ДИЦ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dic/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 11:40:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ДИЦ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dic/ 32 32 Рокот за приговори од државната матура истекува денеска во 14 часот, ДИЦ ќе ги реши до 16 јули https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rokot-za-prigovori-od-drzhavnata-matura-istekuva-deneska-vo-14-chasot-dits-ke-gi-reshi-do-16-juli/ Tue, 09 Jul 2024 11:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=794948

Во 14 часот денеска истекува рокот за приговори од матурантите кои се незадоволни од резултатите од државната матура во јунската испитна сесија. Рокот за приговори почна во петокот (5 јули), кога Државниот испитен центар (ДИЦ) ги објави прелиминарните резултати од двата екстерни испита кои беа организирани на 1 и на 8 јуни 2024.

Учениците ги поднесуваат приговорите до училишните матурски комисии кои податоците ги внесуваат во Апликацијата за приговори, согласно упатствата дадени од ДИЦ.

По истекот на рокот, комисиите на ДИЦ ќе ги разгледуваат приговорите од матурантите и до 16 јули ќе ги пратат решенијата односно ќе одлучат дали приговорите се усвојуваат или не.

Билјана Михајловска, директорка на ДИЦ, за МИА изјави дека се пристигнати приговори од ученици, но точниот број ќе се знае по истекот на рокот денеска и откако училиштата ќе ги внесат во апликацијата и ДИЦ ќе ги добие електронски.

-На 16-ти планираме да пратиме конечни резултати во училиштата. Матурантите што поднеле приговор имаат право на увид на 18 јули. На 17-ти може да се јават на телефонските броеви што им ги оставаме за да си закажат термин и на 18-ти може да дојдат во ДИЦ за да поразговараат и да им објасни комисијата каде бил проблемот, рече Михајловска.

Како и во минатите години, цената за приговор е 2.500 денари.

За кандидатите кои не приговарале, прелиминарните резултати на ДИЦ за државната матура во јуни се конечни резултати.

Од утре (10 јули) до 18 јули е рокот за пријавување за августовскиот рок за полагање на државната матура за оние матуранти кои од оправдани причини не биле тестирани во јуни или не положиле еден или двата екстерни испита. Испитите ќе се полагаат на 12 август (задолжителниот предмет – мајчин јазик и литература) и 14 август (изборниот предмет).

Државниот испитен центар во петокот ги соопшти прелиминарните резултати од двата екстерни испита во јунската сесија, според кои годинава средната оценка на матурата е 3,25.

Речиси 15 илјади матуранти беа пријавени за државната матура во јуни која првпат оваа учебна година беше организирана во холовите и спортските сали на училиштата за да се обезбеди поголема контрола во тестирањето на учениците.

The post Рокот за приговори од државната матура истекува денеска во 14 часот, ДИЦ ќе ги реши до 16 јули appeared first on Република.

]]>

Во 14 часот денеска истекува рокот за приговори од матурантите кои се незадоволни од резултатите од државната матура во јунската испитна сесија. Рокот за приговори почна во петокот (5 јули), кога Државниот испитен центар (ДИЦ) ги објави прелиминарните резултати од двата екстерни испита кои беа организирани на 1 и на 8 јуни 2024. Учениците ги поднесуваат приговорите до училишните матурски комисии кои податоците ги внесуваат во Апликацијата за приговори, согласно упатствата дадени од ДИЦ. По истекот на рокот, комисиите на ДИЦ ќе ги разгледуваат приговорите од матурантите и до 16 јули ќе ги пратат решенијата односно ќе одлучат дали приговорите се усвојуваат или не. Билјана Михајловска, директорка на ДИЦ, за МИА изјави дека се пристигнати приговори од ученици, но точниот број ќе се знае по истекот на рокот денеска и откако училиштата ќе ги внесат во апликацијата и ДИЦ ќе ги добие електронски. -На 16-ти планираме да пратиме конечни резултати во училиштата. Матурантите што поднеле приговор имаат право на увид на 18 јули. На 17-ти може да се јават на телефонските броеви што им ги оставаме за да си закажат термин и на 18-ти може да дојдат во ДИЦ за да поразговараат и да им објасни комисијата каде бил проблемот, рече Михајловска. Како и во минатите години, цената за приговор е 2.500 денари. За кандидатите кои не приговарале, прелиминарните резултати на ДИЦ за државната матура во јуни се конечни резултати. Од утре (10 јули) до 18 јули е рокот за пријавување за августовскиот рок за полагање на државната матура за оние матуранти кои од оправдани причини не биле тестирани во јуни или не положиле еден или двата екстерни испита. Испитите ќе се полагаат на 12 август (задолжителниот предмет – мајчин јазик и литература) и 14 август (изборниот предмет). Државниот испитен центар во петокот ги соопшти прелиминарните резултати од двата екстерни испита во јунската сесија, според кои годинава средната оценка на матурата е 3,25. Речиси 15 илјади матуранти беа пријавени за државната матура во јуни која првпат оваа учебна година беше организирана во холовите и спортските сали на училиштата за да се обезбеди поголема контрола во тестирањето на учениците.

The post Рокот за приговори од државната матура истекува денеска во 14 часот, ДИЦ ќе ги реши до 16 јули appeared first on Република.

]]>
Нема потреба од блокатори ако сите ги остават телефоните на страна и ги почитуваат процедурите, вели за матурата директорката на ДИЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-potreba-od-blokatori-ako-site-gi-ostavat-telefonite-na-strana-i-gi-pochituvaat-protsedurite-veli-za-maturata-direktorkata-na-dits/ Wed, 05 Jun 2024 06:44:32 +0000 https://republika.mk/?p=784809

Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Билјана Михајловска вечерва изјави дека доколку кај одреден тестатор се утврди дека препишувале повеќе ученици, неговото име ќе биде посочено во извештајот што ДИЦ ќе го достави до Министерството за образование и наука.

Сите оценувачи, сите координатори на одреден предмет, ќе мора да ми дадат список. Ако во група од 15 ученици, кај петмина ученици е констатиран препис кај истиот тестатор, тогаш тој тестатор односно неговото име во извештајот што ќе го направи Државниот испитен центар, ќе биде доставено до Министерството. Понатаму, бидејќи во законите не се дефинирани мерки во вакви случаи, Министерството ќе треба да преземе мерки, рече Михајловска во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“.

За вибер-групата во која беше споделен тестот по мајчин јазик на почетокот на испитот во саботата, Михајловска рече дека не мора да значи оти сите членови на групата се матуранти и дека злоупотребиле нешто. Смета дека проблемот не е во технологијата, туку во ставот кон матурата и чесноста кон испитот, посочувајќи дека лани на тестирањето по англиски јазик било констатирано препишување кај 3.114 ученици, а во 2016 година имало 4.000 тестови со препишување.

Ако секој ги почитува процедурите односно дека треба да се остават телефоните на страна, зошто тогаш би ни биле потребни блокатори, рече Михајловска.

Според директорот на скопската гимназија „Орце Николов“, Митко Димовски, кога сите би ги почитувале протоколите и би знаеле како да постапуваат, тогаш сите би биле подобри.

Протоколите очигледно е дека не го решија проблемот. Годинава, децата беа под стрес бидејќи беа ставени во големи простории, но повеке би акцентирал на тоа дека во одредени училишта децата беа на некој начин исплашени. Треба да се има попозитивен однос кон нив, рече Димовски.

Она од каде можеби би требало да се почне, според Димовски, е да се размисли да бидат платени тестаторите со што се согласи и директорката на ДИЦ посочувајќи дека во законот за средно образование, што не е донесен, има одредба во која се предвидува овие лица да бидат платени.

Ако ДИЦ имаше буџет да плаќа тестатори, секако ќе ги плаќаше тестаторите, посочи Михајловска, додавајќи дека ова не може да биде оправдување и некои наставници да ги натера да си ја вршат работата, а некои не.

Во сабота, на 8 јуни, матурантите ќе го полагаат вториот (изборен) екстерен испит.

The post Нема потреба од блокатори ако сите ги остават телефоните на страна и ги почитуваат процедурите, вели за матурата директорката на ДИЦ appeared first on Република.

Денеска ќе се одлучува во врска со споделувањето на тестот од државната матура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-ke-se-odluchuva-vo-vrska-so-spodeluvaneto-na-testot-od-drzhavnata-matura/ Mon, 03 Jun 2024 09:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=784341

Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска на стручен колегиум ќе одлучува за начинот на постапување на оценувачите во врска со преписот што се случи во саботата, на полагањето на испитот по мајчин јазик – првиот од двата екстерни испита на државата матура, изјави за МИА директорката на ДИЦ, Билјана Михајловска.

Одлуката би била позната во текот на денот затоа што, рече таа, допрва имаат стручен колегиум и допрва ќе ја носат одлуката, а утре ќе имаат средба и во Министерството за образование и наука.

