деветовалентна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/devetovalentna/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Apr 2024 14:14:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png деветовалентна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/devetovalentna/ 32 32 Од следниот месец во Македонија ќе пристигне деветовалентната вакцина против ХПВ, ќе може да се вакцинираат и момчиња над 12 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-sledniot-mesets-vo-makedonija-ke-pristigne-devetovalentnata-vaktsina-protiv-hpv-ke-mozhe-da-se-vaktsiniraat-i-momchina-nad-12-godini/ Mon, 15 Apr 2024 14:14:07 +0000 https://republika.mk/?p=766347

Деветовалентанта вакцина против ХПВ ќе пристигне следниот месец, во мај и на вакциналните пункотиви во Македонија, освен девојчиња, ќе може да ја примаат и момчиња, соопштија денеска министерот за здравство, Илир Демири и националната координаторка за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова.

Тие заедно со специјалната претставничка на СЗО во земјава, Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Патриција ДиЏовани и претставникот од УНФПА, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ.

Демири потенцираше дека покрај преминувањето од четиривалентна на деветвалентна, ХПВ вакцината ќе биде достапна и за момчињата.

Со ова, го следиме примерот на високоразвиените европските здравствени системи и обезбедуваме поголема заштита на младата популација од ХПВ вирусите. Деветвалентната ХПВ вакцина е од светски реномиран производител, МСД од Холандија и ги исполнува највисоките критериуми за квалитет, безбедност и ефикасност - ХПВ вакцината обезбедува долготрајна повеќегодишна заштита. Оваа вакцина штити од инфекции предизвикани од хуман папилома вирус и од развој на преканцерозни лезии, рече Демири.

Вакцината, според Календарот за имунизација, може да ја примат и момчиња и девојчиња на возраст од 12 до 15 години, а ако се задоцни, може најдоцна да се прими до 18 години, т. е. до крајот на средното образование. Ако се прими на возраст од 12 до 15 години, се дава во две дози, а после 15 години во три дози.

Грозданова истакна дека целта за вакцинирање на момчињата е двојна и дека со тоа се спречува момчињата да бидат трансмитери, односно да ја пренесуваат ХПВ инфекцијата, но и самите да бидат заштитени бидејќи и кај нив се развиваат ХПВ асоцирани болести.

Најчестите ХПВ асоцирани болести кај жените се цервикалниот карцином на грло на матка, кацином на вагина, вулва и анус, додека кај мажите тоа е ларциномот на пенисот, карцином на анусот и кај двата пола забележан е пораст на ортофаријангијалниот карцином. Со вакцинирање на возраст помеѓу 12 и 15 години се постигнува најдобар имунолошки одговор на организмот. Се вакцинираат и девојчиња и момчиња пред да бидат изложени на вирусот, истакна проф. Грозданова.

Се проценува дека ХПВ-вакцината може да спречи 70% од случаите на цервикален карцином, 80% од анален карцином, 60% од вагинален карцином, 40% од вулварен карцином, и покажуваат повеќе од 90% успешност во спречувањето на ХПВ-позитивните орофарингеални карциноми. Во однос на заштитата веќе се достапни податоци за потврдена ефикасност од повеќе од 10 години на оваа деветвалентма вакцина.

Според извештајот од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), вкупниот опфат со две дози вакцина против заболувања од ХПВ во земјата изнесува 52, 5 отсто. Покриеност од 100 отсто има само во шест општини: Демир Хисар, Свети Николе, Кочани, Делчево, Кратово и Валандово.

Набавени се 70 илјади дози на деветвалентната ХПВ вакцина за следните три години.

https://republika.mk/zivot/zdravje/od-slednata-godina-i-momchinata-da-vaktsiniraat-protiv-hpv-virusot-predlaga-komisijata-za-imunizatsija-koja-odobri-i-19-godishni-devojki-da-se-vaktsiniraat/

The post Од следниот месец во Македонија ќе пристигне деветовалентната вакцина против ХПВ, ќе може да се вакцинираат и момчиња над 12 години appeared first on Република.

]]>

Деветовалентанта вакцина против ХПВ ќе пристигне следниот месец, во мај и на вакциналните пункотиви во Македонија, освен девојчиња, ќе може да ја примаат и момчиња, соопштија денеска министерот за здравство, Илир Демири и националната координаторка за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова. Тие заедно со специјалната претставничка на СЗО во земјава, Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Патриција ДиЏовани и претставникот од УНФПА, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ. Демири потенцираше дека покрај преминувањето од четиривалентна на деветвалентна, ХПВ вакцината ќе биде достапна и за момчињата.
Со ова, го следиме примерот на високоразвиените европските здравствени системи и обезбедуваме поголема заштита на младата популација од ХПВ вирусите. Деветвалентната ХПВ вакцина е од светски реномиран производител, МСД од Холандија и ги исполнува највисоките критериуми за квалитет, безбедност и ефикасност - ХПВ вакцината обезбедува долготрајна повеќегодишна заштита. Оваа вакцина штити од инфекции предизвикани од хуман папилома вирус и од развој на преканцерозни лезии, рече Демири.
Вакцината, според Календарот за имунизација, може да ја примат и момчиња и девојчиња на возраст од 12 до 15 години, а ако се задоцни, може најдоцна да се прими до 18 години, т. е. до крајот на средното образование. Ако се прими на возраст од 12 до 15 години, се дава во две дози, а после 15 години во три дози. Грозданова истакна дека целта за вакцинирање на момчињата е двојна и дека со тоа се спречува момчињата да бидат трансмитери, односно да ја пренесуваат ХПВ инфекцијата, но и самите да бидат заштитени бидејќи и кај нив се развиваат ХПВ асоцирани болести.
Најчестите ХПВ асоцирани болести кај жените се цервикалниот карцином на грло на матка, кацином на вагина, вулва и анус, додека кај мажите тоа е ларциномот на пенисот, карцином на анусот и кај двата пола забележан е пораст на ортофаријангијалниот карцином. Со вакцинирање на возраст помеѓу 12 и 15 години се постигнува најдобар имунолошки одговор на организмот. Се вакцинираат и девојчиња и момчиња пред да бидат изложени на вирусот, истакна проф. Грозданова.
Се проценува дека ХПВ-вакцината може да спречи 70% од случаите на цервикален карцином, 80% од анален карцином, 60% од вагинален карцином, 40% од вулварен карцином, и покажуваат повеќе од 90% успешност во спречувањето на ХПВ-позитивните орофарингеални карциноми. Во однос на заштитата веќе се достапни податоци за потврдена ефикасност од повеќе од 10 години на оваа деветвалентма вакцина. Според извештајот од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), вкупниот опфат со две дози вакцина против заболувања од ХПВ во земјата изнесува 52, 5 отсто. Покриеност од 100 отсто има само во шест општини: Демир Хисар, Свети Николе, Кочани, Делчево, Кратово и Валандово. Набавени се 70 илјади дози на деветвалентната ХПВ вакцина за следните три години. https://republika.mk/zivot/zdravje/od-slednata-godina-i-momchinata-da-vaktsiniraat-protiv-hpv-virusot-predlaga-komisijata-za-imunizatsija-koja-odobri-i-19-godishni-devojki-da-se-vaktsiniraat/

The post Од следниот месец во Македонија ќе пристигне деветовалентната вакцина против ХПВ, ќе може да се вакцинираат и момчиња над 12 години appeared first on Република.

]]>