ДФРМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dfrm/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 07:53:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ДФРМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dfrm/ 32 32 ДФРМ испрати реакција до Меѓународната организација „Филм индастри воч“: Доведени сте во заблуда https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dfrm-isprati-reaktsija-do-megunarodnata-organizatsija-film-indastri-voch-dovedeni-ste-vo-zabluda/ Fri, 23 Aug 2024 07:53:59 +0000 https://republika.mk/?p=809278

Друштвото на филмските работници на Македонија испрати реакција до Меѓународната организација „Филм индастри воч“ (Film Industry Watch) во врска со нивната објава/текст каде што го опишуваат случајот на македонскиот режисер Милчо Манчевски и повикуваат да се запре политичкиот прогон кон него.

ДФРМ, како асоцијација на филмски професионалци, исклучително ги почитува вашите заложби преку новинарски и академски средства да се борите да ги заштитите активните филмски работници од секакви видови злоставување. Но, овојпат, за жал, доведени сте во заблуда. Затоа се чувствуваме повикани да реагираме на вашата објава и да ви ги појасниме нештата. Бездруго, во вашата објава се споменуваат само уверувањата и аргументите на Милчо Манчевски, што претставува субјективно, а во случајов и невистинито толкување, се вели во реакцијата.

Од Друштвото посочуваат дека во име на вистината треба да се согледаат фактите, односно дека кон Милчо Манчевски, во никој случај не постои политички прогон туку се водат истраги и постапки за правен субјект „Банана филм“ во негова сопственост. Односно, правни постапки поради индиции за финансиски злоупотреби.

Овие постапки се водат пред истражните органи на РСМ, како Основното јавно обвинителство и Управата за финансиска полиција, како последица на кривична пријава поднесена од страна на Агенцијата за филм на РСМ. Според законот, додека тие не бидат расчистени со правна разврска, на „Банана филм“ и е оневозможено да располага со државни средства.  Жалбените барања на Манчевски, и неговата продукциска куќа ги отфрли и високата правна инстанца Вишиот управен суд, посочуваат од ДФРМ.

ДФРМ се уверени дека „Филм индастри воч“ ќе увиди дека реакција е избрзана како резултат на подметната манипулација од страна на Манчевски, кој себе си се претставува како жртва на политички прогон. А, всушност, дека како и секој друг граѓанин на нашата држава за кого би постел сомнеж за финансиски криминал, би одговарал според законите пред надлежните институции.

Во реакцијата се додава дека образложението на Манчевски, со кое претходно во заблуда ги доведе и првите луѓе на филмскиот фестивал во Венеција, дека тој е „свиркач“ и „укажувач на корупција“, всушност е исто така манипулација. Истовремено посочуваат дека на објавата на филмскиот фестивал во Венеција, реагираше и Агенцијата за филм на РСМ која појасни дека не станува збор за никаков политички прогон, туку за правни истраги.

Сигурни сме дека длабоко ги почитувате етичките, моралните и правните начела врз кои се темели работата на продуцентите насекаде во светот, особено кога станува збор за пари кои се насочуваат во филмската уметност од страна на државната каса.  Ние како филмски професионалци, кои исто така соработуваат и се во партнерство со бројни европски здруженија и асоцијации, најмногу од се сѐ водиме кон начелата на европскиот филмски свет, кој е колегијален и солидарен. Затоа, ве молиме да ја повлечете објавата, бидејќи таа е невистинита и неоснована. Ве уверуваме дека Друштвото на филмски работници на Македонија стои во заштита на филмот и филмските работници и доколку постои било каков вид на стигматизација или политички прогон кон било кој филмски автор во нашата земја, ние жестоко ќе реагираме, стои во реакцијата од Друштвото на филсмки работници на РСМ.

 

The post ДФРМ испрати реакција до Меѓународната организација „Филм индастри воч“: Доведени сте во заблуда appeared first on Република.

]]>

Друштвото на филмските работници на Македонија испрати реакција до Меѓународната организација „Филм индастри воч“ (Film Industry Watch) во врска со нивната објава/текст каде што го опишуваат случајот на македонскиот режисер Милчо Манчевски и повикуваат да се запре политичкиот прогон кон него.
ДФРМ, како асоцијација на филмски професионалци, исклучително ги почитува вашите заложби преку новинарски и академски средства да се борите да ги заштитите активните филмски работници од секакви видови злоставување. Но, овојпат, за жал, доведени сте во заблуда. Затоа се чувствуваме повикани да реагираме на вашата објава и да ви ги појасниме нештата. Бездруго, во вашата објава се споменуваат само уверувањата и аргументите на Милчо Манчевски, што претставува субјективно, а во случајов и невистинито толкување, се вели во реакцијата.
Од Друштвото посочуваат дека во име на вистината треба да се согледаат фактите, односно дека кон Милчо Манчевски, во никој случај не постои политички прогон туку се водат истраги и постапки за правен субјект „Банана филм“ во негова сопственост. Односно, правни постапки поради индиции за финансиски злоупотреби.
Овие постапки се водат пред истражните органи на РСМ, како Основното јавно обвинителство и Управата за финансиска полиција, како последица на кривична пријава поднесена од страна на Агенцијата за филм на РСМ. Според законот, додека тие не бидат расчистени со правна разврска, на „Банана филм“ и е оневозможено да располага со државни средства.  Жалбените барања на Манчевски, и неговата продукциска куќа ги отфрли и високата правна инстанца Вишиот управен суд, посочуваат од ДФРМ.
ДФРМ се уверени дека „Филм индастри воч“ ќе увиди дека реакција е избрзана како резултат на подметната манипулација од страна на Манчевски, кој себе си се претставува како жртва на политички прогон. А, всушност, дека како и секој друг граѓанин на нашата држава за кого би постел сомнеж за финансиски криминал, би одговарал според законите пред надлежните институции. Во реакцијата се додава дека образложението на Манчевски, со кое претходно во заблуда ги доведе и првите луѓе на филмскиот фестивал во Венеција, дека тој е „свиркач“ и „укажувач на корупција“, всушност е исто така манипулација. Истовремено посочуваат дека на објавата на филмскиот фестивал во Венеција, реагираше и Агенцијата за филм на РСМ која појасни дека не станува збор за никаков политички прогон, туку за правни истраги.
Сигурни сме дека длабоко ги почитувате етичките, моралните и правните начела врз кои се темели работата на продуцентите насекаде во светот, особено кога станува збор за пари кои се насочуваат во филмската уметност од страна на државната каса.  Ние како филмски професионалци, кои исто така соработуваат и се во партнерство со бројни европски здруженија и асоцијации, најмногу од се сѐ водиме кон начелата на европскиот филмски свет, кој е колегијален и солидарен. Затоа, ве молиме да ја повлечете објавата, бидејќи таа е невистинита и неоснована. Ве уверуваме дека Друштвото на филмски работници на Македонија стои во заштита на филмот и филмските работници и доколку постои било каков вид на стигматизација или политички прогон кон било кој филмски автор во нашата земја, ние жестоко ќе реагираме, стои во реакцијата од Друштвото на филсмки работници на РСМ.
 

The post ДФРМ испрати реакција до Меѓународната организација „Филм индастри воч“: Доведени сте во заблуда appeared first on Република.

]]>
Манчевски глуми политичка жртва, додека со години го цеди буџетот за филм и ужива привилегии во сите времиња кој и да е на власт, обвинуваат од ДФРМ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/manchevski-glumi-politichka-zhrtva-dodeka-so-godini-go-tsedi-budhetot-za-film-i-uzhiva-privilegii-vo-site-vremina-koj-i-da-e-na-vlast-obvinuvaat-od-dfrm/ Fri, 16 Aug 2024 07:53:38 +0000 https://republika.mk/?p=807063

Клиент на режимот или „шарен револуционер“, секогаш е корисник на народни пари. Манчевски е лажен дисидент, секогаш на „црната листа“, но секогаш прв на листата кога треба да се добијат пари. Глуми политичка жртва, додека со години го цеди буџетот за филм и ужива привилегии во сите времиња кој и да е на власт, обвинуваат од ДФРМ и додаваат дека познатиот режисер во филмската фела е синоним и парадигма за неколегијално и коруптивно однесување, пишува „Плусинфо“.

Додека режисерот Милчо Манчевски веќе подолг период речиси хистерично ја заплиснува јавноста со некаква теза дека врз него се врши политички прогон и за ова не ја пропушта и можноста безочно да манипулира и меѓународни филмски организации, со што ја резили Македонија претставувајќи ја како репресивна автократија, вистината е сосема поинаква.

Ова го тврдат водечките луѓе на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Да се биде жртва на политички прогон, подразбира да бидете во конфронтација со политичка елита, на политичко ниво, а поради јасно изразени ставови. Во случајот со Манчевски и со неговото „свиркање“, станува збор за човек кој буквално дреме пред кабинети на политичари, се умилкува и се обидува да биде во добра комуникација и пријателска релација со оние кои владеат. Ако се земат предвид сите факти низ годиниве, тој е високо привилегиран, а не „прогонуван“, велат негови колеги од ДФРМ.

Себеси си исплатил 1 милион евра хонорар за „Сенки“, а на колегите им останал должен – можно ли е ова?!

Филмската фела, тврдат филмаџиите, е таа која трпи последици од конфронтации со властите, а сето во обид да се избори за правичен третман кон сите кои се дел од филмската дејност. Попрецизно, филмските работници бараат достоинствен буџет за филм, решенија за статусот на филмските работници и поддршка за афирмација на кинематографијата без никакво политичко влијание врз седмата уметност и сето тоа согласно со европските закони и практики. Дел од оваа нивна заложба е и апелот да се расчистат истрагите кои се водат за работата на продукцијата „Банана филм“ на режисерот Милчо Манчевски, за која сметаат дека е главната причина која го предизвика тој да ја прогонува фелата.

Голем дел од колегите, исто така, биле жртва на неговата алчност за пари. Pа така, се случувало и да не исплатува соработници и да се конфронтира со нив, со цел само да го задржи најголемиот дел од паричниот од колач за себе.  За своите проблеми со Манчевски во јуни 2022 година јавно проговори и продуцентот Иво Антов, тврдејќи дека за филмот „Сенки“ режисерот себеси си исплатил хонорар од неверојатни 1 милион евра, а нему му останал должен.

Јавна тајна е, велат од ДФРМ, дека во обидот на Манчевски да го одвлече вниманието од рефлекторот вперен кон истрагата за потрошени, а неоправдани речиси 1 милион евра, како и за трансакции кон негови фирми во САД, тој го користи сето негово влијание и лични контакти кон најразлични институции, како што се Министерството за култура, ДКСК, Транспаренси интернешнл, а притиска и се умилкува и кај политички партии.

Никола Груевски ѕвезди од небо му симнуваше, а тој брзо се „префрли“ кај шарените револуционери

Сепак, ова не е ништо ново, кога станува збор за Манчевски. Бројни статии низ годиниве сведочат дека тој секогаш кога една власт е во заминување, самиот се прогласува за политички дисидент, додека ја врти главата кон новата политичка гарнитура. Жалејќи се дека во Македонија е на „црна листа“ тој, всушност, секогаш е највисоко на листата кога треба да се добијат пари за филм, велат од ДФРМ.

Така, познато е дека од поддржувач на Никола Груевски од кого доби милионски суми за разни проекти и филмови, дури со одлука на тогашната влада со дискреционо право за „дополнителни средства“ (пред воопшто да се донесе одлука за финансирање на проектот за негов филм, конкретно за „Мајки“), тој изрази незадоволство и се „префрли“ кон шарените револуционери. А еве, пак се обидува да прави нови, сега „постизборни трансфери“, велат од ДФРМ.

Не беше задоволен ниту од тоа што владата на Груевски, односно претседателот Ѓорѓе Иванов го награди со национална пензија за доживотно да е корисник на месечни примања во висина од две просечни македонски плати, односно во моментов близу 80.000 денари.

Од сите влади лапа пари, а најмногу „укажува“ и „свирка“ против своите колеги од ДФРМ

Водечките луѓе на Друштвото на филмски работници на Македонија не штедат тешки думи кога е во прашање и најновата „ролја“ на Милчо Манчевски.

– Самопрогласениот „укажувач на корупција“ или „свиркач“ , практично манипулатор кој никогаш, независно кој бил на власт, не бил одбиен за ниту еден проект и ги добивал привилегирани хонорари и максимални буџети, со што ги цедел народните пари предвидени за филм, сега повторно ја применува тактиката „сончоглед“, кокетирајќи со новата влада и претставувајќи се како политичка жртва од минатата власт на СДСМ во чиј мандат доби 2,5 милиони евра за само 3 проекти! Исто како што се прогласуваше за дисидент и жртва на власта на Груевски, од која му беа исплатен фантастични 5 милиони евра!

Во неговото досие на новото хоби „свиркач манипулатор“, велат од ДФРМ, најголем дел од пријавите се кон колегите во Друштвото на филмските работници, кое со своите 150 членови, за сите свои месечни потреби (кирија, сметководство, стручна служба, членство во меѓународни здруженија и друго) има буџет приближно во висина колку неговата национална месечна пензија од 80.000 денари.

Институциите кои постапија по „свиркањето“ на Манчевски не најдоа неправилности во ДФРМ – нека ја завршат сега истрагата за „Банана филм“!

Манчевски во филмската фела е синоним и парадигма за неколегијално и коруптивно однесување, нагласуваат од ДФРМ. Човек кој 30 години не бил одбиен од ниту една власт и кому вртоглавите хонорари кои ги добива никогаш не му се доволни.

