девалвација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/devalvacija/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Dec 2023 15:07:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png девалвација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/devalvacija/ 32 32 Веднаш по доаѓањето на власт: Аргентинскиот претседател ја девалвира националната валута за 54% https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vednash-po-doaganeto-na-vlast-argentinskiot-pretsedatel-ja-devalvira-natsionalnata-valuta-za-54/ Fri, 15 Dec 2023 18:40:13 +0000 https://republika.mk/?p=723299

Новоименуваниот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи, како дел од првиот пакет шок-мерки по неговот доаѓање навласт, ја девалвира националната валута - пезосот, за 54%.

Аргентинскиот министер за финансии, Луис Капуто, изјави дека аргентинските власти одлучиле да го преполоват курсот на пезосот во однос на американскиот долар со цел да се справат со кризата во земјата.

Ќе го разјасниме официјалниот девизен курс. Американскиот долар ќе вреди 800 пезоси, а зголемувањето ќе биде придружено со зголемување на данокот на плата, за употребата на таа валута“, изјави Капуто во видео порака.

Министерот најави и дека инфраструктурните проекти во Аргентина ќе ги реализираат приватни компании без владина поддршка.

Претходно, аргентинската државна нафтена компанија „YPF“ ги зголеми цените на горивото на бензинските пумпи во просек за 25% додека земјата се бори со инфлацијата која може да достигне 180% оваа година, објави Ројтерс.

The post Веднаш по доаѓањето на власт: Аргентинскиот претседател ја девалвира националната валута за 54% appeared first on Република.

]]>

Новоименуваниот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи, како дел од првиот пакет шок-мерки по неговот доаѓање навласт, ја девалвира националната валута - пезосот, за 54%. Аргентинскиот министер за финансии, Луис Капуто, изјави дека аргентинските власти одлучиле да го преполоват курсот на пезосот во однос на американскиот долар со цел да се справат со кризата во земјата.
Ќе го разјасниме официјалниот девизен курс. Американскиот долар ќе вреди 800 пезоси, а зголемувањето ќе биде придружено со зголемување на данокот на плата, за употребата на таа валута“, изјави Капуто во видео порака.
Министерот најави и дека инфраструктурните проекти во Аргентина ќе ги реализираат приватни компании без владина поддршка. Претходно, аргентинската државна нафтена компанија „YPF“ ги зголеми цените на горивото на бензинските пумпи во просек за 25% додека земјата се бори со инфлацијата која може да достигне 180% оваа година, објави Ројтерс.

The post Веднаш по доаѓањето на власт: Аргентинскиот претседател ја девалвира националната валута за 54% appeared first on Република.

]]>
Вредноста на турската лира константно паѓа, експертите не очекуваат подобрување на состојбата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vrednosta-na-turskata-lira-konstantno-paga-ekspertite-ne-ochekuvaat-podobruvane-na-sostojbata/ Mon, 19 Jun 2023 13:23:11 +0000 https://republika.mk/?p=653097

По завршувањето на вториот круг од изборите во Турција, на 28 мај, вредноста на лирата е во постојан пад. Почнувајќи од 2013 година, курсот на лирата во однос на доларот почна полека да паѓа, а економистот Емир Алкин вели дека таа година е почетна точка на девалвација на лирата.

Турција е вовлечена во „политички бури“ од 2013 година, вели Мурат Окчу, професор по економија и административни науки на Универзитетот Сулејман Демирел.

Алкин, ректор на Универзитетот Топкапи во Истанбул, вели дека дипломатските грешки или внатрешната политика автоматски се рефлектираат во реакциите на берзите и каматните стапки.

Во она што беше наречено историски максимум, девалвацијата на лирата се забрза во 2021 година, кога таа премина едноцифрена и достигна вредност од 10 во девизниот курс лира-долар.

Експертите за Ал Џезира велат дека континуираната девалвација на лирата е предвидлив резултат на потисната инфлација пред изборите, што е резултат на стабилизирањето на девизните курсеви од страна на централната банка со продажба на девизните резерви во замена за лирата.

Тие, исто така, веруваат дека лирата никогаш нема да ја врати вредноста од пред 2014 година.

Никој не треба да го очекува ова, бидејќи сега има воспоставен пазар. Она што ќе се случи е дека во одреден момент растот на цената и целосната безвредност на лирата ќе престане“, рече Алкин.

Експертите велат дека тоа може да се постигне само со зголемување на каматните стапки.

Алкин додава дека сега лирата ќе почне да ја „достигнува својата вистинска вредност“ по период на одложена инфлација.

Алкин вели дека следниот чекор треба да биде зголемување на куповната моќ на Турците, барем доволно за да се елиминира високата инфлација и трошоците за живот предизвикани од високиот девизен курс, за кој предвидува дека ќе бидат потребни најмалку 18 месеци.

Тоа, вели, може да се направи само со зголемување на каматните стапки и обезбедување стабилност преку „рационални“ економски одлуки.

The post Вредноста на турската лира константно паѓа, експертите не очекуваат подобрување на состојбата appeared first on Република.

