детска порнографија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detska-pornografija/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 15:14:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png детска порнографија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/detska-pornografija/ 32 32 Европол предупредува на раст на детската порнографија и проблем со идентификацијата на сторителите поради вештачката интелигенција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropol-predupreduva-na-rast-na-detskata-pornografija-i-problem-so-identifikatsijata-na-storitelite-poradi-veshtachkata-inteligentsija/ Tue, 23 Jul 2024 17:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=799603

Сликите на сексуална злоупотреба на деца создадени со помош на апликации за вештачка интелигенција (ВИ) се зголемуваат, што го отежнува идентификувањето на жртвите и сторителите, предупреди Европол.

„Обемот на автоматски произведени слики од сексуален материјал сега е значаен и растечки дел од сексуалната детска порнографија на Интернет“ и „се очекува дополнително да се шири во блиска иднина“, подвлекува во својот извештај европската полициска служба со седиште во Хаг.

Дури и во случаи кога содржината е целосно генерирана од вештачка интелигенција и не прикажува вистински жртви, детската порнографија генерирана од вештачка интелигенција сè уште придонесува за објективизација и сексуализација на децата, истакна Европол.

Употребата на апликации за вештачка интелигенција за создавање или менување на материјал за сексуална детска порнографија, исто така, ја зголемува „количината на нелегален материјал во оптек и ја отежнува идентификацијата на жртвите, како и на сторителите“.

Појавата на апликации за вештачка интелигенција предизвикува зголемена загриженост за употребата на овие апликации за злонамерни цели, особено преку создавање на „deepfakes“ – компјутерски генерирани слики и видеа, честопати реални, базирани на вистински модел.

Повеќе од 300 милиони деца секоја година се жртви на сексуална експлоатација и злоупотреба на интернет, објавија во мај истражувачите од Универзитетот во Единбург.

Прекршоците се движат од изнуда насочена кон тинејџери по објавување сексуални фотографии и видеа на интернет („sextorsion“), до навредлива употреба на вештачка интелигенција за создавање лажни видеа и слики, според истражителите.

Освен што создаваат груби и непристојни слики на малолетници, криминалците користат вештачка интелигенција за да извршат низа злосторства кои се движат од онлајн измама до сајбер-напади, се вели и во документот на Европол од 37 страници, кој ги мапира онлајн заканите со кои Европа моментално се соочува.

The post Европол предупредува на раст на детската порнографија и проблем со идентификацијата на сторителите поради вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>

Сликите на сексуална злоупотреба на деца создадени со помош на апликации за вештачка интелигенција (ВИ) се зголемуваат, што го отежнува идентификувањето на жртвите и сторителите, предупреди Европол.
„Обемот на автоматски произведени слики од сексуален материјал сега е значаен и растечки дел од сексуалната детска порнографија на Интернет“ и „се очекува дополнително да се шири во блиска иднина“, подвлекува во својот извештај европската полициска служба со седиште во Хаг.
Дури и во случаи кога содржината е целосно генерирана од вештачка интелигенција и не прикажува вистински жртви, детската порнографија генерирана од вештачка интелигенција сè уште придонесува за објективизација и сексуализација на децата, истакна Европол.
Употребата на апликации за вештачка интелигенција за создавање или менување на материјал за сексуална детска порнографија, исто така, ја зголемува „количината на нелегален материјал во оптек и ја отежнува идентификацијата на жртвите, како и на сторителите“. Појавата на апликации за вештачка интелигенција предизвикува зголемена загриженост за употребата на овие апликации за злонамерни цели, особено преку создавање на „deepfakes“ – компјутерски генерирани слики и видеа, честопати реални, базирани на вистински модел. Повеќе од 300 милиони деца секоја година се жртви на сексуална експлоатација и злоупотреба на интернет, објавија во мај истражувачите од Универзитетот во Единбург. Прекршоците се движат од изнуда насочена кон тинејџери по објавување сексуални фотографии и видеа на интернет („sextorsion“), до навредлива употреба на вештачка интелигенција за создавање лажни видеа и слики, според истражителите. Освен што создаваат груби и непристојни слики на малолетници, криминалците користат вештачка интелигенција за да извршат низа злосторства кои се движат од онлајн измама до сајбер-напади, се вели и во документот на Европол од 37 страници, кој ги мапира онлајн заканите со кои Европа моментално се соочува.

