Дичо Зограф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dicho-zograf/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Dec 2023 19:04:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дичо Зограф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dicho-zograf/ 32 32 Успешно е завршена реставрацијата на три икони од Дичо Зограф кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/uspeshno-e-zavrshena-restavratsijata-na-tri-ikoni-od-dicho-zograf-koi-se-chuvaat-vo-natsionalniot-istoriski-muzej-vo-tirana/ Fri, 08 Dec 2023 19:04:07 +0000 https://republika.mk/?p=721134

– Успешно е завршена реставрацијата на трите икони од познатиот македонски зограф Дичо Зограф, кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тирана, информираше Националниот институт за културно наследство на Албанија на  официјалната страна на Фејсбук.

Станува збор за иконата „Свети Атанасиј“ и „Свети Харалампиј”,  двете изработени во 1855 година, како и „Свети Никола“ изработена во 1859 година.

Благодарение на посветената работа на реставраторите на лабораторијата на Националниот институт за културно наследство на Албанија, усоешно заврши реставрацијата на трите икони кои биле дел од иконостасот и внатрешноста во црквата „Свети Никола“ во Елбасан (XVII-XVIII век). По нејзиното уривање во 1969 година беа попишани и пренесени во фондот на Заводот за споменици на културата, а потоа во 1999 година во фондот на Националниот историски музеј.

Дичо Зограф е познат македонски иконописец, претставник на дебарската школа и оти е еден од најпознатите иконо и фреско-сликари на Балканот во 19-век, кој насликал повеќе од 2.000 икони за потребите на црквите во регионот.

Димитар Крстев Дичов, попознат како Дичо Зограф е роден во 1819 година во селото Тресонче, област Мала Река, кај Дебар. Неговото творештво означува крај на еден илјадагодишен идејно-естетски систем и почеток на сосем нов период во македонската историја на уметноста. Карактеристично за неговата дејност е тоа што иконите ги сликал врз неутрална, најчесто златна заднина, а со тоа повеќе ја нагласувал духовноста на ликовите на светителите. 

The post Успешно е завршена реставрацијата на три икони од Дичо Зограф кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тирана appeared first on Република.

]]>

– Успешно е завршена реставрацијата на трите икони од познатиот македонски зограф Дичо Зограф, кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тирана, информираше Националниот институт за културно наследство на Албанија на  официјалната страна на Фејсбук. Станува збор за иконата „Свети Атанасиј“ и „Свети Харалампиј”,  двете изработени во 1855 година, како и „Свети Никола“ изработена во 1859 година.
Благодарение на посветената работа на реставраторите на лабораторијата на Националниот институт за културно наследство на Албанија, усоешно заврши реставрацијата на трите икони кои биле дел од иконостасот и внатрешноста во црквата „Свети Никола“ во Елбасан (XVII-XVIII век). По нејзиното уривање во 1969 година беа попишани и пренесени во фондот на Заводот за споменици на културата, а потоа во 1999 година во фондот на Националниот историски музеј.
Дичо Зограф е познат македонски иконописец, претставник на дебарската школа и оти е еден од најпознатите иконо и фреско-сликари на Балканот во 19-век, кој насликал повеќе од 2.000 икони за потребите на црквите во регионот. Димитар Крстев Дичов, попознат како Дичо Зограф е роден во 1819 година во селото Тресонче, област Мала Река, кај Дебар. Неговото творештво означува крај на еден илјадагодишен идејно-естетски систем и почеток на сосем нов период во македонската историја на уметноста. Карактеристично за неговата дејност е тоа што иконите ги сликал врз неутрална, најчесто златна заднина, а со тоа повеќе ја нагласувал духовноста на ликовите на светителите. 

The post Успешно е завршена реставрацијата на три икони од Дичо Зограф кои се чуваат во Националниот историски музеј во Тирана appeared first on Република.

]]>
Се уредува старото училиште во Тресонче, родното место на Дичо Зограф https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-ureduva-staroto-uchilishte-vo-tresonche-rodnoto-mesto-na-dicho-zograf/ Fri, 06 Oct 2023 08:23:17 +0000 https://republika.mk/?p=688452

Се уредува старото училиште во Тресонче, родното село на познатиот македонски иконописец, фрескосликар и претставник на Дебарската школа, Дичо Зограф.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, денеска ја посетија локацијата на Основното училиште „Димитар Ормански“ во Тресонче, каде што со капитални дотации од Министерството за култура во износ од 5,3 милиони денари, старата училишна зграда во најстарото мијачко, а со тоа и малореканско село, ќе се ревитализира во мултифункционален културен центар.

