Џејмс Рубин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dhejms-rubin/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Apr 2024 14:04:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џејмс Рубин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dhejms-rubin/ 32 32 Стејт департмент: Украина спроведува тешка цензура на информации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stejt-department-ukraina-sproveduva-teshka-tsenzura-na-informatsii/ Mon, 01 Apr 2024 14:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=760986

Од американскиот Стејт департмент реагираа дека властите на Украина спроведуваат тешка цензура на информации.

Украинската влада треба да биде поотворена за јавноста во соопштувањето на тешката вистина за ситуацијата на бојното поле, изјави високиот функционер на Стејт департментот, Џејмс Рубин.

Во интервју за „Политико“, Рубин, кој го предводи Глобалниот центар за ангажман, агенција задолжена да се спротивстави на дезинформациите, истакнува дека иако Украина „се движи во вистинската насока“, таа сè уште не е „целосно развиена демократија“, што имплицира одредени ограничувања за медиумите во земјата.

Дипломатот ја повика украинската влада да биде помалку рестриктивна во контролирањето на медиумското покривање на конфликтот.

The post Стејт департмент: Украина спроведува тешка цензура на информации appeared first on Република.

]]>

Од американскиот Стејт департмент реагираа дека властите на Украина спроведуваат тешка цензура на информации.
Украинската влада треба да биде поотворена за јавноста во соопштувањето на тешката вистина за ситуацијата на бојното поле, изјави високиот функционер на Стејт департментот, Џејмс Рубин.
Во интервју за „Политико“, Рубин, кој го предводи Глобалниот центар за ангажман, агенција задолжена да се спротивстави на дезинформациите, истакнува дека иако Украина „се движи во вистинската насока“, таа сè уште не е „целосно развиена демократија“, што имплицира одредени ограничувања за медиумите во земјата. Дипломатот ја повика украинската влада да биде помалку рестриктивна во контролирањето на медиумското покривање на конфликтот.

The post Стејт департмент: Украина спроведува тешка цензура на информации appeared first on Република.

]]>
Вучиќ му одговори на Рубин: Не сме центар на руските дезинформации на Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-mu-odgovori-na-rubin-ne-sme-tsentar-na-ruskite-dezinformatsii-na-balkanot/ Fri, 14 Apr 2023 15:23:19 +0000 https://republika.mk/?p=630837

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека сака да премолчи и да не одговара на изјавите на специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман при Стејт департментот на САД, Џејмс Рубин, за да не и се наметне дополнителен товар врз грбот на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

- За време на посетата на Подгорица, Рубин рече дека очекува Црна Гора да не се потпира на Белград и на Москва и во неколку наврати зборуваше за Белград како за центар за руски дезинформации. Ова не е ни блиску до вистината, но тоа говори дека некои луѓе во американската администрација се потпираат на времето од деведесеттите кога „ведреа и облачеа“ и го имаат истиот анимозитет кон Србија и нашиот народ, рече Вучиќ во заедничкото обраќање со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Според неговите зборови, Србија ќе се обиде да води политика на пријателство кон Америка и кон сите други.

Но, ние нема, како што некои трескавично брзаат во конфликт со Кинезите, Русите и другите, ние нема да учествуваме во таа врска, не ни паѓа на памет, нагласи Вучиќ.

The post Вучиќ му одговори на Рубин: Не сме центар на руските дезинформации на Балканот appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека сака да премолчи и да не одговара на изјавите на специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман при Стејт департментот на САД, Џејмс Рубин, за да не и се наметне дополнителен товар врз грбот на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
- За време на посетата на Подгорица, Рубин рече дека очекува Црна Гора да не се потпира на Белград и на Москва и во неколку наврати зборуваше за Белград како за центар за руски дезинформации. Ова не е ни блиску до вистината, но тоа говори дека некои луѓе во американската администрација се потпираат на времето од деведесеттите кога „ведреа и облачеа“ и го имаат истиот анимозитет кон Србија и нашиот народ, рече Вучиќ во заедничкото обраќање со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Според неговите зборови, Србија ќе се обиде да води политика на пријателство кон Америка и кон сите други. Но, ние нема, како што некои трескавично брзаат во конфликт со Кинезите, Русите и другите, ние нема да учествуваме во таа врска, не ни паѓа на памет, нагласи Вучиќ.

