дијабетес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dijabetes/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 08:16:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дијабетес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dijabetes/ 32 32 Светски експерти: Подигнувањето на свеста е клучно за рано откривање и третман на дијабетесот во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svetski-eksperti-podignuvaneto-na-svesta-e-kluchno-za-rano-otkrivane-i-tretman-na-dijabetesot-vo-evropa/ Sun, 17 Nov 2024 08:16:29 +0000 https://republika.mk/?p=838719

Како резултат на зголемувањето на бројот на случаи на дијабетес низ Европа, здравствените системи се соочуваат со се поголеми проблеми, оставајќи милиони луѓе без доволен пристап до рана дијагностика, превентивна нега и иновативни третман, заклучија учесниците на тематската расправа во Европскиот парламент фокусирана на квалитетна превенција и грижа за дијабетесот.

Во дебатата беше оценето дека кризата со дијабетесот во Европа достигнува невидени размери, при што еден од десет Европејци сега живеат со ова заболување, а дури една третина од случаите на дијабетес остануваат недијагностицирани.

Според претседателот на огранокот на Меѓународната федерација за дијабетес (ИДФ) за Европа, Тадеј Бателино потребни се итни мерки за рана интервенција во справувањето со дијабетесот.

Од суштинско значење е да сфати дека покачените нивоа на гликоза се опасни, бидејќи претставуваат значителни ризици не само за кардиоваскуларниот систем, туку и за мозокот, бубрезите и очите. Дури и раните зголемување на гликозата можат да бидат штетни и значително да го зголемат ризикот од хронични компликации, истакна Беталино.

Тој оцени дека е потребно дијабетесот да се идентификува и да се третира уште на самиот почетокот за да се спречат тешки компликации.

За среќа, на располагање ги имаме потребните алатки. Подигнувањето на свеста е клучно за рано откривање на дијабетесот со користење на достапната технологија и проследено со навремени интервенции со ефикасни лекови и модификации на животниот стил, порача Бателино.

Во рамки на Прилепската општа болница наскоро ќе се отвори дијабет центар за пациентите да не патуваат во Скопје туку редовната стручна лекарска контрола да ја извршуваат во Прилеп. Ова беше

Европратеникот Петер Агиус, пак, оцени дека здравствените системи во ЕУ мора да ја препознаат фундаменталната важност на превенцијата од дијабетес, истакнувајќи дека постојат значителни разлики меѓу земјите членки во дијагнозата, третманот и превенцијата на оваа болест.

Го делиме истиот континент, но сепак некои земји членки водат регистри за дијабетес, додека други не. Во одредени земји, медицинските сестри се обучени да препишуваат лекови, додека во други не се обучени. Дополнително, некои земји членки обезбедуваат надомест за грижа за дијабетесот, додека други не, рече Агиус, посочувајќи дека овој нееднаков пристап спречува многу лица со дијабетес навремено да го добијат лекувањето што им е потребно.

Потсетувајќи дека Европскиот парламент во 2022 година усвои Резолуција за дијабетесот, Агиус нагласи дека од клучно значење е да се зајакне повикот за акција од страна на сегашниот парламентарен состав.

Имаме пет години пред нас и мораме да се погрижиме дијабетесот да се искачи во првите редови на политичката агенда. Ветувам дека ќе работиме заедно за да го оствариме ова, користејќи ги сите алатки достапни во Европскиот парламент, истакна малтешкиот европратеник.

Општиот лекар Франсеск Ксавиер Кос смета дека иако постојат многу иновации и нова технологија, тие не се адекватно прифатени во третманот на дијабетесот.

Ова преставува огромна бариера. Технологиите можат да го трансформираат начинот на кој обезбедуваме грижа, но потребен е храбар став на оние што носат одлуки. Сегашниот систем е неодржлив и е на работ на колапс, смета Кос.

Кога ја прочитав вчерашна сторија за 16 - годишната Миа која има дијабетес веднаш ја исконтактирав и ја поканив да се сретнеме. Миа и нејзината мајка Јасмина денеска на мое големо задоволство

Според ИДФ, додека некои земји во Европа прават значајни чекори во грижата за дијабетесот, други заостануваат, што резултира со сериозна нееднаквост во последиците по пациентите на целиот континент.

Во анализа на ИДФ се посочува дека главен проблем претставува отсуството на координирани национални планови и регистри за дијабетес во многу земји членки на ЕУ.

Во документот се нагласува дека во моментов само 15 земји на ЕУ имаат воспоставено национален план за дијабетес, неколку други, вклучувајќи ги Белгија, Естонија, Луксембург и Унгарија, се во процес на создавање вакви рамки, а седум држави, меѓу кои и Бугарија, Данска, Франција и Шведска, допрва треба да изработат сеопфатна стратегија.

Земјите се трудат да го сфатат целосниот обем на кризата со дијабетесот и да формулираат соодветни одговори без веродостојни и инклузивни податоци. Националните планови и регистри за дијабетес ја олеснуваат координираната грижа, поддржуваат рана дијагноза и овозможуваат редовни прегледи, се наведува во анализата.

Според ИДФ, додека основните алатки за третман на дијабетесот, како што се шприцовите и мерачите на гликоза, се широко достапни низ Европа, пристапот до понапредна технологија, како што се континуираните монитори на гликоза (ЦГМ), не е подеднакво овозможен насекаде.

ЦГМ обезбедува податоци во реално време кои им овозможуваат на пациентите да ги приспособат своите планови за лекување. Сепак, како што се посочува во анализата, овие уреди се достапни само во одредени земји и обично се ограничени на пациенти со специфични состојби или во рамките на одредени програми за здравствена заштита.

Со приложена потврда од лекар специјалист граѓаните со хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 1, малигни заболувања и имуно-компромитирачки состојб

Во анализата на ИДФ како друг клучен проблем се посочени и нередовните и не секогаш достапни прегледи за компликации поврзани со дијабетесот, како што се заболувања на очите, бубрезите и кардиоваскуларните болести.

Раното откривање на овие компликации е од витално значење за забавување на прогресијата на болеста и подобрување на состојбата на пациентот. Сепак, само околу половина од земјите на ЕУ обезбедуваат редовни прегледи за сите пациенти со дијабетес, а пристапот до овие основни услуги е уште поограничен за оние во руралните или недоволно развиени области, се наведува во документот.

Дополнително се посочува и дека преземените превентивни мерки значително се разликуваат од земја до земја ЕУ. Па така, додека некои земји спроведуваат сеопфатни мерки за справување со факторите на ризик, како дебелината, пушењето или нездравата исхрана, други не го прават тоа.

За да се подобри пристапот до превенција и грижа за дијабетесот, ИДФ препорачува изградба на поотпорни здравствени системи, што би вклучувало создавање здрав амбиент, зајакнување на достапноста до програмите за скрининг на можни компликации и проширување на пристапот до иновативни лекови и нови технологии за дијабетес во сите земји на ЕУ. - Покрај тоа, од клучно значење е да се зголеми политичката посветеност за развивање и зајакнување на националните планови и регистри за дијабетес. Европа, исто така, мора да ги зголеми иновациите за да се осигура дека новите пристапи се достапни за секого.

Подобрувањето на улогите на специјалистите за дијабетес и медицинските сестри, заедно со подобрувањето на пристапот до образование и психолошка поддршка, ќе биде од витално значење за ефикасно справување со кризата со дијабетес. Несоодветното дејствување ќе биде социјално и економски штетно, се заклучува во анализата.

The post Светски експерти: Подигнувањето на свеста е клучно за рано откривање и третман на дијабетесот во Европа appeared first on Република.

]]>

Како резултат на зголемувањето на бројот на случаи на дијабетес низ Европа, здравствените системи се соочуваат со се поголеми проблеми, оставајќи милиони луѓе без доволен пристап до рана дијагностика, превентивна нега и иновативни третман, заклучија учесниците на тематската расправа во Европскиот парламент фокусирана на квалитетна превенција и грижа за дијабетесот. Во дебатата беше оценето дека кризата со дијабетесот во Европа достигнува невидени размери, при што еден од десет Европејци сега живеат со ова заболување, а дури една третина од случаите на дијабетес остануваат недијагностицирани. Според претседателот на огранокот на Меѓународната федерација за дијабетес (ИДФ) за Европа, Тадеј Бателино потребни се итни мерки за рана интервенција во справувањето со дијабетесот.
Од суштинско значење е да сфати дека покачените нивоа на гликоза се опасни, бидејќи претставуваат значителни ризици не само за кардиоваскуларниот систем, туку и за мозокот, бубрезите и очите. Дури и раните зголемување на гликозата можат да бидат штетни и значително да го зголемат ризикот од хронични компликации, истакна Беталино.
Тој оцени дека е потребно дијабетесот да се идентификува и да се третира уште на самиот почетокот за да се спречат тешки компликации.
За среќа, на располагање ги имаме потребните алатки. Подигнувањето на свеста е клучно за рано откривање на дијабетесот со користење на достапната технологија и проследено со навремени интервенции со ефикасни лекови и модификации на животниот стил, порача Бателино.
Во рамки на Прилепската општа болница наскоро ќе се отвори дијабет центар за пациентите да не патуваат во Скопје туку редовната стручна лекарска контрола да ја извршуваат во Прилеп. Ова беше Европратеникот Петер Агиус, пак, оцени дека здравствените системи во ЕУ мора да ја препознаат фундаменталната важност на превенцијата од дијабетес, истакнувајќи дека постојат значителни разлики меѓу земјите членки во дијагнозата, третманот и превенцијата на оваа болест.
Го делиме истиот континент, но сепак некои земји членки водат регистри за дијабетес, додека други не. Во одредени земји, медицинските сестри се обучени да препишуваат лекови, додека во други не се обучени. Дополнително, некои земји членки обезбедуваат надомест за грижа за дијабетесот, додека други не, рече Агиус, посочувајќи дека овој нееднаков пристап спречува многу лица со дијабетес навремено да го добијат лекувањето што им е потребно.
Потсетувајќи дека Европскиот парламент во 2022 година усвои Резолуција за дијабетесот, Агиус нагласи дека од клучно значење е да се зајакне повикот за акција од страна на сегашниот парламентарен состав.
Имаме пет години пред нас и мораме да се погрижиме дијабетесот да се искачи во првите редови на политичката агенда. Ветувам дека ќе работиме заедно за да го оствариме ова, користејќи ги сите алатки достапни во Европскиот парламент, истакна малтешкиот европратеник.
Општиот лекар Франсеск Ксавиер Кос смета дека иако постојат многу иновации и нова технологија, тие не се адекватно прифатени во третманот на дијабетесот.
Ова преставува огромна бариера. Технологиите можат да го трансформираат начинот на кој обезбедуваме грижа, но потребен е храбар став на оние што носат одлуки. Сегашниот систем е неодржлив и е на работ на колапс, смета Кос.
Кога ја прочитав вчерашна сторија за 16 - годишната Миа која има дијабетес веднаш ја исконтактирав и ја поканив да се сретнеме. Миа и нејзината мајка Јасмина денеска на мое големо задоволство Според ИДФ, додека некои земји во Европа прават значајни чекори во грижата за дијабетесот, други заостануваат, што резултира со сериозна нееднаквост во последиците по пациентите на целиот континент. Во анализа на ИДФ се посочува дека главен проблем претставува отсуството на координирани национални планови и регистри за дијабетес во многу земји членки на ЕУ. Во документот се нагласува дека во моментов само 15 земји на ЕУ имаат воспоставено национален план за дијабетес, неколку други, вклучувајќи ги Белгија, Естонија, Луксембург и Унгарија, се во процес на создавање вакви рамки, а седум држави, меѓу кои и Бугарија, Данска, Франција и Шведска, допрва треба да изработат сеопфатна стратегија.
Земјите се трудат да го сфатат целосниот обем на кризата со дијабетесот и да формулираат соодветни одговори без веродостојни и инклузивни податоци. Националните планови и регистри за дијабетес ја олеснуваат координираната грижа, поддржуваат рана дијагноза и овозможуваат редовни прегледи, се наведува во анализата.
Според ИДФ, додека основните алатки за третман на дијабетесот, како што се шприцовите и мерачите на гликоза, се широко достапни низ Европа, пристапот до понапредна технологија, како што се континуираните монитори на гликоза (ЦГМ), не е подеднакво овозможен насекаде. ЦГМ обезбедува податоци во реално време кои им овозможуваат на пациентите да ги приспособат своите планови за лекување. Сепак, како што се посочува во анализата, овие уреди се достапни само во одредени земји и обично се ограничени на пациенти со специфични состојби или во рамките на одредени програми за здравствена заштита. Со приложена потврда од лекар специјалист граѓаните со хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 1, малигни заболувања и имуно-компромитирачки состојб Во анализата на ИДФ како друг клучен проблем се посочени и нередовните и не секогаш достапни прегледи за компликации поврзани со дијабетесот, како што се заболувања на очите, бубрезите и кардиоваскуларните болести.
Раното откривање на овие компликации е од витално значење за забавување на прогресијата на болеста и подобрување на состојбата на пациентот. Сепак, само околу половина од земјите на ЕУ обезбедуваат редовни прегледи за сите пациенти со дијабетес, а пристапот до овие основни услуги е уште поограничен за оние во руралните или недоволно развиени области, се наведува во документот.
Дополнително се посочува и дека преземените превентивни мерки значително се разликуваат од земја до земја ЕУ. Па така, додека некои земји спроведуваат сеопфатни мерки за справување со факторите на ризик, како дебелината, пушењето или нездравата исхрана, други не го прават тоа. За да се подобри пристапот до превенција и грижа за дијабетесот, ИДФ препорачува изградба на поотпорни здравствени системи, што би вклучувало создавање здрав амбиент, зајакнување на достапноста до програмите за скрининг на можни компликации и проширување на пристапот до иновативни лекови и нови технологии за дијабетес во сите земји на ЕУ. - Покрај тоа, од клучно значење е да се зголеми политичката посветеност за развивање и зајакнување на националните планови и регистри за дијабетес. Европа, исто така, мора да ги зголеми иновациите за да се осигура дека новите пристапи се достапни за секого. Подобрувањето на улогите на специјалистите за дијабетес и медицинските сестри, заедно со подобрувањето на пристапот до образование и психолошка поддршка, ќе биде од витално значење за ефикасно справување со кризата со дијабетес. Несоодветното дејствување ќе биде социјално и економски штетно, се заклучува во анализата.

The post Светски експерти: Подигнувањето на свеста е клучно за рано откривање и третман на дијабетесот во Европа appeared first on Република.

]]>
Скоро половина од Македонците живеат со зголемена телесна тежина и лоша исхрана, ризик фактори за дијабетес https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/skoro-polovina-od-makedontsite-zhiveat-so-zgolemena-telesna-tezhina-i-losha-ishrana-rizik-faktori-za-dijabetes/ Thu, 14 Nov 2024 18:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=837834

Македонија е земја со една од најголемите преваленции на дијабетес во светот, како резултат на високиот степен на сите ризик фактори кои го предизвикуваат, како што се дебелината, лошите навики во исхраната и намалената физичка активност, посочи претседателката на Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, Татјана Миленковиќ, на денешната прес-конференција по повод Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември.

Миленковиќ посочи дека скоро 50 отсто од популацијата во земјава живее со зголемена телесна тежина, додека повеќе од 50 отсто се пушачи со лоши навики во исхраната и намалена физичка активност.

„Дијабетесот како една од незаразните болести претставува вистинска пандемија, како во светот, така и кај нас. Во Македонија, за жал, ние сме земја со една од најголемите преваленции на дијабетес во светот, заради тоа што ги имаме сите ризик фактори кои го предизвикуваат дијабетесот, а тоа е дебелината. Кај нас скоро 50 отсто од популацијата живее со зголемена телесна тежина, односно со дебелина, повеќе од 50 отсто пушат и имаат лоши навики во исхрана и уште полоши за физичка активност“, посочи Миленковиќ.

Загрижувачки е, додаде, што младата популација во годините што доаѓаат ќе развијат дијабетес, поради што живее со обезност. Оваа генерацијата, вели Миленковиќ, ќе има понизок животен век од нивните родители, како резултат на незаразните болести кои што се главна причина за смрт во светот.

„Загрижувачки е што младата популација е таа која живее со обезност и која што во годините што доаѓаат, ќе развијат секако дијабетес и не само дијабетес, туку и болести кои што се придружни на дијабетесот, а од кои што умира светската и нашата популација. Тоа се кардиоваскуларните болести, затоа што сите заедно ги делат истите ризик фактори. Значи, нашата општествена улога, како доктори, е да се трудиме да се вратат здравите навики во исхраната, да се конзумира здрава храна, да се прекине со пушење, да се зголеми физичката активност, за да можеме да направиме популација која што ќе ги надживее родителите. Се смета дека оваа генерација ќе има понизок животен век од нивните родители, поради овие незаразни болести коишто се главна причина за смрт во светот“, рече Миленковиќ.

Министерот за здравство Таравари, пак, во своето обраќање истакна дека Министерството овозможува набавка на најсовремена инсулинска терапија и обезбедува систем за континуирано мерење на гликемијата, со кој се овозможува поквалитетен живот на децата со дијабет.