– Доказ дека тој делува коруптивно врз институциите е и последниот преседан направен во негова корист, кога со противправен потпис на директорот Владимир Ангелов, му е овозможено да користи средства за кои Вишиот управен суд има донесено одлука тие да бидат стопирани – велат од ДФРМ.

Инаку, увид во документацијата на ДФРМ, по пријавите на Манчевски, имале сите институции и притоа од ниту една не е констатирана никаква неправилност во работењето на Друштвото.

Во име на транспарентноста и вистината, филмаџиите се надеваат дека институциите кои водат истрага за финансиските малверзации на продукцијата „Банана филм“ сопственост на Милчо Манчевски, како што се ОЈО и Управата за финансиска полиција, брзо и правично ќе го обелоденат исходот.

извор: Плусинфо

The post Манчевски глуми политичка жртва, додека со години го цеди буџетот за филм и ужива привилегии во сите времиња кој и да е на власт, обвинуваат од ДФРМ appeared first on Република.

]]>

Клиент на режимот или „шарен револуционер“, секогаш е корисник на народни пари. Манчевски е лажен дисидент, секогаш на „црната листа“, но секогаш прв на листата кога треба да се добијат пари. Глуми политичка жртва, додека со години го цеди буџетот за филм и ужива привилегии во сите времиња кој и да е на власт, обвинуваат од ДФРМ и додаваат дека познатиот режисер во филмската фела е синоним и парадигма за неколегијално и коруптивно однесување, пишува „Плусинфо“.

Додека режисерот Милчо Манчевски веќе подолг период речиси хистерично ја заплиснува јавноста со некаква теза дека врз него се врши политички прогон и за ова не ја пропушта и можноста безочно да манипулира и меѓународни филмски организации, со што ја резили Македонија претставувајќи ја како репресивна автократија, вистината е сосема поинаква.
Ова го тврдат водечките луѓе на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Да се биде жртва на политички прогон, подразбира да бидете во конфронтација со политичка елита, на политичко ниво, а поради јасно изразени ставови. Во случајот со Манчевски и со неговото „свиркање“, станува збор за човек кој буквално дреме пред кабинети на политичари, се умилкува и се обидува да биде во добра комуникација и пријателска релација со оние кои владеат. Ако се земат предвид сите факти низ годиниве, тој е високо привилегиран, а не „прогонуван“, велат негови колеги од ДФРМ.

Себеси си исплатил 1 милион евра хонорар за „Сенки“, а на колегите им останал должен – можно ли е ова?!

Филмската фела, тврдат филмаџиите, е таа која трпи последици од конфронтации со властите, а сето во обид да се избори за правичен третман кон сите кои се дел од филмската дејност. Попрецизно, филмските работници бараат достоинствен буџет за филм, решенија за статусот на филмските работници и поддршка за афирмација на кинематографијата без никакво политичко влијание врз седмата уметност и сето тоа согласно со европските закони и практики. Дел од оваа нивна заложба е и апелот да се расчистат истрагите кои се водат за работата на продукцијата „Банана филм“ на режисерот Милчо Манчевски, за која сметаат дека е главната причина која го предизвика тој да ја прогонува фелата. Голем дел од колегите, исто така, биле жртва на неговата алчност за пари. Pа така, се случувало и да не исплатува соработници и да се конфронтира со нив, со цел само да го задржи најголемиот дел од паричниот од колач за себе.  За своите проблеми со Манчевски во јуни 2022 година јавно проговори и продуцентот Иво Антов, тврдејќи дека за филмот „Сенки“ режисерот себеси си исплатил хонорар од неверојатни 1 милион евра, а нему му останал должен. Јавна тајна е, велат од ДФРМ, дека во обидот на Манчевски да го одвлече вниманието од рефлекторот вперен кон истрагата за потрошени, а неоправдани речиси 1 милион евра, како и за трансакции кон негови фирми во САД, тој го користи сето негово влијание и лични контакти кон најразлични институции, како што се Министерството за култура, ДКСК, Транспаренси интернешнл, а притиска и се умилкува и кај политички партии.

Никола Груевски ѕвезди од небо му симнуваше, а тој брзо се „префрли“ кај шарените револуционери

Сепак, ова не е ништо ново, кога станува збор за Манчевски. Бројни статии низ годиниве сведочат дека тој секогаш кога една власт е во заминување, самиот се прогласува за политички дисидент, додека ја врти главата кон новата политичка гарнитура. Жалејќи се дека во Македонија е на „црна листа“ тој, всушност, секогаш е највисоко на листата кога треба да се добијат пари за филм, велат од ДФРМ. Така, познато е дека од поддржувач на Никола Груевски од кого доби милионски суми за разни проекти и филмови, дури со одлука на тогашната влада со дискреционо право за „дополнителни средства“ (пред воопшто да се донесе одлука за финансирање на проектот за негов филм, конкретно за „Мајки“), тој изрази незадоволство и се „префрли“ кон шарените револуционери. А еве, пак се обидува да прави нови, сега „постизборни трансфери“, велат од ДФРМ.
Не беше задоволен ниту од тоа што владата на Груевски, односно претседателот Ѓорѓе Иванов го награди со национална пензија за доживотно да е корисник на месечни примања во висина од две просечни македонски плати, односно во моментов близу 80.000 денари.

Од сите влади лапа пари, а најмногу „укажува“ и „свирка“ против своите колеги од ДФРМ

Водечките луѓе на Друштвото на филмски работници на Македонија не штедат тешки думи кога е во прашање и најновата „ролја“ на Милчо Манчевски. – Самопрогласениот „укажувач на корупција“ или „свиркач“ , практично манипулатор кој никогаш, независно кој бил на власт, не бил одбиен за ниту еден проект и ги добивал привилегирани хонорари и максимални буџети, со што ги цедел народните пари предвидени за филм, сега повторно ја применува тактиката „сончоглед“, кокетирајќи со новата влада и претставувајќи се како политичка жртва од минатата власт на СДСМ во чиј мандат доби 2,5 милиони евра за само 3 проекти! Исто како што се прогласуваше за дисидент и жртва на власта на Груевски, од која му беа исплатен фантастични 5 милиони евра! Во неговото досие на новото хоби „свиркач манипулатор“, велат од ДФРМ, најголем дел од пријавите се кон колегите во Друштвото на филмските работници, кое со своите 150 членови, за сите свои месечни потреби (кирија, сметководство, стручна служба, членство во меѓународни здруженија и друго) има буџет приближно во висина колку неговата национална месечна пензија од 80.000 денари.

Институциите кои постапија по „свиркањето“ на Манчевски не најдоа неправилности во ДФРМ – нека ја завршат сега истрагата за „Банана филм“!

Манчевски во филмската фела е синоним и парадигма за неколегијално и коруптивно однесување, нагласуваат од ДФРМ. Човек кој 30 години не бил одбиен од ниту една власт и кому вртоглавите хонорари кои ги добива никогаш не му се доволни. – Доказ дека тој делува коруптивно врз институциите е и последниот преседан направен во негова корист, кога со противправен потпис на директорот Владимир Ангелов, му е овозможено да користи средства за кои Вишиот управен суд има донесено одлука тие да бидат стопирани – велат од ДФРМ. Инаку, увид во документацијата на ДФРМ, по пријавите на Манчевски, имале сите институции и притоа од ниту една не е констатирана никаква неправилност во работењето на Друштвото. Во име на транспарентноста и вистината, филмаџиите се надеваат дека институциите кои водат истрага за финансиските малверзации на продукцијата „Банана филм“ сопственост на Милчо Манчевски, како што се ОЈО и Управата за финансиска полиција, брзо и правично ќе го обелоденат исходот. извор: Плусинфо

The post Манчевски глуми политичка жртва, додека со години го цеди буџетот за филм и ужива привилегии во сите времиња кој и да е на власт, обвинуваат од ДФРМ appeared first on Република.

]]>
Македонија годинава ќе нема кандидат за Оскар, соопштија од Друштвото на филмски работници https://arhiva3.republika.mk/scena/film/makedonija-godinava-ke-nema-kandidat-za-oskar-soopshtija-od-drushtvoto-na-filmski-rabotnitsi/ Tue, 23 Jul 2024 11:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=799516

Македонскиот филм е заглавен во „кал“. Не се сервисираат проектите кои се во развој, во продукција или се завршени. Нема нови проекти, прекинати се или се загрозени речиси сите регионални и меѓународни соработки, а Македонија годинава нема да има ни кандидат за Оскар, едноставно затоа што нема филм кој ги исполнува прилично едноставните услови пропишани од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, се вели во соопштението на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) испратено до медиумите.

Како што велат од ДФРМ, она на што Друштвото предупредувало подолго време, а поради што всушност биле во отворен конфликт со министрите за култура, особено со министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, е дека паушалното и безумно кратење на буџетот за филм ќе ги афектира проектите во годините пред нас, што како што истакнуваат тие, за жал станува реалност.

Погубните деструктивни политики, мотивирани од незнаење, поточно елементарно непознавање на филмската дејност и реваншизмот кон оние кои со години се борат за подобри услови за производство на филм, ја доведоа македонската кинематографија до колопас. Покрај безумните и нелогични кратења кон најголемиот амбасадор на нашата култура – филмот, овие состојби се и последица на она на кое јавноста е сведок веќе подолго време – очајната ПР капмања која се води против Друштвото на филмските работници, токму од оној за кого не важат правилата, законите, професионална етика и принципот на колегијалност. Друштвото на филмски работници на Македонија стана предмет на подмолни анонимни пријави, за кусо потоа да се обелодени нивниот подносител и автор. А само затоа што ДФРМ и фелата отворено и недвосмислено станаа против добивање на државни средства на сметка пред завршување на конкурсните процедури пропишани со закон, против испумпување милионски суми пари на сопствени сметки надвор од земјава за наводен равој или промоција како и против неколегијалното однесување, саможивноста и алчноста, посочуваат во соопштението од ДФРМ.

Како што истакнуваат понатаму од ДФРМ, тие искрено веруваат дека институциите на системот ќе се одважат, ќе ги расветлат и казнат криминалите кои со години тежат и го влечат македонскиот филм во бездна и ќе докажат дека во нашата земја нема простор за манипулации со јавноста и политичките структури, злоупотреба на моќ и лажно употребување на терминот „политички прогон” во земјава и надвор од неа, сè со цел да се скријат сторените дела.

И во оваа прилика, уште еднаш бараме од министерот Зоран Љутков да ја откочи „зарибаната“ филмска машина и да им овозможи на авторите и филмските работниците да снимаат, а нашите филмови да одат напред. Да ги расчисти сите дилеми присутни во јавноста и да воспостави принципи на либералност, транспарентност и еднаквост, како елементарен предуслов на секоја демократска држава и секоја современа кинематографија, додаваат од ДФРМ.

 

 

The post Македонија годинава ќе нема кандидат за Оскар, соопштија од Друштвото на филмски работници appeared first on Република.

]]>

Македонскиот филм е заглавен во „кал“. Не се сервисираат проектите кои се во развој, во продукција или се завршени. Нема нови проекти, прекинати се или се загрозени речиси сите регионални и меѓународни соработки, а Македонија годинава нема да има ни кандидат за Оскар, едноставно затоа што нема филм кој ги исполнува прилично едноставните услови пропишани од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, се вели во соопштението на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) испратено до медиумите. Како што велат од ДФРМ, она на што Друштвото предупредувало подолго време, а поради што всушност биле во отворен конфликт со министрите за култура, особено со министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, е дека паушалното и безумно кратење на буџетот за филм ќе ги афектира проектите во годините пред нас, што како што истакнуваат тие, за жал станува реалност.
Погубните деструктивни политики, мотивирани од незнаење, поточно елементарно непознавање на филмската дејност и реваншизмот кон оние кои со години се борат за подобри услови за производство на филм, ја доведоа македонската кинематографија до колопас. Покрај безумните и нелогични кратења кон најголемиот амбасадор на нашата култура – филмот, овие состојби се и последица на она на кое јавноста е сведок веќе подолго време – очајната ПР капмања која се води против Друштвото на филмските работници, токму од оној за кого не важат правилата, законите, професионална етика и принципот на колегијалност. Друштвото на филмски работници на Македонија стана предмет на подмолни анонимни пријави, за кусо потоа да се обелодени нивниот подносител и автор. А само затоа што ДФРМ и фелата отворено и недвосмислено станаа против добивање на државни средства на сметка пред завршување на конкурсните процедури пропишани со закон, против испумпување милионски суми пари на сопствени сметки надвор од земјава за наводен равој или промоција како и против неколегијалното однесување, саможивноста и алчноста, посочуваат во соопштението од ДФРМ.
Како што истакнуваат понатаму од ДФРМ, тие искрено веруваат дека институциите на системот ќе се одважат, ќе ги расветлат и казнат криминалите кои со години тежат и го влечат македонскиот филм во бездна и ќе докажат дека во нашата земја нема простор за манипулации со јавноста и политичките структури, злоупотреба на моќ и лажно употребување на терминот „политички прогон” во земјава и надвор од неа, сè со цел да се скријат сторените дела.
И во оваа прилика, уште еднаш бараме од министерот Зоран Љутков да ја откочи „зарибаната“ филмска машина и да им овозможи на авторите и филмските работниците да снимаат, а нашите филмови да одат напред. Да ги расчисти сите дилеми присутни во јавноста и да воспостави принципи на либералност, транспарентност и еднаквост, како елементарен предуслов на секоја демократска држава и секоја современа кинематографија, додаваат од ДФРМ.
   

The post Македонија годинава ќе нема кандидат за Оскар, соопштија од Друштвото на филмски работници appeared first on Република.

