Дидие Рејндерс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/didie-rejnders/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Apr 2024 11:04:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дидие Рејндерс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/didie-rejnders/ 32 32 Еврокомесарот Рејндерс од денеска заминува на неплатен одмор, ќе го менува Јоурова https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evrokomesarot-rejnders-od-deneska-zaminuva-na-neplaten-odmor-ke-go-menuva-jourova/ Mon, 15 Apr 2024 11:04:15 +0000 https://republika.mk/?p=766283

Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс од денеска заминува на неплатено отсуство од должноста за да може да учествува во кампањата за избор на нов генерален секретар на Советот на Европа.

Како што соопшти заменичката на главниот портпарол на Европската комисија, Аријана Подеста, Рејндерс ќе биде на неплатено отсуство се до гласањето за избор на новиот генерален секретар во Парламентарното собрание на Советот на Европа, предвидено за средината на јуни.

Според Подеста, за време на отсуството на Рејндерс со одлука на претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен, со неговиот ресор ќе раководи потпретседателката на ЕК за вредности и транспарентност Вера Јоурова.

Неплатеното отсуство на Рејндерс, Фон дер Лајен го одобри уште на 28 март, откако Комитетот на министри на Советот на Европа ја поддржа неговата кандидатура за нов генерален секретар на оваа паневропска организација.

Како што соопшти тогаш ЕК, Фон дер Лајен му одобри неплатено отсуство на Рејндерс имајќи ја предвид неговата заложба да се воздржи од директно и индиректно учество во каква било активност поврзана со изборната кампања, да гарантира дека таква активност не се спроведува во негово име, како и да избегне какви било дополнителни дејствија што би можеле да се перципираат како конфликт на интереси.

Фон дер Лајен уште нагласи дека и во периодот на неплатеното отсуство за Рејндерс ќе важат одредбите и правилата од Кодексот за однесување на членовите на Европската комисија.

- Претседателката посебно ја истакна обврската да не ги користи човечките или материјалните ресурси на Комисијата во периодот на кампањата и да продолжи со почитување на принципите на доверливост и колегијалност, како и со општите обврски утврдени во Кодексот на однесување, соопшти тогаш ЕК.

Рејндерс е еврокомесар за правда од декември 2019 година, на која должност дојде од местото белгиски министер за надворешни работи, функција што ја извршуваше од декември 2011 година во влади на тројца премиери. Пред тоа, од јули 1999 до декември 2011 тој беше министер за финансии на Белгија. Од декември 2018 до ноември 2019 паралелно со должноста шеф на дипломатијата, беше и министер за одбрана. Тој веќе беше кандидат за генерален секретар на Советот на Европа во 2019 година, но загуби од актуелната шефица на Организацијата, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Негови противкандидати за функцијата се донеодамнешниот швајцарски министер за внатрешни работи Ален Берсет и поранешниот естонски министер за култура Индрек Сар.

The post Еврокомесарот Рејндерс од денеска заминува на неплатен одмор, ќе го менува Јоурова appeared first on Република.