„Во таа насока овозможуваме набавка на најсовремена инсулинска терапија, која обезбедува индивидуализиран пристап за потребите на секој пациент, како и имплементација на инсулинските пумпи онаму каде што е индицирано. Посебно сакам да го истакнам и обезбедувањето на системот за континуирано мерење на гликемијата, со кој се овозможува подобар квалитет на секојдневното живеење на децата со дијабет. Со најновата двегодишна набавка обезбедивме 650 сензори во соработка со Клиниката за детски болести отворен е едукативен центар, во склоп на Клиниката каде изминатиот период се одвиваше едукација за поставување на сензорите кај децата и адолесценти“, рече Таравари.

Нашата држава, додаде, спаѓа во земји со низок ризик за појава на детски дијабетес, во однос на другите европски земји, но сепак, како што рече, бројот е со постојана тендеција за пораст во последните години.

„Покрај тоа што нашата држава спаѓа во земјите со низок ризик за појава на детски дијабетес, во однос на другите европски земји, сепак оваа бројка е со постојана тенденција за пораст во последните години. Дијабетес тип 1, за жал, го погодува највулнерабилниот дел од популацијата, децата и младите, а третманот опфаќа повеќе аспекти, да се промовира висок квалитет на живот, нормален раст и развој на децата со дијабетес“, посочи Таравари.

The post Скоро половина од Македонците живеат со зголемена телесна тежина и лоша исхрана, ризик фактори за дијабетес appeared first on Република.

]]>

Македонија е земја со една од најголемите преваленции на дијабетес во светот, како резултат на високиот степен на сите ризик фактори кои го предизвикуваат, како што се дебелината, лошите навики во исхраната и намалената физичка активност, посочи претседателката на Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, Татјана Миленковиќ, на денешната прес-конференција по повод Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември. Миленковиќ посочи дека скоро 50 отсто од популацијата во земјава живее со зголемена телесна тежина, додека повеќе од 50 отсто се пушачи со лоши навики во исхраната и намалена физичка активност.
„Дијабетесот како една од незаразните болести претставува вистинска пандемија, како во светот, така и кај нас. Во Македонија, за жал, ние сме земја со една од најголемите преваленции на дијабетес во светот, заради тоа што ги имаме сите ризик фактори кои го предизвикуваат дијабетесот, а тоа е дебелината. Кај нас скоро 50 отсто од популацијата живее со зголемена телесна тежина, односно со дебелина, повеќе од 50 отсто пушат и имаат лоши навики во исхрана и уште полоши за физичка активност“, посочи Миленковиќ.
Загрижувачки е, додаде, што младата популација во годините што доаѓаат ќе развијат дијабетес, поради што живее со обезност. Оваа генерацијата, вели Миленковиќ, ќе има понизок животен век од нивните родители, како резултат на незаразните болести кои што се главна причина за смрт во светот.
„Загрижувачки е што младата популација е таа која живее со обезност и која што во годините што доаѓаат, ќе развијат секако дијабетес и не само дијабетес, туку и болести кои што се придружни на дијабетесот, а од кои што умира светската и нашата популација. Тоа се кардиоваскуларните болести, затоа што сите заедно ги делат истите ризик фактори. Значи, нашата општествена улога, како доктори, е да се трудиме да се вратат здравите навики во исхраната, да се конзумира здрава храна, да се прекине со пушење, да се зголеми физичката активност, за да можеме да направиме популација која што ќе ги надживее родителите. Се смета дека оваа генерација ќе има понизок животен век од нивните родители, поради овие незаразни болести коишто се главна причина за смрт во светот“, рече Миленковиќ.
Министерот за здравство Таравари, пак, во своето обраќање истакна дека Министерството овозможува набавка на најсовремена инсулинска терапија и обезбедува систем за континуирано мерење на гликемијата, со кој се овозможува поквалитетен живот на децата со дијабет.
„Во таа насока овозможуваме набавка на најсовремена инсулинска терапија, која обезбедува индивидуализиран пристап за потребите на секој пациент, како и имплементација на инсулинските пумпи онаму каде што е индицирано. Посебно сакам да го истакнам и обезбедувањето на системот за континуирано мерење на гликемијата, со кој се овозможува подобар квалитет на секојдневното живеење на децата со дијабет. Со најновата двегодишна набавка обезбедивме 650 сензори во соработка со Клиниката за детски болести отворен е едукативен центар, во склоп на Клиниката каде изминатиот период се одвиваше едукација за поставување на сензорите кај децата и адолесценти“, рече Таравари.
Нашата држава, додаде, спаѓа во земји со низок ризик за појава на детски дијабетес, во однос на другите европски земји, но сепак, како што рече, бројот е со постојана тендеција за пораст во последните години.
„Покрај тоа што нашата држава спаѓа во земјите со низок ризик за појава на детски дијабетес, во однос на другите европски земји, сепак оваа бројка е со постојана тенденција за пораст во последните години. Дијабетес тип 1, за жал, го погодува највулнерабилниот дел од популацијата, децата и младите, а третманот опфаќа повеќе аспекти, да се промовира висок квалитет на живот, нормален раст и развој на децата со дијабетес“, посочи Таравари.

The post Скоро половина од Македонците живеат со зголемена телесна тежина и лоша исхрана, ризик фактори за дијабетес appeared first on Република.

]]>
Симптом што укажува на ризик од дијабетес https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/simptom-shto-ukazhuva-na-rizik-od-dijabetes/ Sat, 01 Jun 2024 13:42:20 +0000 https://republika.mk/?p=783880

Ако имате вртоглавица кога ќе станете, тоа значи дека би можеле да имате поголем ризик од дијабетес.

Вртоглавицата може да биде предизвикана од невропатија, вид оштетување на нервите што може да се случи ако имате дијабетес. Унгарските истражувачи процениле дека луѓето изложени на ризик од дијабетес тип 2, имаат до шестпати поголеми шанси за појава на невропатија.

Тие, исто така, открија дека пациентите може да покажат суптилни знаци на ова оштетување неколку години пред целосно да се развие дијабетесот.

Научниците велат дека нивните наоди може да се искористат за следење на знаците на невропатија кај пациенти со ризик од дијабетес, а потоа или да се забави или да се спречи оштетување на нервите.

Високото ниво на шеќер во крвта поврзано со болеста може да ги оштети нервите низ целото тело. На долг рок, ова може да доведе до оштетување на нервите и различни симптоми во зависност од засегнатите нерви. Обично доведува до периферна невропатија, која предизвикува вкочанетост, боцкање, печење, болка, грчеви и слабост во стапалата и рацете. Оваа состојба на крајот може да се прошири на целиот екстремитет.

Студијата ги разгледала знаците на невропатија кај луѓе што имале поголем ризик за развој на дијабетес. Оние што имаат најголема веројатност да ја развијат оваа состојба, имаат познати фактори на ризик за дијабетес, какви што се прекумерна тежина или постари.

Тие ги споредиле резултатите од здравствените тестови на 44 лица со висок ризик за развој на дијабетес и 28 здрави луѓе од контролната група.

Пулсот на учесниците бил измерен и тестиран за да се види како нивните тела реагираат на сензации како болка и вкочанетост. Тие откриле дека луѓето со зголемен ризик од дијабетес имаат 5,9 отсто поголеми шанси да имаат парасимпатичка невропатија во споредба со здравите луѓе.

The post Симптом што укажува на ризик од дијабетес appeared first on Република.

]]>

Ако имате вртоглавица кога ќе станете, тоа значи дека би можеле да имате поголем ризик од дијабетес. Вртоглавицата може да биде предизвикана од невропатија, вид оштетување на нервите што може да се случи ако имате дијабетес. Унгарските истражувачи процениле дека луѓето изложени на ризик од дијабетес тип 2, имаат до шестпати поголеми шанси за појава на невропатија. Тие, исто така, открија дека пациентите може да покажат суптилни знаци на ова оштетување неколку години пред целосно да се развие дијабетесот. Научниците велат дека нивните наоди може да се искористат за следење на знаците на невропатија кај пациенти со ризик од дијабетес, а потоа или да се забави или да се спречи оштетување на нервите. Високото ниво на шеќер во крвта поврзано со болеста може да ги оштети нервите низ целото тело. На долг рок, ова може да доведе до оштетување на нервите и различни симптоми во зависност од засегнатите нерви. Обично доведува до периферна невропатија, која предизвикува вкочанетост, боцкање, печење, болка, грчеви и слабост во стапалата и рацете. Оваа состојба на крајот може да се прошири на целиот екстремитет. Студијата ги разгледала знаците на невропатија кај луѓе што имале поголем ризик за развој на дијабетес. Оние што имаат најголема веројатност да ја развијат оваа состојба, имаат познати фактори на ризик за дијабетес, какви што се прекумерна тежина или постари. Тие ги споредиле резултатите од здравствените тестови на 44 лица со висок ризик за развој на дијабетес и 28 здрави луѓе од контролната група. Пулсот на учесниците бил измерен и тестиран за да се види како нивните тела реагираат на сензации како болка и вкочанетост. Тие откриле дека луѓето со зголемен ризик од дијабетес имаат 5,9 отсто поголеми шанси да имаат парасимпатичка невропатија во споредба со здравите луѓе.  

The post Симптом што укажува на ризик од дијабетес appeared first on Република.

]]>
Холандска компанија работи на револуционерен третман за дијабетес тип 1 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/holandska-kompanija-raboti-na-revolutsioneren-tretman-za-dijabetes-tip-1/ Thu, 02 Nov 2023 12:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=697406

Инвестицискиот фонд ИНХ и додели кредит на холандската компанија „Адвансед Мајкробиом Интевеншанс“ (АМИ) за да работи на истражување на револуционерен третман со кој пациентите со дијабетес тип 1 би биле ослободени од редовен инсулински третман.

Дијабетесот, болест која се карактеризира со високи нивоа на шеќер во крвта што со текот на времето може да го оштетат срцето, крвните садови и другите органи, главно се манифестира како дијабетес тип 2 кај возрасните лица, кога нивните тела стануваат отпорни или не произведуваат доволно инсулин.

Од друга страна, дијабетес тип 1 се јавува кога панкреасот произведува малку или воопшто не произведува инсулин. Според податоците, оваа болест секоја година се дијагностицира кај околу 31.000 млади луѓе во Европа.

Коосновачот на АМИ, професорот Вилем де Вос потсетува дека  за дијабетесот тип 1 не постои лек. - Наша цел е да развиеме единечна дневна орална доза за дијабетесот тип 1, изјави Де Вос, кој во 2008 година ја доби највисоката холандска награда за научно-истражувачка работа „Спиноза“.

Де Вос и неговиот соработник Макс Нивдорп откриле абнормалност кај цревен микробиом поврзана со дијабетесот тип 1 и сметаат дека таа неправилност можат да ја коригираат со интервенции со микроорганизми.

Тие успешно префрлиле примерок од микробиом од здрав донор на пациенти со дијабетес тип 1 и откриле подобрување во бета клетките што произведуваат инсулин во панкреасот. За ова истражување извршиле трансплантација на фекална микробиота (ФМТ), при што откриле метаболити и микроби што би можеле да го реплицираат овој ефект.

Де Вос информира дека за оваа откритие веќе поднеле барање за регистрација на патент на име на АМИ, по што сега со добиениот кредит ќе почнат да работат на клинички испитувања.

Очекуваме резултати, да речеме, до крајот на 2024 година, изјави Де Вос.

Според него, ако нивниот третман се покаже функционален, пациентите со дијабетес тип 1 би можеле да ја продолжат фазата во која ќе нема треба да си инјектираат инсулин за да преживеат.

За таквиот лек тие планираат да побараат одобрение за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Тоа ќе биде фантастична можност за европската и глобалната здравствена заштита, бидејќи можеме да лекуваме пациенти кои инаку ќе треба да се инјектираат. Можеме да имаме систем за орална испорака и да користиме таблети што на пациентите ќе им помогне да го одржуваат своето здравје, наместо да инјектираат инсулин, изјави Де Вос, додавајќи дека тоа значително би го подобрило нивниот квалитет на живот

The post Холандска компанија работи на револуционерен третман за дијабетес тип 1 appeared first on Република.

]]>

Инвестицискиот фонд ИНХ и додели кредит на холандската компанија „Адвансед Мајкробиом Интевеншанс“ (АМИ) за да работи на истражување на револуционерен третман со кој пациентите со дијабетес тип 1 би биле ослободени од редовен инсулински третман. Дијабетесот, болест која се карактеризира со високи нивоа на шеќер во крвта што со текот на времето може да го оштетат срцето, крвните садови и другите органи, главно се манифестира како дијабетес тип 2 кај возрасните лица, кога нивните тела стануваат отпорни или не произведуваат доволно инсулин. Од друга страна, дијабетес тип 1 се јавува кога панкреасот произведува малку или воопшто не произведува инсулин. Според податоците, оваа болест секоја година се дијагностицира кај околу 31.000 млади луѓе во Европа. Коосновачот на АМИ, професорот Вилем де Вос потсетува дека  за дијабетесот тип 1 не постои лек. - Наша цел е да развиеме единечна дневна орална доза за дијабетесот тип 1, изјави Де Вос, кој во 2008 година ја доби највисоката холандска награда за научно-истражувачка работа „Спиноза“. Де Вос и неговиот соработник Макс Нивдорп откриле абнормалност кај цревен микробиом поврзана со дијабетесот тип 1 и сметаат дека таа неправилност можат да ја коригираат со интервенции со микроорганизми. Тие успешно префрлиле примерок од микробиом од здрав донор на пациенти со дијабетес тип 1 и откриле подобрување во бета клетките што произведуваат инсулин во панкреасот. За ова истражување извршиле трансплантација на фекална микробиота (ФМТ), при што откриле метаболити и микроби што би можеле да го реплицираат овој ефект. Де Вос информира дека за оваа откритие веќе поднеле барање за регистрација на патент на име на АМИ, по што сега со добиениот кредит ќе почнат да работат на клинички испитувања.
Очекуваме резултати, да речеме, до крајот на 2024 година, изјави Де Вос.
Според него, ако нивниот третман се покаже функционален, пациентите со дијабетес тип 1 би можеле да ја продолжат фазата во која ќе нема треба да си инјектираат инсулин за да преживеат. За таквиот лек тие планираат да побараат одобрение за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА).
Тоа ќе биде фантастична можност за европската и глобалната здравствена заштита, бидејќи можеме да лекуваме пациенти кои инаку ќе треба да се инјектираат. Можеме да имаме систем за орална испорака и да користиме таблети што на пациентите ќе им помогне да го одржуваат своето здравје, наместо да инјектираат инсулин, изјави Де Вос, додавајќи дека тоа значително би го подобрило нивниот квалитет на живот

The post Холандска компанија работи на револуционерен третман за дијабетес тип 1 appeared first on Република.

]]>
Кои се првичните симптоми на дијабетес? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/koi-se-prvichnite-simptomi-na-dijabetes/ Tue, 31 Oct 2023 14:32:22 +0000 https://republika.mk/?p=696740

Што е дијабетес?

Дијабетесот, или формално дијабетес малитус е хронично заболување на метаболизмот, кое се карактеризира со покачени нивоа на гликозата, шеќерот во крвта на гладно > 7,0 ммол/Л или на ниво на гликоза мерена два часа по тестот за толеранција на гликоза тестот плазматска гликоза > 11,0 ммол/Л. Едноставно кажано тоа е заболување кај кое организмот не е способен за навремена дистрибуција на шеќерот во клетките, поради што тој се задржува во циркулацијата подолго време, а токму таа состојба е причина за појава на многу симптоми и развој на сериозни здравствени последици од оваа болест.

Зошто е важно да се открие рано!

Дијабетесот е многу подмолна болест бидејки не секогаш симптомите на нарушената регулација на гликозата се јавуваат веднаш. Кога се јавува хипергликемија - покачени нивоа при кои гликозата стои во крвните садови таа создава таканаречени гликациски продукти, или слободни радикали – молекули кои ги оштетуваат клетките од внатрешната обвивка на крвните садови, што со текот на времето може да прогресира и дури и без свесност на човекот да биде причина за појава на ретинопатија (оштетени садови во ретината во окото), нефропатија (оштетување на клетките и функцијата на бубрезите), невропатија (оштетување на периферните нерви), како и да доведе до појава на инферкт или мозочен удар. Исто така, подеднакво опасна може да биде и симптомот на хипогликемија или наглото паѓање на шеќерот кое може да се јави кај овие лица кое може да предизвика дури и кома и смрт. Поради овие причини раното откривање на болеста, со цел да се спречи појавата на овие симптоми и последици и да се обезбеди добра регулација и контрола е исклучително важна.

