Џељаљ Свечла Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dhelal-svechla/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Aug 2024 01:59:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џељаљ Свечла Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dhelal-svechla/ 32 32 Косовскиот министер бара да не се поврзуваат барањата за екстрадија на осудените за „Монструм“ и албанскиот терорист Рамадани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kosovskiot-minister-bara-da-ne-se-povrzuvaat-baranata-za-ekstradija-na-osudenite-za-monstrum-i-albanskiot-terorist-ramadani/ Wed, 31 Jul 2024 14:43:26 +0000 https://republika.mk/?p=802047

Нема да дозволиме криминално барање на трета земја, која нема законска основа ниту по меѓународното право, да го отежнува слободното движење на нашите граѓани, изјави денеска косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла, кој е во официјална работна посета на Министерството за внатрешни работи во земјава.

Во одговор на новинарско прашање во врска со барањето на Србија за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, кој беше приведен минатата недела на преминот Јажинце, меѓу Косово и Македонија, косовскиот министер за внатрешни вели за случајот веќе се има произнесено македонскиот суд.

Мислам дека за случајот треба да прашате во Министерството за правда, кое го покрива ова поле. Што се однесува до екстрадицијата на нашиот граѓанин по барање на Србија, за тој случај има изјава, се произнел и самиот суд во Република Македонија. Ние сме подготвени да разговараме и да работиме и како две соседни земји и како две пријателски земји и нема да дозволиме криминално барање на трета земја која нема ниту законска основа ниту законска основа во меѓународното право да го отежнуваат слободното движење на нашите граѓани, рече Свечла.

Во врска со денешното барање од страна на министерот за правда Игор Филков Косово да ги екстрадира Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, двајцата осудени на доживотен затвор во случајот познат како „Монструм“, Свечла вели не треба да се поврзуваат овие два случаи.

– Јас мислам дека тоа барање тој го доставил до неговиот колега. Значи, не можеме никако да ги поврземе овие два случаи. Во случај што вие го спомнувате, значи се работи за трета земја. Значи, се работи за земја, која и во регионалната соработка е проблем за подобра соработка меѓу земјите во регионот, а да не зборуваме за пречките, за лошите работи и криминалот што ги прават во однос на Косово, рече Свечла.

Собраните податоци, додаде, биле предадени до Јавното обвинителство на Косово.

– Ги имав сите можни анализи, сите истраги, сега веќе се реализирани. Значи, ние ги имаме сите податоци, собрани се и предадени во ЈО на Косово и очекувам ЈО да поднесе кривична пријава за директен напад врз територијалниот интегритет на Косово, рече Свечла.

На поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани, на барање на Обвинителството за организиран криминал му е одреден екстрадиционен притвор од 30 дена. Тој е приведен на 17 јули 2024 година на преминот меѓу Косово и Македонија и веднаш бил префрлен во затворот Шутка во Скопје.

The post Косовскиот министер бара да не се поврзуваат барањата за екстрадија на осудените за „Монструм“ и албанскиот терорист Рамадани appeared first on Република.

]]>

Нема да дозволиме криминално барање на трета земја, која нема законска основа ниту по меѓународното право, да го отежнува слободното движење на нашите граѓани, изјави денеска косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла, кој е во официјална работна посета на Министерството за внатрешни работи во земјава. Во одговор на новинарско прашање во врска со барањето на Србија за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, кој беше приведен минатата недела на преминот Јажинце, меѓу Косово и Македонија, косовскиот министер за внатрешни вели за случајот веќе се има произнесено македонскиот суд.
Мислам дека за случајот треба да прашате во Министерството за правда, кое го покрива ова поле. Што се однесува до екстрадицијата на нашиот граѓанин по барање на Србија, за тој случај има изјава, се произнел и самиот суд во Република Македонија. Ние сме подготвени да разговараме и да работиме и како две соседни земји и како две пријателски земји и нема да дозволиме криминално барање на трета земја која нема ниту законска основа ниту законска основа во меѓународното право да го отежнуваат слободното движење на нашите граѓани, рече Свечла.
Во врска со денешното барање од страна на министерот за правда Игор Филков Косово да ги екстрадира Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, двајцата осудени на доживотен затвор во случајот познат како „Монструм“, Свечла вели не треба да се поврзуваат овие два случаи.
– Јас мислам дека тоа барање тој го доставил до неговиот колега. Значи, не можеме никако да ги поврземе овие два случаи. Во случај што вие го спомнувате, значи се работи за трета земја. Значи, се работи за земја, која и во регионалната соработка е проблем за подобра соработка меѓу земјите во регионот, а да не зборуваме за пречките, за лошите работи и криминалот што ги прават во однос на Косово, рече Свечла.
Собраните податоци, додаде, биле предадени до Јавното обвинителство на Косово.
– Ги имав сите можни анализи, сите истраги, сега веќе се реализирани. Значи, ние ги имаме сите податоци, собрани се и предадени во ЈО на Косово и очекувам ЈО да поднесе кривична пријава за директен напад врз територијалниот интегритет на Косово, рече Свечла.
На поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани, на барање на Обвинителството за организиран криминал му е одреден екстрадиционен притвор од 30 дена. Тој е приведен на 17 јули 2024 година на преминот меѓу Косово и Македонија и веднаш бил префрлен во затворот Шутка во Скопје.

