диети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dieti/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Mar 2024 14:08:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png диети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dieti/ 32 32 Диетите со часовна рамка можна причина за повисока смртност од срцеви болести https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dietite-so-chasovna-ramka-mozhna-prichina-za-povisoka-smrtnost-od-srtsevi-bolesti/ Tue, 19 Mar 2024 14:06:53 +0000 https://republika.mk/?p=756360

Луѓето кои следат диети со периодично гладување во временска рамка, може да бидат повеќе склони кон смрт предизвикана од проблеми со срцето, според ново истражување објавено во „Њусвик“ (Newsweek).

Анализата опфати податоци од над 20.000 возрасни Американци. Кај лицата кои јаделе во рамки на одредени осум часа од денот, веројатноста да починат од кардиоваскуларни заболувања е 91 отсто поголема отколку кај оние кои следат вообичаен распоред на оброци. Ова се првични резултати од истражувањата од областа на епидемиологија, животен стил и кардиометаболизам на Aмериканското здружение за срцето (American Heart Association).

Ова откритие е неочекувано, бидејќи претходните испитувања наведуваат дека периодичното гладување го подобрува крвниот притисок, нивото на гликоза и холестеролот во крвта.

Постојат неколку начини на периодично гладување. Најчестиот сепак е „16/8“, којшто вклучува 16 часа нејадење на ден и дозволени осум часа за јадење. Доста популарна е и диетата „5:2“, што вклучува вообичаено јадење оброци пет дена во седмицата, а ограничен калориски внос до 500-600 калории во два непоследователни дена.

Временското ограничување на дневните часови за јадење, на пр. осум часа на ден, во последно време е популарно, како начин на слабеење и подобрување на здравјето на срцето. Сепак, долгорочните здравствени последици од временски ограниченото јадење, вклучувајќи ја и опасноста од смрт од кардиоваскуларни заболувања или од која било причина - се непознати, вели авторот на научниот труд, Виктор Вензе-Жонг, професор по Епидемиологија и Биостатистика на Медицинскиот факултет при Шангајскиот Универзитет во Кина.

Наводите говорат дека кај луѓето со постоечки срцеви болести, јадењето меѓу осум и 10 часа на ден значи 66 насто повисока можност од смрт од срцеви заболувања или мозочен удар.

Истражувачите исто така откриле дека кај луѓето со срцеви заболувања или рак има поголем ризик од смрт и дека кај заболените со рак кои јаделе вон рамката од 16 часа на ден имало помала смртност.

Исклучително е важно пациентите - особено оние со постоечки срцеви заболувања или рак, да бидат свесни за врската меѓу осумчасовната рамка и зголемената опасност од смрт поради срцева болест. Резултатите од истражувањата поттикнуваат повнимателен, персонализиран пристап кон препораките за исхрана, осигурувајќи дека тие се прилагодени на здравствениот статус на поединецот и по најновите научни докази. Иако испитувањата откриваат врска меѓу осумчасовната рамка за јадење и смртта од кардиоваскуларни болести, тоа не значи дека временски ограничената исхрана мора да предизвика смрт покрај срцевото заболување, додаде Жонг.

Двејн Мелор, нутриционист и предавач на Медицинскиот факултет „Астон“ во Бирмингем, Велика Британија, кој не бил вклучен во истражувањата, вели дека иако бил користен модел за проценка на опасноста, во овој научен труд не се знае - колку е вклучената исхрана здрава, т.е. што луѓето јаделе. Бидејќи таквите податоци се ограничени, не е јасно ни дали пушењето, физичката активност и алкохолот се земени предвид како фактори.

И според други стручњаци, сé ова значи дека треба да има дополнителни научни испитувања, за истражувањето да биде целосно.

The post Диетите со часовна рамка можна причина за повисока смртност од срцеви болести appeared first on Република.

