Дигитална колекција Анте Поповски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/digitalna-kolektsija-ante-popovski/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 12:31:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дигитална колекција Анте Поповски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/digitalna-kolektsija-ante-popovski/ 32 32 Делото на Анте за сите нас е татковина: Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ја претстави дигиталната колекција Анте Поповски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/deloto-na-ante-za-site-nas-e-tatkovina-gradskata-biblioteka-braka-miladinovtsi-skopje-ja-pretstavi-digitalnata-kolektsija-ante-popovski/ Sat, 16 Nov 2024 11:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=838443

На денот на својот 79.роденден (15 ноември) Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ја претстави дигиталната колекција Анте Поповски, дел од отворениот ресурс Дигитална библиотека.

-Дигитализирањето на творештвото на Анте Поповски е наша силна заложба за негово доближување до сите истражувачи, студенти, средношколици и негово афирмирање, зашто Анте е еден и голем, не само поет, туку и мислител, општественик. Благодариме на довербата на неговото семејство, тие се пример како се чува оставнината, како се чува татковината, затоа што делото на Анте за сите нас е токму тоа, татковина - истакна директорката на ГБСК, Снежана Стојчевска.

Дигитализацијата е резултат на договорот за соработка со семејствотo и со Здружението „Атево перо“. Тие на библиоетеката ѝ отстапија книжен и некнижен материјал, дигитализиран од д-р Атина Цветановска, која докторираше токму на творештвото на академикот и поет Поповски. Колекцијата беше дополнета со објекти за кои библиотеката доби дозвола за дигитализација, а процесот на заедничко работење се совпадна и со два големи јубилеја: 60 години од објавувањето на книгата „Непокор“ и 40 години од објавувањето на „Сина песна“.

-Создавањето дигитални отпечатоци и ваквиот начин на документирање се придонес кон зачувување на македонската историја и можност за идна континуирана афирмација на македонскиот јазик и култура, како кај нас, така и во странство. Среќни сме што во Градската библиотека препознавме сериозен партнер и сојузник кој работи во насока на зачувување на трајните вредности – истакна Жорж Поповски, син на великиот Анте Поповски.

Пред многубојните студенти, средношколци, професори, научни истражувачи и библиотекари, за дигитализацијата говореа Гордана Андреева (советник библиотекар), Андријана Апостоловска (советник библиотекар) и Ивона Џамтоска Јанкуловска (виш библиотекар).

-Одделот за дигитализација во ГБСК започна да работи во 2007 година со оскудна опрема, но преку постојано стручно усовршување го подобривме процесот и апелираме до надлежните институции за поголемо разбирање за нашите потреби и проблеми. Само така ќе можеме да држиме чекор со европските библиотечни трендови и на идните генерации да им оставиме поголеми можности за учење и истражување – истакна Андреева од Одделот за дигитализација.

По презентацијата, студентите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ интерпретираа стихови од Анте Поповски достапни токму на дигиталната колекција.

Промовираната колекција е еден од клучните проекти на Библиотеката за оваа година, заедно со кампањата „Читаме современи македонски автори“, работилницата за креативно пишување за средношколци и проектот „Полска на полица“.

Свеченоста беше заокружена со доделување пофалници за работа на пензионираните библиотекари и најава за големиот јубилеј 80 години постоење на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во 2025 година.

 

 

The post Делото на Анте за сите нас е татковина: Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ја претстави дигиталната колекција Анте Поповски appeared first on Република.

