дезинформации Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dezinformacii/ За подобро да се разбереме Sat, 25 May 2024 06:42:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дезинформации Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dezinformacii/ 32 32 САД и ЕУ ќе го заштитуваат Западен Балкан од странски пропаганди https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sad-i-eu-ke-go-zashtituvaat-zapaden-balkan-od-stranski-propagandi/ Sat, 25 May 2024 06:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=781555

Стејт департмент и Службата за надворешна акција на Европската Унија (ЕЕАС) отворија заеднички механизам за координација за Западен Балкан, фокусиран на манипулации со информации и надворешни влијанија (ФИМИ), што вклучува дезинформации и пропаганда.

Препознавајќи ја нашата споделена политика кон Западен Балкан и странските актери кои го таргетираат регионот со операциите на ФИМИ, овој механизам ќе го зајакне интегритетот на информацискиот простор на Западен Балкан, соопштија синоќа од Стејт департментот.

Во дописот се вели дека „механизмот ќе даде можност на партнерите истомисленици да станат независни во справувањето со заканата од ФИМИ и да работат заедно за да ја намалат способноста на Русија и Народна Република Кина да користат кампањи за пропаганда и манипулација со информации во регионот“.

Оваа мерка има за цел да ја зајакне Европа како геостратешки партнер, да го зајакне демократското владеење и владеењето на правото, како и да ги направи регионалните партнери побезбедни и попросперитетни, кажа Стејт департментот.

Продолжуваме, додаваат, да работиме за интеграција на регионот во евроатлантските структури.

САД и Македонија лани во мај потпишаа меморандум за соработка во борбата против дезинформациите.

Овој Меморандум за разбирање уследи по состаноците одржани во Скопје на 11 април 2023 година, меѓу Владата и Стејт департментот на САД. За време на тие состаноци, двете страни изразија загриженост за напорите на Русија и други да шират дезинформации за поткопување на демократијата и националната безбедност низ целиот свет, соопшти тогаш Стејт департментот.

Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавноста на Стејт департментот, на 20 мај беше во посета на Македонија за да се сретне со експерти за странско злонамерно влијание и да го посети археолошиот локалитет Стоби.

Ален беше и во Србија, Косово и Босна и Херцеговина.

The post САД и ЕУ ќе го заштитуваат Западен Балкан од странски пропаганди appeared first on Република.

]]>

Стејт департмент и Службата за надворешна акција на Европската Унија (ЕЕАС) отворија заеднички механизам за координација за Западен Балкан, фокусиран на манипулации со информации и надворешни влијанија (ФИМИ), што вклучува дезинформации и пропаганда.
Препознавајќи ја нашата споделена политика кон Западен Балкан и странските актери кои го таргетираат регионот со операциите на ФИМИ, овој механизам ќе го зајакне интегритетот на информацискиот простор на Западен Балкан, соопштија синоќа од Стејт департментот.
Во дописот се вели дека „механизмот ќе даде можност на партнерите истомисленици да станат независни во справувањето со заканата од ФИМИ и да работат заедно за да ја намалат способноста на Русија и Народна Република Кина да користат кампањи за пропаганда и манипулација со информации во регионот“. Оваа мерка има за цел да ја зајакне Европа како геостратешки партнер, да го зајакне демократското владеење и владеењето на правото, како и да ги направи регионалните партнери побезбедни и попросперитетни, кажа Стејт департментот. Продолжуваме, додаваат, да работиме за интеграција на регионот во евроатлантските структури. САД и Македонија лани во мај потпишаа меморандум за соработка во борбата против дезинформациите.
Овој Меморандум за разбирање уследи по состаноците одржани во Скопје на 11 април 2023 година, меѓу Владата и Стејт департментот на САД. За време на тие состаноци, двете страни изразија загриженост за напорите на Русија и други да шират дезинформации за поткопување на демократијата и националната безбедност низ целиот свет, соопшти тогаш Стејт департментот.
Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавноста на Стејт департментот, на 20 мај беше во посета на Македонија за да се сретне со експерти за странско злонамерно влијание и да го посети археолошиот локалитет Стоби. Ален беше и во Србија, Косово и Босна и Херцеговина.

The post САД и ЕУ ќе го заштитуваат Западен Балкан од странски пропаганди appeared first on Република.

]]>
Тикток – брзорастечки канал за ширење дезинформации https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/tiktok-brzorastechki-kanal-za-shirene-dezinformatsii/ Sat, 20 May 2023 16:42:32 +0000 https://republika.mk/?p=643037

Манипулативни содржини од политички карактер, конспиративни содржини или видеа за војната во Украина се најчестите дезинформации што се објавуваат на социјалната мрежа Тикток, која на месечно ниво има околу една милијарда активни корисници и повеќе од 700 милиони објавени видеа.

Според Истражувањето на NewsGuard, речиси 20 проценти од видеата претставени како резултати од пребарувања за одредени теми на Тикток содржеле дезинформации. Комуникологот Сеад Џигал вели дека ова се должи на порастот и на популарноста на самата социјална мрежа.

Поради порастот на популарноста на Тикток, сѐ поголем е напливот на дезинформации на оваа социјална мрежа од различни злонамерни чинители заинтересирани нивните дезинформации до стигнат до што поголем број корисници. Тикток е важен извор за информирање кај помладите корисници и кај нив има најизразено негативно влијание. Најчесто се поставуваат манипулативни содржини од политички карактер, конспиративни содржини или, на пример, видеа за војната во Украина, каде што преку различни техники многу често се дезинформира што навистина се случува во овој конфликт, вели тој.