]]>
ДФРМ објави повик за национален филм-кандидат за наградата Оскар за интернационален филм https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dfrm-objavi-povik-za-natsionalen-film-kandidat-za-nagradata-oskar-za-internatsionalen-film/ Mon, 15 Jul 2024 09:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=796942

Друштвото на филмските работници објавува повик за пријавување на продукциите кои ги имаат завршено своите филмски проекти и би можеле да потврдат дека ги исполнуваат (или ќе ги исполнат) критериумите зададени од страна на Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, со цел кандидирање на национален претставник за наградата – ОСКАР за најдобар интернационален филм.

Сите заинтересирани продукции, можат да го пријават својот филм најдоцна до 12ти август 2024 година на официјалниот маил на ДФРМ: CONTACT@DFRM.ORG.MK

The post ДФРМ објави повик за национален филм-кандидат за наградата Оскар за интернационален филм appeared first on Република.

]]>

Друштвото на филмските работници објавува повик за пријавување на продукциите кои ги имаат завршено своите филмски проекти и би можеле да потврдат дека ги исполнуваат (или ќе ги исполнат) критериумите зададени од страна на Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, со цел кандидирање на национален претставник за наградата – ОСКАР за најдобар интернационален филм. Сите заинтересирани продукции, можат да го пријават својот филм најдоцна до 12ти август 2024 година на официјалниот маил на ДФРМ: CONTACT@DFRM.ORG.MK

The post ДФРМ објави повик за национален филм-кандидат за наградата Оскар за интернационален филм appeared first on Република.

]]>
Костадиновска Стојчевска потврди дека е гробар на македонскиот филм и македонската култура, велат од ДФРМ за Извештајот за работењето на Агенцијата за филм https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-potvrdi-deka-e-grobar-na-makedonskiot-film-i-makedonskata-kultura-velat-od-dfrm-za-izveshtajot-za-raboteneto-na-agentsijata-za-film/ Tue, 18 Jun 2024 08:38:47 +0000 https://republika.mk/?p=788620

По последните написи во дел од медиумите каде што се изнесени тврдења кои се потпираат на т.н извештај за работењето на Агенцијата за филм, изготвен од Работната група за утврдување на состојбите и на можностите за унапредување на работата на Агенцијата за филм, формирана од министерката за култура, а чија очигледна намена е да изврши директен атак врз кинематографијата, да го компромитира Друштвото на филмски работници, да ја обезвредни работата на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ и да ја оцрни филмската ревија „Златна рамка, Друштвото на филмски работници излезе со реакција.

Со формирањето на работна група за утврдување на состојбите во Агенцијата за филм составена од лица вработени во министерството, во време на техничка влада, која нема никаква надлежност да постапува и да утврдува состојби, а уште помалку да се става во функцијата над Државниот завод за ревизија, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерката во заминување, уште еднаш потврди дека доследно и до крај, е гробар на македонскиот филм и македонската култура.

Овој чин не може поинаку да се протоклува, освен дека е постапување по налог, бидејќи целиот извештај на оваа работа група е повторно прераскажување на смешните тези на Милчо Манчевски, за кои многукратно се покажа дека се фабрикувани.

Веќе нема никакви сомнежи дека главниот генератор на ова „кризно сценарио“ е токму Манчевски, бидејќи тој, овој извештај го цитираше во јавноста, неколку дена пред самиот да го објави во целост.

Дали ова негово здружување со Костадиновска Стојчевска, а потпомогнато од лица кои се на раководни функции во Министерството и кои се потписници на споменатиот извештај, укажува на концентрација на моќ чија единствена цел е реваншизам кон успехот на домашната кинематографија и афирмирање на лажната неприкосновеност на Манчевски?

Зошто во извештајот, кој е изработен во април и мај 2024, не постои информација за потпишувањето на пред-договор со Банана филм за филмот “Биста” на Манчевски, кое се случи во средината на мај, спротивно на одлуката на Управниот одбор на Агенцијата за филм, а потврдена од Вишиот управен суд, за стопирање на финансирањето на проектите на оваа продукција?

Овие чудни, насилни и избрзани реакции, евидентно укажуваат на намера да се уништи македонскиот филм, да се уништат македонските филмски продукции, да се уништи Друштвото на филмски работици, а особено да се разединат продуцентите од секцијата Продукија при ДФРМ, кои веќе втора година по ред водат сизифовска борба со Агенцијата за филм и Министерството за култура, барајќи еднаков третман на сите продуценти и подобри услови за филмските професионалци.

Уште еднаш потенцираме дека во ДФРМ, по пријави од страна на Манчевски поминаа сите можни инспекции од министерството за култура, финансиската полиција, Државниот завод за ревизија, Комисијата за спречување корупција и како што е евидентно и познато, кај нас е се чисто!

Наспроти ова, како што е познато и во јавноста, за Милчо Манчевски, односно неговата компанија „Банана Филм“, по сомнение и елементи за сторени кривични дела се водат истраги од страна на ОЈО и Финансиската полиција.

Ја информираме јавноста дека по изјавите во медиумите, во кои се пласирани невистини, ДФРМ ќе поднесе тужба за клевета, а ќе ги разгледа и елементите за кривична пријава поради фабрикување на информации од страна на членовите на работната група.

Го повикуваме идниот Министер за култура Зоран Љутков, приоритетно да ги расветли до крај сите овие клевети кои стигнуваат од ресорното министерство, со надеж дека час поскоро филмските работници ќе можат да здивнат од овие лоши бирократски сценарија и да се фокусираат на нивната работа, филмот, најголемиот амбасадор на нашата култура“, се вели во реакцијата.

 

The post Костадиновска Стојчевска потврди дека е гробар на македонскиот филм и македонската култура, велат од ДФРМ за Извештајот за работењето на Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

По последните написи во дел од медиумите каде што се изнесени тврдења кои се потпираат на т.н извештај за работењето на Агенцијата за филм, изготвен од Работната група за утврдување на состојбите и на можностите за унапредување на работата на Агенцијата за филм, формирана од министерката за култура, а чија очигледна намена е да изврши директен атак врз кинематографијата, да го компромитира Друштвото на филмски работници, да ја обезвредни работата на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ и да ја оцрни филмската ревија „Златна рамка, Друштвото на филмски работници излезе со реакција.
Со формирањето на работна група за утврдување на состојбите во Агенцијата за филм составена од лица вработени во министерството, во време на техничка влада, која нема никаква надлежност да постапува и да утврдува состојби, а уште помалку да се става во функцијата над Државниот завод за ревизија, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерката во заминување, уште еднаш потврди дека доследно и до крај, е гробар на македонскиот филм и македонската култура.
Овој чин не може поинаку да се протоклува, освен дека е постапување по налог, бидејќи целиот извештај на оваа работа група е повторно прераскажување на смешните тези на Милчо Манчевски, за кои многукратно се покажа дека се фабрикувани. Веќе нема никакви сомнежи дека главниот генератор на ова „кризно сценарио“ е токму Манчевски, бидејќи тој, овој извештај го цитираше во јавноста, неколку дена пред самиот да го објави во целост.
Дали ова негово здружување со Костадиновска Стојчевска, а потпомогнато од лица кои се на раководни функции во Министерството и кои се потписници на споменатиот извештај, укажува на концентрација на моќ чија единствена цел е реваншизам кон успехот на домашната кинематографија и афирмирање на лажната неприкосновеност на Манчевски?
Зошто во извештајот, кој е изработен во април и мај 2024, не постои информација за потпишувањето на пред-договор со Банана филм за филмот “Биста” на Манчевски, кое се случи во средината на мај, спротивно на одлуката на Управниот одбор на Агенцијата за филм, а потврдена од Вишиот управен суд, за стопирање на финансирањето на проектите на оваа продукција?
Овие чудни, насилни и избрзани реакции, евидентно укажуваат на намера да се уништи македонскиот филм, да се уништат македонските филмски продукции, да се уништи Друштвото на филмски работици, а особено да се разединат продуцентите од секцијата Продукија при ДФРМ, кои веќе втора година по ред водат сизифовска борба со Агенцијата за филм и Министерството за култура, барајќи еднаков третман на сите продуценти и подобри услови за филмските професионалци.
Уште еднаш потенцираме дека во ДФРМ, по пријави од страна на Манчевски поминаа сите можни инспекции од министерството за култура, финансиската полиција, Државниот завод за ревизија, Комисијата за спречување корупција и како што е евидентно и познато, кај нас е се чисто! Наспроти ова, како што е познато и во јавноста, за Милчо Манчевски, односно неговата компанија „Банана Филм“, по сомнение и елементи за сторени кривични дела се водат истраги од страна на ОЈО и Финансиската полиција.
Ја информираме јавноста дека по изјавите во медиумите, во кои се пласирани невистини, ДФРМ ќе поднесе тужба за клевета, а ќе ги разгледа и елементите за кривична пријава поради фабрикување на информации од страна на членовите на работната група. Го повикуваме идниот Министер за култура Зоран Љутков, приоритетно да ги расветли до крај сите овие клевети кои стигнуваат од ресорното министерство, со надеж дека час поскоро филмските работници ќе можат да здивнат од овие лоши бирократски сценарија и да се фокусираат на нивната работа, филмот, најголемиот амбасадор на нашата култура“, се вели во реакцијата.  

The post Костадиновска Стојчевска потврди дека е гробар на македонскиот филм и македонската култура, велат од ДФРМ за Извештајот за работењето на Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>
Отворено писмо до јавноста од ДФРМ: Бараме итно разгледување на состојбите во Агенцијата за филм, македонскиот филм е доведен до колапс! https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoreno-pismo-do-javnosta-od-dfrm-barame-itno-razgleduvane-na-sostojbite-vo-agentsijata-za-film-makedonskiot-film-e-doveden-do-kolaps/ Tue, 04 Jun 2024 11:21:08 +0000 https://republika.mk/?p=784637

Бараме од органите во Агенцијата за филм, од техничкиот и идниот Министер за култура и од техничката и новата македонска Влада, како и од останатите релевантни државни институции, итно разгледување на состојбите во Агенцијата за филм и итно запирање на лажната слика која се креира за состојбите во филмската дејност, кога во суштина фимските работници, автори и продуценти ги живеат најлошите денови во историјата на македонската кинематографија.

Наспроти ваквиот однос на институциите, македонскиот филм години наназад е амбасадор на македонската култура во светот и успесите кои нашите филмови ги имаат во последните 5 години гордо го веат македонското знаме на најголемите светски филмски фестивали во Кан, Венеција, Берлин, Парк сити, Карлови Вари, а македонската јавност беше особено горда кога успеавме да имаме и две номинации за Оскар.

Загрозувањето на остварените соработки, кои се грижливо градени низ годините, со многу труд и залагање на многумина од нас, филмските професионалци, претставува не само тажен чекор назад за македонската кинематографија, туку и голем срам и оцрнување на севкупниот имиџ на нашата култура и држава, на патот кон толку посакуваната европска иднина, стои во отвореното писмо до јавноста упатено од  Друштвото на филмски работници на Македонија

 

Македонскиот филм е доведен до колапс! 

И покрај нашите бројни предупредувања во 2023 година, македонскиот филм доби буџет за 2024 кој не е доволен за елеметарно да се покријат потребите на нашата кинематографија и кој ја води во нејзино забрзано системско распаѓање.

Во моментов во јавноста успешно се креира сликата од типот “Барем се снима” само затоа што во периодов е завршена или во тек е реализација на 4 долгометражни играни филмови, а во текот на летото се очекува да започнат со снимање уште најмалку 4 филма.

Она кое што е катастрофално и погубно за нас филмаџиите, а особено за филмските продуценти, во оваа “Барем се снима” слика, е фактот што дел од овие филмови средствата ги имаат добиено во 2023 година, а оние кои добиваат средства оваа година мора да се согласат на половични исплати кои не се во корелација со досегашните стандардни исплати и договорно утврден процент кој продуцентите го добиваат за снимање, од одобрените средства од Агенцијата за филм.

Ваквата ситуација во пракса значи дека секое отпочнување на филм носи несигурност и страв затоа што долгот од речиси 4.000.000 евра кој Агенцијата за филм го има кон филмските продуценти, за проекти кои се одобрени на конкурс и се старувани до овој момент, се зголемува, без притоа да се има јасен план како и кога продуцентите ќе можат да ги очекуваат средствата кои и самите ги должат спрема филмските работници, авторите, актерите  и останати соработници и тоа за филмовите кои се веќе снимени и за добра и услуги кои се одамна веќе реализирани.

Несигурност и страв дополнително внесува и нефункционалноста на процедурата за прегледувањето на извештаи за наменско трошење на средства во Агенцијата за филм, проблем кој трае од нејзиното основање до денес. Во Агенцијата постојат извештаи кои се предадени и пред 1 до 2 години, а кои кои до ден денес не се прегледани.

Поради немање на соодветна служба и поради неможноста за ангажирање на надворешни лица, во изминативе 4 месеци во Агенцијата за филм дополнително се таложат поднесени, а непрегледани извештаи, со што сакајќи или не сакајќи, сеедно, дополнително се пролонгира исплаќањето на нови средства спрема продуцентите за веќе реализирани фази од одобрените проекти на конкурс.

Како денес, така и години наназад пролонгирањето на исплаќање на средства за одобрени проекти на конкурс се случува и преку непотпишување на нови договори, односно пролонгирање на потпишувањето на договорите, дури и во случаи кога продуцентите до Агенцијата за филм ја имаат доставено целосната документација согласно законот и имаат обезбедено банкарски гаранции.

