дигитални учебници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/digitalni-uchebnici/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Apr 2024 12:35:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дигитални учебници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/digitalni-uchebnici/ 32 32 МОН: Дигиталните учебници се составен дел од Концепцијата за основно образование и програмата за основно образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-digitalnite-uchebnitsi-se-sostaven-del-od-kontseptsijata-za-osnovno-obrazovanie-i-programata-za-osnovno-obrazovanie/ Mon, 01 Apr 2024 12:35:10 +0000 https://republika.mk/?p=760941

Министерството за образование и наука најостро ги демантира шпекулациите, неточностите и наводите изнесени од страна на ВМРО ДПМНЕ во однос на електронските учебници на нивната прес конференција.

Интерактивните дигитални учебници се составен дел од Концепцијата за основно образование и програмата за основно образование, поддржана од Владата и од меѓународните организации, кои што и активно го имаат подржано процесот, велат од МОН.

МОН во изминатите 2 години реновираше 100-тина основни училишта, истите ги опреми со ИКТ опрема и интернет поврзливост во секоја училница и за првпат во државата ги дигитализираше учебниците за 4, 5 и 6 одделение на сите наставни јазици. 58,000 ученици, како и нивните родители, секојдневно не само што ги користат истите активно, туку постигнуваат подобри резултати токму поради практичноста и квалитетот на истите.

Разбирливо е ВМРО-ДПМНЕ да реагира на такви резултати, бидејќи нивна цел е да нема резултати од страна на МОН, а тие да се јават како спасители на образованието. Јавноста е сведок како во минатото беа фрлени десетици милиони евра за преводи на книги од светски автори кои што никој не ги чита и ден денес фаќаат прашина во подрумите на многу институции. Јавноста е сведок на Кембриџ програмата, која што остави трајни негативни последици по младите генерации – експеримент кој никогаш не смееше да се случи, се вели во соопштението на МОН.

Изработката на интерактивни дигитални учебници ќе продолжи во следните 3 години до целосно спроведување на реформата во основното образование и тоа нема врска со дневна политика, туку е стратешка определба и е дел од системски процес, кој што не треба да се стави под ризик од ниедна одговорна власт. Заради тоа, рамковните спогодби се законска категорија, а ќе се платат само услуги што ќе се извршат по нивното извршување, се додава во соопштението.

https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-na-samo-eden-mesets-pred-zaminuvane-od-vlast-dui-i-sds-pravat-javna-nabavka-za-digitalni-uchebnitsi/

The post МОН: Дигиталните учебници се составен дел од Концепцијата за основно образование и програмата за основно образование appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука најостро ги демантира шпекулациите, неточностите и наводите изнесени од страна на ВМРО ДПМНЕ во однос на електронските учебници на нивната прес конференција.
Интерактивните дигитални учебници се составен дел од Концепцијата за основно образование и програмата за основно образование, поддржана од Владата и од меѓународните организации, кои што и активно го имаат подржано процесот, велат од МОН.
МОН во изминатите 2 години реновираше 100-тина основни училишта, истите ги опреми со ИКТ опрема и интернет поврзливост во секоја училница и за првпат во државата ги дигитализираше учебниците за 4, 5 и 6 одделение на сите наставни јазици. 58,000 ученици, како и нивните родители, секојдневно не само што ги користат истите активно, туку постигнуваат подобри резултати токму поради практичноста и квалитетот на истите.
Разбирливо е ВМРО-ДПМНЕ да реагира на такви резултати, бидејќи нивна цел е да нема резултати од страна на МОН, а тие да се јават како спасители на образованието. Јавноста е сведок како во минатото беа фрлени десетици милиони евра за преводи на книги од светски автори кои што никој не ги чита и ден денес фаќаат прашина во подрумите на многу институции. Јавноста е сведок на Кембриџ програмата, која што остави трајни негативни последици по младите генерации – експеримент кој никогаш не смееше да се случи, се вели во соопштението на МОН.
Изработката на интерактивни дигитални учебници ќе продолжи во следните 3 години до целосно спроведување на реформата во основното образование и тоа нема врска со дневна политика, туку е стратешка определба и е дел од системски процес, кој што не треба да се стави под ризик од ниедна одговорна власт. Заради тоа, рамковните спогодби се законска категорија, а ќе се платат само услуги што ќе се извршат по нивното извршување, се додава во соопштението. https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-na-samo-eden-mesets-pred-zaminuvane-od-vlast-dui-i-sds-pravat-javna-nabavka-za-digitalni-uchebnitsi/

The post МОН: Дигиталните учебници се составен дел од Концепцијата за основно образование и програмата за основно образование appeared first on Република.

]]>
Митева: На само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДС прават јавна набавка за дигитални учебници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-na-samo-eden-mesets-pred-zaminuvane-od-vlast-dui-i-sds-pravat-javna-nabavka-za-digitalni-uchebnitsi/ Mon, 01 Apr 2024 11:02:00 +0000 https://republika.mk/?p=760908

Молкот на МОН за скандалозните јавни набавки за дигитални учебници по странски јазици само го потврдува тоа што го зборуваме – поништуваат јавна набавка со банално образложение, а предвидуваат нова набавка вредна милиони, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

Повторно прашуваме и ја потсетуваме јавноста прво за онаа набавка од 500.000 евра на фирмата ТРИМАКС за дигитални учебници кои никој не ги користеше, па се поставува прашањето дали сега повторно, на истата фирма и се доделени фантастични 800.000 евра. Дополнително е скандалозно што со новата набавка повторно на истата фирма и се доделуваат средства за дигитални учебници, и тоа повторно за 4 одделение, кои веќе беа опфатени со претходната набавка.