Тетовската полиција приведе 39 годишник од Боговиње во врска со случајот кога две лица на дете му помагаа да пука од оружје, а снимката беше објавена на социјалната мрежа Тик-ток.

Платформата на која се пласираат куси видеа е застапена во 141 држава и е веќе преведена на 39 светски јазици. Од неговото лансирање во 2016 година, Тикток бил преземен околу три милијарди пати и со тоа успеа за нешто повеќе од четири години да го постигне она што на Фејсбук и на Инстаграм им требаше да го направат за 10 години.

Правилата и стандардите за содржината на Тикток забрануваат дезинформации што претставуваат ризик за јавната безбедност, медицински дезинформации, дезинформации за климатските промени, опасни теории на заговор како и материјал што е уреден, споен или комбиниран (како видео и аудио) на начин што може да доведе до заблуда за настани од реалниот свет. Според Џигал, интерниот систем за заштита на дезинформации на Тикток е корисен, но далеку од совршен.

Тикток, како и поголемиот дел од социјалните мрежи, има интерен систем за пријавување проблеми и злоупотреби. По проверка на пријавите, содржините можат да се отстранат или, пак, да се блокираат одредени корисници. Исто така, мрежата користи и софтверски алатки, какви што се различни алгоритми за пребарување и детектирање одредени содржини, вклучително и дезинформации. Овој систем е корисен, но е далеку од совршен затоа што може само да го намали штетниот ефект од дезинформациите, но не и целосно да ги отстрани, вели Џигал.

Неговите препораки за заштита од дезинформациите, покрај наведените методи и алатки за нивно пријавување и отстранување, се едукацијата и обучувањето на корисниците да препознаваат дезинформации, да ги пријавуваат и да ги маркираат како штетни и манипулативни, бидејќи, според него, доколку се намали ефектот на дезинформациите врз корисниците, тогаш ќе се намали и мотивацијата на оние што ги објавуваат да го прават тоа и понатаму.

Џигал смета дека младите корисници се најранлива категорија поради нивните сѐ уште недооформени вештини за критичко преиспитување на информациите и на содржините на Тикток.

Убедливоста на визуелните содржини е особено моќна и за нив е многу потешко да ги препознаат манипулациите и дезинформациите затоа што за нив е реално тоа што го гледаат со своите очи, иако визуелните содржини е сѐ полесно да се уредат и да се манипулира со нив. Конечно, влијанието на нивните контакти и пријатели го олеснува ширењето на дезинформациите, затоа што ако дезинформациите им се пратени или споделени од корисници на кои им веруваат, тие некритички ги прифаќаат како вистинити, вели тој.

На него се надоврзува и професор д-р Ана Фрицханд од Институт за психологија на Филозофскиот факултет при УКИМ, која вели дека причините за тоа лежат во достигнатиот степен на развој во целост, како и степенот на емоционална зрелост, потоа капацитетот за критичко мислење и филтрирање на важните од неважните (и штетни) информации, способноста да се разликуваат добри од лоши, односно правилни од погрешни постапки и однесувања, степенот на консолидираност на личниот вредносен систем, возрасниот период во кој се наоѓаат, степенот на развој на мозокот, степенот на оформеност на идентитетот и изложеноста на врснички притисок.

Секој поединец се разликува од другите, а тоа е случај и со децата и адолесцентите. Во овие периоди од животот многу е важно со какви модели се идентификуваат, бидејќи се склони да го имитираат и да го повторуваат однесувањето на тие модели, кое доколку е несоодветно или насилно, може да претставува сериозен проблем. Воедно, во периодот на адолесценција интензивно се формира идентитетот и се одвива клучниот процес на индивидуализација, што само по себе претставува сериозна развојна задача што носи многу предизвици, вели таа.

Фрицханд појаснува дека периодот на рана адолесценција (12, 13 и 14-годишна возраст) е познат по високиот степен на конформирање со групните барања и норми, па адолесцентите честопати не покажуваат конзистентно морално однесување.

Тоа во практика значи дека кога се во група и под влијание на врсниците, склони се да го прават тоа што сите го прават, дури и кога е во прашање однесување што авторитетите не би го одобриле и кое самите не би го манифестирале кога не би биле под будното око на врсниците. Исто така, периодот помеѓу 10-тата и 12-тата година, познат како предадолесценција, се карактеризира со значајни транзиции во развојот на мозокот и во продукцијата на хормоните на среќа (окситоцин и допамин), поради што почнуваат поинтензивно да бараат социјални награди, кои честопати се мерат преку бројот на лајкови добиени на поставените содржини на социјалните мрежи, вели д-р Фрицханд.

Оттука, дополнува таа, не е исклучено да повторуваат ризични постапки (познати како „предизвици“) и да ги поставуваат онлајн за да го проценат степенот на сопствената популарност преку бројот на добиени лајкови.

Притоа, според нив, колку е поголем бројот на лајкови, толку е поголема популарноста и социјалната награда. Имајќи го сето ова (и уште многу други фактори) предвид, јасно е зошто децата и адолесцентите се ранливи и полесно подложни на манипулација во интернет-просторот. Токму затоа, клучен е квалитетниот однос со родителите/старателите, исполнет со доверба, меѓусебна почит, искреност и квалитетна комуникација во насока на превенција и заштита од ризиците по психичката благосостојба, кои извираат од неселективното и несоодветно користење на социјалните мрежи и интернетот воопшто, посочува таа.

