девет години подолго Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/devet-godini-podolgo/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Nov 2023 09:04:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png девет години подолго Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/devet-godini-podolgo/ 32 32 Добрите луѓе живеат девет години подолго, потврди науката https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dobrite-luge-zhiveat-devet-godini-podolgo-potvrdi-naukata/ Mon, 13 Nov 2023 09:04:17 +0000 https://republika.mk/?p=700936

Светот денеска го слави Денот на љубезноста. А, ако правите добро, Ве чека долговечност - гласи заклучокот на научниците од Универзитетот на Мичиген и Универзитетот на Бафало.

Науката потврди: Добрите луѓе помалку се разболуваат, имаат подобар имунитет и здраво срце. Во текот на пет години, истражувачите го следеле семејниот живот на над 400 парови. Се покажало дека обѕирните луѓе кои покажуваат внимание и грижа кон партнерот или партнерката, се разболуваат двапати поретко, и живеат во просек 9 години подолго од другите. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои „прават добро“, доживуваат пониски нивоа на стрес.

Тоа ја посочува врска меѓу својството да се биде љубезен и да им се помага на другите без очекување ништо за возврат, несебичноста и - помалата опасност од рана смрт.

Според Универзитетот во Висконсин-Медисон, алтруистите во канцеларијата, на пр. се посклони кон својата работа и помала е веројатноста да ја напуштат. Дополнително, љубезноста го подобрува и менталното здравје, како и чувството на среќа поради зголеменото ниво на серотонин, ендорфин, допамин и окситоцин, па така, тоа го спречува и лошото расположение.

На 13 ноември 1998 година, во Токио се одржала првата Конференција на „Светското движење за добрина“, на којашто учествувале луѓе од Австралија, Јапонија, Тајланд, Сингапур, Велика Британија, Канада и САД. Тогаш е усвоена и „Декларацијата на љубезноста“ што на луѓето им порачува да заборават на самољубието, да размислуваат повеќе за другите околу себе и да престанат да робуваат на етничките, расни, полови, верски разлики. Францускиот уметник Орел (Орелијан Фромен) нацрта посебен симбол за оваа пригода - отворено срце.

На овој датум се слави и Меѓународниот ден на слепите лица. Обединетите Нации во 1946 година го избрале 13 ноември, зашто тогаш се родил францускиот благородник Валентин Ауј - докажан борец за правата на слепите лица, обврзувајќи да го направат животот на овие луѓе подостоинствен.

 

The post Добрите луѓе живеат девет години подолго, потврди науката appeared first on Република.

]]>

Светот денеска го слави Денот на љубезноста. А, ако правите добро, Ве чека долговечност - гласи заклучокот на научниците од Универзитетот на Мичиген и Универзитетот на Бафало. Науката потврди: Добрите луѓе помалку се разболуваат, имаат подобар имунитет и здраво срце. Во текот на пет години, истражувачите го следеле семејниот живот на над 400 парови. Се покажало дека обѕирните луѓе кои покажуваат внимание и грижа кон партнерот или партнерката, се разболуваат двапати поретко, и живеат во просек 9 години подолго од другите. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои „прават добро“, доживуваат пониски нивоа на стрес. Тоа ја посочува врска меѓу својството да се биде љубезен и да им се помага на другите без очекување ништо за возврат, несебичноста и - помалата опасност од рана смрт. Според Универзитетот во Висконсин-Медисон, алтруистите во канцеларијата, на пр. се посклони кон својата работа и помала е веројатноста да ја напуштат. Дополнително, љубезноста го подобрува и менталното здравје, како и чувството на среќа поради зголеменото ниво на серотонин, ендорфин, допамин и окситоцин, па така, тоа го спречува и лошото расположение. На 13 ноември 1998 година, во Токио се одржала првата Конференција на „Светското движење за добрина“, на којашто учествувале луѓе од Австралија, Јапонија, Тајланд, Сингапур, Велика Британија, Канада и САД. Тогаш е усвоена и „Декларацијата на љубезноста“ што на луѓето им порачува да заборават на самољубието, да размислуваат повеќе за другите околу себе и да престанат да робуваат на етничките, расни, полови, верски разлики. Францускиот уметник Орел (Орелијан Фромен) нацрта посебен симбол за оваа пригода - отворено срце. На овој датум се слави и Меѓународниот ден на слепите лица. Обединетите Нации во 1946 година го избрале 13 ноември, зашто тогаш се родил францускиот благородник Валентин Ауј - докажан борец за правата на слепите лица, обврзувајќи да го направат животот на овие луѓе подостоинствен.  

The post Добрите луѓе живеат девет години подолго, потврди науката appeared first on Република.

]]>