Како што информираше Михајловска, во вибер-група, што постоела и пред полагањето на испитот, бил споделен тестот веднаш кога почнал испитот по мајчин јазик и литература, а линкот на ДИЦ му го пратиле ученици и родители.

Откако почна испитот, добивме линк дека е споделен тестот во вибер-групата. Значи, откако учениците седнале на место и ги добиле тестовите за да почне испитот, некој ученик го сликал празниот тест и го ставил во вибер-групата со намера некој друг да му помогне да ги одговори прашањата. Потоа неколку ученици меѓу себе споделувале што мислат дека би било точен одговор, рече Михајловска.

Директорката на ДИЦ во изјава за МИА вели дека иако се спомнува број од седум илјади вклучени во групата, тоа не е бројот на тие што го виделе или употребиле линкот затоа што за време на испитот учениците кај себе немаат мобилен телефон. Седум илјади биле членови на вибер-групата која била формирана подолго време претходно.

Не може да се тврди дека седум илјади луѓе го виделе линкот. Да се случеше три дена порано, тоа е веќе друга приказна, тоа би било пробивање. Но, тестот е споделен во моментот кога веќе сите ученици го имале пред себе тестот. Таа вибер-група е формирана пред долго време и таму си разменувале информации за начинот на учење, кој материјал да го користат итн. Тоа е група во која матурантите си помагале меѓу себе за подготовка на матурата. Седум илјади деца, но и возрасни, биле членови на таа група, но тоа не значи дека во моментот на испитот тие седум илјади активно ја користеле групата бидејќи немале телефон, иако тој што го сликал имал мобилен телефон, рече директорка на Државниот испитен центар.

Не е познато кој го сликал тестот и кој го споделил во групата бидејќи, вели, не значи дека во вибер-групата учениците ги користат своите имиња, а ДИЦ, рече Михајловска, нема надлежност да истражува.

Она што ние имаме намера да го направиме и, без оглед на вибер-групите, го правиме сите години наназад, е да констатираме дали има два идентични теста односно делови од текст. Кога ќе го констатираме тоа, не ни треба вибер-група за такво нешто, додаде Михајловска.

Матурантите во саботата го полагаа задолжителниот екстерен испит, за кој беа пријавени 10 088 кандидати за македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература.

За да се овозможи подобра контрола во текот на испитот и да се оневозможи препишувања или масовно споделување одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата Вибер на испитот по Англиски јазик, оваа учебна година матурантите наместо во училници, првпат полагаа во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање во кои беа ангажирани повеќе тестатори.

Претстојната сабота, 8 јуни, ќе биде полагањето на вториот (изборен) екстерен испит. Прелиминарните резултати од двата екстерни испита ќе бидат објавени најдоцна до 8 јули односно 30 дена од полагањето на последниот екстерен испит.

The post Денеска ќе се одлучува во врска со споделувањето на тестот од државната матура appeared first on Република.

]]>

Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска на стручен колегиум ќе одлучува за начинот на постапување на оценувачите во врска со преписот што се случи во саботата, на полагањето на испитот по мајчин јазик – првиот од двата екстерни испита на државата матура, изјави за МИА директорката на ДИЦ, Билјана Михајловска. Одлуката би била позната во текот на денот затоа што, рече таа, допрва имаат стручен колегиум и допрва ќе ја носат одлуката, а утре ќе имаат средба и во Министерството за образование и наука. Како што информираше Михајловска, во вибер-група, што постоела и пред полагањето на испитот, бил споделен тестот веднаш кога почнал испитот по мајчин јазик и литература, а линкот на ДИЦ му го пратиле ученици и родители. Откако почна испитот, добивме линк дека е споделен тестот во вибер-групата. Значи, откако учениците седнале на место и ги добиле тестовите за да почне испитот, некој ученик го сликал празниот тест и го ставил во вибер-групата со намера некој друг да му помогне да ги одговори прашањата. Потоа неколку ученици меѓу себе споделувале што мислат дека би било точен одговор, рече Михајловска. Директорката на ДИЦ во изјава за МИА вели дека иако се спомнува број од седум илјади вклучени во групата, тоа не е бројот на тие што го виделе или употребиле линкот затоа што за време на испитот учениците кај себе немаат мобилен телефон. Седум илјади биле членови на вибер-групата која била формирана подолго време претходно. Не може да се тврди дека седум илјади луѓе го виделе линкот. Да се случеше три дена порано, тоа е веќе друга приказна, тоа би било пробивање. Но, тестот е споделен во моментот кога веќе сите ученици го имале пред себе тестот. Таа вибер-група е формирана пред долго време и таму си разменувале информации за начинот на учење, кој материјал да го користат итн. Тоа е група во која матурантите си помагале меѓу себе за подготовка на матурата. Седум илјади деца, но и возрасни, биле членови на таа група, но тоа не значи дека во моментот на испитот тие седум илјади активно ја користеле групата бидејќи немале телефон, иако тој што го сликал имал мобилен телефон, рече директорка на Државниот испитен центар. Не е познато кој го сликал тестот и кој го споделил во групата бидејќи, вели, не значи дека во вибер-групата учениците ги користат своите имиња, а ДИЦ, рече Михајловска, нема надлежност да истражува. Она што ние имаме намера да го направиме и, без оглед на вибер-групите, го правиме сите години наназад, е да констатираме дали има два идентични теста односно делови од текст. Кога ќе го констатираме тоа, не ни треба вибер-група за такво нешто, додаде Михајловска. Матурантите во саботата го полагаа задолжителниот екстерен испит, за кој беа пријавени 10 088 кандидати за македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература. За да се овозможи подобра контрола во текот на испитот и да се оневозможи препишувања или масовно споделување одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата Вибер на испитот по Англиски јазик, оваа учебна година матурантите наместо во училници, првпат полагаа во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање во кои беа ангажирани повеќе тестатори. Претстојната сабота, 8 јуни, ќе биде полагањето на вториот (изборен) екстерен испит. Прелиминарните резултати од двата екстерни испита ќе бидат објавени најдоцна до 8 јули односно 30 дена од полагањето на последниот екстерен испит.

The post Денеска ќе се одлучува во врска со споделувањето на тестот од државната матура appeared first on Република.

]]>
Утре средношколците полагаат државна матура: Министерот за образование во „Нико Нестор“ во Струга, директорката на ДИЦ во скопската гимназија „Орце Николов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-srednoshkoltsite-polagaat-drzhavna-matura-ministerot-za-obrazovanie-vo-niko-nestor-vo-struga-direktorkata-na-dits-vo-skopskata-gimnazija-ortse-nikolov/ Fri, 31 May 2024 14:35:44 +0000 https://republika.mk/?p=783598

Сите средни училишта во државата се подготвени за спроведување на државната матура, која почнува утре со полагање на тестот по мајчин јазик, соопшти Министерството за образование и наука.

Учениците годинава ќе полагаат во поголеми простори односно во холовите и спортските сали во состав училиштата каде го завршуваат средното образование или, пак, во најблиското училиште каде има соодветни услови согласно новиот правилник на Државниот испитен центар (ДИЦ).

Според известувањето на МОН, министерот Јетон Шаќири утре ќе биде во Струга, каде што ќе го посети основнто училиште „Нико Нестор“, а директорката на ДИЦ Билјана Михајловска ќе ја посети скопската гимназија „Орце Николов“ во 10 часот кога почнува полагањето.

Потсетуваме дека согласно Концепцијата за матура и завршен испит, учениците полагаат два екстерни предмета, два интерни предмета и подготвуваат проектна задача. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик и тој се полага утре. Следниот испит ќе биде на 8 јуни, а прелиминарни резултати ќе има најдоцна на 8 јули, по што ќе следува можноста за поднесување приговори, наведува МОН.

Државната матура се спроведува од 2008 година како законска обврска и услов за упис на факултет.

The post Утре средношколците полагаат државна матура: Министерот за образование во „Нико Нестор“ во Струга, директорката на ДИЦ во скопската гимназија „Орце Николов“ appeared first on Република.

]]>

Сите средни училишта во државата се подготвени за спроведување на државната матура, која почнува утре со полагање на тестот по мајчин јазик, соопшти Министерството за образование и наука. Учениците годинава ќе полагаат во поголеми простори односно во холовите и спортските сали во состав училиштата каде го завршуваат средното образование или, пак, во најблиското училиште каде има соодветни услови согласно новиот правилник на Државниот испитен центар (ДИЦ). Според известувањето на МОН, министерот Јетон Шаќири утре ќе биде во Струга, каде што ќе го посети основнто училиште „Нико Нестор“, а директорката на ДИЦ Билјана Михајловска ќе ја посети скопската гимназија „Орце Николов“ во 10 часот кога почнува полагањето.
Потсетуваме дека согласно Концепцијата за матура и завршен испит, учениците полагаат два екстерни предмета, два интерни предмета и подготвуваат проектна задача. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик и тој се полага утре. Следниот испит ќе биде на 8 јуни, а прелиминарни резултати ќе има најдоцна на 8 јули, по што ќе следува можноста за поднесување приговори, наведува МОН.
Државната матура се спроведува од 2008 година како законска обврска и услов за упис на факултет.

