девојки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/devojki/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 08:58:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png девојки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/devojki/ 32 32 Три девојки со клоци и тупаници тепаат девојче поради дечко, останатите гледаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tri-devojki-so-klotsi-i-tupanitsi-tepaat-devojche-poradi-dechko-ostanatite-gledaat/ Thu, 19 Sep 2024 08:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=817685

Вознемирувачко видео на кое се гледаат три девојки како крвнички тепаат друго девојче денеска беше објавено на социјалните мрежи. Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за инцидент кој се случил пред хемиското училиште во Панчево, Србија. Според нивните информации, три 16-годишни девојки тепаат 15-годишно девојче поради некое момче.

Насилството не било пријавено во полиција, но тие веќе отвориле случај кога видеото било објавено на социјалните мрежи.

Оригиналното видео беше отстрането од „Инстаграм“, но објавена е замаглена верзија на „X“:

The post Три девојки со клоци и тупаници тепаат девојче поради дечко, останатите гледаат appeared first on Република.

]]>

Вознемирувачко видео на кое се гледаат три девојки како крвнички тепаат друго девојче денеска беше објавено на социјалните мрежи. Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за инцидент кој се случил пред хемиското училиште во Панчево, Србија. Според нивните информации, три 16-годишни девојки тепаат 15-годишно девојче поради некое момче. Насилството не било пријавено во полиција, но тие веќе отвориле случај кога видеото било објавено на социјалните мрежи. Оригиналното видео беше отстрането од „Инстаграм“, но објавена е замаглена верзија на „X“:

The post Три девојки со клоци и тупаници тепаат девојче поради дечко, останатите гледаат appeared first on Република.

]]>
Девојки од Молдавија, Казахстан, Косово приведени во рација во ноќен клуб https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/devojki-od-moldavija-kazahstan-kosovo-privedeni-vo-ratsija-vo-noken-klub/ Thu, 18 Jul 2024 13:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=798125

Полициски службеници од СВР Тетово при контрола на ноќен клуб во тетовско Горно Седларце на 17/18.07 во периодот од 23:30 до 5 часот изутрината каде управител бил А.И.(27) од Горно Седларце пронашле 32 жени странски државјанки.

При контролата во објектот биле затекнати 32 странски државјанки на возраст од 20 до 40 години од Русија, Молдавија, Украина, Косово, Албанија, Србија, Словенија и Казахстан кои го злоупотребиле престојот, односно престојувале во РСМ спротивно на целта. Тие се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, се вели во соопштението на МВР.

The post Девојки од Молдавија, Казахстан, Косово приведени во рација во ноќен клуб appeared first on Република.

Приведен тетовец кој следел и снимал девојки https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-tetovets-koj-sledel-i-snimal-devojki/ Wed, 26 Jul 2023 11:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=665501

Вчера во 18.20 часот на улица „Живко Брајкоски“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово - ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.А.(46) од Тетово.

Претходно, тој бил пријавен од Џ.С.(21) дека во угостителски објект на истата улица ја вознемирувал неа и нејзини пријателки, снимајќи ги со мобилен телефон.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Приведен тетовец кој следел и снимал девојки appeared first on Република.

]]>

Вчера во 18.20 часот на улица „Живко Брајкоски“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово - ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.А.(46) од Тетово. Претходно, тој бил пријавен од Џ.С.(21) дека во угостителски објект на истата улица ја вознемирувал неа и нејзини пријателки, снимајќи ги со мобилен телефон. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Приведен тетовец кој следел и снимал девојки appeared first on Република.

]]>
Девојките открија на кои машки атрибути најмногу „паѓаат“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/devojkite-otkrija-na-koi-mashki-atributi-najmnogu-pagaat/ Thu, 06 Jul 2023 20:45:25 +0000 https://republika.mk/?p=658739

Жените сакаат да имаат силен и мажествен маж покрај себе, а овие физички карактеристики ги обожаваат кај спротивниот пол.

