Диего Марадона Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/diego-maradona/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jun 2024 07:15:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Диего Марадона Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/diego-maradona/ 32 32 Судот ја запре постапката: Сага околу „златната топка“ на Марадона https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sudot-ja-zapre-postapkata-saga-okolu-zlatnata-topka-na-maradona/ Thu, 06 Jun 2024 14:03:56 +0000 https://republika.mk/?p=785120

Францускиот суд ја усвои жалбата на наследниците на Диего Марадона да се запре планираната аукција за продажба на Златната топка, која легендарниот аргентински фудбалер ја доби како најдобар играч на Светското првенство во Мексико во 1986 година, јави агенцијата ДПА.

Апелацискиот суд во Версај во средата ја поништи претходната судска одлука со која се дозволува аукцијата да се одржи и покрај противењето на двете ќерки на Марадона, кои ја оспоруваа сопственоста на трофејот.

Трофејот што се водеше за исчезнат, најверојатно, бил украден од сеф во банка во Неапол во 1989 година, кога Аргентинецот беше играч на Наполи. Потоа се појавија информации дека „Златната топка“ се појавила во 2016 година, кога колекционер ја купил за скромна сума, заедно со други награди.

Двајца експерти подоцна утврдија дека тоа е навистина Златната топка од 1986 година, додека ќерките на Марадона тврдат дека трофејот е во нивна наследност и се противат да биде понуден на аукција.

Диего Марадона ја предводеше репрезентацијата на Аргентина до титулата на Светското првенство 1986 во Мексико, откако во финалето ја победи Западна Германија

The post Судот ја запре постапката: Сага околу „златната топка“ на Марадона appeared first on Република.

]]>

Францускиот суд ја усвои жалбата на наследниците на Диего Марадона да се запре планираната аукција за продажба на Златната топка, која легендарниот аргентински фудбалер ја доби како најдобар играч на Светското првенство во Мексико во 1986 година, јави агенцијата ДПА. Апелацискиот суд во Версај во средата ја поништи претходната судска одлука со која се дозволува аукцијата да се одржи и покрај противењето на двете ќерки на Марадона, кои ја оспоруваа сопственоста на трофејот. Трофејот што се водеше за исчезнат, најверојатно, бил украден од сеф во банка во Неапол во 1989 година, кога Аргентинецот беше играч на Наполи. Потоа се појавија информации дека „Златната топка“ се појавила во 2016 година, кога колекционер ја купил за скромна сума, заедно со други награди. Двајца експерти подоцна утврдија дека тоа е навистина Златната топка од 1986 година, додека ќерките на Марадона тврдат дека трофејот е во нивна наследност и се противат да биде понуден на аукција. Диего Марадона ја предводеше репрезентацијата на Аргентина до титулата на Светското првенство 1986 во Мексико, откако во финалето ја победи Западна Германија

The post Судот ја запре постапката: Сага околу „златната топка“ на Марадона appeared first on Република.

]]>
Најлудата приказна за Марадона: Ставил лажен гумен пенис врз својот за да даде урина https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/najludata-prikazna-za-maradona-stavil-lazhen-gumen-penis-vrz-svojot-za-da-da-dade-urina/ Sun, 16 Apr 2023 12:45:45 +0000 https://republika.mk/?p=630856

Диего Армандо Марадона. Магионичар, легенда, херој на сите Аргентинци, најголем што стапнал на фудбалски терен...

Порталот „The Upshot“ извади дел од најлудите авантури на големиот Аргентинец од периодот кога замина во клубот под Везув.

Диего пристигна во Неапол во 1984 година по контроверзниот период поминат во Барселона. Уште тогаш се шушкаше дека паднал во канџите на кокаинот, дека повеќе внимавал на активностите надвор од теренот отколку на самата игра.

Марадона пристигнува и многу брзо се зближува со толпата. Набргу, од џакузито се појавија фотографии со него и донот на озлогласениот клан Камора, Луиџи Џулијано.

Дури почнаа да кружат гласини дека Марадона шверцувал чист кокаин од Аргентина, кој го носел со фудбалски топки, за своите нови пријатели.

Во меѓувреме Диего сè повеќе тонеше во пороци...