The post Утре средношколците полагаат државна матура: Министерот за образование во „Нико Нестор“ во Струга, директорката на ДИЦ во скопската гимназија „Орце Николов“ appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Од јануари директорката на Државниот испитен центар ќе може да ги зголеми платите за 30 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-od-januari-direktorkata-na-drzhavniot-ispiten-tsentar-ke-mozhe-da-gi-zgolemi-platite-za-30-otsto/ Thu, 21 Dec 2023 09:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=725132

Од јануари директорката на Државен испитен центар (ДИЦ) ќе има простор да ги зголеми платите за 30 отсто, изјави денеска министерот за образование Јетон Шаќири кој гостуваше на ТВ 24.

Синдикатот на ДИЦ од 11 декември го продолжи штрајкот кој го почна во мај, бидејќи не беа задоволни од одговорот од Министерството за финансии за зголемување на платите на вратените во оваа институција. Со штрајкот е загрозено е полагањето на државаната матурата. Тие бараат изедначување на нивните плати со платите на наставник ментор.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zagrozeno-e-polaganeto-na-maturata-sindikatot-na-dits-go-prodolzhi-shtrajkot-bidejki-ne-dobile-zadovolitelen-odgovor-od-ministerstvoto-za-finansii-za-zgolemuvane-na-platite/

Не ми се допаѓа оваа ситуација со Државнииот испитен центар и условувањето со блокада на 500 наставници и директори кои треба да добијат лиценци, а условот е зголемување на платата. Веќе седум месеци дискутираме за овој проблем, а еве веќе од јануари ова може да биде надминато. Има нов колективен договор, нови одлуки на Министерството за финансии и нов начин на зголемување на платите. Од јануари директорката на ДИЦ ќе има простор да ги зголеми платите за 30 отсто. Мислам дека со тоа проблемот ќе се реши. Јас никогаш не велам дека не треба повисоки плати. Но, кога некој во јавноста сака да стане популарен и да блокира 500 наставници, тоа не е во ред, изјави Шаќири.

Вработените во ДИЦ бараат покачување на платите за 25 отсто и измена на посебниот колективен договор. Од 11 месецов тие решија да го продолжат повеќе месечниот штрајк, кој во месец мај беше прекинат за да биде спроведена државната матура.

The post Шаќири: Од јануари директорката на Државниот испитен центар ќе може да ги зголеми платите за 30 отсто appeared first on Република.

]]>

Од јануари директорката на Државен испитен центар (ДИЦ) ќе има простор да ги зголеми платите за 30 отсто, изјави денеска министерот за образование Јетон Шаќири кој гостуваше на ТВ 24. Синдикатот на ДИЦ од 11 декември го продолжи штрајкот кој го почна во мај, бидејќи не беа задоволни од одговорот од Министерството за финансии за зголемување на платите на вратените во оваа институција. Со штрајкот е загрозено е полагањето на државаната матурата. Тие бараат изедначување на нивните плати со платите на наставник ментор. https://republika.mk/vesti/makedonija/zagrozeno-e-polaganeto-na-maturata-sindikatot-na-dits-go-prodolzhi-shtrajkot-bidejki-ne-dobile-zadovolitelen-odgovor-od-ministerstvoto-za-finansii-za-zgolemuvane-na-platite/  
Не ми се допаѓа оваа ситуација со Државнииот испитен центар и условувањето со блокада на 500 наставници и директори кои треба да добијат лиценци, а условот е зголемување на платата. Веќе седум месеци дискутираме за овој проблем, а еве веќе од јануари ова може да биде надминато. Има нов колективен договор, нови одлуки на Министерството за финансии и нов начин на зголемување на платите. Од јануари директорката на ДИЦ ќе има простор да ги зголеми платите за 30 отсто. Мислам дека со тоа проблемот ќе се реши. Јас никогаш не велам дека не треба повисоки плати. Но, кога некој во јавноста сака да стане популарен и да блокира 500 наставници, тоа не е во ред, изјави Шаќири.
Вработените во ДИЦ бараат покачување на платите за 25 отсто и измена на посебниот колективен договор. Од 11 месецов тие решија да го продолжат повеќе месечниот штрајк, кој во месец мај беше прекинат за да биде спроведена државната матура.  

The post Шаќири: Од јануари директорката на Државниот испитен центар ќе може да ги зголеми платите за 30 отсто appeared first on Република.

]]>
МОН бара од ДИЦ да се лоцира одговорноста за пропусот на полагањето на вториот екстерен испит https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-bara-od-dits-da-se-lotsira-odgovornosta-za-propusot-na-polaganeto-na-vtoriot-eksteren-ispit/ Mon, 12 Jun 2023 12:12:01 +0000 https://republika.mk/?p=650480

Министерството за образование и наука информира дека од Државниот испитен центар побарало да се лоцира одговорноста меѓу учесниците во спроведувањето на државната матура за, како што наведува „направениот пропуст при полагањето на вториот екстерен испит по англиски јазик“.

Иако тестот не им бил достапен на учениците пред полагањето, односно истиот е споделен меѓу матурантите преку апликација за електронска комуникација за време на самото полагање, сепак, тоа е пропуст кој никако не требало да се случи и повлекува соодветна одговорност. По добивањето на информациите од ДИЦ, тие ќе бидат споделени со јавноста, соопшти МОН.

Информира и дека побарало од оваа година полагањето на испитите да се спроведува во поголеми простории во училиштата, како на пример во училишните сали и холови каде би биле сместени сите матуранти кои се пријавени за полагање државна матура и со присуство на повеќе тестатори и набљудувачи.

Но, поради случувањата во ДИЦ, штрајкот на вработените непосредно пред датумите за спроведување на државната матура, тие не се случија. Така што, очекуваме промените да се иплементираат во следната учебна година, со што ќе се намалат ризиците од можни нерегуларности кои би ја довеле во прашање веродостојноста на резултатите, соопшти Министерство за образование и наука.

The post МОН бара од ДИЦ да се лоцира одговорноста за пропусот на полагањето на вториот екстерен испит appeared first on Република.

Штрајкот ставен во мирување: Со обидот да реализирате матура без вклученост на вработените на ДИЦ, Вие ќе ќе ги оштетевте матурантите, му пишаа од ДИЦ на министерот Шаќири https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtrajkot-staven-vo-miruvane-so-obidot-da-realizirate-matura-bez-vkluchenost-na-vrabotenite-na-dits-vie-ke-ke-gi-oshtetevte-maturantite-mu-pishaa-od-dits-na-ministerot-shakiri/ Fri, 12 May 2023 11:24:42 +0000 https://republika.mk/?p=640108

Синдикатот на Државниот испитен центар со пишано соопштение и пораки до матурантите и до министетрот за образование и наука објави дека го става штрајкот во мирување.

Насилните мерки и притисоци на министерот Шаќири со обид да внесе надворешни лица во процесот на државната матура - процес кој е со висок степен на тајност, ќе ја доведе во прашање валидноста на тестирањето и резултатите од матурата.

Вработените во Државниот испитен центар, како експерти во областа и лица со висок интегритет и чувство за општествена одговорност, одлучија да ја одложат борбата за своите права за достоинствен живот во корист на вашата иднина.

Со ова известување штрајкот се става во мирување!, наведува СОДИЦ во пораката до матураните.

Државната матура мора и ќе се полага на 27 мај, како што е предвидено со рокот, рече министерот за образование Јетон Шаќири, кој денеска беше во посета на Кавадарци.

Според инфорамциите кои ги добивам, се прават сите подготовки за да се полага на првиот екстерен испит на 27 мај. Ако е потребно ќе доставиме и кадар на вработени од МОН, за да може да ги завршиме работните задачи, рече Шаќири.

Во пораката до министерот за образование и наука Јетон Шаќири, пак, подвелекуваат дека сите негови досегашни обиди за решенија на проблемот, а со тоа и ветувањата кои им ги дале на матурантите во медиумите се спротивни на одредбите на Правилникот за процедури за тајноста на подготовката, печатењето, дистрибуцијата, чувањето и оценувањето на испитниот материјал, донесен од министер за образование и наука од 31.3.2014 година.

Со Вашиот обид да реализирате матура без вклученост на вработените на ДИЦ, Вие ќе бевте тој што ќе ги оштетеше матурантите!, му порачува Синдикатот на Државниот испитен центар на министерот Шаќири.

