Џим Џордан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dhim-dhordan/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Oct 2023 12:30:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џим Џордан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dhim-dhordan/ 32 32 Пелоси: Повторниот неуспех на Џим Џордан да стане спикер е „триумф на демократијата“ во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pelosi-povtorniot-neuspeh-na-dhim-dhordan-da-stane-spiker-e-triumf-na-demokratijata-vo-sad/ Thu, 19 Oct 2023 12:30:30 +0000 https://republika.mk/?p=692868

 Повторниот неуспех на Џим Џордан да стане спикер на Претставничкиот дом е „триумф на демократијата“ во земјата затоа што републиканците блокираа „востаник“, изјави синоќа Ненси Пелоси, демократка и поранешен спикер на Претставничкиот дом.

Според неа, самото гласање за републиканецот Џордан да стане спикер било „напад на нашата демократијата“.

-Ова е тримф на демократијата во нашата земја затоа што републиканците повторно отфрлија востаник да стане спикер. На победничката партија секогаш сме ѝ посакувале најдобро во нивниот избор на лидер, рече Пелоси.

Додаде дека во нејзината кариера на пратеничка таа никогаш не видела да се одвива ваква трка за избор на спикер.

-Дали тоа било од нивна (републиканска) или од наша (демократска) страна, секогаш сме го почитувале мислењето на другата страна. Но тоа што вчера и денеска (се случуваше во парламентот) беше напад на нашата демократија, како што Џим Џордан ја нападна нашата демократија на 6 јануари, изјави таа.

Џордан, претседател на Комитетот за правда на Претставничкиот дом, е верен сојузник на поранешниот претседател Доналд Трамп, и доби партиска поддршка да се кандидира за спикер по минатонеделната одлука на лидерот на мнозинството Стив Скализе да излезе од трката.

Џордан беше еден од 147-те те републиканци кои гласаа за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година во Пенсилванија и Аризона и даваше имплицитна подршка на поддржувачите на Трамп, кои на 6 јануари 2021 година упаднаа во американскиот Капитол.

Сите демократите се против неговиот избор за спикер, но по двојниот несупех во партиското гласање неделава се виде дека тој нема подршка и од многу умерени републиканци, како поранешната претставичка Лиз Чејни која сеуште има големо влијание во партијата.

-Џим Џордан беше вклучен во заговорот на Трамп за кражба на изборите и грабнување на власта; тој повика Пенс да одбие да се бројат законски гласовите на електорите, напиша Чејни на Х, социјалната мрежа претходно позната како Твитер.

Додаде дека „ако републиканците го изберат Џордан за спикер тие ќе се одречат од Уставот. Тие ќе го изгубат мнозинстото во долниот дом, и тие тоа ќе го заслужат тоа“.

The post Пелоси: Повторниот неуспех на Џим Џордан да стане спикер е „триумф на демократијата“ во САД appeared first on Република.

]]>

 Повторниот неуспех на Џим Џордан да стане спикер на Претставничкиот дом е „триумф на демократијата“ во земјата затоа што републиканците блокираа „востаник“, изјави синоќа Ненси Пелоси, демократка и поранешен спикер на Претставничкиот дом. Според неа, самото гласање за републиканецот Џордан да стане спикер било „напад на нашата демократијата“. -Ова е тримф на демократијата во нашата земја затоа што републиканците повторно отфрлија востаник да стане спикер. На победничката партија секогаш сме ѝ посакувале најдобро во нивниот избор на лидер, рече Пелоси. Додаде дека во нејзината кариера на пратеничка таа никогаш не видела да се одвива ваква трка за избор на спикер. -Дали тоа било од нивна (републиканска) или од наша (демократска) страна, секогаш сме го почитувале мислењето на другата страна. Но тоа што вчера и денеска (се случуваше во парламентот) беше напад на нашата демократија, како што Џим Џордан ја нападна нашата демократија на 6 јануари, изјави таа. Џордан, претседател на Комитетот за правда на Претставничкиот дом, е верен сојузник на поранешниот претседател Доналд Трамп, и доби партиска поддршка да се кандидира за спикер по минатонеделната одлука на лидерот на мнозинството Стив Скализе да излезе од трката. Џордан беше еден од 147-те те републиканци кои гласаа за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година во Пенсилванија и Аризона и даваше имплицитна подршка на поддржувачите на Трамп, кои на 6 јануари 2021 година упаднаа во американскиот Капитол. Сите демократите се против неговиот избор за спикер, но по двојниот несупех во партиското гласање неделава се виде дека тој нема подршка и од многу умерени републиканци, како поранешната претставичка Лиз Чејни која сеуште има големо влијание во партијата. -Џим Џордан беше вклучен во заговорот на Трамп за кражба на изборите и грабнување на власта; тој повика Пенс да одбие да се бројат законски гласовите на електорите, напиша Чејни на Х, социјалната мрежа претходно позната како Твитер. Додаде дека „ако републиканците го изберат Џордан за спикер тие ќе се одречат од Уставот. Тие ќе го изгубат мнозинстото во долниот дом, и тие тоа ќе го заслужат тоа“.

The post Пелоси: Повторниот неуспех на Џим Џордан да стане спикер е „триумф на демократијата“ во САД appeared first on Република.

]]>