Видови дијабетес

  • Дијабетес тип 1 - или инсулинско зависен тип, при кој како последица на автоимуни реакции доаѓа до оштетување на панкреасот кој престанува да создава инсулин, неопходен за дистрибуција на шеќерот од крвта во клетките. Се јавува вообичаено во детството или помладите години, а овие лица мораа целиот свој живот да земаат инсулин како терапија.
  • Дијабетес тип 2 - или состојба на инсулинска резистенција при која панкреасот создава доволно инсулин но поради оштетување на инсулинските рецептори, клеточните мембрани и намалена чувствителност на инсулинот тој тешко и помалку овозможува внесување на шеќерот во клетките. Оваа состојба често е поврзана и со хиперинсулинемија при која телото постојано создава големи количини инсулин кои и покрај тоа не успеваат ефикасно да го дистрибуираат шеќерот во клетките.
  • Гестациски - ендокрино пореметување кое се јавува релативно често за време на бременоста, вообичаено по породувањето самостојно се регулира но претставува голем ризик фактор за појава на тип 2 подоцна во животот.

Голем број лица имаат и таканаречана состојба на пред-дијабетес, гранично  пореметување на нивоата на шеќер, чести флуктации па нормализирања на шеќерот што е индикатор за нарушена регулација и без соодветни прмомени во животниот стил и исхраната лесно може да прогресира во дијабетес тип 2.

Препознавање на раните симптоми

Знаејки ги можните последици на дијабетесот по здравјто, препознавањето на раните симптоми и навременото откривање на болеста е исклучително важно за нејзин ефикасен третман и контрола. Постојат повеќе рани како:

  • Физички манифестации
    o Прекумерна жед и мокрење - задршката на шеќерот во телото ја дренира течноста од ткивата и придонесува за поголемо губење на течности од телото поради што се јавува симптом како постојана жед и зачестено мокрење.
    o Необјаснето губење на тежината - клетките во телото не добиваат шеќер гликоза за енергија и мораат да го трошат масните резерви поради што телото доаѓа до симптомот на несакана појава на намалување на тежината.
    o Глад и замор - заради недостаток на гликоза во клетките не создаваат енергија поради што се јавува замор, а мозокот сигнализира постојан глад. Исто така и високите нивоа на инсулинот кој постојано се создава со цел да го намали шеќерот дава сигнали на хормонот за глад грелин кој во мозокот сигнализира дека сме гладни.
    o Заматен вид - оштетувањето на клетките во ретината во окото од покачениот шеќер може да се јави релативно рано и како последица на тоа симптомот на заматување на видот.
    o Бавно зараснување на раните - вишокот на гликоза во крвотокот ја зголемува густината на крвта, што ја успорува циркулацијата и движењето на белите крвни клетки кои се одговорни за побрзо и ефикасно зацелување на раните.
  • Психолошки и бихејвиорални показатели
    o Промени во расположението, раздразливост и анксиозност - постојаните промени на нивото на шеќер во крвта е причина и за промени на расположението и појава на анксиозност. „Гладувањето“ на мозокот за гликоза, т.е неможноста ефикасно да ја искористи гликозата за енергија на мозочните клетки создава сигнали односно симптоми како стрес и вознемиреност што сериозно влијаат на расположението.

Како може да ескалираат почетните симптоми?

Манифестацијата на физичките или психичките симптоми се е најава за посериозни оштетувања на клетките во крвните садови, пред се на деликатните крвни садови во очите, бубрезите, но и големите артерии во срцето или мозокот што е ризик за сериозно ескалирање на состојбата и појава на трајни оштетувања на сите овие органи. Лицата со нерегулиран дијабетес имаат најголем ризик од добивање на инфаркт на срцето и мозочен удар, што за жал дури некогаш и претставува симптом после кој луѓето откриваат дека имале дијабетес.

Рано управување и превенција

  • Прилагодување на животниот стил
    Клуч за добрата регулација на шеќерот е навремено и соодветно прилагодување на начинот и стилот на живот. Тоа значи сериозно внимавање на исхраната, елиминација на слатката храна и пијалоци, бели брашна, пецива и тестенини и внес на разноврсна храна во интегрална форма, со минимално процесирање и обработка. Важно е да се внесува многу зеленчук и антиоксиданти преку внес на овошја со низок гликемиски индекс, семиња, јатки, зачини и зачински билки. Секако составен дел на промените се и примената на редовна физичка активност, особено по оброците како и активности за подобра регулација на стресот (јога, медитација и други форми на релаксација).
  • Лекови и опции за третман
    Стандардната таблетарна или инсулинска терапија не секогаш успева да го држи шеќерот под постојана контрола, поради што значајна поддршка даваат и додатоците на исхраната кои може да бидат лек за диjабетес од природата. Тие содржат внимателно одбрани растителни екстракти како што се екстрактите од горчлива диња, цимет, барберин, минералите цинк и хром, како и алфа липоичната киселина кои се и научно докажани дека помагаат во одржување на добрата контрола и регулација на шеќерот во крвта.

The post Кои се првичните симптоми на дијабетес? appeared first on Република.

]]>

Што е дијабетес?

Дијабетесот, или формално дијабетес малитус е хронично заболување на метаболизмот, кое се карактеризира со покачени нивоа на гликозата, шеќерот во крвта на гладно > 7,0 ммол/Л или на ниво на гликоза мерена два часа по тестот за толеранција на гликоза тестот плазматска гликоза > 11,0 ммол/Л. Едноставно кажано тоа е заболување кај кое организмот не е способен за навремена дистрибуција на шеќерот во клетките, поради што тој се задржува во циркулацијата подолго време, а токму таа состојба е причина за појава на многу симптоми и развој на сериозни здравствени последици од оваа болест.

Зошто е важно да се открие рано!

Дијабетесот е многу подмолна болест бидејки не секогаш симптомите на нарушената регулација на гликозата се јавуваат веднаш. Кога се јавува хипергликемија - покачени нивоа при кои гликозата стои во крвните садови таа создава таканаречени гликациски продукти, или слободни радикали – молекули кои ги оштетуваат клетките од внатрешната обвивка на крвните садови, што со текот на времето може да прогресира и дури и без свесност на човекот да биде причина за појава на ретинопатија (оштетени садови во ретината во окото), нефропатија (оштетување на клетките и функцијата на бубрезите), невропатија (оштетување на периферните нерви), како и да доведе до појава на инферкт или мозочен удар. Исто така, подеднакво опасна може да биде и симптомот на хипогликемија или наглото паѓање на шеќерот кое може да се јави кај овие лица кое може да предизвика дури и кома и смрт. Поради овие причини раното откривање на болеста, со цел да се спречи појавата на овие симптоми и последици и да се обезбеди добра регулација и контрола е исклучително важна.

Видови дијабетес

  • Дијабетес тип 1 - или инсулинско зависен тип, при кој како последица на автоимуни реакции доаѓа до оштетување на панкреасот кој престанува да создава инсулин, неопходен за дистрибуција на шеќерот од крвта во клетките. Се јавува вообичаено во детството или помладите години, а овие лица мораа целиот свој живот да земаат инсулин како терапија.
  • Дијабетес тип 2 - или состојба на инсулинска резистенција при која панкреасот создава доволно инсулин но поради оштетување на инсулинските рецептори, клеточните мембрани и намалена чувствителност на инсулинот тој тешко и помалку овозможува внесување на шеќерот во клетките. Оваа состојба често е поврзана и со хиперинсулинемија при која телото постојано создава големи количини инсулин кои и покрај тоа не успеваат ефикасно да го дистрибуираат шеќерот во клетките.
  • Гестациски - ендокрино пореметување кое се јавува релативно често за време на бременоста, вообичаено по породувањето самостојно се регулира но претставува голем ризик фактор за појава на тип 2 подоцна во животот.
Голем број лица имаат и таканаречана состојба на пред-дијабетес, гранично  пореметување на нивоата на шеќер, чести флуктации па нормализирања на шеќерот што е индикатор за нарушена регулација и без соодветни прмомени во животниот стил и исхраната лесно може да прогресира во дијабетес тип 2.

Препознавање на раните симптоми

Знаејки ги можните последици на дијабетесот по здравјто, препознавањето на раните симптоми и навременото откривање на болеста е исклучително важно за нејзин ефикасен третман и контрола. Постојат повеќе рани како:
  • Физички манифестации o Прекумерна жед и мокрење - задршката на шеќерот во телото ја дренира течноста од ткивата и придонесува за поголемо губење на течности од телото поради што се јавува симптом како постојана жед и зачестено мокрење. o Необјаснето губење на тежината - клетките во телото не добиваат шеќер гликоза за енергија и мораат да го трошат масните резерви поради што телото доаѓа до симптомот на несакана појава на намалување на тежината. o Глад и замор - заради недостаток на гликоза во клетките не создаваат енергија поради што се јавува замор, а мозокот сигнализира постојан глад. Исто така и високите нивоа на инсулинот кој постојано се создава со цел да го намали шеќерот дава сигнали на хормонот за глад грелин кој во мозокот сигнализира дека сме гладни. o Заматен вид - оштетувањето на клетките во ретината во окото од покачениот шеќер може да се јави релативно рано и како последица на тоа симптомот на заматување на видот. o Бавно зараснување на раните - вишокот на гликоза во крвотокот ја зголемува густината на крвта, што ја успорува циркулацијата и движењето на белите крвни клетки кои се одговорни за побрзо и ефикасно зацелување на раните.
  • Психолошки и бихејвиорални показатели o Промени во расположението, раздразливост и анксиозност - постојаните промени на нивото на шеќер во крвта е причина и за промени на расположението и појава на анксиозност. „Гладувањето“ на мозокот за гликоза, т.е неможноста ефикасно да ја искористи гликозата за енергија на мозочните клетки создава сигнали односно симптоми како стрес и вознемиреност што сериозно влијаат на расположението.

Како може да ескалираат почетните симптоми?

Манифестацијата на физичките или психичките симптоми се е најава за посериозни оштетувања на клетките во крвните садови, пред се на деликатните крвни садови во очите, бубрезите, но и големите артерии во срцето или мозокот што е ризик за сериозно ескалирање на состојбата и појава на трајни оштетувања на сите овие органи. Лицата со нерегулиран дијабетес имаат најголем ризик од добивање на инфаркт на срцето и мозочен удар, што за жал дури некогаш и претставува симптом после кој луѓето откриваат дека имале дијабетес.

Рано управување и превенција

  • Прилагодување на животниот стил Клуч за добрата регулација на шеќерот е навремено и соодветно прилагодување на начинот и стилот на живот. Тоа значи сериозно внимавање на исхраната, елиминација на слатката храна и пијалоци, бели брашна, пецива и тестенини и внес на разноврсна храна во интегрална форма, со минимално процесирање и обработка. Важно е да се внесува многу зеленчук и антиоксиданти преку внес на овошја со низок гликемиски индекс, семиња, јатки, зачини и зачински билки. Секако составен дел на промените се и примената на редовна физичка активност, особено по оброците како и активности за подобра регулација на стресот (јога, медитација и други форми на релаксација).
  • Лекови и опции за третман Стандардната таблетарна или инсулинска терапија не секогаш успева да го држи шеќерот под постојана контрола, поради што значајна поддршка даваат и додатоците на исхраната кои може да бидат лек за диjабетес од природата. Тие содржат внимателно одбрани растителни екстракти како што се екстрактите од горчлива диња, цимет, барберин, минералите цинк и хром, како и алфа липоичната киселина кои се и научно докажани дека помагаат во одржување на добрата контрола и регулација на шеќерот во крвта.

The post Кои се првичните симптоми на дијабетес? appeared first on Република.

]]>
Протоколот за постапување со деца со дијабетес ќе придонесе за подобра едукација на сите вклучени во процесот на воспитание и образование https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/protokolot-za-postapuvane-so-detsa-so-dijabetes-ke-pridonese-za-podobra-edukatsija-na-site-vklucheni-vo-protsesot-na-vospitanie-i-obrazovanie/ Tue, 10 Oct 2023 10:39:49 +0000 https://republika.mk/?p=689850

Во Јавната установа „Раде Јовчевски Корчагин“ – објект Пепелашка во Скопје денес беше промовиран „Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки “. На настанот присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, претседателката на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија- БАЛАНС МК, Наташа Д. Димитревска, вработени од областа на детската заштита и здравство.

Министерката Тренчевска во своето обраќање до присутните ја потенцираше заложбата на Владата и министерството за труд и социјална политика во обезбедувањето на грижа и услови за правилен раст и развој на секое дете.

„За нас секое дете е важно и секое дете заслужува да има еднаков пристап д ресурси и еднакви можности за напредок. Загрижувачки е податокот дека зачестеноста на дијабетот во светот се зголемува и истражувањата покажуваат дека токму децата се во зголемен ризик од развивање на оваа болест. За жал податоците откриваат и дека дијабетот денес е се повеќе присутен во предучилишна возраст. Оттука и важноста на Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки “ наменет за наставниот кадар во градинките и училиштата. Верувам дека Протоколот ќе придонесе за подобра едукација на сите вклучени во процесот на воспитание и образование и ќе упатува за постапување со децата со дијабетес,“ истакна Тренчевска.

Таа ја поздрави иницијативата на Асоцијацијата за детски дијабетес-БАЛАНС МК, која со поддршка на Министерството за здравство и стручни лица од Клиниката за детски болести, го осмисли и реализираше проектот за креирање на Протоколот.

Градоначалникот Герасимовски истакна дека Општина Центар со задоволство се приклучува на овој заеднички проект на владиниот и граѓанскиот сектор, наменет за поддршка на децата со дијабетес.

„Пред нас е Протоколот со упатства за наставниот кадар, кој ќе почнува да се применува токму тука, во центарските училишта и градинки. За детскиот дијабетес , кој за жал го има се повеќе, најважна е пред се навремената и соодветна реакција на воспитувачот и наставникот. Затоа сум искрено благодарен на Асоцијацијата за детски дијабетес БАЛАНС МК, која го изработи овој Протокол во соработка со ресорните министерства и кој ќе биде водич за постапување со деца со дијабетес во градинките и училиштата,“ рече Герасимовски.

Претседателката Димитревска, информираше дека во Македонија има околу 130 илјади регистрирани лица со дијабетес, од нив околу 700 деца и адолесценти до 18 години со дијабетес.

„Протоколот е еден вид на едноставно конципиран прирачник кој содржински претставува низа од стручно подготвени упатства за најчестите проблеми и предизвици во кои може да се најде едно дете со дијабетес додека престојува во детската градинка или училиште. Овој Протокол овозможува запознавање на сите чинители во воспитно образовниот процес, со самата состојба со дијабетес Тип 1, со терапевските можности и контролата на гликемијата кај децата со дијабетес и со начините како да се препознае и реагира и помогне при акутни состојби кои дијабетесот може да ги предизвика,“ посочи Димитриевска.

The post Протоколот за постапување со деца со дијабетес ќе придонесе за подобра едукација на сите вклучени во процесот на воспитание и образование appeared first on Република.

Eрхан Шукри: Ми се насолзија очите кога видов дека децата со дијабетес чекаат сензори, па решив да направам концерт за нив https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/erhan-shukri-mi-se-nasolzija-ochite-koga-vidov-deka-detsata-so-dijabetes-chekaat-senzori-pa-reshiv-da-napravam-kontsert-za-niv/ Tue, 03 Oct 2023 12:23:52 +0000 https://republika.mk/?p=687486

Виолинистот, професор и диригент Ерхан Шукри сношти одржа славенички хуманитарен концерт во Националната опера и балет наречен „Првите мои 20 во 30“. Тој прослави 30 години уметничка и педагошка дејност и 20 години од постоењето на Гудачкиот камерен оркестар „Арко“. Парите од продадените влезници ќе ги донира за децата со дијабетес.

Одамна сакав да направам хуманитарен концерт за деца, но не бев одлучен каде би ги наменил средствата. Кога видов дека децата со дијабетес долго чекаат сензори, ми падна многу жал, ми се насолзија очите и така се одлучив овој конецрт да биде за нив. Сѐ уште не знам колку билети се продадени и не знам со колку средства точно располагаме. Знам дека сензорите се многу скапи, но ќе набавам барем глукомери и ленти за мерење шеќер, во координација со Сојузот на здруженија на дијабетичари, изјави за СДК музичарот по концертот.

Целиот разговор на „Сакам да кажам

The post Eрхан Шукри: Ми се насолзија очите кога видов дека децата со дијабетес чекаат сензори, па решив да направам концерт за нив appeared first on Република.

Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, ХОББ и хипотироидизам https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/matichnite-lekari-ke-mozhe-da-prepishuvaat-terapija-za-visok-pritisok-dijabetes-astma-hobb-i-hipotiroidizam/ Mon, 21 Aug 2023 12:20:30 +0000 https://republika.mk/?p=674202

Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, хронична опструктивна белодробна болест, астма и хипотироидизам. Оваа новина во примарната здравствена заштита денеска ја најавија министерот за здравство Фатмир Меџити и д-р Злате мехмедовиќ, координатор на реформите за примарна заштита во МЗ.

Неделава ја посветуваме на промоција на новините во системот на примарна здравствена заштита, отпечатени се информативни брошури со поддршка од СЗО, завршена е едукацијата за 700 матични лекари за новиот правилник за препишување лекови и во следните неколку дена планираме посети во повеќе здравствени домови во државата, со цел одблиску да ги запознаеме пациентите и докторите со овие новини, изјави Меџити.

На овој начин се врши растоварување на секундарното и терциерното здравство, преку засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административните процедури за препишување на хронична терапија, објасни министерот. Потребно е, кажа Меџити, да се обезбедат специјализации по семејна медицина за матичните лекари.

