ДФМР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dfmr/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Dec 2022 10:56:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ДФМР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dfmr/ 32 32 ВМРО ДПМНЕ: Дали ДФРМ од 2018 година е параванот зад кој власта го прикрива скандалозното и незаконско работење на Агенцијата за филм? https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vmro-dpmne-dali-dfrm-od-2018-godina-e-paravanot-zad-koj-vlasta-go-prikriva-skandaloznoto-i-nezakonsko-rabotenje-na-agencijata-za-film/ Fri, 23 Dec 2022 10:56:00 +0000 https://republika.mk/?p=589108

По објавениот Годишен извештај за работа на Агенцијата за филм за 2021 година Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции, а пред сè, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и министерката за култура,  Бисера Костадиновска-Стојчевска итно да преземат соодветни мерки и санкции за незаконското работење и непочитувањето на Законот за филмска дејност од страна на директорот и членовите на Управниот одбор на Агенцијата за филм.

Во очекување на контролата која за оваа година ја најави Државниот завод за ревизија, укажуваме на неколку клучни прекршувања на Законот за филмска дејност, за кои се предвидени сериозни санкции, дури и кривична одговорност за злоупотреба на службената положба на директорот и на Управниот одбор. Затоа повикуваме на сериозна и темелна контрола на работењето на Агенцијата за филм и на состојбите во филмската дејност.

Годишниот извештај за работа за 2021 година, исто како и претходните четири години, не е донесен во законскиот рок од страна на Управниот одбор, ниту пак е усвоен од страна на Владата, согласно член 33 од Законот за филмска дејност. Всушност, Извештајот наместо до крај на март е донесен на 01.06.2022, а на веб страната на Агенцијата е објавен во декември, дури шест месеци по донесувањето, велат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ.

Во Извештајот нема податоци за пренесени финансиски обврски за реализација на филмските проекти кои се избрани на претходните конкурси. Затоа прашуваме: колку изнесуваат финасиските обврски на Агенцијата од претходните години?

Во овој Извештај се повторува алармантната состојба која трае од 2019 година, за наплатата на надоместоци од правните лица кои се утврдени согласно член 11, 12 и 13 од Законот за филмска дејност. Која е вистинската причина за нискиот степен на наплата и зошто Агенцијата за филм не презема соодветни мерки за наплатата на надоместоците? Само за потсетување, за ненавремена наплата на надоместоците во член 59 од Законот за филмска дејност е предвидена кривична одговорност за директорот!

Од Извештајот, се гледа дека од сите еснафски здруженија од невладиниот сектор, само Друштвото на филмски работници - ДФРМ (покрај зголемениот број на проекти и финансиска поддршка), добива точно определен надоместок на месечно ниво. Ако овие средства, кои Агенцијата ги исплаќа на ДФРМ се гледаат во вкупен износ, тогаш министерката треба да знае дека веќе неколку години функционира уште една "јавна институција" која со овие месечни паушали добива поголем буџет на годишно ниво од некои национални културни установи. За што ДФРМ ги троши овие средства и дали е направен увид и контрола од Министерството за култура?, додаваат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ.

За овие и многу други работи поврзани со работата на ДФРМ има пријава до Антикорупциска комисија која е поднесена и од страна на Надзорниот одбор на ДФРМ за работењето на раководството на ова здружение.

Потребно е Министерството за култура и Владата детално да ги анализираат финансиските извештаи и начинот на трошење на буџетските средства во Агенцијата за филм, но и на оние кои се прелеваат во ДФРМ. Која е потребата толку многу буџетски средства да се прелеваат за една невладина организација кога веќе постои владина Агенција за филм, како и две други Национални установи во оваа област? Дали ДФРМ во континуитет од 2018 година, па до денес, е параванот зад кој власта го прикрива скандалозното и незаконско работење на Агенцијата за филм?

Неколку години наназад Агенцијата за филм не ги почитува и законските рокови за објава на резултати по Конкурсот за филмски проекти. Така и оваа година, одлуката за првиот рок за конкурсот е донесена во август, наместо во април, а одлуката од вториот рок која треба да биде донесена во октомври сè уште ја нема.