Синдикатот на ДИЦ го почна штрајкот на 25 април со барања за поголеми плати за 29-те вработени и согласност за нивниот колективен договор. Синдикатот ги стопираше сите процеси за кои е надлежен ДИЦ, меѓу кои и полагањето на државната матура која треба да почне на 27 мај.

https://republika.mk/vesti/makedonija/drzhavnata-matura-mora-i-ke-se-polaga-na-27-maj-kako-shto-e-predvideno-so-rokot-reche-ministerot-za-obrazovanie-shakiri/

The post Штрајкот ставен во мирување: Со обидот да реализирате матура без вклученост на вработените на ДИЦ, Вие ќе ќе ги оштетевте матурантите, му пишаа од ДИЦ на министерот Шаќири appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на Државниот испитен центар со пишано соопштение и пораки до матурантите и до министетрот за образование и наука објави дека го става штрајкот во мирување. Насилните мерки и притисоци на министерот Шаќири со обид да внесе надворешни лица во процесот на државната матура - процес кој е со висок степен на тајност, ќе ја доведе во прашање валидноста на тестирањето и резултатите од матурата. Вработените во Државниот испитен центар, како експерти во областа и лица со висок интегритет и чувство за општествена одговорност, одлучија да ја одложат борбата за своите права за достоинствен живот во корист на вашата иднина.
Со ова известување штрајкот се става во мирување!, наведува СОДИЦ во пораката до матураните.
Државната матура мора и ќе се полага на 27 мај, како што е предвидено со рокот, рече министерот за образование Јетон Шаќири, кој денеска беше во посета на Кавадарци. Според инфорамциите кои ги добивам, се прават сите подготовки за да се полага на првиот екстерен испит на 27 мај. Ако е потребно ќе доставиме и кадар на вработени од МОН, за да може да ги завршиме работните задачи, рече Шаќири. Во пораката до министерот за образование и наука Јетон Шаќири, пак, подвелекуваат дека сите негови досегашни обиди за решенија на проблемот, а со тоа и ветувањата кои им ги дале на матурантите во медиумите се спротивни на одредбите на Правилникот за процедури за тајноста на подготовката, печатењето, дистрибуцијата, чувањето и оценувањето на испитниот материјал, донесен од министер за образование и наука од 31.3.2014 година.
Со Вашиот обид да реализирате матура без вклученост на вработените на ДИЦ, Вие ќе бевте тој што ќе ги оштетеше матурантите!, му порачува Синдикатот на Државниот испитен центар на министерот Шаќири.
Синдикатот на ДИЦ го почна штрајкот на 25 април со барања за поголеми плати за 29-те вработени и согласност за нивниот колективен договор. Синдикатот ги стопираше сите процеси за кои е надлежен ДИЦ, меѓу кои и полагањето на државната матура која треба да почне на 27 мај. https://republika.mk/vesti/makedonija/drzhavnata-matura-mora-i-ke-se-polaga-na-27-maj-kako-shto-e-predvideno-so-rokot-reche-ministerot-za-obrazovanie-shakiri/

The post Штрајкот ставен во мирување: Со обидот да реализирате матура без вклученост на вработените на ДИЦ, Вие ќе ќе ги оштетевте матурантите, му пишаа од ДИЦ на министерот Шаќири appeared first on Република.

]]>
Државната матура да се одржи на 27 мај и 10 јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-insistira-drzhavnata-matura-da-se-odrzhi-na-27-maj-i-10-juni/ Thu, 11 May 2023 12:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=639752

Министерството за образование и наука инсистира државната матура да се одржи на датумите кои се дефинирани во Календарот за организација на учебната 2022-2023 година во јавните средни училишта, односно првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, а вториот на 10 јуни.

Претходно, Државниот испитен центар (ДИЦ) на прес-конференција соопшти дека останува во штрајк, а полагањето на државната матура е неизвесно. Синдикатот на ДИЦ и вицепремиерот за економски прашања не постигнале договор на вчерашната средба и тие на денешната прес-конференција објавија дека се повлекуваат од јавни обраќања и одговорите на прашањата во врска со нивното барање за повисоки плати и за полагањето на државната матура ќе треба да се бараат во надлежните институции, пред сѐ во Министерството за финансии.

Апелираме и до раководството на Државниот испитен центар и до членовите на Државниот матурски одбор целосно да се испочитуваат дефинираните рокови, во интерес на матурантите, чие понатамошно образование или вклучување на пазарот на трудот зависи токму од овој процес, како чин на формализација на средното образование и стекнување диплома.

Изразуваме целосно разбирање и даваме поддршка на вработените во Државниот испитен центар за надминување на предизвикот со кој се соочуваат. Правото на синдикално организирање за остварување на одредени права е неспорно, но сепак, тоа не смее да биде на штета на учениците, кои треба да бидат консултирани за било каков нов предлог околу полагањето на државната матура, се вели во соопштението на МОН.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-shtrajkot-na-dits-neizvesno-e-polaganeto-na-drzhavata-matura/

Од МОН велат дека дијалогот помеѓу ДИЦ и Министерството за финансии треба да продолжи до изнаоѓање на конечно решение, но истовремено, неопходно е да продолжат и процесите кои ги засегаат матрантите.

The post Државната матура да се одржи на 27 мај и 10 јуни appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука инсистира државната матура да се одржи на датумите кои се дефинирани во Календарот за организација на учебната 2022-2023 година во јавните средни училишта, односно првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, а вториот на 10 јуни. Претходно, Државниот испитен центар (ДИЦ) на прес-конференција соопшти дека останува во штрајк, а полагањето на државната матура е неизвесно. Синдикатот на ДИЦ и вицепремиерот за економски прашања не постигнале договор на вчерашната средба и тие на денешната прес-конференција објавија дека се повлекуваат од јавни обраќања и одговорите на прашањата во врска со нивното барање за повисоки плати и за полагањето на државната матура ќе треба да се бараат во надлежните институции, пред сѐ во Министерството за финансии.
Апелираме и до раководството на Државниот испитен центар и до членовите на Државниот матурски одбор целосно да се испочитуваат дефинираните рокови, во интерес на матурантите, чие понатамошно образование или вклучување на пазарот на трудот зависи токму од овој процес, како чин на формализација на средното образование и стекнување диплома. Изразуваме целосно разбирање и даваме поддршка на вработените во Државниот испитен центар за надминување на предизвикот со кој се соочуваат. Правото на синдикално организирање за остварување на одредени права е неспорно, но сепак, тоа не смее да биде на штета на учениците, кои треба да бидат консултирани за било каков нов предлог околу полагањето на државната матура, се вели во соопштението на МОН.
https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-shtrajkot-na-dits-neizvesno-e-polaganeto-na-drzhavata-matura/ Од МОН велат дека дијалогот помеѓу ДИЦ и Министерството за финансии треба да продолжи до изнаоѓање на конечно решение, но истовремено, неопходно е да продолжат и процесите кои ги засегаат матрантите.  

The post Државната матура да се одржи на 27 мај и 10 јуни appeared first on Република.

]]>
Продолжува штрајкот на ДИЦ, неизвесно е полагањето на државата матура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-shtrajkot-na-dits-neizvesno-e-polaganeto-na-drzhavata-matura/ Thu, 11 May 2023 11:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=639664

Државниот испитен центар (ДИЦ) останува во штрајк, а полагањето на државната матура е неизвесно. Синдикатот на ДИЦ и вицепремиерот за економски прашања не постигнале договор на вчерашната средба и тие на денешната прес-конференција објавија дека се повлекуваат од јавни обраќања и одговорите на прашањата во врска со нивното барање за повисоки плати и за полагањето на државната матура ќе треба да се бараат во надлежните институции, пред сѐ во Министерството за финансии.

Претседателката на синдикалната организација на 29-те вработени во ДИЦ, Емилија Бошковска, изјави дека на средбата им бил понуден К-15 што, рече, не го добиваат, а законски им припаѓа и за тоа ќе има веројатно и тужби, и линеарно покачување од 2.000 денари што би добиле половина од вработените.

Од вицепремиерот за економски прашања добивме идентичен одговор, како напамет научен текст на она што досега го добивавме и од министерот за образование и од претставници на Министерството за финансии. Понудено ни е К-15, кој нам ни следува законски и кој досега незаконски ни го спречуваа да го добиеме, и за кој веќе имаме постапка пред Инспекторат, а веројатно ќе следуваат и индивидуални тужби кои државата би ја чинеле дополнителни судски трошоци. Тоа не беше предмет на преговорите, К-15 го имаме во Колективниот и ни следува. Второто што ни беше понудено е линеарно покачување што, исто така, требаше да се случи автоматски и да не биде дел од преговорите. Со еден збор, нашиот поединечен колективен договор на ниво на работодавец го прогласуваат за ништовен со нивното игнорирање и со давање други предлози кои не беа предмет на преговори. Се најдоа начини, се направија ребаланси за нето покачувања од 70-80 проценти, а не можат да најдат решение за 30-ина луѓе кои работат многу напорно и а повеќе одговорности во исто време, рече Бошковска.