Фрицханд вели дека доколку некритички и неселективно се пристапи кон прифаќање на сè што се презентира на која било социјална мрежа, тоа може да влијае штетно и негативно врз секој што ја користи.

Тоа може да ги насочи размислувањата, верувањата, чувствата и ставовите кај дел од луѓето и да влијае врз одлуките што ги носат и однесувањето што го манифестираат. Притоа, колку се корисниците помлади, поради што се соочуваат со низа когнитивни ограничувања што ги носи достигнатиот степен на развој со возраста, последиците се дотолку поштетни. Кај возрасните поединци се очекува дека степенот на критичко мислење и корпусот на знаења и информации што се поседуваат е поголем, па оттука можат поподготвено да ги селектираат содржините што ги прегледуваат на социјалните мрежи и тоа што избираат да го читаат, гледаат и слушаат, вели таа.

Во однос на препораките, Фрицханд вели дека треба да се да се следат проверени и релевантни извори на информации, а потоа и да се проверуваат консултирајќи повеќе и различни релевантни извори, бидејќи на тој начин ќе се изгради пообјективна информираност за темите од интерес за поединецот.

Кога станува збор за помладата популација, посебно децата што се во интензивен процес на развој, со сѐ уште неоформена структура на личност и идентитет, родителите/старателите треба да обрнат внимание на тоа за која цел тие ги користат електронските уреди, колку време поминуваат пред екраните и дали и кон какви содржини пристапуваат кога се онлајн, вели таа.

Фрицханд потенцира дека е особено важно децата да бидат добро информирани за негативните последици од изложеноста на содржини несоодветни за нивната возраст и за начините како да ја заштитат сопствената безбедност во интернет-просторот.

Покрај ова, треба да имаат достигнато одреден степен на сознаен развој и на емоционална зрелост пред воопшто да пристапат на која било социјална мрежа. Сето ова бара посветеност од родителите/старателите, како и нивна активна и континуирана вклученост во процесот на квалитетна комуникација со децата, преку која ќе им објасни кои се ограничувањата поставени пред нив и зошто се поставени соодветните ограничувања – смета таа.

Индија забрани десетици апликации направени од кинески компании вклучувајќи ги Тик Ток (TikTok), ВиЧет (WeChat) и неколкуQQ апликации и Baidu aпликацијата. Одлуката за блокирање на 59 кинески

Имајќи ги предвид штетните влијанија какви што се зависност, дезинформации, безбедност, ментално здравје и заштита на податоци, апликацијата е забранета за употреба од страна на вработените во државната администрација во 34 (од 50) земји во САД како и во повеќе држави во Европа. Во мај 2023 година, Монтана стана првата држава што го забрани Тикток на сите лични уреди во државата.

The post Тикток – брзорастечки канал за ширење дезинформации appeared first on Република.

