дијабет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dijabet/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 13:18:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дијабет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dijabet/ 32 32 Во Прилепската болница наскоро ќе се отвори центар за дијабет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-prilepskata-bolnitsa-naskoro-ke-se-otvori-tsentar-za-dijabet/ Thu, 14 Nov 2024 13:18:03 +0000 https://republika.mk/?p=837716

Во рамки на Прилепската општа болница наскоро ќе се отвори дијабет центар за пациентите да не патуваат во Скопје туку редовната стручна лекарска контрола да ја извршуваат во Прилеп.

Ова беше соопштено во Болницата при денешното одбележување на Светскиот ден на дијабетот, при што Здружението на дијабетичари „Сина револуција“, Болницата и Средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“ потпишаа Меморандум за соработка.

Во холот на болницата бесплатно на граѓаните и на пациентите им се мереа нивото на шеќерот и крвниот притисок.

Според директорот на Прилепската болница Кире Јоноски, наскоро ќе се оспособи дијабет центарот за што е неопходно ангажирање лекари-специјалисти, ендокринолози од Скопје да ги вршат контролите.

За да функционира Центарот сакаме да ангажираме лекари-ендокринолози од Клиниката за ендокринологија, специјализирани за дијабет, како ендокринолози од Клиниката за педијатрија за пациентите да не патуваат во Скопје, туку контролата на состојбата да ја добиваат во Прилеп, изјави Јоноски.

Во Прилеп има 10 000 регистрирани дијабетичари, од кои 3000 на инсулинска терапија, а од нив 100 се деца.

Една од најбитните работи е да има сензори за сите возрасти, смета Ангела Мирческа, вработена во Болницата, во пунктот за издавање инсулинска терапија и мајка на дете со дијабет од Тип 1.

Секој ден е предизвик. Мора да се внимава на исхраната, на нивото на шеќерот. Добро е што сега има бесплатни сензори за ние родителите мирно да спиеме. Но, сметам дека не треба да се ограничува возраста, зашто дијабетот од ТИП 1 е автоимуна болест со која цел живот ќе се соочуваме и таа не бира возраст. Битно е да има сензори за сите возрасти, вели Мирческа.

Менде Цветкоски, претседател на Здружението на дијабетичари „Сина револуција“ нагласува дека потребна е понова апаратура за реално мерење на нивото на шеќерот и подостапни термини за пациентите.

Се соочуваме со огромни предизвици, а тука се и предрасудите. Некои работи се подобрија. Има инсулин, сензори, иако за ограничена возраст, што мора да се промени, без ограничување на возраста. Проблем е што користиме застарена технологија на која не можеме да ѝ веруваме. Тука спаѓаат глукометрите и лентите за мерење шеќер. Освен тоа, мора да се дозволи поголема пристапност до „Мој термин“, зашто пациентите имаат потешкотии да закажат преглед кај своите лекари-специјалисти, изјави Цветкоски.

По повод светскиот ден на дијабетот, во кругот на прилепската болница и во кругот на средното медизцинско училиште „Ѓорче Петров“ беа засадени садници.

The post Во Прилепската болница наскоро ќе се отвори центар за дијабет appeared first on Република.

]]>

Во рамки на Прилепската општа болница наскоро ќе се отвори дијабет центар за пациентите да не патуваат во Скопје туку редовната стручна лекарска контрола да ја извршуваат во Прилеп. Ова беше соопштено во Болницата при денешното одбележување на Светскиот ден на дијабетот, при што Здружението на дијабетичари „Сина револуција“, Болницата и Средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“ потпишаа Меморандум за соработка. Во холот на болницата бесплатно на граѓаните и на пациентите им се мереа нивото на шеќерот и крвниот притисок. Според директорот на Прилепската болница Кире Јоноски, наскоро ќе се оспособи дијабет центарот за што е неопходно ангажирање лекари-специјалисти, ендокринолози од Скопје да ги вршат контролите.
За да функционира Центарот сакаме да ангажираме лекари-ендокринолози од Клиниката за ендокринологија, специјализирани за дијабет, како ендокринолози од Клиниката за педијатрија за пациентите да не патуваат во Скопје, туку контролата на состојбата да ја добиваат во Прилеп, изјави Јоноски.
Во Прилеп има 10 000 регистрирани дијабетичари, од кои 3000 на инсулинска терапија, а од нив 100 се деца. Една од најбитните работи е да има сензори за сите возрасти, смета Ангела Мирческа, вработена во Болницата, во пунктот за издавање инсулинска терапија и мајка на дете со дијабет од Тип 1.
Секој ден е предизвик. Мора да се внимава на исхраната, на нивото на шеќерот. Добро е што сега има бесплатни сензори за ние родителите мирно да спиеме. Но, сметам дека не треба да се ограничува возраста, зашто дијабетот од ТИП 1 е автоимуна болест со која цел живот ќе се соочуваме и таа не бира возраст. Битно е да има сензори за сите возрасти, вели Мирческа.
Менде Цветкоски, претседател на Здружението на дијабетичари „Сина револуција“ нагласува дека потребна е понова апаратура за реално мерење на нивото на шеќерот и подостапни термини за пациентите.
Се соочуваме со огромни предизвици, а тука се и предрасудите. Некои работи се подобрија. Има инсулин, сензори, иако за ограничена возраст, што мора да се промени, без ограничување на возраста. Проблем е што користиме застарена технологија на која не можеме да ѝ веруваме. Тука спаѓаат глукометрите и лентите за мерење шеќер. Освен тоа, мора да се дозволи поголема пристапност до „Мој термин“, зашто пациентите имаат потешкотии да закажат преглед кај своите лекари-специјалисти, изјави Цветкоски.
По повод светскиот ден на дијабетот, во кругот на прилепската болница и во кругот на средното медизцинско училиште „Ѓорче Петров“ беа засадени садници.

The post Во Прилепската болница наскоро ќе се отвори центар за дијабет appeared first on Република.

]]>
1 од 10 возрасни луѓе во светот има дијабетес, над 90% имаат дијабетес тип 2 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/1-od-10-vozrasni-luge-vo-svetot-ima-dijabetes-nad-90-imaat-dijabetes-tip-2/ Wed, 15 Nov 2023 20:15:48 +0000 https://republika.mk/?p=701946

Комисијата за здравств на ВМРО-ДПМНЕ одржа Трибина по повод Светски ден на дијабет со цел Едукацијаза заштита на иднината и предизвиците на пациентите со дијабет.

❗️ Дијабет е покачено ниво на шеќерот во крв кое доведува до сериозно оштетување на срцето, крвните садови, бубрезите, очите и нервите.
➡️Што велат бројките
1 од 10 возрасни луѓе во светот има дијабетес, над 90% имаат дијабетес тип 2
537 милиони луѓе ширум светот живееле со дијабет во 2021 година, а овој број се очекува да порасне на 643 милиони луѓе во 2030 година.
Во Македонија, според регистарот за шеќерна болест за 2022 година бројот на ново регистрирани новодијагностицирани болни со дијабет изнесува 7.737 случаи, а вкупниот број на заболен изнесува 134.668 случаи
➡️Какви типови на дијабет има
Дијабет тип 1 или инсулин-зависен дијабет се карактеризира со целосно отсуство на секреција на инсулин од панкреасот и бара дневна апликација на инсулин
Дијабет тип 2 или инсулин-независен дијабет сочинува над 90% од сите случаи , Овој дијабет се почесто се јавува и кај помладата популација
Гестациски дијабет кој се јавува за време на бременоста. Овие жени и нивните деца имаат зголемен ризик за јавување на Дијабет тип 2 во иднина
✔️Важно е да се знаат факторите на ризик за дијабет
· Семејна историја на дијабетес
· Прекумерна тежина
· Нездрава исхрана
· Физичка неактивност
· Зголемување на возраста
· Висок крвен притисок
· Историја на гестациски дијабетес
· Лошата исхрана за време на бременоста
➡️Каков избор на исхрана е добар
· Избор на вода, кафе или чај наместо овошен сок или други засладени пијалоци со шеќер
·Најмалку три порции зеленчук секој ден
·Избор на јаткасти плодови, парче свежо овошје или незасладен јогурт за ужина
·Ограничување на внесот на алкохол до максимум два стандардни пијалоци дневно
·Избор на посни парчиња бело месо, живина или морска храна наместо црвено или преработено месо
·Избор на незаситени масти како на пример маслиново масло, сончогледово масло, наместо заситени масти како путер, кокосово масло
*Трибината е организирана од Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Сојуз на дијабетичари на Македонија и ЗЕЛС, а се одржа во Домот на култура „Билјана Беличанец“
*Предавачи: д-р Наташа Недевска Минова и проф. Ивица Смоковски
*Се обрати и Маја Чичкариќ, лице со дијабет - стои во објавата на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

The post 1 од 10 возрасни луѓе во светот има дијабетес, над 90% имаат дијабетес тип 2 appeared first on Република.