The post Косовскиот министер бара да не се поврзуваат барањата за екстрадија на осудените за „Монструм“ и албанскиот терорист Рамадани appeared first on Република.

]]>
Свечља: Ако Вучиќ дојде на Косово без да се најави ќе биде уапсен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/svechla-ako-vuchik-dojde-na-kosovo-bez-da-se-najavi-ke-bide-uapsen/ Sun, 30 Jun 2024 12:57:20 +0000 https://republika.mk/?p=792113

„Во текот на ноќта прикриено залепија некои плакати на северот на Косово. Таму велат дека чекаат да дојде претседателот на Србија нарекувајќи го „командант“, пишува Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља.

„Ако тргнал без барање до нашето Министерство за надворешни работи и дијаспора, го чекаме и тој да дојде и потоа да го посетите во затвор, каде што веќе има некои негови пријатели“, додава тој на Фејсбук.

Во северно Косово утрово се појавија плакати со фотографијата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, придружени со пораката „Врховен команданту, те чекаме“.

Постерите, на кои се гледа Вучиќ и зад него припадници на српската војска, се залепени на згради, куќи, локали и во јавни простори во четирите општини на северот на Косово, населени со мнозинско српско население – Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток.

The post Свечља: Ако Вучиќ дојде на Косово без да се најави ќе биде уапсен appeared first on Република.

Свечља: Нападот со рачна граната синоќа во северно Косово го наложи Вучиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/svechla-napadot-so-rachna-granata-sinoka-vo-severno-kosovo-go-nalozhi-vuchik/ Fri, 22 Sep 2023 14:33:12 +0000 https://republika.mk/?p=684160

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља, изјави дека фрлањето на воената рачна граната синоќа на северот на земјата било извршено по наредба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Свечља на својата страница на Фејсбук напиша дека криминалниот чин е извршен во знак на револт поради апсењето, минатиот вторник, на тројца Срби обвинети за воени злосторства.

-Инспирацијата, поддршката и нарачката за овој криминален чин дојде од поранешниот министер за пропаганда во времето на (Слободан) Милошевиќ, Александар Вучиќ. Србија изврши геноцид во Косово. Србија на чело со Вучиќ не само што не го прифаќа овој факт, туку ги велича воените злосторници. Доказ за нејзиниот непроменет став е самото планирање на чинот на фрлање на гранатата, напиша Свечла.

Тој порача дека злосторствата извршени за време на војната во Косово ќе се гонат до крај, додека фрлањето воени рачни бомби од криминалните групи не може да ја одврати правдата.

– Од надлежните единици на косовската полиција, по долготраен ангажман и со основани сомнежи, уапсени се тројца српски граѓани за злосторства извршени врз цивилното население за време на војната во Косово. Истите се осомничени дека биле соучесници во тортури, ранувања, убиства, депортации и масакри врз Албанци во Вучитрн, во околните села и во затворот Смрековница. Во знак на револт поради апсењето на овие лица, како порака до нашата правда и со цел да предизвикаат терор кај нашите граѓани, криминалните групи синоќа фрлија воена рачна граната, напиша Свечла.