The post Вучиќ му одговори на Рубин: Не сме центар на руските дезинформации на Балканот appeared first on Република.

]]>
Џејмс Рубин смета дека поради дезинформациите не може да има дебата за уставните измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhejms-rubin-smeta-deka-poradi-definfrmatsiite-ne-mozhe-da-ima-debata-za-ustavnite-izmeni/ Tue, 11 Apr 2023 20:48:27 +0000 https://republika.mk/?p=629970

Една од работите со кои денеска разговарав со претставниците на властите во земјава се начините како САД можат да и помогнат на Владата со своите аналитички капацитети и техничка помош во справување со ширењето на дезинформациите, изјави денеска специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман (ГЕЦ) на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин.
Рубин посочи дека на средбите со премиерот Димитар Ковачевски, првиот вицепремиерот Артан Груби и владините министри, разговарале за начините на препознавање и идентификување на проблемот со ширењето на дезинформации и пронаоѓањето одговори.

- Тие одговори не може да дојдат само од една земја, туку од многу земји заедно, бидејќи информациите се проточни и се шират низ информацискиот простор. Решението ќе биде многу поуспешно, доколку многу земји застанат заедно и заеднички зад тие политики и практики, изјави Рубин.

Нагласи дека пред земјава сега претстои одлука за уставните измени, откако во минатото беше принудена да донесе многу тешки одлуки, дури и да го промени името за да стане членка на НАТО, посочувајќи дека се надева оти Владата ќе го има потребното политичко лидерство за да ги преземе неопходните чекори за да ја однесе земјата во ЕУ.

Според него, легитимно е некој да изнесува свое мислење и да не се согласува со таквите одлуки, но доколку се шират дезинформации и пропаганда, тогаш ќе биде многу тешко да се води нормална политички дебата за прашања како што е промената на Уставот.

- Сигурен сум дека има некои во регионот и во Кремљ, што не сакаат да видат напредок по ова прашање и сакаат да ја оневозможат Македонија да напредува кон европските институции и мислат како да направат проблеми, изјави Рубин, изразувајќи надеж дека Владата во соработка со САД ќе може да создаде сеопфатен пристап, инфраструктура и закони за справување со ширачите на дезинформации.

Рубин најави оти наскоро ќе ја посети Бугарија, во која иако е земја членка на НАТО и сојузник на САД, има, како што рече, „многу загадувачи“ кои шират разни приказни, манипулации, па некогаш дури и лаги.

Тој посочи дека Западен Балкан е место каде што проблемот со дезинформации е реален и токму затоа едно од неговите први патувања од стапувањето на должност специјален пратеник и координатор на ГЕЦ од пред три месеци е токму посета на регионот.

Рубин ја посочи Русија како главен извор на тие дезинформации, кои потоа преку центар во Србија се шират и промовираат низ регионот, вклучително и во земјава.

- Тоа е предизвик кој тешко се препознава, но постојат надежни знаци. Тоа е дека оваа Влада ги препознава како закана и сака да работи со нас за нивна идентификација и за создавање на институционални капацитети за справување со овој проблем, порача Рубин.

Според него, Западен Балкан помина процес на трансформација од конфликти, војни и сиромаштија во период на нормализација на односите меѓу земјите од регионот и за понатамошен напредок од клучно значење би било и нормализација на односите меѓу Приштина и Белград.

- Тоа бара тешки одлуки од политичките лидери. Тие направија некои тешки одлуки, но ќе мора да донесат и други тешки одлуки. Лидерството се мери според резултатите и јас би сугерирал да ги донесат тие тешки одлуки, со цел луѓето да имаат полза од тоа што ќе бидат дел од Европа и целосно интегрирани во европските институции, НАТО, ЕУ, Советот на Европа, рече Рубин.

