Џозеф Ву Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dhozef-vu/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Jun 2023 15:00:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џозеф Ву Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dhozef-vu/ 32 32 Тајван бара од Европа поддршка за мир и стабилност на негова територија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tajvan-bara-od-evropa-poddrshka-za-mir-i-stabilnost-na-negova-teritorija/ Wed, 14 Jun 2023 15:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=651411

Министерот за надворешни работи на Тајван, Џозеф Ву, во Прага порача дека на Тајван му е потребна поддршката од европските земји за да се помогне во одржувањето на мирот во неговата земја и во Индо-пацифичкиот регион.

Ву го кажа ова на конференција за Кина организирана од чешки институт, која ја отвори чешкиот претседател Петер Павел.

Портпаролот на тајванското Министерство за надворешни работи, Џеф Лиу, изјави дека ова е „првпат тајвански функционер да ја дели сцената со претседател на европска земја која нема дипломатски односи со Тајван“.

Тајванскиот министер за надворешни работи Ву рече дека Кина има амбиции да го прошири своето влијание и можеби нема да се ограничи само на Тајван.

Мислам дека мораме да се обединиме за да ја ограничиме кинеската амбиција и да обезбедиме мир и стабилност во областа на Тајванскиот Теснец, изјави Ву.

Тој одби да каже кои други земји планира да ги посети после Чешка.

Пред посетата на Ву, кинеското Министерство за надворешни работи ги повика европските земји „да се воздржат од поддршка на сепаратистичките активности на Тајван“. Пекинг смета дека Тајван е составен дел од неговата територија и оти треба да биде реинтегриран во Кина.

Чешката Република, како и повеќето други земји, нема официјални дипломатски врски со Тајван и го признава „принципот на една Кина“, но одржува неформални контакти со Тајван. Тајванските високотехнолошки компании се исто така значајни инвеститори во Чешката Република.

The post Тајван бара од Европа поддршка за мир и стабилност на негова територија appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Тајван, Џозеф Ву, во Прага порача дека на Тајван му е потребна поддршката од европските земји за да се помогне во одржувањето на мирот во неговата земја и во Индо-пацифичкиот регион. Ву го кажа ова на конференција за Кина организирана од чешки институт, која ја отвори чешкиот претседател Петер Павел. Портпаролот на тајванското Министерство за надворешни работи, Џеф Лиу, изјави дека ова е „првпат тајвански функционер да ја дели сцената со претседател на европска земја која нема дипломатски односи со Тајван“. Тајванскиот министер за надворешни работи Ву рече дека Кина има амбиции да го прошири своето влијание и можеби нема да се ограничи само на Тајван.
Мислам дека мораме да се обединиме за да ја ограничиме кинеската амбиција и да обезбедиме мир и стабилност во областа на Тајванскиот Теснец, изјави Ву.
Тој одби да каже кои други земји планира да ги посети после Чешка. Пред посетата на Ву, кинеското Министерство за надворешни работи ги повика европските земји „да се воздржат од поддршка на сепаратистичките активности на Тајван“. Пекинг смета дека Тајван е составен дел од неговата територија и оти треба да биде реинтегриран во Кина. Чешката Република, како и повеќето други земји, нема официјални дипломатски врски со Тајван и го признава „принципот на една Кина“, но одржува неформални контакти со Тајван. Тајванските високотехнолошки компании се исто така значајни инвеститори во Чешката Република.

The post Тајван бара од Европа поддршка за мир и стабилност на негова територија appeared first on Република.

]]>