детско одделение Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detsko-oddelenie/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Jan 2023 13:03:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png детско одделение Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detsko-oddelenie/ 32 32 Детското одделение во болницата во Кочани преполно со пациенти https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/detskoto-oddelenie-vo-bolnitsata-vo-kochani-prepolno-so-patsienti/ Wed, 04 Jan 2023 13:03:15 +0000 https://republika.mk/?p=593582

Детското одделение во Општата болница во Кочани регистрира зголемен број пациенти со заболувања на горните и долните дишни патишта, кои се сместени на болничко лекување и целосно го исполнуваат неговиот капацитет.

Дневно се прават и по триесетина прегледи кај деца и помлади пациенти кои имаат зголемена телесна температура, респираторни потешкотии и воспалителни процеси, при што потешките случаи се задржуваат на болничко лекување.

Најсериозни здравствени проблеми се забележани кај децата под тригодишна возраст чиј имунолошки систем е послаб, односно недоволно развиен.

Во моментот на хоспитален третман во нашето одделение имаме 20 деца и капацитетот ни е пополнет. Се трудиме оние кои се со полесни симптоми да ги пуштиме на дневна болница за да можеме да ги згрижиме новите пациенти кои ни доаѓаат. Децата се со висока телесна температура што тешко се намалува во првите денови по примањето на терапијата, се работи за грип што оваа година ни дојде порано од очекуваното. Откако ќе се забележат првите симптоми, потребна е добра хидрација кај децата, редовно да се внесуваат електролитни раствори. Во првите два дена потребна е домашна нега, а температурата продолжува неопходно е да се направи консултација и преглед кај матичен лекар, истакна Адријана Лазарова, специјалист по болничка педијатрија во Општата болница во Кочани.

Со почетокот на училишниот распуст се очекува извесно намалување на бројот на пациенти со вирусни респираторни инфекции, аденовируси и грип меѓу учениците, но и понатаму останува можноста за заболување кај децата, пред сè од најмалите возрасни групи во градинките.

The post Детското одделение во болницата во Кочани преполно со пациенти appeared first on Република.

]]>

Детското одделение во Општата болница во Кочани регистрира зголемен број пациенти со заболувања на горните и долните дишни патишта, кои се сместени на болничко лекување и целосно го исполнуваат неговиот капацитет. Дневно се прават и по триесетина прегледи кај деца и помлади пациенти кои имаат зголемена телесна температура, респираторни потешкотии и воспалителни процеси, при што потешките случаи се задржуваат на болничко лекување. Најсериозни здравствени проблеми се забележани кај децата под тригодишна возраст чиј имунолошки систем е послаб, односно недоволно развиен.
Во моментот на хоспитален третман во нашето одделение имаме 20 деца и капацитетот ни е пополнет. Се трудиме оние кои се со полесни симптоми да ги пуштиме на дневна болница за да можеме да ги згрижиме новите пациенти кои ни доаѓаат. Децата се со висока телесна температура што тешко се намалува во првите денови по примањето на терапијата, се работи за грип што оваа година ни дојде порано од очекуваното. Откако ќе се забележат првите симптоми, потребна е добра хидрација кај децата, редовно да се внесуваат електролитни раствори. Во првите два дена потребна е домашна нега, а температурата продолжува неопходно е да се направи консултација и преглед кај матичен лекар, истакна Адријана Лазарова, специјалист по болничка педијатрија во Општата болница во Кочани.
Со почетокот на училишниот распуст се очекува извесно намалување на бројот на пациенти со вирусни респираторни инфекции, аденовируси и грип меѓу учениците, но и понатаму останува можноста за заболување кај децата, пред сè од најмалите возрасни групи во градинките.

The post Детското одделение во болницата во Кочани преполно со пациенти appeared first on Република.

]]>
Се повеќе деца се хоспитализирани на детското одделение во кумановската болница https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/se-poveke-detsa-se-hospitalizirani-na-detskoto-oddelenie-vo-kumanovskata-bolnitsa/ Mon, 02 Jan 2023 16:19:47 +0000 https://republika.mk/?p=592859

Околу 100-тина прегледи дневно има на детското одделение од општата болница Куманово, информираат надежните од јавната здравствена установа.

На одделението, хоспитализирани се дваесет дечиња, а во дневната болница има 15-тина деца.

Заболените се деца на училишна и предучилишна возраст. Се разболуваат и помали кои се инфицираат од братчињата, сестричиња. Најчесто доаѓаат со висока температура до 40 која трае од четири до пет дена. Горнореспираторни инфекции се во прашање, проследени со кашлица, црвено грло, зголемена секреција од нос. Класичен сезонски грип, изјави началничката на детското одделение од болницата, д-р Ферихан Бајрами.

Децата со висока температура се третираат интравенски со соодветна терапија. Лабораториските и микробиолошките анализи покажуваат дека циркулираат сезонски вирусни респираторни инфекции, аденовируси, инфлуенција А и инфлуенција Б.

Сега почна распустот, очекуваме намалување на бројот на заболени. Важно е да се проветрува просторијата, контактите да се сведат на минимум, да се консумира храна богата со витамини, препорачува д-р Бајрами.

Таа појаснува дека малите деца, пред сè, оние под три години имаат неразвиен имунолошки систем.

– За време на пандемијата имаше намалени контакти и сега постковид полека се враќаме во нормала и се зголемуваат контактите и се буди имунитетот кај децата, појаснува Бајрами.

Одделението е добро екипирано и можат да се справат со зголемен број заболени деца.

The post Се повеќе деца се хоспитализирани на детското одделение во кумановската болница appeared first on Република.

]]>

Околу 100-тина прегледи дневно има на детското одделение од општата болница Куманово, информираат надежните од јавната здравствена установа. На одделението, хоспитализирани се дваесет дечиња, а во дневната болница има 15-тина деца.
Заболените се деца на училишна и предучилишна возраст. Се разболуваат и помали кои се инфицираат од братчињата, сестричиња. Најчесто доаѓаат со висока температура до 40 која трае од четири до пет дена. Горнореспираторни инфекции се во прашање, проследени со кашлица, црвено грло, зголемена секреција од нос. Класичен сезонски грип, изјави началничката на детското одделение од болницата, д-р Ферихан Бајрами.
Децата со висока температура се третираат интравенски со соодветна терапија. Лабораториските и микробиолошките анализи покажуваат дека циркулираат сезонски вирусни респираторни инфекции, аденовируси, инфлуенција А и инфлуенција Б.
Сега почна распустот, очекуваме намалување на бројот на заболени. Важно е да се проветрува просторијата, контактите да се сведат на минимум, да се консумира храна богата со витамини, препорачува д-р Бајрами.
Таа појаснува дека малите деца, пред сè, оние под три години имаат неразвиен имунолошки систем. – За време на пандемијата имаше намалени контакти и сега постковид полека се враќаме во нормала и се зголемуваат контактите и се буди имунитетот кај децата, појаснува Бајрами. Одделението е добро екипирано и можат да се справат со зголемен број заболени деца.

The post Се повеќе деца се хоспитализирани на детското одделение во кумановската болница appeared first on Република.

]]>