]]>

Комисијата за здравств на ВМРО-ДПМНЕ одржа Трибина по повод Светски ден на дијабет со цел Едукацијаза заштита на иднината и предизвиците на пациентите со дијабет. ❗️ Дијабет е покачено ниво на шеќерот во крв кое доведува до сериозно оштетување на срцето, крвните садови, бубрезите, очите и нервите. ➡️Што велат бројките 1 од 10 возрасни луѓе во светот има дијабетес, над 90% имаат дијабетес тип 2 537 милиони луѓе ширум светот живееле со дијабет во 2021 година, а овој број се очекува да порасне на 643 милиони луѓе во 2030 година. Во Македонија, според регистарот за шеќерна болест за 2022 година бројот на ново регистрирани новодијагностицирани болни со дијабет изнесува 7.737 случаи, а вкупниот број на заболен изнесува 134.668 случаи ➡️Какви типови на дијабет има Дијабет тип 1 или инсулин-зависен дијабет се карактеризира со целосно отсуство на секреција на инсулин од панкреасот и бара дневна апликација на инсулин Дијабет тип 2 или инсулин-независен дијабет сочинува над 90% од сите случаи , Овој дијабет се почесто се јавува и кај помладата популација Гестациски дијабет кој се јавува за време на бременоста. Овие жени и нивните деца имаат зголемен ризик за јавување на Дијабет тип 2 во иднина ✔️Важно е да се знаат факторите на ризик за дијабет · Семејна историја на дијабетес · Прекумерна тежина · Нездрава исхрана · Физичка неактивност · Зголемување на возраста · Висок крвен притисок · Историја на гестациски дијабетес · Лошата исхрана за време на бременоста ➡️Каков избор на исхрана е добар · Избор на вода, кафе или чај наместо овошен сок или други засладени пијалоци со шеќер ·Најмалку три порции зеленчук секој ден ·Избор на јаткасти плодови, парче свежо овошје или незасладен јогурт за ужина ·Ограничување на внесот на алкохол до максимум два стандардни пијалоци дневно ·Избор на посни парчиња бело месо, живина или морска храна наместо црвено или преработено месо ·Избор на незаситени масти како на пример маслиново масло, сончогледово масло, наместо заситени масти како путер, кокосово масло *Трибината е организирана од Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Сојуз на дијабетичари на Македонија и ЗЕЛС, а се одржа во Домот на култура „Билјана Беличанец“ *Предавачи: д-р Наташа Недевска Минова и проф. Ивица Смоковски *Се обрати и Маја Чичкариќ, лице со дијабет - стои во објавата на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

The post 1 од 10 возрасни луѓе во светот има дијабетес, над 90% имаат дијабетес тип 2 appeared first on Република.

]]>
Лицата со дијабетес ќе добијат сензори, Меџити ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/litsata-so-dijabetes-ke-dobijat-senzori-medhiti-ja-potpisha-odlukata-za-izbor-na-najpovolen-ponuduvach/ Fri, 21 Jul 2023 12:09:55 +0000 https://republika.mk/?p=663948

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на сензори за континуирано мерење шеќер во крвта за сите деца со дијабетес, како и за бремени жени и за слепи лица, кои првпат ќе добијат вакви сензори.

Тој за ова ги информираше претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари на РСМ со кои денеска оствари средба во Министерството за здравство.

Во текот на разговорот на кој присутвуваа и стручни служби на министерството надлежни за проблематиката, меѓу кои и претседателот на Комисијата за дијабетес, д-р Ирфан Ахмети, министерот Меџити истакна дека тие имаат целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓаат лицата со дијабетес во земјава и максимално се заложуваат актуелните предизвици да бидат надминати.

Правиме сѐ  што е во наша моќ што побрзо се завршат правните процедури кои како институција мора да ги почитуваме. Како што веќе во неколку наврати информиравме, во моментов течат жалбените постапки на набавката на ленти, процедура која не зависи од Министерството. Доколку Второстепена комисија ја одбие жалбата веднаш ќе се пристапи кон склучување на договорот за набавка на ленти и глукометри за пациенти со тип 1 и тип 2 – информира Меџити.

Тој на претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари им објасни дека откако ќе стигне решението од Второстепената комисија при Државната комисија по жалби за јавни набавки, одлуката станува конечна, по што веднаш ќе биде склучен договорот за набавка на ленти и глукометри за тип 1 и тип 2 и во најбрз можен рок ќе се почне со распределба во инсулинските аптеки.

Меџити истакна дека максимално ќе се заложи ваквите застои во набавките повеќе никогаш да не бидат случај.

The post Лицата со дијабетес ќе добијат сензори, Меџити ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на сензори за континуирано мерење шеќер во крвта за сите деца со дијабетес, како и за бремени жени и за слепи лица, кои првпат ќе добијат вакви сензори. Тој за ова ги информираше претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари на РСМ со кои денеска оствари средба во Министерството за здравство. Во текот на разговорот на кој присутвуваа и стручни служби на министерството надлежни за проблематиката, меѓу кои и претседателот на Комисијата за дијабетес, д-р Ирфан Ахмети, министерот Меџити истакна дека тие имаат целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓаат лицата со дијабетес во земјава и максимално се заложуваат актуелните предизвици да бидат надминати.
Правиме сѐ  што е во наша моќ што побрзо се завршат правните процедури кои како институција мора да ги почитуваме. Како што веќе во неколку наврати информиравме, во моментов течат жалбените постапки на набавката на ленти, процедура која не зависи од Министерството. Доколку Второстепена комисија ја одбие жалбата веднаш ќе се пристапи кон склучување на договорот за набавка на ленти и глукометри за пациенти со тип 1 и тип 2 – информира Меџити.
Тој на претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари им објасни дека откако ќе стигне решението од Второстепената комисија при Државната комисија по жалби за јавни набавки, одлуката станува конечна, по што веднаш ќе биде склучен договорот за набавка на ленти и глукометри за тип 1 и тип 2 и во најбрз можен рок ќе се почне со распределба во инсулинските аптеки. Меџити истакна дека максимално ќе се заложи ваквите застои во набавките повеќе никогаш да не бидат случај.

The post Лицата со дијабетес ќе добијат сензори, Меџити ја потпиша одлуката за избор на најповолен понудувач appeared first on Република.

]]>
Како влијае телесната тежина на дијабетот? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kako-vlijae-telesnata-tezhina-na-dijabetot/ Thu, 13 Apr 2023 16:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=630670

Храната денес е присутна речиси на секој чекор, и тоа релативно евтина и калорична. Вака достапната храна ни овозможува да внесуваме 2 до 3 пати повеќе калории од дневните потреби. Нејзината достапност, високото ниво на  преработка и нејзината калоричност придонесуваат за појава на низа здравствени проблеми, пред сè – прекумерна тежина, која често оди рака под рака и со дијабетот.