1. Широки и силни раменици

Жените сакаат да имаат силен и мажествен маж покрај себе, а широките и силни раменици се совршен доказ за тоа. Не е ни чудо што сите сакаат да личат на Шварценегер. Изгледа дека мажите откриле дека жените ова ги „пали“.. Големите раменици испраќаат потсвесни сигнали до женскиот мозок кои им кажуваат дека сте силен „маж“ кој има добри гени и кој ќе и обезбеди заштита и здраво потомство.

2. Стомачни

„Подобро топол бојлер отколку ладни плочки“. Иако мажите се тешат со оваа реченица, жените признаа дека дефинираниот и цврст машки стомак им е далеку попривлечен. Секако, не треба да претерувате и да направите „ренде“ од стомакот. Умереноста е клучот. Само најмал поглед на стомачните може да направи жена да се „лигави“ над вас.

3. Насмевка

Жените сакаат мажи со убава насмевка. Секако, се подразбира да ги имате сите заби во устата и да не мирисате на 3-годишен кромид. Мажот со насмевка често дава до знаење дека е духовит и друштвен, а тоа најчесто го бараат жените. Покрај силата, тие бараат интересен маж кој секогаш ќе ги насмее.

4. Лице

Иако често велат дека убавината доаѓа одвнатре, жените сепак посветуваат многу внимание на машкото лице. Сигурно илјада пати сте слушнале дека посакуваат човек како Бред Пит или Џони Деп. Тоа е затоа што сакаат маж со „убави“ карактеристики.

5. Усни

Жените сакаат големи, меки и полни машки усни. Велат дека нема ништо посензуално од машкиот бакнеж.

6. Задник

Еве една сличност што жените ја делат со мажите. Исто како нас, и жените сакаат одвреме-навреме да „ѕирнат“. Значи, не сме само ние, и сакаат да зјапаат во нас. Еве уште една причина да го зголемите тренингот на долниот дел од телото во теретана.

7. Силни раце

Како и со грбот, големите и силни раце се показател за силата на мажот. Како што веќе рековме, жените бараат способен и силен маж кој секогаш ќе ги штити. Се разбира, претпоставката оди дека оние со големи раце се посилни и поспособни, иако тоа не е секогаш случај.

The post Девојките открија на кои машки атрибути најмногу „паѓаат“ appeared first on Република.

]]>

Жените сакаат да имаат силен и мажествен маж покрај себе, а овие физички карактеристики ги обожаваат кај спротивниот пол. 1. Широки и силни раменици Жените сакаат да имаат силен и мажествен маж покрај себе, а широките и силни раменици се совршен доказ за тоа. Не е ни чудо што сите сакаат да личат на Шварценегер. Изгледа дека мажите откриле дека жените ова ги „пали“.. Големите раменици испраќаат потсвесни сигнали до женскиот мозок кои им кажуваат дека сте силен „маж“ кој има добри гени и кој ќе и обезбеди заштита и здраво потомство. 2. Стомачни „Подобро топол бојлер отколку ладни плочки“. Иако мажите се тешат со оваа реченица, жените признаа дека дефинираниот и цврст машки стомак им е далеку попривлечен. Секако, не треба да претерувате и да направите „ренде“ од стомакот. Умереноста е клучот. Само најмал поглед на стомачните може да направи жена да се „лигави“ над вас. 3. Насмевка Жените сакаат мажи со убава насмевка. Секако, се подразбира да ги имате сите заби во устата и да не мирисате на 3-годишен кромид. Мажот со насмевка често дава до знаење дека е духовит и друштвен, а тоа најчесто го бараат жените. Покрај силата, тие бараат интересен маж кој секогаш ќе ги насмее. 4. Лице Иако често велат дека убавината доаѓа одвнатре, жените сепак посветуваат многу внимание на машкото лице. Сигурно илјада пати сте слушнале дека посакуваат човек како Бред Пит или Џони Деп. Тоа е затоа што сакаат маж со „убави“ карактеристики. 5. Усни Жените сакаат големи, меки и полни машки усни. Велат дека нема ништо посензуално од машкиот бакнеж. 6. Задник Еве една сличност што жените ја делат со мажите. Исто како нас, и жените сакаат одвреме-навреме да „ѕирнат“. Значи, не сме само ние, и сакаат да зјапаат во нас. Еве уште една причина да го зголемите тренингот на долниот дел од телото во теретана. 7. Силни раце Како и со грбот, големите и силни раце се показател за силата на мажот. Како што веќе рековме, жените бараат способен и силен маж кој секогаш ќе ги штити. Се разбира, претпоставката оди дека оние со големи раце се посилни и поспособни, иако тоа не е секогаш случај.