The post Европол предупредува на раст на детската порнографија и проблем со идентификацијата на сторителите поради вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>
Педофил од Велешта продавал детска порнографија на интернет https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pedofil-od-veleshta-prodaval-detska-pornografija-na-internet/ Wed, 10 Jul 2024 11:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=795324

Дваесет и осум годишен жител од струшкото село Велешта е осомничен за производство и дистрибуција на порнографски материјал, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, полицијата поднела кривична пријава против И.Ј.(28) од селото Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија. Потоа, ги споделувал во други групни и лични профили со кои разменувале линкови од групи со таква и слична содржина, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Полициски службеници, како што појасни, направиле претрес во неговиот дом во Велешта, при што биле пронајдени експлицитни фотографии, кои биле одземени.

The post Педофил од Велешта продавал детска порнографија на интернет appeared first on Република.

]]>

Дваесет и осум годишен жител од струшкото село Велешта е осомничен за производство и дистрибуција на порнографски материјал, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, полицијата поднела кривична пријава против И.Ј.(28) од селото Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија. Потоа, ги споделувал во други групни и лични профили со кои разменувале линкови од групи со таква и слична содржина, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Полициски службеници, како што појасни, направиле претрес во неговиот дом во Велешта, при што биле пронајдени експлицитни фотографии, кои биле одземени.

The post Педофил од Велешта продавал детска порнографија на интернет appeared first on Република.

]]>
Гостиварец со месеци се снимал како силува 15-годишно девојче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gostivarets-so-mesetsi-se-snimal-kako-siluva-15-godishno-devojche/ Wed, 30 Aug 2023 16:29:28 +0000 https://republika.mk/?p=677354

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен гостиварец затоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 1 од Кривичниот законик.

Од 2022 година до 26.6.2023 година во Гостивар осомничениот произведувал детска порнографија снимајќи во повеќе наврати сексуален однос со 15-годишно дете жртва. Снимениот видеоматеријал и фотографиите тој ги зачувал во меморијата на мобилниот телефон со цел да ги дистрибуира, пренесува и нуди на друг начин, информира обвинителството.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и особени околности што го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор.

The post Гостиварец со месеци се снимал како силува 15-годишно девојче appeared first on Република.

Приведен струмичанец баран со потерница, ќе лежи за производство и дистрибуција на детска порнографија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-strumichanets-baran-so-poternitsa-ke-lezhi-za-proizvodstvo-i-distributsija-na-detska-pornografija/ Wed, 26 Jul 2023 09:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=665436

Во Струмица вчера во 13.30 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни Струмица го привеле струмичанецот С.Т.(26).

Од МВР денеска информираа дека тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Струмица за издржување на затворска казна во траење од седум години за сторено кривично дело по член 193-а од Кривичниот закон.

Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.

The post Приведен струмичанец баран со потерница, ќе лежи за производство и дистрибуција на детска порнографија appeared first on Република.

]]>

Во Струмица вчера во 13.30 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни Струмица го привеле струмичанецот С.Т.(26). Од МВР денеска информираа дека тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Струмица за издржување на затворска казна во траење од седум години за сторено кривично дело по член 193-а од Кривичниот закон. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.

The post Приведен струмичанец баран со потерница, ќе лежи за производство и дистрибуција на детска порнографија appeared first on Република.

]]>
Дури и се рекламирале – за детска порнографија уапсени девет лица во БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/duri-i-se-reklamirale-za-detska-pornografija-uapseni-devet-litsa-vo-bih/ Tue, 23 May 2023 09:13:26 +0000 https://republika.mk/?p=643867

Девет лица се уапсени денеска од полицијата во Босна и Херцеговина под сомнение дека искористувале деца за порнографија, потврди Министерството за внатрешни работи на Република Српска.