Според некои студии, дури 80-85% од вкупниот ризик за појава на дијабет се должи на прекумерната телесна тежина која може да го наруши ефектот и синтезата на инсулин во телото. Во некои случаи, се создава значително количество инсулин, но тоа сепак не е доволно за да одговори на потребите на организмот, па доаѓа до покачени нивоа на шеќер во крвта.

Телесната тежина и компликациите од дијабетот

Се смета дека намалување од само 5% на телесната тежина, придонесува за значително помал ризик за појава на компликации кај лицата со дијабет тип 2.

Доколку намалувањето на телесната тежина е доволно значително, дијабетот тип 2 може да се доведе до ремисија - односно да дојде до враќање на оптимална, здрава функција на инсулинот и одржување на шеќерот во крвта во препорачаните граници. На овој начин понекогаш може да дојде и до исклучување на терапијата во целост. Дополнително, слабеењето го олеснува и секојдневниот живот и извршувањето на обврските. Нашето спиење ќе се подобри, нивото на енергија ќе се зголеми, а ќе бидеме и во подобро расположение. Сето ова може да придонесе кон уште полесно губење на остатокот на вишок килограми, бидејќи и физичката активност и движењето дополнително ќе се олеснат.

Намалувањето на телесната тежина може да влијае позитивно врз дијабетот и преку:

  • зголемување и подобрување на инсулинската сензитивност,
  • подобри резултати при мерењето на тромесечниот шеќер,
  • намалување на притисокот и нивото на холестерол во крвта (добро познати здравствени проблеми кои често одат рака под рака со дијабетот тип 2),
  • намален ризик за кардиоваскуларни заболувања,
  • намален ризик за спиечка апнеа.

Здравата исхраната, е еден од првите чекори коишто треба да се преземат, како и здравите животни навики, кои вклучуваат редовна физичка активности и здраво спиење. Избегнувањето на процесирана храна, која содржи додадени и скриени шекери, како гликозен (пченкарен) сируп, или пак т.н. хидрогенизирани масти кои се познати и како транс-масти, е исто така важно за здравјето.

 

Лист од бела дудинка за регулирање на шеќерот и полесно слабеење

Покрај водењето сметка за разновидноста на исхраната и рамномерниот внес на хранливите материи, природата ни дарила и многу билки и растенија кои имаат посебни својства коишто придонесуваат за регулирање и нормализирање на шеќерот во крвта.

Според повеќе клинички истражувања, екстрактот од лист на бела дудинка значително го намалува гликемискиот индекс на внесената храна и тоа со само една доза од 250 mg. Најдобриот ефект е забележан кај малтодекстринот, полисахарид од пченкарниот скроб, каде ГИ (гликемискиот индекс) се намалил за дури 55%. Други студии покажуваат дека овој екстракт го намалува нивото на глукоза по јадењето за 42%, што понатаму води кон намалување на инсулинските нивоа за 41%.

Како резултат на пониските нивоа на инсулин, телото полесно ги „согорува” резервните маснотии и го намалува претворањето на глукоза во масно ткиво. На овој начин, екстрактот од листот на белата дудинка индиректно помага и во процесот на слабеење.

The post Како влијае телесната тежина на дијабетот? appeared first on Република.

]]>

Храната денес е присутна речиси на секој чекор, и тоа релативно евтина и калорична. Вака достапната храна ни овозможува да внесуваме 2 до 3 пати повеќе калории од дневните потреби. Нејзината достапност, високото ниво на  преработка и нејзината калоричност придонесуваат за појава на низа здравствени проблеми, пред сè – прекумерна тежина, која често оди рака под рака и со дијабетот. Според некои студии, дури 80-85% од вкупниот ризик за појава на дијабет се должи на прекумерната телесна тежина која може да го наруши ефектот и синтезата на инсулин во телото. Во некои случаи, се создава значително количество инсулин, но тоа сепак не е доволно за да одговори на потребите на организмот, па доаѓа до покачени нивоа на шеќер во крвта.

Телесната тежина и компликациите од дијабетот

Се смета дека намалување од само 5% на телесната тежина, придонесува за значително помал ризик за појава на компликации кај лицата со дијабет тип 2. Доколку намалувањето на телесната тежина е доволно значително, дијабетот тип 2 може да се доведе до ремисија - односно да дојде до враќање на оптимална, здрава функција на инсулинот и одржување на шеќерот во крвта во препорачаните граници. На овој начин понекогаш може да дојде и до исклучување на терапијата во целост. Дополнително, слабеењето го олеснува и секојдневниот живот и извршувањето на обврските. Нашето спиење ќе се подобри, нивото на енергија ќе се зголеми, а ќе бидеме и во подобро расположение. Сето ова може да придонесе кон уште полесно губење на остатокот на вишок килограми, бидејќи и физичката активност и движењето дополнително ќе се олеснат. Намалувањето на телесната тежина може да влијае позитивно врз дијабетот и преку:
  • зголемување и подобрување на инсулинската сензитивност,
  • подобри резултати при мерењето на тромесечниот шеќер,
  • намалување на притисокот и нивото на холестерол во крвта (добро познати здравствени проблеми кои често одат рака под рака со дијабетот тип 2),
  • намален ризик за кардиоваскуларни заболувања,
  • намален ризик за спиечка апнеа.
Здравата исхраната, е еден од првите чекори коишто треба да се преземат, како и здравите животни навики, кои вклучуваат редовна физичка активности и здраво спиење. Избегнувањето на процесирана храна, која содржи додадени и скриени шекери, како гликозен (пченкарен) сируп, или пак т.н. хидрогенизирани масти кои се познати и како транс-масти, е исто така важно за здравјето.  

Лист од бела дудинка за регулирање на шеќерот и полесно слабеење

Покрај водењето сметка за разновидноста на исхраната и рамномерниот внес на хранливите материи, природата ни дарила и многу билки и растенија кои имаат посебни својства коишто придонесуваат за регулирање и нормализирање на шеќерот во крвта. Според повеќе клинички истражувања, екстрактот од лист на бела дудинка значително го намалува гликемискиот индекс на внесената храна и тоа со само една доза од 250 mg. Најдобриот ефект е забележан кај малтодекстринот, полисахарид од пченкарниот скроб, каде ГИ (гликемискиот индекс) се намалил за дури 55%. Други студии покажуваат дека овој екстракт го намалува нивото на глукоза по јадењето за 42%, што понатаму води кон намалување на инсулинските нивоа за 41%. Како резултат на пониските нивоа на инсулин, телото полесно ги „согорува” резервните маснотии и го намалува претворањето на глукоза во масно ткиво. На овој начин, екстрактот од листот на белата дудинка индиректно помага и во процесот на слабеење.

The post Како влијае телесната тежина на дијабетот? appeared first on Република.

]]>
Како влијае дијабетот на нашето расположение? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kako-vlijae-dijabetot-na-nasheto-raspolozhenie/ Wed, 12 Apr 2023 17:35:36 +0000 https://republika.mk/?p=630349

Дијабетот како еден од најчестите здравствени проблеми кај нас и во светот, покрај тоа што го погодува нашето физичко здравје, според голем број истражувања влијае и на нашето ментално здравје и расположение.

Првиот и очигледен проблем кој се јавува поради дијабетот е променливото и нестабилно ниво на енергија. Ова може да доведе и до нестабилност и променливост во расположението, да предизвика раздразливост, иритираност, нервоза, анксиозност, нетрпеливост и сл. Во овој поглед, голем број истражувања покажуваат дека дијабетичарите може да имаат потешкотии во одржувањето на константно и стабилно расположение, а тоа пак може негативно да влијае на нивниот однос со луѓето околу нив.

