диџеј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/didzej/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 07:49:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png диџеј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/didzej/ 32 32 Почина легендарниот германски диџеј и продуцент Томкрафт https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pochina-legendarniot-germanski-didhej-i-produtsent-tomkraft/ Wed, 17 Jul 2024 07:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=797589

Легендарниот диџеј и продуцент Томкрафт, со вистинско име Томас Брукнер, почина на 49-годишна возраст, потврди неговото семејство.

Со тешко срце мораме да ве информираме дека вчера, 15.07.2024 година, почина нашиот сакан татко и сопруг. Засекогаш ќе те носиме во нашите срца и ќе те сакаме додека повторно не се обединиме. Со почит, твоето семејство“, се наведува во објавата.

Причината за неговата смрт не е потврдена. Во проштална порака на Фејсбук, германскиот продуцент Вестбам напиша дека пред само две недели пуштал музика заедно со Брукнер.

Во текот на својата 20-годишна кариера, Томкрафт помина низ различни музички правци, од транс и електро хаус до прогресив хаус и техно. На пошироката јавност ѝ е познат по хитот „Loneliness“ со кој во 2002 година за само една недела доспеа на многу светски топ листи.

Следеа хитовите „Prosac“, „Overdose“, „Tell Mummy“ и бројни настапи пред рекорден број посетители, што беше случај на „Love Parade“ во Берлин кога забавуваше 1,3 милиони луѓе. Настапуваше и на престижни фестивали како што се „MAYDAY“, „Energy“, „Nature One“, „Reincarnatoion“...

 

The post Почина легендарниот германски диџеј и продуцент Томкрафт appeared first on Република.

]]>

Легендарниот диџеј и продуцент Томкрафт, со вистинско име Томас Брукнер, почина на 49-годишна возраст, потврди неговото семејство.
Со тешко срце мораме да ве информираме дека вчера, 15.07.2024 година, почина нашиот сакан татко и сопруг. Засекогаш ќе те носиме во нашите срца и ќе те сакаме додека повторно не се обединиме. Со почит, твоето семејство“, се наведува во објавата.
Причината за неговата смрт не е потврдена. Во проштална порака на Фејсбук, германскиот продуцент Вестбам напиша дека пред само две недели пуштал музика заедно со Брукнер. Во текот на својата 20-годишна кариера, Томкрафт помина низ различни музички правци, од транс и електро хаус до прогресив хаус и техно. На пошироката јавност ѝ е познат по хитот „Loneliness“ со кој во 2002 година за само една недела доспеа на многу светски топ листи. Следеа хитовите „Prosac“, „Overdose“, „Tell Mummy“ и бројни настапи пред рекорден број посетители, што беше случај на „Love Parade“ во Берлин кога забавуваше 1,3 милиони луѓе. Настапуваше и на престижни фестивали како што се „MAYDAY“, „Energy“, „Nature One“, „Reincarnatoion“...  

The post Почина легендарниот германски диџеј и продуцент Томкрафт appeared first on Република.

]]>
Диџеј сет КТ од Лондон во сабота во Скопје https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/didhej-set-kt-od-london-vo-sabota-vo-skopje/ Thu, 14 Mar 2024 08:27:52 +0000 https://republika.mk/?p=754606

Оваа сабота, на 16 март, точно на полноќ, во ноќниот клуб Минус Еден, во рамки на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ, пред скопските љубители на електронската музика ќе настапи со диџеј сет КТ од Лондон, Велика Британија.

По низата успешни музички настани на платформата на која со настапи во живо досега се претставија млади музичари од домашната и регионална сцена, активни во полето на рок, поп и хип-хоп музиката, оваа сабота публиката ќе има исклучителна можност за првпат во Скопје да го проследи настапот на КТ од Лондон.

КТ пристигнува во Скопје, после нејзината двомесечна турнеја со настапи низ Латинска Америка. Нејзиниот исклучителен и разновиден музички вкус нуди избрана хаус, електро, транс, гараж, брејкс... музика од 90-те.

Повеќе од една деценија активна на сцената, КТ е ѕвезда во подем која доаѓа од Лондон. Со фантастична селекција на винили, како резултат на нејзиното „копање“ по добар електронски звук, КТ редовно настапува во култниот лондонски клуб „Fabric“. Благодарејќи на волшебноста на грамофоните и нејзината фантастична музичка селекција, КТ ги заслужи букинзите на домашен терен, а од 2022 година и низ целиот свет. Мината година таа настапи на некои од најголемите фестивали за електронска музика во Лондон, меѓу кои „Junction 2“, „Village Underground“, „Tobacco Dock“ и „The Cause“. Има настапувано во клубови и на фестивали во Италија, Португалија, САД, Косово, Германија, Шпанија, Малта, Албанија, Мароко, Тунис... КТ е клучен дел од „Sisu“ платформата за поддршка и промоција на женски и небинарни диџеи и продуценти и е резидент на лејблот „Space Dust“.

Во очекување на високо енергичен настап на КТ со извонредна музика селекција на винили, атмосферата ќе ја надополнат диџеите Мирко Попов и Виолета Качакова.

Влезниците за настанот може да се обезбедат онлајн на https://www.bileti.mk/e/silataeumladite како и на влез на клубот по цена од 300 денари.

 

The post Диџеј сет КТ од Лондон во сабота во Скопје appeared first on Република.

]]>

Оваа сабота, на 16 март, точно на полноќ, во ноќниот клуб Минус Еден, во рамки на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ, пред скопските љубители на електронската музика ќе настапи со диџеј сет КТ од Лондон, Велика Британија. По низата успешни музички настани на платформата на која со настапи во живо досега се претставија млади музичари од домашната и регионална сцена, активни во полето на рок, поп и хип-хоп музиката, оваа сабота публиката ќе има исклучителна можност за првпат во Скопје да го проследи настапот на КТ од Лондон. КТ пристигнува во Скопје, после нејзината двомесечна турнеја со настапи низ Латинска Америка. Нејзиниот исклучителен и разновиден музички вкус нуди избрана хаус, електро, транс, гараж, брејкс... музика од 90-те. Повеќе од една деценија активна на сцената, КТ е ѕвезда во подем која доаѓа од Лондон. Со фантастична селекција на винили, како резултат на нејзиното „копање“ по добар електронски звук, КТ редовно настапува во култниот лондонски клуб „Fabric“. Благодарејќи на волшебноста на грамофоните и нејзината фантастична музичка селекција, КТ ги заслужи букинзите на домашен терен, а од 2022 година и низ целиот свет. Мината година таа настапи на некои од најголемите фестивали за електронска музика во Лондон, меѓу кои „Junction 2“, „Village Underground“, „Tobacco Dock“ и „The Cause“. Има настапувано во клубови и на фестивали во Италија, Португалија, САД, Косово, Германија, Шпанија, Малта, Албанија, Мароко, Тунис... КТ е клучен дел од „Sisu“ платформата за поддршка и промоција на женски и небинарни диџеи и продуценти и е резидент на лејблот „Space Dust“. Во очекување на високо енергичен настап на КТ со извонредна музика селекција на винили, атмосферата ќе ја надополнат диџеите Мирко Попов и Виолета Качакова. Влезниците за настанот може да се обезбедат онлајн на https://www.bileti.mk/e/silataeumladite како и на влез на клубот по цена од 300 денари.  

The post Диџеј сет КТ од Лондон во сабота во Скопје appeared first on Република.

]]>