Појасни дека за различни позиции бараат различно покачување бидејќи тие сега се збиени.

Баравме на различни позиции различно покачување, затоа не можеме да пресметаме колку е вкупното барање. Нивната проценка е дека вкупно за сите е околу 27 отсто покачувањето. Кај некого ќе има можеби 10.000, затоа што со години биле онеправдани, а кај некого може и 4.000 денари. И за тој буџет не се согласуваат и сметаат дека е многу голем. Ни даваат нешто што по закон ни припаѓа и не сме го добиле и покрај тоа што сме го барале од Министерството за финансии, рече претседателката на Синдикатот на ДИЦ.

На прашањето дали ќе има државна матура на 27 мај, таа одговори дека штрајкот продолжува и во мирување ќе бидат сите процеси во надлежност на ДИЦ. Ништо повеќе нема да изјавуваат и за се што ќе се случува додека трае штрајкот наместо од нив, изјави и соопштенија медиумите и јавноста ќе треба да добиваат од надлежните министерства, особено од Финансии, кое досега, рече, ни еднаш не им одговорило на барањето.

Досега се беше наш апел, надеж, дека навистина на Владата и е битно тоа што се случува во образованието и дека и е битно да се случи државната матура.. Сфативме дека ние повеќе се грижиме за децата отколку државата, додаде Бошковска.

Во однос на изјавата на министерот Јетон Шаќири дека ќе има државна матура во закажаниот термин на 27 мај и, за да се реализира, ако е потребно МОН ќе ангажира од своите вработени, таа рече поради тајноста на материјалите влезот во ДИЦ е забранет за надворешни лица, а во некои простории во Центарот не смеат да влегуваат ни сите вработени.

Со секое влегување на надворешни лица, се нарушува веродостојноста на матурата. Слободно нека донесат, додаде Бошковска.

The post Продолжува штрајкот на ДИЦ, неизвесно е полагањето на државата матура appeared first on Република.

]]>

Државниот испитен центар (ДИЦ) останува во штрајк, а полагањето на државната матура е неизвесно. Синдикатот на ДИЦ и вицепремиерот за економски прашања не постигнале договор на вчерашната средба и тие на денешната прес-конференција објавија дека се повлекуваат од јавни обраќања и одговорите на прашањата во врска со нивното барање за повисоки плати и за полагањето на државната матура ќе треба да се бараат во надлежните институции, пред сѐ во Министерството за финансии. Претседателката на синдикалната организација на 29-те вработени во ДИЦ, Емилија Бошковска, изјави дека на средбата им бил понуден К-15 што, рече, не го добиваат, а законски им припаѓа и за тоа ќе има веројатно и тужби, и линеарно покачување од 2.000 денари што би добиле половина од вработените.
Од вицепремиерот за економски прашања добивме идентичен одговор, како напамет научен текст на она што досега го добивавме и од министерот за образование и од претставници на Министерството за финансии. Понудено ни е К-15, кој нам ни следува законски и кој досега незаконски ни го спречуваа да го добиеме, и за кој веќе имаме постапка пред Инспекторат, а веројатно ќе следуваат и индивидуални тужби кои државата би ја чинеле дополнителни судски трошоци. Тоа не беше предмет на преговорите, К-15 го имаме во Колективниот и ни следува. Второто што ни беше понудено е линеарно покачување што, исто така, требаше да се случи автоматски и да не биде дел од преговорите. Со еден збор, нашиот поединечен колективен договор на ниво на работодавец го прогласуваат за ништовен со нивното игнорирање и со давање други предлози кои не беа предмет на преговори. Се најдоа начини, се направија ребаланси за нето покачувања од 70-80 проценти, а не можат да најдат решение за 30-ина луѓе кои работат многу напорно и а повеќе одговорности во исто време, рече Бошковска.
Појасни дека за различни позиции бараат различно покачување бидејќи тие сега се збиени.
Баравме на различни позиции различно покачување, затоа не можеме да пресметаме колку е вкупното барање. Нивната проценка е дека вкупно за сите е околу 27 отсто покачувањето. Кај некого ќе има можеби 10.000, затоа што со години биле онеправдани, а кај некого може и 4.000 денари. И за тој буџет не се согласуваат и сметаат дека е многу голем. Ни даваат нешто што по закон ни припаѓа и не сме го добиле и покрај тоа што сме го барале од Министерството за финансии, рече претседателката на Синдикатот на ДИЦ.
На прашањето дали ќе има државна матура на 27 мај, таа одговори дека штрајкот продолжува и во мирување ќе бидат сите процеси во надлежност на ДИЦ. Ништо повеќе нема да изјавуваат и за се што ќе се случува додека трае штрајкот наместо од нив, изјави и соопштенија медиумите и јавноста ќе треба да добиваат од надлежните министерства, особено од Финансии, кое досега, рече, ни еднаш не им одговорило на барањето.
Досега се беше наш апел, надеж, дека навистина на Владата и е битно тоа што се случува во образованието и дека и е битно да се случи државната матура.. Сфативме дека ние повеќе се грижиме за децата отколку државата, додаде Бошковска.
Во однос на изјавата на министерот Јетон Шаќири дека ќе има државна матура во закажаниот термин на 27 мај и, за да се реализира, ако е потребно МОН ќе ангажира од своите вработени, таа рече поради тајноста на материјалите влезот во ДИЦ е забранет за надворешни лица, а во некои простории во Центарот не смеат да влегуваат ни сите вработени.
Со секое влегување на надворешни лица, се нарушува веродостојноста на матурата. Слободно нека донесат, додаде Бошковска.

The post Продолжува штрајкот на ДИЦ, неизвесно е полагањето на државата матура appeared first on Република.

]]>
Продолжува штрајкот на ДИЦ, ако до петок нема договор за зголемување на платите, ќе се менуваат датумите за државна матура https://arhiva3.republika.mk/vesti/prodolzhuva-shtrajkot-na-dits-ako-do-petok-nema-dogovor-za-zgolemuvane-na-platite-ke-se-menuvaat-datumite-za-drzhavna-matura/ Wed, 03 May 2023 14:20:53 +0000 https://republika.mk/?p=636501

Синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) го продолжува штрајкот почнат минатиот вторник затоа што не добиле согласност од Министерството за финансии за нивниот колективен договор со кој ќе им бидат зголемени платите. Повикаа Министерството сериозно да ги сфати и до петок да добијат позитивен одговор затоа што, во спротивно, ќе мора да се менува календарот за сите процеси за кои е надлежен ДИЦ и датумите за полагање на државната матура која треба да почне на 27 мај.

Дваесет и девет вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) од вчера се во генерален штрајк зашто не добиле согласност од Министерството за финансии на нивното барање за зголемување на платитe.

29-те вработени бараат повисоки плати кои не им се зголемени и по повторниот пораст на минималната плата, што довело до изедначување на платите за различни работни позиции. Речиси половина од нив, 11, примаат околу 20.100 денари, а советниците кои, како што велат, се стожерот на ДИЦ, добиваат плата од 26 илјади денари.

Емилија Бошковска, претседателка на синдикалната организација во која членуваат сите 29 вработени, денеска на прес-конференција соопшти дека од Министерството за финансии телефонски ги известиле дека „жалат што имаат толку ниски плати“ и наместо нивниот колективен, како поповолен им го предложиле Законот за административни службеници.

Но тој е далеку од нашето барање. Ако се прифати понудата за Законот за административни службеници, илјада денари е зголемување за советниците, а на добар дел со минимална плата во ДИЦ, кои се клучни во работата, нема да им се промени платата. Затоа ова нема да го разгледуваме ни како опција. По обидот повторно да бидеме игнорирани и неудостоени со одговор на нашето барање, ДИЦ имаше седница на Собрание на синдикатот и едногласно одлучи штрајкот да продолжи, изјави Бошковска.

Појаснувајќи зошто за нив е неприфатлива понудата од Министерството за финансии, таа рече дека главна надлежност на ДИЦ е да се грижи за квалитетот на образованието во државава, а Законот за административни службеници не го предвидува тој дел односно делот на образование на сите вклучени во институцијата.

Бевме одамна свесни за тоа и една од причините зошто се задржавме на наш колективен е тоа што сме посебни како институција и вработените се со поинаков начин на обука, затворен е системот, малку вработени се, за да нема пробивање на тестови, високоодговорни задачи за секој од нив и повеќе процеси за еден човек, рече Бошковска.