Тој нагласи дека ќе треба да мине долго време за да можат луѓето во регионот да простат и да заборават, но ќе треба да научат да живеат заедно и да ги почувствуваат придобивките на модерна Европа, за што ќе треба да се донесат тешки одлуки за нормализација, но и за справување со затруеноста што доаѓа со ширењето на дезинформации што ги трујат нормалните држави.

- Има надежни работи за нормализација и за подобра иднина на регионот, но таа надежна иднина може да биде затруена со дезинформации, што можат да предизвикаат поделби меѓу луѓето, истакна Рубин.

Целта на Русија, како што оцени, е да предизвикува поделби меѓу државите и народите со ширење на лаги и пропаганда и претставување на работите „црно-бели“ за да не можат луѓето да го видат јасно агресорот и жртвата при руската агресија на Украина, потенцирајќи дека тоа не е војна на рускиот народ, туку на претседателот на Русија, Владимир Путин.

- Одговорните влади не дозволуваат нивните земји да бидат ширачи на отров. Труењето со информации е загадување и тоа мора да се исчисти, порача Рубин.

Според него, ширењето на дезинформации во информацискиот простор не може целосно да се спречи, но мора да се најдат институционални начини за нивно ограничување.

- Морам да кажам дека проблемот со дезинформациите е голем проблем, бидејќи Русија и Кина се долго ангажирани и трошат многу средства во информациската сфера. Немам илузии дека ова е лесно решлив проблем. Тоа е главен предизвик, реална закана, изјави Рубин.

Тој посочи дека Центарот за глобален ангажман (ГЕЦ) е нова институција што ја формирала американската Администрација, бидејќи препознала дека борбата против дезинформациите е голем предизвик, за кој се уште ги нема сите одговори.

Рубин нагласи дека Западот мора да се соочи со тоа и да најде начини да се справи со оваа закана, како што се соочува и со климатските промени, тероризмот, неширењето на оружје за масовно уништување, посочувајќи дека новите појави бараат и нови решенија.

- Работиме на нови решенија, политики и практики. Работиме со Владата тука, работиме со ЕУ, на политики и практики, кои нема само да ни овозможат подобро да одговориме на овие дезинформации и информатички манипулации кога ќе се случат, туку и на нивните извори. Тоа се главно авторитарни режими кои ја гледаат информациската сфера како место за конкуренција и конфронтација со нас, додаде Рубин

The post Џејмс Рубин смета дека поради дезинформациите не може да има дебата за уставните измени appeared first on Република.

]]>

Една од работите со кои денеска разговарав со претставниците на властите во земјава се начините како САД можат да и помогнат на Владата со своите аналитички капацитети и техничка помош во справување со ширењето на дезинформациите, изјави денеска специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман (ГЕЦ) на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин. Рубин посочи дека на средбите со премиерот Димитар Ковачевски, првиот вицепремиерот Артан Груби и владините министри, разговарале за начините на препознавање и идентификување на проблемот со ширењето на дезинформации и пронаоѓањето одговори.

- Тие одговори не може да дојдат само од една земја, туку од многу земји заедно, бидејќи информациите се проточни и се шират низ информацискиот простор. Решението ќе биде многу поуспешно, доколку многу земји застанат заедно и заеднички зад тие политики и практики, изјави Рубин.

Нагласи дека пред земјава сега претстои одлука за уставните измени, откако во минатото беше принудена да донесе многу тешки одлуки, дури и да го промени името за да стане членка на НАТО, посочувајќи дека се надева оти Владата ќе го има потребното политичко лидерство за да ги преземе неопходните чекори за да ја однесе земјата во ЕУ.

Според него, легитимно е некој да изнесува свое мислење и да не се согласува со таквите одлуки, но доколку се шират дезинформации и пропаганда, тогаш ќе биде многу тешко да се води нормална политички дебата за прашања како што е промената на Уставот.

- Сигурен сум дека има некои во регионот и во Кремљ, што не сакаат да видат напредок по ова прашање и сакаат да ја оневозможат Македонија да напредува кон европските институции и мислат како да направат проблеми, изјави Рубин, изразувајќи надеж дека Владата во соработка со САД ќе може да создаде сеопфатен пристап, инфраструктура и закони за справување со ширачите на дезинформации.

