детска радост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detska-radost/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Jun 2023 07:43:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png детска радост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detska-radost/ 32 32 Родителите со документи за криминалот на директорката која Тренчевска ја штити https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/roditelite-so-dokumenti-za-kriminalot-na-direktorkata-koja-trenchevska-ja-shtiti/ Thu, 01 Jun 2023 07:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=646669

Родителите на децата од градинката „Детска радост“ во отворено писмо до јавноста потсетуваат на сите криминални дејствија на директортката, која иако градоначалникот на Гази Баба ја разреши, беше вратена на работа од страна на министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска.

https://republika.mk/vesti/skopje/se-jadelo-i-pielo-na-smetka-na-gradinkata-stefkovski-ja-razreshi-direktorkata-na-detska-radost/

Тие доставуваат и документи како доказ за незаконското работење и најавуваат отпор и кон тоа и кон министерката Тренчевска.

https://republika.mk/vesti/skopje/direktorkata-na-gradinkata-detska-radost-kupila-mashina-za-perene-od-4-000-evra/

Нивното отворено писмо до јавноста ви го пренесуваме во целост:

https://republika.mk/vesti/skopje/detsata-ke-gi-doneseme-pred-mtsp-porachaa-na-trenchevska-roditeli-gnevni-na-detska-radost/

Почитувани новинари,

По оддржани два состаноци на родителите на дечињата кои ја посетуваат детската градинка Детска радост го доставуваме ова отворено писмо до јавноста.

Се обраќаме по неколку дена пауза бидејќи почекавме да заврши завршната приредба на генерацијата која оваа година завршува со посетата на градинката, а беше закажана за вчера 31.05.2023 година. Не сакавме да бидеме пречка за реализација на оваа приредба бидејќи сепак се работи за нашите деца.

По направени консултации со вработени внатре во градинката и сеопфатна анализа за известуваме јавноста за донесените заклучоци:

  1. Се формира иницијативен одбор од пет преставници кои во следниот период ќе говорат во името на сите нас незадоволни родители;
  2. Од понеделник 05.06.2023 година официјално ќе започнат нашите активности за искажување на незадоволството од повторното именување на директорката;
  3. За денес 01.06.2023 година е предвидено до медиумите да се достави ова отворено писмо со анализа на документите.

Повикувајќи се на Законот за Заштита на укажувачите до целокупната јавност доставуваме анализа на документите кои пристигнаа до нас, а говорат за прекршување на Законите.

АНАЛИЗА СО ПРИЛОГ ДОКУМЕНТИ

СИТУАЦИЈА БРОЈ 1

На ден 25.05.2021 година до градинката Детска радост е доставена профактура број 21-012-00166 од економски оператор за извршена набавка на луксузен мебел со вредност од 69.266,75 денари.

Имајќи предвид дека мебелот бил набавен, а истиот не бил дел од финансискиот план на детската градинка, Управниот одбор на градинката на ден 23.07.2021 година носи Одлука за изменување и дополнување на Финансискиот план за 2021 година во кој како претпоследна точка стои: “Се додава конто 483110 – Купување на канц. Мебел во износ од 72.000 денари”.

За да се покрие крешењето на Законот на ден 07.09.2021 година е доставена истата профактура број 21-012-00166 само со променет датум.

СИТУАЦИЈА БРОЈ 2

Во прилог Ви доставуваме фактури од угостителски услуги кои директорката ги реализирала во работно време, а најчесто и по завршување на работното време, а дополнително и со храна за носење.

СИТУАЦИЈА БРОЈ 3

Службеното возило кое го има купено градинката со намена да разнесува храна за децата низ клоновите било злоупотребувано и истото се користело за приватни потреби. Во прилог Ви доставуваме и службени налози за користење на автомобилот во кој како дестинација за движење стои Петровец, местото каде што живее директорката.


СИТУАЦИЈА БРОЈ 4

Со пари од градинката се вршело секојдневна набавка на производи кои не се за децата, туку за менаџментот за градинката.

 

Почитувани новинари,

Сите ние родителите на децата кои се згрижуваат во градинката Детска радост секојдневно сме должни со носењето на нашите деца да носиме и средства за хигиена (течен сапун), тоалет, влажни марамици, пластички чаши и слично.

Нема пари за нашите деца да се купат потребните работи за нормална грижа врз нив, но секако има пари за луксузен мебел за менаџментот, ручеци проследени со алкохол и за скаби бајадери.

Ова наше писмо со сите овие документи доаѓа по повикот од директорката да на отворен ден ни ги презентирала документите со образложение дека немало криминал.

На овие документи ли мислевте, госпоѓо Анета Петровска?

Нас приемен ден, не ни треба. Нас ни треба одговорен менаџер на чело на градинката во која ги оставаме за грижа нашите деца. А нашата бројност ќе ја види и директорката, но и министерката која се стави во заштита на директорката за многу брзо.

Ја известуваме јавноста дека веќе од понеделник започнува нашиот отпор кон незаконското работење во градинката.

Ги повикуваме сите граѓани да ни се приклучат на нашиот отпор.

Ова е отпор против криминалот и корупцијата!

Ова е отпор против незаконското работење!

Ова е отпор против министерката Јованка Тренчевска која вршејќи самоволие ја врати директорката на чело на градинката!

The post Родителите со документи за криминалот на директорката која Тренчевска ја штити appeared first on Република.

]]>

Родителите на децата од градинката „Детска радост“ во отворено писмо до јавноста потсетуваат на сите криминални дејствија на директортката, која иако градоначалникот на Гази Баба ја разреши, беше вратена на работа од страна на министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска. https://republika.mk/vesti/skopje/se-jadelo-i-pielo-na-smetka-na-gradinkata-stefkovski-ja-razreshi-direktorkata-na-detska-radost/ Тие доставуваат и документи како доказ за незаконското работење и најавуваат отпор и кон тоа и кон министерката Тренчевска. https://republika.mk/vesti/skopje/direktorkata-na-gradinkata-detska-radost-kupila-mashina-za-perene-od-4-000-evra/ Нивното отворено писмо до јавноста ви го пренесуваме во целост: https://republika.mk/vesti/skopje/detsata-ke-gi-doneseme-pred-mtsp-porachaa-na-trenchevska-roditeli-gnevni-na-detska-radost/ Почитувани новинари, По оддржани два состаноци на родителите на дечињата кои ја посетуваат детската градинка Детска радост го доставуваме ова отворено писмо до јавноста. Се обраќаме по неколку дена пауза бидејќи почекавме да заврши завршната приредба на генерацијата која оваа година завршува со посетата на градинката, а беше закажана за вчера 31.05.2023 година. Не сакавме да бидеме пречка за реализација на оваа приредба бидејќи сепак се работи за нашите деца. По направени консултации со вработени внатре во градинката и сеопфатна анализа за известуваме јавноста за донесените заклучоци:
  1. Се формира иницијативен одбор од пет преставници кои во следниот период ќе говорат во името на сите нас незадоволни родители;
  2. Од понеделник 05.06.2023 година официјално ќе започнат нашите активности за искажување на незадоволството од повторното именување на директорката;
  3. За денес 01.06.2023 година е предвидено до медиумите да се достави ова отворено писмо со анализа на документите.
Повикувајќи се на Законот за Заштита на укажувачите до целокупната јавност доставуваме анализа на документите кои пристигнаа до нас, а говорат за прекршување на Законите.