Паралелно со тоа ќе овозможиме поголем број лекари од општа пракса да имаат специјализација по семејна медицина, со цел пациентите да добијат што е можно повеќе здравствени услуги на едно место - ЕКГ, ЕХО, доплер, спирометрија, проширен ЛУ1 пакет и слично, појасни министерот.

Сите овие активности се реформска мерка и се дел во програмата за економски реформи на Владата за периодот 2023 -2025, а доставен е и предлог да влезат во новата стратегија на Светска банка за партнерство со нашата држава за периодот 2024-2028 година.

На овој начин правиме децентрализација на здравство, тоа што не успеавме со општините, рече Меџити.

Реферомите кои беа денеска најави ќе треба да се спроведат во следните три години.

Хипертензијата и дијабетесот обично се дијагностицираат доцна, со манифестирани симптоми или развиени компликации во болнички услови. Оваа анализа покажа дека пациентите што ќе бидат дијагностицирани како дијабетичари или хипертоничари, се на третман со лекови. Сепак во студијата 27 отсто од оние кои беа идентификувани со трет трет степен на хипертензија и 41 отсто од оние кои беа откриени со хипертензија од втор степен, беа на монотерапија во времето на прегледот на медицинските податоци, изјави д-р Мехмедовиќ.

Д-р Мехемдовиќ најави дека и прегледот кај матичниот лекар ќе може да се закажува онлајн, секој индивидуално, преку Мој термин.

Закажувањето кај матичен лекар нема да важи секаде и секогаш. Во работата на матичните лекари со хронични пациенти и со итни случаи, ќе се остават термини за прегледи на останати пациенти, рече д-р Мехмедовиќ.

The post Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, ХОББ и хипотироидизам appeared first on Република.

]]>

Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, хронична опструктивна белодробна болест, астма и хипотироидизам. Оваа новина во примарната здравствена заштита денеска ја најавија министерот за здравство Фатмир Меџити и д-р Злате мехмедовиќ, координатор на реформите за примарна заштита во МЗ.
Неделава ја посветуваме на промоција на новините во системот на примарна здравствена заштита, отпечатени се информативни брошури со поддршка од СЗО, завршена е едукацијата за 700 матични лекари за новиот правилник за препишување лекови и во следните неколку дена планираме посети во повеќе здравствени домови во државата, со цел одблиску да ги запознаеме пациентите и докторите со овие новини, изјави Меџити.
На овој начин се врши растоварување на секундарното и терциерното здравство, преку засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административните процедури за препишување на хронична терапија, објасни министерот. Потребно е, кажа Меџити, да се обезбедат специјализации по семејна медицина за матичните лекари.
Паралелно со тоа ќе овозможиме поголем број лекари од општа пракса да имаат специјализација по семејна медицина, со цел пациентите да добијат што е можно повеќе здравствени услуги на едно место - ЕКГ, ЕХО, доплер, спирометрија, проширен ЛУ1 пакет и слично, појасни министерот.
Сите овие активности се реформска мерка и се дел во програмата за економски реформи на Владата за периодот 2023 -2025, а доставен е и предлог да влезат во новата стратегија на Светска банка за партнерство со нашата држава за периодот 2024-2028 година.
На овој начин правиме децентрализација на здравство, тоа што не успеавме со општините, рече Меџити.
Реферомите кои беа денеска најави ќе треба да се спроведат во следните три години.
Хипертензијата и дијабетесот обично се дијагностицираат доцна, со манифестирани симптоми или развиени компликации во болнички услови. Оваа анализа покажа дека пациентите што ќе бидат дијагностицирани како дијабетичари или хипертоничари, се на третман со лекови. Сепак во студијата 27 отсто од оние кои беа идентификувани со трет трет степен на хипертензија и 41 отсто од оние кои беа откриени со хипертензија од втор степен, беа на монотерапија во времето на прегледот на медицинските податоци, изјави д-р Мехмедовиќ.
Д-р Мехемдовиќ најави дека и прегледот кај матичниот лекар ќе може да се закажува онлајн, секој индивидуално, преку Мој термин. Закажувањето кај матичен лекар нема да важи секаде и секогаш. Во работата на матичните лекари со хронични пациенти и со итни случаи, ќе се остават термини за прегледи на останати пациенти, рече д-р Мехмедовиќ.  

The post Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, ХОББ и хипотироидизам appeared first on Република.

]]>
Дијабетирачите добија терапија, но не и датум за состанок со Министерството за здравство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dijabetirachite-dobija-terapija-no-ne-i-datum-za-sostanok-so-ministerstvoto-za-zdravstvo/ Fri, 18 Aug 2023 11:47:56 +0000 https://republika.mk/?p=673388

Дијабетирачите во Македонија ја добија терапијата која доцнеше подолго време, но датум за состанок со министерот за здравство уште не добија. Во изјава за МИА Димче Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетирачи потврди дека е пуштена антидијабетната терапија и инсулинските игли, заедно со новите терапии. .

На 11 август од Министерството за здравство најавија состанок со претставници на Сојузот, но Велев вели дека очекува да ги повикаат секој момент.

Во меѓувреме, пуштаат антидијабетна терапија, заклучно со денеска комплет ја пуштаат цела, заедно со новите терапии, не само во систем, туку пуштени се реално. Тоа е работа на компаниите и на нивните ресурси за дистрибуција, очекуваме брза ефикасност, вели Велев.

Останува отворено прашањето за тоа што ќе се прави со промената на системот за глукомери и ленти.

Тендерот е потпишан и за неколку недели, во најбрз можен рок, се очекува да се донесат 40 илјади глукомери и 700 сензори за деца. Два сензора ќе бидат нови. Првпат во 30 години, државата воведува сензори за деца до 18 години. Секое дете до 18 години, слепи деца, како и оние со гестациски дијабетес ќе добиваат сензор. Тоа е промена. За седумстотини деца веќе нема да има боцкање на глукомер, туку ќе бидат со сензори, изјави Велев.

Вели дека бараат сите лица со тип еден, да добијат сензори.

Владата веќе најави 570 дополнителни нови сензори. Одлука нема формална, но се најавени. Нас нѐ интересира сега акцискиот план за превенција на дијабетес нѐ интересира за да може да почнеме со едукација. Имаме повеќе предизвици - протоколот да се смени што е изработен заедно со СЗО, претдијабетесот и дијабетесот да почнат да се третираат на примарно ниво, кај матичните доктори, а за инсулин, да се оди на терцијално ниво, на клиника. Другото да го работат матичните и дијабетолозите, појаснува Велев во изјавата.

Во однос на најавите за тужби поради доцнењето на терапијата, Велев рече дека е разговарано со адвокати како да се состават претставки до Министерството, додека се чека средбата.

https://republika.mk/zivot/zdravje/osum-mesetsi-nemame-insulinski-igli-lenti-za-merene-sheker-zoshto-nema-antidijabetna-terapija-a-dogovorite-se-potpishani-pred-tri-mesetsi-prashuvaat-dijabeticharite/

The post Дијабетирачите добија терапија, но не и датум за состанок со Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>

Дијабетирачите во Македонија ја добија терапијата која доцнеше подолго време, но датум за состанок со министерот за здравство уште не добија. Во изјава за МИА Димче Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетирачи потврди дека е пуштена антидијабетната терапија и инсулинските игли, заедно со новите терапии. . На 11 август од Министерството за здравство најавија состанок со претставници на Сојузот, но Велев вели дека очекува да ги повикаат секој момент.
Во меѓувреме, пуштаат антидијабетна терапија, заклучно со денеска комплет ја пуштаат цела, заедно со новите терапии, не само во систем, туку пуштени се реално. Тоа е работа на компаниите и на нивните ресурси за дистрибуција, очекуваме брза ефикасност, вели Велев.
Останува отворено прашањето за тоа што ќе се прави со промената на системот за глукомери и ленти.
Тендерот е потпишан и за неколку недели, во најбрз можен рок, се очекува да се донесат 40 илјади глукомери и 700 сензори за деца. Два сензора ќе бидат нови. Првпат во 30 години, државата воведува сензори за деца до 18 години. Секое дете до 18 години, слепи деца, како и оние со гестациски дијабетес ќе добиваат сензор. Тоа е промена. За седумстотини деца веќе нема да има боцкање на глукомер, туку ќе бидат со сензори, изјави Велев.
Вели дека бараат сите лица со тип еден, да добијат сензори.
Владата веќе најави 570 дополнителни нови сензори. Одлука нема формална, но се најавени. Нас нѐ интересира сега акцискиот план за превенција на дијабетес нѐ интересира за да може да почнеме со едукација. Имаме повеќе предизвици - протоколот да се смени што е изработен заедно со СЗО, претдијабетесот и дијабетесот да почнат да се третираат на примарно ниво, кај матичните доктори, а за инсулин, да се оди на терцијално ниво, на клиника. Другото да го работат матичните и дијабетолозите, појаснува Велев во изјавата.
Во однос на најавите за тужби поради доцнењето на терапијата, Велев рече дека е разговарано со адвокати како да се состават претставки до Министерството, додека се чека средбата. https://republika.mk/zivot/zdravje/osum-mesetsi-nemame-insulinski-igli-lenti-za-merene-sheker-zoshto-nema-antidijabetna-terapija-a-dogovorite-se-potpishani-pred-tri-mesetsi-prashuvaat-dijabeticharite/

The post Дијабетирачите добија терапија, но не и датум за состанок со Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>
Осум месеци немаме инсулински игли, ленти за мерење шеќер, зошто нема антидијабетна терапија, а договорите се потпишани пред три месеци, прашуваат дијабетичарите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/osum-mesetsi-nemame-insulinski-igli-lenti-za-merene-sheker-zoshto-nema-antidijabetna-terapija-a-dogovorite-se-potpishani-pred-tri-mesetsi-prashuvaat-dijabeticharite/ Thu, 10 Aug 2023 16:56:27 +0000 https://republika.mk/?p=670872

Осум месеци немаме инсулински игли, ленти за мерење шеќер, глукомери, зошто нема антидијабетна терапија, а договорите се потпишани пред три месеци, прашуваат дијабетичарите во отвореното протестно писмо испратено до јавноста кое е е потпишано од Диме Велев, Претседател на Созујот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ).

Нашето трпение се потроши повеќе и од инсулинските игли, лентите за мерење на шеќерот, глукомерите и исто како што и терапијата ни ја снемува по некој месец! Предоволно и премногу е да продолжиме да бидеме игнорирани, дискриминирани и понижени. Доста е!

Денеска како Сојуз на Здруженија на дијабетичари го изразуваме нашиот голем револт и гнев, но и став дека е недозволиво ОСУМ месеци да нема(в)ме инсулински игли, ленти, апаратчиња за мерење на шеќер. Тука сме да го изразиме нашиот револт и што на крајот на секој тендер и почетокот на нов тендер речиси по правило немаме доволно инсулин и друга антидијабетична терапија. Револтирани сме и поради тоа што не можеме ни да Ве пофалиме за новата терапија која ни ја обезбедувате на тендер ама и по неколку месеци не можеме да ја добиеме. Прашуваме, каде Ви е сега „пречката или проблемот“ и после 90 дена потпишани договори за набавка на Антидијабетна терпија ја нема?!, се вели во писмото.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, само минатата година новодијагностицирани се 7.460 пациенти, а вкупниот број на евдиентирани случаи со дијабетес во нашата држава е 135.690.

Тоа значи дека речиси 136 илјади граѓани во оваа држава мака мачат, живеат под сериозен стрес и имаат секојдневни проблеми поради нивната хронична состојба. Ако се додат и семејствата, бројката е навистина многу поголема, односно скоро една четвртина од вкупното население во Македонија се соочува со последиците од дијабетесот.

Наместо државата да ни помогне и да ни го олесни секојдневното живеење, ние сме соочени и доведени во ситуација да не знаеме дали ќе го преживееме утрешниот ден, дали ќе се разбудиме следното утро и ќе ги видиме нашите деца, родители, баби и дедовци.

Доведени сме во ситуација на дополнителен стрес којшто влијае врз нашата и така влошена здравствена состојба. Зошто? Поради тоа што постојано помегу две тендерски постаки сме оставени без доволни количини на потребни инсулини или таблети, незамисливо и недозволиво 8 месеци немаме апаратчиња и ленти за мерење на шеќерот во крвта.

Од вкупно 12 месеци во една година 8 месеци сме оставени самите на себе, да се снаоѓаме како знаеме и умееме за да преживееме, за замислете за сето тоа време имаме здравствено осигурување, реагираат од СЗДМ.

Во писмото се вели дека во 21. век, пациенти меѓу себе си разменуват од терапијата, од иглите, од лентите и од апаратчиња за шеќер.

Наместо да им олесниме на децата и да не ги боцкаме по 10 пати во денот, наместо да им овозможиме убаво детство, тие секојдневно се мачат. Каде се сензорите? Заглавени повторно во „трач муабет на пациентите“ „кај плачковците пациенти и родители“ или во Ваши некакви правни лавиринти!

Ние знаеме колкава е болката кога нашите деца плачат за лек, за сензори, за ленти за мерење на шеќерот, а ние немаме финансии да им го обезбедиме тоа! Но, дали и тие, одговорните за овој плач и болка, знаат колку боли и дали се свесни за болката што ни ја предизвикуваат?!

Зарем како систем сме толку незрели и не можеме да научиме од сопствените грешки и истите да не ги повторуваме на секои две години. Ако не сме кадарни да научиме тогаш ајде да немаме тендери, дајте ни можност за слободен пристап до нашата потребна терапија и потребните помагала, се додава во писмото.

Неодговорно е во инсулинските аптеки постојано да ни се вели : „Дојди утре, дојди за два дена, дојди следната недела“, “ти следуваат пет пенкала ама ќе ти дадеме 3, другите две наредниот месец ако има”, “крај на тендер е немаме од тој инсулин оди кај докторот да ти ја смени листата на тоа и тоа (тоа што се нашло во аптека)” и т.н.

Од Сојузот потсетуваат дека имале средба со министерот за здравство Фатмир Меџити.

После средбата со Министерот за здравство и неговиот кабинет, заедно, на 21 јули 2023 година со Претседателот на Националната комисија за дијабетес и Директорот на Клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни состојби, на која Баравме а не преговаравме, на која Инсистиравме а не договоравме, ВИЕ како МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО И ПИСМЕНО ни ветивте:

- АНТИДИАЈБЕТНА ТЕРАПИЈА за сите ќе биде достапна од 27 јули 2023 год.

- Ленти и Глукомери за сите ќе биде достапно за 10 дена, а затоа што знаевме и бевме убедени дека НЕМА да ги добиеме дадовме уште 10 дена!

ДЕНЕС НЕМА ЛЕНТИ И ГЛУКОМЕРИ! Договорниот економски оператор „Др. Пановски“ кажува едни информации, Вие како МЗ други информации, во договорот стојат најлошите рокови за сите нас!

ДЕНЕС ИМА ПАРЦИЈАЛНА АНТИДИЈАБЕТНА ТЕРАПИЈА само за дел од постојните пациенти, пред да се потпишат новите договори од новите тендери!

Една држава е здрава и силна само доколку инвестира во јавниот здравствен сектор и истиот го одржува во кондиција, редовно и навремено да има терапија и третман за секого!

Нашата крајна цел е токму тоа, континуирано обезбедување на современа инсулинска и друга антидијабетична и таблетарна терапија и помагала за мерење на шеќер за сите пациенти во секое време!

На крај би сакале да Ве потсетиме дека сите ние сме даночни обврзници и плаќачи на придонеси за задолжително социјално осигурување, средства од кои Вие како администрација која треба да биде во служба на граѓаните ги земате Вашите плати, се вели во протестното писмо.

The post Осум месеци немаме инсулински игли, ленти за мерење шеќер, зошто нема антидијабетна терапија, а договорите се потпишани пред три месеци, прашуваат дијабетичарите appeared first on Република.

