Џулија Гарнер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dhulija-garner/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 20:44:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џулија Гарнер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dhulija-garner/ 32 32 Почнува снимањето на филмот за Мадона: Џулија Гарнер ќе ја глуми легендарната пејачка https://arhiva3.republika.mk/scena/film/pochnuva-snimaneto-na-filmot-za-madona-dhulija-garner-ke-ja-glumi-legendarnata-pejachka/ Wed, 12 Jun 2024 15:21:42 +0000 https://republika.mk/?p=786746

По долгото одложување, снимањето на филмот за поп-ѕвездата Мадона треба да започне следната година.

Како режисер и косценарист, пејачката со години работеше на филмот, кој првпат беше најавен во 2020 година, но поради турнејата таа го одложи снимањето. Сега британските медиуми пишуваат дека ѕвездата избрала и актерка која ќе ја портретира.

Во улога на познатата пејачка ќе биде Џулија Гарнер, актерката најпозната по улогата на Рут Лангмор во криминалната драмска серија „Озарк“. Наградуваната актерка првпат беше вклучена во проектот во 2022 година, откако беше подложена на исцрпувачка 11-часовна аудиција. Меѓу актерките кои беа кандидати за улогата се Сидни Свини, Флоренс Пју и Ема Леард.

Мадона минатиот месец ја заврши турнејата во Бразил и сега конеќно ќе се фокусира на снимање биографски филм.

„Џулија е сè уште нејзиниот избор за главната актерка и тие останаа во контакт во текот на минатата година. Разговараа за идеи”, изјавил извор за „Сан“.

„Имаме многу работа за да го избереме остатокот од актерската екипа, да го организираме снимањето и да го финализираме сценариото, но се надеваме дека ќе започнеме со снимање во следните 12 месеци“, заклучува изворот.

The post Почнува снимањето на филмот за Мадона: Џулија Гарнер ќе ја глуми легендарната пејачка appeared first on Република.

]]>

По долгото одложување, снимањето на филмот за поп-ѕвездата Мадона треба да започне следната година. Како режисер и косценарист, пејачката со години работеше на филмот, кој првпат беше најавен во 2020 година, но поради турнејата таа го одложи снимањето. Сега британските медиуми пишуваат дека ѕвездата избрала и актерка која ќе ја портретира.
Во улога на познатата пејачка ќе биде Џулија Гарнер, актерката најпозната по улогата на Рут Лангмор во криминалната драмска серија „Озарк“. Наградуваната актерка првпат беше вклучена во проектот во 2022 година, откако беше подложена на исцрпувачка 11-часовна аудиција. Меѓу актерките кои беа кандидати за улогата се Сидни Свини, Флоренс Пју и Ема Леард. Мадона минатиот месец ја заврши турнејата во Бразил и сега конеќно ќе се фокусира на снимање биографски филм.
„Џулија е сè уште нејзиниот избор за главната актерка и тие останаа во контакт во текот на минатата година. Разговараа за идеи”, изјавил извор за „Сан“. „Имаме многу работа за да го избереме остатокот од актерската екипа, да го организираме снимањето и да го финализираме сценариото, но се надеваме дека ќе започнеме со снимање во следните 12 месеци“, заклучува изворот.

The post Почнува снимањето на филмот за Мадона: Џулија Гарнер ќе ја глуми легендарната пејачка appeared first on Република.

]]>