Рубин најави оти наскоро ќе ја посети Бугарија, во која иако е земја членка на НАТО и сојузник на САД, има, како што рече, „многу загадувачи“ кои шират разни приказни, манипулации, па некогаш дури и лаги.

Тој посочи дека Западен Балкан е место каде што проблемот со дезинформации е реален и токму затоа едно од неговите први патувања од стапувањето на должност специјален пратеник и координатор на ГЕЦ од пред три месеци е токму посета на регионот.

Рубин ја посочи Русија како главен извор на тие дезинформации, кои потоа преку центар во Србија се шират и промовираат низ регионот, вклучително и во земјава.

- Тоа е предизвик кој тешко се препознава, но постојат надежни знаци. Тоа е дека оваа Влада ги препознава како закана и сака да работи со нас за нивна идентификација и за создавање на институционални капацитети за справување со овој проблем, порача Рубин.

Според него, Западен Балкан помина процес на трансформација од конфликти, војни и сиромаштија во период на нормализација на односите меѓу земјите од регионот и за понатамошен напредок од клучно значење би било и нормализација на односите меѓу Приштина и Белград.

- Тоа бара тешки одлуки од политичките лидери. Тие направија некои тешки одлуки, но ќе мора да донесат и други тешки одлуки. Лидерството се мери според резултатите и јас би сугерирал да ги донесат тие тешки одлуки, со цел луѓето да имаат полза од тоа што ќе бидат дел од Европа и целосно интегрирани во европските институции, НАТО, ЕУ, Советот на Европа, рече Рубин.

Тој нагласи дека ќе треба да мине долго време за да можат луѓето во регионот да простат и да заборават, но ќе треба да научат да живеат заедно и да ги почувствуваат придобивките на модерна Европа, за што ќе треба да се донесат тешки одлуки за нормализација, но и за справување со затруеноста што доаѓа со ширењето на дезинформации што ги трујат нормалните држави.

- Има надежни работи за нормализација и за подобра иднина на регионот, но таа надежна иднина може да биде затруена со дезинформации, што можат да предизвикаат поделби меѓу луѓето, истакна Рубин.

Целта на Русија, како што оцени, е да предизвикува поделби меѓу државите и народите со ширење на лаги и пропаганда и претставување на работите „црно-бели“ за да не можат луѓето да го видат јасно агресорот и жртвата при руската агресија на Украина, потенцирајќи дека тоа не е војна на рускиот народ, туку на претседателот на Русија, Владимир Путин.

- Одговорните влади не дозволуваат нивните земји да бидат ширачи на отров. Труењето со информации е загадување и тоа мора да се исчисти, порача Рубин.

Според него, ширењето на дезинформации во информацискиот простор не може целосно да се спречи, но мора да се најдат институционални начини за нивно ограничување.

- Морам да кажам дека проблемот со дезинформациите е голем проблем, бидејќи Русија и Кина се долго ангажирани и трошат многу средства во информациската сфера. Немам илузии дека ова е лесно решлив проблем. Тоа е главен предизвик, реална закана, изјави Рубин.

Тој посочи дека Центарот за глобален ангажман (ГЕЦ) е нова институција што ја формирала американската Администрација, бидејќи препознала дека борбата против дезинформациите е голем предизвик, за кој се уште ги нема сите одговори.

Рубин нагласи дека Западот мора да се соочи со тоа и да најде начини да се справи со оваа закана, како што се соочува и со климатските промени, тероризмот, неширењето на оружје за масовно уништување, посочувајќи дека новите појави бараат и нови решенија.

- Работиме на нови решенија, политики и практики. Работиме со Владата тука, работиме со ЕУ, на политики и практики, кои нема само да ни овозможат подобро да одговориме на овие дезинформации и информатички манипулации кога ќе се случат, туку и на нивните извори. Тоа се главно авторитарни режими кои ја гледаат информациската сфера како место за конкуренција и конфронтација со нас, додаде Рубин

The post Џејмс Рубин смета дека поради дезинформациите не може да има дебата за уставните измени appeared first on Република.