]]>

Осум месеци немаме инсулински игли, ленти за мерење шеќер, глукомери, зошто нема антидијабетна терапија, а договорите се потпишани пред три месеци, прашуваат дијабетичарите во отвореното протестно писмо испратено до јавноста кое е е потпишано од Диме Велев, Претседател на Созујот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ).
Нашето трпение се потроши повеќе и од инсулинските игли, лентите за мерење на шеќерот, глукомерите и исто како што и терапијата ни ја снемува по некој месец! Предоволно и премногу е да продолжиме да бидеме игнорирани, дискриминирани и понижени. Доста е! Денеска како Сојуз на Здруженија на дијабетичари го изразуваме нашиот голем револт и гнев, но и став дека е недозволиво ОСУМ месеци да нема(в)ме инсулински игли, ленти, апаратчиња за мерење на шеќер. Тука сме да го изразиме нашиот револт и што на крајот на секој тендер и почетокот на нов тендер речиси по правило немаме доволно инсулин и друга антидијабетична терапија. Револтирани сме и поради тоа што не можеме ни да Ве пофалиме за новата терапија која ни ја обезбедувате на тендер ама и по неколку месеци не можеме да ја добиеме. Прашуваме, каде Ви е сега „пречката или проблемот“ и после 90 дена потпишани договори за набавка на Антидијабетна терпија ја нема?!, се вели во писмото.
Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, само минатата година новодијагностицирани се 7.460 пациенти, а вкупниот број на евдиентирани случаи со дијабетес во нашата држава е 135.690. Тоа значи дека речиси 136 илјади граѓани во оваа држава мака мачат, живеат под сериозен стрес и имаат секојдневни проблеми поради нивната хронична состојба. Ако се додат и семејствата, бројката е навистина многу поголема, односно скоро една четвртина од вкупното население во Македонија се соочува со последиците од дијабетесот.
Наместо државата да ни помогне и да ни го олесни секојдневното живеење, ние сме соочени и доведени во ситуација да не знаеме дали ќе го преживееме утрешниот ден, дали ќе се разбудиме следното утро и ќе ги видиме нашите деца, родители, баби и дедовци. Доведени сме во ситуација на дополнителен стрес којшто влијае врз нашата и така влошена здравствена состојба. Зошто? Поради тоа што постојано помегу две тендерски постаки сме оставени без доволни количини на потребни инсулини или таблети, незамисливо и недозволиво 8 месеци немаме апаратчиња и ленти за мерење на шеќерот во крвта. Од вкупно 12 месеци во една година 8 месеци сме оставени самите на себе, да се снаоѓаме како знаеме и умееме за да преживееме, за замислете за сето тоа време имаме здравствено осигурување, реагираат од СЗДМ.
Во писмото се вели дека во 21. век, пациенти меѓу себе си разменуват од терапијата, од иглите, од лентите и од апаратчиња за шеќер.
Наместо да им олесниме на децата и да не ги боцкаме по 10 пати во денот, наместо да им овозможиме убаво детство, тие секојдневно се мачат. Каде се сензорите? Заглавени повторно во „трач муабет на пациентите“ „кај плачковците пациенти и родители“ или во Ваши некакви правни лавиринти! Ние знаеме колкава е болката кога нашите деца плачат за лек, за сензори, за ленти за мерење на шеќерот, а ние немаме финансии да им го обезбедиме тоа! Но, дали и тие, одговорните за овој плач и болка, знаат колку боли и дали се свесни за болката што ни ја предизвикуваат?! Зарем како систем сме толку незрели и не можеме да научиме од сопствените грешки и истите да не ги повторуваме на секои две години. Ако не сме кадарни да научиме тогаш ајде да немаме тендери, дајте ни можност за слободен пристап до нашата потребна терапија и потребните помагала, се додава во писмото.
Неодговорно е во инсулинските аптеки постојано да ни се вели : „Дојди утре, дојди за два дена, дојди следната недела“, “ти следуваат пет пенкала ама ќе ти дадеме 3, другите две наредниот месец ако има”, “крај на тендер е немаме од тој инсулин оди кај докторот да ти ја смени листата на тоа и тоа (тоа што се нашло во аптека)” и т.н. Од Сојузот потсетуваат дека имале средба со министерот за здравство Фатмир Меџити. После средбата со Министерот за здравство и неговиот кабинет, заедно, на 21 јули 2023 година со Претседателот на Националната комисија за дијабетес и Директорот на Клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни состојби, на која Баравме а не преговаравме, на која Инсистиравме а не договоравме, ВИЕ како МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО И ПИСМЕНО ни ветивте: - АНТИДИАЈБЕТНА ТЕРАПИЈА за сите ќе биде достапна од 27 јули 2023 год. - Ленти и Глукомери за сите ќе биде достапно за 10 дена, а затоа што знаевме и бевме убедени дека НЕМА да ги добиеме дадовме уште 10 дена! ДЕНЕС НЕМА ЛЕНТИ И ГЛУКОМЕРИ! Договорниот економски оператор „Др. Пановски“ кажува едни информации, Вие како МЗ други информации, во договорот стојат најлошите рокови за сите нас! ДЕНЕС ИМА ПАРЦИЈАЛНА АНТИДИЈАБЕТНА ТЕРАПИЈА само за дел од постојните пациенти, пред да се потпишат новите договори од новите тендери! Една држава е здрава и силна само доколку инвестира во јавниот здравствен сектор и истиот го одржува во кондиција, редовно и навремено да има терапија и третман за секого!
Нашата крајна цел е токму тоа, континуирано обезбедување на современа инсулинска и друга антидијабетична и таблетарна терапија и помагала за мерење на шеќер за сите пациенти во секое време! На крај би сакале да Ве потсетиме дека сите ние сме даночни обврзници и плаќачи на придонеси за задолжително социјално осигурување, средства од кои Вие како администрација која треба да биде во служба на граѓаните ги земате Вашите плати, се вели во протестното писмо.  

The post Осум месеци немаме инсулински игли, ленти за мерење шеќер, зошто нема антидијабетна терапија, а договорите се потпишани пред три месеци, прашуваат дијабетичарите appeared first on Република.

]]>
Сојузот на здруженија на дијабетичари ќе поднесе пет барања кои треба да остварат годинава https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sojuzot-na-zdruzhenija-na-dijabetichari-ke-podnese-pet-barana-koi-treba-da-ostvarat-godinava/ Thu, 06 Jul 2023 09:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=658598

Продолжување со набавка и навремена достапност на најсовремената терапија за третман на дијабетес и едукација во центрите за дијабетес, побараа денеска од Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Ние како сојузно здружение на дијабетичари, после шест месеци преписки, дописки со Министерството за здравство решивме да почнеме да излегуваме надвор бидејќи сакавме да бидеме конструктивен елемент, достоинствени бидејќи знаеме дека сме голема маса на луѓе, да не правиме дополнителни трауми. Решивме да искреираме приоритетни пет барања што сакаме годинава да се остварат. Знаеме дека треба Министерството и Владата да спроведат процедури, но тоа се прави за брзо време, рече на денешната прес-конференција Димче Велев, претседателот на Сојуз на здруженија на дијабетичари.

Тој информираше дека во текот на вчерашниот ден имале работна средба со министерот која ја оцени како многу конструктивна. На состанокот бил и претседателот на Националната комисија за дијабетес, Ирфан Ахмети којшто дал поддршка на соодветните барања. Сега, во најбрз рок Сојузот на здруженија преку Националната комисија која е работно тело на Министерството за здравство по закон, треба да ги доработи овие барања и заеднички да се поднесат конкретните предло решенија кај министерот. Тој додаде дека бараат продолжување со набавка и навремена достапност на најсовремената терапија за третман на дијабетес.

Знаете доцнеа инсулини, доцнеше и антидијабетна терапија и се уште доцни. На министерот му кажавме дека нас не ни е јасно зошто, особено антидијабетната терапија се уште доцни кога е стасана во државава, потпишани договори. Нас не не интересираат компјутери, Мој термин, нас не интересира константноста, резервите да си бидат каде што треба и таа терапија навреме да ја добиваме. Министерот рече дека најбргу што може ќе изреагира. Таа терапија треба да се појави и утре или наредниот во аптеките, додаде Велев.

Од Сојузот на здруженија побарале и поддршка за едукација откако над 70 проценти од опфатените со анкета лани за квалитетот на животот на лицата со дијабетес во однос на здравјето изјавиле дека нема едукација.

Сојузот бара глукомерите да бидат достапни за сите лица со тип 1, а предност да имаат децата. Во Македонија има околу 5000 лица со дијабетес тип 1.

Второто барање, кое што за министерот е прифатливо да се доработи и да се види моделот, а тоа е референтна цена. Тоа значи како за сите други помагала, очила, корсети, нас докторот ни дава потврда, ние со таа потврда одиме во аптека, државата во аптеката ги овозможила лентите, апаратите по цената што ја има во самата потврда да го има, но да ги има и сите други посовремени глукомери. Околу 30 ги има во соседна Грција и Србија, околу 30 типови на глукомери. Во Македонија има осум до 10 глукомери и тие се стандарните што ние до сега сме ги добивале, соопшти тој.

Тој рече дека како Сојуз можеле да обезбедат 400 апарати како донација за најзагрозените лица со дијабетес.

Јордан Синадинов, претседател на Здружение на дијабетичари од Кочани, рече дека проблемите важат и за нивната општина.

Навистина ние веќе шест месеци немаме ленти. Еве денеска проверив немаме и игли, и за жал немаме сетови за инсулински пумпи, значи најмладата категорија, децата, не можат да дојдат до инсулин. Се снаоѓаме меѓу себе, комуницираме, имаме заеднички контакти, си помагаме, кој има на залиха по едно по две пенкала, се снаоѓаме, нагласи тој.

Запрашан што е со оние најзагрозените, како тие се снаоѓаат и колку пари требаат за да се исфинансираат ленти, игли и се друго, Синадинов вели зависи од квалитетот на лентите и бројот на мерења што се вршат на ден.

Едно пакување на ленти е најмалку 700 денари за 50 лентички. Сега кој како е одговорен и како мери. Некои мерат по еднаш дневно за што е доволно едно пакување ленти, меѓутоа за жал кај дечињата и кај оние што се на инсулин имаат по 4, 5 мерења дневно. Така да тоа се околу 2000 до 3000 денари дополнителен трошок. За жал тоа оди на терет на семејните буџети, мора да одделуваме од нас за самите да си купуваме, подвлече Синадинов.

Во Кочани, како што соопшти тој, на инсулин се околу 700, а на останатата терапија има уште 2500-3000 лица.

The post Сојузот на здруженија на дијабетичари ќе поднесе пет барања кои треба да остварат годинава appeared first on Република.

]]>

Продолжување со набавка и навремена достапност на најсовремената терапија за третман на дијабетес и едукација во центрите за дијабетес, побараа денеска од Сојузот на здруженија на дијабетичари.
Ние како сојузно здружение на дијабетичари, после шест месеци преписки, дописки со Министерството за здравство решивме да почнеме да излегуваме надвор бидејќи сакавме да бидеме конструктивен елемент, достоинствени бидејќи знаеме дека сме голема маса на луѓе, да не правиме дополнителни трауми. Решивме да искреираме приоритетни пет барања што сакаме годинава да се остварат. Знаеме дека треба Министерството и Владата да спроведат процедури, но тоа се прави за брзо време, рече на денешната прес-конференција Димче Велев, претседателот на Сојуз на здруженија на дијабетичари.
Тој информираше дека во текот на вчерашниот ден имале работна средба со министерот која ја оцени како многу конструктивна. На состанокот бил и претседателот на Националната комисија за дијабетес, Ирфан Ахмети којшто дал поддршка на соодветните барања. Сега, во најбрз рок Сојузот на здруженија преку Националната комисија која е работно тело на Министерството за здравство по закон, треба да ги доработи овие барања и заеднички да се поднесат конкретните предло решенија кај министерот. Тој додаде дека бараат продолжување со набавка и навремена достапност на најсовремената терапија за третман на дијабетес.
Знаете доцнеа инсулини, доцнеше и антидијабетна терапија и се уште доцни. На министерот му кажавме дека нас не ни е јасно зошто, особено антидијабетната терапија се уште доцни кога е стасана во државава, потпишани договори. Нас не не интересираат компјутери, Мој термин, нас не интересира константноста, резервите да си бидат каде што треба и таа терапија навреме да ја добиваме. Министерот рече дека најбргу што може ќе изреагира. Таа терапија треба да се појави и утре или наредниот во аптеките, додаде Велев.
Од Сојузот на здруженија побарале и поддршка за едукација откако над 70 проценти од опфатените со анкета лани за квалитетот на животот на лицата со дијабетес во однос на здравјето изјавиле дека нема едукација. Сојузот бара глукомерите да бидат достапни за сите лица со тип 1, а предност да имаат децата. Во Македонија има околу 5000 лица со дијабетес тип 1.
Второто барање, кое што за министерот е прифатливо да се доработи и да се види моделот, а тоа е референтна цена. Тоа значи како за сите други помагала, очила, корсети, нас докторот ни дава потврда, ние со таа потврда одиме во аптека, државата во аптеката ги овозможила лентите, апаратите по цената што ја има во самата потврда да го има, но да ги има и сите други посовремени глукомери. Околу 30 ги има во соседна Грција и Србија, околу 30 типови на глукомери. Во Македонија има осум до 10 глукомери и тие се стандарните што ние до сега сме ги добивале, соопшти тој.
Тој рече дека како Сојуз можеле да обезбедат 400 апарати како донација за најзагрозените лица со дијабетес. Јордан Синадинов, претседател на Здружение на дијабетичари од Кочани, рече дека проблемите важат и за нивната општина.
Навистина ние веќе шест месеци немаме ленти. Еве денеска проверив немаме и игли, и за жал немаме сетови за инсулински пумпи, значи најмладата категорија, децата, не можат да дојдат до инсулин. Се снаоѓаме меѓу себе, комуницираме, имаме заеднички контакти, си помагаме, кој има на залиха по едно по две пенкала, се снаоѓаме, нагласи тој.
Запрашан што е со оние најзагрозените, како тие се снаоѓаат и колку пари требаат за да се исфинансираат ленти, игли и се друго, Синадинов вели зависи од квалитетот на лентите и бројот на мерења што се вршат на ден.
Едно пакување на ленти е најмалку 700 денари за 50 лентички. Сега кој како е одговорен и како мери. Некои мерат по еднаш дневно за што е доволно едно пакување ленти, меѓутоа за жал кај дечињата и кај оние што се на инсулин имаат по 4, 5 мерења дневно. Така да тоа се околу 2000 до 3000 денари дополнителен трошок. За жал тоа оди на терет на семејните буџети, мора да одделуваме од нас за самите да си купуваме, подвлече Синадинов.
Во Кочани, како што соопшти тој, на инсулин се околу 700, а на останатата терапија има уште 2500-3000 лица.  

The post Сојузот на здруженија на дијабетичари ќе поднесе пет барања кои треба да остварат годинава appeared first on Република.

]]>
Овие рани симптоми може да укажуваат дека имате дијабетес, не ги игнорирајте https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ovie-rani-simptomi-mozhe-da-ukazhuvaat-deka-imate-dijabetes-ne-gi-ignorirajte/ Fri, 21 Apr 2023 19:15:42 +0000 https://republika.mk/?p=632882

Редовното тестирање на шеќерот во крвта може да помогне во рано откривање на дијабетес, но има некои рани симптоми кои укажуваат дека можеби страдате од оваа сè почеста болест.

Дури и мало зголемување на шеќерот во крвта може да ги оштети вашите нерви, бубрези. И колку е повисоко нивото на шеќер во крвта и колку подолго не го лекувате, толку може да биде поголема штетата. Многу луѓе често ги игнорираат овие симптоми, па може да страдаат од дијабетес со години без воопшто да го сфатат тоа.

Уринирате почесто

Ако сте забележале дека одите во тоалет почесто од вообичаено, ова е знак дека можеби имате висок шеќер во крвта. Ова е особено точно ако се будите за да уринирате ноќе.

Често имате инфекции

Ако често имате уринарни или габични инфекции, треба да посетите лекар. Кога шеќерот во крвта е висок, а бубрезите не можат доволно добро да го филтрираат, шеќерот завршува во урината. Ова предизвикува инфекции на уринарниот тракт, а тоа особено важи за жените.

Губите тежина

Ако имате дијабетес, вашето тело не може толку ефикасно да ја користи гликозата за енергија. Наместо тоа, вашето тело ќе почне да ги согорува резервите на маснотии и може да доживеете неочекувано губење на тежината.

Видот се влошува

Високото ниво на шеќер може да го влоши вашиот вид. Доколку сметате дека неодамна ви се променила диоптријата, посетете офталмолог, а потоа и матичен лекар за да ја утврдите причината.

Се чувствувате уморно

Неколку основни причини за замор може да се поврзани со дијабетес/висок шеќер, вклучително и дехидрација од често мокрење, што може да го наруши сонот и да доведе до оштетување на бубрезите. Ова чувство на исцрпеност може да ги попречи вашите секојдневни активности.

Промена на бојата на кожата

Темната кожа на наборите на вратот и над зглобовите и под пазувите се многу чести симптоми кои можат да бидат предизвикани од дијабетес. Тие секако се симптом кој често се појавува кај инсулинската резистенција, па затоа е неопходно да се посвети дополнително внимание.

The post Овие рани симптоми може да укажуваат дека имате дијабетес, не ги игнорирајте appeared first on Република.