АНАЛИЗА СО ПРИЛОГ ДОКУМЕНТИ

СИТУАЦИЈА БРОЈ 1 На ден 25.05.2021 година до градинката Детска радост е доставена профактура број 21-012-00166 од економски оператор за извршена набавка на луксузен мебел со вредност од 69.266,75 денари. Имајќи предвид дека мебелот бил набавен, а истиот не бил дел од финансискиот план на детската градинка, Управниот одбор на градинката на ден 23.07.2021 година носи Одлука за изменување и дополнување на Финансискиот план за 2021 година во кој како претпоследна точка стои: “Се додава конто 483110 – Купување на канц. Мебел во износ од 72.000 денари”. За да се покрие крешењето на Законот на ден 07.09.2021 година е доставена истата профактура број 21-012-00166 само со променет датум. СИТУАЦИЈА БРОЈ 2 Во прилог Ви доставуваме фактури од угостителски услуги кои директорката ги реализирала во работно време, а најчесто и по завршување на работното време, а дополнително и со храна за носење. СИТУАЦИЈА БРОЈ 3 Службеното возило кое го има купено градинката со намена да разнесува храна за децата низ клоновите било злоупотребувано и истото се користело за приватни потреби. Во прилог Ви доставуваме и службени налози за користење на автомобилот во кој како дестинација за движење стои Петровец, местото каде што живее директорката. СИТУАЦИЈА БРОЈ 4 Со пари од градинката се вршело секојдневна набавка на производи кои не се за децата, туку за менаџментот за градинката.   Почитувани новинари, Сите ние родителите на децата кои се згрижуваат во градинката Детска радост секојдневно сме должни со носењето на нашите деца да носиме и средства за хигиена (течен сапун), тоалет, влажни марамици, пластички чаши и слично. Нема пари за нашите деца да се купат потребните работи за нормална грижа врз нив, но секако има пари за луксузен мебел за менаџментот, ручеци проследени со алкохол и за скаби бајадери. Ова наше писмо со сите овие документи доаѓа по повикот од директорката да на отворен ден ни ги презентирала документите со образложение дека немало криминал. На овие документи ли мислевте, госпоѓо Анета Петровска? Нас приемен ден, не ни треба. Нас ни треба одговорен менаџер на чело на градинката во која ги оставаме за грижа нашите деца. А нашата бројност ќе ја види и директорката, но и министерката која се стави во заштита на директорката за многу брзо. Ја известуваме јавноста дека веќе од понеделник започнува нашиот отпор кон незаконското работење во градинката. Ги повикуваме сите граѓани да ни се приклучат на нашиот отпор. Ова е отпор против криминалот и корупцијата! Ова е отпор против незаконското работење! Ова е отпор против министерката Јованка Тренчевска која вршејќи самоволие ја врати директорката на чело на градинката!

The post Родителите со документи за криминалот на директорката која Тренчевска ја штити appeared first on Република.

]]>
Родителите велат дека се згрозени од одлуката на Тренчевска, порачаа да не ги користи нивните деца за политички пресметки https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/roditelite-velat-deka-se-zgrozeni-od-odlukata-na-trenchevska-porachaa-da-ne-gi-koristi-nivnite-detsa-za-politichki-presmetki/ Sun, 28 May 2023 13:19:26 +0000 https://republika.mk/?p=645430

Родители на деца од градинката „Детска радост“ во писмен допис до медиумите велат дека се згрозени од одлуката на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска да ја врати старата директорка Анета Петровска на функција, откако таа беше првично разрешена од градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски поради пронајдени бројни злоупотреби и нерегуларности во нејзиното работење.

https://republika.mk/vesti/skopje/se-jadelo-i-pielo-na-smetka-na-gradinkata-stefkovski-ja-razreshi-direktorkata-na-detska-radost/

Родителите вечерва ќе одлучуваат како следно ќе постапат и дали ќе бојкотираат.

https://republika.mk/vesti/skopje/detsata-ke-gi-doneseme-pred-mtsp-porachaa-na-trenchevska-roditeli-gnevni-na-detska-radost/

Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение до јавноста:

„Почитувани новинари,

Почитувана Министерка за труд и социјална политика,

Ние родителите на децата кои секојдневно се згрижуваат во детската градинка Детска радост во клоновите во Автокоманда и Железара ЗГРОЗЕНИ сме од донесената одлука на Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска повторно да ја именува разрешената директорка Анета Петровска за директор на градинката на нашите деца.

Јавно ја прашуваме Министерката Тренчевска:

Дали почитувана Министерке, Вие би ги пуштиле Вашите деца и Вашите внуци да посетуваат градинка која ја води директорка за која изминатиот еден месец во јавноста видовме документи и докази за сторено кршење на многу закони?

Дали почитувана Министерке, Вие би дозволиле за Вашите деца да се грижи некој што не почитува Закон во неговата работа?

https://republika.mk/vesti/skopje/direktorkata-na-gradinkata-detska-radost-kupila-mashina-za-perene-od-4-000-evra/

Зошто почитувана Министерке, преку грбот на нашите деца ги спроведувате Вашите политички битки? Зошто откако ги одземавте надлежностите, не именувавте друго лице за директор на градинката, туку ја вративте разрешената директорка?

Почитувана јавност,

Нашите деца не се предмети па со нив да си поигрува Министерката, општината ниту пак било кој.

Изразуваме СЕРИОЗНА ЗАГРИЖЕНОСТ за нашите деца кои од утре треба да ги пуштиме да посетуваат градинка која ја води директорка која во својата работа секојдневно прекршувала Закони.

Ја известуваме јавноста за следното:

Ние родителите за вечерва имаме закажано средба на која ќе ги дефинираме следните чекори.

Сериозно размислуваме за повик за бојкотирање, односно не носење на нашите деца во просториите на детската градинка и исполнување на напишаното од првото писмо, односно носење на нашите деца пред зградата на Министерството за труд и социјална политика со цел Министерката да се грижи за нив.

Сериозно размислуваме за организирање на протести со цел заштита на сигурноста на нашите деца која според нас во овој момент е нарушена.

Бараме поддршка и разбирање од сите граѓани на општина Гази Баба. Бараме поддршка и разбирање од сите родители на деца, бидејќи знаеме какво е чувството да незнаеш на кого го оставаш своето дете!