Апсењата ги извршиле припадници на одделот за високотехнолошки криминал на Управата на криминалистичка полиција на ентитетот, во соработка со полицијата од Бјелина, Добој и Бања Лука.

Полициските рации се извршени на осум локации што ги користеле уапсените и каде, како што се сомнева, се сторени кривичните дела. Одземени се компјутери, таблети, телефони и мемориски и сим-картички.

Освен за детска порнографија, уапсените се товарат и за перење пари и недозволено поседување оружје.

Локалните медиуми објавија дека уапсените извршиле кривични дела со посета на веб-страници кои содржеле материјали со фотографии од детска порнографија. Преземале фотографии и видеа од тие страници, ги зачувувале, а потоа ги споделувале преку социјалните мрежи и апликации.

Ваквите снимки ги рекламирале на социјалните мрежи и преку „Пеј Пал“ ги продавале на други лица.

The post Дури и се рекламирале – за детска порнографија уапсени девет лица во БиХ appeared first on Република.

]]>

Девет лица се уапсени денеска од полицијата во Босна и Херцеговина под сомнение дека искористувале деца за порнографија, потврди Министерството за внатрешни работи на Република Српска. Апсењата ги извршиле припадници на одделот за високотехнолошки криминал на Управата на криминалистичка полиција на ентитетот, во соработка со полицијата од Бјелина, Добој и Бања Лука. Полициските рации се извршени на осум локации што ги користеле уапсените и каде, како што се сомнева, се сторени кривичните дела. Одземени се компјутери, таблети, телефони и мемориски и сим-картички. Освен за детска порнографија, уапсените се товарат и за перење пари и недозволено поседување оружје. Локалните медиуми објавија дека уапсените извршиле кривични дела со посета на веб-страници кои содржеле материјали со фотографии од детска порнографија. Преземале фотографии и видеа од тие страници, ги зачувувале, а потоа ги споделувале преку социјалните мрежи и апликации. Ваквите снимки ги рекламирале на социјалните мрежи и преку „Пеј Пал“ ги продавале на други лица.

The post Дури и се рекламирале – за детска порнографија уапсени девет лица во БиХ appeared first on Република.

]]>
Во Кисела Вода фатен скопјанец осуден за прикажување порнографија на малолетник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-kisela-voda-faten-skopjanets-osuden-za-prikazhuvane-pornografija-na-maloletnik/ Mon, 09 Jan 2023 10:39:21 +0000 https://republika.mk/?p=594882

Полициски службеници денеска на ул.„Димо Хаџи Димов“ во Скопје го привеле И.П.(39), кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години за сторено кривично дело по член 193 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, соопшти МВР

The post Во Кисела Вода фатен скопјанец осуден за прикажување порнографија на малолетник appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници денеска на ул.„Димо Хаџи Димов“ во Скопје го привеле И.П.(39), кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години за сторено кривично дело по член 193 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, соопшти МВР

The post Во Кисела Вода фатен скопјанец осуден за прикажување порнографија на малолетник appeared first on Република.

]]>
Грчката полиција откри уште четири случаи на детска порнографија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchkata-policija-otkri-ushte-chetiri-sluchai-na-detska-pornografija/ Thu, 10 Nov 2022 18:00:06 +0000 https://republika.mk/?p=572449

Одделот за борба со електронски криминал на грчката полиција, открила четири нови случаи на детска порнографија со материјал од над 1.800 фајлови и веќе се уапсени две лица, а против други две лица е поднесена кривична пријава, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека во рамките на активностите за спречување и сузбивање на појави на детска порнографија и по повеќемесечно детално онлајн истражување и анализа на дигитални податоци, биле идентификувани интернет корисници на грчка територија, кои поседувале вкупно 1.874 фајлови со детска порнографија.

