие луѓе кои денеска се заедно со нас овде во Женева имаат план како да дејствуаат во месеците кои се пред нас. Продолжуваме денеска со трибина во Лозана потоа утре продолжвуаме во местото Тринген каде повторно ќе имаме трибина.

https://www.youtube.com/watch?v=1pP_ferGSYU&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Цениме дека оваа мобилизација ни е потребна бидејќи периодот кој следи е нависитна предизвикувачки и е потребна што е можно поголема мобилизација на дијаспората да излезе да гласа на следните претседателски и парламентарни избори бидејќи се суштинкси за иднината на Македонија. Она кое го слушнав од луѓето овде се незадоволството како Владата на СДСМ и ДУИ се однесува кон дијаспората игнорантскиот однос, немањето механизми да се одговори на нивните барања и потреби, потоа бариерите при можните инвестиции и вложување во Македонија. Огромното ниво на корупција и криминал во рамки на државните институции, образованието исто така беше предмет на дискусија и испраќањето на лица кои вршат образовен процес во рамки на дијаспората. Навистина една корисна дебата, корисна дискусија, јас сум многу среќен и задоволен што можев со овие луѓе денеска да се видам кои од цела Европа се собраа овдека во Женева и ќе дадат додадена вредност понатмау во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и се разбира во рамките на теренските активности на ВМРО-ДПМНЕ не само во Македонија туку и во дијаспората.

The post Мицкоски ја повика дијаспората да гласа на изборите appeared first on Република.

]]>

Заедно со потпретседателот  Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Ковачки овие неколку дена ќе бидеме овде во Швајцарија. Денеска започнуваме со Женева, тука имаше состанок со претседатели на многу задгранички комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Европа, можат многу подобро преку вашиот прилог гледачите да го видат и доживеат. Навистина една исклучително квалитетна атмосфера, мотивирани се луѓето сите тие си ја љубат својата татковина Македонија и се подготвени да дадат максимум во периодот кој следи да успееме заедно да ја поразиме коалицијата СДСМ – ДУИ и како што вие дадовте една фантастична најава да донесеме промени. Бидејќи промени се потребни во Македонија. Ценам дека сите овие луѓе кои денеска се заедно со нас овде во Женева имаат план како да дејствуаат во месеците кои се пред нас. Продолжуваме денеска со трибина во Лозана потоа утре продолжвуаме во местото Тринген каде повторно ќе имаме трибина. https://www.youtube.com/watch?v=1pP_ferGSYU&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
Цениме дека оваа мобилизација ни е потребна бидејќи периодот кој следи е нависитна предизвикувачки и е потребна што е можно поголема мобилизација на дијаспората да излезе да гласа на следните претседателски и парламентарни избори бидејќи се суштинкси за иднината на Македонија. Она кое го слушнав од луѓето овде се незадоволството како Владата на СДСМ и ДУИ се однесува кон дијаспората игнорантскиот однос, немањето механизми да се одговори на нивните барања и потреби, потоа бариерите при можните инвестиции и вложување во Македонија. Огромното ниво на корупција и криминал во рамки на државните институции, образованието исто така беше предмет на дискусија и испраќањето на лица кои вршат образовен процес во рамки на дијаспората. Навистина една корисна дебата, корисна дискусија, јас сум многу среќен и задоволен што можев со овие луѓе денеска да се видам кои од цела Европа се собраа овдека во Женева и ќе дадат додадена вредност понатмау во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и се разбира во рамките на теренските активности на ВМРО-ДПМНЕ не само во Македонија туку и во дијаспората.

The post Мицкоски ја повика дијаспората да гласа на изборите appeared first on Република.

]]>
Косово живее од дијаспората: Од почетокот на годината стигнати се 1,2 милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovo-zhivee-od-dijasporata-od-pochetokot-na-godinata-stignati-se-1-2-milijardi-evra/ Mon, 27 Nov 2023 15:12:43 +0000 https://republika.mk/?p=716851

Централната банка на Косово објави дека вредноста на средствата што дијаспората ги испратила во земјата од јануари до октомври годинава изнесува милијарда и 200 милиони евра.

Според статистичките податоци за ремитентите и другите финансиски институции, што ги објави Централната банка на Косово (ЦБК), вредноста на средствата кои дијаспората годинава ги испратила до косовските граѓани во месец октомври 2023 година изнесува 110,5 милиони евра.

Според ЦБК, најголем прилив на вакви дознаки имало од небанкарските финансиски институции, со учество од 60,4 отсто, по што следат останатите канали со 24,2 отсто и банките со 15,4 отсто.

Во објавата на ЦБК се даваат податоци и за имотот на осигурителните компании, според кои до септември нивната вредност изнесувала 300,4 милиони евра, додека средствата на пензиските фондови достигнале вредност од 2,6 милијарди евра.

ЦБК, исто така, објави дека средствата на другите финансиски посредници на крајот на октомври 2023 година се зголемени за 17,6 милиони евра во однос на претходниот месец, достигнувајќи вредност од 496,5 милиони евра.