Во текот на вечерта, преку соопштение до јавноста ќе информираме за следните чекори кои ќе ги преземеме.

Со почит,

Родители на деца од градинката Детска радост“.

The post Родителите велат дека се згрозени од одлуката на Тренчевска, порачаа да не ги користи нивните деца за политички пресметки appeared first on Република.

]]>

Родители на деца од градинката „Детска радост“ во писмен допис до медиумите велат дека се згрозени од одлуката на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска да ја врати старата директорка Анета Петровска на функција, откако таа беше првично разрешена од градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски поради пронајдени бројни злоупотреби и нерегуларности во нејзиното работење. https://republika.mk/vesti/skopje/se-jadelo-i-pielo-na-smetka-na-gradinkata-stefkovski-ja-razreshi-direktorkata-na-detska-radost/ Родителите вечерва ќе одлучуваат како следно ќе постапат и дали ќе бојкотираат. https://republika.mk/vesti/skopje/detsata-ke-gi-doneseme-pred-mtsp-porachaa-na-trenchevska-roditeli-gnevni-na-detska-radost/ Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение до јавноста: „Почитувани новинари, Почитувана Министерка за труд и социјална политика, Ние родителите на децата кои секојдневно се згрижуваат во детската градинка Детска радост во клоновите во Автокоманда и Железара ЗГРОЗЕНИ сме од донесената одлука на Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска повторно да ја именува разрешената директорка Анета Петровска за директор на градинката на нашите деца. Јавно ја прашуваме Министерката Тренчевска: Дали почитувана Министерке, Вие би ги пуштиле Вашите деца и Вашите внуци да посетуваат градинка која ја води директорка за која изминатиот еден месец во јавноста видовме документи и докази за сторено кршење на многу закони? Дали почитувана Министерке, Вие би дозволиле за Вашите деца да се грижи некој што не почитува Закон во неговата работа? https://republika.mk/vesti/skopje/direktorkata-na-gradinkata-detska-radost-kupila-mashina-za-perene-od-4-000-evra/ Зошто почитувана Министерке, преку грбот на нашите деца ги спроведувате Вашите политички битки? Зошто откако ги одземавте надлежностите, не именувавте друго лице за директор на градинката, туку ја вративте разрешената директорка? Почитувана јавност, Нашите деца не се предмети па со нив да си поигрува Министерката, општината ниту пак било кој. Изразуваме СЕРИОЗНА ЗАГРИЖЕНОСТ за нашите деца кои од утре треба да ги пуштиме да посетуваат градинка која ја води директорка која во својата работа секојдневно прекршувала Закони. Ја известуваме јавноста за следното: Ние родителите за вечерва имаме закажано средба на која ќе ги дефинираме следните чекори. Сериозно размислуваме за повик за бојкотирање, односно не носење на нашите деца во просториите на детската градинка и исполнување на напишаното од првото писмо, односно носење на нашите деца пред зградата на Министерството за труд и социјална политика со цел Министерката да се грижи за нив. Сериозно размислуваме за организирање на протести со цел заштита на сигурноста на нашите деца која според нас во овој момент е нарушена. Бараме поддршка и разбирање од сите граѓани на општина Гази Баба. Бараме поддршка и разбирање од сите родители на деца, бидејќи знаеме какво е чувството да незнаеш на кого го оставаш своето дете! Во текот на вечерта, преку соопштение до јавноста ќе информираме за следните чекори кои ќе ги преземеме. Со почит, Родители на деца од градинката Детска радост“.

The post Родителите велат дека се згрозени од одлуката на Тренчевска, порачаа да не ги користи нивните деца за политички пресметки appeared first on Република.

]]>
Стефковски: Тренчевска донесе скандалозна одлука да ја врати разрешената директорка на „Детска радост“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stefkovski-trenchevska-donese-skandalozna-odluka-da-ja-vrati-razreshenata-direktorka-na-detska-radost/ Sat, 27 May 2023 12:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=645178

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски оддржа прес-конференција на која информираше за новонастанатата состојба со детската градинка Детска радост.

Откако не успеаја да направат политички притисок врз мене за да ја поништам одлуката за разрешување на директорката на детската градинка „Детска радост“, Министерството за труд и социјална политика ѝ ги одзеде надлежносите на општината. Оваа одлука донесена од страна на Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска е незаконита и политички мотивирана, рече Стефковски.

Тој нагласи дека има информации дека во Министерството за труд и социјална политика бил вршен притисок врз вработените за носење на незаконита одлука за одземање на надлежноста на општината.

Со одлукатада ја врати разрешената директорка за директор на детската градинка Детска радост министерката Јованка Тренчевска се става во директна заштита на незаконското работење утврдено со ревизорски извештај направен од страна на независна лиценцирана ревизорска куќа.

Загрижен сум поради тоа што нашите деца од понеделник ќе посетуваат градинка со која ќе управува директорка за која постојат докази за утврдени злоупотреби и законски прекршувања.

За мене е скандалозна одлуката на министерката Тренчевска, да ја врати разрешената директорка, без притоа Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција да се произнесат по наодите за прекршување на Законот, рече Стефковски и потсети дека Тренчевска не го зема предвид и фактот што СОНК и вработените во градинката и родители дале поддршка на одлуката за разрешување на директорката.

The post Стефковски: Тренчевска донесе скандалозна одлука да ја врати разрешената директорка на „Детска радост“ appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски оддржа прес-конференција на која информираше за новонастанатата состојба со детската градинка Детска радост.
Откако не успеаја да направат политички притисок врз мене за да ја поништам одлуката за разрешување на директорката на детската градинка „Детска радост“, Министерството за труд и социјална политика ѝ ги одзеде надлежносите на општината. Оваа одлука донесена од страна на Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска е незаконита и политички мотивирана, рече Стефковски.
Тој нагласи дека има информации дека во Министерството за труд и социјална политика бил вршен притисок врз вработените за носење на незаконита одлука за одземање на надлежноста на општината.
Со одлукатада ја врати разрешената директорка за директор на детската градинка Детска радост министерката Јованка Тренчевска се става во директна заштита на незаконското работење утврдено со ревизорски извештај направен од страна на независна лиценцирана ревизорска куќа. Загрижен сум поради тоа што нашите деца од понеделник ќе посетуваат градинка со која ќе управува директорка за која постојат докази за утврдени злоупотреби и законски прекршувања. За мене е скандалозна одлуката на министерката Тренчевска, да ја врати разрешената директорка, без притоа Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција да се произнесат по наодите за прекршување на Законот, рече Стефковски и потсети дека Тренчевска не го зема предвид и фактот што СОНК и вработените во градинката и родители дале поддршка на одлуката за разрешување на директорката.

The post Стефковски: Тренчевска донесе скандалозна одлука да ја врати разрешената директорка на „Детска радост“ appeared first on Република.

