дијабетес тип 2 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dijabetes-tip-2/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Mar 2024 16:53:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дијабетес тип 2 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dijabetes-tip-2/ 32 32 Јогуртот може да го намали ризикот од дијабетес тип 2 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/jogurtot-mozhe-da-go-namali-rizikot-od-dijabetes-tip-2/ Sat, 09 Mar 2024 16:53:34 +0000 https://republika.mk/?p=753072

Во одлуката која се донесува речиси пет години, американската Администрација за храна и лекови (ФДА) им дозволи на производителите на јогурт да наведат дека храната може да го намали ризикот од дијабетес тип 2, пренесува „Си-ен-ен“.

Одлуката од петокот го означува првото здравствено тврдење коешто федералната агенција го издаде за јогуртот, но е помалку моќна бидејќи, иако „подржана со научни докази, не го исполнува построгиот стандард“ на научниот консензус, соопшти ФДА.

„За да се осигура дека овие тврдења не се погрешни, тие мора да бидат проследени со одрекување од одговорност или со друг соодветен јазик за на потрошувачите точно да им се пренесе нивото на научни докази што го поддржуваат тврдењето.“

Во случајот на јогуртот, прифатено е дека, според ограничените научни докази, „редовното консумирање јогурт, најмалку 2 шолји (3 порции) неделно“, може да го намали ризикот од болеста, од која боледуваат околу 462 милиони луѓе во светот.

Врз основа на две студии, ФДА заклучила дека оваа препорачана количина јогурт е потребна за да се постигне наведениот ефект.

Направен од млеко ферментирано со бактерии или пробиотици Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus, јогуртот е богат со калциум, протеини, витамини од групата Б и минерали, вклучувајќи магнезиум, фосфор и калиум.

Овој потег доаѓа како одговор на петицијата од 2018 година поднесена од северноамериканската компанија за храна и пијалаци „Данон“. Поднесувањето на барањето ја навело ФДА да ги разгледа постојните истражувања за врската помеѓу јогуртот и дијабетес тип 2, се наведува во соопштението за печатот.

„Петицијата да се дозволи квалификуваното здравствено тврдење поврзано со дијабетес тип 2 да се појави на етикетите на јогуртот е поддржана со соодветни чекори и вклучуваше рецензирано истражување кое ја поддржува нивната петиција“, рекла д-р Каролин Пасерело, регистрирана диететичарка нутриционистка и инструкторка во факултетот за здравствени и рехабилитациски науки од Универзитетот во Питсбург.

Но, освен тоа што се ограничени, овие студии исто така „не се силни“, рекла Пасерело.

Начинот на кој е спроведено истражувањето „значи дека не можеме со сигурност да кажеме дека постои причинско-последична врска, туку поголема корелација помеѓу дијабетесот тип 2 и јогуртот“.

ФДА ретко донесува одлуки да ги дозволи овие типови на здравствени тврдења и во изминатата деценија тоа го направила за само 10 намирници, вклучително и какао во прав со висока содржина на флавоноли за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести и одредени производи од брусница за намалување на шансите за повторување на инфекции на уринарниот тракт кај жените.

Д-р Марион Нестле, професорка по исхрана, здрава храна и јавно здравје на Универзитетот во Њујорк, ја критикувала одлуката, прашувајќи: „Зошто кој било разумен човек би помислил дека сè што треба да направите за да спречите дијабетес тип 2 е да консумирате 2 шолји јогурт неделно?”.

Таа додала дека „сè што можеме да се надеваме е дека јогуртот е барем незасладен, но бидејќи е навистина тешко да се најде незасладен јогурт, ова им кажува на луѓето кои сакаат да избегнат дијабетес тип 2 дека засладените јогурти се добри за нив“.

„Според прегледот на студиите на ФДА, количината на шеќер во јогуртот не влијаела на резултатите. Затоа, за ФДА, шеќерот не е проблем“, додала Нестле.

Секој јогурт може да се повика на научното тврдење на ФДА сè додека ја користи точната формулација што ја одредила агенцијата, додала Нестле.