Веднаш било известено надлежното обвинителство, а во понатамошната истрага биле откриени податоците на конкретните интернет корисници, по што бил извршен и претрес во нивните домови, во периодот од 24 октомври до 7 ноември 2022 година и биле пронајдени и одземени компјутер, хард дискови и усб.

При направениот увид биле откриени видеа и фотографии со детска порнографија и уапсени двајца од четворицата интернет корисници.

The post Грчката полиција откри уште четири случаи на детска порнографија appeared first on Република.

]]>

Одделот за борба со електронски криминал на грчката полиција, открила четири нови случаи на детска порнографија со материјал од над 1.800 фајлови и веќе се уапсени две лица, а против други две лица е поднесена кривична пријава, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во рамките на активностите за спречување и сузбивање на појави на детска порнографија и по повеќемесечно детално онлајн истражување и анализа на дигитални податоци, биле идентификувани интернет корисници на грчка територија, кои поседувале вкупно 1.874 фајлови со детска порнографија. Веднаш било известено надлежното обвинителство, а во понатамошната истрага биле откриени податоците на конкретните интернет корисници, по што бил извршен и претрес во нивните домови, во периодот од 24 октомври до 7 ноември 2022 година и биле пронајдени и одземени компјутер, хард дискови и усб. При направениот увид биле откриени видеа и фотографии со детска порнографија и уапсени двајца од четворицата интернет корисници.

The post Грчката полиција откри уште четири случаи на детска порнографија appeared first on Република.

]]>
Се снимал како сексуално ја злоупотребува 14-годишната кумашинка: Ар Кели осуден за детска порнографија https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/se-snimal-kako-seksualno-ja-zloupotrebuva-14-godishnata-kumashinka-ar-keli-osuden-za-detska-pornografija/ Thu, 15 Sep 2022 07:46:20 +0000 https://republika.mk/?p=550909

Федералната порота во Чикаго го прогласи ар-ен-би пејачот Ар Кели за виновен по три точки од обвинението за детска порнографија. Обвинението е покренато откако пејачот се снимал себеси како сексуално ја злоупотребува својата тогаш 14-годишна кумашинка.

Од 13-те точки во обвинението, Кели е виновен и за три точки за трговија со деца преку принуда и намамување.

Тој беше ослободен од обвиненијата за заговор за попречување на правдата во неговиот случај во Округот Кук во 2002 година. Дополнително, тој е ослободен по две точки од обвинението за примање детска порнографија и едно обвинение за заговор за примање детска порнографија.

Пресудата следи по сведочењето на кумашинката на Ар Кели, лажно именувана како „Џејн“. И три други жени сведочеа дека пејачот снимал, чувал и поседувал снимки на кои сексуално ги злоставувал кога тие биле малолетни.

Во постапката имаше и двајца други обвинети – поранешните негови соработници Милтон „Џун“ Браун и Дерел Мекдејвид. Тие се ослободени од сите обвиненија.

Во завршните зборови, адвокатката на Ар Кели, Џенифер Бонџан тврдеше дека родителите на „Џејн“ се виновни затоа што лажеле за нејзината врска со пејачот и дека тоа не било принуда, туку „тие го одобриле тоа“.

„Џејн“ се приклучи на истрагата во 2019 година, по прикажувањето на документарната серија „Преживувањето по Ар Кели“. Во судскиот процес, жената сведочеше дека таа е на видеоснимките и дека Ар Кели сексуално ја злоставувал повеќепати кога била малолетна.

Ар Кели беше осуден на 30 години затвор во јуни, откако поротата го прогласи за виновен за сексуална експлоатација на деца, киднапирање и принудна работа.

The post Се снимал како сексуално ја злоупотребува 14-годишната кумашинка: Ар Кели осуден за детска порнографија appeared first on Република.

