Џон Џос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dhon-dhos/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Oct 2023 08:25:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џон Џос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dhon-dhos/ 32 32 Изложба на дела од американскиoт филмски режисер Џон Џост во Центар Јадро https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-dela-od-amerikanskiot-filmski-rezhiser-dhon-dhost-vo-tsentar-jadro/ Thu, 12 Oct 2023 08:25:10 +0000 https://republika.mk/?p=690390

В петок, на 13 октомври во 19.00 часот во КСП Центар Јадро ќе биде отворена изложбата на цртежи и акварели кои култниот американски, независен, филмски режисер, Џон Џост ги изработи за време на неговиот престој во Скопје.

Oд крајот на септември во КСП Центар-Јадро гостува култниот филмски режисер Џост. За време на својот престој во Јадро тој одржа филмска работилница „Learn everything there is to know from a real MoFo“. Кратките филмови, кои учесниците ги изработија со Џост ќе бидат проектирани на 13 октомври во 19 часот во КСП Центар-Јадро.

За своите цртежи Џон Џост вели:

Изложените акварели јас ги доживувам како експерименти. Не мислам дека тие се 'уметност', туку се можеби повеќе обид или проба што може да доведе до правење 'уметност'.

Џон Џост е еден од најплодните и најзначајните американски независни филмски автори. Самоук е. Има снимено 41 долгометражен филм во периодот 1963-2013 година, како и повеќе од 30 краткометражни филма, кои сите ги има сам осмислено, напишано, снимено, режирано и монтирано; повеќето и продуцирано. Од 1996 година работи само во дигитално видео (DV и HD), завршувајќи 24 долгометражни и многу краткометражни дела, како и една голема инсталација на 7 екрани, TRINITY, претставена во ZKM, Карлсруе, Германија. Има изведено и неколку други инсталации што досега не биле јавно презентирани. Во јануари 1991 година во Музејот на модерната уметност (МоМА) во Њујорк е прикажана ретроспектива на неговото дотогашно творештво.

Два од неговите најпознати филмови се „Сите дела на Вермер во Њујорк“ (1990) и „Креветот во кој спиеш“ (1993). Неговиот долгометражен филм од 1977 година, „Последни песни за бавен танц“ е наведен во книгата „1001 филм што мора да ги погледнете пред да умрете“. Џост се занимава и со фотографија и сликарство и пишува и свири кантри вестерн песни.

Програмата е реализирана во соработка помеѓу КСП Центар-Јадро, MI Film&Theatre и Кинотека на Македонија, а е финансиски поддржана од Министерство за култура на РС Македонија.

 

The post Изложба на дела од американскиoт филмски режисер Џон Џост во Центар Јадро appeared first on Република.

]]>

В петок, на 13 октомври во 19.00 часот во КСП Центар Јадро ќе биде отворена изложбата на цртежи и акварели кои култниот американски, независен, филмски режисер, Џон Џост ги изработи за време на неговиот престој во Скопје. Oд крајот на септември во КСП Центар-Јадро гостува култниот филмски режисер Џост. За време на својот престој во Јадро тој одржа филмска работилница „Learn everything there is to know from a real MoFo“. Кратките филмови, кои учесниците ги изработија со Џост ќе бидат проектирани на 13 октомври во 19 часот во КСП Центар-Јадро. За своите цртежи Џон Џост вели:
Изложените акварели јас ги доживувам како експерименти. Не мислам дека тие се 'уметност', туку се можеби повеќе обид или проба што може да доведе до правење 'уметност'.
Џон Џост е еден од најплодните и најзначајните американски независни филмски автори. Самоук е. Има снимено 41 долгометражен филм во периодот 1963-2013 година, како и повеќе од 30 краткометражни филма, кои сите ги има сам осмислено, напишано, снимено, режирано и монтирано; повеќето и продуцирано. Од 1996 година работи само во дигитално видео (DV и HD), завршувајќи 24 долгометражни и многу краткометражни дела, како и една голема инсталација на 7 екрани, TRINITY, претставена во ZKM, Карлсруе, Германија. Има изведено и неколку други инсталации што досега не биле јавно презентирани. Во јануари 1991 година во Музејот на модерната уметност (МоМА) во Њујорк е прикажана ретроспектива на неговото дотогашно творештво. Два од неговите најпознати филмови се „Сите дела на Вермер во Њујорк“ (1990) и „Креветот во кој спиеш“ (1993). Неговиот долгометражен филм од 1977 година, „Последни песни за бавен танц“ е наведен во книгата „1001 филм што мора да ги погледнете пред да умрете“. Џост се занимава и со фотографија и сликарство и пишува и свири кантри вестерн песни. Програмата е реализирана во соработка помеѓу КСП Центар-Јадро, MI Film&Theatre и Кинотека на Македонија, а е финансиски поддржана од Министерство за култура на РС Македонија.  

The post Изложба на дела од американскиoт филмски режисер Џон Џост во Центар Јадро appeared first on Република.

]]>