]]>

Луѓето кои следат диети со периодично гладување во временска рамка, може да бидат повеќе склони кон смрт предизвикана од проблеми со срцето, според ново истражување објавено во „Њусвик“ (Newsweek). Анализата опфати податоци од над 20.000 возрасни Американци. Кај лицата кои јаделе во рамки на одредени осум часа од денот, веројатноста да починат од кардиоваскуларни заболувања е 91 отсто поголема отколку кај оние кои следат вообичаен распоред на оброци. Ова се првични резултати од истражувањата од областа на епидемиологија, животен стил и кардиометаболизам на Aмериканското здружение за срцето (American Heart Association). Ова откритие е неочекувано, бидејќи претходните испитувања наведуваат дека периодичното гладување го подобрува крвниот притисок, нивото на гликоза и холестеролот во крвта. Постојат неколку начини на периодично гладување. Најчестиот сепак е „16/8“, којшто вклучува 16 часа нејадење на ден и дозволени осум часа за јадење. Доста популарна е и диетата „5:2“, што вклучува вообичаено јадење оброци пет дена во седмицата, а ограничен калориски внос до 500-600 калории во два непоследователни дена.
Временското ограничување на дневните часови за јадење, на пр. осум часа на ден, во последно време е популарно, како начин на слабеење и подобрување на здравјето на срцето. Сепак, долгорочните здравствени последици од временски ограниченото јадење, вклучувајќи ја и опасноста од смрт од кардиоваскуларни заболувања или од која било причина - се непознати, вели авторот на научниот труд, Виктор Вензе-Жонг, професор по Епидемиологија и Биостатистика на Медицинскиот факултет при Шангајскиот Универзитет во Кина.
Наводите говорат дека кај луѓето со постоечки срцеви болести, јадењето меѓу осум и 10 часа на ден значи 66 насто повисока можност од смрт од срцеви заболувања или мозочен удар. Истражувачите исто така откриле дека кај луѓето со срцеви заболувања или рак има поголем ризик од смрт и дека кај заболените со рак кои јаделе вон рамката од 16 часа на ден имало помала смртност.
Исклучително е важно пациентите - особено оние со постоечки срцеви заболувања или рак, да бидат свесни за врската меѓу осумчасовната рамка и зголемената опасност од смрт поради срцева болест. Резултатите од истражувањата поттикнуваат повнимателен, персонализиран пристап кон препораките за исхрана, осигурувајќи дека тие се прилагодени на здравствениот статус на поединецот и по најновите научни докази. Иако испитувањата откриваат врска меѓу осумчасовната рамка за јадење и смртта од кардиоваскуларни болести, тоа не значи дека временски ограничената исхрана мора да предизвика смрт покрај срцевото заболување, додаде Жонг.
Двејн Мелор, нутриционист и предавач на Медицинскиот факултет „Астон“ во Бирмингем, Велика Британија, кој не бил вклучен во истражувањата, вели дека иако бил користен модел за проценка на опасноста, во овој научен труд не се знае - колку е вклучената исхрана здрава, т.е. што луѓето јаделе. Бидејќи таквите податоци се ограничени, не е јасно ни дали пушењето, физичката активност и алкохолот се земени предвид како фактори. И според други стручњаци, сé ова значи дека треба да има дополнителни научни испитувања, за истражувањето да биде целосно.

The post Диетите со часовна рамка можна причина за повисока смртност од срцеви болести appeared first on Република.

]]>
Постот дебелее, со кето диетата си штетите: Д-р Плечевиќ објаснува со која диета најубаво се слабее https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/postot-debelee-so-keto-dietata-si-shtetite-d-r-plechevikj-objasnuva-so-koja-dieta-najubavo-se-slabee/ Wed, 07 Dec 2022 21:06:42 +0000 https://republika.mk/?p=581890

Популарните диети како кето, постењето, детоксификацијата, не секогаш го носат ефектот кој го сакате. Напротив, може да бидат многу штетни за вашиот организам, предупредува доктор Саша Плечевиќ, попознат како доктор Филгуд, кој гостувајќи во Утринската емисија на ТВ Прва ги откри сите маани на овие диети.

Според него, автофагијта, кето диетата и детокс соковите, можат да бидат многу контрапродуктивни.