]]>

Федералната порота во Чикаго го прогласи ар-ен-би пејачот Ар Кели за виновен по три точки од обвинението за детска порнографија. Обвинението е покренато откако пејачот се снимал себеси како сексуално ја злоупотребува својата тогаш 14-годишна кумашинка. Од 13-те точки во обвинението, Кели е виновен и за три точки за трговија со деца преку принуда и намамување. Тој беше ослободен од обвиненијата за заговор за попречување на правдата во неговиот случај во Округот Кук во 2002 година. Дополнително, тој е ослободен по две точки од обвинението за примање детска порнографија и едно обвинение за заговор за примање детска порнографија. Пресудата следи по сведочењето на кумашинката на Ар Кели, лажно именувана како „Џејн“. И три други жени сведочеа дека пејачот снимал, чувал и поседувал снимки на кои сексуално ги злоставувал кога тие биле малолетни. Во постапката имаше и двајца други обвинети – поранешните негови соработници Милтон „Џун“ Браун и Дерел Мекдејвид. Тие се ослободени од сите обвиненија. Во завршните зборови, адвокатката на Ар Кели, Џенифер Бонџан тврдеше дека родителите на „Џејн“ се виновни затоа што лажеле за нејзината врска со пејачот и дека тоа не било принуда, туку „тие го одобриле тоа“. „Џејн“ се приклучи на истрагата во 2019 година, по прикажувањето на документарната серија „Преживувањето по Ар Кели“. Во судскиот процес, жената сведочеше дека таа е на видеоснимките и дека Ар Кели сексуално ја злоставувал повеќепати кога била малолетна. Ар Кели беше осуден на 30 години затвор во јуни, откако поротата го прогласи за виновен за сексуална експлоатација на деца, киднапирање и принудна работа.

The post Се снимал како сексуално ја злоупотребува 14-годишната кумашинка: Ар Кели осуден за детска порнографија appeared first on Република.

]]>
Според ЈО немало елементи на детска порнографија, по шест месеци е затворен предметот за „Извиднички камп“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spored-jo-nemalo-elementi-na-detska-pornografija-po-shest-meseci-e-zatvoren-predmetot-za-izvidnichki-kamp/ Wed, 30 Mar 2022 08:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=480728

Постапувајќи по поднесено известување од СВР Скопје, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје спроведе претходна постапка во која во целост ги испита наводите поврзани со настанот организиран во периодот од 24.09 до 26.09.2021 година од извидничкиот одред „Прв Скопски извиднички одред“ со наслов „Sex Scouts, Rock and Roll“. Притоа, надлежниот јавен обвинител донесе резолуција дека нема место за јавнообвинителско постапување.

Од доставеното известување произлегува дека родител на една од учесничките на настанот пријавил во СВР Скопје, дека настанот кој се одржувал во местото Градовци, општина Зелениково не бил само со едукативен карактер туку дека во него има елементи на детска порнографија. Тој навел дека според неговите сознанија таму се прикажувале пози на деца кои во себе содржат сексуален мотив и дејствија кои прикажуваат очигледно полово дејствие.

Со цел да се проверат овие наводи, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежното Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, достави наредба да се испитаат сите учесници на настанот и да се прибави мобилен апарат од еден од водичите на кој би се очекувало да се пронајдат записи кои произлегуваат од настанот, а кои би можеле да послужат како доказ во кривичната постапка. По одземање, мобилниот телефон беше доставен до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, каде беше извршено излекување на сите записи и нивна анализа. СВР Скопје ги изврши бараните разговори со сите инволвирани лица во овој настан.

По проучување на сите материјални и вербални докази, а пред се на исказите а сите кои учествувале на настанот, и тоа и извидници и водичи, како и лица од „Прв Скопски извиднички одред“ кои биле задолжени за организирање на настанот, јавниот обвинител утврди дека во конкретниот случај ни еден од елементите кои се дефинирани во Кривичниот законик како елементи на кривичното дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од чл.193-а од КЗ или друго кривично дело не се евидентирани во дејствијата на кој било од учесниците.

The post Според ЈО немало елементи на детска порнографија, по шест месеци е затворен предметот за „Извиднички камп“ appeared first on Република.