За јавноста да има комплетна слика, и ова писмо да не се извади од контекст со прикажување на некаква поинаква состојба, сакаме да напоменеме дека во последните 15-тина години речиси сите македонски долгометражни играни филмови се реализираат како ко-продукции помеѓу неколку земји. Ова значи дека македонските продуцентите не снимаат филмови со средства кои се 100% државни и од буџетот на земјава и на Агенцијата, туку станува збор за покомплексен систем за финансирање во кој одолговлекувањето на потпишување на договори, исплати или прегледување на извештаи го загрозува или забавува финансирањето на нашите филмови и во останатите земји, а во некои случаи доаѓа и до раскинување на овие соработки поради пробивање на рокови.

Дополнително, за да се одржи сликата „Барем се снима”, Агенцијата за филм сериозно почнува да ги загрозува меѓународните договори кои самата таа ги има склучено со останати агенции и филмски центри од регионот и пошироко, да излегува од договорени повеќе годишни соработки кои бараат минимална финасиска партиципација, да го проблематизира плаќањето на котизации за одредени програми во кои Агенцијата е вклучена со цел промовирање на македонскиот филм, автори, актери, продуценти.

Проблематизирањето на веќе донесени одлуки и менувањето на веќе постигнати договори, поради менувањето на раководството во државните институации е нешто со кое сите постојано се соочуваме во изминативе 30 години. Секако, оваа пракса не ја заобиколува ниту Агенцијата за филм, па така со секоја промена на раководство, ние филамџиите губиме драгоцени месеци во објаснување и запознавање на новите челници со функционирањето и спецификите на нашата дејност.

Секоја промена за нас значи прилагодување на нови правила и „револуционерни” идеи кои никако не одат во прилог на принципите на еднаквост и транспарентност. За жал сме биле, но и денес сме сведоци на нови толкувања на законот за филмска дејност и на негово заобиколување кога е тоа некому потребно.

Токму поради се што е наведено во ова писмо, бараме од органите во Агенцијата за филм, од техничкиот и идниот Министер за култура и од техничката и идната македонска Влада, како и од останатите релевантни државни институции, итно разгледување на состојбите во Агенцијата за филм и итно запирање на лажната слика која се креира за состојбите во филмската дејност, кога во суштина фимските работници, автори и продуценти ги живеат најлошите денови во историјата на македонската кинематографија.

Со цел доловување на целосната слика, сакаме да информираме дека согласно податоците кои неофицијално ги имаме добиено од Агенцијата за филм, во периодот од 2020 до 2024 година, преку кратење на основното барање на средства за следната година, кое Агецнијата за филм го упатува до Министерство за култура, а преку нив и до Министерство за финансии, и преку ребаланс на буџет во текот на годината, од македонскот филм се одземени околку 8.500.000 евра, но во исто време бројот на поддржани проекти воопшто не е намален.

Како што напоменавме со ваквото континуирано и паушално кратење на буџетот за филм во изминатите 5 години, македонските филмски продуценти тонат во долгови поради ненавремените исплаќање на средства од страна на Агенцијата за филм за одобрени проекти кои се завршени, чија реализација е во тек или кои допрва треба да стартуваат. Воедно, се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници и сите останати учесници во процесите на реализација на филмските проекти.

Наспроти ваквиот однос на институциите, македонскиот филм години наназад е амбасадор на македонската култура во светот и успесите кои нашите филмови ги имаат во последните 5 години гордо го веат македонското знаме на најголемите светски филмски фестивали во Кан, Венеција, Берлин, Парк сити, Карлови Вари, а македонската јавност беше особено горда кога успеавме да имаме и две номинации за Оскар.

Постигнувањето на ваков успех, верувајте, не е лесно. Уште помалку е лесно повеќегодишно континуирано одржување на успехот на овој нов филмски бран, кога институциите кои треба да се грижат за македонскиот филм, да го штитат, стимулираат и поттикнуваат, остануваат незаинтересирани и глуви.

Тоа што дополнително загрижува е фактот што преку ваквиот однос кон домашниот филм, се прави огромна штета и врз угледот на државата пред нашите долгогодишни поддржувачи и меѓународни партнери.

Актуелната состојба, нередовното и задоцнето исплаќање на средства, паушалното и „сурово“ кратење на буџетот за филм, ја прави Македонија несериозен и недоверлив парнер, а македонските продуценти секојденево се соочуваат со притисоци и закани за меѓународни тужби и откажување на соработки.

Загрозувањето на остварените соработки, кои се грижливо градени низ годините, со многу труд и залагање на многумина од нас, филмските професионалци, претставува не само тажен чекор назад за македонската кинематографија, туку и голем срам и оцрнување на севкупниот имиџ на нашата култура и држава, на патот кон толку посакуваната европска иднина.

Филмот е нашиот живот, нашата сегашност и иднина.

Ние резервни професии и животи немаме!

Македонскиот филм е доведен до колапс!

 

Со почит,

Игор Иванов, претседател на ДФРМ

Лабина Митевска, претседател на секцијата продукција при ДФРМ

Даријан Пејовски, претседател на секцијата режија при ДФРМ

 

The post Отворено писмо до јавноста од ДФРМ: Бараме итно разгледување на состојбите во Агенцијата за филм, македонскиот филм е доведен до колапс! appeared first on Република.

]]>

Бараме од органите во Агенцијата за филм, од техничкиот и идниот Министер за култура и од техничката и новата македонска Влада, како и од останатите релевантни државни институции, итно разгледување на состојбите во Агенцијата за филм и итно запирање на лажната слика која се креира за состојбите во филмската дејност, кога во суштина фимските работници, автори и продуценти ги живеат најлошите денови во историјата на македонската кинематографија. Наспроти ваквиот однос на институциите, македонскиот филм години наназад е амбасадор на македонската култура во светот и успесите кои нашите филмови ги имаат во последните 5 години гордо го веат македонското знаме на најголемите светски филмски фестивали во Кан, Венеција, Берлин, Парк сити, Карлови Вари, а македонската јавност беше особено горда кога успеавме да имаме и две номинации за Оскар. Загрозувањето на остварените соработки, кои се грижливо градени низ годините, со многу труд и залагање на многумина од нас, филмските професионалци, претставува не само тажен чекор назад за македонската кинематографија, туку и голем срам и оцрнување на севкупниот имиџ на нашата култура и држава, на патот кон толку посакуваната европска иднина, стои во отвореното писмо до јавноста упатено од  Друштвото на филмски работници на Македонија  
Македонскиот филм е доведен до колапс!  И покрај нашите бројни предупредувања во 2023 година, македонскиот филм доби буџет за 2024 кој не е доволен за елеметарно да се покријат потребите на нашата кинематографија и кој ја води во нејзино забрзано системско распаѓање. Во моментов во јавноста успешно се креира сликата од типот “Барем се снима” само затоа што во периодов е завршена или во тек е реализација на 4 долгометражни играни филмови, а во текот на летото се очекува да започнат со снимање уште најмалку 4 филма. Она кое што е катастрофално и погубно за нас филмаџиите, а особено за филмските продуценти, во оваа “Барем се снима” слика, е фактот што дел од овие филмови средствата ги имаат добиено во 2023 година, а оние кои добиваат средства оваа година мора да се согласат на половични исплати кои не се во корелација со досегашните стандардни исплати и договорно утврден процент кој продуцентите го добиваат за снимање, од одобрените средства од Агенцијата за филм. Ваквата ситуација во пракса значи дека секое отпочнување на филм носи несигурност и страв затоа што долгот од речиси 4.000.000 евра кој Агенцијата за филм го има кон филмските продуценти, за проекти кои се одобрени на конкурс и се старувани до овој момент, се зголемува, без притоа да се има јасен план како и кога продуцентите ќе можат да ги очекуваат средствата кои и самите ги должат спрема филмските работници, авторите, актерите  и останати соработници и тоа за филмовите кои се веќе снимени и за добра и услуги кои се одамна веќе реализирани. Несигурност и страв дополнително внесува и нефункционалноста на процедурата за прегледувањето на извештаи за наменско трошење на средства во Агенцијата за филм, проблем кој трае од нејзиното основање до денес. Во Агенцијата постојат извештаи кои се предадени и пред 1 до 2 години, а кои кои до ден денес не се прегледани. Поради немање на соодветна служба и поради неможноста за ангажирање на надворешни лица, во изминативе 4 месеци во Агенцијата за филм дополнително се таложат поднесени, а непрегледани извештаи, со што сакајќи или не сакајќи, сеедно, дополнително се пролонгира исплаќањето на нови средства спрема продуцентите за веќе реализирани фази од одобрените проекти на конкурс. Како денес, така и години наназад пролонгирањето на исплаќање на средства за одобрени проекти на конкурс се случува и преку непотпишување на нови договори, односно пролонгирање на потпишувањето на договорите, дури и во случаи кога продуцентите до Агенцијата за филм ја имаат доставено целосната документација согласно законот и имаат обезбедено банкарски гаранции. За јавноста да има комплетна слика, и ова писмо да не се извади од контекст со прикажување на некаква поинаква состојба, сакаме да напоменеме дека во последните 15-тина години речиси сите македонски долгометражни играни филмови се реализираат како ко-продукции помеѓу неколку земји. Ова значи дека македонските продуцентите не снимаат филмови со средства кои се 100% државни и од буџетот на земјава и на Агенцијата, туку станува збор за покомплексен систем за финансирање во кој одолговлекувањето на потпишување на договори, исплати или прегледување на извештаи го загрозува или забавува финансирањето на нашите филмови и во останатите земји, а во некои случаи доаѓа и до раскинување на овие соработки поради пробивање на рокови. Дополнително, за да се одржи сликата „Барем се снима”, Агенцијата за филм сериозно почнува да ги загрозува меѓународните договори кои самата таа ги има склучено со останати агенции и филмски центри од регионот и пошироко, да излегува од договорени повеќе годишни соработки кои бараат минимална финасиска партиципација, да го проблематизира плаќањето на котизации за одредени програми во кои Агенцијата е вклучена со цел промовирање на македонскиот филм, автори, актери, продуценти. Проблематизирањето на веќе донесени одлуки и менувањето на веќе постигнати договори, поради менувањето на раководството во државните институации е нешто со кое сите постојано се соочуваме во изминативе 30 години. Секако, оваа пракса не ја заобиколува ниту Агенцијата за филм, па така со секоја промена на раководство, ние филамџиите губиме драгоцени месеци во објаснување и запознавање на новите челници со функционирањето и спецификите на нашата дејност. Секоја промена за нас значи прилагодување на нови правила и „револуционерни” идеи кои никако не одат во прилог на принципите на еднаквост и транспарентност. За жал сме биле, но и денес сме сведоци на нови толкувања на законот за филмска дејност и на негово заобиколување кога е тоа некому потребно. Токму поради се што е наведено во ова писмо, бараме од органите во Агенцијата за филм, од техничкиот и идниот Министер за култура и од техничката и идната македонска Влада, како и од останатите релевантни државни институции, итно разгледување на состојбите во Агенцијата за филм и итно запирање на лажната слика која се креира за состојбите во филмската дејност, кога во суштина фимските работници, автори и продуценти ги живеат најлошите денови во историјата на македонската кинематографија. Со цел доловување на целосната слика, сакаме да информираме дека согласно податоците кои неофицијално ги имаме добиено од Агенцијата за филм, во периодот од 2020 до 2024 година, преку кратење на основното барање на средства за следната година, кое Агецнијата за филм го упатува до Министерство за култура, а преку нив и до Министерство за финансии, и преку ребаланс на буџет во текот на годината, од македонскот филм се одземени околку 8.500.000 евра, но во исто време бројот на поддржани проекти воопшто не е намален. Како што напоменавме со ваквото континуирано и паушално кратење на буџетот за филм во изминатите 5 години, македонските филмски продуценти тонат во долгови поради ненавремените исплаќање на средства од страна на Агенцијата за филм за одобрени проекти кои се завршени, чија реализација е во тек или кои допрва треба да стартуваат. Воедно, се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници и сите останати учесници во процесите на реализација на филмските проекти. Наспроти ваквиот однос на институциите, македонскиот филм години наназад е амбасадор на македонската култура во светот и успесите кои нашите филмови ги имаат во последните 5 години гордо го веат македонското знаме на најголемите светски филмски фестивали во Кан, Венеција, Берлин, Парк сити, Карлови Вари, а македонската јавност беше особено горда кога успеавме да имаме и две номинации за Оскар. Постигнувањето на ваков успех, верувајте, не е лесно. Уште помалку е лесно повеќегодишно континуирано одржување на успехот на овој нов филмски бран, кога институциите кои треба да се грижат за македонскиот филм, да го штитат, стимулираат и поттикнуваат, остануваат незаинтересирани и глуви. Тоа што дополнително загрижува е фактот што преку ваквиот однос кон домашниот филм, се прави огромна штета и врз угледот на државата пред нашите долгогодишни поддржувачи и меѓународни партнери. Актуелната состојба, нередовното и задоцнето исплаќање на средства, паушалното и „сурово“ кратење на буџетот за филм, ја прави Македонија несериозен и недоверлив парнер, а македонските продуценти секојденево се соочуваат со притисоци и закани за меѓународни тужби и откажување на соработки. Загрозувањето на остварените соработки, кои се грижливо градени низ годините, со многу труд и залагање на многумина од нас, филмските професионалци, претставува не само тажен чекор назад за македонската кинематографија, туку и голем срам и оцрнување на севкупниот имиџ на нашата култура и држава, на патот кон толку посакуваната европска иднина. Филмот е нашиот живот, нашата сегашност и иднина. Ние резервни професии и животи немаме! Македонскиот филм е доведен до колапс!   Со почит, Игор Иванов, претседател на ДФРМ Лабина Митевска, претседател на секцијата продукција при ДФРМ Даријан Пејовски, претседател на секцијата режија при ДФРМ  

The post Отворено писмо до јавноста од ДФРМ: Бараме итно разгледување на состојбите во Агенцијата за филм, македонскиот филм е доведен до колапс! appeared first on Република.