]]>

Манипулативни содржини од политички карактер, конспиративни содржини или видеа за војната во Украина се најчестите дезинформации што се објавуваат на социјалната мрежа Тикток, која на месечно ниво има околу една милијарда активни корисници и повеќе од 700 милиони објавени видеа. Според Истражувањето на NewsGuard, речиси 20 проценти од видеата претставени како резултати од пребарувања за одредени теми на Тикток содржеле дезинформации. Комуникологот Сеад Џигал вели дека ова се должи на порастот и на популарноста на самата социјална мрежа.
Поради порастот на популарноста на Тикток, сѐ поголем е напливот на дезинформации на оваа социјална мрежа од различни злонамерни чинители заинтересирани нивните дезинформации до стигнат до што поголем број корисници. Тикток е важен извор за информирање кај помладите корисници и кај нив има најизразено негативно влијание. Најчесто се поставуваат манипулативни содржини од политички карактер, конспиративни содржини или, на пример, видеа за војната во Украина, каде што преку различни техники многу често се дезинформира што навистина се случува во овој конфликт, вели тој.
Тетовската полиција приведе 39 годишник од Боговиње во врска со случајот кога две лица на дете му помагаа да пука од оружје, а снимката беше објавена на социјалната мрежа Тик-ток. Платформата на која се пласираат куси видеа е застапена во 141 држава и е веќе преведена на 39 светски јазици. Од неговото лансирање во 2016 година, Тикток бил преземен околу три милијарди пати и со тоа успеа за нешто повеќе од четири години да го постигне она што на Фејсбук и на Инстаграм им требаше да го направат за 10 години. Правилата и стандардите за содржината на Тикток забрануваат дезинформации што претставуваат ризик за јавната безбедност, медицински дезинформации, дезинформации за климатските промени, опасни теории на заговор како и материјал што е уреден, споен или комбиниран (како видео и аудио) на начин што може да доведе до заблуда за настани од реалниот свет. Според Џигал, интерниот систем за заштита на дезинформации на Тикток е корисен, но далеку од совршен.
Тикток, како и поголемиот дел од социјалните мрежи, има интерен систем за пријавување проблеми и злоупотреби. По проверка на пријавите, содржините можат да се отстранат или, пак, да се блокираат одредени корисници. Исто така, мрежата користи и софтверски алатки, какви што се различни алгоритми за пребарување и детектирање одредени содржини, вклучително и дезинформации. Овој систем е корисен, но е далеку од совршен затоа што може само да го намали штетниот ефект од дезинформациите, но не и целосно да ги отстрани, вели Џигал.
Неговите препораки за заштита од дезинформациите, покрај наведените методи и алатки за нивно пријавување и отстранување, се едукацијата и обучувањето на корисниците да препознаваат дезинформации, да ги пријавуваат и да ги маркираат како штетни и манипулативни, бидејќи, според него, доколку се намали ефектот на дезинформациите врз корисниците, тогаш ќе се намали и мотивацијата на оние што ги објавуваат да го прават тоа и понатаму. Џигал смета дека младите корисници се најранлива категорија поради нивните сѐ уште недооформени вештини за критичко преиспитување на информациите и на содржините на Тикток.
Убедливоста на визуелните содржини е особено моќна и за нив е многу потешко да ги препознаат манипулациите и дезинформациите затоа што за нив е реално тоа што го гледаат со своите очи, иако визуелните содржини е сѐ полесно да се уредат и да се манипулира со нив. Конечно, влијанието на нивните контакти и пријатели го олеснува ширењето на дезинформациите, затоа што ако дезинформациите им се пратени или споделени од корисници на кои им веруваат, тие некритички ги прифаќаат како вистинити, вели тој.
На него се надоврзува и професор д-р Ана Фрицханд од Институт за психологија на Филозофскиот факултет при УКИМ, која вели дека причините за тоа лежат во достигнатиот степен на развој во целост, како и степенот на емоционална зрелост, потоа капацитетот за критичко мислење и филтрирање на важните од неважните (и штетни) информации, способноста да се разликуваат добри од лоши, односно правилни од погрешни постапки и однесувања, степенот на консолидираност на личниот вредносен систем, возрасниот период во кој се наоѓаат, степенот на развој на мозокот, степенот на оформеност на идентитетот и изложеноста на врснички притисок.
Секој поединец се разликува од другите, а тоа е случај и со децата и адолесцентите. Во овие периоди од животот многу е важно со какви модели се идентификуваат, бидејќи се склони да го имитираат и да го повторуваат однесувањето на тие модели, кое доколку е несоодветно или насилно, може да претставува сериозен проблем. Воедно, во периодот на адолесценција интензивно се формира идентитетот и се одвива клучниот процес на индивидуализација, што само по себе претставува сериозна развојна задача што носи многу предизвици, вели таа.
Фрицханд појаснува дека периодот на рана адолесценција (12, 13 и 14-годишна возраст) е познат по високиот степен на конформирање со групните барања и норми, па адолесцентите честопати не покажуваат конзистентно морално однесување.
Тоа во практика значи дека кога се во група и под влијание на врсниците, склони се да го прават тоа што сите го прават, дури и кога е во прашање однесување што авторитетите не би го одобриле и кое самите не би го манифестирале кога не би биле под будното око на врсниците. Исто така, периодот помеѓу 10-тата и 12-тата година, познат како предадолесценција, се карактеризира со значајни транзиции во развојот на мозокот и во продукцијата на хормоните на среќа (окситоцин и допамин), поради што почнуваат поинтензивно да бараат социјални награди, кои честопати се мерат преку бројот на лајкови добиени на поставените содржини на социјалните мрежи, вели д-р Фрицханд.
Оттука, дополнува таа, не е исклучено да повторуваат ризични постапки (познати како „предизвици“) и да ги поставуваат онлајн за да го проценат степенот на сопствената популарност преку бројот на добиени лајкови.
Притоа, според нив, колку е поголем бројот на лајкови, толку е поголема популарноста и социјалната награда. Имајќи го сето ова (и уште многу други фактори) предвид, јасно е зошто децата и адолесцентите се ранливи и полесно подложни на манипулација во интернет-просторот. Токму затоа, клучен е квалитетниот однос со родителите/старателите, исполнет со доверба, меѓусебна почит, искреност и квалитетна комуникација во насока на превенција и заштита од ризиците по психичката благосостојба, кои извираат од неселективното и несоодветно користење на социјалните мрежи и интернетот воопшто, посочува таа.
Фрицханд вели дека доколку некритички и неселективно се пристапи кон прифаќање на сè што се презентира на која било социјална мрежа, тоа може да влијае штетно и негативно врз секој што ја користи.
Тоа може да ги насочи размислувањата, верувањата, чувствата и ставовите кај дел од луѓето и да влијае врз одлуките што ги носат и однесувањето што го манифестираат. Притоа, колку се корисниците помлади, поради што се соочуваат со низа когнитивни ограничувања што ги носи достигнатиот степен на развој со возраста, последиците се дотолку поштетни. Кај возрасните поединци се очекува дека степенот на критичко мислење и корпусот на знаења и информации што се поседуваат е поголем, па оттука можат поподготвено да ги селектираат содржините што ги прегледуваат на социјалните мрежи и тоа што избираат да го читаат, гледаат и слушаат, вели таа.
Во однос на препораките, Фрицханд вели дека треба да се да се следат проверени и релевантни извори на информации, а потоа и да се проверуваат консултирајќи повеќе и различни релевантни извори, бидејќи на тој начин ќе се изгради пообјективна информираност за темите од интерес за поединецот.
Кога станува збор за помладата популација, посебно децата што се во интензивен процес на развој, со сѐ уште неоформена структура на личност и идентитет, родителите/старателите треба да обрнат внимание на тоа за која цел тие ги користат електронските уреди, колку време поминуваат пред екраните и дали и кон какви содржини пристапуваат кога се онлајн, вели таа.
Фрицханд потенцира дека е особено важно децата да бидат добро информирани за негативните последици од изложеноста на содржини несоодветни за нивната возраст и за начините како да ја заштитат сопствената безбедност во интернет-просторот.
Покрај ова, треба да имаат достигнато одреден степен на сознаен развој и на емоционална зрелост пред воопшто да пристапат на која било социјална мрежа. Сето ова бара посветеност од родителите/старателите, како и нивна активна и континуирана вклученост во процесот на квалитетна комуникација со децата, преку која ќе им објасни кои се ограничувањата поставени пред нив и зошто се поставени соодветните ограничувања – смета таа.
Индија забрани десетици апликации направени од кинески компании вклучувајќи ги Тик Ток (TikTok), ВиЧет (WeChat) и неколкуQQ апликации и Baidu aпликацијата. Одлуката за блокирање на 59 кинески Имајќи ги предвид штетните влијанија какви што се зависност, дезинформации, безбедност, ментално здравје и заштита на податоци, апликацијата е забранета за употреба од страна на вработените во државната администрација во 34 (од 50) земји во САД како и во повеќе држави во Европа. Во мај 2023 година, Монтана стана првата држава што го забрани Тикток на сите лични уреди во државата.