]]>

Редовното тестирање на шеќерот во крвта може да помогне во рано откривање на дијабетес, но има некои рани симптоми кои укажуваат дека можеби страдате од оваа сè почеста болест. Дури и мало зголемување на шеќерот во крвта може да ги оштети вашите нерви, бубрези. И колку е повисоко нивото на шеќер во крвта и колку подолго не го лекувате, толку може да биде поголема штетата. Многу луѓе често ги игнорираат овие симптоми, па може да страдаат од дијабетес со години без воопшто да го сфатат тоа. Уринирате почесто Ако сте забележале дека одите во тоалет почесто од вообичаено, ова е знак дека можеби имате висок шеќер во крвта. Ова е особено точно ако се будите за да уринирате ноќе. Често имате инфекции Ако често имате уринарни или габични инфекции, треба да посетите лекар. Кога шеќерот во крвта е висок, а бубрезите не можат доволно добро да го филтрираат, шеќерот завршува во урината. Ова предизвикува инфекции на уринарниот тракт, а тоа особено важи за жените. Губите тежина Ако имате дијабетес, вашето тело не може толку ефикасно да ја користи гликозата за енергија. Наместо тоа, вашето тело ќе почне да ги согорува резервите на маснотии и може да доживеете неочекувано губење на тежината. Видот се влошува Високото ниво на шеќер може да го влоши вашиот вид. Доколку сметате дека неодамна ви се променила диоптријата, посетете офталмолог, а потоа и матичен лекар за да ја утврдите причината. Се чувствувате уморно Неколку основни причини за замор може да се поврзани со дијабетес/висок шеќер, вклучително и дехидрација од често мокрење, што може да го наруши сонот и да доведе до оштетување на бубрезите. Ова чувство на исцрпеност може да ги попречи вашите секојдневни активности. Промена на бојата на кожата Темната кожа на наборите на вратот и над зглобовите и под пазувите се многу чести симптоми кои можат да бидат предизвикани од дијабетес. Тие секако се симптом кој често се појавува кај инсулинската резистенција, па затоа е неопходно да се посвети дополнително внимание.

The post Овие рани симптоми може да укажуваат дека имате дијабетес, не ги игнорирајте appeared first on Република.

]]>
Проблеми со крвниот притисок и дијабетот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/problemi-so-krvniot-pritisok-i-dijabetot/ Mon, 03 Apr 2023 10:49:15 +0000 https://republika.mk/?p=626630

Постојат бројни фактори кои се заслужни за појавата на дијабетот, меѓу кои и генетиката, но секако не можеме да го исклучиме и нашиот начин на живот. Во тој поглед, проблемите со кардиоваскуларното здравје, а особено покачениот крвен притисок може да претставуваат ризик фактор за појава на дијабет.

Што претставува дијабетот?

Дијабетот е состојба кога телото неправилно ја искористува и се справува со глукозата која е присутна во крвта. Ова е најчесто поради недоволно количество на хормонот - инсулин или поради негова неефективност. Тој е одговорен за правилно регулирање и искористување на глукозата од крвта. Со негова помош таа успешно навлегува во клетките каде се искористува како извор на енергија.

Постојат повеќе типови на дијабет - тип 1, тип 2, пред-дијабетна состојба, како и гестациски дијабет. Ризик факторите се бројни, но најчести се: генетските, прекумерната телесна тежина, возраста, слабата физичка активност, останатите здравствени состојби (хипертензија, покачен холестерол, покачени триглицериди), бременост и сл.

Како се поврзани покачениот крвен притисок и дијабетот?

Луѓето кои имаат дијабет тип 2, треба особено да внимаваат на својот крвен притисок и редовно да го контролираат. Доколку има покачување во вредностите на крвниот притисок (хипертензија), потребно е соодветно третирање за истиот да се доведе во нормала. Доколку не се третира, покачениот крвен притисок може да доведе до бројни компликации кај лицата со дијабет.

Можно е да се јават проблеми  со видот и здравјето на бубрезите, како и проблеми со циркулација и нарушено кардиоваскуларно здравје. Комбинацијата од дијабет и покачен крвен притисок е особено опасна за крвните садови. Имено, дијабетот ги оштетува нашите крвни садови и придонесува за нивно стврднување - состојба која се нарекува артериосклероза. Ова дополнително може да го покачи крвниот притисок и да предизвика проблеми со здравјето - особено зголемувајќи го ризикот од оштетување на крвните садови, од инфаркт, од мозочен удар или за проблеми со бубрезите.

Според некои проценки, луѓето коишто имаат и дијабет и покачен крвен притисок имаат 4 пати поголем ризик од појава на кардиоваскуларни проблеми, отколку оние кои ги немаат овие две состојби. Исто така, се проценува дека над 60% од луѓето со дијабет имаат покачен крвен притисок. Ризикот за кардиоваскуларни проблеми дополнително се зголемува доколку се присутни и некои други ризик фактори:

  • покачена телесна тежина
  • пушење
  • консумирање на прекумерни количества алкохол
  • физичка неактивност
  • исхрана богата со масти и сол
  • генетски предиспозиции
  • возраст

Како да го намалиме ризикот?

Контролирањето на дијабетот, односно нормализирањето и балансирањето на шеќерот во крвта значи и контрола врз нашата севкупна здравствена состојба, што пак индиректно ќе влијае позитивно и на нашиот крвен притисок. Најлошото нешто што може да го направиме е да бидеме пасивни околу нашето здравје. Крвниот притисок особено може да биде проблематичен бидејќи не покажува забележителни симптоми, па поради тоа луѓето живеат со нетретирана хипертензија со години.

Најдоброто и наједноставното решение е во нас, во нашите секојдневни навики. Во тој поглед се препорачува:

  • здрава и избалансирана исхрана (консумирање на храна богата со растителни влакна, редовно внесување на овошје, зеленчук, мешунки, полнозрнести житарки, избегнување на црвеното месо, редовно консумирање на риба и сл.)
  • редовна физичка активност
  • менаџирање и контролирање на стресот
  • откажување на цигарите
  • консумирање на алкохол само во умерени количини
  • избегнување на процесирана храна која е богата со додадени шеќери, масти и сол

Позитивните промени во начинот на живеење можат значително да ја подобрат вашата здравствена состојба и да влијаат превентивно.

The post Проблеми со крвниот притисок и дијабетот appeared first on Република.

]]>

Постојат бројни фактори кои се заслужни за појавата на дијабетот, меѓу кои и генетиката, но секако не можеме да го исклучиме и нашиот начин на живот. Во тој поглед, проблемите со кардиоваскуларното здравје, а особено покачениот крвен притисок може да претставуваат ризик фактор за појава на дијабет.

Што претставува дијабетот?

Дијабетот е состојба кога телото неправилно ја искористува и се справува со глукозата која е присутна во крвта. Ова е најчесто поради недоволно количество на хормонот - инсулин или поради негова неефективност. Тој е одговорен за правилно регулирање и искористување на глукозата од крвта. Со негова помош таа успешно навлегува во клетките каде се искористува како извор на енергија. Постојат повеќе типови на дијабет - тип 1, тип 2, пред-дијабетна состојба, како и гестациски дијабет. Ризик факторите се бројни, но најчести се: генетските, прекумерната телесна тежина, возраста, слабата физичка активност, останатите здравствени состојби (хипертензија, покачен холестерол, покачени триглицериди), бременост и сл.

Како се поврзани покачениот крвен притисок и дијабетот?

Луѓето кои имаат дијабет тип 2, треба особено да внимаваат на својот крвен притисок и редовно да го контролираат. Доколку има покачување во вредностите на крвниот притисок (хипертензија), потребно е соодветно третирање за истиот да се доведе во нормала. Доколку не се третира, покачениот крвен притисок може да доведе до бројни компликации кај лицата со дијабет. Можно е да се јават проблеми  со видот и здравјето на бубрезите, како и проблеми со циркулација и нарушено кардиоваскуларно здравје. Комбинацијата од дијабет и покачен крвен притисок е особено опасна за крвните садови. Имено, дијабетот ги оштетува нашите крвни садови и придонесува за нивно стврднување - состојба која се нарекува артериосклероза. Ова дополнително може да го покачи крвниот притисок и да предизвика проблеми со здравјето - особено зголемувајќи го ризикот од оштетување на крвните садови, од инфаркт, од мозочен удар или за проблеми со бубрезите. Според некои проценки, луѓето коишто имаат и дијабет и покачен крвен притисок имаат 4 пати поголем ризик од појава на кардиоваскуларни проблеми, отколку оние кои ги немаат овие две состојби. Исто така, се проценува дека над 60% од луѓето со дијабет имаат покачен крвен притисок. Ризикот за кардиоваскуларни проблеми дополнително се зголемува доколку се присутни и некои други ризик фактори:
  • покачена телесна тежина
  • пушење
  • консумирање на прекумерни количества алкохол
  • физичка неактивност
  • исхрана богата со масти и сол
  • генетски предиспозиции
  • возраст

Како да го намалиме ризикот?

Контролирањето на дијабетот, односно нормализирањето и балансирањето на шеќерот во крвта значи и контрола врз нашата севкупна здравствена состојба, што пак индиректно ќе влијае позитивно и на нашиот крвен притисок. Најлошото нешто што може да го направиме е да бидеме пасивни околу нашето здравје. Крвниот притисок особено може да биде проблематичен бидејќи не покажува забележителни симптоми, па поради тоа луѓето живеат со нетретирана хипертензија со години. Најдоброто и наједноставното решение е во нас, во нашите секојдневни навики. Во тој поглед се препорачува:
  • здрава и избалансирана исхрана (консумирање на храна богата со растителни влакна, редовно внесување на овошје, зеленчук, мешунки, полнозрнести житарки, избегнување на црвеното месо, редовно консумирање на риба и сл.)
  • редовна физичка активност
  • менаџирање и контролирање на стресот
  • откажување на цигарите
  • консумирање на алкохол само во умерени количини
  • избегнување на процесирана храна која е богата со додадени шеќери, масти и сол
Позитивните промени во начинот на живеење можат значително да ја подобрат вашата здравствена состојба и да влијаат превентивно.

The post Проблеми со крвниот притисок и дијабетот appeared first on Република.

]]>
Пред-дијабет – предупредување за навремен третман и лекување на дијабетес тип 2 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pred-dijabet-predupreduvane-za-navremen-tretman-i-lekuvane-na-dijabetes-tip-2/ Thu, 30 Mar 2023 11:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=625459

Дијабетот денес прераснува во своевидна пандемија, опфаќајќи го секој единаесетти човек на глобално ниво, односно над 400 милиони луѓе. Дополнително загрижува фактот што ваквата енормна бројка е во постепен, благ раст. Причините за ваквиот тренд се бројни, а како дел од нив може да ги издвоиме: генетиката, исхраната, недостатокот од физичка активност, стресот и сл. Начинот на живот е најверојатно најважниот фактор кој сериозно го зголемува или пак намалува ризикот за дијабет, но и за голем  број други здравствени состојби.

За среќа, нашето тело понекогаш ни дава предупредувачки сигнали, односно доаѓа до појава на пред-дијабет т.н „жолт картон“ пред појавата на дијабет. Доколку дојде до појава на пред-дијабет или рана фаза на дијабет тип 2, важно е и неопходно е да се препознаат и воочат раните знаци и симптоми на болеста.

Што претставува дијабетот тип 2

Дијабетот тип 2 претставува состојба во која  телото неправилно и отежнато се справува со шеќерот во крвта. Се работи за хронична состојба која резултира главно поради 2 причини. Едната е поради панкреасот кој не произведува доволно инсулин, а како втора причина се смета намалената сензитивност, односно влошениот и ослабнат одговор на клетките кон инсулинот. Ова доведува до неефективно дејство на инсулинот, со што клетките внесуваат помалку шеќер во себе од потребното.

Дијабетот тип 2 се асоцира со повозрасната популација, но за жал, денешниот начин на исхрана и сè почестата застапеност на прекумерната телесна тежина кај популацијата, доведува до појава на овој тип на дијабет и кај помладата популација.

За дијабетот тип 2 не постои конкретен лек, но се смета дека регулирањето на телесната тежина, здравата и балансирана исхрана и редовната физичка активност можат да помогнат болеста да се одржува под контрола.

Кои се раните знаци и симптоми за појава на овој тип дијабет?

Знаците и симптомите на оваа болест се појавуваат доста бавно и често луѓето живеат подолг период без воопшто да бидат свесни дека имаат дијабет тип 2. Затоа е важно да се препознаат и воочат раните симптоми кои може да ни помогнат навремено да ја дијагностицираме ваквата состојба.

Дел од почетните симптоми на дијабетот тип 2 се:

  1. Зачестено мокрење - се јавува како резултат на зголемениот обем на работа на бубрезите кои се обидуваат да го исфрлат вишокот шеќер од крвта.
  2. Зголемена жед - ваквиот симптом се поврзува и со зачестеното мокрење, односно потребата на организмот побрзо и во поголема мера да ја филтрира крвта со цел да го исфрли вишокот шеќер од крвта.
  3. Редовно чувство на глад - лицата со дијабет најчесто не добиваат доволно енергија од храната која ја внесуваат. Глукозата која е присутна во крвта, не доаѓа ефективно и во доволни количини до нашите клетки, а тоа значи дека можно е да се јави константно чувство на глад.
  4. Чувство на замор - поради недоволната искористенот на шеќерот, се јавува и одреден недостаток на енергија кај лицата со дијабет. Тоа може да предизвика константно чувство на замор.
  5. Заматен вид - вишокот шеќер кој е присутен во малите крвни садови во очите може да предизвика одредено заматување на видот. Тоа може да се јави кај едното око или во двете очи и може да е привремено и ретко.
  6. Чувство на пецкање или болка во дланките и стапалата - високото ниво на шеќер во крвта може да доведе до оштетување на нервите, а со тоа да се јави и чувство на пецкање или непријатност, особено во дланките и стапалата.
  7. Бавно заздравување на рани и исекотини - високото ниво на шеќер во крвта ги оштетува нервите и крвните садови што доведува и до намалена циркулација. Поради тоа, повредите од типот на рани и исекотини заздравуваат побавно и ризикот за инфекција кај нив е зголемен.

Препознавањето на раните симптоми може да значи и порана дијагноза, а со тоа и навремен третман и лекување. Тоа може значително да го смени текот на оваа здравствена состојба, а и да го заштити и подобри целокупното здравје. Доколку не се третира, дијабетот може да доведе до сериозни проблеми како: срцеви заболувања, мозочен удар, оштетување на нервите, оштетување на бубрезите, нарушен вид, па дури и смрт.

Покрај лекарствата кои може да помогнат при третирање на кој било тип на дијабет, промените во животните навики исто така можат да имаат исклучително позитивен ефект.

Регулирање на телесната тежина, поредовна физичка активност, добра хигиена на спиење, избегнување и контролирање на стресот и секако здрава исхрана се дел од најчестите препораки за подобро справување, па дури и превенција на дијабетот.

Доколку дијабетот веќе настанал, еден од првите чекори коишто треба да се преземат е посветување внимание на исхраната и на здравите животни навики.

The post Пред-дијабет – предупредување за навремен третман и лекување на дијабетес тип 2 appeared first on Република.

]]>

Дијабетот денес прераснува во своевидна пандемија, опфаќајќи го секој единаесетти човек на глобално ниво, односно над 400 милиони луѓе. Дополнително загрижува фактот што ваквата енормна бројка е во постепен, благ раст. Причините за ваквиот тренд се бројни, а како дел од нив може да ги издвоиме: генетиката, исхраната, недостатокот од физичка активност, стресот и сл. Начинот на живот е најверојатно најважниот фактор кој сериозно го зголемува или пак намалува ризикот за дијабет, но и за голем  број други здравствени состојби. За среќа, нашето тело понекогаш ни дава предупредувачки сигнали, односно доаѓа до појава на пред-дијабет т.н „жолт картон“ пред појавата на дијабет. Доколку дојде до појава на пред-дијабет или рана фаза на дијабет тип 2, важно е и неопходно е да се препознаат и воочат раните знаци и симптоми на болеста.

Што претставува дијабетот тип 2

Дијабетот тип 2 претставува состојба во која  телото неправилно и отежнато се справува со шеќерот во крвта. Се работи за хронична состојба која резултира главно поради 2 причини. Едната е поради панкреасот кој не произведува доволно инсулин, а како втора причина се смета намалената сензитивност, односно влошениот и ослабнат одговор на клетките кон инсулинот. Ова доведува до неефективно дејство на инсулинот, со што клетките внесуваат помалку шеќер во себе од потребното. Дијабетот тип 2 се асоцира со повозрасната популација, но за жал, денешниот начин на исхрана и сè почестата застапеност на прекумерната телесна тежина кај популацијата, доведува до појава на овој тип на дијабет и кај помладата популација. За дијабетот тип 2 не постои конкретен лек, но се смета дека регулирањето на телесната тежина, здравата и балансирана исхрана и редовната физичка активност можат да помогнат болеста да се одржува под контрола.

Кои се раните знаци и симптоми за појава на овој тип дијабет?