The post Косово живее од дијаспората: Од почетокот на годината стигнати се 1,2 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Централната банка на Косово објави дека вредноста на средствата што дијаспората ги испратила во земјата од јануари до октомври годинава изнесува милијарда и 200 милиони евра. Според статистичките податоци за ремитентите и другите финансиски институции, што ги објави Централната банка на Косово (ЦБК), вредноста на средствата кои дијаспората годинава ги испратила до косовските граѓани во месец октомври 2023 година изнесува 110,5 милиони евра. Според ЦБК, најголем прилив на вакви дознаки имало од небанкарските финансиски институции, со учество од 60,4 отсто, по што следат останатите канали со 24,2 отсто и банките со 15,4 отсто. Во објавата на ЦБК се даваат податоци и за имотот на осигурителните компании, според кои до септември нивната вредност изнесувала 300,4 милиони евра, додека средствата на пензиските фондови достигнале вредност од 2,6 милијарди евра. ЦБК, исто така, објави дека средствата на другите финансиски посредници на крајот на октомври 2023 година се зголемени за 17,6 милиони евра во однос на претходниот месец, достигнувајќи вредност од 496,5 милиони евра.

The post Косово живее од дијаспората: Од почетокот на годината стигнати се 1,2 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-potrebni-ni-se-bliski-vrski-megu-makedonija-i-dijasporata/ Sun, 24 Sep 2023 08:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=684602

Претседателот Стево Пендаровски, за време на работната посета на САД по повод учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера попладне во Чикаго, како почесен гостин, присуствуваше и се обрати на донаторска вечера „Патишта кон просперитет“ во организација на „Македонија2025“.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на свеченоста Пендаровски го одликуваше главниот извршен директор на Боинг, Дејвид Л. Калхун со Орден „8 Септември“ за неговиот особен и посветен придонес во развојот и унапредувањето на македонско-американските стратешки и деловни односи и за економскиот напредок на нашата земја.

Претседателот Пендаровски го врачи и признанието „Diaspora Recognition Awards 2023“, коешто Македонија 2025, под негово покровителство, им го додели на Стенли Томас и на Влатко Андоновски, во чест на нивните придонеси и достигнувања.

Тој посочи дека „Македонија 2025“ е една од водечките организации на македонската дијаспора, посветена на развојот и економскиот напредок на нашата татковина и нејзините граѓани уште од основањето во 2007 година. Со иницирањето и организацијата на овој настан, како што рече, тие уште еднаш ја потврдуваат нивната релевантност и визија за нашата подобра иднина.

Освен бројните активности, вклучително и традиционалните годишни конференции, програмата за стипендирање на средношколци, Охридскиот камп за високо-технолошка извонредност во соработка со Кабинетот на претседателот кој успешно се одржува веќе три години, неодамна воспоставивме и првпат го доделивме Признанието за особен придонес за истакнати членови на дијаспората. Наградата го вреднува исклучителниот придонес од страна на членови на македонската дијаспора во насока на зачувување и афирмација на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности, рече Пендаровски.

Шефот на држвата потенцира дека потребни ни се организации и поединци кои придонесуваат во градењето на блиски и продуктивни врски помеѓу Република Македонија и нејзината дијаспора.

Ова понекогаш значи и надминување на големите очекувања кои постојат и овде, но и кај сонародниците во татковината. Она што најпрво треба да го направиме е да ги оставиме настрана сентименталноста и емоциите, бидејќи она што ни е потребно е прагматизам. Она што ни е потребно е ситуација во која сите сме победници, и оттука, наш заеднички потфат треба да биде отворање на патишта за што поблиска комуникација помеѓу нас, која цели кон нови иницијативи и инвестиции, изјави Пендаровски.

Toj порача дека мора да бидеме внимателни, мудро да ги користиме ресурсите кои ни се на располагање и да најдеме начин како да им помогнеме на најпогодените.

Ова може да се постигне само преку емпатија, заедништво и солидарност. Да ги оставиме на страна за миг нашите лични амбиции и да одвоиме делче од нашето време за да придонесеме за доброто на нацијата, рече Пендаровски.

Според него, само преку следење на примерот на нашите големи лидери и заедничка работа, ќе можеме да придонесеме многу повеќе за многу понапредна држава.

Вечерва со нас е Дејвид Калхун, претседател и главен извршен директор на Боинг. Како симболичен гест на благодарност во име на сите македонски граѓани, би сакал да го одликувам со орденот „8 Септември“, едно од највисоките државни одликувања, како признание за неговиот непроценлив придонес во изградбата на македонско - американските деловни односи и поддршката за македонската економија. Знаете, со тек на време, некои професионални ангажмани одат подалеку од рамките на деловната комуникација и поставуваат силни темели за долгорочни пријателства, рече Пендаровски.

На донаторска вечера се славеа македонската култура и традиција, а присутните гости ја слушнаа македонска музика и уживаа во македонската кујна.

The post Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, за време на работната посета на САД по повод учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера попладне во Чикаго, како почесен гостин, присуствуваше и се обрати на донаторска вечера „Патишта кон просперитет“ во организација на „Македонија2025“. Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на свеченоста Пендаровски го одликуваше главниот извршен директор на Боинг, Дејвид Л. Калхун со Орден „8 Септември“ за неговиот особен и посветен придонес во развојот и унапредувањето на македонско-американските стратешки и деловни односи и за економскиот напредок на нашата земја. Претседателот Пендаровски го врачи и признанието „Diaspora Recognition Awards 2023“, коешто Македонија 2025, под негово покровителство, им го додели на Стенли Томас и на Влатко Андоновски, во чест на нивните придонеси и достигнувања. Тој посочи дека „Македонија 2025“ е една од водечките организации на македонската дијаспора, посветена на развојот и економскиот напредок на нашата татковина и нејзините граѓани уште од основањето во 2007 година. Со иницирањето и организацијата на овој настан, како што рече, тие уште еднаш ја потврдуваат нивната релевантност и визија за нашата подобра иднина.