The post Тикток – брзорастечки канал за ширење дезинформации appeared first on Република.

]]>
Се одржа А5- Конференција за медиумска писменост и справување со дезинформации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-odrzha-a5-konferentsija-za-mediumska-pismenost-i-spravuvane-so-dezinformatsii/ Fri, 19 May 2023 17:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=642778

Во рамки на претседавањето на Македонија со САД-Јадранската Повелба на 19 мај 2023г. Министерството за надворешни работи на Република Македонија во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија организираше Конференција за Стратешки комуникации со наслов „Медиумска писменост и справување со дезинформации – подготвеност на институциите за заштита од хибридните влијанија“.

Конференцијата почнa со воведни обраќања на државниот секретар во министерството за надворешни работи, Филип Тосевски и Аугуста Филибин од Амбасадата на САД во Скопје. На предметната Конференција во рамки на три тематски сесии, со учество на реномираниот американски експерт Енди Карвин, претставник од НАТО Одделот за јавна дипломатија, како и бројни реномирани домашни експерти, претставниците на земјите членки и набљудувачи на САД- Јадранската Повелба, медиумските организаци и граѓанското општество дебатираа и разменуваа мислења и најдобри практики за справување со хибридните закани и дезинформациите. Притоа беше особено нагласено значењето на медиумската писменост како една од алатките која низ образовниот систем придонесува кон изградба на едно општество со граѓани кои се способни критички да размислуваат, да ги анализираат и проценуваат информациите што им се сервираат и на тој начин да ја зајакнат демократската отпорност на општеството кон различни малигни влијанија.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи со активности за подигање на свесност за постоењето на опасноста, но истовремено искажува и спремност и стремеж за справување со сите предизвици што произлегуваат од хибридните закани.

Македонија во јануари 2023 година го презема претседавањето со САД Јадранската Повелба, во година кога се одбележува дваесет годишнината од нејзиното потпишување.

The post Се одржа А5- Конференција за медиумска писменост и справување со дезинформации appeared first on Република.

]]>

Во рамки на претседавањето на Македонија со САД-Јадранската Повелба на 19 мај 2023г. Министерството за надворешни работи на Република Македонија во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија организираше Конференција за Стратешки комуникации со наслов „Медиумска писменост и справување со дезинформации – подготвеност на институциите за заштита од хибридните влијанија“. Конференцијата почнa со воведни обраќања на државниот секретар во министерството за надворешни работи, Филип Тосевски и Аугуста Филибин од Амбасадата на САД во Скопје. На предметната Конференција во рамки на три тематски сесии, со учество на реномираниот американски експерт Енди Карвин, претставник од НАТО Одделот за јавна дипломатија, како и бројни реномирани домашни експерти, претставниците на земјите членки и набљудувачи на САД- Јадранската Повелба, медиумските организаци и граѓанското општество дебатираа и разменуваа мислења и најдобри практики за справување со хибридните закани и дезинформациите. Притоа беше особено нагласено значењето на медиумската писменост како една од алатките која низ образовниот систем придонесува кон изградба на едно општество со граѓани кои се способни критички да размислуваат, да ги анализираат и проценуваат информациите што им се сервираат и на тој начин да ја зајакнат демократската отпорност на општеството кон различни малигни влијанија. Министерството за надворешни работи ќе продолжи со активности за подигање на свесност за постоењето на опасноста, но истовремено искажува и спремност и стремеж за справување со сите предизвици што произлегуваат од хибридните закани. Македонија во јануари 2023 година го презема претседавањето со САД Јадранската Повелба, во година кога се одбележува дваесет годишнината од нејзиното потпишување.

The post Се одржа А5- Конференција за медиумска писменост и справување со дезинформации appeared first on Република.