Автофагијата e диета која е доста популарна последниве години. Станува збор за вид на пост, кога внесувате храна само во одреден дел од денот, а потоа останатите часови се изгладнувате. Овој начин на исхрана, според Плечевиќ, доведува до зголемување на телесната тежина и метаболички нарушувања.

Недостатоците се што луѓето се прегладнуваат, не можат да издржат. Не е здраво да јадете само 4 часа, а да не јадете останатите 20 часа од денот. По одредено време метаболизмот се забавува, па и да јадете помалку, пак ќе се здебелите, вели тој.

Кетогената диета е исхрана со ниско ниво на јагленохидрати, а високо ниво на масти во исхраната, која може да биде многу контрапродуктивна.

Кај кето диетата се претерува во намалувањето на јаглехидратите, па затоа организмот мора да се снабдува со енергија од мастите, вели тој.

Предупредува дека големото количество на масти и протеини во телото не е здраво, а дека мастите лесно можат да доведат до дијабетес.

Мастите ги блокираат клетките, не дозволуваат шеќерот да влезе во клетката, вели тој.

Многу популарна метода на детоксикација станаа соковите за детоксикација, а д-р Филгуд тврди дека на овој начин организмот се доведува во дефицит и дека на тој начин ништо не му се обезбедува.

Сокот од четири исцедени портокали само поминува низ стомакот. Феноменално е ако сакате да добиете инсулинка или шеќерна болест, категоричен е тој.

Тој вели дека точно е дека детоксикација се постигнува со соковите од Бројс, но таа се спроведува кај пациенти на онкологија, на клиника во Швајцарија, под строго контролирани услови.

Ризиците од ацидоза се присутни со секој вишок на цедено овошје. Дури и водата со лимон нема никаква корист, тврди тој.

Тој истакнува дека најдобро е да се пие само обична вода.

„Волшебниот“ лек за слабеење е умереноста и физичката активност, заклучува докторот.

The post Постот дебелее, со кето диетата си штетите: Д-р Плечевиќ објаснува со која диета најубаво се слабее appeared first on Република.

]]>

Популарните диети како кето, постењето, детоксификацијата, не секогаш го носат ефектот кој го сакате. Напротив, може да бидат многу штетни за вашиот организам, предупредува доктор Саша Плечевиќ, попознат како доктор Филгуд, кој гостувајќи во Утринската емисија на ТВ Прва ги откри сите маани на овие диети. Според него, автофагијта, кето диетата и детокс соковите, можат да бидат многу контрапродуктивни. Автофагијата e диета која е доста популарна последниве години. Станува збор за вид на пост, кога внесувате храна само во одреден дел од денот, а потоа останатите часови се изгладнувате. Овој начин на исхрана, според Плечевиќ, доведува до зголемување на телесната тежина и метаболички нарушувања.
Недостатоците се што луѓето се прегладнуваат, не можат да издржат. Не е здраво да јадете само 4 часа, а да не јадете останатите 20 часа од денот. По одредено време метаболизмот се забавува, па и да јадете помалку, пак ќе се здебелите, вели тој.
Кетогената диета е исхрана со ниско ниво на јагленохидрати, а високо ниво на масти во исхраната, која може да биде многу контрапродуктивна.
Кај кето диетата се претерува во намалувањето на јаглехидратите, па затоа организмот мора да се снабдува со енергија од мастите, вели тој.
Предупредува дека големото количество на масти и протеини во телото не е здраво, а дека мастите лесно можат да доведат до дијабетес.
Мастите ги блокираат клетките, не дозволуваат шеќерот да влезе во клетката, вели тој.
Многу популарна метода на детоксикација станаа соковите за детоксикација, а д-р Филгуд тврди дека на овој начин организмот се доведува во дефицит и дека на тој начин ништо не му се обезбедува.
Сокот од четири исцедени портокали само поминува низ стомакот. Феноменално е ако сакате да добиете инсулинка или шеќерна болест, категоричен е тој.
Тој вели дека точно е дека детоксикација се постигнува со соковите од Бројс, но таа се спроведува кај пациенти на онкологија, на клиника во Швајцарија, под строго контролирани услови.
Ризиците од ацидоза се присутни со секој вишок на цедено овошје. Дури и водата со лимон нема никаква корист, тврди тој.
Тој истакнува дека најдобро е да се пие само обична вода.
„Волшебниот“ лек за слабеење е умереноста и физичката активност, заклучува докторот.