Дополнително, самата здравствена состојба - дијабетот, може да биде извор на еден вид „психичко оптоварување“, стрес и анксиозност кај пациентите, поради самото сознание за оваа живото-загрозувачка болест. Секојдневното внимавање на исхраната, мерењето на шеќерот во крвта, внимавањето на симптомите - може да предизвика константен, хроничен стрес, со негативен одраз и врз расположението. Според некои истражувања околу 25% од луѓето со дијабет тип 1 и околу 15% од луѓето со дијабет тип 2, чувствуваат ваков притисок, стрес и анксиозност. Исто така, одредени глобални статистики покажуваат дека дури 25% од лицата со дијабет имаат некаков степен на депресија. Се смета дека хипергликемијата (покачениот крвен шеќер) се манифестира преку чувство на нервоза, тага и вознемиреност, додека хипогликемијата (низок крвен шеќер) се препознава преку надразливост, глад и иритираност.

Силните варијации во нивото на шеќер во крвта, предизвикуваат брзи промени во нивото на енергија и расположението, не само кај дијабетичарите туку и кај навидум здравите индивидуи кои често консумираат храна богата со рафинирани (прости) шеќери. Имено, брзите скокови, т.н „пикови“ во нивото на шеќер во крвта кои се препознаваат преку зголемената енергија, се проследени со високо излачување на инсулин и брз пад на нивото на шеќер во крвта, поради што потоа настанува чувство на замор, безенергичност и раздразливост.

Како можеме позитивно да влијаеме врз ваквата состојба?

Како и со останатите проблеми кои се јавуваат како резултат на дијабетот, најдоброто решение најверојатно лежи во навремените, превентивни чекори. Тоа значи препознавањето на раните симптоми на пре-дијабетот и дијабетот, за негово порано дијагностицирање, а со тоа и навремен третман и лекување. А ова пак подразбира и внимавање и регулирање на исхраната, редовност во физичката активност, менаџирање на стресот, воведување на здрави и редовни навики за спиење и сл.

Сето ова, може да ја промени на подобро целосната здравствената состојба кај лицата со дијабет.

The post Како влијае дијабетот на нашето расположение? appeared first on Република.

]]>

Дијабетот како еден од најчестите здравствени проблеми кај нас и во светот, покрај тоа што го погодува нашето физичко здравје, според голем број истражувања влијае и на нашето ментално здравје и расположение. Првиот и очигледен проблем кој се јавува поради дијабетот е променливото и нестабилно ниво на енергија. Ова може да доведе и до нестабилност и променливост во расположението, да предизвика раздразливост, иритираност, нервоза, анксиозност, нетрпеливост и сл. Во овој поглед, голем број истражувања покажуваат дека дијабетичарите може да имаат потешкотии во одржувањето на константно и стабилно расположение, а тоа пак може негативно да влијае на нивниот однос со луѓето околу нив. Дополнително, самата здравствена состојба - дијабетот, може да биде извор на еден вид „психичко оптоварување“, стрес и анксиозност кај пациентите, поради самото сознание за оваа живото-загрозувачка болест. Секојдневното внимавање на исхраната, мерењето на шеќерот во крвта, внимавањето на симптомите - може да предизвика константен, хроничен стрес, со негативен одраз и врз расположението. Според некои истражувања околу 25% од луѓето со дијабет тип 1 и околу 15% од луѓето со дијабет тип 2, чувствуваат ваков притисок, стрес и анксиозност. Исто така, одредени глобални статистики покажуваат дека дури 25% од лицата со дијабет имаат некаков степен на депресија. Се смета дека хипергликемијата (покачениот крвен шеќер) се манифестира преку чувство на нервоза, тага и вознемиреност, додека хипогликемијата (низок крвен шеќер) се препознава преку надразливост, глад и иритираност. Силните варијации во нивото на шеќер во крвта, предизвикуваат брзи промени во нивото на енергија и расположението, не само кај дијабетичарите туку и кај навидум здравите индивидуи кои често консумираат храна богата со рафинирани (прости) шеќери. Имено, брзите скокови, т.н „пикови“ во нивото на шеќер во крвта кои се препознаваат преку зголемената енергија, се проследени со високо излачување на инсулин и брз пад на нивото на шеќер во крвта, поради што потоа настанува чувство на замор, безенергичност и раздразливост.

Како можеме позитивно да влијаеме врз ваквата состојба?

Како и со останатите проблеми кои се јавуваат како резултат на дијабетот, најдоброто решение најверојатно лежи во навремените, превентивни чекори. Тоа значи препознавањето на раните симптоми на пре-дијабетот и дијабетот, за негово порано дијагностицирање, а со тоа и навремен третман и лекување. А ова пак подразбира и внимавање и регулирање на исхраната, редовност во физичката активност, менаџирање на стресот, воведување на здрави и редовни навики за спиење и сл. Сето ова, може да ја промени на подобро целосната здравствената состојба кај лицата со дијабет.

The post Како влијае дијабетот на нашето расположение? appeared first on Република.

]]>
Прекумерната сол во исхраната го зголемува ризикот од дијабет https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/prekumernata-sol-vo-ishranata-go-zgolemuva-rizikot-od-dijabet/ Mon, 10 Apr 2023 10:04:23 +0000 https://republika.mk/?p=629394

90% од возрасните лица внесуваат повеќе сол од што им е потребно и со тоа го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, бубрежни нарушувања, а со тоа и од дијабет.

Статистиките во однос на заболувањата од дијабет се сè позагрижувачки. Бројот на заболени секојдневно расте, во светски рамки, но и кај нас во Македонија. Пред сѐ ова се должи на лошите животни навики, стресот, начинот на исхраната и физичката неактивност, факти поткрепени од СЗО и други здравствени организации.

Но, кога станува збор за исхраната, тука проблемот е посложен. Повеќето од нас купуваат процесирани производи, подготвени за долготрајно чување и „збогатени“ со адитиви, едвај читливи. Сепак мора да ги прочитате за да знаете што купувате и дали одредени состојки штетно влијаат на вашето здравје, особено при нивна почеста употреба. Една од нив е и солта!

Солта ни е неопходна, но во ограничени количества!

Основна состојка на солта е натриумот. Организмот на човекот има потреба од мали количиства на натриум, бидејќи е значаен за пренесување на нервните импулси, за контракциите и релаксирањето на мускулите, како и за одржување на правилен баланс на вода и минерални материи во организмот. Дополнително, солта е јодирана, односно има солидни количества од неопходниот минерал за нашето здравје - јодот.

Според Светската здравствена организација препорачан дневен внес на сол изнесува до 4g. Но, со денешниот вообичаен начин на исхрана, невнесувањето на повеќе од 4g сол преку исхраната, претставува вистински предизвик. Според одредени истражувања на американскиот CDC, дури 90% од возрасните лица внесуваат повеќе сол од што им е потребно.

Кога натриумот е внесен преку исхраната во доста поголеми количини, може да создаде проблеми како што се покачен или висок притисок, заболувања на срцето и срцев удар. Исто така, може да предизвика губење на калциумот, кој најчесто се губи од коските со што доаѓа до зголемен ризик од различни заболувања на коските.

Каква е релацијата помеѓу дијабетот и солта?

Претерувањето со солта иако не води директно кон дијабет, сепак индиректно влијае и тоа преку:

1. Зголемен ризик од кардиоваскуларни болести

Натриумот е одговорен за контролирањето на балансот на течности во организмот, што е многу важно и за регулацијата на крвниот волумен и притисок. Претерувањето со солта води кон флуидна ретенција (задржување на течностите во организмот), што неминовно го покачува крвниот притисок, а високиот крвен притисок е директно поврзан со зголемениот ризик од повеќето кардиоваскуларни болести.