The post Девојките открија на кои машки атрибути најмногу „паѓаат“ appeared first on Република.

]]>
53 отсто од новите инженери и магистри на ФЕИТ се девојки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/53-otsto-od-novite-inzheneri-i-magistri-na-feit-se-devojki/ Tue, 20 Jun 2023 11:53:25 +0000 https://republika.mk/?p=653364

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја промовираше новата генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и новите магистри. Свечено во големата сала на Филхармонијата дипломите им беа врачени на 146 нови инженери и 44 магистри кои студиите ги завршија на ФЕИТ. Во оваа нова генерација дипломци, дури 77 или 53% се девојки, просек што е за околу 4 пати повисок од европскиот просек техничките факултети.

Просечното времетраење на студирањето на новите инженери изнесува 5 години, 2 месеци и 21 ден, а најкусиот временски период во кој се завршени додипломските студии од оваа генерација е 3 години и 9 месеци. Просечната оцена на студирање што ја постигнале студентите што ги промовираме вечерва е 7,93.

На свеченоста беа доделени плакати и награди на најдобрите дипломци. Со просечна оценка над 9 завршија 16 инженери, а кои студиите ги започнале во 2018/19 година.

Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии проф. д-р Димитар Ташковски ги повика новодипломираните инженери и магистри да бидат храбри да го употребат знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнаа на ФЕИТ.

Само преку заеднички напори и стратегии, нашата држава може да направи значителен напредок во областа на истражувањето, развојот и иновациите со што нашата економија може да стане конкурентна на меѓународниот пазар. Вие сте тие кои ќе овозможат да дојдеме до тие промени. Знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнавте на ФЕИТ се ваша голема компаративна предност. Научени сте да прашувате, да истражувате и критички да размислувате што е многу битно во ерата на вештачката интелигенција и 4-тата индустриска револуција. Способноста за иновации и изразување на креативноста станува сẻ повредна во денешниот свет, и тоа дипломирани студенти и магистри на ФЕИТ е Вашата шанса за успех, Затоа немам дилема дека иднината ви припаѓа Вам“, порача во своето обраќање деканот на ФЕИТ проф. д-р Димитар Ташковски.

Задржувајќи се на потребата во државава да се задржат талентите кои се основниот ресурс на најсилните држави, а кои силата ја црпат од високотехнолошкиот сектор, деканот на ФЕИТ проф. д-р Ташковски потсети дека „потребна е координирана акција и соработка помеѓу владините институции, академската заедница, приватниот сектор и младите таленти“ за да се зголеми бројот на инженери кои во нашата држава ќе имаат можност да го искористат своето знаење и креативен потенцијал преку истражувања и иновации.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски ги охрабри новите инженери и магистри да го продолжат својот развоен пат на магистерски и докторски студии на првиот македонски државен универзитет, кој годинава одбележува 74 години од своето основање.

The post 53 отсто од новите инженери и магистри на ФЕИТ се девојки appeared first on Република.

