Дидие Дешамп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/didie-deshamp/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Mar 2024 07:44:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дидие Дешамп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/didie-deshamp/ 32 32 Дешамп не е еуфоричен по победата над Чиле https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/deshamp-ne-e-euforichen-po-pobedata-nad-chile/ Wed, 27 Mar 2024 07:44:35 +0000 https://republika.mk/?p=759130

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам ја коментираше победата над Чиле (3:2) синоќа во пријателски натпревар одигран во Марсеј.

- Нема да скокам горе-долу од радост вечерва, но да се победи овој натпревар по лошиот почеток (пораз од Германија) е добро. Реагиравме правилно. Ова донекаде се должи на нивоата на физичка подготвеност и нивоата на енергија кои не се оптимални. Не треба да ги потценуваме ваквите натпревари, но во јуни ќе мораме да ги правиме работите поинаку. Имаме можности, имаме волја. Овој пат свежината не беше максимална. Ги разбирам проблемите зад тоа, што е во главите на играчите. Не е дека играчите не сакаат... Тоа е повеќе приказна за не преземање ризици. Овој контекст е посебен, морав и јас да управувам со него. Им кажав на играчите дека во јуни ќе треба да се вложат многу повеќе напори. Нашите противници покажуваат голема одлучност против нас, изјави Дешам за „L’Equipe“.

The post Дешамп не е еуфоричен по победата над Чиле appeared first on Република.

]]>

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам ја коментираше победата над Чиле (3:2) синоќа во пријателски натпревар одигран во Марсеј. - Нема да скокам горе-долу од радост вечерва, но да се победи овој натпревар по лошиот почеток (пораз од Германија) е добро. Реагиравме правилно. Ова донекаде се должи на нивоата на физичка подготвеност и нивоата на енергија кои не се оптимални. Не треба да ги потценуваме ваквите натпревари, но во јуни ќе мораме да ги правиме работите поинаку. Имаме можности, имаме волја. Овој пат свежината не беше максимална. Ги разбирам проблемите зад тоа, што е во главите на играчите. Не е дека играчите не сакаат... Тоа е повеќе приказна за не преземање ризици. Овој контекст е посебен, морав и јас да управувам со него. Им кажав на играчите дека во јуни ќе треба да се вложат многу повеќе напори. Нашите противници покажуваат голема одлучност против нас, изјави Дешам за „L’Equipe“.

The post Дешамп не е еуфоричен по победата над Чиле appeared first on Република.

]]>
Франција гази во квалификациите за ЕП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/frantsija-gazi-vo-kvalifikatsiite-za-ep/ Tue, 28 Mar 2023 06:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=624427

Селекторот на Франција, Дидие Дешам ги искажа впечатоците од квалификацискиот натпревар за Еуро 2024 одигран синоќа на гости со Ирска (1:0).

- Беше тежок натпревар, секогаш е тешко да се игра во Ирска. Имавме малку шанси, тие одлично се бранеа. На крајот беа опасни. Важно е што на два натпревари освоивме шест бодови. Не примивме ниту еден гол и постигнавме пет на два натпревари. Има многу позитивни. Нашите играчи се млади, но ги имаат сите шанси да успеат на највисоко ниво. Многу сум горд на она што го направи тимот на овие два натпревари, изјави Дешам.

Франција е лидер во групата Б од квалификациите за ЕП 2024 со 6 бода, Грција и Холандија имаат по 3, Ирска и Гибралтар се без бодови

The post Франција гази во квалификациите за ЕП appeared first on Република.

На Дешамп ќе му било полесно да загубеле 3-0 https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/na-deshamp-kje-mu-bilo-polesno-da-zagubele-3-0/ Mon, 19 Dec 2022 07:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=587409

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп даде свое видување за вечерашното финалето со Аргентина на Светското првенство 2022.

Франција загуби на пенали, иако се врати по 0:2 и во продолженијата по 2:3.

– Сега има уште повеќе жалење отколку да загубивме со 3:0. Тогаш немаше да има за што да се зборува. Не го направивме тоа што требаше да го направиме цел час, но потоа покажавме храброст, енергија, умешност. Меѓутоа, како заврши сето тоа? Загубивме, но ако допрете нешто, а тоа ви се лизне од раце, само станува потешко. Ќе мора да се помириме со ова. Направив рани замени бидејќи не бев среќен, мислев дека можеме подобро. Тоа не значи дека заменетите играчи се повеќе виновни од другите. Од различни причини не успеавме да ги покажеме нашите сили, но нема да навлегувам во детали. Успеавме да ја превртиме многу тешката ситуација благодарение на умешноста и волјата, но тоа не беше доволно, рече Дешамп на „TF1“.

По натпреварот, претседателот на Франција, Емануел Макрон го замоли Дешам да остане на селекторското место на „триколорите

The post На Дешамп ќе му било полесно да загубеле 3-0 appeared first on Република.

]]>

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп даде свое видување за вечерашното финалето со Аргентина на Светското првенство 2022. Франција загуби на пенали, иако се врати по 0:2 и во продолженијата по 2:3.
– Сега има уште повеќе жалење отколку да загубивме со 3:0. Тогаш немаше да има за што да се зборува. Не го направивме тоа што требаше да го направиме цел час, но потоа покажавме храброст, енергија, умешност. Меѓутоа, како заврши сето тоа? Загубивме, но ако допрете нешто, а тоа ви се лизне од раце, само станува потешко. Ќе мора да се помириме со ова. Направив рани замени бидејќи не бев среќен, мислев дека можеме подобро. Тоа не значи дека заменетите играчи се повеќе виновни од другите. Од различни причини не успеавме да ги покажеме нашите сили, но нема да навлегувам во детали. Успеавме да ја превртиме многу тешката ситуација благодарение на умешноста и волјата, но тоа не беше доволно, рече Дешамп на „TF1“.
По натпреварот, претседателот на Франција, Емануел Макрон го замоли Дешам да остане на селекторското место на „триколорите

The post На Дешамп ќе му било полесно да загубеле 3-0 appeared first on Република.

]]>
Дешам: Златната топка на Бензема е победа за целиот француски фудбал https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/desham-zlatnata-topka-na-benzema-e-pobeda-za-celiot-francuski-fudbal/ Thu, 20 Oct 2022 06:38:31 +0000 https://republika.mk/?p=563349

Селекторот на Франција, Дидие Дешам се осврна на наградата „Златната топка“ доделена на напаѓачот на Реал Мадрид и француски репрезентативец, Карим Бензема.

– Ова е нешто неверојатно за него и неговото семејство. Освен колективно освоени титули, ова е највисоката индивидуална награда. Тоа е победа и за францускиот фудбал. Наградата на Карим може да се смета за колективна бидејќи тој е тимски спорт, тој не можеше да ја освои Златната топка без помошта на соиграчите во клубот или во француската репрезентација, изјави Дешам за „ГФФН“.

Триесет и четиригодишниот фудбалер минатата сезона со Реал Мадрид ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите, станувајќи најдобар стрелец во двете натпреварувања. Како дел од Бензема настапува од 2009 година

The post Дешам: Златната топка на Бензема е победа за целиот француски фудбал appeared first on Република.