Лицата со дијабет имаат значително поголем ризик од срцеви болести, во споредба со здравите лица. Одредени истражувања велат дека лицата со дијабет, имаат дури 4 пати поголем ризик од смртност од некаква кардиоваскуларна болест, во однос на лицата кои го немаат ова заболување. Ова е случај, бидејќи пациентите со дијабет тип 2 најчесто имаат барем еден од следните здравствени проблеми: метаболeн синдром, обесност, покачен крвен притисок, нарушен липиден статус (покачени триглицериди и холестерол), физичка неактивност и слично. Овие силни ризик-фактори за дијабет, во исто време се поеднакво силни и во однос на зголемувањето на опасноста од срцеви заболувања.

Така, кај лицата што страдаат од дијабет, самото постоење на дијагнозата веќе претставува проблем. Заради овие причини, тие треба да бидат посебно внимателни, односно максимално да ги избегнуваат другите ризик-фактори за срцеви болести, особено оние кои можат полесно да бидат контролирани, помеѓу кои и консумирањето на солта.

2. Зголемен ризик од компликации со стапалата

Зголемениот притисок поттикнат од прекумерната употреба на солта, може да води кон отоци на стапалата. Секоја повреда на овој дел од телото претставува сериозна опасност за лицата со дијабет.

3. Зголемен ризик од бубрежни нарушувања

Дијабетот е всушност една од најчестите причини за бубрежните болести. Речиси ¼ од дијабетичарите развиваат некакви бубрежни заболувања.

Дијабетот подразбира покачени нивоа на глукоза во крвта кои помеѓу останатото можат да предизвикаат одредени оштетувања во крвните садови на бубрезите. Таквите оштетувања ги спречуваат крвните садови во вршењето на својата задача, па бубрежните ткива остануваат без крв и неопходни нутриенти, што значи на подолг рок и тие се оштетуваат.

Оттука, можеме да заклучиме дека ако постојат дилеми околу тоа дали здравите лица треба строго да го контролираат внесот на солта и околу тоа која е точната строга граница на максимален внес на солта, можеме да кажеме дека кај заболените од дијабет ситуацијата е ,,почиста”. Тие дефинитивно треба посериозно да ја сфатат потребата од контролиран внес на солта.

Како да го намалиме внесот на сол во организмот?

Наједноставниот совет од кој можете да почнете е: Почесто јадете храна која самите ќе ја подготвувате дома и максимално избегнувајте процесирани прехранбени производи.

Истражувањата покажуваат дека огромниот процент од прекумерно внесена сол најчесто доаѓа од јадењето ,,купечка” односно храна од маркетите, а не од честото употребување на домашниот соларник.

Ова не значи дека не треба да внимавате и на соларникот! Внесувајте од половина, до максимум лажичка сол дневно (тоа е веќе над 5g!).

Солта е силен појачувач на вкус, па затоа честото и пообемно користење на различните зачини (исто така појачувачи на вкусот) кои најчесто се и доста здрави, може да води кон драстично намалена потреба од сол!

За да ги искористите бенефитите на јодот од солта, односно тој да не испари или да не сублимира, не купувајте премногу сол која ќе ја складирате и додавајте од солта при крајот на готвењето, а не на почетокот.

Дополнително, исто така многу битен аспект од контролирањето на внесот на солта е и препознавањето на храната со т.н. скриена сол.

Дури до 80% од солта која ја внесуваме е скриена во секојдневните производи. Добри примери за прехранбени производи со скриена сол се:

  • Лебот - една резенка содржи и до 0,5 g сол. Тоа би значело дека само со неколку парчиња леб, внесуваме доволно сол за целиот ден!
  • Најразлични видови сирења, но и млечни производи.
  • Каков било вид на храна во конзерва.
  • Кисели краставички.
  • Месни производи.
  • Различни сосови.
  • Брза храна.
  • Замрзнати оброци.
  • Пици
  • Сендвичи
  • Лиснати теста
  • Гранола мусли и колачиња.
  • Саламурени производи.

Превенцијата е најдобриот лек, затоа внимавајте на состојките во исхраната - “храната може да биде лек, но и отров“.

The post Прекумерната сол во исхраната го зголемува ризикот од дијабет appeared first on Република.

]]>

90% од возрасните лица внесуваат повеќе сол од што им е потребно и со тоа го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, бубрежни нарушувања, а со тоа и од дијабет. Статистиките во однос на заболувањата од дијабет се сè позагрижувачки. Бројот на заболени секојдневно расте, во светски рамки, но и кај нас во Македонија. Пред сѐ ова се должи на лошите животни навики, стресот, начинот на исхраната и физичката неактивност, факти поткрепени од СЗО и други здравствени организации. Но, кога станува збор за исхраната, тука проблемот е посложен. Повеќето од нас купуваат процесирани производи, подготвени за долготрајно чување и „збогатени“ со адитиви, едвај читливи. Сепак мора да ги прочитате за да знаете што купувате и дали одредени состојки штетно влијаат на вашето здравје, особено при нивна почеста употреба. Една од нив е и солта!

Солта ни е неопходна, но во ограничени количества!

Основна состојка на солта е натриумот. Организмот на човекот има потреба од мали количиства на натриум, бидејќи е значаен за пренесување на нервните импулси, за контракциите и релаксирањето на мускулите, како и за одржување на правилен баланс на вода и минерални материи во организмот. Дополнително, солта е јодирана, односно има солидни количества од неопходниот минерал за нашето здравје - јодот. Според Светската здравствена организација препорачан дневен внес на сол изнесува до 4g. Но, со денешниот вообичаен начин на исхрана, невнесувањето на повеќе од 4g сол преку исхраната, претставува вистински предизвик. Според одредени истражувања на американскиот CDC, дури 90% од возрасните лица внесуваат повеќе сол од што им е потребно. Кога натриумот е внесен преку исхраната во доста поголеми количини, може да создаде проблеми како што се покачен или висок притисок, заболувања на срцето и срцев удар. Исто така, може да предизвика губење на калциумот, кој најчесто се губи од коските со што доаѓа до зголемен ризик од различни заболувања на коските.

Каква е релацијата помеѓу дијабетот и солта?

Претерувањето со солта иако не води директно кон дијабет, сепак индиректно влијае и тоа преку: 1. Зголемен ризик од кардиоваскуларни болести Натриумот е одговорен за контролирањето на балансот на течности во организмот, што е многу важно и за регулацијата на крвниот волумен и притисок. Претерувањето со солта води кон флуидна ретенција (задржување на течностите во организмот), што неминовно го покачува крвниот притисок, а високиот крвен притисок е директно поврзан со зголемениот ризик од повеќето кардиоваскуларни болести. Лицата со дијабет имаат значително поголем ризик од срцеви болести, во споредба со здравите лица. Одредени истражувања велат дека лицата со дијабет, имаат дури 4 пати поголем ризик од смртност од некаква кардиоваскуларна болест, во однос на лицата кои го немаат ова заболување. Ова е случај, бидејќи пациентите со дијабет тип 2 најчесто имаат барем еден од следните здравствени проблеми: метаболeн синдром, обесност, покачен крвен притисок, нарушен липиден статус (покачени триглицериди и холестерол), физичка неактивност и слично. Овие силни ризик-фактори за дијабет, во исто време се поеднакво силни и во однос на зголемувањето на опасноста од срцеви заболувања. Така, кај лицата што страдаат од дијабет, самото постоење на дијагнозата веќе претставува проблем. Заради овие причини, тие треба да бидат посебно внимателни, односно максимално да ги избегнуваат другите ризик-фактори за срцеви болести, особено оние кои можат полесно да бидат контролирани, помеѓу кои и консумирањето на солта. 2. Зголемен ризик од компликации со стапалата Зголемениот притисок поттикнат од прекумерната употреба на солта, може да води кон отоци на стапалата. Секоја повреда на овој дел од телото претставува сериозна опасност за лицата со дијабет. 3. Зголемен ризик од бубрежни нарушувања Дијабетот е всушност една од најчестите причини за бубрежните болести. Речиси ¼ од дијабетичарите развиваат некакви бубрежни заболувања. Дијабетот подразбира покачени нивоа на глукоза во крвта кои помеѓу останатото можат да предизвикаат одредени оштетувања во крвните садови на бубрезите. Таквите оштетувања ги спречуваат крвните садови во вршењето на својата задача, па бубрежните ткива остануваат без крв и неопходни нутриенти, што значи на подолг рок и тие се оштетуваат. Оттука, можеме да заклучиме дека ако постојат дилеми околу тоа дали здравите лица треба строго да го контролираат внесот на солта и околу тоа која е точната строга граница на максимален внес на солта, можеме да кажеме дека кај заболените од дијабет ситуацијата е ,,почиста”. Тие дефинитивно треба посериозно да ја сфатат потребата од контролиран внес на солта.