Знаците и симптомите на оваа болест се појавуваат доста бавно и често луѓето живеат подолг период без воопшто да бидат свесни дека имаат дијабет тип 2. Затоа е важно да се препознаат и воочат раните симптоми кои може да ни помогнат навремено да ја дијагностицираме ваквата состојба. Дел од почетните симптоми на дијабетот тип 2 се:
  1. Зачестено мокрење - се јавува како резултат на зголемениот обем на работа на бубрезите кои се обидуваат да го исфрлат вишокот шеќер од крвта.
  2. Зголемена жед - ваквиот симптом се поврзува и со зачестеното мокрење, односно потребата на организмот побрзо и во поголема мера да ја филтрира крвта со цел да го исфрли вишокот шеќер од крвта.
  3. Редовно чувство на глад - лицата со дијабет најчесто не добиваат доволно енергија од храната која ја внесуваат. Глукозата која е присутна во крвта, не доаѓа ефективно и во доволни количини до нашите клетки, а тоа значи дека можно е да се јави константно чувство на глад.
  4. Чувство на замор - поради недоволната искористенот на шеќерот, се јавува и одреден недостаток на енергија кај лицата со дијабет. Тоа може да предизвика константно чувство на замор.
  5. Заматен вид - вишокот шеќер кој е присутен во малите крвни садови во очите може да предизвика одредено заматување на видот. Тоа може да се јави кај едното око или во двете очи и може да е привремено и ретко.
  6. Чувство на пецкање или болка во дланките и стапалата - високото ниво на шеќер во крвта може да доведе до оштетување на нервите, а со тоа да се јави и чувство на пецкање или непријатност, особено во дланките и стапалата.
  7. Бавно заздравување на рани и исекотини - високото ниво на шеќер во крвта ги оштетува нервите и крвните садови што доведува и до намалена циркулација. Поради тоа, повредите од типот на рани и исекотини заздравуваат побавно и ризикот за инфекција кај нив е зголемен.
Препознавањето на раните симптоми може да значи и порана дијагноза, а со тоа и навремен третман и лекување. Тоа може значително да го смени текот на оваа здравствена состојба, а и да го заштити и подобри целокупното здравје. Доколку не се третира, дијабетот може да доведе до сериозни проблеми како: срцеви заболувања, мозочен удар, оштетување на нервите, оштетување на бубрезите, нарушен вид, па дури и смрт. Покрај лекарствата кои може да помогнат при третирање на кој било тип на дијабет, промените во животните навики исто така можат да имаат исклучително позитивен ефект. Регулирање на телесната тежина, поредовна физичка активност, добра хигиена на спиење, избегнување и контролирање на стресот и секако здрава исхрана се дел од најчестите препораки за подобро справување, па дури и превенција на дијабетот. Доколку дијабетот веќе настанал, еден од првите чекори коишто треба да се преземат е посветување внимание на исхраната и на здравите животни навики.

The post Пред-дијабет – предупредување за навремен третман и лекување на дијабетес тип 2 appeared first on Република.

]]>
Не го користете „оземпик“ на своја рака за слабеење, предупредуваат д-р Миленковиќ и д-р Ахмети https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ne-go-koristete-ozempik-na-svoja-raka-za-slabeene-predupreduvaat-d-r-milenkovik-i-d-r-ahmeti/ Tue, 28 Feb 2023 14:21:26 +0000 https://republika.mk/?p=614285

Лекот „оземпик“ да се користи исклучително по препорака на лекар за третман на дијабетес тип 2, а лицата со дијабетес тип 2 кои го користат по препорака на лекар, да не ја прекинуваат терапијата со овој лек и да ги консултираат докторите кои го препорачале, се наведува во денешното соопштение на проф. д-р Татјана Миленковиќ, претседател на Научното здружение на ендокринолозите и дијабетолозите на Македонија и научниот соработник д-р Ирфан Ахмети, претседател на Националната комисија за дијабетес.

Во соопштението се споменува текстот за лица кои земаат лек за дијабетичари за да слабеат, ризикувајќи си го здравјето.

Како стручно здружение го поздравуваме апелот да не се користи лекот без консултација со лекар, како и информирањето на јавноста дека лекот е наменет за третман на дијабетес тип 2, како надополнување на исхраната и вежбањето, пишува во соопштението.

Оттаму потсетуваат дека лекот е одобрен за употреба од МАЛМЕД, како и од страна на регулаторните агенции во светот, вклучително Европската агенција, Aмериканската агенција.

Лекот во нашата земја се употребува веќе три години кај лица со дијабетес тип 2 и првенствено се пропишува кај оние кои имаат дополнителни кардиоваскуларни настани и зголемена телесна тежина. Овој лек – „оземпик“ не е наменет за третман на прекумерна телесна тежина кај лица кои немаат дијабетес, се нагласува во соопштението.

Во него се додава дека стручната јавност и регулаторните агенции будно ги следат несаканите ефекти од лековите и во случај истите да претставуваат ризик по здравјето и животот на луѓето, соодветно се реагира и се препорачуваат мерки на претпазливост или при сериозен ризик лекот се повлекува од употреба.

Такво предупредување или најава за повлекување на лекот од употреба, како што се нагласува, за „оземпик“ не постои, се вели во соопштението.

The post Не го користете „оземпик“ на своја рака за слабеење, предупредуваат д-р Миленковиќ и д-р Ахмети appeared first on Република.

]]>

Лекот „оземпик“ да се користи исклучително по препорака на лекар за третман на дијабетес тип 2, а лицата со дијабетес тип 2 кои го користат по препорака на лекар, да не ја прекинуваат терапијата со овој лек и да ги консултираат докторите кои го препорачале, се наведува во денешното соопштение на проф. д-р Татјана Миленковиќ, претседател на Научното здружение на ендокринолозите и дијабетолозите на Македонија и научниот соработник д-р Ирфан Ахмети, претседател на Националната комисија за дијабетес. Во соопштението се споменува текстот за лица кои земаат лек за дијабетичари за да слабеат, ризикувајќи си го здравјето.
Како стручно здружение го поздравуваме апелот да не се користи лекот без консултација со лекар, како и информирањето на јавноста дека лекот е наменет за третман на дијабетес тип 2, како надополнување на исхраната и вежбањето, пишува во соопштението.
Оттаму потсетуваат дека лекот е одобрен за употреба од МАЛМЕД, како и од страна на регулаторните агенции во светот, вклучително Европската агенција, Aмериканската агенција.
Лекот во нашата земја се употребува веќе три години кај лица со дијабетес тип 2 и првенствено се пропишува кај оние кои имаат дополнителни кардиоваскуларни настани и зголемена телесна тежина. Овој лек – „оземпик“ не е наменет за третман на прекумерна телесна тежина кај лица кои немаат дијабетес, се нагласува во соопштението.
Во него се додава дека стручната јавност и регулаторните агенции будно ги следат несаканите ефекти од лековите и во случај истите да претставуваат ризик по здравјето и животот на луѓето, соодветно се реагира и се препорачуваат мерки на претпазливост или при сериозен ризик лекот се повлекува од употреба.
Такво предупредување или најава за повлекување на лекот од употреба, како што се нагласува, за „оземпик“ не постои, се вели во соопштението.

The post Не го користете „оземпик“ на своја рака за слабеење, предупредуваат д-р Миленковиќ и д-р Ахмети appeared first on Република.

]]>
Инсулин пак нема, дијабетичарите солидарно си делат „пенкала“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/insulin-pak-nema-dijabeticharite-solidarno-si-delat-penkala/ Mon, 14 Nov 2022 15:42:00 +0000 https://republika.mk/?p=573771

Едни на други си даваат инсулински пенкала. Вака граѓаните со дијабет се снаоѓаат кога нема терапии во аптеките, како што е случај периодов. На годинешното одбележување на Светскиот ден за борба против дијабетот пациентите велат оти дополнителен проблем се термините за преглед на Ендокринологија, оти ги нема, а низ центрите во внатрешноста нема ниту лекари специјалисти во ова поле. Освен на време да има инсулин за сите пациенти, тие бараат државата стратешки да се бори против дијабетот оти се поголем број на деца стануваат пациенти.

Од Асоцијацијата за детски дијабетес потсетија дека повеќе од пет години бараат и чекаат државата да набави сензори за безболно мерење на гликоза во крвта кај децата, што инаку освен маката апаратот да се најде од странство, трошокот годишно е околу 1500 евра.

Според Институтот за јавно здравје, во Македонија, до 2021 година, регистрирани се вкупно 172.949 пациенти со дијагноза шеќерна болест, што укажува дека секој десетти граѓанин боледува од ова сериозно заболување. Само во 2021 година, бројот на новорегистрирани болни со дијабетес изнесувал 7.460 случаи. Според СЗО, во моментов околу 422 милиони луѓе ширум светот боледуваат од шеќерна болест, а секоја година речиси 1,5 милиони од смртните случаи на светско ниво му се препишуваат токму на дијабетесот

Расте бројот на лица што имаат шеќерна болест, не само во земјава туку и на светско ниво. Тоа се должи на животниот стил на светското население и на лошите навики во исхраната, како и на слабата физичка активност.

Но, како што предупредуваат лекарите, бројката е многу поголема, оти има граѓани што ја занемаруваат оваа болест. Дијабетесот е хронично метаболно заболување, кое се карактеризира со покачено ниво на глукоза во крвта, поради недостиг или нарушена секреција на инсулин од панкреасот.

Ризик-фактори за оваа болест се прекумерната тежина, слабата физичка активност и затоа неопходно е да се засили скринингот, но и да се подобрат дијагностичките капацитети. Да се подобри и пристапот до нови иновативни лекови.

The post Инсулин пак нема, дијабетичарите солидарно си делат „пенкала“ appeared first on Република.

]]>

Едни на други си даваат инсулински пенкала. Вака граѓаните со дијабет се снаоѓаат кога нема терапии во аптеките, како што е случај периодов. На годинешното одбележување на Светскиот ден за борба против дијабетот пациентите велат оти дополнителен проблем се термините за преглед на Ендокринологија, оти ги нема, а низ центрите во внатрешноста нема ниту лекари специјалисти во ова поле. Освен на време да има инсулин за сите пациенти, тие бараат државата стратешки да се бори против дијабетот оти се поголем број на деца стануваат пациенти. Од Асоцијацијата за детски дијабетес потсетија дека повеќе од пет години бараат и чекаат државата да набави сензори за безболно мерење на гликоза во крвта кај децата, што инаку освен маката апаратот да се најде од странство, трошокот годишно е околу 1500 евра. Според Институтот за јавно здравје, во Македонија, до 2021 година, регистрирани се вкупно 172.949 пациенти со дијагноза шеќерна болест, што укажува дека секој десетти граѓанин боледува од ова сериозно заболување. Само во 2021 година, бројот на новорегистрирани болни со дијабетес изнесувал 7.460 случаи. Според СЗО, во моментов околу 422 милиони луѓе ширум светот боледуваат од шеќерна болест, а секоја година речиси 1,5 милиони од смртните случаи на светско ниво му се препишуваат токму на дијабетесот Расте бројот на лица што имаат шеќерна болест, не само во земјава туку и на светско ниво. Тоа се должи на животниот стил на светското население и на лошите навики во исхраната, како и на слабата физичка активност. Но, како што предупредуваат лекарите, бројката е многу поголема, оти има граѓани што ја занемаруваат оваа болест. Дијабетесот е хронично метаболно заболување, кое се карактеризира со покачено ниво на глукоза во крвта, поради недостиг или нарушена секреција на инсулин од панкреасот. Ризик-фактори за оваа болест се прекумерната тежина, слабата физичка активност и затоа неопходно е да се засили скринингот, но и да се подобрат дијагностичките капацитети. Да се подобри и пристапот до нови иновативни лекови.

The post Инсулин пак нема, дијабетичарите солидарно си делат „пенкала“ appeared first on Република.

]]>
Светски ден на дијабетес: Секој четврти човек не ја добива потребната помош https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/svetski-den-na-dijabetes-sekoj-chetvrti-chovek-ne-ja-dobiva-potrebnata-pomosh/ Mon, 14 Nov 2022 08:21:14 +0000 https://republika.mk/?p=573501

Секој четврти човек во светот со дијабетес не ја добива потребната помош, покажува новото истражување објавено на Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември.

Меѓународната фондација за дијабетес (ИДФ) наведува дека околу 26 отсто од луѓето не добиваат доволно информации за нивната состојба откако ќе им биде дијагностицирана.

Овој факт може да доведе до лош третман на дијабетесот, зголемувајќи го ризикот од физички компликации како што се мозочни удари, откажување на бубрезите, слепило, ампутација на долните екстремитети, како и да влијае на менталното здравје на една личност.

Истражувањето е засновано на онлајн прашалник од 3.208 луѓе кои или имале дијабетес или биле здравствени работници од различни земји, меѓу кои Бразил, Индија и Нигерија.

Светскиот ден на дијабетесот се одбележува на денот кога е роден Фредерик Бантинг, научникот кој го откри инсулинот со Чарлс Бест во 1922 година.

Дијабетесот е незаразна болест која е потенцијално опасна по живот и може да има тешки последици за поединците, нивните семејства, здравствените системи и националните економии.

Секој десетти возрасен во светот (537 милиони) има дијабетес. Се очекува до 2030 година бројот на заболени да се зголеми на 643 милиони, а до 2045 година на 783 милиони.

The post Светски ден на дијабетес: Секој четврти човек не ја добива потребната помош appeared first on Република.

]]>

Секој четврти човек во светот со дијабетес не ја добива потребната помош, покажува новото истражување објавено на Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември. Меѓународната фондација за дијабетес (ИДФ) наведува дека околу 26 отсто од луѓето не добиваат доволно информации за нивната состојба откако ќе им биде дијагностицирана. Овој факт може да доведе до лош третман на дијабетесот, зголемувајќи го ризикот од физички компликации како што се мозочни удари, откажување на бубрезите, слепило, ампутација на долните екстремитети, како и да влијае на менталното здравје на една личност. Истражувањето е засновано на онлајн прашалник од 3.208 луѓе кои или имале дијабетес или биле здравствени работници од различни земји, меѓу кои Бразил, Индија и Нигерија. Светскиот ден на дијабетесот се одбележува на денот кога е роден Фредерик Бантинг, научникот кој го откри инсулинот со Чарлс Бест во 1922 година. Дијабетесот е незаразна болест која е потенцијално опасна по живот и може да има тешки последици за поединците, нивните семејства, здравствените системи и националните економии. Секој десетти возрасен во светот (537 милиони) има дијабетес. Се очекува до 2030 година бројот на заболени да се зголеми на 643 милиони, а до 2045 година на 783 милиони.

The post Светски ден на дијабетес: Секој четврти човек не ја добива потребната помош appeared first on Република.

]]>
Светски ден против дијабетесот, во државава дијагностицирани 172.949 пациенти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svetski-den-protiv-dijabetesot-vo-drzavava-dijagnosticirani-172-949-pacienti/ Mon, 14 Nov 2022 07:32:13 +0000 https://republika.mk/?p=573472

Околу 422 милиони луѓе ширум светот имаат дијабетес, а мнозинството од нив живеат во земји со низок и среден приход. Речиси 1,5 милиони од смртните случаи на светско ниво се препишуваат на дијабетес секоја година. Според информациите од Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на дијабетес постојано се зголемува во последните неколку децении.

Дијабетесот  е главна причина за откажување на бубрезите, срцев удар, мозожен удар и ампутација на долните екстремитети. Помеѓу 2000 и 2019 година на светско ниво е забележано зголемување од три процени во стапката на смртност од дијабетес според возраста. Здравата исхрана, редовна физичка активност, одржување на нормална телесна тежина и избегнување на употреба на тутун се начини да се спречи или одложи појавата на дијабетес тип 2.

СЗО секоја година на 14 ноември го одбележува Светскиот ден за борба против дијабетесот. Овогодишната кампања се фокусира на потребата за подобар пристап до квалитетно образование за дијабетес. По повод Светскиот ден на дијабетесот, во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ) денеска ќе се одржи тркалезна маса на тема  „Предизвиците за дијабетесот во Македонија – заедно еден со друг“.

Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК во рамки на годинашните програмски активности вечер, во 19:00 часот, во објектот на „Мала станица“ со пригоден настан ќе го одбележи 14 ноември – Светскиот ден на дијабетесот. Како што е најавено, воведни обраќања ќе имаат сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска и министерот за здравство Беким Сали.

Во Македонија, согласно добиените податоци од Институт за јавно здравје, до 2021 година регистрирани се вкупно 172 949 пациенти со дијагноза на шеќерна болест.

Димче Велев, претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари во изјава за МИА вели дека лицата со дијабетес во земјава ја добиваат најиновативната терапија што постои.

Добиваме современи инсулини, согласно европските и светски стандарди. Се соочуваме со мали недостатоци што се надеваме дека набргу административно ќе се надминат и ќе бидат достапни повторно на пациентите кои имаат недостаток, изјави Велев.

Според него, неопходно е да ја добијат можноста за целосно квалитетно менаџирање на дијабетесот со квалитетни ленти, квалитетни дигитални апарати, глукомери за кои бараат да бидат со референтна цена, сензори за деца и млади за полесно да живеат со болеста.

Тоа што очекуваме е во следниот период да се реализира нова набавка на инсулини со олесната постапка и процедура околу јавната набавка. Нашата идеја што ја презентиравме минатата година е преку отворен пазар да се оди на тие набавки со цел побрз пристап до иновативни терапии, додаде тој.

Светскиот ден против дијабетесот е основан во 1991 година од страна на Меѓународната федерација на дијабетичари со поддршка од СЗО, како одговор на растечката загриженост за ескалацијата на заканата по здравјето од дијабетес. Светскиот ден на дијабетот стана официјален ден на Обединетите Наци во 2006 година.

The post Светски ден против дијабетесот, во државава дијагностицирани 172.949 пациенти appeared first on Република.