Ги зеле предвид сите одговорности што ги имаат во овој период и со оглед на календарот и закажаните испити го повикаа Министерството за финансии, како што рече, „сериозно да нѐ земе предвид кога ги донесува одлуките и до петок да добиеме позитивен одговор за да може воопшто да се реализира матурата со овие датуми“.

После петок, какви било преговори ќе треба да се однесуваат на промена на календарот и измена на датумите за матура. Не би сакале да дојде до тоа, но и тоа е опција. Ќе бидеме трпеливи. Матура ќе има, ние не сакаме да оштетиме никого, и сите процеси сакаме да ги реализираме, но ќе мора да се менува календарот. Сепак, во интерес на учениците е ова да биде што побрзо и да не менуваме датуми, апелираше Бошковска.

Од штрајкот на ДИЦ се засегнати 15 620 матуранти кои се пријавени за 27 мај и на 10 јуни да ги полагаат двата екстерни испита. Исто така, стопирано е и меѓународното тестирање ТИМСС, со кое се мерат постигнувањата на учениците по математика и природна група предмети (природни науки, физика, хемија, биологија). Тестирањето почна на 3 април и опфаќа околу 4900 ученици во 150 основни училишта.

The post Продолжува штрајкот на ДИЦ, ако до петок нема договор за зголемување на платите, ќе се менуваат датумите за државна матура appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) го продолжува штрајкот почнат минатиот вторник затоа што не добиле согласност од Министерството за финансии за нивниот колективен договор со кој ќе им бидат зголемени платите. Повикаа Министерството сериозно да ги сфати и до петок да добијат позитивен одговор затоа што, во спротивно, ќе мора да се менува календарот за сите процеси за кои е надлежен ДИЦ и датумите за полагање на државната матура која треба да почне на 27 мај. Дваесет и девет вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) од вчера се во генерален штрајк зашто не добиле согласност од Министерството за финансии на нивното барање за зголемување на платитe. 29-те вработени бараат повисоки плати кои не им се зголемени и по повторниот пораст на минималната плата, што довело до изедначување на платите за различни работни позиции. Речиси половина од нив, 11, примаат околу 20.100 денари, а советниците кои, како што велат, се стожерот на ДИЦ, добиваат плата од 26 илјади денари. Емилија Бошковска, претседателка на синдикалната организација во која членуваат сите 29 вработени, денеска на прес-конференција соопшти дека од Министерството за финансии телефонски ги известиле дека „жалат што имаат толку ниски плати“ и наместо нивниот колективен, како поповолен им го предложиле Законот за административни службеници.
Но тој е далеку од нашето барање. Ако се прифати понудата за Законот за административни службеници, илјада денари е зголемување за советниците, а на добар дел со минимална плата во ДИЦ, кои се клучни во работата, нема да им се промени платата. Затоа ова нема да го разгледуваме ни како опција. По обидот повторно да бидеме игнорирани и неудостоени со одговор на нашето барање, ДИЦ имаше седница на Собрание на синдикатот и едногласно одлучи штрајкот да продолжи, изјави Бошковска.
Појаснувајќи зошто за нив е неприфатлива понудата од Министерството за финансии, таа рече дека главна надлежност на ДИЦ е да се грижи за квалитетот на образованието во државава, а Законот за административни службеници не го предвидува тој дел односно делот на образование на сите вклучени во институцијата.
Бевме одамна свесни за тоа и една од причините зошто се задржавме на наш колективен е тоа што сме посебни како институција и вработените се со поинаков начин на обука, затворен е системот, малку вработени се, за да нема пробивање на тестови, високоодговорни задачи за секој од нив и повеќе процеси за еден човек, рече Бошковска.
Ги зеле предвид сите одговорности што ги имаат во овој период и со оглед на календарот и закажаните испити го повикаа Министерството за финансии, како што рече, „сериозно да нѐ земе предвид кога ги донесува одлуките и до петок да добиеме позитивен одговор за да може воопшто да се реализира матурата со овие датуми“.
После петок, какви било преговори ќе треба да се однесуваат на промена на календарот и измена на датумите за матура. Не би сакале да дојде до тоа, но и тоа е опција. Ќе бидеме трпеливи. Матура ќе има, ние не сакаме да оштетиме никого, и сите процеси сакаме да ги реализираме, но ќе мора да се менува календарот. Сепак, во интерес на учениците е ова да биде што побрзо и да не менуваме датуми, апелираше Бошковска.
Од штрајкот на ДИЦ се засегнати 15 620 матуранти кои се пријавени за 27 мај и на 10 јуни да ги полагаат двата екстерни испита. Исто така, стопирано е и меѓународното тестирање ТИМСС, со кое се мерат постигнувањата на учениците по математика и природна група предмети (природни науки, физика, хемија, биологија). Тестирањето почна на 3 април и опфаќа околу 4900 ученици во 150 основни училишта.

The post Продолжува штрајкот на ДИЦ, ако до петок нема договор за зголемување на платите, ќе се менуваат датумите за државна матура appeared first on Република.

]]>
Од штрајкот во ДИЦ засегнати 15 620 матуранти, апели да се најде решение за барањето на вработените https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-shtrajkot-vo-dits-zasegnati-15-620-maturanti-apeli-da-se-najde-reshenie-za-baraneto-na-vrabotenite/ Sun, 30 Apr 2023 07:20:45 +0000 https://republika.mk/?p=635456

За неполн месец, 27 мај, 15 620 средношколци кои се пријавиле да полагаат државна матура треба да бидат тестирани по првиот екстерен испит – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература. Завршниот испит ќе биде неизвесен доколку повеќе од една недела трае генералниот штрајк, кој вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) го почнаа во вторникот.

Дваесет и деветте вработени бараат повисоки плати кои не им се зголемени и по повторниот пораст на минималната плата, што довело до изедначување на платите за различни работни позиции. Речиси половина од нив, 11, примаат околу 20.100 денари, а советниците кои, како што велат, се стожерот на ДИЦ, добиваат плата од 26 илјади денари. Измените на колективниот договор со кои би добиле линеарно покачување ги доставиле до Министерството за финансии од кое бараат согласност.

Синдикалната организација на ДИЦ соопшти дека ги стопира сите процеси што се во надлежност на Центарот – покрај организацијата на претстојната државна матура, овие вработени ги подготвуваат и меѓународните тестирања, обуката и испитот за директори на училишта, приправничките испити за сите наставници.

Наставниците одамна добија покачувања, а платите наши беа заборавени. Со покачување на минималната плата веќе двапати, се зголемија само на тие со најниска позиција. А ние сме основата т.е. стожерот на еден куп процеси кои се случуваат во образованието. Дојдовме во ситуација во која вработените не можат да преживеат со оглед на поскапувањата. Ние имаме улога многу посериозна од тоа колку нѐ цени Владата. Се надеваме дека во најскоро време ќе добиеме позитивен одговор. Не е само државната матура, има процеси коишто се врзани со рокови. Овие вработени се во клучни процеси, секој од нив е битен и битно е да биде стимулиран, да добиеме плата за достоинствен живот - изјави Емилија Бошковска, претседателка на синдикалната организација на ДИЦ.

По усогласувањето со Сојузот на средношколци и прифаќањето на четирите нивни барања за олеснување на државната матура и уписот на факултетите, Министерството за образование и наука заедно со Министерството за финансии сега треба да најде решение и за барањата на вработените што се задолжени да го спроведат договореното со матурантите.

Министерот Јетон Шаќири ги повика вработените да не ја доведуваат во прашање државната матура. Апелираше тие, заедно со директорката, да комуницираат со другите институции и да го чекаат Општиот колективен договор.

Сите имаме и правна одговорност и оваа институција не треба да ја користи ситуацијата кога средношколците треба да полагаат државна матура - рече Шаќири.

Директорката на ДИЦ Благица Павловска смета дека и правото на штрајк, и правото на образование, се уставно загарантирани и повика да се најде решение.

Како раководител не го оспорувам процесот на штрајк како уставно загарантирано право, но секако дека и правото на образование е уставно загарантирано и сметам дека не треба образовниот процес да трпи последици. Апелираме на изнаоѓање на решение - изјави Павловска за МИА.

На брзо решение повикува и Сојузот на средношколци кој официјално немал состанок за да се дискутира по ова прашање, но неговиот претседател, Лука Павиќевиќ, како што вели, „лично има целосни симпатии за барањата на вработените во Државниот испитен центар“.

Износите на платите што ги споделија со јавноста се скандалозни и недозволиви. Станува збор за навистина мал број вработени, што значи дека зголемувањето на платите нема сериозно да ја обремени државата. Сметам дека не треба државната матура да биде доведена во прашање бидејќи таа ќе им наштети најмногу на матурантите, но и на целиот систем. Токму затоа апелирам надлежните институции - МОН и Министерството за финансии, да ги прифатат барањата на вработените и заеднички да изнајдат начин мирно и навремено да го решат штрајкот - вели Павиќевиќ за МИА.