]]>
Тренчевска ми ги одзеде надлежностите на Стефковски за градинката Детска радост https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/trenchevska-mi-gi-odzede-nadlezhnostite-na-stefkovski-za-gradinkata-detska-radost/ Fri, 26 May 2023 19:41:30 +0000 https://republika.mk/?p=645072

Министерството а труд и социјална политика ги одзеде надлежностите на Општина Гази Баба над градинката Детска радост во Автокоманда. Градоначалникот на Општината, Боби Стефковски попладнево на социјалните мрежи најави прес-конференција за утре посочувајќи дека состојбата е загрижувачка.

Доцна попладнево пред крајот на работното време во општина Гази Баба пристигна Одлуката со која Министерката за труд и социјална политика ни ги одзема надлежностите над градинката Детска радост во Автокоманда.
Но она што загрижува е Одлуката на Министерката да ја врати разрешената директорка на чело на градинката, што е директна заштита на незаконско работење утврдено со ревизорски извештај.
Состојбата е загрижувачка и за таа цел закажувам прес конференција, утре 27.05.2023 година (сабота) со почеток во 11:00 часот во просториите на општина Гази Баба
- стои во објавата на Стефковски

Претходно градоначалникот Стефковски обвини дека има низа неправилности во работењето на директорката на градинката Детска радост.

https://republika.mk/vesti/skopje/se-jadelo-i-pielo-na-smetka-na-gradinkata-stefkovski-ja-razreshi-direktorkata-na-detska-radost/

The post Тренчевска ми ги одзеде надлежностите на Стефковски за градинката Детска радост appeared first on Република.

]]>

Министерството а труд и социјална политика ги одзеде надлежностите на Општина Гази Баба над градинката Детска радост во Автокоманда. Градоначалникот на Општината, Боби Стефковски попладнево на социјалните мрежи најави прес-конференција за утре посочувајќи дека состојбата е загрижувачка.
Доцна попладнево пред крајот на работното време во општина Гази Баба пристигна Одлуката со која Министерката за труд и социјална политика ни ги одзема надлежностите над градинката Детска радост во Автокоманда. Но она што загрижува е Одлуката на Министерката да ја врати разрешената директорка на чело на градинката, што е директна заштита на незаконско работење утврдено со ревизорски извештај. Состојбата е загрижувачка и за таа цел закажувам прес конференција, утре 27.05.2023 година (сабота) со почеток во 11:00 часот во просториите на општина Гази Баба - стои во објавата на Стефковски
Претходно градоначалникот Стефковски обвини дека има низа неправилности во работењето на директорката на градинката Детска радост. https://republika.mk/vesti/skopje/se-jadelo-i-pielo-na-smetka-na-gradinkata-stefkovski-ja-razreshi-direktorkata-na-detska-radost/

The post Тренчевска ми ги одзеде надлежностите на Стефковски за градинката Детска радост appeared first on Република.

]]>
Децата ќе ги донесеме пред МТСП, ѝ порачаа на Тренчевска родители гневни на „Детска радост“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/detsata-ke-gi-doneseme-pred-mtsp-porachaa-na-trenchevska-roditeli-gnevni-na-detska-radost/ Mon, 15 May 2023 09:21:06 +0000 https://republika.mk/?p=640911

Почитувана министерка Јованка Тренчевска

Детската градинка Детска радост во Автокоманда е градинка во која се згрижуваат децата од Автокоманда, Железара и Керамидница.

Во време кога многу наши соседи чекаат со месеци да ги запишат децата во градинка, наместо за нови инвестиции нашата градинка во јавноста стана позната по скандали и незаконско работење.

Како родители згрозени сме од она што го читаме и слушаме во медиумите.

https://republika.mk/vesti/skopje/se-jadelo-i-pielo-na-smetka-na-gradinkata-stefkovski-ja-razreshi-direktorkata-na-detska-radost/

На овој чекор се одлучивме, јавно да се обратиме до министерката за труд и социјална политика и да ги кажеме нашите ставови по однос на целата состојба.

  1. Во градинката Детска радост се запишани 614 дечиња и тие не заслужуваат ваков однос каков што се случува во изминатите три недели.
  2. Дали Вие како Министер за труд и социјална политика сте информирани дека нашите деца често се оставени гладни и без храна, благодарение на менаџментот на градинката под раководство на разрешената директорка Анета Петровска?
  3. Дали Вие како Министер за труд и социјална политика сте информирани дека во нашата градинка на дете му беше дупната главата со лажица од страна на вработена во градинката? И што се случи? Вработената си продолжи со работа, само распределена од еден во друг клон.
  4. Дали Вие како Министер за труд и социјална политика сте информирани дека ние како родители месечно од нашите пари уплаќаме надомест во градинката? А дополнително купуваме материјали за работа на децата, како и марамици, пластични чаши и сл? За ова нема пари од буџетот на градинката, ама гледаме дека за сметки по ресторани имало пари.
  5. Дали Вие како Министер за труд и социјална политика знаете во каква состојба се клоновите на градинката? Нема пари за реконструкција на објектите, а има пари за луксузен мебел на кабинетот на менаџментот.
  6. Ве прашуваме зошто замижувате пред сето ова и се ставате заштита на жена која и во минатото била разрешувана од директорка во градинка во Петровец по идентични дела како и сега?

На крај, ја информираме јавноста дека како родители нема да дозволиме нашите деца да бидат згрижувани во детска градинка со која раководи лице кое видовме сите од документите, работело спротивно на многу закони.

https://republika.mk/vesti/skopje/direktorkata-na-gradinkata-detska-radost-kupila-mashina-za-perene-od-4-000-evra/

БАРАМЕ од Министерката да не ги одзема ингеренциите на општината во управувањето на градинката Детска радост, бидејќи проблемот не е во општината, туку во разрешената директорка.

Доколку Министерката ја заштити разрешената директорка која работела спротивно на Закон и ги одземе ингеренциите на општината, нашите деца ќе ги донесеме пред зградата на Министерството за труд и социјална политика и ќе ги оставиме Министерката да се грижи за нив.

Нашите деца нема да одат во градинка која ја води директор осомничен за криминал!

The post Децата ќе ги донесеме пред МТСП, ѝ порачаа на Тренчевска родители гневни на „Детска радост“ appeared first on Република.

]]>

Почитувана министерка Јованка Тренчевска

Детската градинка Детска радост во Автокоманда е градинка во која се згрижуваат децата од Автокоманда, Железара и Керамидница.

Во време кога многу наши соседи чекаат со месеци да ги запишат децата во градинка, наместо за нови инвестиции нашата градинка во јавноста стана позната по скандали и незаконско работење.