The post Постот дебелее, со кето диетата си штетите: Д-р Плечевиќ објаснува со која диета најубаво се слабее appeared first on Република.

]]>
Кои диети беа најпребарувани на интернет во 2021 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/koi-dieti-bea-najprebaruvani-na-internet-vo-2021-godina/ Mon, 03 Jan 2022 13:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=440049

Од липосукциска, преку медицинска, па сѐ до Дуканова диета. Ова се најчесто пребаруваните диети во 2021 година.

Липосукциска диета

Липосукциската диета е погодна за сите оние што сакаат да ослабат до 10 килограми за релативно краток временски период, со помош на едноставна и лесно достапна храна. Оваа диета бара посебен режим, кој се базира на зголемено внесување масти и протеини и намалено внесување јаглехидрати. Според правилата, диетата трае 10 дена, две, три недели или еден месец. За време на диетата се користат одредени додатоци во исхраната, односно аминокиселини, кои помагаат во регулација на масното ткиво. Аминокиселините го активираат ензимот липаза, кој дејствува на зголемената употреба на мастите за да се добие потребната енергија. Ова е природен процес благодарение на кој може да се изгубат до 10 отсто од телесната тежина. Дозволена храна се сите видови посно месо, јајца, риба, сирење, млечни производи, газирана вода, сокови од зеленчук, чаеви, ориз и сите жита, свежо овошје и зеленчук. Забранети се сите видови шеќер, индустриски преработено месо, силни зачини, алкохолни пијалоци, газирани сокови, сушени овошја, бело и соино брашно и пекарски производи.

Медицинска диета

Болничката или медицинска диета е една од најпознатите исхрани во светот, а особено е популарна поради ветувањето дека за три дена ќе изгубите три килограми. Називот ѝ е медицинска бидејќи често им се препорачува на срцеви пациенти, со цел да ги изгубат вишокот килограми пред операција.
Богата е со оброци со пилешко месо, зеленчук, овошје и значително зголемено внесување вода и незасладени сокови. Билни зачини, сок од лимон, оцет, сенф и кечап се дозволени како додатоци за храна. Во текот на денот се јадат три оброци, а грицките се забранети. Списокот на непожелна храна вклучува и шеќер, компири, тестенини, слатки, полномасно млеко, масно месо и путер од кикиритки.
Диетата се повторува три до пет дена или помалку. Доколку треба да изгубите повеќе килограми и диетата треба да трае подолго од пет дена, тогаш истото мени се повторува. И така додека не се постигне саканата тежина, со пауза од две недели по 15 дена.

Диета 10 проценти

Оние што ја пробале оваа диета тврдат дека е можно да се симнат десет отсто од телесната тежина за три недели, и тоа само со здрава исхрана и добар план. Овој концепт на слабеење е многу едноставен и се заснова на вистинската комбинација на храна. Самата исхрана се спроведува во четири фази – првата, втората и третата фаза се наменети за слабеење, додека четвртата фаза е посветена на одржување на новата телесна тежина.
Не е важно колку долго сте на диета или во која фаза сте, важно е да направите дваесетдневна пауза откако ќе изгубите 10 отсто од тежината. Паузата се однесува на периодот во кој акцентот е ставен на одржување на новата телесна тежина. Диетата 10 проценти е дизајнирана на таков начин што внесувате само 25 калории за секој килограм од вашата телесна тежина. За да знаете колку калории можете да консумирате, пресметајте: помножете ја вашата тежина со 25 калории и ќе го добиете дневното количество што треба да го внесете. Покрај броењето калории, важно е да пиете доволно течности во сите четири фази, бидејќи тоа ќе го стимулира варењето, но и ќе предизвика чувство на ситост.