]]>
ДФРМ: Нема конфликт на интереси со именувањето на Бранко Петровски за член на УО во Агенцијата за филм https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dfrm-nema-konflikt-na-interesi-so-imenuvaneto-na-branko-petrovski-za-chlen-na-uo-vo-agentsijata-za-film/ Fri, 16 Feb 2024 11:46:47 +0000 https://republika.mk/?p=744849

Друштвото на филмски работници ги демантира информациите изнесени во јавноста дека постои конфликт на интерес во изборот на Бранко Петровски за член на Управниот одбор на Агенцијата за филм на РСМ. Бранко Петровски повеќе не е член на Надзорниот одбор на ДФРМ, а со започнувањето на 2024 година, не е на ниту еден начин ангажиран во Агенцијата за филм, се вели во соопштението на ДФРМ.

Според законската обврска, Друштвото на филмски работници номинира член во Управниот одбор на Агенцијата за филм на РСМ, и во новоизбраниот состав тоа е Бранко Петровски.

Бранко Петровски е искусен и докажан професионалец во филмската дејност, почитуван во фелата и со особено искуство на домашен и меѓународен план во доменот на евалуација на филмски проекти, вклучувајќи и ангажман во европскиот филмски фонд „Еуримаж“.

The post ДФРМ: Нема конфликт на интереси со именувањето на Бранко Петровски за член на УО во Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

Друштвото на филмски работници ги демантира информациите изнесени во јавноста дека постои конфликт на интерес во изборот на Бранко Петровски за член на Управниот одбор на Агенцијата за филм на РСМ. Бранко Петровски повеќе не е член на Надзорниот одбор на ДФРМ, а со започнувањето на 2024 година, не е на ниту еден начин ангажиран во Агенцијата за филм, се вели во соопштението на ДФРМ. Според законската обврска, Друштвото на филмски работници номинира член во Управниот одбор на Агенцијата за филм на РСМ, и во новоизбраниот состав тоа е Бранко Петровски. Бранко Петровски е искусен и докажан професионалец во филмската дејност, почитуван во фелата и со особено искуство на домашен и меѓународен план во доменот на евалуација на филмски проекти, вклучувајќи и ангажман во европскиот филмски фонд „Еуримаж“.

The post ДФРМ: Нема конфликт на интереси со именувањето на Бранко Петровски за член на УО во Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>
„Банана филм“ поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/banana-film-podnese-krivichni-prijavi-protiv-rakovodstvoto-na-agentsijata-za-film/ Thu, 29 Jun 2023 12:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=656416

„Банана филм“, продуцентската куќа на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, поднесе кривични пријави против финансискиот советник на Агенцијата за филм, Бранко Петровски, против претседателот на Управниот одбор Игор Шокаровски и против членката на Управниот одбор, правникот Снежана Станковиќ. Тие најавуваат уште кривични пријави.

Петровски се обвинува за злоупотреба на службена положба која произлегува од конфликт на интереси. Станковиќ и Шокаровски се теретат за донесување одлуки на Управниот одбор на Агенцијата за филм кои се противзаконски.

„Банана филм“ ги повикува Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, вицеприемерката за борба против корупција Славица Грковска, вицепремиерот Артан Груби и премиерот Ковачевски да го казнат криминалот во редовите на владејачката коалиција и на институциите кои таа ги контролира, како што е Агенцијата за филм.

Ја поздравуваме акцијата на американскиот Стејт департмент и во тој дух ги повикуваме и засегнатите страни од меѓународната заедница кои досега предупредуваа за корупцијата во Македонија да се посветат на овој конкретен случај затоа што зад него се кријат многу незаконити работи, велат од продукцијата.

Поради индиции изнесени во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, „Банана филм“ побара и од Финансиска полиција да изврши увид во работата на ДФРМ, но и на шест фирми во директна и индиректна сопственост (преку нивните семејства) на претседателот на Друштвото Игор Иванов-Изи од династијата Иванови и секретарот на друштвото Томислав Салковски, како и на нивните политичките заштитници.

„Банана филм“ достави барање и до Комисијата за заштита на конкуренција да ја испита недозволената државна помош од Агенцијата за филм до ДФРМ, која веќе беше констатираната во извештајот на Министерството за култура од 2020, но и во новиот извештај на ДЗР, со барање таа да се укине и да се вратат досега противзаконски доделените 120.000 евра од државна каса до ДФРМ.

Сите опфатени во кривичната пријава, според „Банана филм“ остварувале противправна лична корист од своите незаконски постапки.

Сознанијата врз кои се базираат кривичните пријави произлегуваат од наодите на Државниот завод за ревизија (ДЗР), Антикорупциска комисија (ДКСК), извештаи и инспекции при Министерството за култура и Транспаренси интернешнл.

Поднесени се и две тужби против Агенцијата за филм поради нанесување штета на оваа продуцентска куќа.

Од „Банана филм“ велат и: „После бројни укажувања, решивме да поднесеме кривични пријави базирани врз наодите на државните институции и на невладините организации затоа што – и покрај сè – УШТЕ ВЕРУВАМЕ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ. Алтернативата е хаос, беззаконие, апатија и капитулација пред семејни и партиски врски.“

По негативниот извештај на ДЗР за работата на Агенцијата, и Транспаренси интернешнл објави нова анализа на работењето на Агенцијата. Во него, меѓу другото, се вели:

Индикативен е моментот кој е избран да се постапува по однос на проектите реализирани од страна на режисерот Милчо Манчевски, затоа што упатува на можност за освета кон лице кое поднело пријава и побарало да се испитаат состојбите на судир на интереси. Согласно законот за спречување на корупција никој не смее да трпи последици за пријавување на случај на коруптивно однесување. Исто така и Кривичниот законик предвидува казнена одредба доколку не се пријави незаконито постапување за кое некој ќе дознае во рамки на своето службено постапување.“

Во соопштението на Транспаренси се вели и следново:

За илустрација во однос на критериумите и односот кон авторите пренесуваме извадок од резимето за успешност на авторот Милчо Манчевски, чиј труд целосно се девалвира со негативна кампања поттикната од пријавување на судир на интереси:

- Странските инвестиции во шесте македонски филмови на Милчо Манчевски (Пред дождот, Прашина, Сенки, Мајки, Врба и Кајмак) изнесуваат 16.85 милиони евра, во најголем дел потрошени во Македонија.

- Филмовите на Манчевски, претставуваат и една од најголемите странски инвестиции во државата, покрај значењето за културата на Македонија и за меѓународната промоција на македонската култура и јазик.

- Од 1994 досега прикажани се на над 300 фестивали, освоиле стотина награди, меѓу кои и Златен лав и номинација за Оскар и играле во кино и на ТВ во над 100 земји, а влезени се и во наставната програма во повеќе земји.

- Односот на странски инвестиции и домашни инвестиции во филмовите на Манчевски е 77.65% странски инвестиции (државни фондови на Велика Британија, Франција, Германија, Данска, Италија, Унгарија, Холандија, Белгија, Хрватска, Албанија, Шпанија и Бугарија, како и паневропскиот фонд Еуримаж), а 22.35% домашни (Министерство за култура, Филмски фонд или Агенција за филм)​“, се вели во соопштението на Транспаренси интернешнл.

 

The post „Банана филм“ поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

„Банана филм“, продуцентската куќа на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, поднесе кривични пријави против финансискиот советник на Агенцијата за филм, Бранко Петровски, против претседателот на Управниот одбор Игор Шокаровски и против членката на Управниот одбор, правникот Снежана Станковиќ. Тие најавуваат уште кривични пријави. Петровски се обвинува за злоупотреба на службена положба која произлегува од конфликт на интереси. Станковиќ и Шокаровски се теретат за донесување одлуки на Управниот одбор на Агенцијата за филм кои се противзаконски. „Банана филм“ ги повикува Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, вицеприемерката за борба против корупција Славица Грковска, вицепремиерот Артан Груби и премиерот Ковачевски да го казнат криминалот во редовите на владејачката коалиција и на институциите кои таа ги контролира, како што е Агенцијата за филм.
Ја поздравуваме акцијата на американскиот Стејт департмент и во тој дух ги повикуваме и засегнатите страни од меѓународната заедница кои досега предупредуваа за корупцијата во Македонија да се посветат на овој конкретен случај затоа што зад него се кријат многу незаконити работи, велат од продукцијата.
Поради индиции изнесени во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, „Банана филм“ побара и од Финансиска полиција да изврши увид во работата на ДФРМ, но и на шест фирми во директна и индиректна сопственост (преку нивните семејства) на претседателот на Друштвото Игор Иванов-Изи од династијата Иванови и секретарот на друштвото Томислав Салковски, како и на нивните политичките заштитници. „Банана филм“ достави барање и до Комисијата за заштита на конкуренција да ја испита недозволената државна помош од Агенцијата за филм до ДФРМ, која веќе беше констатираната во извештајот на Министерството за култура од 2020, но и во новиот извештај на ДЗР, со барање таа да се укине и да се вратат досега противзаконски доделените 120.000 евра од државна каса до ДФРМ. Сите опфатени во кривичната пријава, според „Банана филм“ остварувале противправна лична корист од своите незаконски постапки. Сознанијата врз кои се базираат кривичните пријави произлегуваат од наодите на Државниот завод за ревизија (ДЗР), Антикорупциска комисија (ДКСК), извештаи и инспекции при Министерството за култура и Транспаренси интернешнл. Поднесени се и две тужби против Агенцијата за филм поради нанесување штета на оваа продуцентска куќа. Од „Банана филм“ велат и: „После бројни укажувања, решивме да поднесеме кривични пријави базирани врз наодите на државните институции и на невладините организации затоа што – и покрај сè – УШТЕ ВЕРУВАМЕ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ. Алтернативата е хаос, беззаконие, апатија и капитулација пред семејни и партиски врски.“ По негативниот извештај на ДЗР за работата на Агенцијата, и Транспаренси интернешнл објави нова анализа на работењето на Агенцијата. Во него, меѓу другото, се вели:
Индикативен е моментот кој е избран да се постапува по однос на проектите реализирани од страна на режисерот Милчо Манчевски, затоа што упатува на можност за освета кон лице кое поднело пријава и побарало да се испитаат состојбите на судир на интереси. Согласно законот за спречување на корупција никој не смее да трпи последици за пријавување на случај на коруптивно однесување. Исто така и Кривичниот законик предвидува казнена одредба доколку не се пријави незаконито постапување за кое некој ќе дознае во рамки на своето службено постапување.“
Во соопштението на Транспаренси се вели и следново:
За илустрација во однос на критериумите и односот кон авторите пренесуваме извадок од резимето за успешност на авторот Милчо Манчевски, чиј труд целосно се девалвира со негативна кампања поттикната од пријавување на судир на интереси:
- Странските инвестиции во шесте македонски филмови на Милчо Манчевски (Пред дождот, Прашина, Сенки, Мајки, Врба и Кајмак) изнесуваат 16.85 милиони евра, во најголем дел потрошени во Македонија. - Филмовите на Манчевски, претставуваат и една од најголемите странски инвестиции во државата, покрај значењето за културата на Македонија и за меѓународната промоција на македонската култура и јазик. - Од 1994 досега прикажани се на над 300 фестивали, освоиле стотина награди, меѓу кои и Златен лав и номинација за Оскар и играле во кино и на ТВ во над 100 земји, а влезени се и во наставната програма во повеќе земји. - Односот на странски инвестиции и домашни инвестиции во филмовите на Манчевски е 77.65% странски инвестиции (државни фондови на Велика Британија, Франција, Германија, Данска, Италија, Унгарија, Холандија, Белгија, Хрватска, Албанија, Шпанија и Бугарија, како и паневропскиот фонд Еуримаж), а 22.35% домашни (Министерство за култура, Филмски фонд или Агенција за филм)​“, се вели во соопштението на Транспаренси интернешнл.  

The post „Банана филм“ поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>
ДФРМ бара еднакво и праведно постапување на институциите кон филмските професионалци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dfrm-bara-ednakvo-i-pravedno-postapuvane-na-institutsiite-kon-filmskite-profesionaltsi/ Thu, 01 Jun 2023 08:33:29 +0000 https://republika.mk/?p=646699

Друштвото на филмските работници како најстаро и единствено релевантно струково здружение во РСМ од областа на филмот остро реагира во врска со изнесените инсинуации во јавноста за наводно незаконско работење на Здружението. ДФРМ сака да ја извести јавноста дека ги отфрла сите тенденциозни и некоректни написи изнесени во некои медиуми и на социјалните мрежи, кои имаат за цел да го нарушат угледот и реномето на Друштвото.

Пласирањето на ваквите информации има за цел да го компромитира нашето членство и нашата дејност. Се сомневаме и во селективното постапување на некои од институциите чија законска и морална обврска е да утврдат незаконитост во работењето, независно од „авторитетот“ кој го ужива некоја продукција во јавноста, реагираат од ДФРМ и потенцираат дека не биле утврдени неправилности во нивното работење.

Во изминатиов период севкупната документација на ДФРМ беше дадена на увид на повеќе истражни тела, како секторот за управен и инспекциски надзор при Министерството за култура, Државната комисија за спречување на корупција, Управата за финансиска полиција. Во оваа комплетно транспарентна соработка во која севкупната документација беше на увид на споменатите институции, во ниту еден извештај не беше констатирано неправилно или незаконско работење, нагласуваат од Друштвото.