]]>

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја промовираше новата генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и новите магистри. Свечено во големата сала на Филхармонијата дипломите им беа врачени на 146 нови инженери и 44 магистри кои студиите ги завршија на ФЕИТ. Во оваа нова генерација дипломци, дури 77 или 53% се девојки, просек што е за околу 4 пати повисок од европскиот просек техничките факултети. Просечното времетраење на студирањето на новите инженери изнесува 5 години, 2 месеци и 21 ден, а најкусиот временски период во кој се завршени додипломските студии од оваа генерација е 3 години и 9 месеци. Просечната оцена на студирање што ја постигнале студентите што ги промовираме вечерва е 7,93. На свеченоста беа доделени плакати и награди на најдобрите дипломци. Со просечна оценка над 9 завршија 16 инженери, а кои студиите ги започнале во 2018/19 година. Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии проф. д-р Димитар Ташковски ги повика новодипломираните инженери и магистри да бидат храбри да го употребат знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнаа на ФЕИТ.
Само преку заеднички напори и стратегии, нашата држава може да направи значителен напредок во областа на истражувањето, развојот и иновациите со што нашата економија може да стане конкурентна на меѓународниот пазар. Вие сте тие кои ќе овозможат да дојдеме до тие промени. Знаењето, технологиите и вештините кои ги стекнавте на ФЕИТ се ваша голема компаративна предност. Научени сте да прашувате, да истражувате и критички да размислувате што е многу битно во ерата на вештачката интелигенција и 4-тата индустриска револуција. Способноста за иновации и изразување на креативноста станува сẻ повредна во денешниот свет, и тоа дипломирани студенти и магистри на ФЕИТ е Вашата шанса за успех, Затоа немам дилема дека иднината ви припаѓа Вам“, порача во своето обраќање деканот на ФЕИТ проф. д-р Димитар Ташковски.
Задржувајќи се на потребата во државава да се задржат талентите кои се основниот ресурс на најсилните држави, а кои силата ја црпат од високотехнолошкиот сектор, деканот на ФЕИТ проф. д-р Ташковски потсети дека „потребна е координирана акција и соработка помеѓу владините институции, академската заедница, приватниот сектор и младите таленти“ за да се зголеми бројот на инженери кои во нашата држава ќе имаат можност да го искористат своето знаење и креативен потенцијал преку истражувања и иновации. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски ги охрабри новите инженери и магистри да го продолжат својот развоен пат на магистерски и докторски студии на првиот македонски државен универзитет, кој годинава одбележува 74 години од своето основање.  

The post 53 отсто од новите инженери и магистри на ФЕИТ се девојки appeared first on Република.

]]>
18-годишни скопјанки синоќа се тепале во познат локал во Градски парк https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/18-godishni-skopjanki-sinoka-se-tepale-vo-poznat-lokal-vo-gradski-park/ Sun, 18 Jun 2023 14:14:33 +0000 https://republika.mk/?p=652803

Во Полициска станица Карпош, И.Ј.(18) од Скопје пријавила дека завчера околу 22.00 часот во угостителски објект во Градски парк Скопје била физички нападната од женско лице Л.Ј.(18) од Скопје и неколку други женски лица, соопшти полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post 18-годишни скопјанки синоќа се тепале во познат локал во Градски парк appeared first on Република.

]]>

Во Полициска станица Карпош, И.Ј.(18) од Скопје пријавила дека завчера околу 22.00 часот во угостителски објект во Градски парк Скопје била физички нападната од женско лице Л.Ј.(18) од Скопје и неколку други женски лица, соопшти полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post 18-годишни скопјанки синоќа се тепале во познат локал во Градски парк appeared first on Република.

]]>
Годишно во Македонија 100 девојки помлади од 20 години абортираат https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/godishno-vo-makedonija-100-devojki-pomladi-od-20-godini-abortiraat/ Wed, 23 Nov 2022 14:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=577383

На годишно ниво, околу сто млади девојки под 20 години абортираат, а 11 проценти од жените на возраст од 15 до 49 години имаат барем еден индициран абортус во текот на животот. Ова се само дел од причините поради кои, како што денеска изјави д-р Глигор Тофоски, претседател на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), е потребно да се подобрат програмите за планирање на семејство, да се овозможи користење на соодветна контрацепција, но најважно од се, младите да бидат што повеќе инкорпорирани во системот.

-Младите луѓе треба да имаат пристап до квалитетни услуги, вработувања, познавање и пристап на услугите за сексуално и репродуктивно здравје. Овие работи, доколку ги обезбедиме за младите ќе им обезбедиме поголемо учество во јавниот живот. На тој начин, тие ќе останат во земјата и нема семејството да го формираат во друга држава, кажа д-р Тофоски на денешната панел-дискусија во организација на МАГО со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Македонското лекарско друштво (МЛД).