]]>

По завршувањето на вториот круг од изборите во Турција, на 28 мај, вредноста на лирата е во постојан пад. Почнувајќи од 2013 година, курсот на лирата во однос на доларот почна полека да паѓа, а економистот Емир Алкин вели дека таа година е почетна точка на девалвација на лирата. Турција е вовлечена во „политички бури“ од 2013 година, вели Мурат Окчу, професор по економија и административни науки на Универзитетот Сулејман Демирел. Алкин, ректор на Универзитетот Топкапи во Истанбул, вели дека дипломатските грешки или внатрешната политика автоматски се рефлектираат во реакциите на берзите и каматните стапки. Во она што беше наречено историски максимум, девалвацијата на лирата се забрза во 2021 година, кога таа премина едноцифрена и достигна вредност од 10 во девизниот курс лира-долар. Експертите за Ал Џезира велат дека континуираната девалвација на лирата е предвидлив резултат на потисната инфлација пред изборите, што е резултат на стабилизирањето на девизните курсеви од страна на централната банка со продажба на девизните резерви во замена за лирата. Тие, исто така, веруваат дека лирата никогаш нема да ја врати вредноста од пред 2014 година.
Никој не треба да го очекува ова, бидејќи сега има воспоставен пазар. Она што ќе се случи е дека во одреден момент растот на цената и целосната безвредност на лирата ќе престане“, рече Алкин.
Експертите велат дека тоа може да се постигне само со зголемување на каматните стапки. Алкин додава дека сега лирата ќе почне да ја „достигнува својата вистинска вредност“ по период на одложена инфлација. Алкин вели дека следниот чекор треба да биде зголемување на куповната моќ на Турците, барем доволно за да се елиминира високата инфлација и трошоците за живот предизвикани од високиот девизен курс, за кој предвидува дека ќе бидат потребни најмалку 18 месеци. Тоа, вели, може да се направи само со зголемување на каматните стапки и обезбедување стабилност преку „рационални“ економски одлуки.

The post Вредноста на турската лира константно паѓа, експертите не очекуваат подобрување на состојбата appeared first on Република.

]]>
Вицегувернерката Нацевска: Нема причина за паника од девалвација на денарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/viceguvernerkata-nacevska-nema-prichina-za-panika-od-devalvacija-na-denarot/ Thu, 03 Mar 2022 09:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=466894

Денарот и банкарскиот сектор се стабилни. Денарот е сидрото на стабилноста на нашата економија и нема потреба од девалвација, впрочем Народната банка располага со широк инструментариум за одбрана на стабилноста на денарот, од кој најважни се високото и стабилно ниво на девизни резерви. Банкарскиот сектор е стабилен и нема знаци на повлекување на депозитите во контекст на руско-украинската криза, напротив тие растат, посочува вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во емисијата „Утрински брифинг“.

Причина за паника од девалвација на денарот, навистина нема. Ние располагаме со доволно ниво на девизни резерви за да го одбраниме курсот на денарот, како што тоа го правиме низ сите овие години наназад и како што и досега сме успеале успешно да ја одбраниме неговата вредност, вели вицегувернерката Нацевска.

На прашањето за шпекулации за повлекување на заштедите од банките, таа посочи дека нема индикации за повлекувања, напротив тие и понатаму растат. Сепак, посочува дека секогаш ќе постои мала група на депоненти, кои при било какви кризни сигнали реагираат, но набргу по согледување на состојбите – дека макроекономската стабилност е тука и дека курсот е стабилен, ги враќаат средствата во банкарскиот сектор.

Нацевска истакнува дека директната трговска и финансиска поврзаност со Русија и Украина е многу мала и директни ефекти врз нашата економија нема и не се очекуваат.

За споредба, филијалата на „Сбербанка“ во Босна и Херцеговина налагаше да се преземат интензивни мерки од страна на босанските власти, и веќе се преземаат мерки од страна на регулаторот. Истото е и Словенија. Ние немаме таква ситуација, што е добро, бидејќи депонентите кои ги чуваат своите средства таму ќе беа загрижени и ќе имавме непријатна слика, како што е во тие држави, вели Нацевска.

Таа сепак посочува дека има ризици од индиректните ефекти, кои доаѓаат од санкциите кои се преземаат од страна на Европската унија и другите економски сили, како САД, Велика Британија, Канада, па дури и Швајцарија кон Русија, но и контрасанкциите од страна на Русија. Тие креираат неизвесност и дневна променливост на случувањата на финансиските пазари и на светските пазари на примарни производи, заради што, да се излезе со некакви проекции за ефектот врз нашата економија во овој момент, е преголем ризик.

The post Вицегувернерката Нацевска: Нема причина за паника од девалвација на денарот appeared first on Република.

]]>

Денарот и банкарскиот сектор се стабилни. Денарот е сидрото на стабилноста на нашата економија и нема потреба од девалвација, впрочем Народната банка располага со широк инструментариум за одбрана на стабилноста на денарот, од кој најважни се високото и стабилно ниво на девизни резерви. Банкарскиот сектор е стабилен и нема знаци на повлекување на депозитите во контекст на руско-украинската криза, напротив тие растат, посочува вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во емисијата „Утрински брифинг“.
Причина за паника од девалвација на денарот, навистина нема. Ние располагаме со доволно ниво на девизни резерви за да го одбраниме курсот на денарот, како што тоа го правиме низ сите овие години наназад и како што и досега сме успеале успешно да ја одбраниме неговата вредност, вели вицегувернерката Нацевска.
На прашањето за шпекулации за повлекување на заштедите од банките, таа посочи дека нема индикации за повлекувања, напротив тие и понатаму растат. Сепак, посочува дека секогаш ќе постои мала група на депоненти, кои при било какви кризни сигнали реагираат, но набргу по согледување на состојбите – дека макроекономската стабилност е тука и дека курсот е стабилен, ги враќаат средствата во банкарскиот сектор. Нацевска истакнува дека директната трговска и финансиска поврзаност со Русија и Украина е многу мала и директни ефекти врз нашата економија нема и не се очекуваат.