]]>
МНР утре ќе биде домаќин на меѓународна конференција за медиумска писменост и справување со дезинформации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-utre-ke-bide-domakin-na-megunarodna-konferentsija-za-mediumska-pismenost-i-spravuvane-so-dezinformatsii/ Thu, 18 May 2023 20:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=642420

Во рамки на претседавањето на Македонија со САД - Јадранската Повелба, на 19 мај, во просториите на Министерството за надворешни работи ќе се одржи конференција за стратешки комуникации, насловена „Медиумска писменост и справување со дезинформации - подготвеноста на институциите за одбрана од хибридни влијанија“.

Конференцијата има за цел размена на мислења и искуства меѓу претставници на државни институции на земјите учеснички и набљудувачи на А5, претставници на медиумската и експертската фела за ефикасните мерки при справување со лажните вести и дезинформациите како и важноста на мерките за подигнување на нивото на медиумската писменост на граѓаните, особено младите. Во фокус на настанот ќе биде и подготвеноста на институциите за справување со дезинформациите во социјалните медиуми, имајќи ги предвид слободата на медиумите и слободата на изразување.

Конференцијата почнува во 10 часот со воведни обраќања на државниот секретар на министерството за надворешни работи, Филип Тосевски и Аугуста Филибин од Амбасадата на САД во Скопје.

The post МНР утре ќе биде домаќин на меѓународна конференција за медиумска писменост и справување со дезинформации appeared first on Република.

]]>

Во рамки на претседавањето на Македонија со САД - Јадранската Повелба, на 19 мај, во просториите на Министерството за надворешни работи ќе се одржи конференција за стратешки комуникации, насловена „Медиумска писменост и справување со дезинформации - подготвеноста на институциите за одбрана од хибридни влијанија“. Конференцијата има за цел размена на мислења и искуства меѓу претставници на државни институции на земјите учеснички и набљудувачи на А5, претставници на медиумската и експертската фела за ефикасните мерки при справување со лажните вести и дезинформациите како и важноста на мерките за подигнување на нивото на медиумската писменост на граѓаните, особено младите. Во фокус на настанот ќе биде и подготвеноста на институциите за справување со дезинформациите во социјалните медиуми, имајќи ги предвид слободата на медиумите и слободата на изразување. Конференцијата почнува во 10 часот со воведни обраќања на државниот секретар на министерството за надворешни работи, Филип Тосевски и Аугуста Филибин од Амбасадата на САД во Скопје.

The post МНР утре ќе биде домаќин на меѓународна конференција за медиумска писменост и справување со дезинформации appeared first on Република.

]]>
Џејмс Рубин доаѓа во Скопје на разговори за справување со руските и кинеските дезинформации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhejms-rubin-doaga-vo-skopje-na-razgovori-za-spravuvane-so-ruskite-i-kineskite-dezinformatsii/ Tue, 11 Apr 2023 06:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=629636

Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, по посетата на Подгорица, се очекува да дојде во Скопје на разговори со македонските власти за борбата против дезинформациите.

Рубин вчера по средбите што ги имаше во Подгорица, изјави дека е убеден оти Црна Гора повеќе нема да се сврти кон Белград и Москва.

На брифинг со новинарите изрази и уверување дека борбата против дезинформациите ќе биде приоритет на новата влада во Црна Гора.

Рубин, како што пренесуваат црногорските медиуми, оцени дека ќе биде тешко да се постигне напредок на Западен Балкан, ако руските дезинформации доминираат на тој простор.

Посочи дека во Црна Гора има голем број портали кои шират дезинформации од Русија и Кина.

На пример, информациите дека во Украина има фабрика за производство на биолошко оружје се лажни. Исто така, лага е дека САД сакале војна во Украина, рече Рубин.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-dhejms-rubin-chovekot-od-doverba-na-klinton-i-olbrajt-doaga-vo-skopje/

Покрај Црна Гора, тој неделава ќе ги посети и Македонија и Албанија за да разговара за борбата против руските дезинформации, како и за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во Подгорица и Скопје, специјалниот пратеник Рубин ќе се состане со владини претставници за да ја зацврсти поддршката за иницијативите против дезинформација. Тој ќе разговара за напорите на Русија, Народна Република Кина и други злонамерни актери кои користат дезинформации за да ја поткопаат демократијата и националната безбедност низ целиот свет, и како нашите нации можат колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор, соопшти Стејт департментот.

За време престој во Тирана, пак, предвидено е да има да има средба со американските амбасадори од Западен Балкан.

Џејмс Рубин беше назначен на должноста специјален претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, од државниот секретар Ентони Блинкен во декември 2022 година.

Има 35-годишна кариера во надворешната политика. Работел како дипломат, политички советник, коментатор, професор и репортер.

Рубин беше портпарол на Стејт департментот за време на војната на Косово, а до 2022 година и помошник државен секретар, за време на мандатот на Медлин Олбрајт, во администрацијата на претседателот Бил Клинтон.

The post Џејмс Рубин доаѓа во Скопје на разговори за справување со руските и кинеските дезинформации appeared first on Република.

