девојката смрт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/devojkata-smrt/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Feb 2023 09:24:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png девојката смрт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/devojkata-smrt/ 32 32 „Антолог“ ја објави „Девојката смрт“ од Луцифе Фаулерова, наградена од ЕУ за 2021 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/antolog-ja-objavi-devojkata-smrt-od-lutsife-faulerova-nagradena-od-eu-za-2021-godina/ Wed, 22 Feb 2023 09:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=611796

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ ја објави книгата „Девојката смрт“ од Луцифе Фаулерова, која ја доби нарадата за литература на Европската Унија за 2021 година.

Додека се враќа со воз во родното место, на Марија, главниот лик и раскажувач во романот, ѝ се нижат слики од животот во минатото на нејзиното дисфункционално семејство, на младешките радости и таги, пороци, љубов... Почнува од нејзиното речиси идилично детство, но набргу стигнува до мрачните настани од поблиското минато, цело време промислувајќи ја смислата и потребата за постоење во сегашноста. Товарот на сеќавањето изгледа претежок, и таа го очекува крајот. Со возот, и Марија ќе стигне на својата крајна дестинација. Овој роман ретко дека некого ќе го остави рамнодушен.

Иако навидум главната тема во романот е самоубиството, Фаулерова изјавила дека главната тема е слободата. Слободата во смисла на тоа човекот сам да го направи сопствениот избор – дали да живее или не.

Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“.

Луцие Фаулерова (1989) е чешка писателка. Дипломирала бохемистика на Палацкиот универзитет во Оломоуц. Во 2016 година, заедно со авторката Катерина Шеда, ја напишала книгата „БРНОКС – водич низ брненскиот Бронкс“, за која ја добиле наградата Магнезија литера за журналистика. Од 2014 година е редактор на книжевното списание „Алузе“. Најголемиот успех за писателката доаѓа со објавувањето на романот „Девојката Смрт“ во 2020 година, за кој ја добива Наградата за литература на Европската Унија за 2021 година.

„Создадено во Европа: моќта на различноста“ е проект кој опфаќа превод, објавување, дистрибуција и маркетинг на седумнаесет книги кои се идеални репрезенти на моќта на разноликоста што владее на најстариот континент, отворајќи тематски сложени прашања: инклузивност, глобално затоплување, меѓусебно разбирање, правична застапеност на жените, еднаквост, преосмислување на личниот и колективниот идентитет, соочување со загубата, активизам и храброст да се биде различен. Европската литература е литература со исклучителни дела вредни за запознавање. Затоа, кога ќе се каже „Оваа книга е Создадена во Европа“ тоа нè прави сигурни дека во раце држиме литература која ја носи непомирливата моќ на привлечноста и на различноста.

 

The post „Антолог“ ја објави „Девојката смрт“ од Луцифе Фаулерова, наградена од ЕУ за 2021 година appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ ја објави книгата „Девојката смрт“ од Луцифе Фаулерова, која ја доби нарадата за литература на Европската Унија за 2021 година. Додека се враќа со воз во родното место, на Марија, главниот лик и раскажувач во романот, ѝ се нижат слики од животот во минатото на нејзиното дисфункционално семејство, на младешките радости и таги, пороци, љубов... Почнува од нејзиното речиси идилично детство, но набргу стигнува до мрачните настани од поблиското минато, цело време промислувајќи ја смислата и потребата за постоење во сегашноста. Товарот на сеќавањето изгледа претежок, и таа го очекува крајот. Со возот, и Марија ќе стигне на својата крајна дестинација. Овој роман ретко дека некого ќе го остави рамнодушен. Иако навидум главната тема во романот е самоубиството, Фаулерова изјавила дека главната тема е слободата. Слободата во смисла на тоа човекот сам да го направи сопствениот избор – дали да живее или не. Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“. Луцие Фаулерова (1989) е чешка писателка. Дипломирала бохемистика на Палацкиот универзитет во Оломоуц. Во 2016 година, заедно со авторката Катерина Шеда, ја напишала книгата „БРНОКС – водич низ брненскиот Бронкс“, за која ја добиле наградата Магнезија литера за журналистика. Од 2014 година е редактор на книжевното списание „Алузе“. Најголемиот успех за писателката доаѓа со објавувањето на романот „Девојката Смрт“ во 2020 година, за кој ја добива Наградата за литература на Европската Унија за 2021 година. „Создадено во Европа: моќта на различноста“ е проект кој опфаќа превод, објавување, дистрибуција и маркетинг на седумнаесет книги кои се идеални репрезенти на моќта на разноликоста што владее на најстариот континент, отворајќи тематски сложени прашања: инклузивност, глобално затоплување, меѓусебно разбирање, правична застапеност на жените, еднаквост, преосмислување на личниот и колективниот идентитет, соочување со загубата, активизам и храброст да се биде различен. Европската литература е литература со исклучителни дела вредни за запознавање. Затоа, кога ќе се каже „Оваа книга е Создадена во Европа“ тоа нè прави сигурни дека во раце држиме литература која ја носи непомирливата моќ на привлечноста и на различноста.  

The post „Антолог“ ја објави „Девојката смрт“ од Луцифе Фаулерова, наградена од ЕУ за 2021 година appeared first on Република.

]]>