Дијана Петрова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dijana-petrova/ За подобро да се разбереме Tue, 30 May 2023 17:10:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дијана Петрова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dijana-petrova/ 32 32 Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-kniga-od-dijana-petrova-vo-gradskata-biblioteka/ Tue, 30 May 2023 17:47:51 +0000 https://republika.mk/?p=646231

Утре, среда (31 мај) во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе биде промовирана книгата „Излегувањето од сенка“ од Дијана Петрова. Промотор на романот е Иван Антоновски, модератор на настанот е Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Настанот ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“ со почеток од 19 часот.

XIX век во Струга, Митра Миладинова и Султана Миладинова, поттикнати од понудената поддршка на рускиот славист Виктор Иванович Григорович, почнуваат дело, кое, како што се развива, станува сè подлабоко и посериозно.

Неколку жени перачки кои се сретнуваат на реката, првпат почнуваат да зборуваат за тоа каков би бил светот кога би им се дало глас на жените. Покрај реката почнуваат да учат да читаат и да пишуваат, стануваат учителки кои го шират почнатото таинствено дело низ сечиј дом и душа. Стануваат своевидни интелектуалки кои наоѓаат начин преку анонимно објавувани статии во весниците да допрат до светот. Против неправдата која неколку векови ги обвивала сите, почнуваат да зборуваат и да се борат со дело кое му пркоси на времето и на заборавот.

Романот „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“ е интригантно четиво за некои од пресвртните моменти на македонскиот XIX век. Во приказната фактите и фикцијата се мешаат и создаваат нова, можна реалност од чија сенка излегува ликот на Митра Миладинова, жената на преродбеникот Димитар Миладинов и клучна фигура за формирањето на Tajnoto \ensko u;ili[te - Ученољубие.

Дијана Петрова е родена на 8 април 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Досега ги објавила романот „Бдеењето над себе“ и збирката раскази „Не правете им сенка на гробовите“. „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“, издание на Антолог, е нејзина трета објавена книга.

 

The post Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека appeared first on Република.

]]>

Утре, среда (31 мај) во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе биде промовирана книгата „Излегувањето од сенка“ од Дијана Петрова. Промотор на романот е Иван Антоновски, модератор на настанот е Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Настанот ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“ со почеток од 19 часот. XIX век во Струга, Митра Миладинова и Султана Миладинова, поттикнати од понудената поддршка на рускиот славист Виктор Иванович Григорович, почнуваат дело, кое, како што се развива, станува сè подлабоко и посериозно. Неколку жени перачки кои се сретнуваат на реката, првпат почнуваат да зборуваат за тоа каков би бил светот кога би им се дало глас на жените. Покрај реката почнуваат да учат да читаат и да пишуваат, стануваат учителки кои го шират почнатото таинствено дело низ сечиј дом и душа. Стануваат своевидни интелектуалки кои наоѓаат начин преку анонимно објавувани статии во весниците да допрат до светот. Против неправдата која неколку векови ги обвивала сите, почнуваат да зборуваат и да се борат со дело кое му пркоси на времето и на заборавот. Романот „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“ е интригантно четиво за некои од пресвртните моменти на македонскиот XIX век. Во приказната фактите и фикцијата се мешаат и создаваат нова, можна реалност од чија сенка излегува ликот на Митра Миладинова, жената на преродбеникот Димитар Миладинов и клучна фигура за формирањето на Tajnoto \ensko u;ili[te - Ученољубие. Дијана Петрова е родена на 8 април 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Досега ги објавила романот „Бдеењето над себе“ и збирката раскази „Не правете им сенка на гробовите“. „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“, издание на Антолог, е нејзина трета објавена книга.  

The post Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека appeared first on Република.

]]>