]]>

Околу 422 милиони луѓе ширум светот имаат дијабетес, а мнозинството од нив живеат во земји со низок и среден приход. Речиси 1,5 милиони од смртните случаи на светско ниво се препишуваат на дијабетес секоја година. Според информациите од Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на дијабетес постојано се зголемува во последните неколку децении. Дијабетесот  е главна причина за откажување на бубрезите, срцев удар, мозожен удар и ампутација на долните екстремитети. Помеѓу 2000 и 2019 година на светско ниво е забележано зголемување од три процени во стапката на смртност од дијабетес според возраста. Здравата исхрана, редовна физичка активност, одржување на нормална телесна тежина и избегнување на употреба на тутун се начини да се спречи или одложи појавата на дијабетес тип 2. СЗО секоја година на 14 ноември го одбележува Светскиот ден за борба против дијабетесот. Овогодишната кампања се фокусира на потребата за подобар пристап до квалитетно образование за дијабетес. По повод Светскиот ден на дијабетесот, во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ) денеска ќе се одржи тркалезна маса на тема  „Предизвиците за дијабетесот во Македонија – заедно еден со друг“. Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК во рамки на годинашните програмски активности вечер, во 19:00 часот, во објектот на „Мала станица“ со пригоден настан ќе го одбележи 14 ноември – Светскиот ден на дијабетесот. Како што е најавено, воведни обраќања ќе имаат сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска и министерот за здравство Беким Сали. Во Македонија, согласно добиените податоци од Институт за јавно здравје, до 2021 година регистрирани се вкупно 172 949 пациенти со дијагноза на шеќерна болест. Димче Велев, претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари во изјава за МИА вели дека лицата со дијабетес во земјава ја добиваат најиновативната терапија што постои.
Добиваме современи инсулини, согласно европските и светски стандарди. Се соочуваме со мали недостатоци што се надеваме дека набргу административно ќе се надминат и ќе бидат достапни повторно на пациентите кои имаат недостаток, изјави Велев.
Според него, неопходно е да ја добијат можноста за целосно квалитетно менаџирање на дијабетесот со квалитетни ленти, квалитетни дигитални апарати, глукомери за кои бараат да бидат со референтна цена, сензори за деца и млади за полесно да живеат со болеста.
Тоа што очекуваме е во следниот период да се реализира нова набавка на инсулини со олесната постапка и процедура околу јавната набавка. Нашата идеја што ја презентиравме минатата година е преку отворен пазар да се оди на тие набавки со цел побрз пристап до иновативни терапии, додаде тој.
Светскиот ден против дијабетесот е основан во 1991 година од страна на Меѓународната федерација на дијабетичари со поддршка од СЗО, како одговор на растечката загриженост за ескалацијата на заканата по здравјето од дијабетес. Светскиот ден на дијабетот стана официјален ден на Обединетите Наци во 2006 година.

The post Светски ден против дијабетесот, во државава дијагностицирани 172.949 пациенти appeared first on Република.

]]>
Итно да се набават Системи за конинуирано и безболно следење на гликозата за децата кои боледуваат од дијабет, бара „Баланс МК“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/itno-da-se-nabavat-sistemi-za-koninuirano-i-bezbolno-sledenje-na-glikozata-za-decata-koi-boleduvaat-od-dijabet-bara-balans-mk/ Thu, 27 Oct 2022 12:10:19 +0000 https://republika.mk/?p=566347

Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија Баланс МК бара од Министерството за здравство итно, преку тендер, да се набават Системи за конинуирано и безболно следење на гликозата за децата кои боледуваат од дијабет.

Веќе десетина пати во овие изминати пет години оваа јавна набавка е најавувана, но нереализирана. Станува збор за неопходност од која што директно и неспорно зависи квалитетот на живот, превенција од компликации кои несомнено дијабетесот ги носи со себе, станува збор за нормалниот раст и развој на нашите деца. Изрично бараме таква средба да биде организирана час поскоро и со присуство на сите релевантни чинители како во министерството така и во делот на непосредната здрвствена грижа за децата со дијабетис тип 1, се вели во реакцијата на Баланс МК испратена до медиумите.

Со оглед дека нашите повеќегодишни напори за набавка на Системите за континуирано следење на гликозата во крвта преку Министерството за здравство, односно државата, кои што, патем, сега биле „жртва“ на техничка грешка, како што впрочем на денешната парламентарна седница објасни заменик министерот за здравство, и натаму остануваат во доменот на - разговор на глувите (освен кога избори се во прашање), Баланс МК сепак и овој пат, побара итен состанок со министерот за здравство и надлежните во овој ресор, заради отстранување на „грешката“, се вели во барањето на Асоцијацијата.

Тие од Министерство за здравство бараат итна средба, на тема обезбедување на медицинско помагало – Систем за континуирано следење на гликемии кај децата со дијабетес.

Во моментов во Македонија има околу 600 деца со дијабетес тип 1 (инсулин зависни), меѓу кои повеќето се деца под десетгодишна возраст, а секое од нив поедничено во просек годишно мора да биде околу 3.500 пати боцнато во прстињата за да се измери нивото на шеќер (глукоза) во крвта што е основа во третманот за самоконтрола кај дијабетесот. Таа бројка, пак, заедно со просечната од 1.500 инјектирања со инсулин годишно (за да може нормално да живее детето) изнесува околу 5.000.

Бројката на деца со дијабетес во Македонија, за жал, расте од година во година. Единствено што засега е исто е третманот кон нив!, велат од Баланс МК.

Оттаму објаснуват дека во последните 15 години, третманот на лицата со дијабетес драстично се измени, се подобри. И не само во светски, туку и во рамките на нашето најблиско соседство - земјите како Србија, Црна Гора, Босна, Хрватска, а пратејќи ги препораките и guidelines-ите на WHO и IDF им обезбедија на своите граѓани, пациенти со дијабетес (не само со тип 1 туку и со тип 2 на инсулинска терапија), системите базирани на континуирано мониторирање на гликозата (continuous glucose monitoring system– CGMs).

Голем дел од нас овде во Македонија се веќе нивни корисници (ги обезбедуваме приватно, тешко стигнуваме до нив и ги плаќаме скапо), додаваат од Асоцијацијата.

Обезбедувањето на CGMs за најмладите лица со дијабетес во Македонија ќе помогне за едноставно и 24 часовно безболно мерење на гликемијата што придонесува за значително подобра гликемиска контрола и намалување на ризиците од долгорочни компликации.
Доколку навистина сакаме и веруваме во животот, а ова за што овде пишуваме е токму мал, конкретен дел од животната реалност, се надеваме дека ова барање ќе наиде не само на интерес кај вас, туку и на сериозна опсервација до целосно и во најитен можен рок реализирање на ова наше барање: јавна, тендерска набавка на CGMs, велат од Баланс МК.

The post Итно да се набават Системи за конинуирано и безболно следење на гликозата за децата кои боледуваат од дијабет, бара „Баланс МК“ appeared first on Република.

]]>

Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија Баланс МК бара од Министерството за здравство итно, преку тендер, да се набават Системи за конинуирано и безболно следење на гликозата за децата кои боледуваат од дијабет.
Веќе десетина пати во овие изминати пет години оваа јавна набавка е најавувана, но нереализирана. Станува збор за неопходност од која што директно и неспорно зависи квалитетот на живот, превенција од компликации кои несомнено дијабетесот ги носи со себе, станува збор за нормалниот раст и развој на нашите деца. Изрично бараме таква средба да биде организирана час поскоро и со присуство на сите релевантни чинители како во министерството така и во делот на непосредната здрвствена грижа за децата со дијабетис тип 1, се вели во реакцијата на Баланс МК испратена до медиумите.
Со оглед дека нашите повеќегодишни напори за набавка на Системите за континуирано следење на гликозата во крвта преку Министерството за здравство, односно државата, кои што, патем, сега биле „жртва“ на техничка грешка, како што впрочем на денешната парламентарна седница објасни заменик министерот за здравство, и натаму остануваат во доменот на - разговор на глувите (освен кога избори се во прашање), Баланс МК сепак и овој пат, побара итен состанок со министерот за здравство и надлежните во овој ресор, заради отстранување на „грешката“, се вели во барањето на Асоцијацијата. Тие од Министерство за здравство бараат итна средба, на тема обезбедување на медицинско помагало – Систем за континуирано следење на гликемии кај децата со дијабетес. Во моментов во Македонија има околу 600 деца со дијабетес тип 1 (инсулин зависни), меѓу кои повеќето се деца под десетгодишна возраст, а секое од нив поедничено во просек годишно мора да биде околу 3.500 пати боцнато во прстињата за да се измери нивото на шеќер (глукоза) во крвта што е основа во третманот за самоконтрола кај дијабетесот. Таа бројка, пак, заедно со просечната од 1.500 инјектирања со инсулин годишно (за да може нормално да живее детето) изнесува околу 5.000.
Бројката на деца со дијабетес во Македонија, за жал, расте од година во година. Единствено што засега е исто е третманот кон нив!, велат од Баланс МК.
Оттаму објаснуват дека во последните 15 години, третманот на лицата со дијабетес драстично се измени, се подобри. И не само во светски, туку и во рамките на нашето најблиско соседство - земјите како Србија, Црна Гора, Босна, Хрватска, а пратејќи ги препораките и guidelines-ите на WHO и IDF им обезбедија на своите граѓани, пациенти со дијабетес (не само со тип 1 туку и со тип 2 на инсулинска терапија), системите базирани на континуирано мониторирање на гликозата (continuous glucose monitoring system– CGMs). Голем дел од нас овде во Македонија се веќе нивни корисници (ги обезбедуваме приватно, тешко стигнуваме до нив и ги плаќаме скапо), додаваат од Асоцијацијата.
Обезбедувањето на CGMs за најмладите лица со дијабетес во Македонија ќе помогне за едноставно и 24 часовно безболно мерење на гликемијата што придонесува за значително подобра гликемиска контрола и намалување на ризиците од долгорочни компликации. Доколку навистина сакаме и веруваме во животот, а ова за што овде пишуваме е токму мал, конкретен дел од животната реалност, се надеваме дека ова барање ќе наиде не само на интерес кај вас, туку и на сериозна опсервација до целосно и во најитен можен рок реализирање на ова наше барање: јавна, тендерска набавка на CGMs, велат од Баланс МК.
 
The post Итно да се набават Системи за конинуирано и безболно следење на гликозата за децата кои боледуваат од дијабет, бара „Баланс МК“ appeared first on Република.

]]>
Новиот лек за дијабетес од типот 2 успешен и во лекувањето прекумерна дебелина https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/noviot-lek-za-dijabetes-od-tipot-2-uspeshen-i-vo-lekuvanjeto-prekumerna-debelina/ Tue, 07 Jun 2022 13:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=512243

Лекот за дијабетес од типот 2 „Тирзепатид“ што неодамна беше одобрен во САД, може да помогне во слабењеето на возрасните лица со прекумерна телесна тежина, а немаат дијабетес, покажуваат резултатите на истражување спроведено од меѓународна група научници.

Ефектите на медикаментот биле испитувани во период од 72 седмици кај повеќе од 2500 дебели лица кои немале дијабетес. Испитаниците биле поделени во четири групи, од кои едната примала плацебо, а другите три по пет, десет и 15 милиграми „Тирзепатид“. Учесниците во студијата кои земале доза од пет милиграми изгубиле во просек околу 16 килограми во текот на односниот период, оние во доза од десет милиграми изгубиле во просек 22 килограми, а учесниците на кои им била дадена доза од 15 милиграми изгубиле во просек околу 23,6 килограми. Испитаниците од групата која примале плацебо-инјекција изгубиле во просек 2,4 килограми.

„Тирзепатид“ делува на начин што имитира хормони кои им помагаат на луѓето да се чувствуваат сити после оброк или во содејство на два природни хормони кои му помагаат на мозокот да испрати сигнал за ситост на организмот.

„Околу деведесет проценти од луѓето во студијата изгубиле тежина, а просечното губење на тежината при највисока доза беше 22,5 проценти, што досега не сме го виделе во ниту една слична студија“, вели коавторот на студијата, д-р Анија Јастребоф, пррофесор на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Јеил“.

„Резултатите од студијата претставуваат значителен напредок во потенцијално проширување на ефективни терапевтски опции за луѓето кои се борат против дебелината“, рече таа.

Студијата бележи подобрувања забележани кај речиси сите учесници во експериментот кога станува збор за крвниот притисок како и нивоата на шеќер и на холестерол во крвта.

Најчестите несакани ефекти биле гадење, дијареа и запек, но генерално сите во блага до умерена форма, посочува рече Јастребоф додавајќи дека учесниците во студијата можеле да ја задржат истата телесна тежина во текот на 72-неделниот период опфатен со испитувањето.

„Дебелината е хронична болест што може да се лекува. Би можеле да ја третираме како што третираме било која друга хронична болест – со ефективни и безбедни пристапи што ги таргетираат механизмите на основната болест, а овие резултати се доказ дека Тирзепатид делува на тој начин“, рече Јастребоф објаснувајќи и дека пациентите можеби ќе треба да останат на односната терапија неодредено долго време.

„Но, ако сметаме дека прекумерната дебелина е хронична болест, тогаш зошто хроничната болест да се лекува само 72 недели“, изјави таа.

Д-р. Сајмон Корк од Универзитетот во Кембриџ, рече дека оваа класа лекови делува само доколку учесниците се придржуваат до пропишаната диета, што се заснова врз намален внес на калории.

„Значи, ова не е некој вид на магичен лек“, истакна Корк.

„Тирзепатид“ е медикамент произведен во фармацевтската компанија „Ели Лили“, а во САД беше одобрен за третман на дијабетес тип 2 во средината на мај. Федералната управа за храна и лекарства (ФДА) утврди дека лекот со правилна исхрана и физичка активност успева да го држи под контрола нивото на шеќер во крвта кај возрасните со таков тип дијабетес.

Резултатите од студијата се објавени во специјализираното списание „New England Journal of Medicine“.

The post Новиот лек за дијабетес од типот 2 успешен и во лекувањето прекумерна дебелина appeared first on Република.

]]>

Лекот за дијабетес од типот 2 „Тирзепатид“ што неодамна беше одобрен во САД, може да помогне во слабењеето на возрасните лица со прекумерна телесна тежина, а немаат дијабетес, покажуваат резултатите на истражување спроведено од меѓународна група научници. Ефектите на медикаментот биле испитувани во период од 72 седмици кај повеќе од 2500 дебели лица кои немале дијабетес. Испитаниците биле поделени во четири групи, од кои едната примала плацебо, а другите три по пет, десет и 15 милиграми „Тирзепатид“. Учесниците во студијата кои земале доза од пет милиграми изгубиле во просек околу 16 килограми во текот на односниот период, оние во доза од десет милиграми изгубиле во просек 22 килограми, а учесниците на кои им била дадена доза од 15 милиграми изгубиле во просек околу 23,6 килограми. Испитаниците од групата која примале плацебо-инјекција изгубиле во просек 2,4 килограми. „Тирзепатид“ делува на начин што имитира хормони кои им помагаат на луѓето да се чувствуваат сити после оброк или во содејство на два природни хормони кои му помагаат на мозокот да испрати сигнал за ситост на организмот. „Околу деведесет проценти од луѓето во студијата изгубиле тежина, а просечното губење на тежината при највисока доза беше 22,5 проценти, што досега не сме го виделе во ниту една слична студија“, вели коавторот на студијата, д-р Анија Јастребоф, пррофесор на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Јеил“. „Резултатите од студијата претставуваат значителен напредок во потенцијално проширување на ефективни терапевтски опции за луѓето кои се борат против дебелината“, рече таа. Студијата бележи подобрувања забележани кај речиси сите учесници во експериментот кога станува збор за крвниот притисок како и нивоата на шеќер и на холестерол во крвта. Најчестите несакани ефекти биле гадење, дијареа и запек, но генерално сите во блага до умерена форма, посочува рече Јастребоф додавајќи дека учесниците во студијата можеле да ја задржат истата телесна тежина во текот на 72-неделниот период опфатен со испитувањето. „Дебелината е хронична болест што може да се лекува. Би можеле да ја третираме како што третираме било која друга хронична болест – со ефективни и безбедни пристапи што ги таргетираат механизмите на основната болест, а овие резултати се доказ дека Тирзепатид делува на тој начин“, рече Јастребоф објаснувајќи и дека пациентите можеби ќе треба да останат на односната терапија неодредено долго време. „Но, ако сметаме дека прекумерната дебелина е хронична болест, тогаш зошто хроничната болест да се лекува само 72 недели“, изјави таа. Д-р. Сајмон Корк од Универзитетот во Кембриџ, рече дека оваа класа лекови делува само доколку учесниците се придржуваат до пропишаната диета, што се заснова врз намален внес на калории. „Значи, ова не е некој вид на магичен лек“, истакна Корк. „Тирзепатид“ е медикамент произведен во фармацевтската компанија „Ели Лили“, а во САД беше одобрен за третман на дијабетес тип 2 во средината на мај. Федералната управа за храна и лекарства (ФДА) утврди дека лекот со правилна исхрана и физичка активност успева да го држи под контрола нивото на шеќер во крвта кај возрасните со таков тип дијабетес. Резултатите од студијата се објавени во специјализираното списание „New England Journal of Medicine“.  

The post Новиот лек за дијабетес од типот 2 успешен и во лекувањето прекумерна дебелина appeared first on Република.

]]>