]]>

Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс од денеска заминува на неплатено отсуство од должноста за да може да учествува во кампањата за избор на нов генерален секретар на Советот на Европа. Како што соопшти заменичката на главниот портпарол на Европската комисија, Аријана Подеста, Рејндерс ќе биде на неплатено отсуство се до гласањето за избор на новиот генерален секретар во Парламентарното собрание на Советот на Европа, предвидено за средината на јуни. Според Подеста, за време на отсуството на Рејндерс со одлука на претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен, со неговиот ресор ќе раководи потпретседателката на ЕК за вредности и транспарентност Вера Јоурова. Неплатеното отсуство на Рејндерс, Фон дер Лајен го одобри уште на 28 март, откако Комитетот на министри на Советот на Европа ја поддржа неговата кандидатура за нов генерален секретар на оваа паневропска организација. Како што соопшти тогаш ЕК, Фон дер Лајен му одобри неплатено отсуство на Рејндерс имајќи ја предвид неговата заложба да се воздржи од директно и индиректно учество во каква било активност поврзана со изборната кампања, да гарантира дека таква активност не се спроведува во негово име, како и да избегне какви било дополнителни дејствија што би можеле да се перципираат како конфликт на интереси. Фон дер Лајен уште нагласи дека и во периодот на неплатеното отсуство за Рејндерс ќе важат одредбите и правилата од Кодексот за однесување на членовите на Европската комисија. - Претседателката посебно ја истакна обврската да не ги користи човечките или материјалните ресурси на Комисијата во периодот на кампањата и да продолжи со почитување на принципите на доверливост и колегијалност, како и со општите обврски утврдени во Кодексот на однесување, соопшти тогаш ЕК. Рејндерс е еврокомесар за правда од декември 2019 година, на која должност дојде од местото белгиски министер за надворешни работи, функција што ја извршуваше од декември 2011 година во влади на тројца премиери. Пред тоа, од јули 1999 до декември 2011 тој беше министер за финансии на Белгија. Од декември 2018 до ноември 2019 паралелно со должноста шеф на дипломатијата, беше и министер за одбрана. Тој веќе беше кандидат за генерален секретар на Советот на Европа во 2019 година, но загуби од актуелната шефица на Организацијата, Марија Пејчиновиќ Буриќ. Негови противкандидати за функцијата се донеодамнешниот швајцарски министер за внатрешни работи Ален Берсет и поранешниот естонски министер за култура Индрек Сар.

The post Еврокомесарот Рејндерс од денеска заминува на неплатен одмор, ќе го менува Јоурова appeared first on Република.

]]>
Рејндерс: Бевме изненадени од недостигот на ефективна дебата пред носењето на измените на Кривичниот законик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rejnders-bevme-iznenadeni-od-nedostigot-na-efektivna-debata-pred-noseneto-na-izmenite-na-krivichniot-zakonik/ Fri, 27 Oct 2023 12:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=695583

Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс вели дека биле изненадени од недостигот на ефективна дебата пред носењето на измените на Кривичниот законик и најави средби на билатерално ниво за да се обезбеди добра пракса во однос на истрагите и кривичното гонење на случаи од висок профил, за реформите во законот и за капацитетот за гонење на овие случаи во иднина, како и за ситуацијата со Судскиот совет.

Прашан каков е ставот на Европската Комисија за последните измени на Кривичниот законик, имајќи предвид дека многу предмети против висок профил на функционери завршија без пресуди, Рејндерс рече дека денеска имале средба со сите партнери од Западен Балкан, додека во однос на реформите ќе имаат средби на билатерално ниво.

Има два-три елементи тука. Прво бевме изненадени од недостигот на ефективна дебата и консултации за таква реформа. При носењето на промената, секогаш велам дека е важно да се разменат ставови со ЕК пред носењето на таков тип на законодавство. Како што реков, со некои земји секако треба да бидеме воздржани, да се избегнува донесување на закони со европско знаменце по брза постапка - изјави Рејндерс, на заедничката прес-конференција со министрите за правда на Шпанија и на  Македонија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Кренар Лога.

Заедничката прес-конференција со министрите за правда на Шпанија и на Македонија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Кренар Лога

Дополнително, посочи Рејндерс, ќе се разговара и за ефектот од тие измени и дополнувања, за тековните случаи на корупција од висок профил.

Намалувањето на казните и застарувањето ќе значи неосудување. Секако, ние сакаме да добиеме одговор, да продолжат кривичните гонења. Тоа, секако ќе биде дискусија на билатерално ниво. Изразивме мислење, за тоа имаме загриженост во однос на кривичните гонења. Во однос на содржината, секако сакаме, прво да се осигури да не изостане кривично гонење на случаи од висок профил. Она што веќе го видовме изминатите месеци - изјави Рејндерс.

Прашан каква е оценката за правосудниот систем во земјава, со оглед на големиот број предмети поврзани со организиран криминал кои застарea и се уште не се завршени, Рејндер рече дека, целосна оценка за тоа ќе даде извештајот на Комисијата што ќе биде објавен до крајот на следниот месец.

