детски градинки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detski-gradinki/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Jan 2023 15:10:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png детски градинки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detski-gradinki/ 32 32 Костовски: 3 милиони денари инвестирани во детски градинки https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kostovski-3-milioni-denari-investirani-vo-detski-gradinki/ Fri, 13 Jan 2023 15:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=596521

Децата се нашата иднина. Децата се причина за сета наша среќа, за сите наши насмевки. Затоа грижата за нив е секогаш посебен мотив! Инвестирани се 3.000.000 денари во клоновите во детската градинка „11 Октомври“ со што се подигна квалитетот и условите во детската градинка, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

Детската градинка „11 Октомври” доби:
🔴 Нови креветчиња за сите јасли групи во сите клонови
🔴 Нови апаратура во пералната која не е промената од 1978 година
🔴 Нови дидактички играчки
🔴 Нова детска едукативна литература
🔴 Нова помошна апаратура во кујната
🔴 Бела техника составена од професионални правосмукалки намените за подобра чистота во објектите
🔴 Нови табли
🔴 Нови подни подлоги
🔴 Нови душеци, прекривачи, фротирки

Општина Бутел вложува во подобрување на стандардот на образованието, при што посебно се води грижа за децата од преучилишна возраст. Детскиот развој ни е врвен приоритет затоа и во иднина континуирано ќе вложуваме во градинките, додаде Костовски.

 

The post Костовски: 3 милиони денари инвестирани во детски градинки appeared first on Република.

]]>

Децата се нашата иднина. Децата се причина за сета наша среќа, за сите наши насмевки. Затоа грижата за нив е секогаш посебен мотив! Инвестирани се 3.000.000 денари во клоновите во детската градинка „11 Октомври“ со што се подигна квалитетот и условите во детската градинка, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски. Детската градинка „11 Октомври” доби: 🔴 Нови креветчиња за сите јасли групи во сите клонови 🔴 Нови апаратура во пералната која не е промената од 1978 година 🔴 Нови дидактички играчки 🔴 Нова детска едукативна литература 🔴 Нова помошна апаратура во кујната 🔴 Бела техника составена од професионални правосмукалки намените за подобра чистота во објектите 🔴 Нови табли 🔴 Нови подни подлоги 🔴 Нови душеци, прекривачи, фротирки Општина Бутел вложува во подобрување на стандардот на образованието, при што посебно се води грижа за децата од преучилишна возраст. Детскиот развој ни е врвен приоритет затоа и во иднина континуирано ќе вложуваме во градинките, додаде Костовски.  

The post Костовски: 3 милиони денари инвестирани во детски градинки appeared first on Република.

]]>
Тренчевска уверува: Греење за градинките ќе има https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-uveruva-greenje-za-gradinkite-kje-ima/ Tue, 27 Sep 2022 08:27:29 +0000 https://republika.mk/?p=554692

Не треба да се плашат ниту родителите, ниту општините дека може да се доведе во случај да нема парно во градинките. Парно ќе има и за граѓаните и за градинките, бидејќи Владата е одговорна, се грижиме за граѓаните и ја менаџираме енергетската криза, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Во одговор на новинарско прашање на денешната средба на Министерството за труд и социјална политика и Националниот совет за родова рамноправност, Тренчевска посочи дека греење за градинките и сите останати институции ќе има, како и дека градинките не се на индустриска струја, па со тоа, како што истакна, немаат големи сметки, а голем дел од нив се енергетски ефикасни, со што заштедуваат електрична енергија.

-Покрај блок дотациите за платите, што МТСП ги исплаќа, префрлуваме средства за материјални трошоци. Меѓутоа, градинките си имаат сопствени средства, како доплатата на родителите за сместување на децата во градинките, така што одговорноста за плаќањето на комуналии, вклучително и сметките за електрична енергија е обврска на основачот на градинката, а тоа е Општината, додаде министерката.

The post Тренчевска уверува: Греење за градинките ќе има appeared first on Република.

]]>

Не треба да се плашат ниту родителите, ниту општините дека може да се доведе во случај да нема парно во градинките. Парно ќе има и за граѓаните и за градинките, бидејќи Владата е одговорна, се грижиме за граѓаните и ја менаџираме енергетската криза, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Во одговор на новинарско прашање на денешната средба на Министерството за труд и социјална политика и Националниот совет за родова рамноправност, Тренчевска посочи дека греење за градинките и сите останати институции ќе има, како и дека градинките не се на индустриска струја, па со тоа, како што истакна, немаат големи сметки, а голем дел од нив се енергетски ефикасни, со што заштедуваат електрична енергија. -Покрај блок дотациите за платите, што МТСП ги исплаќа, префрлуваме средства за материјални трошоци. Меѓутоа, градинките си имаат сопствени средства, како доплатата на родителите за сместување на децата во градинките, така што одговорноста за плаќањето на комуналии, вклучително и сметките за електрична енергија е обврска на основачот на градинката, а тоа е Општината, додаде министерката.

The post Тренчевска уверува: Греење за градинките ќе има appeared first on Република.

]]>