]]>
Џејмс Рубин дојде, какви пораки пренесе? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhejms-rubin-dojde-kakvi-poraki-prenese/ Tue, 11 Apr 2023 16:45:28 +0000 https://republika.mk/?p=629932

Состојбите и борбата со дезинформации, манпулацијата со информации како и другите закани во информативниот простор на Западен Балкан организирани од трети земји биле во фокусот на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со делегацијата предводена од специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-dhejms-rubin-chovekot-od-doverba-na-klinton-i-olbrajt-doaga-vo-skopje/

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, присуствувале и американската амбасадорка Анџела П. Агелер, првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

Во фокусот на средбата било зацврстувањето на поддршката за иницијативите во борбата против дезинформациите и како двете страни можат да соработуваат за колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор на Западен Балкан. Акцентирана била и потребата од вмрежување на сите партнери и засегнати страни како на национално, така и на регионално ниво.

- Владата застанува одлучно во спротивставувањето на дезинформациите и постојано воспоставува партнерства во оваа глобална битка, со стратешките партнери, со независните сервиси за проверка на факти, со домашните институции, со медиумските организации и со медиумите. Само со заеднички и сеопфатен пристап на сите чинители во општеството ќе успееме да се справивме со штетните дејствија на дезинформациите, нагласил премиерот Ковачевски.

The post Џејмс Рубин дојде, какви пораки пренесе? appeared first on Република.

]]>

Состојбите и борбата со дезинформации, манпулацијата со информации како и другите закани во информативниот простор на Западен Балкан организирани од трети земји биле во фокусот на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со делегацијата предводена од специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-dhejms-rubin-chovekot-od-doverba-na-klinton-i-olbrajt-doaga-vo-skopje/ На средбата, како што соопшти владината прес-служба, присуствувале и американската амбасадорка Анџела П. Агелер, првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.
Во фокусот на средбата било зацврстувањето на поддршката за иницијативите во борбата против дезинформациите и како двете страни можат да соработуваат за колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор на Западен Балкан. Акцентирана била и потребата од вмрежување на сите партнери и засегнати страни како на национално, така и на регионално ниво. - Владата застанува одлучно во спротивставувањето на дезинформациите и постојано воспоставува партнерства во оваа глобална битка, со стратешките партнери, со независните сервиси за проверка на факти, со домашните институции, со медиумските организации и со медиумите. Само со заеднички и сеопфатен пристап на сите чинители во општеството ќе успееме да се справивме со штетните дејствија на дезинформациите, нагласил премиерот Ковачевски.

The post Џејмс Рубин дојде, какви пораки пренесе? appeared first on Република.

]]>
Џејмс Рубин доаѓа во Скопје на разговори за справување со руските и кинеските дезинформации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhejms-rubin-doaga-vo-skopje-na-razgovori-za-spravuvane-so-ruskite-i-kineskite-dezinformatsii/ Tue, 11 Apr 2023 06:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=629636

Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, по посетата на Подгорица, се очекува да дојде во Скопје на разговори со македонските власти за борбата против дезинформациите.

Рубин вчера по средбите што ги имаше во Подгорица, изјави дека е убеден оти Црна Гора повеќе нема да се сврти кон Белград и Москва.

На брифинг со новинарите изрази и уверување дека борбата против дезинформациите ќе биде приоритет на новата влада во Црна Гора.

Рубин, како што пренесуваат црногорските медиуми, оцени дека ќе биде тешко да се постигне напредок на Западен Балкан, ако руските дезинформации доминираат на тој простор.

Посочи дека во Црна Гора има голем број портали кои шират дезинформации од Русија и Кина.

На пример, информациите дека во Украина има фабрика за производство на биолошко оружје се лажни. Исто така, лага е дека САД сакале војна во Украина, рече Рубин.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-dhejms-rubin-chovekot-od-doverba-na-klinton-i-olbrajt-doaga-vo-skopje/

Покрај Црна Гора, тој неделава ќе ги посети и Македонија и Албанија за да разговара за борбата против руските дезинформации, како и за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во Подгорица и Скопје, специјалниот пратеник Рубин ќе се состане со владини претставници за да ја зацврсти поддршката за иницијативите против дезинформација. Тој ќе разговара за напорите на Русија, Народна Република Кина и други злонамерни актери кои користат дезинформации за да ја поткопаат демократијата и националната безбедност низ целиот свет, и како нашите нации можат колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор, соопшти Стејт департментот.