Како родители згрозени сме од она што го читаме и слушаме во медиумите.

https://republika.mk/vesti/skopje/se-jadelo-i-pielo-na-smetka-na-gradinkata-stefkovski-ja-razreshi-direktorkata-na-detska-radost/

На овој чекор се одлучивме, јавно да се обратиме до министерката за труд и социјална политика и да ги кажеме нашите ставови по однос на целата состојба.

  1. Во градинката Детска радост се запишани 614 дечиња и тие не заслужуваат ваков однос каков што се случува во изминатите три недели.
  2. Дали Вие како Министер за труд и социјална политика сте информирани дека нашите деца често се оставени гладни и без храна, благодарение на менаџментот на градинката под раководство на разрешената директорка Анета Петровска?
  3. Дали Вие како Министер за труд и социјална политика сте информирани дека во нашата градинка на дете му беше дупната главата со лажица од страна на вработена во градинката? И што се случи? Вработената си продолжи со работа, само распределена од еден во друг клон.
  4. Дали Вие како Министер за труд и социјална политика сте информирани дека ние како родители месечно од нашите пари уплаќаме надомест во градинката? А дополнително купуваме материјали за работа на децата, како и марамици, пластични чаши и сл? За ова нема пари од буџетот на градинката, ама гледаме дека за сметки по ресторани имало пари.
  5. Дали Вие како Министер за труд и социјална политика знаете во каква состојба се клоновите на градинката? Нема пари за реконструкција на објектите, а има пари за луксузен мебел на кабинетот на менаџментот.
  6. Ве прашуваме зошто замижувате пред сето ова и се ставате заштита на жена која и во минатото била разрешувана од директорка во градинка во Петровец по идентични дела како и сега?

На крај, ја информираме јавноста дека како родители нема да дозволиме нашите деца да бидат згрижувани во детска градинка со која раководи лице кое видовме сите од документите, работело спротивно на многу закони.

https://republika.mk/vesti/skopje/direktorkata-na-gradinkata-detska-radost-kupila-mashina-za-perene-od-4-000-evra/

БАРАМЕ од Министерката да не ги одзема ингеренциите на општината во управувањето на градинката Детска радост, бидејќи проблемот не е во општината, туку во разрешената директорка.

Доколку Министерката ја заштити разрешената директорка која работела спротивно на Закон и ги одземе ингеренциите на општината, нашите деца ќе ги донесеме пред зградата на Министерството за труд и социјална политика и ќе ги оставиме Министерката да се грижи за нив.

Нашите деца нема да одат во градинка која ја води директор осомничен за криминал!

The post Децата ќе ги донесеме пред МТСП, ѝ порачаа на Тренчевска родители гневни на „Детска радост“ appeared first on Република.

]]>
Директорката на градинката „Детска радост“ купила машина за перење од 4.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/direktorkata-na-gradinkata-detska-radost-kupila-mashina-za-perene-od-4-000-evra/ Sun, 14 May 2023 15:46:04 +0000 https://republika.mk/?p=640717

Детската градинка „Детска радост“ од скопска Автокоманда, чија директорка е разрешена поради незаконско работење, во непланирана јавна набавка купила 3 машини за перење алишта за што платила повеќе од 15.000 евра или безмалку по 4.000 евра по парче, објави порталот Курир.

Според порталот, оваа и неколку други јавни набавки направени во градинката не биле дел од планот за набавки за лани.

Купувањето на машините за перење алишта ја чинело градинката вкупно 938.100 денари (15.228 евра)  со  вклучен ДДВ.

https://republika.mk/vesti/skopje/se-jadelo-i-pielo-na-smetka-na-gradinkata-stefkovski-ja-razreshi-direktorkata-na-detska-radost/

Дополнително, според пораталот, сомнеж на оваа јавна набавка дрла и тоа  што во Планот за јавни набавки за 2022 година кој е задолжителен согласно Закон, оваа јавна набавка воопшто не е предвидена за реализација, а истата се реализирала.

Покрај овој договор, биле склучени и договори за услуги за хортикултурно уредување на зелени површини тежок 500.000 денари, како и договор за набавка на кујнска опрема во висина од 179.124 денари.

Заедничко за сите овие три договори е тоа што истите се реализирани, а не биле дел од планот за јавни набавки на детската градинка.

Дел од незаконското работење било утврдено и во ревизорскиот извештај, по што директорката на градинката е разрешена.

The post Директорката на градинката „Детска радост“ купила машина за перење од 4.000 евра appeared first on Република.

]]>

Детската градинка „Детска радост“ од скопска Автокоманда, чија директорка е разрешена поради незаконско работење, во непланирана јавна набавка купила 3 машини за перење алишта за што платила повеќе од 15.000 евра или безмалку по 4.000 евра по парче, објави порталот Курир. Според порталот, оваа и неколку други јавни набавки направени во градинката не биле дел од планот за набавки за лани. Купувањето на машините за перење алишта ја чинело градинката вкупно 938.100 денари (15.228 евра)  со  вклучен ДДВ. https://republika.mk/vesti/skopje/se-jadelo-i-pielo-na-smetka-na-gradinkata-stefkovski-ja-razreshi-direktorkata-na-detska-radost/ Дополнително, според пораталот, сомнеж на оваа јавна набавка дрла и тоа  што во Планот за јавни набавки за 2022 година кој е задолжителен согласно Закон, оваа јавна набавка воопшто не е предвидена за реализација, а истата се реализирала. Покрај овој договор, биле склучени и договори за услуги за хортикултурно уредување на зелени површини тежок 500.000 денари, како и договор за набавка на кујнска опрема во висина од 179.124 денари. Заедничко за сите овие три договори е тоа што истите се реализирани, а не биле дел од планот за јавни набавки на детската градинка. Дел од незаконското работење било утврдено и во ревизорскиот извештај, по што директорката на градинката е разрешена.

The post Директорката на градинката „Детска радост“ купила машина за перење од 4.000 евра appeared first on Република.

]]>
Разрешената директорка од Гази Баба не нарачувала храна и не купувала мебел за дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/razreshenata-direktorka-od-gazi-baba-ne-narachuvala-hrana-i-ne-kupuvala-mebel-za-doma/ Wed, 26 Apr 2023 12:48:57 +0000 https://republika.mk/?p=634313

Откако вчера, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека ја разрешил директорката на градинката „Детска радост“, затоа што ревизијата покажала незаконско работење, денеска таа го демантира, а обвинува и дека за разрешувањето дознала од медиумите, додека таа била на боледување поради болно дете.

Нејзиниот демант ви го пренесуваме во целост:

Јас, Анета Петровска, Директор на Јавна установа за деца –детска градника “Детска радост” –Општина Гази Баба, Скопје преку полномошник Адвокат Златка Денковска Скопје согласно член 14 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда го поднесуваме следниов демант на изјава дадена од страна на Градоначалникот Бобан Стефковски на Општина Гази Баба во врска со донесена одлука за разрешување на лицето Анета Петровска.