За време на посетата на Ватикан во 1985 година, шмркаше кокаин во приватната бања на папата Јован Павле Втори, а потоа жестоко го критикуваше папата за време на неговиот говор за помош на сиромашните деца.

- Па? Што е тешко? Продавај нешто од овие тавани, другар! Направи нешто! - му викна на папата.

Раководството на Серија А слушна многу за неговата употреба на кокаин, па нарачан е тест за дрога. Марадона успеа да ја измами комисијата за допинг истурајќи ја здравата урина на еден од соиграчите во лажен, гумен пенис и дал да се тестира

Финтата" со лажен пенис поминала еднаш, но не и вторпат. Марадона мораше да поднесе сопствен примерок од урина, а резултатите покажаа дека тој имал доза кокаин во неговиот систем доволна за да убие поларна мечка. Нему му беше забрането да игра фудбал за цели 15 месеци..

Сфаќајќи дека неговиот живот во Неапол завршил, Марадона бега во Буенос Аирес среде ноќ. Тоа би било крај на една ера за секого, но не и за Марадона. Градот остана вљубен во него. Мурали, знамиња и пораки за поддршка никнаа низ цел Неапол.

Така беше кога замина, така беше и кога почина, така е и денес. Стадионот „Сан Паоло“ го смени името во „Диего Армандо Марадона“ по неговата смрт.

The post Најлудата приказна за Марадона: Ставил лажен гумен пенис врз својот за да даде урина appeared first on Република.

]]>

Диего Армандо Марадона. Магионичар, легенда, херој на сите Аргентинци, најголем што стапнал на фудбалски терен... Порталот „The Upshot“ извади дел од најлудите авантури на големиот Аргентинец од периодот кога замина во клубот под Везув. Диего пристигна во Неапол во 1984 година по контроверзниот период поминат во Барселона. Уште тогаш се шушкаше дека паднал во канџите на кокаинот, дека повеќе внимавал на активностите надвор од теренот отколку на самата игра. Марадона пристигнува и многу брзо се зближува со толпата. Набргу, од џакузито се појавија фотографии со него и донот на озлогласениот клан Камора, Луиџи Џулијано. Дури почнаа да кружат гласини дека Марадона шверцувал чист кокаин од Аргентина, кој го носел со фудбалски топки, за своите нови пријатели. Во меѓувреме Диего сè повеќе тонеше во пороци... За време на посетата на Ватикан во 1985 година, шмркаше кокаин во приватната бања на папата Јован Павле Втори, а потоа жестоко го критикуваше папата за време на неговиот говор за помош на сиромашните деца.
- Па? Што е тешко? Продавај нешто од овие тавани, другар! Направи нешто! - му викна на папата.
Раководството на Серија А слушна многу за неговата употреба на кокаин, па нарачан е тест за дрога. Марадона успеа да ја измами комисијата за допинг истурајќи ја здравата урина на еден од соиграчите во лажен, гумен пенис и дал да се тестира Финтата" со лажен пенис поминала еднаш, но не и вторпат. Марадона мораше да поднесе сопствен примерок од урина, а резултатите покажаа дека тој имал доза кокаин во неговиот систем доволна за да убие поларна мечка. Нему му беше забрането да игра фудбал за цели 15 месеци.. Сфаќајќи дека неговиот живот во Неапол завршил, Марадона бега во Буенос Аирес среде ноќ. Тоа би било крај на една ера за секого, но не и за Марадона. Градот остана вљубен во него. Мурали, знамиња и пораки за поддршка никнаа низ цел Неапол. Така беше кога замина, така беше и кога почина, така е и денес. Стадионот „Сан Паоло“ го смени името во „Диего Армандо Марадона“ по неговата смрт.

The post Најлудата приказна за Марадона: Ставил лажен гумен пенис врз својот за да даде урина appeared first on Република.

]]>
Голем гест на Матеус: Го врати златниот дрес на Марадона во родната Аргентина https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/golem-gest-na-mateus-go-vrati-zlatniot-dres-na-maradona-vo-rodnata-argentina/ Fri, 21 Oct 2022 09:08:05 +0000 https://republika.mk/?p=563961

Дресот кој Диего Армандо Марадона го носеше во финалето на Светското првенство 1986 во Мексико во кое Аргентина ја победи Германија е вратен на Фудбалската федерација на Аргентина (АФА).