]]>

На денот на својот 79.роденден (15 ноември) Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ја претстави дигиталната колекција Анте Поповски, дел од отворениот ресурс Дигитална библиотека. -Дигитализирањето на творештвото на Анте Поповски е наша силна заложба за негово доближување до сите истражувачи, студенти, средношколици и негово афирмирање, зашто Анте е еден и голем, не само поет, туку и мислител, општественик. Благодариме на довербата на неговото семејство, тие се пример како се чува оставнината, како се чува татковината, затоа што делото на Анте за сите нас е токму тоа, татковина - истакна директорката на ГБСК, Снежана Стојчевска. Дигитализацијата е резултат на договорот за соработка со семејствотo и со Здружението „Атево перо“. Тие на библиоетеката ѝ отстапија книжен и некнижен материјал, дигитализиран од д-р Атина Цветановска, која докторираше токму на творештвото на академикот и поет Поповски. Колекцијата беше дополнета со објекти за кои библиотеката доби дозвола за дигитализација, а процесот на заедничко работење се совпадна и со два големи јубилеја: 60 години од објавувањето на книгата „Непокор“ и 40 години од објавувањето на „Сина песна“. -Создавањето дигитални отпечатоци и ваквиот начин на документирање се придонес кон зачувување на македонската историја и можност за идна континуирана афирмација на македонскиот јазик и култура, како кај нас, така и во странство. Среќни сме што во Градската библиотека препознавме сериозен партнер и сојузник кој работи во насока на зачувување на трајните вредности – истакна Жорж Поповски, син на великиот Анте Поповски. Пред многубојните студенти, средношколци, професори, научни истражувачи и библиотекари, за дигитализацијата говореа Гордана Андреева (советник библиотекар), Андријана Апостоловска (советник библиотекар) и Ивона Џамтоска Јанкуловска (виш библиотекар). -Одделот за дигитализација во ГБСК започна да работи во 2007 година со оскудна опрема, но преку постојано стручно усовршување го подобривме процесот и апелираме до надлежните институции за поголемо разбирање за нашите потреби и проблеми. Само така ќе можеме да држиме чекор со европските библиотечни трендови и на идните генерации да им оставиме поголеми можности за учење и истражување – истакна Андреева од Одделот за дигитализација. По презентацијата, студентите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ интерпретираа стихови од Анте Поповски достапни токму на дигиталната колекција. Промовираната колекција е еден од клучните проекти на Библиотеката за оваа година, заедно со кампањата „Читаме современи македонски автори“, работилницата за креативно пишување за средношколци и проектот „Полска на полица“. Свеченоста беше заокружена со доделување пофалници за работа на пензионираните библиотекари и најава за големиот јубилеј 80 години постоење на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во 2025 година.    

The post Делото на Анте за сите нас е татковина: Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ја претстави дигиталната колекција Анте Поповски appeared first on Република.

]]>
Презентација на Дигитална колекција Анте Поповски во радската библиотека „Браќа Миладиновци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prezentatsija-na-digitalna-kolektsija-ante-popovski-vo-radskata-biblioteka-braka-miladinovtsi/ Fri, 15 Nov 2024 08:46:15 +0000 https://republika.mk/?p=837973

Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје по повод својот 79. роденден ќе ја презентира Дигиталната колекција Анте Поповски. Проектот е во соработка со семејството и Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски - Антево Перо, соопштија од библиотеката.

Дигитализирањето на творештвото на Поповски, како и целокупната дигитална платформа, велат од Градската библиотека, се од особено значење за афирмација на македонската култура и јазик и нивна поголема достапност до студентите, истражувачите и академската фела.

The post Презентација на Дигитална колекција Анте Поповски во радската библиотека „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>

Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје по повод својот 79. роденден ќе ја презентира Дигиталната колекција Анте Поповски. Проектот е во соработка со семејството и Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски - Антево Перо, соопштија од библиотеката. Дигитализирањето на творештвото на Поповски, како и целокупната дигитална платформа, велат од Градската библиотека, се од особено значење за афирмација на македонската култура и јазик и нивна поголема достапност до студентите, истражувачите и академската фела.

The post Презентација на Дигитална колекција Анте Поповски во радската библиотека „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ по повод 79. роденден ќе ја презентира Дигиталната колекција Анте Поповски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gradskata-biblioteka-braka-miladinovtsi-po-povod-79-rodenden-ke-ja-prezentira-digitalnata-kolektsija-ante-popovski/ Wed, 13 Nov 2024 11:12:23 +0000 https://republika.mk/?p=837138

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје по повод својот 79. роденден, в петок, на 15 ноември, во 12 часот ќе одржи презентација на Дигиталната колекција Анте Поповски. Проектот е во соработка со семејството и Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски - Антево Перо.

Дигитализирањето на творештвото на Поповски, како и целокупната дигитална платформа се од особено значење за афирмација на македонската култура и јазик и нивна поголема достапност до студентите, истражувачите и академската фела.

 

The post Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ по повод 79. роденден ќе ја презентира Дигиталната колекција Анте Поповски appeared first on Република.

]]>

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје по повод својот 79. роденден, в петок, на 15 ноември, во 12 часот ќе одржи презентација на Дигиталната колекција Анте Поповски. Проектот е во соработка со семејството и Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски - Антево Перо.

Дигитализирањето на творештвото на Поповски, како и целокупната дигитална платформа се од особено значење за афирмација на македонската култура и јазик и нивна поголема достапност до студентите, истражувачите и академската фела.

 

The post Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ по повод 79. роденден ќе ја презентира Дигиталната колекција Анте Поповски appeared first on Република.

]]>