Џесика Росвал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dhesika-rosval/ За подобро да се разбереме Tue, 02 May 2023 15:49:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џесика Росвал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dhesika-rosval/ 32 32 Османи-Росвал: Потребни ни се јасни знаци дека проширувањето на ЕУ до 2030 година е возможна мисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-rosval-potrebni-ni-se-jasni-znatsi-deka-proshiruvaneto-na-eu-do-2030-godina-e-vozmozhna-misija/ Tue, 02 May 2023 16:30:45 +0000 https://republika.mk/?p=636154

Европското досие на нашата држава и на регионот на Западен Балкан во светло на шведското претседателство со Советот на ЕУ беше во фокусот на денешната средба на министерот за надворешни работи Бујар Османи со министерката за европски прашања на Кралството Шведска, Џесика Росвал, која престојува во работна посета на Македонија.

Како што соопшти МНР, на средбата Османи ги поздрави напорите на актуелното Шведско претседателство со Советот на ЕУ во справувањето со чувствителни прашања во создадените комплексни геополитички околности, особено предизвикани со руската воена агресија против Украина. Во тој контекст, се додава, тој ја истакна воената, политичка и хуманитарна поддршка со која Македонија придонесува во меѓународните напори за справување со агресијата, вклучително сто-процентно придружување кон сите санкции на ЕУ против Русија во поглед на случувањата во Украина.

Османи, на средбата, се наведува, брифираше за нашиот пристапен процес, со акцент на одвивањето на скрининг процесот и подготвителните активности во државата во насока на исполнување на предвидените обврски пред одржувањето на втората Меѓувладина конференција со ЕУ и отворањето на преговарачките кластери. Исто така, ја реафирмира заложбата на земјава да продолжи со дијалогот со Бугарија врз основа на взаемно почитување и разбирање.

-Проширувањето на Унијата со земјите кои ги исполнуваат критериумите за членство е витално како за конкретните земји, така и за самата Унија. Потребни ни се јасни знаци дека проширувањето на европското семејство до 2030 година е возможна мисија, потенцира Османи.

Во конструктивен и пријателски разговор, министрите разменија мислења и за перспективата на политиката на ЕУ за проширувањето, со фокус на идеите за забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан, како кредибилен и вистински чекор во насока на подобрување на демократскиот развој, зголемување на економските можности за државите и граѓаните, како и помагање на процесот на помирување во нашиот регион.

На средбата, министерот Османи ја повтори безрезервната поддршка на Македонија за полноправно членство на Шведска во НАТО во најкус можен рок.

Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи ја запозна Росвал со актуелностите во однос на претседавањето со ОБСЕ низ призмата на утврдените приоритети, во кои европската безбедност и во тој контекст, Украина останува наш главен приоритет и клучно безбедносно прашање во рамки на ОБСЕ 2023,, стои во соопштението.

The post Османи-Росвал: Потребни ни се јасни знаци дека проширувањето на ЕУ до 2030 година е возможна мисија appeared first on Република.

]]>

Европското досие на нашата држава и на регионот на Западен Балкан во светло на шведското претседателство со Советот на ЕУ беше во фокусот на денешната средба на министерот за надворешни работи Бујар Османи со министерката за европски прашања на Кралството Шведска, Џесика Росвал, која престојува во работна посета на Македонија. Како што соопшти МНР, на средбата Османи ги поздрави напорите на актуелното Шведско претседателство со Советот на ЕУ во справувањето со чувствителни прашања во создадените комплексни геополитички околности, особено предизвикани со руската воена агресија против Украина. Во тој контекст, се додава, тој ја истакна воената, политичка и хуманитарна поддршка со која Македонија придонесува во меѓународните напори за справување со агресијата, вклучително сто-процентно придружување кон сите санкции на ЕУ против Русија во поглед на случувањата во Украина. Османи, на средбата, се наведува, брифираше за нашиот пристапен процес, со акцент на одвивањето на скрининг процесот и подготвителните активности во државата во насока на исполнување на предвидените обврски пред одржувањето на втората Меѓувладина конференција со ЕУ и отворањето на преговарачките кластери. Исто така, ја реафирмира заложбата на земјава да продолжи со дијалогот со Бугарија врз основа на взаемно почитување и разбирање.
-Проширувањето на Унијата со земјите кои ги исполнуваат критериумите за членство е витално како за конкретните земји, така и за самата Унија. Потребни ни се јасни знаци дека проширувањето на европското семејство до 2030 година е возможна мисија, потенцира Османи.
Во конструктивен и пријателски разговор, министрите разменија мислења и за перспективата на политиката на ЕУ за проширувањето, со фокус на идеите за забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан, како кредибилен и вистински чекор во насока на подобрување на демократскиот развој, зголемување на економските можности за државите и граѓаните, како и помагање на процесот на помирување во нашиот регион. На средбата, министерот Османи ја повтори безрезервната поддршка на Македонија за полноправно членство на Шведска во НАТО во најкус можен рок. Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи ја запозна Росвал со актуелностите во однос на претседавањето со ОБСЕ низ призмата на утврдените приоритети, во кои европската безбедност и во тој контекст, Украина останува наш главен приоритет и клучно безбедносно прашање во рамки на ОБСЕ 2023,, стои во соопштението.

The post Османи-Росвал: Потребни ни се јасни знаци дека проширувањето на ЕУ до 2030 година е возможна мисија appeared first on Република.

]]>
Претседателот Пендаровски со Џесика Росвал, министерка за европски прашања на Кралството Шведска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-pendarovski-so-dhesika-rosval-ministerka-za-evropski-prashana-na-kralstvoto-shvedska/ Tue, 02 May 2023 15:16:41 +0000 https://republika.mk/?p=636135

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Џесика Росвал, министерка за европски прашања на Кралството Шведска, која престојува во посета на Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу двете држави кои негуваат пријателство и заемно разбирање, за европските аспирации на Македонија, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за доследната политичка и финансиска поддршка од Кралството Шведска за македонските евроинтеграции, истакнувајќи дека пристапните преговори на Македонија со Европската Унија се од клучно значење за забрзување на реформската агенда во земјава и позитивно ќе се одрази врз стабилноста и просперитетот на регионот. Претседателот Пендаровски изрази очекување за продолжување на поддршката и посветеноста на Шведска кон регионот и за време на актуелното шведско претседателство со Советот на Европската Унија.

Претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката од Македонија за скорешно членство на Шведска во НАТО, што ќе придонесе за севкупната стабилност на европскиот континент.

The post Претседателот Пендаровски со Џесика Росвал, министерка за европски прашања на Кралството Шведска appeared first on Република.