ДФРМ не е државна институција, туку независно, самостојно, невладино, непартиско и непрофитно Здружение кое се грижи за остварување и заштита на правата и интересите на македонските филмски професионалци, како и за обезбедување на континуиран развој на филмска дејност. Раководните тела на ДФРМ се бираат на редовно годишно Собрание, а актуелното раководство беше реизбрано со апсолутно мнозинство гласови од членовите на минатогодишното изборно Собрание.

Загрижени поради можноста за селективни истраги, ДФРМ апелира до Управата за финансиската полиција, ДКСК и другите надлежни институции да постапуваат според принципите на правичност, еднаквост и транспарентност и да ги испитаат сите наоди изнесени во јавноста поврзани со работењето на продуцентската куќа „Банана филм“ и останатите за кои постојат какви било индиции за неправилност и незаконитост во работењето.

Во културната јавност, веќе подолго време се објавуваат информации кои се базираат на основани докази за неправилности во процедурите при аплицирање, продуцирање и евалуација, односно отчет на оваа продукција. Се чини дека сите овие индиции за надлежните органи се јавна тајна, па затоа оправдано се сомневаме дека „Банана филм“ е ставена во повластена позиција и „недопирливост“ која оваа продукција ја уживала и во минатото. Нерегуларноста на постапките на оваа продукција неодамна беше констатирана и од службите во Агенцијата за филм на РСМ и инспекцијата на Министерството за култура, по што е проследена на натамошно постапување до надлежното Обвинителство и Управата за финансиска полиција.

Во Друштвото се уверени дека токму овие постапки за конечно расчистување на неправилноста во работењето на „Банана филм“ се провокација за продукцијата да стане „извор“ на низа „анонимни“ претставки и пријави кон ДФРМ.

Нападите од страна на поединци кои користат платен ПР ги отфрламе со индигнација и ја повикуваме јавноста да се информира непосредно и прецизно. Апелираме до институциите и ја охрабрувме јавноста да ги земе предвид сите основани докази, до конечно расчистување на случајот со „Банана филм“. Достоинството на филмските професионалци и нивната посветена работа, не смее да биде заложник на поединци кои сакајќи да ги прикријат своите злоупотреби и незаконско работење, се обидуваат да фрлат дамка врз фелата, стои во реакцијата на ДФРМ.

 

Друштвото на филмски работници постои 73 години, а неговите основни заложби и цели се подобрување на условите за работа во филмот и аудио-визуелната сфера, подобрување на статусот на филмските работници и хармонизација на нашите закони со европската легислатива. Друштвото е дом на повеќе од 80 проценти од активните филмски работници и заедно со Друштвото на писатели и Друштвото на ликовни уметници е здружение на граѓани од највисоко културно значење.

ДФРМ членува во ралични значајни европски здруженија и асоцијации, меѓу кои и ФЕРА (Европска Федерација на Режисери), ЦЕПИ (Европска Асоцијација за Аудиовизуелна продукција), ИМАГО (Меѓународна Федерација на Кинематографери) и ја поседува лиценцата за избор на национален кандидат на наградата Оскар. Организатор е на манифестацијата „Златна рамка“, Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола и други манифестации.

The post ДФРМ бара еднакво и праведно постапување на институциите кон филмските професионалци appeared first on Република.

]]>

Друштвото на филмските работници како најстаро и единствено релевантно струково здружение во РСМ од областа на филмот остро реагира во врска со изнесените инсинуации во јавноста за наводно незаконско работење на Здружението. ДФРМ сака да ја извести јавноста дека ги отфрла сите тенденциозни и некоректни написи изнесени во некои медиуми и на социјалните мрежи, кои имаат за цел да го нарушат угледот и реномето на Друштвото.
Пласирањето на ваквите информации има за цел да го компромитира нашето членство и нашата дејност. Се сомневаме и во селективното постапување на некои од институциите чија законска и морална обврска е да утврдат незаконитост во работењето, независно од „авторитетот“ кој го ужива некоја продукција во јавноста, реагираат од ДФРМ и потенцираат дека не биле утврдени неправилности во нивното работење. Во изминатиов период севкупната документација на ДФРМ беше дадена на увид на повеќе истражни тела, како секторот за управен и инспекциски надзор при Министерството за култура, Државната комисија за спречување на корупција, Управата за финансиска полиција. Во оваа комплетно транспарентна соработка во која севкупната документација беше на увид на споменатите институции, во ниту еден извештај не беше констатирано неправилно или незаконско работење, нагласуваат од Друштвото.
ДФРМ не е државна институција, туку независно, самостојно, невладино, непартиско и непрофитно Здружение кое се грижи за остварување и заштита на правата и интересите на македонските филмски професионалци, како и за обезбедување на континуиран развој на филмска дејност. Раководните тела на ДФРМ се бираат на редовно годишно Собрание, а актуелното раководство беше реизбрано со апсолутно мнозинство гласови од членовите на минатогодишното изборно Собрание. Загрижени поради можноста за селективни истраги, ДФРМ апелира до Управата за финансиската полиција, ДКСК и другите надлежни институции да постапуваат според принципите на правичност, еднаквост и транспарентност и да ги испитаат сите наоди изнесени во јавноста поврзани со работењето на продуцентската куќа „Банана филм“ и останатите за кои постојат какви било индиции за неправилност и незаконитост во работењето.
Во културната јавност, веќе подолго време се објавуваат информации кои се базираат на основани докази за неправилности во процедурите при аплицирање, продуцирање и евалуација, односно отчет на оваа продукција. Се чини дека сите овие индиции за надлежните органи се јавна тајна, па затоа оправдано се сомневаме дека „Банана филм“ е ставена во повластена позиција и „недопирливост“ која оваа продукција ја уживала и во минатото. Нерегуларноста на постапките на оваа продукција неодамна беше констатирана и од службите во Агенцијата за филм на РСМ и инспекцијата на Министерството за култура, по што е проследена на натамошно постапување до надлежното Обвинителство и Управата за финансиска полиција.
Во Друштвото се уверени дека токму овие постапки за конечно расчистување на неправилноста во работењето на „Банана филм“ се провокација за продукцијата да стане „извор“ на низа „анонимни“ претставки и пријави кон ДФРМ.
Нападите од страна на поединци кои користат платен ПР ги отфрламе со индигнација и ја повикуваме јавноста да се информира непосредно и прецизно. Апелираме до институциите и ја охрабрувме јавноста да ги земе предвид сите основани докази, до конечно расчистување на случајот со „Банана филм“. Достоинството на филмските професионалци и нивната посветена работа, не смее да биде заложник на поединци кои сакајќи да ги прикријат своите злоупотреби и незаконско работење, се обидуваат да фрлат дамка врз фелата, стои во реакцијата на ДФРМ.
  Друштвото на филмски работници постои 73 години, а неговите основни заложби и цели се подобрување на условите за работа во филмот и аудио-визуелната сфера, подобрување на статусот на филмските работници и хармонизација на нашите закони со европската легислатива. Друштвото е дом на повеќе од 80 проценти од активните филмски работници и заедно со Друштвото на писатели и Друштвото на ликовни уметници е здружение на граѓани од највисоко културно значење. ДФРМ членува во ралични значајни европски здруженија и асоцијации, меѓу кои и ФЕРА (Европска Федерација на Режисери), ЦЕПИ (Европска Асоцијација за Аудиовизуелна продукција), ИМАГО (Меѓународна Федерација на Кинематографери) и ја поседува лиценцата за избор на национален кандидат на наградата Оскар. Организатор е на манифестацијата „Златна рамка“, Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола и други манифестации.

The post ДФРМ бара еднакво и праведно постапување на институциите кон филмските професионалци appeared first on Република.

]]>
„Златна рамка 2023“ во организација на ДФРМ со проширена програма, бесплатни проекции и трибини од 20-22 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zlatna-ramka-2023-vo-organizatsija-na-dfrm-so-proshirena-programa-besplatni-proektsii-i-tribini-od-20-22-april/ Thu, 13 Apr 2023 11:21:46 +0000 https://republika.mk/?p=630522

Петтото издание на „Златна рамка 2023“ под наслов „Во наш филм“, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи од 20 до 22 април во Кинотека на Македонија и киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Филмската манифестација „Златна рамка“ веќе пет години претставува можност за публиката бесплатно да ги погледне сите македонски филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а кои се финансирани од буџетот на државата и поддржани од Агенцијата за филм. Оваа година, манифестацијата е планирано да понуди вкупно 13 филмски остварувања од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, три документарни и седум краткометражни филмови.

Љубителите на филмот ќе имаат можност да ги погледнат долгометражните остварувања „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески, „Мими“ на Даријан Пејовски и „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона Стругар Митевска, како и документарните филмови „How do you define arrogance“ режиран од Небојша Илијевски, „Фениксот од Кавадарци-Васил Хаџиманов“ во режија на Мишо Нетков и „Звукот на тишината“ на Анастасија Лазарова. Краткометражната програма ќе се одвива во Киното „Фросина“, во рамките на која, во петок, на 21 април ќе бидат прикажани „Тале и Корона“ во режија на Томислав Алексов, „Само ѓаволот се плаши од вода“ на Лидија Мојсовска и „Обичната Ели“ режиран од Лавинија Софрониевска. На 22. Април (сабота) ќе бидат прикажани „Синиот час“ во режија на Ана Јакимска, „Си беше еднаш еден звук“ на Огнен Шапковски, „Бесценета“ режиран од Дејан Јованов и „Соло Мод“ во режија на Тамара Котевска.

Според претседателот на Друштвото на филмски работници, Игор Иванов-Изи, петтото издание на „Златна рамка“ акцентот го става на успехот на домашната кинематографија во текот на изминатата година.

Друштвото на филмски работници како основач и организатор на оваа филмска манифестација има за цел пред јавноста да ја презентира севкупната продукција во изминатата календарска година, како отчет за сработените филмови поддржани од Агенцијата за филм. ДФРМ на своето редовно годишно собрание што ќе го означи почетокот на „Златна рамка 2023“, ќе го избере  директорот на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ за период од две години. ДФРМ е иницијатор, основач и организатор на фестивалот „Браќа Манаки“, кој почнувајќи од 1979 година е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери. Оваа година, во месец септември е планирано да се одржи 44. издание на „Браќа Манаки“, истакна претстедателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи.

Уметничкиот координатор на „Златна рамка“, Ана Василевска ја потенцираше важноста на манифестацијата за публиката која е желна за дела од домашната филмска продукција.

„Златна рамка“ се создаде поради фактот што најголем број од домашните филмови не се прикажуваат на редовен репертоар во кино салите и ова е одлична можност да се претстават пред нашата публика. Ваквиот начин на ревијално претставување на националната кинематографија се практикува насекаде во светот и е дел од поддршката и едукацијата на домашната публика за сопствената кинематографија. Исто така, публиката ќе има можност да ги проследи филмовите заедно со дел од авторите кои ги креирале и да учествува во дискусиите што се предвидени после секоја проекција, истакна Василевска.

Генералниот секретар на ДФРМ, Томи Салковски посочи дека како и минатата година, „Златна рамка“ ќе продолжи со спроведување на социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не може да ги посети кино салите.

Водени од мотото „ако вие сте спречени да дојдете на филм, ние филмот ќе го донесеме кај вас“, и оваа година на „Златна рамка“ ќе бидат организирани проекции во рамки на установи и институции каде што живеат или престојуваат лица што не можат да одат во кино, ниту да посетат филмски фестивал или друг вид на настан. Ова подразбира дека граѓаните во Казнено поправните домови, Домовите за стари лица, Болниците, шелтерите за згрижување, Центрите за зависност и низата други институции од ваков вид,  ќе имаат можност да присуствуваат на филмска проекција, која професионално ќе биде организирана и реализирана во просториите на самите институции, вели Салковски.

 

 

 

 

The post „Златна рамка 2023“ во организација на ДФРМ со проширена програма, бесплатни проекции и трибини од 20-22 април appeared first on Република.