Афродита Шалја, шеф на канцеларијата на Фондот за население на Обединети Нации (УНФПА), истакна дека една од клучните заложби на УНФПА во петгодишната програма е намалување на адолесцентната бременост, бидејќи, како што посочи, во најрана фаза на женската популација им се прекинуваат или спречуваат можностите за тие да можат понатаму да се реализираат целосно како личности.

Не треба да ги гледаме демографските промени како ризик, туку треба да ги претворивме во можност како може да го мобилизираме оној дел од населението кое што не е вклучено и во пазарот на трудот и во реализирање на своите цели и тоа е еден од начините преку планирањето на семејството, односно елиминирање на пречките што ќе доведат до нивно вклучување, вели Шалја.

Панел дискусијата на тема „Обезбедување и почитување на човековите права во свет од осум милијарди жители. Планирање на семејство, како алатка за напредок“, се организира по повод достигнување на осум милијарди жители на светско ниво.

Во светот, половина од сите бремености ‐ 121 милион, секоја година се ненамерни. Над 60 отсто од несаканите бремености завршуваат со абортуси, а се проценува дека дури 45 проценти од сите абортуси се небезбедни. Адолесцентната бременост е асоцирана со голем број на здравствени и социјални ризици за мајката, но и за плодот. Бременоста и компликациите поврзани со породувањето остануваат водечки убиец на адолесцентите во светот.

Со намалување на нееднаквостите во здравството ќе се намали стапката на смртност на мајките и деца, а со ублажување на сиромаштијата ќе се поттикне економскиот развој.

The post Годишно во Македонија 100 девојки помлади од 20 години абортираат appeared first on Република.

]]>

На годишно ниво, околу сто млади девојки под 20 години абортираат, а 11 проценти од жените на возраст од 15 до 49 години имаат барем еден индициран абортус во текот на животот. Ова се само дел од причините поради кои, како што денеска изјави д-р Глигор Тофоски, претседател на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), е потребно да се подобрат програмите за планирање на семејство, да се овозможи користење на соодветна контрацепција, но најважно од се, младите да бидат што повеќе инкорпорирани во системот.
-Младите луѓе треба да имаат пристап до квалитетни услуги, вработувања, познавање и пристап на услугите за сексуално и репродуктивно здравје. Овие работи, доколку ги обезбедиме за младите ќе им обезбедиме поголемо учество во јавниот живот. На тој начин, тие ќе останат во земјата и нема семејството да го формираат во друга држава, кажа д-р Тофоски на денешната панел-дискусија во организација на МАГО со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Македонското лекарско друштво (МЛД).
Афродита Шалја, шеф на канцеларијата на Фондот за население на Обединети Нации (УНФПА), истакна дека една од клучните заложби на УНФПА во петгодишната програма е намалување на адолесцентната бременост, бидејќи, како што посочи, во најрана фаза на женската популација им се прекинуваат или спречуваат можностите за тие да можат понатаму да се реализираат целосно како личности.
Не треба да ги гледаме демографските промени како ризик, туку треба да ги претворивме во можност како може да го мобилизираме оној дел од населението кое што не е вклучено и во пазарот на трудот и во реализирање на своите цели и тоа е еден од начините преку планирањето на семејството, односно елиминирање на пречките што ќе доведат до нивно вклучување, вели Шалја.
Панел дискусијата на тема „Обезбедување и почитување на човековите права во свет од осум милијарди жители. Планирање на семејство, како алатка за напредок“, се организира по повод достигнување на осум милијарди жители на светско ниво. Во светот, половина од сите бремености ‐ 121 милион, секоја година се ненамерни. Над 60 отсто од несаканите бремености завршуваат со абортуси, а се проценува дека дури 45 проценти од сите абортуси се небезбедни. Адолесцентната бременост е асоцирана со голем број на здравствени и социјални ризици за мајката, но и за плодот. Бременоста и компликациите поврзани со породувањето остануваат водечки убиец на адолесцентите во светот. Со намалување на нееднаквостите во здравството ќе се намали стапката на смртност на мајките и деца, а со ублажување на сиромаштијата ќе се поттикне економскиот развој.