Додава и дека во прегледот на ОЕЦД за образованието во земјава е наведено дека: „Државниот испитен центар е препознатлив во регионот поради иновативната поставеност и интегритет“.

ДИЦ во изминатиот период работеше на приспособување на тестовите за државната матура согласно договорот меѓу Министерството за образование и наука и Сојузот на средношколци за олеснување на полагањето на првиот екстерен испит – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература, закажан за 27 мај.

Директорката на ДИЦ Благица Павловска за МИА изјави дека ги скратиле по обем тестовите и е намален бројот на зборови за есејот. Исто така, рече таа, намален по обем е и тестот по Математика кој ќе има помал број задачи.

При изготвување на тестовите по Македонски јазик и литература, Албански јазик и литература и Турски јазик и литература е испочитуван договорот со средношколците. Односно скратени се по обем тестовите и бројот на зборови за есејот е намален. Како и секоја година, и оваа Државниот испитен центар изготви Упатство за пишување текст со зададени насоки и Насоки за реализација на испитот по мајчините јазици. Во насоките се дадени авторите и делата од светската книжевност кои би можеле да се дел од тестот. Исто така, и тестот по Математика е намален, односно бројот на задачи. На матурантите кои избрале да полагаат Математика ќе им бидат достапни и основните формули. Од оваа учебна година тие се содржат во рамките на тестот - појасни Павловска.

Според податоците на ДИЦ, за државна матура во јунскиот испитен рок годинава се пријавени 15 620 матуранти. Од нив, 6750 се од гимназиско образование, 8598 од средно стручно и 272 од средно уметничко образование.

На 27 мај треба да се полага првиот екстерен испит – Мајчин јазик и литература кој е задолжителен за сите матуранти. Македонски јазик и литература се пријавиле да полагаат 10 768, Албански јазик и литература 4380, Турски јазик и литература 357 матуранти.

На 10 јуни е закажан тестот од вториот екстерен испит. Тој е изборен и матурантите имаа можност да избираат меѓу седум предмети. Како и во минатите години, најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик, за Математика се пријавени 1397, Француски јазик - 29, Германски јазик - 122, Руски јазик - 17, Естетика - 81 и Филозофија ќе полагаат седум матуранти.

Испитите ќе почнуваат во 10 часот, а за реализација на државната матура ќе бидат вклучени околу 1700 тестатори. Доколку (навреме) се реализира јунската сесија, матурантите што нема да ја положат матурата или не во целост, ќе може да полагаат во августовската испитна сесија – на 9 и 11 август.

Паралелно, се подготвуваат и различни модели на државна матура во иднина, соодветно на видот на образование. Новата Концепција за испити на крајот на четиригодишното средно образование е вклучена во новиот закон за средно образование кој треба да биде усвоен и се очекува новиот начин на полагање на матурата да се применува по три учебни години.

Кога ќе се донесе новиот закон, таа ќе почне да се применува. Со неа е предвидено поделба на испитите на крајот на четиригодишното образование според видот. Односно стручните училишта, уметничките и гимназиите ќе имаат различен вид на испити на крај на четиригодишното образование. Пред да се воведат новите испити ќе се пилотираат, со цел учениците да бидат запознаени со нив. Предвидено е со овие испити да се започне по три учебни години, рече директорката на Државниот испитен центар.

The post Од штрајкот во ДИЦ засегнати 15 620 матуранти, апели да се најде решение за барањето на вработените appeared first on Република.

]]>

За неполн месец, 27 мај, 15 620 средношколци кои се пријавиле да полагаат државна матура треба да бидат тестирани по првиот екстерен испит – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература. Завршниот испит ќе биде неизвесен доколку повеќе од една недела трае генералниот штрајк, кој вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) го почнаа во вторникот. Дваесет и деветте вработени бараат повисоки плати кои не им се зголемени и по повторниот пораст на минималната плата, што довело до изедначување на платите за различни работни позиции. Речиси половина од нив, 11, примаат околу 20.100 денари, а советниците кои, како што велат, се стожерот на ДИЦ, добиваат плата од 26 илјади денари. Измените на колективниот договор со кои би добиле линеарно покачување ги доставиле до Министерството за финансии од кое бараат согласност. Синдикалната организација на ДИЦ соопшти дека ги стопира сите процеси што се во надлежност на Центарот – покрај организацијата на претстојната државна матура, овие вработени ги подготвуваат и меѓународните тестирања, обуката и испитот за директори на училишта, приправничките испити за сите наставници.
Наставниците одамна добија покачувања, а платите наши беа заборавени. Со покачување на минималната плата веќе двапати, се зголемија само на тие со најниска позиција. А ние сме основата т.е. стожерот на еден куп процеси кои се случуваат во образованието. Дојдовме во ситуација во која вработените не можат да преживеат со оглед на поскапувањата. Ние имаме улога многу посериозна од тоа колку нѐ цени Владата. Се надеваме дека во најскоро време ќе добиеме позитивен одговор. Не е само државната матура, има процеси коишто се врзани со рокови. Овие вработени се во клучни процеси, секој од нив е битен и битно е да биде стимулиран, да добиеме плата за достоинствен живот - изјави Емилија Бошковска, претседателка на синдикалната организација на ДИЦ.
По усогласувањето со Сојузот на средношколци и прифаќањето на четирите нивни барања за олеснување на државната матура и уписот на факултетите, Министерството за образование и наука заедно со Министерството за финансии сега треба да најде решение и за барањата на вработените што се задолжени да го спроведат договореното со матурантите. Министерот Јетон Шаќири ги повика вработените да не ја доведуваат во прашање државната матура. Апелираше тие, заедно со директорката, да комуницираат со другите институции и да го чекаат Општиот колективен договор.
Сите имаме и правна одговорност и оваа институција не треба да ја користи ситуацијата кога средношколците треба да полагаат државна матура - рече Шаќири.
Директорката на ДИЦ Благица Павловска смета дека и правото на штрајк, и правото на образование, се уставно загарантирани и повика да се најде решение.
Како раководител не го оспорувам процесот на штрајк како уставно загарантирано право, но секако дека и правото на образование е уставно загарантирано и сметам дека не треба образовниот процес да трпи последици. Апелираме на изнаоѓање на решение - изјави Павловска за МИА.
На брзо решение повикува и Сојузот на средношколци кој официјално немал состанок за да се дискутира по ова прашање, но неговиот претседател, Лука Павиќевиќ, како што вели, „лично има целосни симпатии за барањата на вработените во Државниот испитен центар“.
Износите на платите што ги споделија со јавноста се скандалозни и недозволиви. Станува збор за навистина мал број вработени, што значи дека зголемувањето на платите нема сериозно да ја обремени државата. Сметам дека не треба државната матура да биде доведена во прашање бидејќи таа ќе им наштети најмногу на матурантите, но и на целиот систем. Токму затоа апелирам надлежните институции - МОН и Министерството за финансии, да ги прифатат барањата на вработените и заеднички да изнајдат начин мирно и навремено да го решат штрајкот - вели Павиќевиќ за МИА.
Додава и дека во прегледот на ОЕЦД за образованието во земјава е наведено дека: „Државниот испитен центар е препознатлив во регионот поради иновативната поставеност и интегритет“. ДИЦ во изминатиот период работеше на приспособување на тестовите за државната матура согласно договорот меѓу Министерството за образование и наука и Сојузот на средношколци за олеснување на полагањето на првиот екстерен испит – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература, закажан за 27 мај. Директорката на ДИЦ Благица Павловска за МИА изјави дека ги скратиле по обем тестовите и е намален бројот на зборови за есејот. Исто така, рече таа, намален по обем е и тестот по Математика кој ќе има помал број задачи.
При изготвување на тестовите по Македонски јазик и литература, Албански јазик и литература и Турски јазик и литература е испочитуван договорот со средношколците. Односно скратени се по обем тестовите и бројот на зборови за есејот е намален. Како и секоја година, и оваа Државниот испитен центар изготви Упатство за пишување текст со зададени насоки и Насоки за реализација на испитот по мајчините јазици. Во насоките се дадени авторите и делата од светската книжевност кои би можеле да се дел од тестот. Исто така, и тестот по Математика е намален, односно бројот на задачи. На матурантите кои избрале да полагаат Математика ќе им бидат достапни и основните формули. Од оваа учебна година тие се содржат во рамките на тестот - појасни Павловска.
Според податоците на ДИЦ, за државна матура во јунскиот испитен рок годинава се пријавени 15 620 матуранти. Од нив, 6750 се од гимназиско образование, 8598 од средно стручно и 272 од средно уметничко образование. На 27 мај треба да се полага првиот екстерен испит – Мајчин јазик и литература кој е задолжителен за сите матуранти. Македонски јазик и литература се пријавиле да полагаат 10 768, Албански јазик и литература 4380, Турски јазик и литература 357 матуранти. На 10 јуни е закажан тестот од вториот екстерен испит. Тој е изборен и матурантите имаа можност да избираат меѓу седум предмети. Како и во минатите години, најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик, за Математика се пријавени 1397, Француски јазик - 29, Германски јазик - 122, Руски јазик - 17, Естетика - 81 и Филозофија ќе полагаат седум матуранти. Испитите ќе почнуваат во 10 часот, а за реализација на државната матура ќе бидат вклучени околу 1700 тестатори. Доколку (навреме) се реализира јунската сесија, матурантите што нема да ја положат матурата или не во целост, ќе може да полагаат во августовската испитна сесија – на 9 и 11 август. Паралелно, се подготвуваат и различни модели на државна матура во иднина, соодветно на видот на образование. Новата Концепција за испити на крајот на четиригодишното средно образование е вклучена во новиот закон за средно образование кој треба да биде усвоен и се очекува новиот начин на полагање на матурата да се применува по три учебни години. Кога ќе се донесе новиот закон, таа ќе почне да се применува. Со неа е предвидено поделба на испитите на крајот на четиригодишното образование според видот. Односно стручните училишта, уметничките и гимназиите ќе имаат различен вид на испити на крај на четиригодишното образование. Пред да се воведат новите испити ќе се пилотираат, со цел учениците да бидат запознаени со нив. Предвидено е со овие испити да се започне по три учебни години, рече директорката на Државниот испитен центар.