Како да го намалиме внесот на сол во организмот?

Наједноставниот совет од кој можете да почнете е: Почесто јадете храна која самите ќе ја подготвувате дома и максимално избегнувајте процесирани прехранбени производи. Истражувањата покажуваат дека огромниот процент од прекумерно внесена сол најчесто доаѓа од јадењето ,,купечка” односно храна од маркетите, а не од честото употребување на домашниот соларник. Ова не значи дека не треба да внимавате и на соларникот! Внесувајте од половина, до максимум лажичка сол дневно (тоа е веќе над 5g!). Солта е силен појачувач на вкус, па затоа честото и пообемно користење на различните зачини (исто така појачувачи на вкусот) кои најчесто се и доста здрави, може да води кон драстично намалена потреба од сол! За да ги искористите бенефитите на јодот од солта, односно тој да не испари или да не сублимира, не купувајте премногу сол која ќе ја складирате и додавајте од солта при крајот на готвењето, а не на почетокот. Дополнително, исто така многу битен аспект од контролирањето на внесот на солта е и препознавањето на храната со т.н. скриена сол. Дури до 80% од солта која ја внесуваме е скриена во секојдневните производи. Добри примери за прехранбени производи со скриена сол се:
  • Лебот - една резенка содржи и до 0,5 g сол. Тоа би значело дека само со неколку парчиња леб, внесуваме доволно сол за целиот ден!
  • Најразлични видови сирења, но и млечни производи.
  • Каков било вид на храна во конзерва.
  • Кисели краставички.
  • Месни производи.
  • Различни сосови.
  • Брза храна.
  • Замрзнати оброци.
  • Пици
  • Сендвичи
  • Лиснати теста
  • Гранола мусли и колачиња.
  • Саламурени производи.
Превенцијата е најдобриот лек, затоа внимавајте на состојките во исхраната - “храната може да биде лек, но и отров“.

The post Прекумерната сол во исхраната го зголемува ризикот од дијабет appeared first on Република.

]]>
Проблеми со крвниот притисок и дијабетот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/problemi-so-krvniot-pritisok-i-dijabetot/ Mon, 03 Apr 2023 10:49:15 +0000 https://republika.mk/?p=626630

Постојат бројни фактори кои се заслужни за појавата на дијабетот, меѓу кои и генетиката, но секако не можеме да го исклучиме и нашиот начин на живот. Во тој поглед, проблемите со кардиоваскуларното здравје, а особено покачениот крвен притисок може да претставуваат ризик фактор за појава на дијабет.

Што претставува дијабетот?

Дијабетот е состојба кога телото неправилно ја искористува и се справува со глукозата која е присутна во крвта. Ова е најчесто поради недоволно количество на хормонот - инсулин или поради негова неефективност. Тој е одговорен за правилно регулирање и искористување на глукозата од крвта. Со негова помош таа успешно навлегува во клетките каде се искористува како извор на енергија.

Постојат повеќе типови на дијабет - тип 1, тип 2, пред-дијабетна состојба, како и гестациски дијабет. Ризик факторите се бројни, но најчести се: генетските, прекумерната телесна тежина, возраста, слабата физичка активност, останатите здравствени состојби (хипертензија, покачен холестерол, покачени триглицериди), бременост и сл.

Како се поврзани покачениот крвен притисок и дијабетот?

Луѓето кои имаат дијабет тип 2, треба особено да внимаваат на својот крвен притисок и редовно да го контролираат. Доколку има покачување во вредностите на крвниот притисок (хипертензија), потребно е соодветно третирање за истиот да се доведе во нормала. Доколку не се третира, покачениот крвен притисок може да доведе до бројни компликации кај лицата со дијабет.

Можно е да се јават проблеми  со видот и здравјето на бубрезите, како и проблеми со циркулација и нарушено кардиоваскуларно здравје. Комбинацијата од дијабет и покачен крвен притисок е особено опасна за крвните садови. Имено, дијабетот ги оштетува нашите крвни садови и придонесува за нивно стврднување - состојба која се нарекува артериосклероза. Ова дополнително може да го покачи крвниот притисок и да предизвика проблеми со здравјето - особено зголемувајќи го ризикот од оштетување на крвните садови, од инфаркт, од мозочен удар или за проблеми со бубрезите.

Според некои проценки, луѓето коишто имаат и дијабет и покачен крвен притисок имаат 4 пати поголем ризик од појава на кардиоваскуларни проблеми, отколку оние кои ги немаат овие две состојби. Исто така, се проценува дека над 60% од луѓето со дијабет имаат покачен крвен притисок. Ризикот за кардиоваскуларни проблеми дополнително се зголемува доколку се присутни и некои други ризик фактори:

  • покачена телесна тежина
  • пушење
  • консумирање на прекумерни количества алкохол
  • физичка неактивност
  • исхрана богата со масти и сол
  • генетски предиспозиции
  • возраст

Како да го намалиме ризикот?

Контролирањето на дијабетот, односно нормализирањето и балансирањето на шеќерот во крвта значи и контрола врз нашата севкупна здравствена состојба, што пак индиректно ќе влијае позитивно и на нашиот крвен притисок. Најлошото нешто што може да го направиме е да бидеме пасивни околу нашето здравје. Крвниот притисок особено може да биде проблематичен бидејќи не покажува забележителни симптоми, па поради тоа луѓето живеат со нетретирана хипертензија со години.

Најдоброто и наједноставното решение е во нас, во нашите секојдневни навики. Во тој поглед се препорачува:

  • здрава и избалансирана исхрана (консумирање на храна богата со растителни влакна, редовно внесување на овошје, зеленчук, мешунки, полнозрнести житарки, избегнување на црвеното месо, редовно консумирање на риба и сл.)
  • редовна физичка активност
  • менаџирање и контролирање на стресот
  • откажување на цигарите
  • консумирање на алкохол само во умерени количини
  • избегнување на процесирана храна која е богата со додадени шеќери, масти и сол

Позитивните промени во начинот на живеење можат значително да ја подобрат вашата здравствена состојба и да влијаат превентивно.

The post Проблеми со крвниот притисок и дијабетот appeared first on Република.

]]>

Постојат бројни фактори кои се заслужни за појавата на дијабетот, меѓу кои и генетиката, но секако не можеме да го исклучиме и нашиот начин на живот. Во тој поглед, проблемите со кардиоваскуларното здравје, а особено покачениот крвен притисок може да претставуваат ризик фактор за појава на дијабет.

Што претставува дијабетот?

Дијабетот е состојба кога телото неправилно ја искористува и се справува со глукозата која е присутна во крвта. Ова е најчесто поради недоволно количество на хормонот - инсулин или поради негова неефективност. Тој е одговорен за правилно регулирање и искористување на глукозата од крвта. Со негова помош таа успешно навлегува во клетките каде се искористува како извор на енергија. Постојат повеќе типови на дијабет - тип 1, тип 2, пред-дијабетна состојба, како и гестациски дијабет. Ризик факторите се бројни, но најчести се: генетските, прекумерната телесна тежина, возраста, слабата физичка активност, останатите здравствени состојби (хипертензија, покачен холестерол, покачени триглицериди), бременост и сл.