The post Годишно во Македонија 100 девојки помлади од 20 години абортираат appeared first on Република.

]]>
На директорката на тетовската гимназија не ѝ се допаѓа стилот на облекување: Девојчињата не треба да доаѓаат со гол стомак и градите надвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-direktorkata-na-tetovskata-gimnazija-ne-i-se-dopagja-stilot-na-oblekuvanje-devojchinjata-ne-treba-da-doagjaat-so-gol-stomak-i-gradite-nadvor/ Wed, 23 Feb 2022 08:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=462294

Девојчињата не треба да доаѓаат со гол стомак и со градите надвор“ – ова е пораката со која директорката на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, Илвије Зибери Јашари, реагирала на, според неа, премногу слободниот начин на кој се облекуваат девојките во училиштето, пишува порталот Фљака.

Пораката ја пратила во комуникација со колегите во група на „Вибер“, а случајот го разоткри невладината организација Центар за еднакви можности „Бубамара“ од Тетово, која за пораката дознала „од неофицијални извори“.

Во пораката што ја споделија од „Бубамара“, се наведува дека секој што ќе се спротивстави на кодексот на облекување, треба да се упати кај раководителката, за таа да ги повика родителите.

Според „Бубамара“, трендот на зголемување на контролата врз облеката на учениците се смета за апсолутна контрола врз нивното тело и е дискриминаторска бидејќи се однесува само на девојчињата. Оттаму се загрижени дека телото на малолетните девојчиња продолжува да се сексуализира и објективизира во училиштата. Организацијата смета дека ваквите случаи се загрижувачки, со оглед на недостигот од сексуално образование, на што се спротивставуваат истите професори кои сметаат дека децата, односно учениците, треба да се држат во синџири со стари правила кои одамна не се во мода“, стои во реакцијата.

The post На директорката на тетовската гимназија не ѝ се допаѓа стилот на облекување: Девојчињата не треба да доаѓаат со гол стомак и градите надвор appeared first on Република.

]]>

Девојчињата не треба да доаѓаат со гол стомак и со градите надвор“ – ова е пораката со која директорката на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, Илвије Зибери Јашари, реагирала на, според неа, премногу слободниот начин на кој се облекуваат девојките во училиштето, пишува порталот Фљака. Пораката ја пратила во комуникација со колегите во група на „Вибер“, а случајот го разоткри невладината организација Центар за еднакви можности „Бубамара“ од Тетово, која за пораката дознала „од неофицијални извори“. Во пораката што ја споделија од „Бубамара“, се наведува дека секој што ќе се спротивстави на кодексот на облекување, треба да се упати кај раководителката, за таа да ги повика родителите. Според „Бубамара“, трендот на зголемување на контролата врз облеката на учениците се смета за апсолутна контрола врз нивното тело и е дискриминаторска бидејќи се однесува само на девојчињата. Оттаму се загрижени дека телото на малолетните девојчиња продолжува да се сексуализира и објективизира во училиштата. Организацијата смета дека ваквите случаи се загрижувачки, со оглед на недостигот од сексуално образование, на што се спротивставуваат истите професори кои сметаат дека децата, односно учениците, треба да се држат во синџири со стари правила кои одамна не се во мода“, стои во реакцијата.

The post На директорката на тетовската гимназија не ѝ се допаѓа стилот на облекување: Девојчињата не треба да доаѓаат со гол стомак и градите надвор appeared first on Република.

]]>
Две девојки се степале во кафуле во Струмица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-devojki-se-stepale-vo-kafule-vo-strumica/ Sun, 30 Jan 2022 15:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=451608

На 29.01.2022 во 17.10 часот во Полициска станица Струмица, М.К.(18) од Струмица пријавила дека околу 03.00 часот во угостителски објект во Струмица била физички нападната со тврд предмет од А.И. (женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Две девојки се степале во кафуле во Струмица appeared first on Република.