]]>

Постапувајќи по поднесено известување од СВР Скопје, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје спроведе претходна постапка во која во целост ги испита наводите поврзани со настанот организиран во периодот од 24.09 до 26.09.2021 година од извидничкиот одред „Прв Скопски извиднички одред“ со наслов „Sex Scouts, Rock and Roll“. Притоа, надлежниот јавен обвинител донесе резолуција дека нема место за јавнообвинителско постапување. Од доставеното известување произлегува дека родител на една од учесничките на настанот пријавил во СВР Скопје, дека настанот кој се одржувал во местото Градовци, општина Зелениково не бил само со едукативен карактер туку дека во него има елементи на детска порнографија. Тој навел дека според неговите сознанија таму се прикажувале пози на деца кои во себе содржат сексуален мотив и дејствија кои прикажуваат очигледно полово дејствие. Со цел да се проверат овие наводи, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежното Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, достави наредба да се испитаат сите учесници на настанот и да се прибави мобилен апарат од еден од водичите на кој би се очекувало да се пронајдат записи кои произлегуваат од настанот, а кои би можеле да послужат како доказ во кривичната постапка. По одземање, мобилниот телефон беше доставен до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, каде беше извршено излекување на сите записи и нивна анализа. СВР Скопје ги изврши бараните разговори со сите инволвирани лица во овој настан. По проучување на сите материјални и вербални докази, а пред се на исказите а сите кои учествувале на настанот, и тоа и извидници и водичи, како и лица од „Прв Скопски извиднички одред“ кои биле задолжени за организирање на настанот, јавниот обвинител утврди дека во конкретниот случај ни еден од елементите кои се дефинирани во Кривичниот законик како елементи на кривичното дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од чл.193-а од КЗ или друго кривично дело не се евидентирани во дејствијата на кој било од учесниците.  

The post Според ЈО немало елементи на детска порнографија, по шест месеци е затворен предметот за „Извиднички камп“ appeared first on Република.

]]>
Во телефонот чувал сексуални видеа со деца под 10 години, кои ги нашол на „Јавна соба“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-telefonot-chuval-seksualni-videa-so-deca-pod-10-godini-koi-gi-nashol-na-javna-soba/ Tue, 29 Mar 2022 13:10:27 +0000 https://republika.mk/?p=480372

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 22 години за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО Велес.

Оттаму појаснуваат дека на обвинетиот му се става на товар дека во месец јануари 2021 година, преку сопствениот мобилен телефон, набавил и поседувал видео снимки со детска порнографија.

Користејќи ја мобилната апликација Телеграм инсталирана на мобилниот телефон, со сопствен кориснички профил, се приклучил во групата Јавна соба со намера да прегледува фотографии и снимки со експлицитна содржина. На телефонот презел повеќе фотографии и видео снимки со експлицитна содржина, меѓу кои и видео снимка со очигледни полови дејствија помеѓу жена и дете на возраст под 10 години, како и видео снимка со очигледни полови дејствија помеѓу деца – момче и девојче на возраст под 18 години. Таквите видео снимки ги зачувал во својот мобилен телефон што е утврдено од извршената форензичка анализа на телефонот, велат од ОЈО Велес.

Заради обезбедување на присуство во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител достави и предлог да продолжат мекрите на претпазливост кои му беа веќе определени на обвинетиот во текот на истражната постапка.​​

The post Во телефонот чувал сексуални видеа со деца под 10 години, кои ги нашол на „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 22 години за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО Велес. Оттаму појаснуваат дека на обвинетиот му се става на товар дека во месец јануари 2021 година, преку сопствениот мобилен телефон, набавил и поседувал видео снимки со детска порнографија.
Користејќи ја мобилната апликација Телеграм инсталирана на мобилниот телефон, со сопствен кориснички профил, се приклучил во групата Јавна соба со намера да прегледува фотографии и снимки со експлицитна содржина. На телефонот презел повеќе фотографии и видео снимки со експлицитна содржина, меѓу кои и видео снимка со очигледни полови дејствија помеѓу жена и дете на возраст под 10 години, како и видео снимка со очигледни полови дејствија помеѓу деца – момче и девојче на возраст под 18 години. Таквите видео снимки ги зачувал во својот мобилен телефон што е утврдено од извршената форензичка анализа на телефонот, велат од ОЈО Велес.
Заради обезбедување на присуство во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител достави и предлог да продолжат мекрите на претпазливост кои му беа веќе определени на обвинетиот во текот на истражната постапка.​​