Бараме демантот да биде објавен целосно со сите пропратни документи  во најбрз можен рок се со цел да се спречат навредите и клеветтничките изјави од страна на Градоначалникот Бобан Стефковски на Општина Гази Баба.

 

Имено, лицето Анета Петровска за одлуката за разрешување дознава од страна на медиумите и острите напади од страна на Градоначалникот Бобан Стефковски на Општина Гази Баба, таа моментално се наоѓа на боледување поради влошена здравстевна состојба на своето малолетно дете.

 

Најпрво,  укажуваме дека ревисискиот извештај од  ТП Ревизија Чулева за кој сега говори Градоначалникот е од 15.03.2022 година, значи оваа ревизија беше извршена веднаш по првото разрешување на Директорката Анета Петровска, но бидејќи во постапката за разрешување кога беа повикани преставници на Министерството за труд и социјална политика  ги провераија наводите односно сите фактури за слободни јавни набаваки и утврдија дека нема пречекорување на законскиот минимум за слободна јавана набавка и дадоа негативно мислење по предлогот за разрешување, по што и самиот Градиначалник си го поништи своето решение за разрешување.

 

ДОКАЗ: –Произнесување – давање на мислење за разрешување на Директорка на Детска Градиснка Детска Радост Анета Петровска предложено до управен одбор на градинката врз основа на конечен извештај за извршена ревизија броја 03-2/3 од 10.01.2022 година од Добри Петров  од Министерство за труд и социјална политика 

 

Овој ревизиски извештај е напаравен во време на мандатот на В. Д Директорката Маринела Бошевa и тоа во период од само 3(три) часа, па се поставува прашање како Ревизија Чулева напарви извештај за само 3(три) часа на цели 12 (дванесет) класери, односно за целкупното работење на Директор Анета Петровска за 2021 година.

 

Нејасно е дека како Градоначалникот Бобан Стефковски сега одржува прес конференции укажувајќи дека нема да дозволи незаконско работење кога за овој извештај е веќе една година и ништо не превзема доколку релано имаше основ за разрешување.

 

Имено сакаме да им појасниме на пошироката јавност следново дека ТП Ревизија Чулева не е надлежна за вршење на ревизија во ЈУДГ Детска Радост Скопје. Ненадлежноста на ТП Ревизија Чулева произлегува од тоа што истата може да врши ревизија само во приватни субјекти и тоа согласно член 1 од Законот за ревизија каде е уредено:

 

„ Член 1 

Со овој закон се уредуваат условите за вршење на ревизија во правните лица кои вршат дејност во Република Македонија. “

 

ПРИЛОГ: Закон за ревизија страна 1

 

Имено, за тоа кој е надлежен за вршење на ревизија во во државни субјекти е уредено согласно член 1 од Законот за внатрешна ревизија каде е уредено:

 

„ Член 1 

(1) Со овој закон се уредува системот за внатрешна ревизија заснован согласно со меѓународните стандарди за внатрешна ревизија, целите, принципите, организацијата, функционирањето и надлежностите на внатрешната ревизија на субјектите во јавниот сектор во Република Македонија. 

(2) Одредбите на овој закон се однесуваат на следниве субјекти од јавниот сектор (во натамошниот текст: субјекти): корисниците на средства од Буџетот на Република Македонија, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Фондот за магистрални и регионални патишта, Агенцијата за вработување на Република Македонија, општините и градот Скопје, агенциите и другите институции основани со закон, јавните претпријатија, како и правните лица во кои државата е доминантен акционер. “

 

ПРИЛОГ:Закон за внатрешна ревизија страна 1

 

Со оглед на тоа што ЈУДГ Детска Радост Скопје е државен субјект, а не приватно правно лице јасно е дека ТП Ревизија Чулева е ненадлежна за вршење на ревизија.

 

  1. II) Ненадлежноста на ТП Ревизија Чулева произлегува и од тоа што видно од Понуда за ревидирање на финансиски извештаии (самофинансирачка сметка 777010203878714) за годината што завршува на 31 декември 2021 доставена од страна на ТП Ревизија Чулева од страна број 3 (три) под точка 8 има наведено дека услугите ќе се наплатат од самофинансирачка сметка на ЈУДГ Детска Радост Скопје.

 

Појаснуваме дека согласно член 32 од Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план  за буџетските корисници  е предвидено дека:

На сметката 425 – Договорни услуги, се искажуваат расходите за изнајмување на канцелариски простор и на магацински простор, изнајмување на друг тип на простор, изнајмување на канцелариска опрема, изнајмување на моторни возила, друга опрема и опрема за специјални намени, провизија за платен промет; банкарска провизија; осигурување на вработени, осигурување за повреда и инвалидитет; осигурување на недвижности и права, осигурување на моторни возила, осигурување на воздухоплови, други финансиски услуги, правни услуги, судски вештачења, судски преведувачи, судска експертиза, судски курирски услуги, плаќања за здравствени организации од Министерството за здравство, примарна здравствена заштита, специјалистичко-консултативна заштита, болнички услуги, здравствени услуги во странство, ортопедски услуги; други здравствени услуги, ветеринарни услуги, заштита од штетници во земјоделството; уништување на штетни животни; земјоделски производни услуги; услуги за заштита на водите, реките и езерата, метеоролошки и хидрометеоролошки набљудувања; испитување на квалитетот на водите и воздухот; изработка на просторни и урбанистички планови, обука за техничка култура, услуги за развој на наставниот план и програма, инструктори на кратки курсеви, дополнителни активности, услуги за вонучилишни образовни активности; превозни услуги во образованието, други образовни услуги, преведувачи, услуги за копирање, печатење и издавање, научно истражување, рушење на објекти, плаќање за користење на приватен имот во одбраната, пренос на програмите на МРТВ преку сателит и други договорни услуги..”

ПРИЛОГ: Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план  за буџетските корисници  страна број 1 и страна број 12

Согласно напред наведеното произлегува дека не може ревизиски извештаи да се наплатуваат од самофинансирачката сметка – конто 425 – Договорни услуги, па оттука произлегува ненадлежноста и нестручноста на ТП Ревизија Чулева.

III) Нестручноста на ТП Ревизија Чулева при постапувањето произлегува и од тоа што истата ревизијата ја има направено само паушално и тенденциозно, бидејќи истата никогаш ја нема ревидирано работата на директор Анета Петровска. Ова произлегува од тоа што ТП Ревизија Чулева согасно член 15 став 2 од Правилникот за начинот на извршување на внатрешната ревизија и начинот на известување за ревизија е уредено дека по изготвениот претходен извештај потребно е да се достави до раководителот на раководната организациона единица, во конкретниот случај Директорот Анета Петровска, која ќе има рок од 10 (десет) работни дена да се произнесе по истиот, па стои:

„ Член 15 

(1) Претходниот извештај е првата официјална верзија на ревизорскиот извештај кој се изготвува во рок од еден месец по завршувањето на ревизијата и истиот раководителот на единицата за внатрешна ревизија го доставува до раководителите на ревидираните организациони единици. Претходниот ревизорски извештај ги вклучува и резултатите од завршниот состанок. 