Поранешниот германски репрезентативец Лотар Матеус, кој на полувремето од тоа финале ги замени дресовите со Марадона, 36 години подоцна му го подари на аргентинскиот народ, јавија локалните медиуми.

Претходно оваа година, дресот кој Марадона го носеше во четвртфиналето против Англија, кога го постигна прославениот гол наречен „Божја рака“ беше продаден на аукција за рекордни 7.1 милиони долари.

Тој дрес на аукција го стави поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, но и покрај астрономската цена која ја достигна маицата, Матеус во изјава за британскиот весник „Дејли Мејл“ рече дека воопшто не помислувал да заработи на дресот на Марадона.

-Ова е приказна за германскиот капитен кој за пријател имаше аргентински пријател. И како и сите пријатели, го разменија најдоброто што го имаа – прегратка, совет и дрес, наведе АФА во видеопорака по повод „подарокот од Матеус за аргентинскиот народ“

The post Голем гест на Матеус: Го врати златниот дрес на Марадона во родната Аргентина appeared first on Република.

]]>

Дресот кој Диего Армандо Марадона го носеше во финалето на Светското првенство 1986 во Мексико во кое Аргентина ја победи Германија е вратен на Фудбалската федерација на Аргентина (АФА). Поранешниот германски репрезентативец Лотар Матеус, кој на полувремето од тоа финале ги замени дресовите со Марадона, 36 години подоцна му го подари на аргентинскиот народ, јавија локалните медиуми. Претходно оваа година, дресот кој Марадона го носеше во четвртфиналето против Англија, кога го постигна прославениот гол наречен „Божја рака“ беше продаден на аукција за рекордни 7.1 милиони долари. Тој дрес на аукција го стави поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, но и покрај астрономската цена која ја достигна маицата, Матеус во изјава за британскиот весник „Дејли Мејл“ рече дека воопшто не помислувал да заработи на дресот на Марадона. -Ова е приказна за германскиот капитен кој за пријател имаше аргентински пријател. И како и сите пријатели, го разменија најдоброто што го имаа – прегратка, совет и дрес, наведе АФА во видеопорака по повод „подарокот од Матеус за аргентинскиот народ“

The post Голем гест на Матеус: Го врати златниот дрес на Марадона во родната Аргентина appeared first on Република.

]]>
Осум здравствени работници на суд поради смртта на Марадона https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/osum-zdravstveni-rabotnici-na-sud-poradi-smrtta-na-maradona/ Wed, 22 Jun 2022 20:49:22 +0000 https://republika.mk/?p=518659

Против осум здравствени работници во Аргентина ќе биде покрената тужба за убиство од небрежност поради смртта на фудбалската легенда Диего Армандо Марадона, соопшти денеска тамошниот суд.

На крајот од истрагата за смртта на Марадона, одлучено е да се покрене судска постапка против здравствените работници кои се грижеа за Марадона, пред тој на 60-годишна возраст да доживее срцев удар, од кој што подоцна почина.

Судијата Сан Исидра ја прифати тужбата против матичниот семеен лекар, неврохирург, психијатар, менаџер за медицинси сестри и болничар.

Обвинителството во април побара да се покрене судски процес, укажувајќи на недостатоци и негрижа во згрижувањето на фудбалската легенда, која закрепнуваше дома.

The post Осум здравствени работници на суд поради смртта на Марадона appeared first on Република.

]]>

Против осум здравствени работници во Аргентина ќе биде покрената тужба за убиство од небрежност поради смртта на фудбалската легенда Диего Армандо Марадона, соопшти денеска тамошниот суд. На крајот од истрагата за смртта на Марадона, одлучено е да се покрене судска постапка против здравствените работници кои се грижеа за Марадона, пред тој на 60-годишна возраст да доживее срцев удар, од кој што подоцна почина. Судијата Сан Исидра ја прифати тужбата против матичниот семеен лекар, неврохирург, психијатар, менаџер за медицинси сестри и болничар. Обвинителството во април побара да се покрене судски процес, укажувајќи на недостатоци и негрижа во згрижувањето на фудбалската легенда, која закрепнуваше дома.

The post Осум здравствени работници на суд поради смртта на Марадона appeared first on Република.

]]>