За време престој во Тирана, пак, предвидено е да има да има средба со американските амбасадори од Западен Балкан.

Џејмс Рубин беше назначен на должноста специјален претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, од државниот секретар Ентони Блинкен во декември 2022 година.

Има 35-годишна кариера во надворешната политика. Работел како дипломат, политички советник, коментатор, професор и репортер.

Рубин беше портпарол на Стејт департментот за време на војната на Косово, а до 2022 година и помошник државен секретар, за време на мандатот на Медлин Олбрајт, во администрацијата на претседателот Бил Клинтон.

The post Џејмс Рубин доаѓа во Скопје на разговори за справување со руските и кинеските дезинформации appeared first on Република.

]]>

Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, по посетата на Подгорица, се очекува да дојде во Скопје на разговори со македонските власти за борбата против дезинформациите. Рубин вчера по средбите што ги имаше во Подгорица, изјави дека е убеден оти Црна Гора повеќе нема да се сврти кон Белград и Москва. На брифинг со новинарите изрази и уверување дека борбата против дезинформациите ќе биде приоритет на новата влада во Црна Гора. Рубин, како што пренесуваат црногорските медиуми, оцени дека ќе биде тешко да се постигне напредок на Западен Балкан, ако руските дезинформации доминираат на тој простор. Посочи дека во Црна Гора има голем број портали кои шират дезинформации од Русија и Кина.
На пример, информациите дека во Украина има фабрика за производство на биолошко оружје се лажни. Исто така, лага е дека САД сакале војна во Украина, рече Рубин.
https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-dhejms-rubin-chovekot-od-doverba-na-klinton-i-olbrajt-doaga-vo-skopje/ Покрај Црна Гора, тој неделава ќе ги посети и Македонија и Албанија за да разговара за борбата против руските дезинформации, како и за дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Во Подгорица и Скопје, специјалниот пратеник Рубин ќе се состане со владини претставници за да ја зацврсти поддршката за иницијативите против дезинформација. Тој ќе разговара за напорите на Русија, Народна Република Кина и други злонамерни актери кои користат дезинформации за да ја поткопаат демократијата и националната безбедност низ целиот свет, и како нашите нации можат колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор, соопшти Стејт департментот.
За време престој во Тирана, пак, предвидено е да има да има средба со американските амбасадори од Западен Балкан. Џејмс Рубин беше назначен на должноста специјален претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, од државниот секретар Ентони Блинкен во декември 2022 година. Има 35-годишна кариера во надворешната политика. Работел како дипломат, политички советник, коментатор, професор и репортер. Рубин беше портпарол на Стејт департментот за време на војната на Косово, а до 2022 година и помошник државен секретар, за време на мандатот на Медлин Олбрајт, во администрацијата на претседателот Бил Клинтон.

The post Џејмс Рубин доаѓа во Скопје на разговори за справување со руските и кинеските дезинформации appeared first on Република.

]]>
Кој е Џејмс Рубин: Човекот од доверба на Клинтон и Олбрајт доаѓа во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-dhejms-rubin-chovekot-od-doverba-na-klinton-i-olbrajt-doaga-vo-skopje/ Mon, 10 Apr 2023 07:57:53 +0000 https://republika.mk/?p=629285

Американскиот специјален пратеник Џејмс Рубин, поранешен дипломат, портпарол на Стејт департментот за време на Бил Клинтон и „десна рака“ на американската државна секретарка Медлин Олбрајт, oд денеска е  во посета на Западен Балкан меѓи кои и Скопје.

Тој доаѓа првпат по 23 години во регионот, а тема на посетата ќе биде влијанието на Русија, но и прашањето за дијалогот меѓу Белград и Приштина, спроведувањето на договорите постигнати во Брисел и Охрид,као и борбата со дезинформациите..

Рубин смета дека ова е „време на голема надеж на Балканот“ и да се стави крај на конфликтите, но, оти ќе биде исклучително тешко.