]]>

Петтото издание на „Златна рамка 2023“ под наслов „Во наш филм“, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи од 20 до 22 април во Кинотека на Македонија и киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Филмската манифестација „Златна рамка“ веќе пет години претставува можност за публиката бесплатно да ги погледне сите македонски филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а кои се финансирани од буџетот на државата и поддржани од Агенцијата за филм. Оваа година, манифестацијата е планирано да понуди вкупно 13 филмски остварувања од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, три документарни и седум краткометражни филмови. Љубителите на филмот ќе имаат можност да ги погледнат долгометражните остварувања „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески, „Мими“ на Даријан Пејовски и „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона Стругар Митевска, како и документарните филмови „How do you define arrogance“ режиран од Небојша Илијевски, „Фениксот од Кавадарци-Васил Хаџиманов“ во режија на Мишо Нетков и „Звукот на тишината“ на Анастасија Лазарова. Краткометражната програма ќе се одвива во Киното „Фросина“, во рамките на која, во петок, на 21 април ќе бидат прикажани „Тале и Корона“ во режија на Томислав Алексов, „Само ѓаволот се плаши од вода“ на Лидија Мојсовска и „Обичната Ели“ режиран од Лавинија Софрониевска. На 22. Април (сабота) ќе бидат прикажани „Синиот час“ во режија на Ана Јакимска, „Си беше еднаш еден звук“ на Огнен Шапковски, „Бесценета“ режиран од Дејан Јованов и „Соло Мод“ во режија на Тамара Котевска. Според претседателот на Друштвото на филмски работници, Игор Иванов-Изи, петтото издание на „Златна рамка“ акцентот го става на успехот на домашната кинематографија во текот на изминатата година.
Друштвото на филмски работници како основач и организатор на оваа филмска манифестација има за цел пред јавноста да ја презентира севкупната продукција во изминатата календарска година, како отчет за сработените филмови поддржани од Агенцијата за филм. ДФРМ на своето редовно годишно собрание што ќе го означи почетокот на „Златна рамка 2023“, ќе го избере  директорот на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ за период од две години. ДФРМ е иницијатор, основач и организатор на фестивалот „Браќа Манаки“, кој почнувајќи од 1979 година е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери. Оваа година, во месец септември е планирано да се одржи 44. издание на „Браќа Манаки“, истакна претстедателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи.
Уметничкиот координатор на „Златна рамка“, Ана Василевска ја потенцираше важноста на манифестацијата за публиката која е желна за дела од домашната филмска продукција.
„Златна рамка“ се создаде поради фактот што најголем број од домашните филмови не се прикажуваат на редовен репертоар во кино салите и ова е одлична можност да се претстават пред нашата публика. Ваквиот начин на ревијално претставување на националната кинематографија се практикува насекаде во светот и е дел од поддршката и едукацијата на домашната публика за сопствената кинематографија. Исто така, публиката ќе има можност да ги проследи филмовите заедно со дел од авторите кои ги креирале и да учествува во дискусиите што се предвидени после секоја проекција, истакна Василевска.
Генералниот секретар на ДФРМ, Томи Салковски посочи дека како и минатата година, „Златна рамка“ ќе продолжи со спроведување на социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не може да ги посети кино салите.
Водени од мотото „ако вие сте спречени да дојдете на филм, ние филмот ќе го донесеме кај вас“, и оваа година на „Златна рамка“ ќе бидат организирани проекции во рамки на установи и институции каде што живеат или престојуваат лица што не можат да одат во кино, ниту да посетат филмски фестивал или друг вид на настан. Ова подразбира дека граѓаните во Казнено поправните домови, Домовите за стари лица, Болниците, шелтерите за згрижување, Центрите за зависност и низата други институции од ваков вид,  ќе имаат можност да присуствуваат на филмска проекција, која професионално ќе биде организирана и реализирана во просториите на самите институции, вели Салковски.
       

The post „Златна рамка 2023“ во организација на ДФРМ со проширена програма, бесплатни проекции и трибини од 20-22 април appeared first on Република.

]]>
Друштвото на филмски работници на Македонија со повик за прием на нови членови https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/drushtvoto-na-filmski-rabotnici-na-makedonija-so-povik-za-priem-na-novi-chlenovi/ Fri, 09 Dec 2022 12:26:08 +0000 https://republika.mk/?p=583699

Друштвото на филмски работници на Македонија објавува повик за прием на нови членови во секциите режија, продукција, камера, сценографија, костимографија и шминка, тон и монтажа; анимиран филм, а годинава прв пат ќе биде отворена и секција за сценаристи. Кандидати за членови на ДФРМ можат да бидат младите, идни филмски работници по завршувањето на школувањето во соодветните училишта и факултети, како и лицата кои ке се докажат низ своите филмски дела.

Сите заинтересирани кандидати до крајот на годината можат да испратат своја кратка биографија на contact@dfrm.org.mk, а сите информации и критериумите за прием на нови членови можат да ги најават се наоаѓаат на веб-страницата на Друштвото на филмски работници на Македонија.

ДФРМ е основано на 21 мај 1950 година и е формирано со слободно здружување на филмските работници од Македонија. Друштвото има својство на правно лице и претставува независно, самостојно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на филмските работници. ДФРМ членува во Светската асоцијација на кинематографери IMAGO, Европската асоцијација на режисери FERA и Европската асоцијација на филмски продуценти и ја поседува лиценцата за Оскар за Македонија, односно е задолжено и делегирано од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука да го избира националниот кандидат за наградата Оскар.

Повеќе од седум децении (1950-2022) постоење на една асоцијација во рамките на културата на една држава се убедлив доказ за суштината и значењето на Друштвото на филмските работници на Македонија, како двигател на сите најзначајни случувања и резултати во рамките на македонската кинематографија. ДФРМ е најстарото релевантно струково здружение од областа на филмското производство и останатите аудио-визуелни медиуми во Македонија. Основните цели на Друштвото се остварување и заштита на правата и интересите на македонските филмски професионалци кои делуваат во државата и во странство, обезбедување на континуиран развој на филмската дејност, како и стимулирање и унапредување на филмската професија и промоција на филмската уметност и култура.

Друштвото активно учествува и во креирање на легислативата која се однесува на филм и аудио-визуелна дејност, се залага за решавање на авторските права и статусот на филмските работници и конечно решавање на пензиско-инвалидското осигурување на сите неавторски позиции во филмот. Една од суштинските функции во постоењето на ДФРМ во континуитет е грижата за своите кадри, преку обука и нивно стручно усовршување, како и заштита на професионалните права и интереси на сите членови, кои својата припадност кон Друштвото ја верификуваат преку редовно платената членарина, со што им е загарантирано учеството и гласањето со потребниот кворум на редовните годишни собранија.

ДФРМ е иницијатор, основач и организатор и на филмската ревија „Златна рамка“ која претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во една календарска година финансирани од буџетот на државата. Во рамките на четвртото издание на „Златна рамка“, покрај ревијата на македонски филмови од изминатата година, оваа година биде одржан и првиот Интернационален Филмски Форум на кој присуствуваа девет директори од најрелевантните филмски национални институции во регионот. Исто така, ДФРМ е иницијатор, основач и организатор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Фестивалот започнат 1979 година, е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери.

 

The post Друштвото на филмски работници на Македонија со повик за прием на нови членови appeared first on Република.

]]>

Друштвото на филмски работници на Македонија објавува повик за прием на нови членови во секциите режија, продукција, камера, сценографија, костимографија и шминка, тон и монтажа; анимиран филм, а годинава прв пат ќе биде отворена и секција за сценаристи. Кандидати за членови на ДФРМ можат да бидат младите, идни филмски работници по завршувањето на школувањето во соодветните училишта и факултети, како и лицата кои ке се докажат низ своите филмски дела. Сите заинтересирани кандидати до крајот на годината можат да испратат своја кратка биографија на contact@dfrm.org.mk, а сите информации и критериумите за прием на нови членови можат да ги најават се наоаѓаат на веб-страницата на Друштвото на филмски работници на Македонија. ДФРМ е основано на 21 мај 1950 година и е формирано со слободно здружување на филмските работници од Македонија. Друштвото има својство на правно лице и претставува независно, самостојно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на филмските работници. ДФРМ членува во Светската асоцијација на кинематографери IMAGO, Европската асоцијација на режисери FERA и Европската асоцијација на филмски продуценти и ја поседува лиценцата за Оскар за Македонија, односно е задолжено и делегирано од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука да го избира националниот кандидат за наградата Оскар. Повеќе од седум децении (1950-2022) постоење на една асоцијација во рамките на културата на една држава се убедлив доказ за суштината и значењето на Друштвото на филмските работници на Македонија, како двигател на сите најзначајни случувања и резултати во рамките на македонската кинематографија. ДФРМ е најстарото релевантно струково здружение од областа на филмското производство и останатите аудио-визуелни медиуми во Македонија. Основните цели на Друштвото се остварување и заштита на правата и интересите на македонските филмски професионалци кои делуваат во државата и во странство, обезбедување на континуиран развој на филмската дејност, како и стимулирање и унапредување на филмската професија и промоција на филмската уметност и култура. Друштвото активно учествува и во креирање на легислативата која се однесува на филм и аудио-визуелна дејност, се залага за решавање на авторските права и статусот на филмските работници и конечно решавање на пензиско-инвалидското осигурување на сите неавторски позиции во филмот. Една од суштинските функции во постоењето на ДФРМ во континуитет е грижата за своите кадри, преку обука и нивно стручно усовршување, како и заштита на професионалните права и интереси на сите членови, кои својата припадност кон Друштвото ја верификуваат преку редовно платената членарина, со што им е загарантирано учеството и гласањето со потребниот кворум на редовните годишни собранија. ДФРМ е иницијатор, основач и организатор и на филмската ревија „Златна рамка“ која претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во една календарска година финансирани од буџетот на државата. Во рамките на четвртото издание на „Златна рамка“, покрај ревијата на македонски филмови од изминатата година, оваа година биде одржан и првиот Интернационален Филмски Форум на кој присуствуваа девет директори од најрелевантните филмски национални институции во регионот. Исто така, ДФРМ е иницијатор, основач и организатор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Фестивалот започнат 1979 година, е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери.  

The post Друштвото на филмски работници на Македонија со повик за прием на нови членови appeared first on Република.

]]>
ДФРМ ќе присуствува на Регионалната конференција на режисери во Лесковац https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dfrm-kje-prisustvuva-na-regionalnata-konferencija-na-reziseri-vo-leskovac/ Mon, 19 Sep 2022 14:27:38 +0000 https://republika.mk/?p=552299

Претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија, Игор Иванов - Изи и Генералниот секретар на ДФРМ, Томи Салковски денеска ќе учествуваат на Регионалната конференција на филмски режисери, што се одржува во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска режија (LIFFE) во Лесковац.

На конференцијата учесниците ќе имаат прилика да ги разменат своите мислења и ставови за состојбите во регионалната кинематографија, а оваа година акцентот ќе биде ставен на заштитата на авторските права во аудиовизуелната дејност.

 

Годинашната конференција ќе биде посветена на прашањата за авторска егзистенција, професионализацијата на работата, користењето на нови технологии и нивното влијание на либерализацијата при снимањето филмови, за заштита на авторитети и авторството на режисерите, автономијата на филмот и слободата на изборот на теми и одговорноста на авторите без калкулации кон вистината и историјата.

 

Ова прашање не е регулирано ниту во македонската кинематографија, па претставниците на ДФРМ ќе имаат можност да ги истакнат проблемите на авторска сопственост со кои се соочуваат домашните филмски автори, како и да се запознаат со ситуацијата во соседните држави и како тие наоѓаат начини за решавање на овие горливи прашања.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

The post ДФРМ ќе присуствува на Регионалната конференција на режисери во Лесковац appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија, Игор Иванов - Изи и Генералниот секретар на ДФРМ, Томи Салковски денеска ќе учествуваат на Регионалната конференција на филмски режисери, што се одржува во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска режија (LIFFE) во Лесковац. На конференцијата учесниците ќе имаат прилика да ги разменат своите мислења и ставови за состојбите во регионалната кинематографија, а оваа година акцентот ќе биде ставен на заштитата на авторските права во аудиовизуелната дејност.   Годинашната конференција ќе биде посветена на прашањата за авторска егзистенција, професионализацијата на работата, користењето на нови технологии и нивното влијание на либерализацијата при снимањето филмови, за заштита на авторитети и авторството на режисерите, автономијата на филмот и слободата на изборот на теми и одговорноста на авторите без калкулации кон вистината и историјата.   Ова прашање не е регулирано ниту во македонската кинематографија, па претставниците на ДФРМ ќе имаат можност да ги истакнат проблемите на авторска сопственост со кои се соочуваат домашните филмски автори, како и да се запознаат со ситуацијата во соседните држави и како тие наоѓаат начини за решавање на овие горливи прашања.                  

The post ДФРМ ќе присуствува на Регионалната конференција на режисери во Лесковац appeared first on Република.

]]>
Нови македонски филмови, интернационален форум и програма за маргинализирани лица на 4. издание на „Златна рамка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novi-makedonski-filmovi-internacionalen-forum-i-programa-za-marginalizirani-lica-na-4-izdanie-na-zlatna-ramka/ Fri, 03 Jun 2022 11:04:19 +0000 https://republika.mk/?p=510611

Со проширена програма, бесплатни проекции, меѓународни гости и работилници од 9-12 јуни ќе се одржи "Златна рамка" во организација на ДФРМ

Четвртото издание на „Златна рамка“ - Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи од 9 до 12 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Филмската ревија „Златна рамка“ веќе четири години претставува можност за публиката бесплатно да ги погледне сите македонски филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а биле поддржани од Агенцијата за филм.

Љубителите на филмот ќе имаат можност да ги погледнат долгометражните остварувања „Сестри“ во режија на Дина Дума, „Исчезнатиот“ на Арбен Тачи и „Сокриениот“ во режија на Арсим Фазлија, документарниот филм „Брод полн со бисери“ режиран од Александар Зиков и краткометражните филмови „Северен пол“ во режија на Марија Апчевска, „Баскет“ на Димитар Банов, „Касапот“ режиран од Илчо Царовски и „Проблемот на Тина“ во режија на Радован Петровиќ.

Според претседателот на Друштвото на филмски работници, Игор Иванов-Изи, четвртото издание на „Златна рамка“ акцентот го става на успехот на домашната кинематографија во текот на изминатата година.

 

Друштвото на филмски работници како основач и организатор на оваа филмска ревија има за цел пред јавноста да ја презентира севкупната продукција во изминатата календарска година, како отчет за сработените филмови поддржани од Агенцијата за филм. ДФРМ на своето редовно годишно собрание што ќе го означи почетокот на „Златна рамка 2022“, ќе се осврне и на стандрардизирање на буџетот за филм според европските модели и негово перманентно зголемување, донесувањето нов Закон за филмска дејност, како и на регулирање на статусот на филмските работници“, истакна Иванов.

 

Уметничкиот координатор на „Златна рамка“, Ана Василевска ја потенцираше важноста на манифестацијата за публиката која е желна за дела од домашната филмска продукција.