(2) Раководителите на ревидираните организациони единици во рок од десет работни дена од приемот на претходниот ревизорски извештај треба да достават одговор по истиот. 

(3) Одговорот на раководителите на ревидираните организациони единици по претходниот ревизорски извештај, содржи коментари за содржината на извештајот и акциски план за спроведување на препораките со конкретно дефиниран период на извршување и одговорни лица. 

(4) Коментарите треба да содржат конкретни докази со цел да го оспорат мислењето на внатрешната ревизија пред да се објави конечниот извештај. “

ДОКАЗ: Правилник за начинот на извршување на внатрешна ревизија и начинот на известување за ревизијта страна 1 и страна 8

Со оглед на тоа што претходниот извештај никогаш не е доставен до Директорот Анета Петровска за да се произнесе по истиот, јасно е дека ТП Ревизија Чулева постапува тенденциозно, на начин што само ги има препишано наводите од ревизијата извршена од страна на Добри Петров.

 

Воедно, ве известувам дека во поглед на работењето на Директор Анета Петровска во текот на 2021 година, се со цел да се утврди дали има недостатоци беше поднесено барање за вршење на ad hoc ревизија до Централната единица за хармонизација на системот на јавна внатрешна финансиска контрола од 07.02.2022 година, по што истиот изготви Претходен извештај за извршена супервизија на квалитетот на работењето на единицата за внатрешна ревизија во Општина Гази Баба од април 2022 година каде на страна број 10 (десет) во вториот пасус јасно е констатирано дека извршената ревизија е извршна со многу низок квалитет на работењето на внатрешната ревизија.

ДОКАЗ: Претходен извештај за извршена супервизија на квалитетот на работењето на единицата за внатрешна ревизија во Општина Гази Баба од април 2022 година

Па  така на ден 10.04.2023 година во 10 и 15 часот   во градинката Детска Радост беше одржана седница на Управниот одбор на која повторно беа повикани преставници од Министерството за труд и социјална политика за да дадат мислење по предлогот за разрешување на Директорот Анета Петровска. На Управниот одбор се утврди дека повторно се дискутира за истите наводи и за работата на Директорот Анета Петровска за 2021 година која е детално разгледана и останаа на истото мислење односно не сметаа дека е оправдано разрешувањето на Директорот Анета Петровска. 

ДОКАЗ: Записник број 16 од Управен одбор на Детска Градинка “Детска Радост” Скопје

Според сето напред наведено јасно е дека разерушувањето кое е сторено медиумски е тенденциозно и со намера да се наруши честа и угледот на Анета Петровска, наводите за кои ги објавува Градоначалникот Бобан Стефковски се истите за кои еднаш ја веќе ја  разреши па ја повлече одлуката и ја врати за директор.

The post Разрешената директорка од Гази Баба не нарачувала храна и не купувала мебел за дома appeared first on Република.

