Џем Оздемир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dhem-ozdemir/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Oct 2023 09:54:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џем Оздемир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dhem-ozdemir/ 32 32 Оздемир: Германија сака да ја види Македонија што поскоро во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ozdemir-germanija-saka-da-ja-vidi-makedonija-shto-poskoro-vo-eu/ Tue, 03 Oct 2023 09:54:47 +0000 https://republika.mk/?p=687390

Доколку Македонија стане членка на ЕУ, се би било поинаку, и во однос на цените и во однос на агро секторот. Би имала пристап до заедничките пазари и би имала повеќе можности, оцени денеска германскиот сојузен министер за земјоделство и храна, Џем Оздемир.

Како што истакна Оздемир, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со својот домаќин, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, зголемувањето на инфлацијата не е поврзано со внатрешната политика на некоја земја, туку е резултат, пред се, на војната во Украина која доведе до зголемени трошоци и поскапување на енергијата.

Тој повтори дека Германија има јасна определба и сака колку што е можно побрзо Македонија да стане полноправна членка на ЕУ.

-За Сојузна Република Германија е јасно дека иднината на Македонија е во ЕУ и јас би сакал, во рамките на мојата надлежност како министер за исхрана и земјоделство, да го искажам мојот респект за напорите што ги направи вашата Влада и вашата земја на досегашниот пат. Морам да кажам дека овој пат навистина не е едноставен, не е ни краток во однос на војната што сега се случува во Европа. Војната е повторно вратена во Европа, ја имаме агресијата на Путин врз Украина и сето тоа покажува дека соработката помеѓу државите е многу важна, а диктатурите не сакаат да постои таков тип на соработка. СР Германија навистина го поддржува пристапниот процес на Македонија и ние ќе направиме се што можеме за да ве поддржиме на вашиот пат кон полноправно членство во ЕУ, потенцира германскиот министер.

Во однос на инфлацијата, има пад во Германија, рече, но стапката е се уште висока и не е вратена во состојбата како што била пред војната во Украина.

-Се ова е поврзано со руската агресија врз Украина. Тоа доведе до зголемени трошоци, енергијата поскапе и се тоа имаше влијание и врз инфлацијата. Значи, тоа не е нешто што е поврзано со внатрешната политика, туку, меѓу другото, и со војната во Украина. Од заеднички интерес е оваа војна да заврши и не само Украина да може да врати дел од својот територијален интегритет, тоа не е добро само за луѓето во Украина, туку со надеж дека сето тоа ќе може да влијае и врз инфлацијата и ќе се овозможи намалување, односно стабилност на цените. Во однос на цената и на она што го кажувате, би било многу поинаку доколку земјата има пристап и е дел од заедничките пазари на ЕУ и би било многу поинаку доколку земјата стане полноправна земја членка на ЕУ, тогаш и за земјоделството би било многу подобро, би имала пристап до тие пазари и би имала повеќе можности, но се разбира дека има актери кои навистина не го сакаат тоа и кои сметаат дека тоа не е во нивен интерес исто како и Русија - не би сакала земјата да се движи по овој пат, во правец на ЕУ. Додека СР Германија има јасна определба и таа сака колку што е можно побрзо Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, рече Оздемир.

Тој и неговиот македонски колега Николовски имаа билатерална средба, по која заминаа на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) каде треба да се обратат на првиот академски час. Планирано е двајцата министри да присуствуваат и на средбата на деканите и продеканите од Асоцијацијата на факултетите за земјоделските науки од Југоисточна Европа што ќе се одржи на ФЗНХ

The post Оздемир: Германија сака да ја види Македонија што поскоро во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Доколку Македонија стане членка на ЕУ, се би било поинаку, и во однос на цените и во однос на агро секторот. Би имала пристап до заедничките пазари и би имала повеќе можности, оцени денеска германскиот сојузен министер за земјоделство и храна, Џем Оздемир. Како што истакна Оздемир, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со својот домаќин, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, зголемувањето на инфлацијата не е поврзано со внатрешната политика на некоја земја, туку е резултат, пред се, на војната во Украина која доведе до зголемени трошоци и поскапување на енергијата. Тој повтори дека Германија има јасна определба и сака колку што е можно побрзо Македонија да стане полноправна членка на ЕУ. -За Сојузна Република Германија е јасно дека иднината на Македонија е во ЕУ и јас би сакал, во рамките на мојата надлежност како министер за исхрана и земјоделство, да го искажам мојот респект за напорите што ги направи вашата Влада и вашата земја на досегашниот пат. Морам да кажам дека овој пат навистина не е едноставен, не е ни краток во однос на војната што сега се случува во Европа. Војната е повторно вратена во Европа, ја имаме агресијата на Путин врз Украина и сето тоа покажува дека соработката помеѓу државите е многу важна, а диктатурите не сакаат да постои таков тип на соработка. СР Германија навистина го поддржува пристапниот процес на Македонија и ние ќе направиме се што можеме за да ве поддржиме на вашиот пат кон полноправно членство во ЕУ, потенцира германскиот министер. Во однос на инфлацијата, има пад во Германија, рече, но стапката е се уште висока и не е вратена во состојбата како што била пред војната во Украина.