На сите креaтивни остварувања, а посебно на филмот кој претставува најкомплексна уметност потребна му е поддршката од својата публика. „Златна рамка“ се создаде поради фактот што најголем број на домашните филмови не се прикажуваат на редовен репертоар во кино салите и ова е одлична можност да се претстават пред нашата публика. Ваквиот начин на ревијално претставување на националната кинематографија се практикува насекаде во светот и е дел од поддршката и едукацијата на домашната публика за сопствената кинематографија. Исто така, публиката ќе има можност да ги проследи филмовите заедно со дел од авторите кои ги создале и да учествува во дискусиите што се предвидени после секоја програма“, нагласи Василевска.

 

Генералниот секретар на ДФРМ, Томи Салковски  објави дека значајна новина на „Златна рамка“ е отпочнување на социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не може да го посети киното „Фросина“.

Водени од мотото „ако вие сте спречени да дојдете на филм, ние филмот ќе го донесеме кај вас“, годинашната манифестација ќе биде одбележана и со организација на проекции во рамки на установи и институции каде што живеат или престојуваат лица што не можат да одат во кино ниту да посетат филмски фестивал или друг вид на настан. Ова подразбира дека на 12. јуни, граѓаните во Казнено поправните домови, Домовите за стари лица, Болниците, шелтерите за згрижување, Центрите за зависност и низата други институции од ваков вид,  ќе имаат можност да присуствуваат на филмска проекција, која професионално ќе биде организирана и реализирана во просториите на самите институции“, посочи Салковски.

 

Во рамките на „Златна рамка“, покрај ревијата на македонски филмови од изминатата година, ќе биде одржана и интернационалната конференција насловена „Модели на финансирање и легислатива-регионална соработка, можности и унапредување“ на која ќе учествуваат директори на национални филмски фондови и продуценти од десет земји, меѓу кои Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Кипар и Турција. На конференцијата ќе стане збор за позитивните и негативните примери на финансирање на филмот, состојбата на буџетирање на нашиот филм, моделите на копродукција итн.

 

 

 

 

 

The post Нови македонски филмови, интернационален форум и програма за маргинализирани лица на 4. издание на „Златна рамка“ appeared first on Република.

]]>

Со проширена програма, бесплатни проекции, меѓународни гости и работилници од 9-12 јуни ќе се одржи "Златна рамка" во организација на ДФРМ Четвртото издание на „Златна рамка“ - Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи од 9 до 12 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Филмската ревија „Златна рамка“ веќе четири години претставува можност за публиката бесплатно да ги погледне сите македонски филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а биле поддржани од Агенцијата за филм. Љубителите на филмот ќе имаат можност да ги погледнат долгометражните остварувања „Сестри“ во режија на Дина Дума, „Исчезнатиот“ на Арбен Тачи и „Сокриениот“ во режија на Арсим Фазлија, документарниот филм „Брод полн со бисери“ режиран од Александар Зиков и краткометражните филмови „Северен пол“ во режија на Марија Апчевска, „Баскет“ на Димитар Банов, „Касапот“ режиран од Илчо Царовски и „Проблемот на Тина“ во режија на Радован Петровиќ. Според претседателот на Друштвото на филмски работници, Игор Иванов-Изи, четвртото издание на „Златна рамка“ акцентот го става на успехот на домашната кинематографија во текот на изминатата година.  
Друштвото на филмски работници како основач и организатор на оваа филмска ревија има за цел пред јавноста да ја презентира севкупната продукција во изминатата календарска година, како отчет за сработените филмови поддржани од Агенцијата за филм. ДФРМ на своето редовно годишно собрание што ќе го означи почетокот на „Златна рамка 2022“, ќе се осврне и на стандрардизирање на буџетот за филм според европските модели и негово перманентно зголемување, донесувањето нов Закон за филмска дејност, како и на регулирање на статусот на филмските работници“, истакна Иванов.
  Уметничкиот координатор на „Златна рамка“, Ана Василевска ја потенцираше важноста на манифестацијата за публиката која е желна за дела од домашната филмска продукција.
На сите креaтивни остварувања, а посебно на филмот кој претставува најкомплексна уметност потребна му е поддршката од својата публика. „Златна рамка“ се создаде поради фактот што најголем број на домашните филмови не се прикажуваат на редовен репертоар во кино салите и ова е одлична можност да се претстават пред нашата публика. Ваквиот начин на ревијално претставување на националната кинематографија се практикува насекаде во светот и е дел од поддршката и едукацијата на домашната публика за сопствената кинематографија. Исто така, публиката ќе има можност да ги проследи филмовите заедно со дел од авторите кои ги создале и да учествува во дискусиите што се предвидени после секоја програма“, нагласи Василевска.
  Генералниот секретар на ДФРМ, Томи Салковски  објави дека значајна новина на „Златна рамка“ е отпочнување на социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не може да го посети киното „Фросина“.
Водени од мотото „ако вие сте спречени да дојдете на филм, ние филмот ќе го донесеме кај вас“, годинашната манифестација ќе биде одбележана и со организација на проекции во рамки на установи и институции каде што живеат или престојуваат лица што не можат да одат во кино ниту да посетат филмски фестивал или друг вид на настан. Ова подразбира дека на 12. јуни, граѓаните во Казнено поправните домови, Домовите за стари лица, Болниците, шелтерите за згрижување, Центрите за зависност и низата други институции од ваков вид,  ќе имаат можност да присуствуваат на филмска проекција, која професионално ќе биде организирана и реализирана во просториите на самите институции“, посочи Салковски.
  Во рамките на „Златна рамка“, покрај ревијата на македонски филмови од изминатата година, ќе биде одржана и интернационалната конференција насловена „Модели на финансирање и легислатива-регионална соработка, можности и унапредување“ на која ќе учествуваат директори на национални филмски фондови и продуценти од десет земји, меѓу кои Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Кипар и Турција. На конференцијата ќе стане збор за позитивните и негативните примери на финансирање на филмот, состојбата на буџетирање на нашиот филм, моделите на копродукција итн.          

The post Нови македонски филмови, интернационален форум и програма за маргинализирани лица на 4. издание на „Златна рамка“ appeared first on Република.

]]>
Друштвото на филмски работници учествува на Генералното собрание на Европската асоцијација на режисери во Франкфурт https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/drushtvoto-na-filmski-rabotnici-uchestvuva-na-generalnoto-sobranie-na-evropskata-asocijacija-na-reziseri-vo-frankfurt/ Fri, 13 May 2022 09:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=501801

Претставници на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) учествуваат на Генералното собрание на Европската асоцијација на режисери (FERA), кое се одржува во Франкфурт. ДФРМ во Франкфурт го претставуваат режисерите Игор Иванов-Изи, Претседател на Друштвото на филмски работници и Даријан Пејовски, Претседател на секцијата режија во ДФРМ.

Ова е прв собир во живо на Генерално собрание на Федерацијата на европските филмски режисери од 2019. година, а домаќин на годинашното издание е филмската организација AG DOK во соработка со здружението BVR и филмскиот фестивал LICHTER Frankfurt International, со поддршка на VG Bild-Kunst. Во фокусот на Собранието оваа година е обновата на организацијата, односно членовите бираат нов Извршен одбор и нов почесен претседател на FERA во следните две години.

Благодарение на партнерството со филмскиот фестивал LICHTER во Франкфурт, на годинашата конференција на FERA се одржуваат две јавни пренесувани во живо, собирајќи ги филмските креатори и клучните играчи во индустријата за да разговараат за неодамнешните случувања кои влијаат на филмскиот занает и иднината на европскиот филм.

Првиот панел има за цел споделување сведоштва и искуства од снимањето филмови во текот и за воените конфликти, додека руската инвазија во Украина ја враќа во фокус единствената улога на филмските креатори за време на војна. Во време кога се потсетуваме дека културата е суштински дел од секоја добро функционална демократија, филмаџиите со единствени гласови го претставуваат потребното огледало на општеството. Сепак, додека уметничката и креативната слобода што им е потребна еродира низ Европа, јавната интервенција наменета за поддршка на закрепнувањето на аудиовизуелниот сектор од Ковид-19, се чини дека се фокусира исклучиво на глобализацијата, дигитализирацијата и понатамошно разеленување: на вториот панел се расправа за тоа како да се стави уметничката, креативната и културната разновидност повторно во срцето на аудиовизуелните политики ширум Европа.

Друштвото на филмските работници на Македонија е здружение на граѓани, основано на 21. мај 1950 година, формирано со слободно здружување на филмски работници од Македонија и има својство на правно лице. Друштвото е независно, самостојно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на филмските работници. Основните цели на Друштвото се остварување и заштита на правата и интересите на македонските филмски професионалци кои делуваат на територијата на Македонија и во странство, како и обезбедување континуиран развој на филмската дејност, стимулирање и унапредување на филмската професија, промоција на филмската уметност и култура. Друштвото е иницијатор, основач и организатор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, како и иницијатор, основач и организатор на филмската ревија „Златна рамка“ која претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во една календарска година финансирани од буџетот на РСМ.

The post Друштвото на филмски работници учествува на Генералното собрание на Европската асоцијација на режисери во Франкфурт appeared first on Република.

]]>

Претставници на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) учествуваат на Генералното собрание на Европската асоцијација на режисери (FERA), кое се одржува во Франкфурт. ДФРМ во Франкфурт го претставуваат режисерите Игор Иванов-Изи, Претседател на Друштвото на филмски работници и Даријан Пејовски, Претседател на секцијата режија во ДФРМ. Ова е прв собир во живо на Генерално собрание на Федерацијата на европските филмски режисери од 2019. година, а домаќин на годинашното издание е филмската организација AG DOK во соработка со здружението BVR и филмскиот фестивал LICHTER Frankfurt International, со поддршка на VG Bild-Kunst. Во фокусот на Собранието оваа година е обновата на организацијата, односно членовите бираат нов Извршен одбор и нов почесен претседател на FERA во следните две години. Благодарение на партнерството со филмскиот фестивал LICHTER во Франкфурт, на годинашата конференција на FERA се одржуваат две јавни пренесувани во живо, собирајќи ги филмските креатори и клучните играчи во индустријата за да разговараат за неодамнешните случувања кои влијаат на филмскиот занает и иднината на европскиот филм. Првиот панел има за цел споделување сведоштва и искуства од снимањето филмови во текот и за воените конфликти, додека руската инвазија во Украина ја враќа во фокус единствената улога на филмските креатори за време на војна. Во време кога се потсетуваме дека културата е суштински дел од секоја добро функционална демократија, филмаџиите со единствени гласови го претставуваат потребното огледало на општеството. Сепак, додека уметничката и креативната слобода што им е потребна еродира низ Европа, јавната интервенција наменета за поддршка на закрепнувањето на аудиовизуелниот сектор од Ковид-19, се чини дека се фокусира исклучиво на глобализацијата, дигитализирацијата и понатамошно разеленување: на вториот панел се расправа за тоа како да се стави уметничката, креативната и културната разновидност повторно во срцето на аудиовизуелните политики ширум Европа. Друштвото на филмските работници на Македонија е здружение на граѓани, основано на 21. мај 1950 година, формирано со слободно здружување на филмски работници од Македонија и има својство на правно лице. Друштвото е независно, самостојно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на филмските работници. Основните цели на Друштвото се остварување и заштита на правата и интересите на македонските филмски професионалци кои делуваат на територијата на Македонија и во странство, како и обезбедување континуиран развој на филмската дејност, стимулирање и унапредување на филмската професија, промоција на филмската уметност и култура. Друштвото е иницијатор, основач и организатор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, како и иницијатор, основач и организатор на филмската ревија „Златна рамка“ која претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во една календарска година финансирани од буџетот на РСМ.

The post Друштвото на филмски работници учествува на Генералното собрание на Европската асоцијација на режисери во Франкфурт appeared first on Република.

]]>
Игор Иванов – Изи реизбран за претседател на ДФРМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/igor-ivanov-izi-reizbran-za-pretsedatel-na-dfrm/ Fri, 25 Feb 2022 11:58:12 +0000 https://republika.mk/?p=463782

Игор Иванов - Изи е реизбран на местото претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) соопштија од Друштвото.

На вчерашното редовно изборно Собрание по четиригодишниот мандат како претседател на ДФРМ со големо мнозинство гласови беше реизбран Иванов – Изи.

Тој ќе го предводи ДФРМ во наредните четири години. Во овој мандат, фокусот ќе биде ставен на зголемувањето на националниот буџет за филм и други аудиовизуелни дела, донесување на нов закон за филмска дејност и конечно решавање на статусот на филмските работници, соопштија од ДФРМ.

На истото Собрание биле усвоени и извештаите на: Симеон Мони Дамевски за ИФФК „Браќа Манаки“, Томи Салковски за „Златна Рамка“ - Ревија на македонски филм и на Иван Ивановски за „50 години македонски анимиран филм“, соопштија од ДФРМ.

фото: Александар Ивановски

The post Игор Иванов – Изи реизбран за претседател на ДФРМ appeared first on Република.

]]>

Игор Иванов - Изи е реизбран на местото претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) соопштија од Друштвото.
На вчерашното редовно изборно Собрание по четиригодишниот мандат како претседател на ДФРМ со големо мнозинство гласови беше реизбран Иванов – Изи. Тој ќе го предводи ДФРМ во наредните четири години. Во овој мандат, фокусот ќе биде ставен на зголемувањето на националниот буџет за филм и други аудиовизуелни дела, донесување на нов закон за филмска дејност и конечно решавање на статусот на филмските работници, соопштија од ДФРМ.
На истото Собрание биле усвоени и извештаите на: Симеон Мони Дамевски за ИФФК „Браќа Манаки“, Томи Салковски за „Златна Рамка“ - Ревија на македонски филм и на Иван Ивановски за „50 години македонски анимиран филм“, соопштија од ДФРМ. фото: Александар Ивановски

The post Игор Иванов – Изи реизбран за претседател на ДФРМ appeared first on Република.

]]>