Но, само две забелешки. Она што го кажав за кривичните судови, треба да има добра пракса во однос на истрагите и кривичното гонење на случаи од висок профил. Тоа ќе биде дел од дискусијата на билатерално ниво, не само за Кривичниот суд, туку и реформите во законот и за капацитетот за гонење на овие случаи во иднина, како и за ситуацијата со Судскиот совет и оние промени што беа направени - изјави Рејндерс.

Во однос на Судскиот совет, Рејндерс посочи дека е важно да се организира добар процес, препорака што ја даваат и на земји членки.

Тука, мислам на извештајот за владеење на правото на земјите членки. Бараме и од земјите членки да направат реформи, а истото го правиме и со партнерите од Западен Балкан - изјави Рејндерс.

The post Рејндерс: Бевме изненадени од недостигот на ефективна дебата пред носењето на измените на Кривичниот законик appeared first on Република.

]]>

Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс вели дека биле изненадени од недостигот на ефективна дебата пред носењето на измените на Кривичниот законик и најави средби на билатерално ниво за да се обезбеди добра пракса во однос на истрагите и кривичното гонење на случаи од висок профил, за реформите во законот и за капацитетот за гонење на овие случаи во иднина, како и за ситуацијата со Судскиот совет. Прашан каков е ставот на Европската Комисија за последните измени на Кривичниот законик, имајќи предвид дека многу предмети против висок профил на функционери завршија без пресуди, Рејндерс рече дека денеска имале средба со сите партнери од Западен Балкан, додека во однос на реформите ќе имаат средби на билатерално ниво. Има два-три елементи тука. Прво бевме изненадени од недостигот на ефективна дебата и консултации за таква реформа. При носењето на промената, секогаш велам дека е важно да се разменат ставови со ЕК пред носењето на таков тип на законодавство. Како што реков, со некои земји секако треба да бидеме воздржани, да се избегнува донесување на закони со европско знаменце по брза постапка - изјави Рејндерс, на заедничката прес-конференција со министрите за правда на Шпанија и на  Македонија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Кренар Лога. Заедничката прес-конференција со министрите за правда на Шпанија и на Македонија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Кренар Лога Дополнително, посочи Рејндерс, ќе се разговара и за ефектот од тие измени и дополнувања, за тековните случаи на корупција од висок профил.
Намалувањето на казните и застарувањето ќе значи неосудување. Секако, ние сакаме да добиеме одговор, да продолжат кривичните гонења. Тоа, секако ќе биде дискусија на билатерално ниво. Изразивме мислење, за тоа имаме загриженост во однос на кривичните гонења. Во однос на содржината, секако сакаме, прво да се осигури да не изостане кривично гонење на случаи од висок профил. Она што веќе го видовме изминатите месеци - изјави Рејндерс.
Прашан каква е оценката за правосудниот систем во земјава, со оглед на големиот број предмети поврзани со организиран криминал кои застарea и се уште не се завршени, Рејндер рече дека, целосна оценка за тоа ќе даде извештајот на Комисијата што ќе биде објавен до крајот на следниот месец.
Но, само две забелешки. Она што го кажав за кривичните судови, треба да има добра пракса во однос на истрагите и кривичното гонење на случаи од висок профил. Тоа ќе биде дел од дискусијата на билатерално ниво, не само за Кривичниот суд, туку и реформите во законот и за капацитетот за гонење на овие случаи во иднина, како и за ситуацијата со Судскиот совет и оние промени што беа направени - изјави Рејндерс.
Во однос на Судскиот совет, Рејндерс посочи дека е важно да се организира добар процес, препорака што ја даваат и на земји членки.
Тука, мислам на извештајот за владеење на правото на земјите членки. Бараме и од земјите членки да направат реформи, а истото го правиме и со партнерите од Западен Балкан - изјави Рејндерс.

The post Рејндерс: Бевме изненадени од недостигот на ефективна дебата пред носењето на измените на Кривичниот законик appeared first on Република.

]]>