Високата потрошувачка на додаден шеќер е поврзана со поголем ризик од развој на дијабетес тип 2, според повеќе студии.

 

The post Јогуртот може да го намали ризикот од дијабетес тип 2 appeared first on Република.

]]>

Во одлуката која се донесува речиси пет години, американската Администрација за храна и лекови (ФДА) им дозволи на производителите на јогурт да наведат дека храната може да го намали ризикот од дијабетес тип 2, пренесува „Си-ен-ен“. Одлуката од петокот го означува првото здравствено тврдење коешто федералната агенција го издаде за јогуртот, но е помалку моќна бидејќи, иако „подржана со научни докази, не го исполнува построгиот стандард“ на научниот консензус, соопшти ФДА. „За да се осигура дека овие тврдења не се погрешни, тие мора да бидат проследени со одрекување од одговорност или со друг соодветен јазик за на потрошувачите точно да им се пренесе нивото на научни докази што го поддржуваат тврдењето.“ Во случајот на јогуртот, прифатено е дека, според ограничените научни докази, „редовното консумирање јогурт, најмалку 2 шолји (3 порции) неделно“, може да го намали ризикот од болеста, од која боледуваат околу 462 милиони луѓе во светот. Врз основа на две студии, ФДА заклучила дека оваа препорачана количина јогурт е потребна за да се постигне наведениот ефект. Направен од млеко ферментирано со бактерии или пробиотици Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus, јогуртот е богат со калциум, протеини, витамини од групата Б и минерали, вклучувајќи магнезиум, фосфор и калиум. Овој потег доаѓа како одговор на петицијата од 2018 година поднесена од северноамериканската компанија за храна и пијалаци „Данон“. Поднесувањето на барањето ја навело ФДА да ги разгледа постојните истражувања за врската помеѓу јогуртот и дијабетес тип 2, се наведува во соопштението за печатот. „Петицијата да се дозволи квалификуваното здравствено тврдење поврзано со дијабетес тип 2 да се појави на етикетите на јогуртот е поддржана со соодветни чекори и вклучуваше рецензирано истражување кое ја поддржува нивната петиција“, рекла д-р Каролин Пасерело, регистрирана диететичарка нутриционистка и инструкторка во факултетот за здравствени и рехабилитациски науки од Универзитетот во Питсбург. Но, освен тоа што се ограничени, овие студии исто така „не се силни“, рекла Пасерело. Начинот на кој е спроведено истражувањето „значи дека не можеме со сигурност да кажеме дека постои причинско-последична врска, туку поголема корелација помеѓу дијабетесот тип 2 и јогуртот“. ФДА ретко донесува одлуки да ги дозволи овие типови на здравствени тврдења и во изминатата деценија тоа го направила за само 10 намирници, вклучително и какао во прав со висока содржина на флавоноли за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести и одредени производи од брусница за намалување на шансите за повторување на инфекции на уринарниот тракт кај жените. Д-р Марион Нестле, професорка по исхрана, здрава храна и јавно здравје на Универзитетот во Њујорк, ја критикувала одлуката, прашувајќи: „Зошто кој било разумен човек би помислил дека сè што треба да направите за да спречите дијабетес тип 2 е да консумирате 2 шолји јогурт неделно?”. Таа додала дека „сè што можеме да се надеваме е дека јогуртот е барем незасладен, но бидејќи е навистина тешко да се најде незасладен јогурт, ова им кажува на луѓето кои сакаат да избегнат дијабетес тип 2 дека засладените јогурти се добри за нив“. „Според прегледот на студиите на ФДА, количината на шеќер во јогуртот не влијаела на резултатите. Затоа, за ФДА, шеќерот не е проблем“, додала Нестле. Секој јогурт може да се повика на научното тврдење на ФДА сè додека ја користи точната формулација што ја одредила агенцијата, додала Нестле. Високата потрошувачка на додаден шеќер е поврзана со поголем ризик од развој на дијабетес тип 2, според повеќе студии.  

The post Јогуртот може да го намали ризикот од дијабетес тип 2 appeared first on Република.

]]>