Како се поврзани покачениот крвен притисок и дијабетот?

Луѓето кои имаат дијабет тип 2, треба особено да внимаваат на својот крвен притисок и редовно да го контролираат. Доколку има покачување во вредностите на крвниот притисок (хипертензија), потребно е соодветно третирање за истиот да се доведе во нормала. Доколку не се третира, покачениот крвен притисок може да доведе до бројни компликации кај лицата со дијабет. Можно е да се јават проблеми  со видот и здравјето на бубрезите, како и проблеми со циркулација и нарушено кардиоваскуларно здравје. Комбинацијата од дијабет и покачен крвен притисок е особено опасна за крвните садови. Имено, дијабетот ги оштетува нашите крвни садови и придонесува за нивно стврднување - состојба која се нарекува артериосклероза. Ова дополнително може да го покачи крвниот притисок и да предизвика проблеми со здравјето - особено зголемувајќи го ризикот од оштетување на крвните садови, од инфаркт, од мозочен удар или за проблеми со бубрезите. Според некои проценки, луѓето коишто имаат и дијабет и покачен крвен притисок имаат 4 пати поголем ризик од појава на кардиоваскуларни проблеми, отколку оние кои ги немаат овие две состојби. Исто така, се проценува дека над 60% од луѓето со дијабет имаат покачен крвен притисок. Ризикот за кардиоваскуларни проблеми дополнително се зголемува доколку се присутни и некои други ризик фактори:
  • покачена телесна тежина
  • пушење
  • консумирање на прекумерни количества алкохол
  • физичка неактивност
  • исхрана богата со масти и сол
  • генетски предиспозиции
  • возраст

Како да го намалиме ризикот?

Контролирањето на дијабетот, односно нормализирањето и балансирањето на шеќерот во крвта значи и контрола врз нашата севкупна здравствена состојба, што пак индиректно ќе влијае позитивно и на нашиот крвен притисок. Најлошото нешто што може да го направиме е да бидеме пасивни околу нашето здравје. Крвниот притисок особено може да биде проблематичен бидејќи не покажува забележителни симптоми, па поради тоа луѓето живеат со нетретирана хипертензија со години. Најдоброто и наједноставното решение е во нас, во нашите секојдневни навики. Во тој поглед се препорачува:
  • здрава и избалансирана исхрана (консумирање на храна богата со растителни влакна, редовно внесување на овошје, зеленчук, мешунки, полнозрнести житарки, избегнување на црвеното месо, редовно консумирање на риба и сл.)
  • редовна физичка активност
  • менаџирање и контролирање на стресот
  • откажување на цигарите
  • консумирање на алкохол само во умерени количини
  • избегнување на процесирана храна која е богата со додадени шеќери, масти и сол
Позитивните промени во начинот на живеење можат значително да ја подобрат вашата здравствена состојба и да влијаат превентивно.

The post Проблеми со крвниот притисок и дијабетот appeared first on Република.

]]>
Пред-дијабет – предупредување за навремен третман и лекување на дијабетес тип 2 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pred-dijabet-predupreduvane-za-navremen-tretman-i-lekuvane-na-dijabetes-tip-2/ Thu, 30 Mar 2023 11:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=625459

Дијабетот денес прераснува во своевидна пандемија, опфаќајќи го секој единаесетти човек на глобално ниво, односно над 400 милиони луѓе. Дополнително загрижува фактот што ваквата енормна бројка е во постепен, благ раст. Причините за ваквиот тренд се бројни, а како дел од нив може да ги издвоиме: генетиката, исхраната, недостатокот од физичка активност, стресот и сл. Начинот на живот е најверојатно најважниот фактор кој сериозно го зголемува или пак намалува ризикот за дијабет, но и за голем  број други здравствени состојби.

За среќа, нашето тело понекогаш ни дава предупредувачки сигнали, односно доаѓа до појава на пред-дијабет т.н „жолт картон“ пред појавата на дијабет. Доколку дојде до појава на пред-дијабет или рана фаза на дијабет тип 2, важно е и неопходно е да се препознаат и воочат раните знаци и симптоми на болеста.

Што претставува дијабетот тип 2

Дијабетот тип 2 претставува состојба во која  телото неправилно и отежнато се справува со шеќерот во крвта. Се работи за хронична состојба која резултира главно поради 2 причини. Едната е поради панкреасот кој не произведува доволно инсулин, а како втора причина се смета намалената сензитивност, односно влошениот и ослабнат одговор на клетките кон инсулинот. Ова доведува до неефективно дејство на инсулинот, со што клетките внесуваат помалку шеќер во себе од потребното.

Дијабетот тип 2 се асоцира со повозрасната популација, но за жал, денешниот начин на исхрана и сè почестата застапеност на прекумерната телесна тежина кај популацијата, доведува до појава на овој тип на дијабет и кај помладата популација.

За дијабетот тип 2 не постои конкретен лек, но се смета дека регулирањето на телесната тежина, здравата и балансирана исхрана и редовната физичка активност можат да помогнат болеста да се одржува под контрола.

Кои се раните знаци и симптоми за појава на овој тип дијабет?

Знаците и симптомите на оваа болест се појавуваат доста бавно и често луѓето живеат подолг период без воопшто да бидат свесни дека имаат дијабет тип 2. Затоа е важно да се препознаат и воочат раните симптоми кои може да ни помогнат навремено да ја дијагностицираме ваквата состојба.

Дел од почетните симптоми на дијабетот тип 2 се:

  1. Зачестено мокрење - се јавува како резултат на зголемениот обем на работа на бубрезите кои се обидуваат да го исфрлат вишокот шеќер од крвта.
  2. Зголемена жед - ваквиот симптом се поврзува и со зачестеното мокрење, односно потребата на организмот побрзо и во поголема мера да ја филтрира крвта со цел да го исфрли вишокот шеќер од крвта.
  3. Редовно чувство на глад - лицата со дијабет најчесто не добиваат доволно енергија од храната која ја внесуваат. Глукозата која е присутна во крвта, не доаѓа ефективно и во доволни количини до нашите клетки, а тоа значи дека можно е да се јави константно чувство на глад.
  4. Чувство на замор - поради недоволната искористенот на шеќерот, се јавува и одреден недостаток на енергија кај лицата со дијабет. Тоа може да предизвика константно чувство на замор.
  5. Заматен вид - вишокот шеќер кој е присутен во малите крвни садови во очите може да предизвика одредено заматување на видот. Тоа може да се јави кај едното око или во двете очи и може да е привремено и ретко.
  6. Чувство на пецкање или болка во дланките и стапалата - високото ниво на шеќер во крвта може да доведе до оштетување на нервите, а со тоа да се јави и чувство на пецкање или непријатност, особено во дланките и стапалата.
  7. Бавно заздравување на рани и исекотини - високото ниво на шеќер во крвта ги оштетува нервите и крвните садови што доведува и до намалена циркулација. Поради тоа, повредите од типот на рани и исекотини заздравуваат побавно и ризикот за инфекција кај нив е зголемен.

Препознавањето на раните симптоми може да значи и порана дијагноза, а со тоа и навремен третман и лекување. Тоа може значително да го смени текот на оваа здравствена состојба, а и да го заштити и подобри целокупното здравје. Доколку не се третира, дијабетот може да доведе до сериозни проблеми како: срцеви заболувања, мозочен удар, оштетување на нервите, оштетување на бубрезите, нарушен вид, па дури и смрт.

Покрај лекарствата кои може да помогнат при третирање на кој било тип на дијабет, промените во животните навики исто така можат да имаат исклучително позитивен ефект.