Дуканова диета

Исхраната на Дукан е една од најпопуларните во светот и привлекува милиони луѓе, а експертите сѐ уште предупредуваат на нејзините негативни страни. Оваа диета ја практикува дури и војвотката Кејт Мидлтон. Смислена е во 2000 година од францускиот лекар Пјер Дукан, а неговата теорија се заснова на фактот дека протеинот е клучна хранлива материја што помага во долгорочно слабеење.
Исхраната на Дукан вклучува исхрана богата со протеини со малку јаглехидрати и масти. Се состои од четири фази кон кои треба строго да се придржувате: првата фаза е на приспособување, втората фаза е на промена, третата фаза е на консолидација, четвртата фаза е на стабилизација. Во текот на првите две фази, кои се концентрираат на губење на тежината, дневното внесување протеини е повеќе од 40 проценти. Третата и четвртата фаза го ставаат акцентот на одржување на постигнатата тежина, односно она што д-р Дукан го нарекува идеална тежина што се постигнува без чувство на глад и да се влијае на расположението и здравјето. Првите две фази се нешто порестриктивни во споредба со другите две, посебно првата фаза во која е забрането да се јадат здрави масти, овошје и зеленчук. Истражувањата предупредуваат дека диетите како онаа на Дукан се засноваат на висок процент на протеини и минимално внесување јаглехидрати, па се ефективни за слабеење само на краток рок.

Исхрана без јаглехидрати

Исхраната без јаглехидрати овозможува брзо губење на тежината поради нивното недоволно внесување, што предизвикува телото да консумира гликоген и масни наслаги и на тој начин доведува до губење на маснотиите. Имено, оваа диета се заснова на претпоставката дека кога телото нема да внесува доволно јаглехидрати, ќе посегне по енергија од мастите, а со тоа ќе дојде до топење на масните наслаги и слабеење.
Со оглед на тоа дека оваа диета ветува брзо слабеење, не е чудно што се најде на листата на најпопуларни. Основното ограничување во исхраната е да се исфрли од менито храната богата со јаглехидрати, а да се внесе храната богатата со протеини и масти. Преферирана храна се месото, рибата, јајцата, маслиново и кокосово масло, млечни производи, јаткасти плодови, зеленчук, а за време на оваа диета треба да го зголемите внесувањето месо, сирење, јајца, печурки и други производи богати со масти и протеини.

 

The post Кои диети беа најпребарувани на интернет во 2021 година appeared first on Република.