]]>

Откако вчера, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека ја разрешил директорката на градинката „Детска радост“, затоа што ревизијата покажала незаконско работење, денеска таа го демантира, а обвинува и дека за разрешувањето дознала од медиумите, додека таа била на боледување поради болно дете.
Нејзиниот демант ви го пренесуваме во целост:
Јас, Анета Петровска, Директор на Јавна установа за деца –детска градника “Детска радост” –Општина Гази Баба, Скопје преку полномошник Адвокат Златка Денковска Скопје согласно член 14 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда го поднесуваме следниов демант на изјава дадена од страна на Градоначалникот Бобан Стефковски на Општина Гази Баба во врска со донесена одлука за разрешување на лицето Анета Петровска. Бараме демантот да биде објавен целосно со сите пропратни документи  во најбрз можен рок се со цел да се спречат навредите и клеветтничките изјави од страна на Градоначалникот Бобан Стефковски на Општина Гази Баба.
  Имено, лицето Анета Петровска за одлуката за разрешување дознава од страна на медиумите и острите напади од страна на Градоначалникот Бобан Стефковски на Општина Гази Баба, таа моментално се наоѓа на боледување поради влошена здравстевна состојба на своето малолетно дете.   Најпрво,  укажуваме дека ревисискиот извештај од  ТП Ревизија Чулева за кој сега говори Градоначалникот е од 15.03.2022 година, значи оваа ревизија беше извршена веднаш по првото разрешување на Директорката Анета Петровска, но бидејќи во постапката за разрешување кога беа повикани преставници на Министерството за труд и социјална политика  ги провераија наводите односно сите фактури за слободни јавни набаваки и утврдија дека нема пречекорување на законскиот минимум за слободна јавана набавка и дадоа негативно мислење по предлогот за разрешување, по што и самиот Градиначалник си го поништи своето решение за разрешување.   ДОКАЗ: –Произнесување – давање на мислење за разрешување на Директорка на Детска Градиснка Детска Радост Анета Петровска предложено до управен одбор на градинката врз основа на конечен извештај за извршена ревизија броја 03-2/3 од 10.01.2022 година од Добри Петров  од Министерство за труд и социјална политика    Овој ревизиски извештај е напаравен во време на мандатот на В. Д Директорката Маринела Бошевa и тоа во период од само 3(три) часа, па се поставува прашање како Ревизија Чулева напарви извештај за само 3(три) часа на цели 12 (дванесет) класери, односно за целкупното работење на Директор Анета Петровска за 2021 година.   Нејасно е дека како Градоначалникот Бобан Стефковски сега одржува прес конференции укажувајќи дека нема да дозволи незаконско работење кога за овој извештај е веќе една година и ништо не превзема доколку релано имаше основ за разрешување.   Имено сакаме да им појасниме на пошироката јавност следново дека ТП Ревизија Чулева не е надлежна за вршење на ревизија во ЈУДГ Детска Радост Скопје. Ненадлежноста на ТП Ревизија Чулева произлегува од тоа што истата може да врши ревизија само во приватни субјекти и тоа согласно член 1 од Законот за ревизија каде е уредено:   „ Член 1  Со овој закон се уредуваат условите за вршење на ревизија во правните лица кои вршат дејност во Република Македонија. “   ПРИЛОГ: Закон за ревизија страна 1   Имено, за тоа кој е надлежен за вршење на ревизија во во државни субјекти е уредено согласно член 1 од Законот за внатрешна ревизија каде е уредено:   „ Член 1  (1) Со овој закон се уредува системот за внатрешна ревизија заснован согласно со меѓународните стандарди за внатрешна ревизија, целите, принципите, организацијата, функционирањето и надлежностите на внатрешната ревизија на субјектите во јавниот сектор во Република Македонија.  (2) Одредбите на овој закон се однесуваат на следниве субјекти од јавниот сектор (во натамошниот текст: субјекти): корисниците на средства од Буџетот на Република Македонија, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Фондот за магистрални и регионални патишта, Агенцијата за вработување на Република Македонија, општините и градот Скопје, агенциите и другите институции основани со закон, јавните претпријатија, како и правните лица во кои државата е доминантен акционер. “   ПРИЛОГ:Закон за внатрешна ревизија страна 1   Со оглед на тоа што ЈУДГ Детска Радост Скопје е државен субјект, а не приватно правно лице јасно е дека ТП Ревизија Чулева е ненадлежна за вршење на ревизија.  
  1. II) Ненадлежноста на ТП Ревизија Чулева произлегува и од тоа што видно од Понуда за ревидирање на финансиски извештаии (самофинансирачка сметка 777010203878714) за годината што завршува на 31 декември 2021 доставена од страна на ТП Ревизија Чулева од страна број 3 (три) под точка 8 има наведено дека услугите ќе се наплатат од самофинансирачка сметка на ЈУДГ Детска Радост Скопје.
  Појаснуваме дека согласно член 32 од Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план  за буџетските корисници  е предвидено дека: На сметката 425 – Договорни услуги, се искажуваат расходите за изнајмување на канцелариски простор и на магацински простор, изнајмување на друг тип на простор, изнајмување на канцелариска опрема, изнајмување на моторни возила, друга опрема и опрема за специјални намени, провизија за платен промет; банкарска провизија; осигурување на вработени, осигурување за повреда и инвалидитет; осигурување на недвижности и права, осигурување на моторни возила, осигурување на воздухоплови, други финансиски услуги, правни услуги, судски вештачења, судски преведувачи, судска експертиза, судски курирски услуги, плаќања за здравствени организации од Министерството за здравство, примарна здравствена заштита, специјалистичко-консултативна заштита, болнички услуги, здравствени услуги во странство, ортопедски услуги; други здравствени услуги, ветеринарни услуги, заштита од штетници во земјоделството; уништување на штетни животни; земјоделски производни услуги; услуги за заштита на водите, реките и езерата, метеоролошки и хидрометеоролошки набљудувања; испитување на квалитетот на водите и воздухот; изработка на просторни и урбанистички планови, обука за техничка култура, услуги за развој на наставниот план и програма, инструктори на кратки курсеви, дополнителни активности, услуги за вонучилишни образовни активности; превозни услуги во образованието, други образовни услуги, преведувачи, услуги за копирање, печатење и издавање, научно истражување, рушење на објекти, плаќање за користење на приватен имот во одбраната, пренос на програмите на МРТВ преку сателит и други договорни услуги..” ПРИЛОГ: Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план  за буџетските корисници  страна број 1 и страна број 12 Согласно напред наведеното произлегува дека не може ревизиски извештаи да се наплатуваат од самофинансирачката сметка – конто 425 – Договорни услуги, па оттука произлегува ненадлежноста и нестручноста на ТП Ревизија Чулева. III) Нестручноста на ТП Ревизија Чулева при постапувањето произлегува и од тоа што истата ревизијата ја има направено само паушално и тенденциозно, бидејќи истата никогаш ја нема ревидирано работата на директор Анета Петровска. Ова произлегува од тоа што ТП Ревизија Чулева согасно член 15 став 2 од Правилникот за начинот на извршување на внатрешната ревизија и начинот на известување за ревизија е уредено дека по изготвениот претходен извештај потребно е да се достави до раководителот на раководната организациона единица, во конкретниот случај Директорот Анета Петровска, која ќе има рок од 10 (десет) работни дена да се произнесе по истиот, па стои: „ Член 15  (1) Претходниот извештај е првата официјална верзија на ревизорскиот извештај кој се изготвува во рок од еден месец по завршувањето на ревизијата и истиот раководителот на единицата за внатрешна ревизија го доставува до раководителите на ревидираните организациони единици. Претходниот ревизорски извештај ги вклучува и резултатите од завршниот состанок.  (2) Раководителите на ревидираните организациони единици во рок од десет работни дена од приемот на претходниот ревизорски извештај треба да достават одговор по истиот.  (3) Одговорот на раководителите на ревидираните организациони единици по претходниот ревизорски извештај, содржи коментари за содржината на извештајот и акциски план за спроведување на препораките со конкретно дефиниран период на извршување и одговорни лица.  (4) Коментарите треба да содржат конкретни докази со цел да го оспорат мислењето на внатрешната ревизија пред да се објави конечниот извештај. “ ДОКАЗ: Правилник за начинот на извршување на внатрешна ревизија и начинот на известување за ревизијта страна 1 и страна 8 Со оглед на тоа што претходниот извештај никогаш не е доставен до Директорот Анета Петровска за да се произнесе по истиот, јасно е дека ТП Ревизија Чулева постапува тенденциозно, на начин што само ги има препишано наводите од ревизијата извршена од страна на Добри Петров.   Воедно, ве известувам дека во поглед на работењето на Директор Анета Петровска во текот на 2021 година, се со цел да се утврди дали има недостатоци беше поднесено барање за вршење на ad hoc ревизија до Централната единица за хармонизација на системот на јавна внатрешна финансиска контрола од 07.02.2022 година, по што истиот изготви Претходен извештај за извршена супервизија на квалитетот на работењето на единицата за внатрешна ревизија во Општина Гази Баба од април 2022 година каде на страна број 10 (десет) во вториот пасус јасно е констатирано дека извршената ревизија е извршна со многу низок квалитет на работењето на внатрешната ревизија. ДОКАЗ: Претходен извештај за извршена супервизија на квалитетот на работењето на единицата за внатрешна ревизија во Општина Гази Баба од април 2022 година Па  така на ден 10.04.2023 година во 10 и 15 часот   во градинката Детска Радост беше одржана седница на Управниот одбор на која повторно беа повикани преставници од Министерството за труд и социјална политика за да дадат мислење по предлогот за разрешување на Директорот Анета Петровска. На Управниот одбор се утврди дека повторно се дискутира за истите наводи и за работата на Директорот Анета Петровска за 2021 година која е детално разгледана и останаа на истото мислење односно не сметаа дека е оправдано разрешувањето на Директорот Анета Петровска.  ДОКАЗ: Записник број 16 од Управен одбор на Детска Градинка “Детска Радост” Скопје Според сето напред наведено јасно е дека разерушувањето кое е сторено медиумски е тенденциозно и со намера да се наруши честа и угледот на Анета Петровска, наводите за кои ги објавува Градоначалникот Бобан Стефковски се истите за кои еднаш ја веќе ја  разреши па ја повлече одлуката и ја врати за директор.

The post Разрешената директорка од Гази Баба не нарачувала храна и не купувала мебел за дома appeared first on Република.

]]>