Очигледно, законската регулатива не се почитува и премолчено се аминува. Зошто Владата и Министерството молчат, кого ли штитат– Законот или неговите прекршители?!, сметаат од Централна комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ: Дали ДФРМ од 2018 година е параванот зад кој власта го прикрива скандалозното и незаконско работење на Агенцијата за филм? appeared first on Република.

]]>

По објавениот Годишен извештај за работа на Агенцијата за филм за 2021 година Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции, а пред сè, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и министерката за култура,  Бисера Костадиновска-Стојчевска итно да преземат соодветни мерки и санкции за незаконското работење и непочитувањето на Законот за филмска дејност од страна на директорот и членовите на Управниот одбор на Агенцијата за филм. Во очекување на контролата која за оваа година ја најави Државниот завод за ревизија, укажуваме на неколку клучни прекршувања на Законот за филмска дејност, за кои се предвидени сериозни санкции, дури и кривична одговорност за злоупотреба на службената положба на директорот и на Управниот одбор. Затоа повикуваме на сериозна и темелна контрола на работењето на Агенцијата за филм и на состојбите во филмската дејност.
Годишниот извештај за работа за 2021 година, исто како и претходните четири години, не е донесен во законскиот рок од страна на Управниот одбор, ниту пак е усвоен од страна на Владата, согласно член 33 од Законот за филмска дејност. Всушност, Извештајот наместо до крај на март е донесен на 01.06.2022, а на веб страната на Агенцијата е објавен во декември, дури шест месеци по донесувањето, велат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ.
Во Извештајот нема податоци за пренесени финансиски обврски за реализација на филмските проекти кои се избрани на претходните конкурси. Затоа прашуваме: колку изнесуваат финасиските обврски на Агенцијата од претходните години?
Во овој Извештај се повторува алармантната состојба која трае од 2019 година, за наплатата на надоместоци од правните лица кои се утврдени согласно член 11, 12 и 13 од Законот за филмска дејност. Која е вистинската причина за нискиот степен на наплата и зошто Агенцијата за филм не презема соодветни мерки за наплатата на надоместоците? Само за потсетување, за ненавремена наплата на надоместоците во член 59 од Законот за филмска дејност е предвидена кривична одговорност за директорот! Од Извештајот, се гледа дека од сите еснафски здруженија од невладиниот сектор, само Друштвото на филмски работници - ДФРМ (покрај зголемениот број на проекти и финансиска поддршка), добива точно определен надоместок на месечно ниво. Ако овие средства, кои Агенцијата ги исплаќа на ДФРМ се гледаат во вкупен износ, тогаш министерката треба да знае дека веќе неколку години функционира уште една "јавна институција" која со овие месечни паушали добива поголем буџет на годишно ниво од некои национални културни установи. За што ДФРМ ги троши овие средства и дали е направен увид и контрола од Министерството за култура?, додаваат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ.
За овие и многу други работи поврзани со работата на ДФРМ има пријава до Антикорупциска комисија која е поднесена и од страна на Надзорниот одбор на ДФРМ за работењето на раководството на ова здружение. Потребно е Министерството за култура и Владата детално да ги анализираат финансиските извештаи и начинот на трошење на буџетските средства во Агенцијата за филм, но и на оние кои се прелеваат во ДФРМ. Која е потребата толку многу буџетски средства да се прелеваат за една невладина организација кога веќе постои владина Агенција за филм, како и две други Национални установи во оваа област? Дали ДФРМ во континуитет од 2018 година, па до денес, е параванот зад кој власта го прикрива скандалозното и незаконско работење на Агенцијата за филм?
Неколку години наназад Агенцијата за филм не ги почитува и законските рокови за објава на резултати по Конкурсот за филмски проекти. Така и оваа година, одлуката за првиот рок за конкурсот е донесена во август, наместо во април, а одлуката од вториот рок која треба да биде донесена во октомври сè уште ја нема. Очигледно, законската регулатива не се почитува и премолчено се аминува. Зошто Владата и Министерството молчат, кого ли штитат– Законот или неговите прекршители?!, сметаат од Централна комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ: Дали ДФРМ од 2018 година е параванот зад кој власта го прикрива скандалозното и незаконско работење на Агенцијата за филм? appeared first on Република.

]]>