]]>

Од липосукциска, преку медицинска, па сѐ до Дуканова диета. Ова се најчесто пребаруваните диети во 2021 година. Липосукциска диета Липосукциската диета е погодна за сите оние што сакаат да ослабат до 10 килограми за релативно краток временски период, со помош на едноставна и лесно достапна храна. Оваа диета бара посебен режим, кој се базира на зголемено внесување масти и протеини и намалено внесување јаглехидрати. Според правилата, диетата трае 10 дена, две, три недели или еден месец. За време на диетата се користат одредени додатоци во исхраната, односно аминокиселини, кои помагаат во регулација на масното ткиво. Аминокиселините го активираат ензимот липаза, кој дејствува на зголемената употреба на мастите за да се добие потребната енергија. Ова е природен процес благодарение на кој може да се изгубат до 10 отсто од телесната тежина. Дозволена храна се сите видови посно месо, јајца, риба, сирење, млечни производи, газирана вода, сокови од зеленчук, чаеви, ориз и сите жита, свежо овошје и зеленчук. Забранети се сите видови шеќер, индустриски преработено месо, силни зачини, алкохолни пијалоци, газирани сокови, сушени овошја, бело и соино брашно и пекарски производи. Медицинска диета Болничката или медицинска диета е една од најпознатите исхрани во светот, а особено е популарна поради ветувањето дека за три дена ќе изгубите три килограми. Називот ѝ е медицинска бидејќи често им се препорачува на срцеви пациенти, со цел да ги изгубат вишокот килограми пред операција. Богата е со оброци со пилешко месо, зеленчук, овошје и значително зголемено внесување вода и незасладени сокови. Билни зачини, сок од лимон, оцет, сенф и кечап се дозволени како додатоци за храна. Во текот на денот се јадат три оброци, а грицките се забранети. Списокот на непожелна храна вклучува и шеќер, компири, тестенини, слатки, полномасно млеко, масно месо и путер од кикиритки. Диетата се повторува три до пет дена или помалку. Доколку треба да изгубите повеќе килограми и диетата треба да трае подолго од пет дена, тогаш истото мени се повторува. И така додека не се постигне саканата тежина, со пауза од две недели по 15 дена. Диета 10 проценти Оние што ја пробале оваа диета тврдат дека е можно да се симнат десет отсто од телесната тежина за три недели, и тоа само со здрава исхрана и добар план. Овој концепт на слабеење е многу едноставен и се заснова на вистинската комбинација на храна. Самата исхрана се спроведува во четири фази – првата, втората и третата фаза се наменети за слабеење, додека четвртата фаза е посветена на одржување на новата телесна тежина. Не е важно колку долго сте на диета или во која фаза сте, важно е да направите дваесетдневна пауза откако ќе изгубите 10 отсто од тежината. Паузата се однесува на периодот во кој акцентот е ставен на одржување на новата телесна тежина. Диетата 10 проценти е дизајнирана на таков начин што внесувате само 25 калории за секој килограм од вашата телесна тежина. За да знаете колку калории можете да консумирате, пресметајте: помножете ја вашата тежина со 25 калории и ќе го добиете дневното количество што треба да го внесете. Покрај броењето калории, важно е да пиете доволно течности во сите четири фази, бидејќи тоа ќе го стимулира варењето, но и ќе предизвика чувство на ситост. Дуканова диета Исхраната на Дукан е една од најпопуларните во светот и привлекува милиони луѓе, а експертите сѐ уште предупредуваат на нејзините негативни страни. Оваа диета ја практикува дури и војвотката Кејт Мидлтон. Смислена е во 2000 година од францускиот лекар Пјер Дукан, а неговата теорија се заснова на фактот дека протеинот е клучна хранлива материја што помага во долгорочно слабеење. Исхраната на Дукан вклучува исхрана богата со протеини со малку јаглехидрати и масти. Се состои од четири фази кон кои треба строго да се придржувате: првата фаза е на приспособување, втората фаза е на промена, третата фаза е на консолидација, четвртата фаза е на стабилизација. Во текот на првите две фази, кои се концентрираат на губење на тежината, дневното внесување протеини е повеќе од 40 проценти. Третата и четвртата фаза го ставаат акцентот на одржување на постигнатата тежина, односно она што д-р Дукан го нарекува идеална тежина што се постигнува без чувство на глад и да се влијае на расположението и здравјето. Првите две фази се нешто порестриктивни во споредба со другите две, посебно првата фаза во која е забрането да се јадат здрави масти, овошје и зеленчук. Истражувањата предупредуваат дека диетите како онаа на Дукан се засноваат на висок процент на протеини и минимално внесување јаглехидрати, па се ефективни за слабеење само на краток рок. Исхрана без јаглехидрати Исхраната без јаглехидрати овозможува брзо губење на тежината поради нивното недоволно внесување, што предизвикува телото да консумира гликоген и масни наслаги и на тој начин доведува до губење на маснотиите. Имено, оваа диета се заснова на претпоставката дека кога телото нема да внесува доволно јаглехидрати, ќе посегне по енергија од мастите, а со тоа ќе дојде до топење на масните наслаги и слабеење. Со оглед на тоа дека оваа диета ветува брзо слабеење, не е чудно што се најде на листата на најпопуларни. Основното ограничување во исхраната е да се исфрли од менито храната богата со јаглехидрати, а да се внесе храната богатата со протеини и масти. Преферирана храна се месото, рибата, јајцата, маслиново и кокосово масло, млечни производи, јаткасти плодови, зеленчук, а за време на оваа диета треба да го зголемите внесувањето месо, сирење, јајца, печурки и други производи богати со масти и протеини.  

The post Кои диети беа најпребарувани на интернет во 2021 година appeared first on Република.

]]>