Срдечно ја поздравувам идејата на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, токму во годината кога одбележуваме 150 години од смртта на Дичо Зограф, кој е еден од водечките зографи на Дебарската школа и еден од најпознатите иконописци и фрескосликари на Балканот во XIX век, да го обновиме старото училиште во прекрасното Тресонче. На овој начин, со соработката меѓу централната и локалната власт, ја покажуваме нашата грижа за заштитата и негувањето на врвните вредности што ги поседува овој региoн, кој е пребогат со културно наследство. Токму овој регион дал голем број истакнати културни дејци кои се значаен дел од македонската традиција, историја и култура“, рече министерката за култура Костадиновска-Стојчевска. Таа дополни дека оваа година се одбележуваат 100 години од смртта на зографот Аврам Дичов, кој е претставник на Дебарската зографска школа и син на Дичо Зограф.

„Особено е важно што преку овој мултифункционален центар ќе се активираат најразлични содржини кои ќе ја афирмираат културата на регионот и ќе привлечат поголем број гости. Создаваме соодветен дом за честување на делото на Дичо Зограф, репрезентативен изложбен простор, место за одржување семинари, и воопшто место каде што ќе го негуваме уметничкото наследство на овој прочуен зограф“, додаде Костадиновска-Стојчевска.

Таа нагласи дека со обновата на старото училиште ќе се создадат и достоинствени услови за сите учесници на традиционалната меѓународна школа „По патеките на Дичо Зограф“, која се одржува во Тресонче секоја година.

Со вакви инвестиции ќе создадеме соодветни услови каде што ќе се одржуваат многубројни културни настани и ќе се привлекуваат повеќе посетители и туристи кои ќе се запознаваат со културата, историјата и убавините на нашата општина“, додаде градоначалникот Медат Куртовски. Тој го истакна значењето на поддршката на проекти со кои се обезбедува рамномерен развој на државата, особено во помалите места, каде што населението има помали можности за посета на културни настани.

Реконструкцијата на старото училиште во Тресонче е еден од деветте проекти за кои годинава, преку конкурсот за капитални дотации на Министерството за култура, беа издвоени 40 милиони денари.

The post Се уредува старото училиште во Тресонче, родното место на Дичо Зограф appeared first on Република.

]]>

Се уредува старото училиште во Тресонче, родното село на познатиот македонски иконописец, фрескосликар и претставник на Дебарската школа, Дичо Зограф. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, денеска ја посетија локацијата на Основното училиште „Димитар Ормански“ во Тресонче, каде што со капитални дотации од Министерството за култура во износ од 5,3 милиони денари, старата училишна зграда во најстарото мијачко, а со тоа и малореканско село, ќе се ревитализира во мултифункционален културен центар.
Срдечно ја поздравувам идејата на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, токму во годината кога одбележуваме 150 години од смртта на Дичо Зограф, кој е еден од водечките зографи на Дебарската школа и еден од најпознатите иконописци и фрескосликари на Балканот во XIX век, да го обновиме старото училиште во прекрасното Тресонче. На овој начин, со соработката меѓу централната и локалната власт, ја покажуваме нашата грижа за заштитата и негувањето на врвните вредности што ги поседува овој региoн, кој е пребогат со културно наследство. Токму овој регион дал голем број истакнати културни дејци кои се значаен дел од македонската традиција, историја и култура“, рече министерката за култура Костадиновска-Стојчевска. Таа дополни дека оваа година се одбележуваат 100 години од смртта на зографот Аврам Дичов, кој е претставник на Дебарската зографска школа и син на Дичо Зограф.
„Особено е важно што преку овој мултифункционален центар ќе се активираат најразлични содржини кои ќе ја афирмираат културата на регионот и ќе привлечат поголем број гости. Создаваме соодветен дом за честување на делото на Дичо Зограф, репрезентативен изложбен простор, место за одржување семинари, и воопшто место каде што ќе го негуваме уметничкото наследство на овој прочуен зограф“, додаде Костадиновска-Стојчевска. Таа нагласи дека со обновата на старото училиште ќе се создадат и достоинствени услови за сите учесници на традиционалната меѓународна школа „По патеките на Дичо Зограф“, која се одржува во Тресонче секоја година.