Регулирање на телесната тежина, поредовна физичка активност, добра хигиена на спиење, избегнување и контролирање на стресот и секако здрава исхрана се дел од најчестите препораки за подобро справување, па дури и превенција на дијабетот.

Доколку дијабетот веќе настанал, еден од првите чекори коишто треба да се преземат е посветување внимание на исхраната и на здравите животни навики.

The post Пред-дијабет – предупредување за навремен третман и лекување на дијабетес тип 2 appeared first on Република.

]]>

Дијабетот денес прераснува во своевидна пандемија, опфаќајќи го секој единаесетти човек на глобално ниво, односно над 400 милиони луѓе. Дополнително загрижува фактот што ваквата енормна бројка е во постепен, благ раст. Причините за ваквиот тренд се бројни, а како дел од нив може да ги издвоиме: генетиката, исхраната, недостатокот од физичка активност, стресот и сл. Начинот на живот е најверојатно најважниот фактор кој сериозно го зголемува или пак намалува ризикот за дијабет, но и за голем  број други здравствени состојби. За среќа, нашето тело понекогаш ни дава предупредувачки сигнали, односно доаѓа до појава на пред-дијабет т.н „жолт картон“ пред појавата на дијабет. Доколку дојде до појава на пред-дијабет или рана фаза на дијабет тип 2, важно е и неопходно е да се препознаат и воочат раните знаци и симптоми на болеста.

Што претставува дијабетот тип 2

Дијабетот тип 2 претставува состојба во која  телото неправилно и отежнато се справува со шеќерот во крвта. Се работи за хронична состојба која резултира главно поради 2 причини. Едната е поради панкреасот кој не произведува доволно инсулин, а како втора причина се смета намалената сензитивност, односно влошениот и ослабнат одговор на клетките кон инсулинот. Ова доведува до неефективно дејство на инсулинот, со што клетките внесуваат помалку шеќер во себе од потребното. Дијабетот тип 2 се асоцира со повозрасната популација, но за жал, денешниот начин на исхрана и сè почестата застапеност на прекумерната телесна тежина кај популацијата, доведува до појава на овој тип на дијабет и кај помладата популација. За дијабетот тип 2 не постои конкретен лек, но се смета дека регулирањето на телесната тежина, здравата и балансирана исхрана и редовната физичка активност можат да помогнат болеста да се одржува под контрола.

Кои се раните знаци и симптоми за појава на овој тип дијабет?

Знаците и симптомите на оваа болест се појавуваат доста бавно и често луѓето живеат подолг период без воопшто да бидат свесни дека имаат дијабет тип 2. Затоа е важно да се препознаат и воочат раните симптоми кои може да ни помогнат навремено да ја дијагностицираме ваквата состојба. Дел од почетните симптоми на дијабетот тип 2 се:
  1. Зачестено мокрење - се јавува како резултат на зголемениот обем на работа на бубрезите кои се обидуваат да го исфрлат вишокот шеќер од крвта.
  2. Зголемена жед - ваквиот симптом се поврзува и со зачестеното мокрење, односно потребата на организмот побрзо и во поголема мера да ја филтрира крвта со цел да го исфрли вишокот шеќер од крвта.
  3. Редовно чувство на глад - лицата со дијабет најчесто не добиваат доволно енергија од храната која ја внесуваат. Глукозата која е присутна во крвта, не доаѓа ефективно и во доволни количини до нашите клетки, а тоа значи дека можно е да се јави константно чувство на глад.
  4. Чувство на замор - поради недоволната искористенот на шеќерот, се јавува и одреден недостаток на енергија кај лицата со дијабет. Тоа може да предизвика константно чувство на замор.
  5. Заматен вид - вишокот шеќер кој е присутен во малите крвни садови во очите може да предизвика одредено заматување на видот. Тоа може да се јави кај едното око или во двете очи и може да е привремено и ретко.
  6. Чувство на пецкање или болка во дланките и стапалата - високото ниво на шеќер во крвта може да доведе до оштетување на нервите, а со тоа да се јави и чувство на пецкање или непријатност, особено во дланките и стапалата.
  7. Бавно заздравување на рани и исекотини - високото ниво на шеќер во крвта ги оштетува нервите и крвните садови што доведува и до намалена циркулација. Поради тоа, повредите од типот на рани и исекотини заздравуваат побавно и ризикот за инфекција кај нив е зголемен.
Препознавањето на раните симптоми може да значи и порана дијагноза, а со тоа и навремен третман и лекување. Тоа може значително да го смени текот на оваа здравствена состојба, а и да го заштити и подобри целокупното здравје. Доколку не се третира, дијабетот може да доведе до сериозни проблеми како: срцеви заболувања, мозочен удар, оштетување на нервите, оштетување на бубрезите, нарушен вид, па дури и смрт. Покрај лекарствата кои може да помогнат при третирање на кој било тип на дијабет, промените во животните навики исто така можат да имаат исклучително позитивен ефект. Регулирање на телесната тежина, поредовна физичка активност, добра хигиена на спиење, избегнување и контролирање на стресот и секако здрава исхрана се дел од најчестите препораки за подобро справување, па дури и превенција на дијабетот. Доколку дијабетот веќе настанал, еден од првите чекори коишто треба да се преземат е посветување внимание на исхраната и на здравите животни навики.

The post Пред-дијабет – предупредување за навремен третман и лекување на дијабетес тип 2 appeared first on Република.

]]>
Позадината штити од дијабетис, крвен притисок и срце: Жените со големи задници се отпорни на хронични болести https://arhiva3.republika.mk/intima/pozadinata-shtiti-od-dijabetis-krven-pritisok-i-srce-zenite-so-golemi-zadnici-se-otporni-na-hronichni-bolesti/ Sat, 08 Jan 2022 20:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=442053

Неодамнешните истражувања покажаа дека жените со поголем задник се особено отпорни на хронични болести.

Грчкиот Професор Константинос Манолопулос, водечки научник на студијата и почесен консултант за ендокринологија, го истакна следново:

- Идејата дека распределбата на телесните масти е важна за здравјето е позната веќе подолго време. Сепак, неодамна се покажа дека масното ткиво на бутовите и големиот волумен на колковите го поддржуваат здравјето; Тоа сама по себе штити долниот дел од телото.

Големиот задник влијае и на нивото на лептин во женското тело, хормонот одговорен за регулирање на телесната тежина и динопектин, хормон кој има антиинфламаторни, здравствени својства на срцето и против дијабетес.

Треба да се напомене дека салото на стомакот, мастите во горниот дел од телото и дебелината - да не се поврзуваат со поголемиот задник .

Тие не се здрави и може да доведат до голем број здравствени проблеми како што се висок крвен притисок, дијабетес и висок холестерол

The post Позадината штити од дијабетис, крвен притисок и срце: Жените со големи задници се отпорни на хронични болести appeared first on Република.

]]>

Неодамнешните истражувања покажаа дека жените со поголем задник се особено отпорни на хронични болести. Грчкиот Професор Константинос Манолопулос, водечки научник на студијата и почесен консултант за ендокринологија, го истакна следново:
- Идејата дека распределбата на телесните масти е важна за здравјето е позната веќе подолго време. Сепак, неодамна се покажа дека масното ткиво на бутовите и големиот волумен на колковите го поддржуваат здравјето; Тоа сама по себе штити долниот дел од телото.
Големиот задник влијае и на нивото на лептин во женското тело, хормонот одговорен за регулирање на телесната тежина и динопектин, хормон кој има антиинфламаторни, здравствени својства на срцето и против дијабетес. Треба да се напомене дека салото на стомакот, мастите во горниот дел од телото и дебелината - да не се поврзуваат со поголемиот задник . Тие не се здрави и може да доведат до голем број здравствени проблеми како што се висок крвен притисок, дијабетес и висок холестерол

The post Позадината штити од дијабетис, крвен притисок и срце: Жените со големи задници се отпорни на хронични болести appeared first on Република.

]]>