Состојбата во МОН е алармантна, на само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДС прават уште една јавна набавка, за дигитални учебници. Единствена разлика е што овој пат јавната набавка е за дигитални учебници за кои нема наставна програма. Односно, иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак се предвидени милионски суми за дигитални верзии.

Бидејќи МОН молчи, прашуваме директно дали и овој тендер планираат да го поделат со истата фирма, или дали овој пат тоа планираат да го сторат со Арс Студио, фирмата која доби тендер за фантастични 5 милиони евра за превод на учебници?

Почитувани, затоа промените се во твои и раце, Македонија повторно твоја!, рече Митева.

https://youtu.be/aPsj8VgG1d8?si=lB4s6bacqYSZPCY0

The post Митева: На само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДС прават јавна набавка за дигитални учебници appeared first on Република.

]]>

Молкот на МОН за скандалозните јавни набавки за дигитални учебници по странски јазици само го потврдува тоа што го зборуваме – поништуваат јавна набавка со банално образложение, а предвидуваат нова набавка вредна милиони, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева. Повторно прашуваме и ја потсетуваме јавноста прво за онаа набавка од 500.000 евра на фирмата ТРИМАКС за дигитални учебници кои никој не ги користеше, па се поставува прашањето дали сега повторно, на истата фирма и се доделени фантастични 800.000 евра. Дополнително е скандалозно што со новата набавка повторно на истата фирма и се доделуваат средства за дигитални учебници, и тоа повторно за 4 одделение, кои веќе беа опфатени со претходната набавка. Состојбата во МОН е алармантна, на само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДС прават уште една јавна набавка, за дигитални учебници. Единствена разлика е што овој пат јавната набавка е за дигитални учебници за кои нема наставна програма. Односно, иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак се предвидени милионски суми за дигитални верзии. Бидејќи МОН молчи, прашуваме директно дали и овој тендер планираат да го поделат со истата фирма, или дали овој пат тоа планираат да го сторат со Арс Студио, фирмата која доби тендер за фантастични 5 милиони евра за превод на учебници? Почитувани, затоа промените се во твои и раце, Македонија повторно твоја!, рече Митева. https://youtu.be/aPsj8VgG1d8?si=lB4s6bacqYSZPCY0

The post Митева: На само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДС прават јавна набавка за дигитални учебници appeared first on Република.

]]>
Нови набавки за дигитални учебници се објавени без наставни програми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novi-nabavkiza-digitalni-uchebnitsi-se-objaveni-bez-nastavni-programi/ Sun, 31 Mar 2024 10:49:53 +0000 https://republika.mk/?p=760605

Цели 5 години ДУИ и СДС не успеваат да обезбедат учебници по странски јазици во основното образование. Но, откако набрзина ги променија сите програми за сите странски јазици, за сите одделенија во основното образование, ја поништија и последната набавка. Иако истата беше распишана уште во мај 2023 година, истата дури сега ја поништија, со образложение дека немале предвидено средства за таа намена. Замислете, 5 години не можат да предвидат средства за нешто што е законска обврска!, обвини Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, затоа можеа да предвидат милионски суми за нови дигитални учебници. Да ја потсетиме јавноста за онаа набавка од 500.000 евра за дигитални учебници, кои никој не ги користеше. Сега повторно, на истата фирма и се доделени фантастични 800.000 евра. Иако првиот пат беа изработени дигитални учебници за 4-то одделение, со новата набавка повторно на истата фирма и се доделуваат средства за дигитални учебници, повторно за 4-то одделение!

https://www.youtube.com/watch?v=uUyJxnWXP38&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

И тука не запираат сомнителните тенденциозни набавки! Знаејќи дека наскоро ќе бидат опозиција, ДУИ и СДС решаваат да направат уште една јавна набавка, повторно за дигитални учебници, но овој пат за непостоечки учебници. Иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак тоа не ги спречува да предвидат милионски суми за дигитални верзии на непостоечките учебници. Сето тоа е предвидено во јавна набавка не за една, туку за наредните три години!

МОН треба да одговори дали и овој тендер планираат да го поделат со истата фирма, или овој пат тоа планираат да го сторат со исто така друга добро позната фирма на која своевремено и доделија фантастични 5 милиони евра за превод на учебници?Затоа почитувани време е за промени, а одговорност ќе мора да има

The post Нови набавки за дигитални учебници се објавени без наставни програми appeared first on Република.

]]>

Цели 5 години ДУИ и СДС не успеваат да обезбедат учебници по странски јазици во основното образование. Но, откако набрзина ги променија сите програми за сите странски јазици, за сите одделенија во основното образование, ја поништија и последната набавка. Иако истата беше распишана уште во мај 2023 година, истата дури сега ја поништија, со образложение дека немале предвидено средства за таа намена. Замислете, 5 години не можат да предвидат средства за нешто што е законска обврска!, обвини Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ. Но, затоа можеа да предвидат милионски суми за нови дигитални учебници. Да ја потсетиме јавноста за онаа набавка од 500.000 евра за дигитални учебници, кои никој не ги користеше. Сега повторно, на истата фирма и се доделени фантастични 800.000 евра. Иако првиот пат беа изработени дигитални учебници за 4-то одделение, со новата набавка повторно на истата фирма и се доделуваат средства за дигитални учебници, повторно за 4-то одделение! https://www.youtube.com/watch?v=uUyJxnWXP38&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title