детско село Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detsko-selo/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Apr 2022 12:12:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png детско село Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detsko-selo/ 32 32 Арсовска: Посветено работиме на поддршка за згрижувачките семејства и активностите на СОС Детското село https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-posveteno-rabotime-na-poddrshka-za-zgrizuvachkite-semejstva-i-aktivnostite-na-sos-detskoto-selo/ Fri, 15 Apr 2022 12:12:26 +0000 https://republika.mk/?p=488966

Градот Скопје ќе се вклучи во проектот „Унапредување на системските недостатоци – поддршка на реформите во системот за заштита на децата“ што го реализира СОС Детското село. За активностите и настаните за зголемување на свесноста за потребата од згрижувачки семејства што ќе следуваат во наредниот период, како дел од овој проект, денеска разговараа градоначалничката Данела Арсовска со претставници од СОС Детското село.

СОС Детското село веќе 20 години е посветено на грижата и поддршката на деца и млади без родителска грижа. Хуманата мисија на овие луѓе е непроценлива за оние на кои им е најпотребна нашата помош, но и за целото наше општество кое тежнее да биде похумано и потолерантно. Овој пат, заедно ќе работиме за да ја подигнеме јавната свест за важноста на згрижувачките семејства кои со безрезервна поддршка и љубов даваат топол дом и семејство за децата во социјален ризик, децата без родители, како и младите без родителска грижа кои честопати се лишени од ова право. Нема ништо поубаво од детската насмевка и радост, знаејќи дека имаат топол дом и згрижувачко семејство кое се грижи за нив - рече градоначалничката Арсовска, на средбата.

Таа додаде дека грижата и поддршката за ранливите групи граѓани е приоритет во работењето на Градот Скопје, со особена посветеност на грижата за децата без родители и за лицата со посебни потреби.

Градот Скопје ќе биде активен партнер и поддржувач на мисијата и активностите на СОС Детското село и на згрижувачките семејства. Нашата поддршка и пријатество и ја покажуваме и докажуваме преку многубројни заеднички активности и корисни проекти – нагласи Арсовска.

The post Арсовска: Посветено работиме на поддршка за згрижувачките семејства и активностите на СОС Детското село appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката Арсовска го посети СОС Детското село https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnichkata-arsovska-go-poseti-sos-detskoto-selo/ Wed, 05 Jan 2022 19:17:08 +0000 https://republika.mk/?p=441149

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска посети дел од згрижувачките семејства на СОС Детско село Скопје. Тие згрижуваат и овозможуваат топол дом и семејство на поголем број деца во социјален ризик, деца без родители и деца и млади кои се лишени од правото на родителска грижа.

Арсовска при посетата, како што соопшти Град Скопје достави пакети со прехранбени производи до СОС Детското село за 68 загрижувачки семејства, како и подароци за децата. Разговараа за животот таму, предизвиците со кои се соочуваат и можностите со цел овозможување на поквалитетни услови за живот и поголема инклузија на овие деца.

Овие згрижувачки семејства со безрезервна поддршка и љубов, се топол дом и семејство за децата во социјален ризик, децата без родители како и младите без родителска грижа кои честопати се лишени од ова право. Денеска посетивме дел од семејствата и ги изненадивме најмалите со подароци, нема нешто поубаво од детска насмевка и радост, знаејќи дека имаат топол дом и згрижувачко семејство кое се грижи за нив. Овие згрижувачки семејства, со својата хумана мисија не само што обезбедуваат топол дом и семејство за дечињата од СОС Детското село, туку и им се и голема поддршка. Градот Скопје ќе биде активен партнер и поддржувач на мисијата и активностите на СОС Детското село и на овие згрижувачки семејства - истакна градоначалничката Арсовска по посетата на СОС Детското село.

Таа го посети и Ресурсниот центар на СОС Детското село, каде се сретна со директорката Александра Ивановски, семејства корисници на услугата советување и менторство по напуштање на грижа, како и со неколку млади кои имале статус деца без родителска грижа.

The post Градоначалничката Арсовска го посети СОС Детското село appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска посети дел од згрижувачките семејства на СОС Детско село Скопје. Тие згрижуваат и овозможуваат топол дом и семејство на поголем број деца во социјален ризик, деца без родители и деца и млади кои се лишени од правото на родителска грижа. Арсовска при посетата, како што соопшти Град Скопје достави пакети со прехранбени производи до СОС Детското село за 68 загрижувачки семејства, како и подароци за децата. Разговараа за животот таму, предизвиците со кои се соочуваат и можностите со цел овозможување на поквалитетни услови за живот и поголема инклузија на овие деца.