The post Од штрајкот во ДИЦ засегнати 15 620 матуранти, апели да се најде решение за барањето на вработените appeared first on Република.

]]>
Шаќири за најавениот штрајк на ДИЦ: Да не се доведува во прашање државната матура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-za-najaveniot-shtrajk-na-dits-da-ne-se-doveduva-vo-prashane-drzhavnata-matura-2/ Tue, 25 Apr 2023 11:05:27 +0000 https://republika.mk/?p=633866

Мојата порака до сите вработени заедно со директорката е да комуницираат со другите институции и нека чекаат да се реши Општиот колективен договор. Така да ги надминат проблемите и да не се доведува во прашање државната матура, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири откако синдикатот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) најави штрајк поради тоа што од Министерството за финансии не добиле согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор.

Во допис до медиумите тие вчера соопштија дека во случај на штрајк ќе биде доведено во прашање и полагањето на државната матура покрај другите тестирања што ги организира Центарот.

Шаќири потенцираше дека сите имаат и правна одговорност со апел, како што рече, оваа институција да не ја користи ситуацијата кога средношколците треба да полагаат државна матура.

Сите синдикати се вклучени во Општиот колективен договор. Значи и тие вработени кои се дел од синдикатот УПОЗ јас ќе ги повикам зашто сите имаме законски обврски и кога се работи за државна матура не може да го искористат моментот на државната матура за да ја постигнат целта. Целта на Владата е Општ колективен договор и подобри услови. Мојата порака до сите вработени заедно со директорката е да комуницираат со другите институции и нека чекаат да се реши Општиот колективен договор. Така да ги надминат проблемите и да не се доведува во прашање државната матура - рече Шаќири одговарајќи на новинарски прашања по учеството на тркалезната маса „Антикорупциско образование – пристапи и предизвици.

The post Шаќири за најавениот штрајк на ДИЦ: Да не се доведува во прашање државната матура appeared first on Република.

]]>

Мојата порака до сите вработени заедно со директорката е да комуницираат со другите институции и нека чекаат да се реши Општиот колективен договор. Така да ги надминат проблемите и да не се доведува во прашање државната матура, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири откако синдикатот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) најави штрајк поради тоа што од Министерството за финансии не добиле согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор. Во допис до медиумите тие вчера соопштија дека во случај на штрајк ќе биде доведено во прашање и полагањето на државната матура покрај другите тестирања што ги организира Центарот. Шаќири потенцираше дека сите имаат и правна одговорност со апел, како што рече, оваа институција да не ја користи ситуацијата кога средношколците треба да полагаат државна матура.
Сите синдикати се вклучени во Општиот колективен договор. Значи и тие вработени кои се дел од синдикатот УПОЗ јас ќе ги повикам зашто сите имаме законски обврски и кога се работи за државна матура не може да го искористат моментот на државната матура за да ја постигнат целта. Целта на Владата е Општ колективен договор и подобри услови. Мојата порака до сите вработени заедно со директорката е да комуницираат со другите институции и нека чекаат да се реши Општиот колективен договор. Така да ги надминат проблемите и да не се доведува во прашање државната матура - рече Шаќири одговарајќи на новинарски прашања по учеството на тркалезната маса „Антикорупциско образование – пристапи и предизвици.

The post Шаќири за најавениот штрајк на ДИЦ: Да не се доведува во прашање државната матура appeared first on Република.

]]>
Со просечна оценка од 3,78 државната матура е поуспешна од лани: ДИЦ ги објави резултатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-prosechna-ocenka-od-3-78-drzavnata-matura-e-pouspeshna-od-lani-dic-gi-objavi-rezultatite/ Fri, 01 Jul 2022 10:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=522038

Државниот испитен центар информира дека денес 1 јули 2022 година во 12 часот ќе се објават прелиминарните резултатите од државната матура, 12 дена порано од законскиот рок. Истите се испратени до училиштата, а може и електронски секој кандидат со најава на http://rezultati.dic.edu.mk да ги види своите.

Државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмети и проектна задача и скратени испитни програми.
Средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,61.

Следува период на приговори, односно заклучно со 5 јули 2022 година учениците може да поднесуваат приговори во училиштата. Резултатите од приговорите ДИЦ ќе ги објави на 11 јули 2022 година. Увидот во тестовите лично од страна на кандидатите е на 13 јули во ДИЦ, по предходна најава и закажување термин телефонски на 12 јули 2022 година.

За сите дополнителни информации матурантите може да се информираат од училишните матурски комисии во своите училишта и на www.matura.gov.mk.

The post Со просечна оценка од 3,78 државната матура е поуспешна од лани: ДИЦ ги објави резултатите appeared first on Република.

]]>

Државниот испитен центар информира дека денес 1 јули 2022 година во 12 часот ќе се објават прелиминарните резултатите од државната матура, 12 дена порано од законскиот рок. Истите се испратени до училиштата, а може и електронски секој кандидат со најава на http://rezultati.dic.edu.mk да ги види своите. Државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмети и проектна задача и скратени испитни програми. Средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,61. Следува период на приговори, односно заклучно со 5 јули 2022 година учениците може да поднесуваат приговори во училиштата. Резултатите од приговорите ДИЦ ќе ги објави на 11 јули 2022 година. Увидот во тестовите лично од страна на кандидатите е на 13 јули во ДИЦ, по предходна најава и закажување термин телефонски на 12 јули 2022 година. За сите дополнителни информации матурантите може да се информираат од училишните матурски комисии во своите училишта и на www.matura.gov.mk.  

The post Со просечна оценка од 3,78 државната матура е поуспешна од лани: ДИЦ ги објави резултатите appeared first on Република.

]]>
Протест на кандидатите за полагање испит за директори во училиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/protest-na-kandidatite-za-polaganje-ispit-za-direktori-vo-uchilishtata/ Sun, 20 Feb 2022 09:55:05 +0000 https://republika.mk/?p=460998

Кандидатите за директори во образовни установи денес напладне ќе протестираат пред Државниот испитен центар. Се жалат дека иако уплатиле пари, веќе неколку месеци чекаат за обука и полагање испит за директори на училишта и ученички домови.

Од Државниот испитен центар велат дека постапуваат согласно законот и обуките и испитите за директори се спроведуваат редовно. Последниот испит бил организиран во декември, а следната обука би требало да започне во март.

Инаку, обуките чинат околу 500 евра и доколку не се спроведат во најкус рок кандидатите ќе се жалат и кај народниот правобранител и на меѓународната заедница.

The post Протест на кандидатите за полагање испит за директори во училиштата appeared first on Република.

]]>

Кандидатите за директори во образовни установи денес напладне ќе протестираат пред Државниот испитен центар. Се жалат дека иако уплатиле пари, веќе неколку месеци чекаат за обука и полагање испит за директори на училишта и ученички домови. Од Државниот испитен центар велат дека постапуваат согласно законот и обуките и испитите за директори се спроведуваат редовно. Последниот испит бил организиран во декември, а следната обука би требало да започне во март. Инаку, обуките чинат околу 500 евра и доколку не се спроведат во најкус рок кандидатите ќе се жалат и кај народниот правобранител и на меѓународната заедница.

The post Протест на кандидатите за полагање испит за директори во училиштата appeared first on Република.

]]>