]]>

Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, по посетата на Подгорица, се очекува да дојде во Скопје на разговори со македонските власти за борбата против дезинформациите. Рубин вчера по средбите што ги имаше во Подгорица, изјави дека е убеден оти Црна Гора повеќе нема да се сврти кон Белград и Москва. На брифинг со новинарите изрази и уверување дека борбата против дезинформациите ќе биде приоритет на новата влада во Црна Гора. Рубин, како што пренесуваат црногорските медиуми, оцени дека ќе биде тешко да се постигне напредок на Западен Балкан, ако руските дезинформации доминираат на тој простор. Посочи дека во Црна Гора има голем број портали кои шират дезинформации од Русија и Кина.
На пример, информациите дека во Украина има фабрика за производство на биолошко оружје се лажни. Исто така, лага е дека САД сакале војна во Украина, рече Рубин.
https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-dhejms-rubin-chovekot-od-doverba-na-klinton-i-olbrajt-doaga-vo-skopje/ Покрај Црна Гора, тој неделава ќе ги посети и Македонија и Албанија за да разговара за борбата против руските дезинформации, како и за дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Во Подгорица и Скопје, специјалниот пратеник Рубин ќе се состане со владини претставници за да ја зацврсти поддршката за иницијативите против дезинформација. Тој ќе разговара за напорите на Русија, Народна Република Кина и други злонамерни актери кои користат дезинформации за да ја поткопаат демократијата и националната безбедност низ целиот свет, и како нашите нации можат колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор, соопшти Стејт департментот.
За време престој во Тирана, пак, предвидено е да има да има средба со американските амбасадори од Западен Балкан. Џејмс Рубин беше назначен на должноста специјален претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, од државниот секретар Ентони Блинкен во декември 2022 година. Има 35-годишна кариера во надворешната политика. Работел како дипломат, политички советник, коментатор, професор и репортер. Рубин беше портпарол на Стејт департментот за време на војната на Косово, а до 2022 година и помошник државен секретар, за време на мандатот на Медлин Олбрајт, во администрацијата на претседателот Бил Клинтон.

The post Џејмс Рубин доаѓа во Скопје на разговори за справување со руските и кинеските дезинформации appeared first on Република.

]]>
Стејт департментот праќа човек во Македонија да ни помогне во борба против дезинформациите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stejt-departmentot-praka-chovek-vo-makedonija-da-ni-pomogne-vo-borba-protiv-dezinformatsiite/ Sat, 08 Apr 2023 19:14:38 +0000 https://republika.mk/?p=628804

Специјалниот претставник и координатор за глобален ангажман, Џејмс П. Рубин, од 10 до 14 април ќе престојува во Скопје, Подгорица и во Тирана, соопшти Стејт департментот.

Како што пренесува „Гласот на Америка“, Рубин во Скопје и Подгорица ќе се состане со владини претставници за да ја зацврсти поддршката за иницијативите за справување со дезинформациите.

Тој ќе разговара за напорите на Русија, Народна Република Кина и други малигни актери кои користат дезинформации за да ја поткопаат демократијата и националната безбедност низ целиот свет и како нашите нации можат колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

За време на престојот во Тирана, Рубин ќе учествува на средби со американските амбасадори од Западен Балкан.

The post Стејт департментот праќа човек во Македонија да ни помогне во борба против дезинформациите appeared first on Република.

]]>

Специјалниот претставник и координатор за глобален ангажман, Џејмс П. Рубин, од 10 до 14 април ќе престојува во Скопје, Подгорица и во Тирана, соопшти Стејт департментот. Како што пренесува „Гласот на Америка“, Рубин во Скопје и Подгорица ќе се состане со владини претставници за да ја зацврсти поддршката за иницијативите за справување со дезинформациите.
Тој ќе разговара за напорите на Русија, Народна Република Кина и други малигни актери кои користат дезинформации за да ја поткопаат демократијата и националната безбедност низ целиот свет и како нашите нации можат колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
За време на престојот во Тирана, Рубин ќе учествува на средби со американските амбасадори од Западен Балкан.

The post Стејт департментот праќа човек во Македонија да ни помогне во борба против дезинформациите appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Дезинформации поттикнуваат антизападно расположение кај македонските граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-dezinformacii-pottiknuvaat-anti-zapadno-raspolozenie-kaj-makedonskite-gragjani/ Thu, 21 Jul 2022 18:05:09 +0000 https://republika.mk/?p=531934

Македонија, како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија е мета на кампањи на дезинформации што имаат за цел да поттикнуваат анти-западно расположение кај македонските граѓани и да заговараат нејасни алтернативи на европските интеграции. Поради нивниот потенцијал да ги поткопуваат нашите стратешки определби, дезинформациите, можат да придонесат и за дестабилизирање на самата држава, се вели во писмената изјава на претседателот Стево Пендаровски на денешната панел-дискусијата „Слонот во собата“ организирана од ЦИВИЛ.

Според него, одговорот што како општество треба да го дадеме на ваквите појави е повеќеслоен и бара ангажман од повеќе чинители – државни институции, од медиумите, од граѓанскиот сектор, како и од системот на образование.

Потребно е да изградиме општествена, системска, медиумска, но, пред сѐ, лична отпорност кон дезинформациите, нагласува Пендаровски.

Како претседател, додаде тој, дава поддршка на секоја иницијатива што е во функција на воведување добри практики, со цел намалување на ширењето на дезинформациите, а унапредување и развој на демократијата.

Наместо за ширење на брза, навремена и точна информација, дигиталните платформи многу често се злоупотребуваат за пласирање на дезинформации за остварување на влијание и насочување на јавното мислење во функција на одредени агенди. Ова станува закана по националната безбедност, поради потенцијалот за поткопување на демократските процеси, смета Пендаровски.

The post Пендаровски: Дезинформации поттикнуваат антизападно расположение кај македонските граѓани appeared first on Република.