The post Во телефонот чувал сексуални видеа со деца под 10 години, кои ги нашол на „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>
Maлолетник уценувал малолетничка со компромитирачки материјали https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnik-ucenuval-maloletnichka-so-kompromitirachki-materijali/ Sun, 20 Mar 2022 11:56:46 +0000 https://republika.mk/?p=475661

Малолетник од Скопје вчера во во 21.30 часот е лишен од слобода поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Уцена“ казниво по чл. 259 од Кривичен законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Малолетникот побарал пари од малолетничката, со која претходно бил во љубовна врска, за да не објави компромитирачки материјал за неа. Уцената била пријавена од родител на малолетничката, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности. На малолетничката и се дадени крим технички обработени пари и во моментот кога таа му ги дала на малолетникот, тој е приведен од полициски службеници, соопшти МВР.

Малолетникот е приведен од полициски службеници од СВР Скопје,  Единица за насилен криминал-ОНК во координација со Одделение за криминалистички работи Чаир. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Maлолетник уценувал малолетничка со компромитирачки материјали appeared first on Република.

По четири години затвор за креаторите на „Јавна соба“ кои се обвинети за ширење детска порнографија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/po-chetiri-godini-zatvor-za-kreatorite-na-javna-soba-koi-se-obvineti-za-shirenje-detska-pornografija/ Fri, 11 Mar 2022 10:01:22 +0000 https://republika.mk/?p=471205

Кривичен суд изрече две казни за случајот „Јавна соба“. Основачот на групата Дарко Костовски каде што се споделуваа порнографски материјали од жени од Македонија без нивна дозвола, доби четири години затвор, а исто толку, односно четири години, доби и администраторот Михаил Паневски.

Тие се гонеа бидејќи со дозволиле да биде достапно видео на кое се прикажани полови дејствија со дете.

Двајцата одговараа за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.

Обвинетите се огласуваат за виновни бидејќи првообвинетиот ја основал групата Јавна соба на Телеграм, а второобвинетиот како модератор иако морале да внимаваат што се прикачува во групата, дозволиле да се направи достапно видео со порнографски елементи со дете, рече судијката.

Двајцата беа и во притвор поради опасност од бегство.

Во обвинителниот акт стоеше: „Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата ‘Јавна соба’ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата“.

The post По четири години затвор за креаторите на „Јавна соба“ кои се обвинети за ширење детска порнографија appeared first on Република.

]]>

Кривичен суд изрече две казни за случајот „Јавна соба“. Основачот на групата Дарко Костовски каде што се споделуваа порнографски материјали од жени од Македонија без нивна дозвола, доби четири години затвор, а исто толку, односно четири години, доби и администраторот Михаил Паневски. Тие се гонеа бидејќи со дозволиле да биде достапно видео на кое се прикажани полови дејствија со дете. Двајцата одговараа за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.
Обвинетите се огласуваат за виновни бидејќи првообвинетиот ја основал групата Јавна соба на Телеграм, а второобвинетиот како модератор иако морале да внимаваат што се прикачува во групата, дозволиле да се направи достапно видео со порнографски елементи со дете, рече судијката.
Двајцата беа и во притвор поради опасност од бегство. Во обвинителниот акт стоеше: „Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата ‘Јавна соба’ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата“.

The post По четири години затвор за креаторите на „Јавна соба“ кои се обвинети за ширење детска порнографија appeared first on Република.

]]>