И покрај тоа, порача првиот косовски полицаец, „Косово ќе биде правна држава, на еднакви граѓани каде еднаквоста и просперитетот ќе бидат загарантирани за сите“.

Косовската полиција денеска соопшти дека во населбата „Бошњачко маало“ во Северна Митровица, синоќа, нешто пред полноќ, експлодирала рачна граната, која предизвикала само материјална штета.

The post Свечља: Нападот со рачна граната синоќа во северно Косово го наложи Вучиќ appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља, изјави дека фрлањето на воената рачна граната синоќа на северот на земјата било извршено по наредба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина. Свечља на својата страница на Фејсбук напиша дека криминалниот чин е извршен во знак на револт поради апсењето, минатиот вторник, на тројца Срби обвинети за воени злосторства.
-Инспирацијата, поддршката и нарачката за овој криминален чин дојде од поранешниот министер за пропаганда во времето на (Слободан) Милошевиќ, Александар Вучиќ. Србија изврши геноцид во Косово. Србија на чело со Вучиќ не само што не го прифаќа овој факт, туку ги велича воените злосторници. Доказ за нејзиниот непроменет став е самото планирање на чинот на фрлање на гранатата, напиша Свечла.
Тој порача дека злосторствата извршени за време на војната во Косово ќе се гонат до крај, додека фрлањето воени рачни бомби од криминалните групи не може да ја одврати правдата.
– Од надлежните единици на косовската полиција, по долготраен ангажман и со основани сомнежи, уапсени се тројца српски граѓани за злосторства извршени врз цивилното население за време на војната во Косово. Истите се осомничени дека биле соучесници во тортури, ранувања, убиства, депортации и масакри врз Албанци во Вучитрн, во околните села и во затворот Смрековница. Во знак на револт поради апсењето на овие лица, како порака до нашата правда и со цел да предизвикаат терор кај нашите граѓани, криминалните групи синоќа фрлија воена рачна граната, напиша Свечла.
И покрај тоа, порача првиот косовски полицаец, „Косово ќе биде правна држава, на еднакви граѓани каде еднаквоста и просперитетот ќе бидат загарантирани за сите“. Косовската полиција денеска соопшти дека во населбата „Бошњачко маало“ во Северна Митровица, синоќа, нешто пред полноќ, експлодирала рачна граната, која предизвикала само материјална штета.

The post Свечља: Нападот со рачна граната синоќа во северно Косово го наложи Вучиќ appeared first on Република.

]]>
Свечља: Од денеска заеднички гранични премини меѓу Косово и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/svechla-od-deneska-zaednichki-granichni-premini-megu-kosovo-i-severna-makedonija/ Mon, 18 Sep 2023 17:54:04 +0000 https://republika.mk/?p=682965

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечла, тврди дека од денеска Косово и Македонија ќе имаат заеднички гранични премини, односно само една пасошка контрола, јави дописникот на МИА од Приштина.

Свечља на својата страница на Фејсбук објави дека го потпишал договорот со кој ќе се овозможи воспоставување на заеднички гранични премини со Република Македонија, на премините „Генерал Јанковиќ – Блаце“ и „Глобочица-Јажинце“.

-Од денеска Република Косово и Република Cеверна Македонија имаат заеднички гранични премини. Имајќи ги предвид пријателските односи, засновани на вредностите на еднаквост и со цел зајакнување на регионалната соработка, денеска го потпишав договорот со кој ќе се овозможи воспоставување заеднички гранични премини со Република Cеверна Македонија, „Генерал Јанковиќ – Блаце“ и „Глобочица-Јажинце“, напиша Свечља.

Овој договор, според косовскиот министер за внатрешни работи, „има за цел да ги поедностави процедурите и да го олесни движењето на луѓето и возилата“.

– Граѓаните отсега ќе се легитимираат само на еден граничен пункт, напиша Свечља.

The post Свечља: Од денеска заеднички гранични премини меѓу Косово и Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечла, тврди дека од денеска Косово и Македонија ќе имаат заеднички гранични премини, односно само една пасошка контрола, јави дописникот на МИА од Приштина. Свечља на својата страница на Фејсбук објави дека го потпишал договорот со кој ќе се овозможи воспоставување на заеднички гранични премини со Република Македонија, на премините „Генерал Јанковиќ – Блаце“ и „Глобочица-Јажинце“.