Тој е поранешен американски дипломат и новинар, а на јавноста и е најпознат како помошник државен секретар на САД за односи со јавноста во администрацијата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон од 1997 до 2000 година. Тој беше и главен портпарол на Стејт департментот и  десна рака на секретарката Медлин Олбрајт.

По заминувањето на Клинтон, тој се пресели во Лондон и работеше како визитинг професор по меѓународни односи на Лондонската школа за економија. Тој беше член и на предизборниот тим на Хилари Клинтон во 2008 година, а потоа отиде во медиумската куќа „Блумберг“.

Неодамна направи кам-бек во Стејт департментот откако државниот секретар Ентони Блинкен го назначи за специјален пратеник и координатор на Центарот за глобални прашања.

Тој беше оженет со главниот меѓународен дописник и водител на CNN, Кристијан Аманпур со која има син.

The post Кој е Џејмс Рубин: Човекот од доверба на Клинтон и Олбрајт доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>

Американскиот специјален пратеник Џејмс Рубин, поранешен дипломат, портпарол на Стејт департментот за време на Бил Клинтон и „десна рака“ на американската државна секретарка Медлин Олбрајт, oд денеска е  во посета на Западен Балкан меѓи кои и Скопје. Тој доаѓа првпат по 23 години во регионот, а тема на посетата ќе биде влијанието на Русија, но и прашањето за дијалогот меѓу Белград и Приштина, спроведувањето на договорите постигнати во Брисел и Охрид,као и борбата со дезинформациите.. Рубин смета дека ова е „време на голема надеж на Балканот“ и да се стави крај на конфликтите, но, оти ќе биде исклучително тешко. Тој е поранешен американски дипломат и новинар, а на јавноста и е најпознат како помошник државен секретар на САД за односи со јавноста во администрацијата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон од 1997 до 2000 година. Тој беше и главен портпарол на Стејт департментот и  десна рака на секретарката Медлин Олбрајт. По заминувањето на Клинтон, тој се пресели во Лондон и работеше како визитинг професор по меѓународни односи на Лондонската школа за економија. Тој беше член и на предизборниот тим на Хилари Клинтон во 2008 година, а потоа отиде во медиумската куќа „Блумберг“. Неодамна направи кам-бек во Стејт департментот откако државниот секретар Ентони Блинкен го назначи за специјален пратеник и координатор на Центарот за глобални прашања. Тој беше оженет со главниот меѓународен дописник и водител на CNN, Кристијан Аманпур со која има син.

The post Кој е Џејмс Рубин: Човекот од доверба на Клинтон и Олбрајт доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>
Стејт департментот праќа човек во Македонија да ни помогне во борба против дезинформациите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stejt-departmentot-praka-chovek-vo-makedonija-da-ni-pomogne-vo-borba-protiv-dezinformatsiite/ Sat, 08 Apr 2023 19:14:38 +0000 https://republika.mk/?p=628804

Специјалниот претставник и координатор за глобален ангажман, Џејмс П. Рубин, од 10 до 14 април ќе престојува во Скопје, Подгорица и во Тирана, соопшти Стејт департментот.

Како што пренесува „Гласот на Америка“, Рубин во Скопје и Подгорица ќе се состане со владини претставници за да ја зацврсти поддршката за иницијативите за справување со дезинформациите.

Тој ќе разговара за напорите на Русија, Народна Република Кина и други малигни актери кои користат дезинформации за да ја поткопаат демократијата и националната безбедност низ целиот свет и како нашите нации можат колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

За време на престојот во Тирана, Рубин ќе учествува на средби со американските амбасадори од Западен Балкан.

The post Стејт департментот праќа човек во Македонија да ни помогне во борба против дезинформациите appeared first on Република.

]]>

Специјалниот претставник и координатор за глобален ангажман, Џејмс П. Рубин, од 10 до 14 април ќе престојува во Скопје, Подгорица и во Тирана, соопшти Стејт департментот. Како што пренесува „Гласот на Америка“, Рубин во Скопје и Подгорица ќе се состане со владини претставници за да ја зацврсти поддршката за иницијативите за справување со дезинформациите.