]]>

Македонија, како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија е мета на кампањи на дезинформации што имаат за цел да поттикнуваат анти-западно расположение кај македонските граѓани и да заговараат нејасни алтернативи на европските интеграции. Поради нивниот потенцијал да ги поткопуваат нашите стратешки определби, дезинформациите, можат да придонесат и за дестабилизирање на самата држава, се вели во писмената изјава на претседателот Стево Пендаровски на денешната панел-дискусијата „Слонот во собата“ организирана од ЦИВИЛ. Според него, одговорот што како општество треба да го дадеме на ваквите појави е повеќеслоен и бара ангажман од повеќе чинители – државни институции, од медиумите, од граѓанскиот сектор, како и од системот на образование.
Потребно е да изградиме општествена, системска, медиумска, но, пред сѐ, лична отпорност кон дезинформациите, нагласува Пендаровски.
Како претседател, додаде тој, дава поддршка на секоја иницијатива што е во функција на воведување добри практики, со цел намалување на ширењето на дезинформациите, а унапредување и развој на демократијата.
Наместо за ширење на брза, навремена и точна информација, дигиталните платформи многу често се злоупотребуваат за пласирање на дезинформации за остварување на влијание и насочување на јавното мислење во функција на одредени агенди. Ова станува закана по националната безбедност, поради потенцијалот за поткопување на демократските процеси, смета Пендаровски.

The post Пендаровски: Дезинформации поттикнуваат антизападно расположение кај македонските граѓани appeared first on Република.

]]>
Руски суд ја казни Википедија со 88 илјади долари поради ширење дезинформации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-sud-ja-kazni-vikipedija-so-88-iljadi-dolari-poradi-shirenje-dezinformacii/ Mon, 13 Jun 2022 17:40:16 +0000 https://republika.mk/?p=514677

Московскиот суд ја казни Википедија со 5 милиони рубли (88.000 американски долари) затоа што одби да го отстрани од написите на руски јазик она што Русија го смета за дезинформација. Меѓу нив се „Руската инвазија на Украина“, „Воени злосторства за време на руската инвазија на Украина“ и „Масакрот во Буча“.

Википедија поднесе жалба на судската одлука со која се бара отстранување на информации поврзани со руската воена операција во Украина.

Оваа одлука имплицира дека оригиналните, проверени информации на Википедија кои не се во согласност со ставот на руската влада се дезинформации - вели Стивен ЛаПорте, помошник главен советник во Фондацијата Викимедија, пренесува Скај њуз.

Википедија, најстариот и најголем проект на Викимедија, е еден од ретките преостанати главни извори на информации на руски јазик за Русите по затворањето на многу медиуми во Москва.

The post Руски суд ја казни Википедија со 88 илјади долари поради ширење дезинформации appeared first on Република.

]]>

Московскиот суд ја казни Википедија со 5 милиони рубли (88.000 американски долари) затоа што одби да го отстрани од написите на руски јазик она што Русија го смета за дезинформација. Меѓу нив се „Руската инвазија на Украина“, „Воени злосторства за време на руската инвазија на Украина“ и „Масакрот во Буча“. Википедија поднесе жалба на судската одлука со која се бара отстранување на информации поврзани со руската воена операција во Украина. Оваа одлука имплицира дека оригиналните, проверени информации на Википедија кои не се во согласност со ставот на руската влада се дезинформации - вели Стивен ЛаПорте, помошник главен советник во Фондацијата Викимедија, пренесува Скај њуз. Википедија, најстариот и најголем проект на Викимедија, е еден од ретките преостанати главни извори на информации на руски јазик за Русите по затворањето на многу медиуми во Москва.

The post Руски суд ја казни Википедија со 88 илјади долари поради ширење дезинформации appeared first on Република.

]]>
Европските власти воведуваат овластувања што ќе им овозможат казнување на појавите на ширење дезинформации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropskite-vlasti-voveduvaat-ovlastuvanja-shto-kje-im-ovozmozat-kaznuvanje-na-pojavite-na-shirenje-dezinformacii/ Tue, 08 Mar 2022 11:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=469555

Извршните власти на ЕУ планираат да предложат нови правила со што ќе им биде овозможено да ги казнуваат дезинформациите од целиот свет, притоа посочувајќи ја како пример руската државна телевизија „Раша тудеј“.

Жозеп Борел, шефот на дипломатијата на ЕУ, рече дека властите треба да бидат способни да ги замрзнуваат средства, како и да забрануваат патувања во регионот, сето во насока на санкционирање на ширењето погрешни информации.

Треба да ги заштитиме нашите демократии од надворешни влијанија и обиди за манипулации. Ќе предложам нов механизми што ќе ни овозможи да ги санкционираме оние што шират малигни информации - рече тој.

Борел уште истакна дека со употребата на лажни вести и дезинформации Москва ги „бомбардира умовите“ на луѓето во Русија.

The post Европските власти воведуваат овластувања што ќе им овозможат казнување на појавите на ширење дезинформации appeared first on Република.

]]>

Извршните власти на ЕУ планираат да предложат нови правила со што ќе им биде овозможено да ги казнуваат дезинформациите од целиот свет, притоа посочувајќи ја како пример руската државна телевизија „Раша тудеј“. Жозеп Борел, шефот на дипломатијата на ЕУ, рече дека властите треба да бидат способни да ги замрзнуваат средства, како и да забрануваат патувања во регионот, сето во насока на санкционирање на ширењето погрешни информации.